'рѓа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rgja/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 08:46:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 'рѓа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rgja/ 32 32 Алек Болдвин побара отфрлање на обвиненијата против него https://arhiva3.republika.mk/scena/film/alek-boldvin-pobara-otfrlane-na-obvinenijata-protiv-nego/ Fri, 15 Mar 2024 08:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=755044

Адвокатите на американскиот глумец Алек Болдвин побараа од Судот да ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против него. Правниците т​​врдат дека обвинителите изнеле неосновани тврдења и обвинувања против Болдвин.

Станува збор за несреќното пукање кон кинематограферката Халина Хачинс во 2021 година, за време на снимањето на филмот „'Рѓа“, при што таа го загуби животот, а режисерот Џоел Соуза беше ранет. Судењето е закажано за 10 јули во американската сојузна држава Ново Мексико. Барањето на Болдвин уследи откако поротата ја осуди Хана Гутјерез-Рид за убиство од небрежност во одвоено судење. Гутјерез се соочува со затворска казна до 18 месеци.

И на Болдвин му се суди за убиство од небрежност. Според познавачи, пресудата на Гутјерез-Рид може да биде олеснителна околност за актерот, оти тој на 31 јануари годинава повторно се изјасни невин.

Судот во Ново Мексико повторно ја отвори кривичната постапка против него на 19 јануари, повеќе од две години по инцидентот и девет месеци откако беше првично обвинет за смртта на Хачинс. Претходните обвиненија против него беа отфрлени минатиот април кога обвинителите соопштија дека на виделина излегле нови информации што налагаат натамошна истрага.

Немилиот настан со исход - убиство се случи во октомври 2021 година, кога Болдвин вежбал пукање со пиштол за потребите на филмот. Глумецот тврди дека не знаел дека пиштолот бил наполнет со вистински куршуми.

The post Алек Болдвин побара отфрлање на обвиненијата против него appeared first on Република.

]]>

Адвокатите на американскиот глумец Алек Болдвин побараа од Судот да ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против него. Правниците т​​врдат дека обвинителите изнеле неосновани тврдења и обвинувања против Болдвин. Станува збор за несреќното пукање кон кинематограферката Халина Хачинс во 2021 година, за време на снимањето на филмот „'Рѓа“, при што таа го загуби животот, а режисерот Џоел Соуза беше ранет. Судењето е закажано за 10 јули во американската сојузна држава Ново Мексико. Барањето на Болдвин уследи откако поротата ја осуди Хана Гутјерез-Рид за убиство од небрежност во одвоено судење. Гутјерез се соочува со затворска казна до 18 месеци. И на Болдвин му се суди за убиство од небрежност. Според познавачи, пресудата на Гутјерез-Рид може да биде олеснителна околност за актерот, оти тој на 31 јануари годинава повторно се изјасни невин. Судот во Ново Мексико повторно ја отвори кривичната постапка против него на 19 јануари, повеќе од две години по инцидентот и девет месеци откако беше првично обвинет за смртта на Хачинс. Претходните обвиненија против него беа отфрлени минатиот април кога обвинителите соопштија дека на виделина излегле нови информации што налагаат натамошна истрага. Немилиот настан со исход - убиство се случи во октомври 2021 година, кога Болдвин вежбал пукање со пиштол за потребите на филмот. Глумецот тврди дека не знаел дека пиштолот бил наполнет со вистински куршуми.

The post Алек Болдвин побара отфрлање на обвиненијата против него appeared first on Република.

]]>
Реквизитерката која го наполни пиштолот на Алек Болдвин прогласена за виновна за убиство од небрежност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rekviziterkata-koja-go-napolni-pishtolot-na-alek-boldvin-proglasena-za-vinovna-za-ubistvo-od-nebrezhnost/ Thu, 07 Mar 2024 09:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=752107

Одговорната реквизитерка, која го наполни пиштолот на Алек Болдвин при пукањето и убиството на снимањето на филмот „'Рѓа“ (Rust), Хана Гутjерез-Рид е осудена за убиство од небрежност. Освен тоа, таа е прогласена за невинa по втората точка од обвинението - манипулација со докази.

Oсудената може да добие и до три години затвор.

Гутјерез-Рид не сведочеше во двонеделното судење, но нејзиниот адвокат рече дека обвинителите не успеале да докажат дека неговата клиентка е одговорна за фаталното пукање во коешто жена беше убиена, а имаше и еден повреден. Правникот, исто така, тврдеше дека Болдвин е тој што треба да биде кривично гонет, бидејќи тој го држел пиштолот, пренесе „Ен-би-си“.

Таа е лесна мета, најмалку моќната личност на сетот. Лесно жртвено јагне, рече бранителот во воведниот збор на судењето.

