Ричард Гренел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/richard-grenel/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 07:48:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ричард Гренел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/richard-grenel/ 32 32 Четворица кандидати за Државен секретар на САД, меѓу нив и Ричард Гренел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetvoritsa-kandidati-za-drzhaven-sekretar-na-sad-megu-niv-i-richard-grenel/ Mon, 11 Nov 2024 07:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=836211

Социјалната мрежа „X“ се објавени кандидатите за нов Државен секретат на САД по победата на Доналд Трамп.

На листата се Ричард Гренел Марк Рубио, Бил Хагерти и Вивек Рамасмати.

За Македонија, но и за регионот најдбобар избор би бил Ричар Гренел. Тој пред неколку месеци беше во Македонија и се сретна со премиерот Мицкоски.

The post Четворица кандидати за Државен секретар на САД, меѓу нив и Ричард Гренел appeared first on Република.

]]>

Социјалната мрежа „X“ се објавени кандидатите за нов Државен секретат на САД по победата на Доналд Трамп. На листата се Ричард Гренел Марк Рубио, Бил Хагерти и Вивек Рамасмати. За Македонија, но и за регионот најдбобар избор би бил Ричар Гренел. Тој пред неколку месеци беше во Македонија и се сретна со премиерот Мицкоски.

The post Четворица кандидати за Државен секретар на САД, меѓу нив и Ричард Гренел appeared first on Република.

]]>
Нова страница во односите Македонија – САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nova-stranitsa-vo-odnosite-makedonija-sad/ Wed, 06 Nov 2024 11:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=834678

Претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски утринава, меѓу првите лидери во регионот, му ја честиташе изборната победа на претседателот Доналд Трамп.

Во пораката, упатена набргу откако Трамп се обрати до нацијата и до светот, премиерот Мицкоски порачува дека „со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.

Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион“.

Покрај протоколарната намена на честитката, во која Мицкоски вели и дека изборот на претседателот Трамп е „потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата“, јасно е Македонија влегува во нова фаза на своите односи со најважниот стратешки партнер - Соединетите Американски Држави. Македонија и САД ретко имале совпаѓање да бидат управувани од идеолошки блиски политички партии, иако ВМРО-ДПМНЕ честопати нескриено црпела инспирација во своите политики од американската Републиканска Партија.

Освен неколкуте години совпаѓање на мандатите на претседателот Џорџ В. Буш со премиерите Љубчо Георгиевски и Никола Груевски, кои минаа во сенка на војната во 2001 и самитот во Букурешт, и еднакво драматичните неколку месеци во кои се вкрстија мандатите на Груевски и Доналд Трамп, на ВМРО-ДПМНЕ обично му се случувало да управува со Македонија кога со САД владее левата Демократска Партија, со нејзините нескриени симпатии кон левата политичка опција во Македонија и особено кон албанскиот политички фактор, што неретко се прелевало и во официјалната американска надворешна политика кон Македонија.

Во пресрет на изборите во САД, македонските власти имаа низа средби со претставници на неговата администрација. Неизбежен тука е водечкиот дипломатски советник на Трамп, Ричард Гренел, кој во неговиот прв мандат држеше неколку важни функции - амбасадор во Германија, директор за национална безбедност и, што е особено интересно за нас - пратеник за Балканот.

Оваа последна функција Гренел продолжи да ја држи и во мандатот на претседателот Бајден - тој беше чест гостин во балканските главни градови, одржувајќи ги контактите на балканските водачи со кругот околу Трамп, а воедно беше ангажиран и на реализирање на бизнис интереси на семејството Трамп во регионот - особено во Србија и Албанија.

Гренел зад себе има и една сериозна иницијатива за постигнување на договор меѓу Србија и Косово, која беше попречена со чудно темпираното покренување на истрага против Хашим Тачи, но при што сепак се издејствува средба на највисоко ниво во Белата Куќа и привремено унапредување на односите на двете земји.

