риболов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ribolov/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 09:31:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png риболов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ribolov/ 32 32 Сом долг над два метра и тежок 80 килограми фатен во Дунав, рибарите го сликале и го вратиле во реката https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/som-dolg-nad-dva-metra-i-tezhok-80-kilogrami-faten-vo-dunav-ribarite-go-slikale-i-go-vratile-vo-rekata/ Sat, 29 Jun 2024 09:31:52 +0000 https://republika.mk/?p=791763

Спортски риболовци од cеверна Србија, од Дунав, кај Панчево извлекле сом долг над два метра, со тежина од околу 80 килограми. По „тешката борба“ со рибата што траела два до три часа, ја измериле, се сликале со неа и ја вратиле во реката.

Рибарите Бојан Славуљ и Милан Дроњак велат дека ова е редок улов од реката.

Околу 21 часот рибата загриза и три часа се боревме со неа. За повлекување користевме прачки... Ветерот беше силен, а имаше и големи бранови, па рибата нѐ повлече среде Дунав. Сепак, на крајот „го победивме“ и го извлековме од водата. Сомот беше долг 2,18 метри, изјави Славуљ за „Н-1“.

Како што раскажува, тој порано ловел единки тешки до 35, 40 килограми - повеќе од двојно полесни од оваа риба, а сом во овој дел од реката обично тежи 15 - 20 килограми...

Според риболовците, најважно е што рибата жива и здрава е вратена во реката.

The post Сом долг над два метра и тежок 80 килограми фатен во Дунав, рибарите го сликале и го вратиле во реката appeared first on Република.

]]>

Спортски риболовци од cеверна Србија, од Дунав, кај Панчево извлекле сом долг над два метра, со тежина од околу 80 килограми. По „тешката борба“ со рибата што траела два до три часа, ја измериле, се сликале со неа и ја вратиле во реката. Рибарите Бојан Славуљ и Милан Дроњак велат дека ова е редок улов од реката.
Околу 21 часот рибата загриза и три часа се боревме со неа. За повлекување користевме прачки... Ветерот беше силен, а имаше и големи бранови, па рибата нѐ повлече среде Дунав. Сепак, на крајот „го победивме“ и го извлековме од водата. Сомот беше долг 2,18 метри, изјави Славуљ за „Н-1“.
Како што раскажува, тој порано ловел единки тешки до 35, 40 килограми - повеќе од двојно полесни од оваа риба, а сом во овој дел од реката обично тежи 15 - 20 килограми... Според риболовците, најважно е што рибата жива и здрава е вратена во реката.

The post Сом долг над два метра и тежок 80 килограми фатен во Дунав, рибарите го сликале и го вратиле во реката appeared first on Република.

]]>
Заминал на риболов и не се вратил шест месеци – Старец од Русија преживеал во ледената пустина на -39 https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kandidat-za-pretsedatel-na-sad-se-vika-bukvalno-bilo-koj-drug/ Sat, 30 Mar 2024 20:01:47 +0000 https://republika.mk/?p=760480

70-годишен рибар отишол на риболов пред речиси шест месеци, со својот чамец, во дивината на најисточниот руски регион Чукотка, а бил пронајден изнемоштен откако поминал половина година во арктичката тундра, каде температурите паѓаат до минус 39 степени.

Исцрпениот 70-годишен пензионер преживеал јадејќи кора од дрвја и резерви од риба во последните неколку недели пред да се спои со своето семејство.

И покрај тоа што се хранел со риби и кора од дрвја и палел оган за да се загрее, пензионерот бил „три или четири дена“ од смртта, се вели во извештаите.

Според мештаните, 70-годишниот маж имал моторна санка и со неа планирал да се врати во Уст-Белаја.

