резултати од пописот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rezultati-od-popisot/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Apr 2022 19:39:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png резултати од пописот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rezultati-od-popisot/ 32 32 Ахмети бара одговорност за партиите кои повикуваа на бојкот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-bara-odgovornost-za-partiite-koi-povikuvaa-na-bojkot/ Thu, 07 Apr 2022 19:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=484993

Зборувајќи за бројката од 130 илјади граѓани кои останаа непопишани, за нивната етничка припадност која сега стана предмет на манипулација и политизација, а која не може да се знае со точност затоа што овие лица го бојкотираа пописот, лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за РТВ21 Косово, повика на одговорност за опозиционите политички партии кои го повикуваа на бојкот на пописот.

„Треба да се имаат во предвид и повиците за бојкот од страна на опозиционите политички партии и тие треба да сносат одговорност за овие 10% граѓани кои останаа не регистрирани, односно го бојкотираа пописот. Секоја интерпретација  за тоа каква е етничката припадност на овие граѓани ќе биде погрешна, дали се тие Албанци или Македонци, ова не може сега да се утврди“, додава Ахмети.

The post Ахмети бара одговорност за партиите кои повикуваа на бојкот appeared first on Република.

]]>

Ахмети: Смешно е да се каже дека со СДСМ сме ги договориле резултатите од пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-smeshno-e-da-se-kaze-deka-so-sdsm-sme-gi-dogovorile-rezultatite-od-popisot/ Thu, 07 Apr 2022 19:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=484987

Во интервју за РТВ21 Косово, лидерот на ДУИ Али Ахмети беше запрашан, односно му беше посочено дека има шпекулации дека неговата партија и СДСМ се договориле за резултатите од пописот, односно за бројките, колку ќе бидат Македонци, колку Албанци и таканатаму.

На ова Али Ахмети одговори дека тезата е смешна и не е вредна за дискусија.

„Треба да ви дадам одговор за конспиративни тези, ова никако не стои и не вреди да се трудите да го анализирате, нема апсолутно ништо точно. Овие шпекулации и конспирации се прават од страна на тие кои сакаат политички да профитираат“, рече тој.

The post Ахмети: Смешно е да се каже дека со СДСМ сме ги договориле резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>

Во интервју за РТВ21 Косово, лидерот на ДУИ Али Ахмети беше запрашан, односно му беше посочено дека има шпекулации дека неговата партија и СДСМ се договориле за резултатите од пописот, односно за бројките, колку ќе бидат Македонци, колку Албанци и таканатаму. На ова Али Ахмети одговори дека тезата е смешна и не е вредна за дискусија. „Треба да ви дадам одговор за конспиративни тези, ова никако не стои и не вреди да се трудите да го анализирате, нема апсолутно ништо точно. Овие шпекулации и конспирации се прават од страна на тие кои сакаат политички да профитираат“, рече тој.

The post Ахмети: Смешно е да се каже дека со СДСМ сме ги договориле резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>
Откако е ДУИ на власт најмногу Албанци се иселиле од Кичево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkako-e-dui-na-vlast-najmnogu-albanci-se-iselile-od-kichevo/ Thu, 07 Apr 2022 17:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=484948

Ние го кажавме нашиот став. За ВМРО-ДПМНЕ цениме дека овој попис не ужива доверба и податоците ги сметаме за некомплетни. Во однос на тие 132 илјади непопишани, во однос на селективно попишани во дијаспора, во однос на менување на бројки кај атеисти во рок од една недела, како слаба обученост кај попишувачите во однос на религија и вероисповед и некои нелогичности, изјави Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за „Само интервју“ на Канал 5.

Ако имаме податоци во кои 1 или 2% од населението не се изјасниле лично за нивната припадност, тогаш може да кажете дека е во делот на некоја статистичка грешка. Но, кога има околу 7% или 132.000 граѓани кои не се изјасниле по национална, верска, јазична основа и можеби други податоци, тогаш навистина пописот не може да се смета за комплетен, истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека да биде парадоксот поголем гледаме дека има и за тие луѓе кои се административно попишани има податоци кои можат да бидат употребени, но власта како да не сакала да ги употреби.