Имајќи го предвид ова докажано искуство и ангажман за решавање на сериозни балкански спорови, премиерот Мицкоски се сретна со Гренел неколку пати по доаѓањето на власт - еднаш во Вашингтон, а еднаш при посетата на Гренел на Македонија, при што двете средби беа претставени како срдечни и успешни.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, при една од неговите посети на САД, имаше и заеднички настап на телевизијата Њузмакс - позната како медиум кој го има вниманието на претседателот Трамп, при што во име на Македонија најави дека ќе продолжиме во секој поглед да ја усогласуваме нашата надворешна политика кон Украина и другите важни глобални прашања со политиката на САД.

Пред изборите во САД, премиерот Мицкоски оствари средба и со деловна делегација која исто така е блиска до претседателот Трамп.

Македонско-канадскиот бизнисмен Крис Павловски и поранешниот конгресмен Девин Нунес се деловни партнери на Трамп, при што соработуваат со компании во Македонија.

Заедно со нив, на средбата со Мицкоски и министри од македонската влада присуствуваше и мултимилијардерот Хауард Латник, кој сега е ко-претседавач со транзицискиот тим на претседателот Трамп и со тоа ќе биде важен двигател на формирањето на неговата администрација.

Латник, како што пренесе премиерот Мицкоски, е заинтересиран да и помогне на Македонија да го развие својот финансиски сектор - со предлози кои премиерот Мицкоски ги оцени како исклучително позитивни за земјата. Македонската влада воедно одржува блиски односи со Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан е водечки поддржувач на претседателот Трамп во Европа, промовирајќи ги неговите политики во областа на безбедноста, миграциите и националната држава, честопати во конфликт со либералното раководство на Европската Унија.

Формирањето на повеќе десно ориентирани влади на Балканот и во средна Европа гарантира дека земјите од регионот своите односи со Белата Куќа нема да ги градат само индивидуално, туку и колективно.

The post Нова страница во односите Македонија – САД appeared first on Република.

]]>

Претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски утринава, меѓу првите лидери во регионот, му ја честиташе изборната победа на претседателот Доналд Трамп. Во пораката, упатена набргу откако Трамп се обрати до нацијата и до светот, премиерот Мицкоски порачува дека „со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи. Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион“. Покрај протоколарната намена на честитката, во која Мицкоски вели и дека изборот на претседателот Трамп е „потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата“, јасно е Македонија влегува во нова фаза на своите односи со најважниот стратешки партнер - Соединетите Американски Држави. Македонија и САД ретко имале совпаѓање да бидат управувани од идеолошки блиски политички партии, иако ВМРО-ДПМНЕ честопати нескриено црпела инспирација во своите политики од американската Републиканска Партија. Освен неколкуте години совпаѓање на мандатите на претседателот Џорџ В. Буш со премиерите Љубчо Георгиевски и Никола Груевски, кои минаа во сенка на војната во 2001 и самитот во Букурешт, и еднакво драматичните неколку месеци во кои се вкрстија мандатите на Груевски и Доналд Трамп, на ВМРО-ДПМНЕ обично му се случувало да управува со Македонија кога со САД владее левата Демократска Партија, со нејзините нескриени симпатии кон левата политичка опција во Македонија и особено кон албанскиот политички фактор, што неретко се прелевало и во официјалната американска надворешна политика кон Македонија. Во пресрет на изборите во САД, македонските власти имаа низа средби со претставници на неговата администрација. Неизбежен тука е водечкиот дипломатски советник на Трамп, Ричард Гренел, кој во неговиот прв мандат држеше неколку важни функции - амбасадор во Германија, директор за национална безбедност и, што е особено интересно за нас - пратеник за Балканот. Оваа последна функција Гренел продолжи да ја држи и во мандатот на претседателот Бајден - тој беше чест гостин во балканските главни градови, одржувајќи ги контактите на балканските водачи со кругот околу Трамп, а воедно беше ангажиран и на реализирање на бизнис интереси на семејството Трамп во регионот - особено во Србија и Албанија. Гренел зад себе има и една сериозна иницијатива за постигнување на договор меѓу Србија и Косово, која беше попречена со чудно темпираното покренување на истрага против Хашим Тачи, но при што сепак се издејствува средба на највисоко ниво во Белата Куќа и привремено унапредување на односите на двете земји. Имајќи го предвид ова докажано искуство и ангажман за решавање на сериозни балкански спорови, премиерот Мицкоски се сретна со Гренел неколку пати по доаѓањето на власт - еднаш во Вашингтон, а еднаш при посетата на Гренел на Македонија, при што двете средби беа претставени како срдечни и успешни. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, при една од неговите посети на САД, имаше и заеднички настап на телевизијата Њузмакс - позната како медиум кој го има вниманието на претседателот Трамп, при што во име на Македонија најави дека ќе продолжиме во секој поглед да ја усогласуваме нашата надворешна политика кон Украина и другите важни глобални прашања со политиката на САД. Пред изборите во САД, премиерот Мицкоски оствари средба и со деловна делегација која исто така е блиска до претседателот Трамп. Македонско-канадскиот бизнисмен Крис Павловски и поранешниот конгресмен Девин Нунес се деловни партнери на Трамп, при што соработуваат со компании во Македонија. Заедно со нив, на средбата со Мицкоски и министри од македонската влада присуствуваше и мултимилијардерот Хауард Латник, кој сега е ко-претседавач со транзицискиот тим на претседателот Трамп и со тоа ќе биде важен двигател на формирањето на неговата администрација. Латник, како што пренесе премиерот Мицкоски, е заинтересиран да и помогне на Македонија да го развие својот финансиски сектор - со предлози кои премиерот Мицкоски ги оцени како исклучително позитивни за земјата. Македонската влада воедно одржува блиски односи со Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан е водечки поддржувач на претседателот Трамп во Европа, промовирајќи ги неговите политики во областа на безбедноста, миграциите и националната држава, честопати во конфликт со либералното раководство на Европската Унија. Формирањето на повеќе десно ориентирани влади на Балканот и во средна Европа гарантира дека земјите од регионот своите односи со Белата Куќа нема да ги градат само индивидуално, туку и колективно.