- Тргна на моторна санка и остана без бензин - изјави едно лице во полиција. Рибарот потоа се откажал да се врати пешки бидејќи се плашел дека ќе замрзне по пат. Имено, неговата сопруга веднаш не се јавила во полиција бидејќи нејзиниот сопруг веќе заминал на долг риболов, но се загрижила кога тој не се вратил за Божиќ. Полицијата потоа започна итна потрага и објави видео на кое се гледа моментот кога го пронашле на речиси 100 милји од неговиот дом.

Човекот изгледаше како да не можеше да одговори на ниту едно прашање, но кога спасителот праша дали се е во ред, рибарот кимна со главата потврдно

Кога конечно се вратил дома, испил шолја чај и му рекол на спасувачот дека нема да издржи уште три или четири дена.

- Ти благодарам многу што го спаси мојот сопруг, што брзо реагираше... Ти благодарам многу. Господ да ви даде здравје - рекла сопругата на рибарот.

Генерал-мајор Ирина Волк од руското Министерство за внатрешни работи рече:

- Моите колеги од полицијата од Чукотка спасија човек кој не се вратил дома повеќе од пет месеци и не се јавил. Алармот го вклучила неговата сопруга, која го контактирала началникот на локалната полиција Едуард Бадаев во Уст-Белаја. Многумина се прашуваа дали е доцна. Испадна дека не е - изјави Ирина Волк.

Спасениот пензионер, голем љубител на природата и страстен рибар изјави дека наскоро повторно ќе оди на риболов.

The post Заминал на риболов и не се вратил шест месеци – Старец од Русија преживеал во ледената пустина на -39 appeared first on Република.

]]>

70-годишен рибар отишол на риболов пред речиси шест месеци, со својот чамец, во дивината на најисточниот руски регион Чукотка, а бил пронајден изнемоштен откако поминал половина година во арктичката тундра, каде температурите паѓаат до минус 39 степени. Исцрпениот 70-годишен пензионер преживеал јадејќи кора од дрвја и резерви од риба во последните неколку недели пред да се спои со своето семејство. И покрај тоа што се хранел со риби и кора од дрвја и палел оган за да се загрее, пензионерот бил „три или четири дена“ од смртта, се вели во извештаите. Според мештаните, 70-годишниот маж имал моторна санка и со неа планирал да се врати во Уст-Белаја. - Тргна на моторна санка и остана без бензин - изјави едно лице во полиција. Рибарот потоа се откажал да се врати пешки бидејќи се плашел дека ќе замрзне по пат. Имено, неговата сопруга веднаш не се јавила во полиција бидејќи нејзиниот сопруг веќе заминал на долг риболов, но се загрижила кога тој не се вратил за Божиќ. Полицијата потоа започна итна потрага и објави видео на кое се гледа моментот кога го пронашле на речиси 100 милји од неговиот дом. Човекот изгледаше како да не можеше да одговори на ниту едно прашање, но кога спасителот праша дали се е во ред, рибарот кимна со главата потврдно Кога конечно се вратил дома, испил шолја чај и му рекол на спасувачот дека нема да издржи уште три или четири дена. - Ти благодарам многу што го спаси мојот сопруг, што брзо реагираше... Ти благодарам многу. Господ да ви даде здравје - рекла сопругата на рибарот. Генерал-мајор Ирина Волк од руското Министерство за внатрешни работи рече: - Моите колеги од полицијата од Чукотка спасија човек кој не се вратил дома повеќе од пет месеци и не се јавил. Алармот го вклучила неговата сопруга, која го контактирала началникот на локалната полиција Едуард Бадаев во Уст-Белаја. Многумина се прашуваа дали е доцна. Испадна дека не е - изјави Ирина Волк. Спасениот пензионер, голем љубител на природата и страстен рибар изјави дека наскоро повторно ќе оди на риболов.

The post Заминал на риболов и не се вратил шест месеци – Старец од Русија преживеал во ледената пустина на -39 appeared first on Република.

