Рига Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/riga/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 07:08:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рига Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/riga/ 32 32 Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-vo-riga-na-tretiot-parlamentaren-samit-na-megunarodnata-krimska-platforma/ Wed, 23 Oct 2024 07:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=830025

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши ќе учествува на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Рига, Летонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши воедно е и претседател на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа на Собранието, а во состав на Делегацијата е и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Даига Миерина, спикерка на Парламентот на Летонија.

На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти, 10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија. Пленарната сесија ќе се фокусира на начините за помош, поддршка и обнова на Украина, стои во соопштението.

Се очекува претседателот Гаши да оствари билатерални средби на маргините на Самитот.

Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, а Вториот во 2023 година во Прага, Чешка Република.

The post Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши ќе учествува на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Рига, Летонија. Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши воедно е и претседател на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа на Собранието, а во состав на Делегацијата е и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Даига Миерина, спикерка на Парламентот на Летонија. На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти, 10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија. Пленарната сесија ќе се фокусира на начините за помош, поддршка и обнова на Украина, стои во соопштението. Се очекува претседателот Гаши да оствари билатерални средби на маргините на Самитот. Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, а Вториот во 2023 година во Прага, Чешка Република.

The post Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа appeared first on Република.

]]>
Столтенберг на самит во Рига: НАТО има сила, ресурси, способност и политичка волја да ја заштити секоја земја-членка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-na-samit-vo-riga-nato-ima-sila-resursi-sposobnost-i-politichka-volja-da-ja-zashtiti-sekoja-zemja-chlenka/ Tue, 11 Jun 2024 15:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=786631

НАТО има сила, ресурси, можности и политичка волја да ја заштити секоја своја земја-членка, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во летонската престолнина Рига, каде што учествуваше на самитот на форматот Б9.

Во овој регионален форум за консултации и дијалог за безбедносни прашања, познат и како Букурештка четворка, учествуваат Естонија, Летонија, Литванија, Бугарија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка и Полска.

Целта што ја следиме е најмалку две третини од земјите-членки на нашата Алијанса да потрошат најмалку два отсто од својот бруто домашен производ за одбрана, истакна Столтенберг за време на неговиот воведен говор заедно со домаќинот на настанот - летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс.

Тој изјави дека „порано или подоцна, Украина ќе влезе во НАТО“, по што го одликува Столтенберг со највисоката државна награда на Летонија - Орденот на трите ѕвезди.

Словачка и Унгарија не се претставени од нивните претседатели во Рига, а на средбата се присутни амбасадорите на двете земји.

The post Столтенберг на самит во Рига: НАТО има сила, ресурси, способност и политичка волја да ја заштити секоја земја-членка appeared first on Република.

]]>

НАТО има сила, ресурси, можности и политичка волја да ја заштити секоја своја земја-членка, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во летонската престолнина Рига, каде што учествуваше на самитот на форматот Б9.
Во овој регионален форум за консултации и дијалог за безбедносни прашања, познат и како Букурештка четворка, учествуваат Естонија, Летонија, Литванија, Бугарија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка и Полска.
Целта што ја следиме е најмалку две третини од земјите-членки на нашата Алијанса да потрошат најмалку два отсто од својот бруто домашен производ за одбрана, истакна Столтенберг за време на неговиот воведен говор заедно со домаќинот на настанот - летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс.
Тој изјави дека „порано или подоцна, Украина ќе влезе во НАТО“, по што го одликува Столтенберг со највисоката државна награда на Летонија - Орденот на трите ѕвезди. Словачка и Унгарија не се претставени од нивните претседатели во Рига, а на средбата се присутни амбасадорите на двете земји.

The post Столтенберг на самит во Рига: НАТО има сила, ресурси, способност и политичка волја да ја заштити секоја земја-членка appeared first on Република.

]]>
Книги за Мајка Тереза од денеска во Националната Библиотеката на Рига https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knigi-za-majka-tereza-od-deneska-vo-nacionalnata-bibliotekata-na-riga/ Fri, 11 Nov 2022 11:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=572705

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, денеска оствари повеќе работни средби во рамки на билатералната посета на официјална Рига.

Османи се сретна со претседавачот на Комитетот за надворешни односи во латвискиoт парламент (Сајмот), Рихардс Колс. На средба беше изразено задоволство од блиските билатерални односи и тесната соработка меѓу двете држави како во билатерален така и во мултилатерален план. Османи меѓу другото го информираше соговорникот и за текот на евроинтегративниот процес на земјава, потенцирајќи дека во овие сензитивни времиња, неопходно е зајакнување на европската перспектива во земјите од Западниот Балкан, како клучен двигател на европската реформска агенда.

Во рамки на својот престој во Латвија, Османи оствари посета на Националната Библиотека во Рига, при што му беа врачени книги од латвиската книжевност, додека Османи подари книги од македонската книжевност, со цел промоција на македонскиот јазик пред латвиските читатели како и книги за Мајка Тереза.

Македонија како земја која негува мултиетничка демократија и e промотор на култура на дијалог, останува посветена за промоција на решавање на отворените прашања исклучиво преку дијалог и меѓусебно разбирање” истакна Османи, реафирмирајќи ја потребата од формирање на Парламентарна група за соработка со Македонија во латвискиот парламент, за што доби поддршка од латвискиот соговорник.

The post Книги за Мајка Тереза од денеска во Националната Библиотеката на Рига appeared first on Република.