The post Нова страница во односите Македонија – САД appeared first on Република.

]]>
Враќањето на Трамп во Белата куќа добра вест за Македонија и регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrakaneto-na-tramp-vo-belata-kuka-dobra-vest-za-makedonija-i-regionot/ Wed, 06 Nov 2024 10:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=834660

Победата на Доналд Трамп е добра вест за Македонија и регионот. САД и Македонија се стратешки партнери и сојузници. Кој и да беше на власт соработката ќе продолжеше , но Републиканците имаат поголемо разбирање за нашата земја.

Кога на Македонија и беше најтешко, а тоа е после самитот во Букурешт и грчкото вето Републиканците на чело со тогашниот претседател Џорџ Буш застана зад нас. Набрзо потоа беше потпишан и Договорот за стратешко партнерство. Вакви или слични договори САД има само со неколку земји меѓу кои и Македонија.

Она што е уште повано за Македонија е што најверојатен нов Државен секретар ќе биде Ричард Гренел. Тој беше неодамна во Скопје и важи за наш голем подрувач. „Њујорк Тајмс тврди дека ќе биде нов Државен секретар.

Тој фрли „шпагети на ѕидот“ за Трамп. Сега тој е во врвна работа. Доколку Доналд Трамп победи на претседателската функција, Ричард Гренел се надева дека ќе биде државен секретар.-  анализира Њујорк Тајмс.

Воено-безбедносниот аналитичар Милан Стефановски за „Република“ ги анализира изборите во САД. Тој вели дека  граѓаните на САД покажале и докажаа дека вербата во слободата и демократијата ќе ја направат Америка повторно голема.

Феноменот Трамп се врати на голема врата и покрај сите афери и обиди за атентати.
Гласот на народот е најважен. Наративите во кампањата на Трамп за мир и просперитет, зајкната миграциска политика, силна економија и безбедност ќе рефлектира кон нашиот немирен регион атмосфера на стабилност и развој-смета Стафановски.