]]>
Русија и забрани на Велика Британија да лови риба во Баренцовото Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-i-zabrani-na-velika-britanija-da-lovi-riba-vo-barentsovoto-more/ Mon, 04 Mar 2024 08:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=750939

Русија им забрани на бродовите од Велика Британија да ловат риба во руската зона на Баренцовото Море.

Руската Државна Дума правно го поништи договорот од 1956 година со кој на британските морнари им беше дозволено да ловат риба во руската зона на Баренцовото Море.

Во 2023 година, британските рибари уловиле 566 илјади тони бакалар во Баренцовото Море.

Руската одлука може да има големо влијание врз пазарот на храна во Британија со оглед на тоа што рибата, главно бакалар, сочинува 40% од британската исхрана.

The post Русија и забрани на Велика Британија да лови риба во Баренцовото Море appeared first on Република.

]]>

Русија им забрани на бродовите од Велика Британија да ловат риба во руската зона на Баренцовото Море. Руската Државна Дума правно го поништи договорот од 1956 година со кој на британските морнари им беше дозволено да ловат риба во руската зона на Баренцовото Море. Во 2023 година, британските рибари уловиле 566 илјади тони бакалар во Баренцовото Море. Руската одлука може да има големо влијание врз пазарот на храна во Британија со оглед на тоа што рибата, главно бакалар, сочинува 40% од британската исхрана.

The post Русија и забрани на Велика Британија да лови риба во Баренцовото Море appeared first on Република.

]]>
Неверојатен напад на ајкула: Морскиот ѕвер скокна од водата и слета директно на палубата од бродот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/neverojaten-napad-na-ajkula-morskiot-dzver-skokna-od-vodata-i-sleta-direktno-na-palubata-od-brodot/ Fri, 02 Sep 2022 10:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=546692

Камерон Синклер и неговите пријатели биле шокирани кога мако ајкула скокнала на палубата на нивниот рибарски брод.

Моментот кога најбрзата ајкула на светот скокнала на палубата на чамец и за малку ќе удрела во група зашеметени рибари е снимен на камера. Снимката споделена од Камерон Синклер, еден од рибарите на бродот, покажува атлантска краткоперкаста мако ајкула како скока од водата додека рибарите го привлекуваат својот улов поблиску до чамецот.

Групата ловела риба крај брегот на Масачусетс во САД во текот на викендот кога морскиот ѕверот слетал директно на палубата. Додека сакале да ја соберат фатената ајкула на задниот дел од чамецот, пред нив се појавила друга ајкула, која се превртела во воздух и удрила во чамецот.

Еден од риболовците го испуштил својот риболовен стап и избегал по скалата додека неговиот пријател бил заробен во аголот. Во овој „воздушен напад“ од ајкулата нема повредени.

View this post on Instagram

A post shared by Barstool Outdoors (@barstooloutdoors)

Видеото масовно е споделено на социјалните мрежи и многу љубители на риболов на шега го нарекоа „најлесниот улов досега“.

И сега се се смени, ајкулите доаѓаат по нас! - се пошегува еден корисник.

Според американската Национална океанска и атмосферска администрација, мако ајкулите се наведени како „забранет вид“, што значи дека не можат да бидат убиени или земени како улов.

The post Неверојатен напад на ајкула: Морскиот ѕвер скокна од водата и слета директно на палубата од бродот appeared first on Република.

]]>

Камерон Синклер и неговите пријатели биле шокирани кога мако ајкула скокнала на палубата на нивниот рибарски брод. Моментот кога најбрзата ајкула на светот скокнала на палубата на чамец и за малку ќе удрела во група зашеметени рибари е снимен на камера. Снимката споделена од Камерон Синклер, еден од рибарите на бродот, покажува атлантска краткоперкаста мако ајкула како скока од водата додека рибарите го привлекуваат својот улов поблиску до чамецот. Групата ловела риба крај брегот на Масачусетс во САД во текот на викендот кога морскиот ѕверот слетал директно на палубата. Додека сакале да ја соберат фатената ајкула на задниот дел од чамецот, пред нив се појавила друга ајкула, која се превртела во воздух и удрила во чамецот. Еден од риболовците го испуштил својот риболовен стап и избегал по скалата додека неговиот пријател бил заробен во аголот. Во овој „воздушен напад“ од ајкулата нема повредени.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Barstool Outdoors (@barstooloutdoors)

