Ричард Трети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/richard-treti/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jul 2023 13:24:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ричард Трети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/richard-treti/ 32 32 „Ричард Трети“ на Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/richard-treti-na-dejan-projkovski-osvoi-gran-pri-na-35-festival-na-ungarski-teatari/ Sun, 02 Jul 2023 13:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=657450

Претставата „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во изведба на Новосадскиот театар која ја режираше Македонецот Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театри што се одржа во Кишварада, Унгарија.

Актерот Арпад Месарош за насловната улога ја доби наградата за најдобра машка улога за насловната улога.

Наградата за најдобра претстава ја доделува Министерството за култура и иновации на Унгарија.

Актерската екипа ја гради играта околу насловниот лик во изедначен стил и со колективна енергија. Визуелниот свет и музиката создаваат впечаток за епоха што ја ослободува целата човечка невоздржаност.

Освен Пројковски, во нејзиното создавање учествуваат повеќе театарски уметници од Македонија. За сценографијата се погрижија Валентин и Сергеј Светозареви, музиката е на Горан Трајкоски, а кореографијата – на Олга Панго.

The post „Ричард Трети“ на Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театари appeared first on Република.

]]>

Претставата „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во изведба на Новосадскиот театар која ја режираше Македонецот Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театри што се одржа во Кишварада, Унгарија. Актерот Арпад Месарош за насловната улога ја доби наградата за најдобра машка улога за насловната улога. Наградата за најдобра претстава ја доделува Министерството за култура и иновации на Унгарија. Актерската екипа ја гради играта околу насловниот лик во изедначен стил и со колективна енергија. Визуелниот свет и музиката создаваат впечаток за епоха што ја ослободува целата човечка невоздржаност. Освен Пројковски, во нејзиното создавање учествуваат повеќе театарски уметници од Македонија. За сценографијата се погрижија Валентин и Сергеј Светозареви, музиката е на Горан Трајкоски, а кореографијата – на Олга Панго.

The post „Ричард Трети“ на Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театари appeared first on Република.

]]>
Дејан Пројковски со „Ричард Трети“ приреди уште еден спектакл во новосадскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dejan-projkovski-so-richard-treti-priredi-ushte-eden-spektakl-vo-novosadskiot-teatar/ Fri, 15 Apr 2022 07:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=488699

Македонски режисер Дејан Пројковски, кој стана познат во регионот по спектакуларните претстави, во Новосадскиот театар го постави и Шекспировиот „Ричард Трети“, кој својата премиера ја имаше на 11 април, а веќе се најавени и нови изведби. Интересно е што оваа историска драма е поставена на сцената на новосадскиот театар по повеќе од еден век, откако првата и последна премиера ја имаше во далечната 1912 година.

Насловната улога во претставата ја толкува Арпад Месарош, а играат и Габриела Црнковиќ, Ливиа Банка, Атила Немет…, како и Олга Панго, која беше задолжена за сценското движење во претставата. Сценографијата е на Валентин и Сергеј Светозарев, а музиката на Горан Трајкоски.

По изведбата на претставата, следеше и позитивна театарска критика:

Новосадскиот театар и режисерот Дејан Пројковски успеаја да ја потврдат хипотезата и реално да докажат дека Вилијам Шекспир е навистина наш вечен современик. Фантастичните уметнички светови на македонската режија, сценографијата и изворната музика, повторно се судрија со актерите на Новосадскиот театар, што произведе нова ренесанса во уметноста на сцената…“ и „Долго време по громогласниот аплауз за театарските уметници, публиката на ‘Ричард Трети’ ќе остане нема и скаменета од злобата во луѓето, од нејзината циклична природа, од нејзиниот незапирлив концепт. Уште долго време нема да може да се ослободи од ужасната мисла дека ‘Ричард Трети’ решил да биде таков по своја волја. И кога стравот во нас ќе стивне, во трен повторно  ќе не маѓепса повторно фасцинацијата со раскошната театарска уметност на која имавме чест да присуствуваме.

Пројковски на публиката на Новосадскиот театар и е познат по изведбата на претставата „Ана Каренина“ од 2019 година, која е на редовниот репертоар на овој театар, а има освоено дури осумнаесет награди на различни фестивали во земјата и странство.

The post Дејан Пројковски со „Ричард Трети“ приреди уште еден спектакл во новосадскиот театар appeared first on Република.

]]>

Македонски режисер Дејан Пројковски, кој стана познат во регионот по спектакуларните претстави, во Новосадскиот театар го постави и Шекспировиот „Ричард Трети“, кој својата премиера ја имаше на 11 април, а веќе се најавени и нови изведби. Интересно е што оваа историска драма е поставена на сцената на новосадскиот театар по повеќе од еден век, откако првата и последна премиера ја имаше во далечната 1912 година. Насловната улога во претставата ја толкува Арпад Месарош, а играат и Габриела Црнковиќ, Ливиа Банка, Атила Немет…, како и Олга Панго, која беше задолжена за сценското движење во претставата. Сценографијата е на Валентин и Сергеј Светозарев, а музиката на Горан Трајкоски. По изведбата на претставата, следеше и позитивна театарска критика: