риба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/riba/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Jul 2022 16:04:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png риба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/riba/ 32 32 Во Охридското Езеро одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-ohridskoto-ezero-odzemeni-17-ribarski-mrezi-so-okolu-680-parchinja-riben-ulov/ Sat, 30 Jul 2022 17:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=535149

Во Охридското Езеро се пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов, при зајакнати мерки и активности што ги спровела вчера полицијата од сливот на река Сатеска до село Радожда, струшко.

-На 29.07.2022 во периодот од 01:00 до 15:00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ преземени се зајакнати мерки и активности во водите на Охридското Езеро, од сливот на реката Сатеска до с.Радожда, струшко, при што биле пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400 метри и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 килограми и 12 парчиња охридска пастрмка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат, констатиран е и прекршок по членовите 23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Во Охридското Езеро одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов appeared first on Република.

]]>

Во Охридското Езеро се пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов, при зајакнати мерки и активности што ги спровела вчера полицијата од сливот на река Сатеска до село Радожда, струшко. -На 29.07.2022 во периодот од 01:00 до 15:00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ преземени се зајакнати мерки и активности во водите на Охридското Езеро, од сливот на реката Сатеска до с.Радожда, струшко, при што биле пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400 метри и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 килограми и 12 парчиња охридска пастрмка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што информираат, констатиран е и прекршок по членовите 23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Во Охридското Езеро одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов appeared first on Република.

]]>
Риба со „човечки“ заби уловена на брегот на Мексико https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/riba-so-chovechki-zabi-ulovena-na-bregot-na-meksiko/ Sat, 30 Jul 2022 08:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=534973

Маж и жена риболовци од Литванија го посетиле Кабо Сан Лукас, Мексико, и биле изненадени од нивниот улов… Човекот, имено, уловил риба со нешто налик „човечки заби“, па фотографиите од неа ги споделија на Фејсбук, за да откријат за каква риба се работи.

„Кој знае какви риби има овде“, гласи едно прашање покрај видеоснимката.

Потоа имаше коментар дека тоа е „Sphoeroides annulatus“ – род отровни риби од фамилијата „Tetraodontidae“. Тие можат да се најдат, обично – во источниот дел на Тихиот Океан, од Калифорнија до Перу и Галапагос. Имаат јасни одлики и необичен изглед на предните заби. Нивното месо е отровно и не треба да се јаде.

The post Риба со „човечки“ заби уловена на брегот на Мексико appeared first on Република.

]]>

Маж и жена риболовци од Литванија го посетиле Кабо Сан Лукас, Мексико, и биле изненадени од нивниот улов… Човекот, имено, уловил риба со нешто налик „човечки заби“, па фотографиите од неа ги споделија на Фејсбук, за да откријат за каква риба се работи. „Кој знае какви риби има овде“, гласи едно прашање покрај видеоснимката. Потоа имаше коментар дека тоа е „Sphoeroides annulatus“ – род отровни риби од фамилијата „Tetraodontidae“. Тие можат да се најдат, обично – во источниот дел на Тихиот Океан, од Калифорнија до Перу и Галапагос. Имаат јасни одлики и необичен изглед на предните заби. Нивното месо е отровно и не треба да се јаде.

The post Риба со „човечки“ заби уловена на брегот на Мексико appeared first on Република.

]]>
Во Камбоџа уловена најголемата слатководна риба досега https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-kambodza-ulovena-najgolemata-slatkovodna-riba-dosega/ Tue, 21 Jun 2022 07:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=517873

Во североисточна Камбоџа, во реката Меконг, е уловена најголемата забележана слатководна риба во светот, џиновската раја (лат.: Batoidea) објавија научници од оваа земја во Југоисточна Азија.

Рибата уловена на 13 јуни била долга речиси четири метри од главата до опашката и тешка нешто под 300 килограми. Претходниот рекорд за слатководна риба беше џиновскиот меконшки сом тежок 293 килограми, откриен во Тајланд во 2005 година.

‘Рскавичната риба е уловена од рибар кој веднаш ги известил надлежните, па веста стигнала до научниците од проектот „Чудата на Меконг“, со којшто ракводи Зеб Хоган.

Кога ќе видите риба со оваа големина, особено во слатка вода, тоа е тешко да се сфати „од прва“, па мислам дека целиот наш тим беше воодушевен. Фактот дека рибите сѐ уште можат да бидат толку големи е знак на надеж за реката Меконг. Но, мора да се внимава на еколошките проблеми со кои се соочува реката - истакна Хоган.