Видеото масовно е споделено на социјалните мрежи и многу љубители на риболов на шега го нарекоа „најлесниот улов досега“.
И сега се се смени, ајкулите доаѓаат по нас! - се пошегува еден корисник.
Според американската Национална океанска и атмосферска администрација, мако ајкулите се наведени како „забранет вид“, што значи дека не можат да бидат убиени или земени како улов.

The post Неверојатен напад на ајкула: Морскиот ѕвер скокна од водата и слета директно на палубата од бродот appeared first on Република.

]]>
Во Камбоџа уловена најголемата слатководна риба досега https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-kambodza-ulovena-najgolemata-slatkovodna-riba-dosega/ Tue, 21 Jun 2022 07:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=517873

Во североисточна Камбоџа, во реката Меконг, е уловена најголемата забележана слатководна риба во светот, џиновската раја (лат.: Batoidea) објавија научници од оваа земја во Југоисточна Азија.

Рибата уловена на 13 јуни била долга речиси четири метри од главата до опашката и тешка нешто под 300 килограми. Претходниот рекорд за слатководна риба беше џиновскиот меконшки сом тежок 293 килограми, откриен во Тајланд во 2005 година.

‘Рскавичната риба е уловена од рибар кој веднаш ги известил надлежните, па веста стигнала до научниците од проектот „Чудата на Меконг“, со којшто ракводи Зеб Хоган.

Кога ќе видите риба со оваа големина, особено во слатка вода, тоа е тешко да се сфати „од прва“, па мислам дека целиот наш тим беше воодушевен. Фактот дека рибите сѐ уште можат да бидат толку големи е знак на надеж за реката Меконг. Но, мора да се внимава на еколошките проблеми со кои се соочува реката - истакна Хоган.

Реката Меконг тече низ Кина, Мјанмар, Лаос, Тајланд, Камбоџа и Виетнам. Дом е на неколку видови џиновски слатководни риби, кои се загрозени од околината.

На светско ниво големите риби се загрозени. Тоа се видови со висока вредност. Ним им треба многу време да созреат. Тоа значи, ако се ловат пред да созреат, немаат шанса да се размножуваат - објаснува Хоган.

Тој додава дека околу 70 отсто од џиновските слатководни риби на глобално ниво се загрозени – како што се сите видови во Меконг.

Џиновската раја е многу слабо проучена риба. Нејзиното име, дури и научниот назив се менуваше неколкупати последниве 20 години. Не знаеме многу за нејзината животна историја, екологијата, ни преселничките модели - вели Хоган.

Околните жители на рибата ѝ го дале прекарот „Борами“ или „полна Месечина“ поради нејзината тркалезна форма и затоа што Месечината била на хоризонтот кога таа повторно била пуштена во своето природно живеалиште на 14 јуни.

The post Во Камбоџа уловена најголемата слатководна риба досега appeared first on Република.

]]>

Во североисточна Камбоџа, во реката Меконг, е уловена најголемата забележана слатководна риба во светот, џиновската раја (лат.: Batoidea) објавија научници од оваа земја во Југоисточна Азија. Рибата уловена на 13 јуни била долга речиси четири метри од главата до опашката и тешка нешто под 300 килограми. Претходниот рекорд за слатководна риба беше џиновскиот меконшки сом тежок 293 килограми, откриен во Тајланд во 2005 година. ‘Рскавичната риба е уловена од рибар кој веднаш ги известил надлежните, па веста стигнала до научниците од проектот „Чудата на Меконг“, со којшто ракводи Зеб Хоган.