И Алек Болдвин се соочува со судење за убиство од небрежност. Почетокот на судењето е закажан за 10 јули, а обвиненијата против Болдвин еднаш веќе се отфрлени.  

https://youtu.be/PfjOtGvvX5o?si=dIcWw8t-niHLaNoC

The post Реквизитерката која го наполни пиштолот на Алек Болдвин прогласена за виновна за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>

Одговорната реквизитерка, која го наполни пиштолот на Алек Болдвин при пукањето и убиството на снимањето на филмот „'Рѓа“ (Rust), Хана Гутjерез-Рид е осудена за убиство од небрежност. Освен тоа, таа е прогласена за невинa по втората точка од обвинението - манипулација со докази. Oсудената може да добие и до три години затвор. Гутјерез-Рид не сведочеше во двонеделното судење, но нејзиниот адвокат рече дека обвинителите не успеале да докажат дека неговата клиентка е одговорна за фаталното пукање во коешто жена беше убиена, а имаше и еден повреден. Правникот, исто така, тврдеше дека Болдвин е тој што треба да биде кривично гонет, бидејќи тој го држел пиштолот, пренесе „Ен-би-си“.
Таа е лесна мета, најмалку моќната личност на сетот. Лесно жртвено јагне, рече бранителот во воведниот збор на судењето.
И Алек Болдвин се соочува со судење за убиство од небрежност. Почетокот на судењето е закажан за 10 јули, а обвиненијата против Болдвин еднаш веќе се отфрлени.   https://youtu.be/PfjOtGvvX5o?si=dIcWw8t-niHLaNoC

The post Реквизитерката која го наполни пиштолот на Алек Болдвин прогласена за виновна за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>
Продуцентската куќа казнета за случајот Болдвин и убиството на снимањето https://arhiva3.republika.mk/scena/film/producentskata-kukja-kazneta-za-sluchajot-boldvin-i-ubistvoto-na-snimanjeto/ Wed, 20 Apr 2022 20:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=491455

Продуцентската куќа е казнета за случајот со пукањето на актерот Алек Болдвин на снимањето на филмот „Рѓа“, јавува Би-Би-Си.

Како што се наведува продукциската куќа покажала „обична рамнодушност“ кон безбедноста на вработените.

Продуцентите на филмот, чиј снимател Алек Болдвин случајно го усмрти на снимањето, биле казнети од властите и остро критикувани дека не ги почитувале безбедносните насоки, јавува Би-Би-Си.

„Авторите на филмот „Рѓа“ покажаа „обична рамнодушност кон препознаените опасности поврзани со употребата на огнено оружје при снимањето“, наведува Одделот за животна средина на Ново Мексико.

Агенцијата наметна максимална казна од 136.793 долари (105.000 фунти) за „Rust Movie Productions“.

Да потсетиме, во октомври минатата година, откако испука куршум од пиштол кој што беше реквизит во филмот, актерот Алек Болдвин (68) ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.

Актерот, кој беше и продуцент на филмот, претходно изјави дека нема поим како вистинскиот куршум се појавил на сетот.

Секретарот на кабинетот на Одделот за животна средина на Ново Мексико, Џејмс Кени, рече: „Имаше неколку пропусти во управувањето и повеќе од доволно докази кои сугерираат дека доколку се почитуваа стандардните индустриски пракси, Халина Хачинс немаше да биде смртно застрелана, а Џоел Соуза сериозно да биде повреден. Преку нашата истрагата, утврдивме дека неуспесите на Rust Productions беа сериозни и намерни“.

The post Продуцентската куќа казнета за случајот Болдвин и убиството на снимањето appeared first on Република.

]]>

Продуцентската куќа е казнета за случајот со пукањето на актерот Алек Болдвин на снимањето на филмот „Рѓа“, јавува Би-Би-Си. Како што се наведува продукциската куќа покажала „обична рамнодушност“ кон безбедноста на вработените.
Продуцентите на филмот, чиј снимател Алек Болдвин случајно го усмрти на снимањето, биле казнети од властите и остро критикувани дека не ги почитувале безбедносните насоки, јавува Би-Би-Си.
„Авторите на филмот „Рѓа“ покажаа „обична рамнодушност кон препознаените опасности поврзани со употребата на огнено оружје при снимањето“, наведува Одделот за животна средина на Ново Мексико. Агенцијата наметна максимална казна од 136.793 долари (105.000 фунти) за „Rust Movie Productions“. Да потсетиме, во октомври минатата година, откако испука куршум од пиштол кој што беше реквизит во филмот, актерот Алек Болдвин (68) ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза. Актерот, кој беше и продуцент на филмот, претходно изјави дека нема поим како вистинскиот куршум се појавил на сетот. Секретарот на кабинетот на Одделот за животна средина на Ново Мексико, Џејмс Кени, рече: „Имаше неколку пропусти во управувањето и повеќе од доволно докази кои сугерираат дека доколку се почитуваа стандардните индустриски пракси, Халина Хачинс немаше да биде смртно застрелана, а Џоел Соуза сериозно да биде повреден. Преку нашата истрагата, утврдивме дека неуспесите на Rust Productions беа сериозни и намерни“.

The post Продуцентската куќа казнета за случајот Болдвин и убиството на снимањето appeared first on Република.

]]>