Реката Меконг тече низ Кина, Мјанмар, Лаос, Тајланд, Камбоџа и Виетнам. Дом е на неколку видови џиновски слатководни риби, кои се загрозени од околината.

На светско ниво големите риби се загрозени. Тоа се видови со висока вредност. Ним им треба многу време да созреат. Тоа значи, ако се ловат пред да созреат, немаат шанса да се размножуваат - објаснува Хоган.

Тој додава дека околу 70 отсто од џиновските слатководни риби на глобално ниво се загрозени – како што се сите видови во Меконг.

Џиновската раја е многу слабо проучена риба. Нејзиното име, дури и научниот назив се менуваше неколкупати последниве 20 години. Не знаеме многу за нејзината животна историја, екологијата, ни преселничките модели - вели Хоган.

Околните жители на рибата ѝ го дале прекарот „Борами“ или „полна Месечина“ поради нејзината тркалезна форма и затоа што Месечината била на хоризонтот кога таа повторно била пуштена во своето природно живеалиште на 14 јуни.

The post Во Камбоџа уловена најголемата слатководна риба досега appeared first on Република.

]]>

Во североисточна Камбоџа, во реката Меконг, е уловена најголемата забележана слатководна риба во светот, џиновската раја (лат.: Batoidea) објавија научници од оваа земја во Југоисточна Азија. Рибата уловена на 13 јуни била долга речиси четири метри од главата до опашката и тешка нешто под 300 килограми. Претходниот рекорд за слатководна риба беше џиновскиот меконшки сом тежок 293 килограми, откриен во Тајланд во 2005 година. ‘Рскавичната риба е уловена од рибар кој веднаш ги известил надлежните, па веста стигнала до научниците од проектот „Чудата на Меконг“, со којшто ракводи Зеб Хоган.
Кога ќе видите риба со оваа големина, особено во слатка вода, тоа е тешко да се сфати „од прва“, па мислам дека целиот наш тим беше воодушевен. Фактот дека рибите сѐ уште можат да бидат толку големи е знак на надеж за реката Меконг. Но, мора да се внимава на еколошките проблеми со кои се соочува реката - истакна Хоган.
Реката Меконг тече низ Кина, Мјанмар, Лаос, Тајланд, Камбоџа и Виетнам. Дом е на неколку видови џиновски слатководни риби, кои се загрозени од околината.
На светско ниво големите риби се загрозени. Тоа се видови со висока вредност. Ним им треба многу време да созреат. Тоа значи, ако се ловат пред да созреат, немаат шанса да се размножуваат - објаснува Хоган.
Тој додава дека околу 70 отсто од џиновските слатководни риби на глобално ниво се загрозени – како што се сите видови во Меконг.
Џиновската раја е многу слабо проучена риба. Нејзиното име, дури и научниот назив се менуваше неколкупати последниве 20 години. Не знаеме многу за нејзината животна историја, екологијата, ни преселничките модели - вели Хоган.
Околните жители на рибата ѝ го дале прекарот „Борами“ или „полна Месечина“ поради нејзината тркалезна форма и затоа што Месечината била на хоризонтот кога таа повторно била пуштена во своето природно живеалиште на 14 јуни.

The post Во Камбоџа уловена најголемата слатководна риба досега appeared first on Република.

]]>
Три намирници кои се најдобри борци против канцерот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tri-namirnici-koi-se-najdobri-borci-protiv-kancerot/ Sat, 28 May 2022 20:13:47 +0000 https://republika.mk/?p=508138

Идеалната здрава трпеза се состои од 50 проценти зеленчук – остатокот се белковини од животинско потекло, житарки и масти. Трите најдобри „борци” против канцерот се рибата, брокулите и доматите.

Брокула

Глукосинолатите кои се наоѓаат во брокулата му даваат на овој зеленчук интензивен вкус, но ја намалуваат веројатноста за појава на малигни клетки. Оваа состојка е особено активна при џвакањето и во текот на варењето, и е исклучително делотворна во борбата против ракот на мочниот меур и дојката.

Риба

Кај жените кои консумираат премногу масна храна, ризикот за добивање на рак на дојка изнесува и до 55 проценти. Нутриционистите јасно дефинирале што е „премногу”: консумирање на масна храна повеќе од три пати неделно. Оние кои ќе се преориентираат кон рибата (три пати неделно е сосема доволно), ќе го намалат ризикот за добивање на малигни заболувања и до 65 проценти.