Ако некој е вработен во Државен завод за статистика и не се попишал, тој како вработен таму има лично и на своја волја потпишано формулар за своето образование и за својата национална припадност. За него има податоци и во МВР и во управа за матични книги. Ако сакале статистика можеле да ги добијат тие податоци. Или не морале да брзаат, можеле да почекаат уште некој месец да најдат соодветен начин да ги обработат овие податоци, изјави тој. Тој истакна дека очигледно е дека на пописот повеќе сакаа да му дадат тон на политичка операција, па дури и се сомнева дека и сакаат ова да биде тема затоа што немаат добри теми во економија, образование и да биде ова јаболко на раздор, иако истиот има поразителни факти. Пописот има и поразителни факти на ниво на Македонија. Земете ја општина Кичево каде во 2002 година живееле 30.000 Албанци, а денес се 16.500, живееле 20.000 Македонци, денес се 16.100, а 2.000 се неизјаснети. Тоа значи дека откако е ДУИ на власт најмногу Албанци се иселиле од Кичево и денес се жители на Швајцарија, Германија или некоја друга држава. И тоа не успех ниту за власта ниту за државата, вели тој.

The post Откако е ДУИ на власт најмногу Албанци се иселиле од Кичево appeared first on Република.

]]>

Ние го кажавме нашиот став. За ВМРО-ДПМНЕ цениме дека овој попис не ужива доверба и податоците ги сметаме за некомплетни. Во однос на тие 132 илјади непопишани, во однос на селективно попишани во дијаспора, во однос на менување на бројки кај атеисти во рок од една недела, како слаба обученост кај попишувачите во однос на религија и вероисповед и некои нелогичности, изјави Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за „Само интервју“ на Канал 5.
Ако имаме податоци во кои 1 или 2% од населението не се изјасниле лично за нивната припадност, тогаш може да кажете дека е во делот на некоја статистичка грешка. Но, кога има околу 7% или 132.000 граѓани кои не се изјасниле по национална, верска, јазична основа и можеби други податоци, тогаш навистина пописот не може да се смета за комплетен, истакна Милошоски.
Милошоски посочи дека да биде парадоксот поголем гледаме дека има и за тие луѓе кои се административно попишани има податоци кои можат да бидат употребени, но власта како да не сакала да ги употреби. Ако некој е вработен во Државен завод за статистика и не се попишал, тој како вработен таму има лично и на своја волја потпишано формулар за своето образование и за својата национална припадност. За него има податоци и во МВР и во управа за матични книги. Ако сакале статистика можеле да ги добијат тие податоци. Или не морале да брзаат, можеле да почекаат уште некој месец да најдат соодветен начин да ги обработат овие податоци, изјави тој. Тој истакна дека очигледно е дека на пописот повеќе сакаа да му дадат тон на политичка операција, па дури и се сомнева дека и сакаат ова да биде тема затоа што немаат добри теми во економија, образование и да биде ова јаболко на раздор, иако истиот има поразителни факти. Пописот има и поразителни факти на ниво на Македонија. Земете ја општина Кичево каде во 2002 година живееле 30.000 Албанци, а денес се 16.500, живееле 20.000 Македонци, денес се 16.100, а 2.000 се неизјаснети. Тоа значи дека откако е ДУИ на власт најмногу Албанци се иселиле од Кичево и денес се жители на Швајцарија, Германија или некоја друга држава. И тоа не успех ниту за власта ниту за државата, вели тој.

The post Откако е ДУИ на власт најмногу Албанци се иселиле од Кичево appeared first on Република.

]]>
Биле Албанците по пописот 41,7% или над 55%, Дехари не помислува да го симне албанското знаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bile-albancite-po-popisot-41-7-ili-nad-55-dehari-ne-pomisluva-da-go-simne-albanskoto-zname/ Sun, 03 Apr 2022 15:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=482684

Алијанса за Албанците тврди дека опфатеноста на лица кои се вметнати без етничка припадност и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората одиграле негативна улога во реалниот процент на етничките заедници во земјава и дека со тоа се загрозуваат колективните права кои ги уживале до сега.

Конкретно, процентот на Албанците во Кичево паднал под 50% и со тоа се загрозува употребата на националното знаме, вели Наим Бајрами.

https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-da-se-ostranat-imputiranite-132-000-nepopishani-vaka-albancite-vo-kichevo-padnaa-pod-50/

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари не помислува да го тргне албанското знаме, зашто, како што вели во градот Албанци се повеќе од 55%.

Никако! Многу грешите, за жал! Кичево има над 55% Албанци, посочи Фатмир Дехари.

Според податоците на ДЗС, излегува дека Кичево има 41,27% албанско резидентно население, но тука не е опфатена дијаспората. Ова се очекува да се направи следниве денови, кога ќе се покаже од кои општини се печалбарите, појаснува за ТВ21 заменик-директорот на ДЗС Иљми Селами.

Кичевци се во дијаспората. Од нив 15,237 се Албанци, а остатокот се други. Не само за Кичево туку и за другите градови, бројот на нерезедентно население е предвидено да се преработи и објави во вториот сет од податоците на пописот, вели Иљми Селами.

The post Биле Албанците по пописот 41,7% или над 55%, Дехари не помислува да го симне албанското знаме appeared first on Република.

]]>

Алијанса за Албанците тврди дека опфатеноста на лица кои се вметнати без етничка припадност и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората одиграле негативна улога во реалниот процент на етничките заедници во земјава и дека со тоа се загрозуваат колективните права кои ги уживале до сега.
Конкретно, процентот на Албанците во Кичево паднал под 50% и со тоа се загрозува употребата на националното знаме, вели Наим Бајрами.
https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-da-se-ostranat-imputiranite-132-000-nepopishani-vaka-albancite-vo-kichevo-padnaa-pod-50/ Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари не помислува да го тргне албанското знаме, зашто, како што вели во градот Албанци се повеќе од 55%.
Никако! Многу грешите, за жал! Кичево има над 55% Албанци, посочи Фатмир Дехари.
Според податоците на ДЗС, излегува дека Кичево има 41,27% албанско резидентно население, но тука не е опфатена дијаспората. Ова се очекува да се направи следниве денови, кога ќе се покаже од кои општини се печалбарите, појаснува за ТВ21 заменик-директорот на ДЗС Иљми Селами.
Кичевци се во дијаспората. Од нив 15,237 се Албанци, а остатокот се други. Не само за Кичево туку и за другите градови, бројот на нерезедентно население е предвидено да се преработи и објави во вториот сет од податоците на пописот, вели Иљми Селами.

The post Биле Албанците по пописот 41,7% или над 55%, Дехари не помислува да го симне албанското знаме appeared first on Република.

]]>
Калеска Ванчева: Пописот е целосно успешен и спроведен во согласност со стандардите на Евростат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kaleska-vancheva-popisot-e-celosno-uspeshen-i-sproveden-vo-soglasnost-so-standardite-na-evrostat/ Fri, 01 Apr 2022 21:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=482163

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма истакна дека пописот е целосно успешен и спроведен согласно стандардите на Евростат, што е потврдено и од ЕУ.

Факт е изјавата на портпаролката на Европската унија, која многу јасно и прецизно вели дека методотологијата и законот, врз чија основа е спроведен пописот е согласно Евростат и тоа е нешто што го потврдува она што ние уште при ноесење на законот го говоревме, иако за жал од говорницата во Собранието се изнесуваа ставови дека тоа не е така, a сега стигна потврда од ЕУ, нагласи Калеска Ванчева.

Таа додаде дека сега се објавени првичните резултаи од пописот од страна на Државниот завод за статистика, потоа следи анализа на сите резултати и тоа треба да биде предмет на експерската и научната јавност, а не на политичарите.

Мора да разбереме дека ова е огромна важност статистичка операција, која секоја држава на секои 10 години, според меѓународните правила и стандарди ја спроведува за добивање на релевантни статистички податоци, кои низ научно докажана и утврдена методологија и анализа на тие податоци треба да дадат правци за проекција на развојот, нагласи Калеска Ванчева.

Таа истакна дека забелешките на резултатите од пописот само покажуваат дека нашето општество е премногу исполитизирано.

Очигледно е дека сите политички чинители во изминатите 30 години на ваков или онаков начин некако придонеле оваа најсложена и најпотребна статистичка операција, биде анализирана речиси исклучиво низ политички аспект, што е недозволиво и сега наместо да се соочиме со факти како да да го проектираме развојот, иднината на нашата држава, ние одиме со нешто што се вика политизирање, за некои дневно политички цели, рече Калеска Ванчева.

Пописот е завршен, негово отварање сега и вметнување на податоци е кривично дело, а трагично беше што ние 20 години немавме попис, ако имавме попис пред 10 години како што се налага, многу порано ќе ги знаевме вистинските состојби и ќе знаевме во кој правец треба да ги насочуваме реалните политики, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

The post Калеска Ванчева: Пописот е целосно успешен и спроведен во согласност со стандардите на Евростат appeared first on Република.

]]>

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма истакна дека пописот е целосно успешен и спроведен согласно стандардите на Евростат, што е потврдено и од ЕУ.
Факт е изјавата на портпаролката на Европската унија, која многу јасно и прецизно вели дека методотологијата и законот, врз чија основа е спроведен пописот е согласно Евростат и тоа е нешто што го потврдува она што ние уште при ноесење на законот го говоревме, иако за жал од говорницата во Собранието се изнесуваа ставови дека тоа не е така, a сега стигна потврда од ЕУ, нагласи Калеска Ванчева.
Таа додаде дека сега се објавени првичните резултаи од пописот од страна на Државниот завод за статистика, потоа следи анализа на сите резултати и тоа треба да биде предмет на експерската и научната јавност, а не на политичарите.
Мора да разбереме дека ова е огромна важност статистичка операција, која секоја држава на секои 10 години, според меѓународните правила и стандарди ја спроведува за добивање на релевантни статистички податоци, кои низ научно докажана и утврдена методологија и анализа на тие податоци треба да дадат правци за проекција на развојот, нагласи Калеска Ванчева.
Таа истакна дека забелешките на резултатите од пописот само покажуваат дека нашето општество е премногу исполитизирано. Очигледно е дека сите политички чинители во изминатите 30 години на ваков или онаков начин некако придонеле оваа најсложена и најпотребна статистичка операција, биде анализирана речиси исклучиво низ политички аспект, што е недозволиво и сега наместо да се соочиме со факти како да да го проектираме развојот, иднината на нашата држава, ние одиме со нешто што се вика политизирање, за некои дневно политички цели, рече Калеска Ванчева.
Пописот е завршен, негово отварање сега и вметнување на податоци е кривично дело, а трагично беше што ние 20 години немавме попис, ако имавме попис пред 10 години како што се налага, многу порано ќе ги знаевме вистинските состојби и ќе знаевме во кој правец треба да ги насочуваме реалните политики, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

The post Калеска Ванчева: Пописот е целосно успешен и спроведен во согласност со стандардите на Евростат appeared first on Република.

]]>
Во јавниот сектор се вработуваат резидентни граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-javniot-sektor-se-vrabotuvaat-rezidentni-gragjani/ Fri, 01 Apr 2022 21:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=482159

Логично е при вработувањето во јавниот сектор да се зема предвид само резидентното население, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360 степени“, прашан за тоа кои проценти од пописот ќе ги зема популарниот „балансер“ – од резидентното население или од вкупно попишаното.

„Балансерот и Уставот се политички одлуки во државата, бидејќи се носени со политички договор. Ако ја гледаме логиката, во јавниот сектор се вработуваат резидентни граѓани, односно оние кои живеат тука и нормално би било оние коишто се резиденти, тие да влегуваат во калкулациите за вработување во јавниот сектор. Меѓутоа, исто така, кога зборуваме за јавниот сектор, ние како држава, следејќи што се случува со пописот, мора да изградиме систем во кој ќе зборуваме за квалитет, за унапредување на услугите што ги дава јавниот сектор“, додаде премиерот.

The post Во јавниот сектор се вработуваат резидентни граѓани appeared first on Република.

Пренџов: Власта да одговори каде се младите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prendzov-vlasta-da-odgovori-kade-se-mladite/ Fri, 01 Apr 2022 21:12:09 +0000 https://republika.mk/?p=482145

Ако останеме со 132.000 непопишани граѓани, ако не знаеме кој е православен, кој е муслиман, кој е атеист, како ќе влечеме од заедниците права и обврски во Уставот. Пописот ќе го отсликува тоа понатаму во Уставот, смета Љупчо Пренџов од Гром.

Ние имаме капацитет како држава ако треба повторно да направиме попис, и тоа нема да чини многу средства, ќе биде со скромни средства и ќе го направиме како што треба. Инаку, кога ги гледате овие бројки, имаме некомплетиран попис. Не можеме да ги оставиме тие 132.000 луѓе така и да не ние гајле за нив“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Телма телевизија.

Пренџов додаде дека огромна недоверба кон Владата и институциите имаат граѓаните на Република Македонија. А, тука се вклучува и една третина од членовите на СДСМ кои што не излегоа и не ги поддржаа кандидатите на оваа партија.

„Кога овие 132.000 граѓани ќе се распоредат согласно пописот, кога тој ќе заврши, бидејќи според мене не е завршен, тогаш ќе ги добиеме сличните или истите резултати кој што го имавме во 2002 година“, заклучи Пренџов.