 

Според него  главните очекувања од Трамп се дека војната во Украина ќе запре а Европа повторно економски и политички ќе заздравува.

Ако Европа се стабилизира економски, политички и безбедносно, индирекно и ние како држава ќе се стабилизираме.Очекувањата се дека во времето на администрацијата на Трамп ќе се затворат сите отворени прашања на Балканот и регионот.Трамп е изборот за силна личност во немирен свет-додава Стефановски.

The post Враќањето на Трамп во Белата куќа добра вест за Македонија и регионот appeared first on Република.

]]>

Победата на Доналд Трамп е добра вест за Македонија и регионот. САД и Македонија се стратешки партнери и сојузници. Кој и да беше на власт соработката ќе продолжеше , но Републиканците имаат поголемо разбирање за нашата земја. Кога на Македонија и беше најтешко, а тоа е после самитот во Букурешт и грчкото вето Републиканците на чело со тогашниот претседател Џорџ Буш застана зад нас. Набрзо потоа беше потпишан и Договорот за стратешко партнерство. Вакви или слични договори САД има само со неколку земји меѓу кои и Македонија. Она што е уште повано за Македонија е што најверојатен нов Државен секретар ќе биде Ричард Гренел. Тој беше неодамна во Скопје и важи за наш голем подрувач. „Њујорк Тајмс тврди дека ќе биде нов Државен секретар.
Тој фрли „шпагети на ѕидот“ за Трамп. Сега тој е во врвна работа. Доколку Доналд Трамп победи на претседателската функција, Ричард Гренел се надева дека ќе биде државен секретар.-  анализира Њујорк Тајмс.
Воено-безбедносниот аналитичар Милан Стефановски за „Република“ ги анализира изборите во САД. Тој вели дека  граѓаните на САД покажале и докажаа дека вербата во слободата и демократијата ќе ја направат Америка повторно голема.
Феноменот Трамп се врати на голема врата и покрај сите афери и обиди за атентати. Гласот на народот е најважен. Наративите во кампањата на Трамп за мир и просперитет, зајкната миграциска политика, силна економија и безбедност ќе рефлектира кон нашиот немирен регион атмосфера на стабилност и развој-смета Стафановски.
  Според него  главните очекувања од Трамп се дека војната во Украина ќе запре а Европа повторно економски и политички ќе заздравува.
Ако Европа се стабилизира економски, политички и безбедносно, индирекно и ние како држава ќе се стабилизираме.Очекувањата се дека во времето на администрацијата на Трамп ќе се затворат сите отворени прашања на Балканот и регионот.Трамп е изборот за силна личност во немирен свет-додава Стефановски.

The post Враќањето на Трамп во Белата куќа добра вест за Македонија и регионот appeared first on Република.

]]>
Гренел: Европејците само ја влошуваат кризата на Балканот со еднострани интервенции https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grenel-evropejcite-samo-ja-vloshuvaat-krizata-na-balkanot-so-ednostrani-intervencii/ Mon, 12 Dec 2022 07:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=584449

Поранешниот американски претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, ги повика САД да прекинат секаква помош за Приштина доколку Албин Курти веднаш не го ослободи уапсениот Србин и оцени дека Европејците само ја влошуваат кризата на Балканот со еднострани интервенции.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Гренел на Твитер, реагирајќи на изјавата на шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, напиша дека дијалогот што го води ЕУ е неуспешен.

Од економска нормализација преминавме во хаос затоа што не ја следите навистина ситуацијата. Не успеавте да го повикате Курти на одговорност за изминатата година. Тој отфрли сè што понудивте вие и САД, напиша Гренел.

Тој побара Курти да го ослободи уапсениот Србин, но и во исто време да се отворат сите премини и да се отстранат сите барикади.

И ако Курти не го стори тоа веднаш, тогаш САД треба да прекинат секаква помош. Не треба да поддржуваме некој што создава терор, рече Гренел.

Гренел ги повика Европејците „да го сменат курсот во нивната стратегија Косово-Србија”.

