рибљи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/riblji/ За подобро да се разбереме Fri, 13 May 2022 11:10:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рибљи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/riblji/ 32 32 Жителите на Херсон за Би-Би-Си : Руските власти почнаа да ги исплаќаат пензиите во рубли https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zitelite-na-herson-za-bi-bi-si-ruskite-vlasti-pochnaa-da-gi-isplakjaat-penziite-vo-rubli/ Fri, 13 May 2022 11:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=501876

Властите назначени од Кремљ во јужниот украински град Херсон, првиот град заземен од Русите за време на инвазијата на соседна земја на 24 февруари, велат дека планираат да побараат од рускиот претседател Владимир Путин формално да го припои регионот кон Русија.

Москва соопшти дека верува дека локалното население треба да одлучува за својата судбина.

По окупацијата на Херсон, Украина предупреди дека Русија планира да организира референдум во тој град, кој Киев го окарактеризира како нелегален и лажен, пишува Би-би-си.

Русија почна да воведува перална и сопствена медиумска и интернет инфраструктура во Херсон и другите делови на Украина што ги окупираше.

Руските воени претставници го обезвластиле градоначалникот на Херсон веднаш штом го заробиле. Руската државна новинска агенција Риа напиша дека градоначалникот Ихор Колихаев „не соработувал“ со окупаторите и дека поради тоа е сменет од функцијата. Тогаш проруската администрација ја презеде контролата врз градот и регионот околу него.

На жителите на градот им беше забранет пристапот до украинските телевизиски станици, а телекомуникациските компании кои им даваа услуги за пристап до интернет беа заменети со руски. Украина вели дека Русите сакаат нивната пропаганда да биде единствен извор на информации за ситуацијата во земјата.

Новата регионална влада го иницираше преминот од украинската гривна во руската рубља. Четиримесечната транзиција започна на 1 мај, а руските власти ја забранија испораката на гривните до банките.

Жителите на Херсон за Би-Би-Си изјавија дека руските власти почнале да ги исплаќаат пензиите во рубли.

The post Жителите на Херсон за Би-Би-Си : Руските власти почнаа да ги исплаќаат пензиите во рубли appeared first on Република.

]]>

Властите назначени од Кремљ во јужниот украински град Херсон, првиот град заземен од Русите за време на инвазијата на соседна земја на 24 февруари, велат дека планираат да побараат од рускиот претседател Владимир Путин формално да го припои регионот кон Русија. Москва соопшти дека верува дека локалното население треба да одлучува за својата судбина. По окупацијата на Херсон, Украина предупреди дека Русија планира да организира референдум во тој град, кој Киев го окарактеризира како нелегален и лажен, пишува Би-би-си. Русија почна да воведува перална и сопствена медиумска и интернет инфраструктура во Херсон и другите делови на Украина што ги окупираше. Руските воени претставници го обезвластиле градоначалникот на Херсон веднаш штом го заробиле. Руската државна новинска агенција Риа напиша дека градоначалникот Ихор Колихаев „не соработувал“ со окупаторите и дека поради тоа е сменет од функцијата. Тогаш проруската администрација ја презеде контролата врз градот и регионот околу него. На жителите на градот им беше забранет пристапот до украинските телевизиски станици, а телекомуникациските компании кои им даваа услуги за пристап до интернет беа заменети со руски. Украина вели дека Русите сакаат нивната пропаганда да биде единствен извор на информации за ситуацијата во земјата. Новата регионална влада го иницираше преминот од украинската гривна во руската рубља. Четиримесечната транзиција започна на 1 мај, а руските власти ја забранија испораката на гривните до банките. Жителите на Херсон за Би-Би-Си изјавија дека руските власти почнале да ги исплаќаат пензиите во рубли.

The post Жителите на Херсон за Би-Би-Си : Руските власти почнаа да ги исплаќаат пензиите во рубли appeared first on Република.

]]>