Омега-3 масните киселини во рибата не само што се обидуваат да го спречат настанокот на малигни клетки, туку и го запираат понатамошниот развој на веќе формираните. Кај оние кои веќе се борат со канцерот, а каде рибата е често застапена на трпезата, постои голема шанса за канцерогените клетки во нивниот организам понатаму да не се развиваат.

Домати

Овие црвени плодови не само што се нискокалорични (100 грама содржи од 17 до 20 калории), туку се и исклучително вкусни. Доматот е зеленчук кој има најмногу ликопен, супстанца поради која оваа билка има црвена боја и која служи како многу значаен заштитник на срцето и крвните садови.

Ликопенот, меѓутоа, може и многу повеќе од тоа – тој го забавува растот на малигните клетки и до 50 проценти – а во комбинација со витаминот Е кој се наоѓа во маслата и мастите од растително потекло, нивниот раст се намалува за дури и до 70 проценти. Неговата концентрација се зголемува со загревање – варен или термички обработен (на пример во вид на кечап или сос), доматот е многу поделотворен во борбата против ракот, отколку кога се консумира сиров.

The post Три намирници кои се најдобри борци против канцерот appeared first on Република.

]]>

Идеалната здрава трпеза се состои од 50 проценти зеленчук – остатокот се белковини од животинско потекло, житарки и масти. Трите најдобри „борци” против канцерот се рибата, брокулите и доматите. Брокула Глукосинолатите кои се наоѓаат во брокулата му даваат на овој зеленчук интензивен вкус, но ја намалуваат веројатноста за појава на малигни клетки. Оваа состојка е особено активна при џвакањето и во текот на варењето, и е исклучително делотворна во борбата против ракот на мочниот меур и дојката. Риба Кај жените кои консумираат премногу масна храна, ризикот за добивање на рак на дојка изнесува и до 55 проценти. Нутриционистите јасно дефинирале што е „премногу”: консумирање на масна храна повеќе од три пати неделно. Оние кои ќе се преориентираат кон рибата (три пати неделно е сосема доволно), ќе го намалат ризикот за добивање на малигни заболувања и до 65 проценти. Омега-3 масните киселини во рибата не само што се обидуваат да го спречат настанокот на малигни клетки, туку и го запираат понатамошниот развој на веќе формираните. Кај оние кои веќе се борат со канцерот, а каде рибата е често застапена на трпезата, постои голема шанса за канцерогените клетки во нивниот организам понатаму да не се развиваат. Домати Овие црвени плодови не само што се нискокалорични (100 грама содржи од 17 до 20 калории), туку се и исклучително вкусни. Доматот е зеленчук кој има најмногу ликопен, супстанца поради која оваа билка има црвена боја и која служи како многу значаен заштитник на срцето и крвните садови. Ликопенот, меѓутоа, може и многу повеќе од тоа – тој го забавува растот на малигните клетки и до 50 проценти – а во комбинација со витаминот Е кој се наоѓа во маслата и мастите од растително потекло, нивниот раст се намалува за дури и до 70 проценти. Неговата концентрација се зголемува со загревање – варен или термички обработен (на пример во вид на кечап или сос), доматот е многу поделотворен во борбата против ракот, отколку кога се консумира сиров.

The post Три намирници кои се најдобри борци против канцерот appeared first on Република.

]]>
Во водите на Охридското Езерo, спроти „Свети Стефан“, пронајдена рибарска мрежа со улов од 119 парчиња охридска пастрмка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-vodite-na-ohridskoto-ezero-sproti-sveti-stefan-pronajdena-ribarska-mreza-so-ulov-od-119-parchinja-ohridska-pastrmka/ Tue, 22 Feb 2022 18:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=462075

На 20/21.02.2022 во периодот од 17 до 01 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, презеле мерки и активности за откривање и спречување незаконит риболов. Во водите на Охридското Езерo, спроти „Свети Стефан“, на околу 1000 метри од брегот на езерото, пронашле рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45.5 килограми.
Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Во водите на Охридското Езерo, спроти „Свети Стефан“, пронајдена рибарска мрежа со улов од 119 парчиња охридска пастрмка appeared first on Република.

]]>

На 20/21.02.2022 во периодот од 17 до 01 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, презеле мерки и активности за откривање и спречување незаконит риболов. Во водите на Охридското Езерo, спроти „Свети Стефан“, на околу 1000 метри од брегот на езерото, пронашле рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45.5 килограми. Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Во водите на Охридското Езерo, спроти „Свети Стефан“, пронајдена рибарска мрежа со улов од 119 парчиња охридска пастрмка appeared first on Република.

]]>