Тие не ја помагаат балканската криза – тие ја влошуваат со своите еднострани и непостојани интервенции, додаде американскиот дипломат.

Во исто време, тој повика итно да се ослободи поранешниот косовски претседател Хашим Тачи од Хаг.

Бербок синоќа оцени дека е „целосно неприфатливо” испраќањето српски сили на Косово, како и последните напади врз припадници на мисијата ЕУЛЕКС на Косово, тврдејќи дека Приштина со одложувањето на локалните избори ги смирува тензиите, а Белград го прави спротивното со „неодамнешната реторика”.

The post Гренел: Европејците само ја влошуваат кризата на Балканот со еднострани интервенции appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, ги повика САД да прекинат секаква помош за Приштина доколку Албин Курти веднаш не го ослободи уапсениот Србин и оцени дека Европејците само ја влошуваат кризата на Балканот со еднострани интервенции. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Гренел на Твитер, реагирајќи на изјавата на шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, напиша дека дијалогот што го води ЕУ е неуспешен. Од економска нормализација преминавме во хаос затоа што не ја следите навистина ситуацијата. Не успеавте да го повикате Курти на одговорност за изминатата година. Тој отфрли сè што понудивте вие и САД, напиша Гренел. Тој побара Курти да го ослободи уапсениот Србин, но и во исто време да се отворат сите премини и да се отстранат сите барикади. И ако Курти не го стори тоа веднаш, тогаш САД треба да прекинат секаква помош. Не треба да поддржуваме некој што создава терор, рече Гренел. Гренел ги повика Европејците „да го сменат курсот во нивната стратегија Косово-Србија”. Тие не ја помагаат балканската криза – тие ја влошуваат со своите еднострани и непостојани интервенции, додаде американскиот дипломат. Во исто време, тој повика итно да се ослободи поранешниот косовски претседател Хашим Тачи од Хаг. Бербок синоќа оцени дека е „целосно неприфатливо” испраќањето српски сили на Косово, како и последните напади врз припадници на мисијата ЕУЛЕКС на Косово, тврдејќи дека Приштина со одложувањето на локалните избори ги смирува тензиите, а Белград го прави спротивното со „неодамнешната реторика”.

The post Гренел: Европејците само ја влошуваат кризата на Балканот со еднострани интервенции appeared first on Република.

]]>
Поранешниот американски специјален претставник: Курти е фашист, српските лидери да не наседнуваат на провокациите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-amerikanski-specijalen-pretstavnik-kurti-e-fashist-srpskite-lideri-da-ne-nasednuvaat-na-provokaciite/ Mon, 01 Aug 2022 10:37:35 +0000 https://republika.mk/?p=535665

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за преговори меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти е фашист кој, како што вели Гренел, живее во минатото.

Уште еднаш, радикалниот левичар и искусен фашистички премиер на Косово, Албин Курти, еднострано прави чекор да ги забрани српските регистарски таблички и лични карти на Косово. Тоа е глупаво, несовесно и непотребно. Зошто (советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и (државниот секретар на САД) Ентони Блинкен не му кажат да престане со фашистичките методи - напиша Гренел на Твитер.

Истовремено, Гребел ги повика српските лидери да не наседнуваат на провокациите.

The post Поранешниот американски специјален претставник: Курти е фашист, српските лидери да не наседнуваат на провокациите appeared first on Република.

]]>

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за преговори меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти е фашист кој, како што вели Гренел, живее во минатото.
Уште еднаш, радикалниот левичар и искусен фашистички премиер на Косово, Албин Курти, еднострано прави чекор да ги забрани српските регистарски таблички и лични карти на Косово. Тоа е глупаво, несовесно и непотребно. Зошто (советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и (државниот секретар на САД) Ентони Блинкен не му кажат да престане со фашистичките методи - напиша Гренел на Твитер.
Истовремено, Гребел ги повика српските лидери да не наседнуваат на провокациите.

The post Поранешниот американски специјален претставник: Курти е фашист, српските лидери да не наседнуваат на провокациите appeared first on Република.

]]>