Пренџов посочи дека освен ДУИ и СДСМ никој друг не е задоволен од пописот, и тоа е факт.

„Ако ги имаме истите резултати кога ќе заврши пописот, тогаш ќе мораме да погледнеме неколку работи, на пример дека во 2002 година млади луѓе на возраст од 15 – 29 години во оваа држава имало 480.000. А, денес со овој попис имаме 326.000 луѓе. Тоа се темите кои што треба да се разговараат“, рече Пренџов.

Пренџов укажа дека власта треба да одговори кај се младите.

The post Пренџов: Власта да одговори каде се младите appeared first on Република.

Ковачевски: Опозицијата им направи лоша услуга на Македонците со бојкотот на пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-opozicijata-im-napravi-losha-usluga-na-makedoncite-so-bojkotot-na-popisot/ Fri, 01 Apr 2022 21:04:28 +0000 https://republika.mk/?p=482141

Премиерот Димитар Ковачевски, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“, вели дека бројката од околу 132 илјади граѓани кои не беа лично попишани, се должи на повеќе причини, меѓу кои, и бојкотот кој јавно или скриено го заговарале дел од опозициските партии. Се работи за околу 7,2 проценти од резидентното население кое не беше теренски попишано, туку податоците беа преземени од административните бази.

Ако ги погледнете споредбените податоци за пописи во други држави, опфатот на граѓаните во други држави, има и со поголем процент на неопфатени во пописи. Примери има многу и се движат и до 10 проценти на неопфатено население. Кои се причините кај нас за 132.000 коишто од резидентното население не се опфатени, прво е што пописот беше спроведен во услови на ковид-криза, при што дел од граѓаните не можеа да отворат. Второ, на барање на опозицијата, пописот беше поместен од април во септември, кога дел од граѓаните кои живеат во руралните средини излегуваа на работа. И трето, имаше и активен бојкот и скриен бојкот од опозицијата. Левица беше против попишувањето, а ВМРО-ДПМНЕ прво водеше кампања за бојкотирање на пописот, а потоа имаше и скриен бојкот којшто им направи лоша услуга на Македонците, пред сè, во попишувањето. Така што, ние не можеме да зборуваме за критики на пописот од тој аспект, а посебно од оние коишто тој проблем и го креираа во голема мера, со тоа што на своето гласачко тело и на своите симпатизери им кажуваа дека не треба да излегуваат на пописот, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Опозицијата им направи лоша услуга на Македонците со бојкотот на пописот appeared first on Република.

МПЦ се сомнева во точноста на пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mpc-se-somneva-vo-tochnosta-na-popisot/ Fri, 01 Apr 2022 10:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=481821

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (САС на МПЦ-ОА), разгледувајќи ги официјaлните резултати на пописот на населението, изразува сомневање во неговата статистичка прецизност.

Имено, применетата методологија во графата „религиска припадност“ очигледно не разликува припадност на религија (христијанство, ислам, јудаизам итн.), на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам итн.) и на Црква или верски заедници/групи (Македонска православна црква, Исламска верска заедница, Еврејска заедница итн.). Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Во оваа насока, пак, останува неодговорено прашањето зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество, а очигледно е дека и таму постои варијантност?! Следствено, САС смета дека постои проблем не само во методологијата, туку можеби и некои од попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување, а очигледно е дека опциите постоеле?!

Исто така, повод за сомневање во точноста на пописот е и непопишувањето на православните Македонци по светот, што веројатно беше резултат на отсуството на комуникација со нив на надлежните институции од Татковината, за разлика од посетите на некои министри меѓу иселените припадници од малцинствата.
Во оваа прилика сакаме да потсетиме дека САС на МПЦ-ОА со соопштение од 13. 09. 02021, а по претходна реакција од верници, упати апел во јавноста „православните христијани да се попишуваат како православни, а не само како христијани“.

Земајќи го предвид погоре кажаното, САС на МПЦ-ОА ги вреднува како нерелевантни податоците од пописот на населението, особено во делот за религиозната припадност, со заклучок за постоење на сериозна статистичка грешка, која во случајот опфаќа 13, 4 отсто од населението.

The post МПЦ се сомнева во точноста на пописот appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (САС на МПЦ-ОА), разгледувајќи ги официјaлните резултати на пописот на населението, изразува сомневање во неговата статистичка прецизност. Имено, применетата методологија во графата „религиска припадност“ очигледно не разликува припадност на религија (христијанство, ислам, јудаизам итн.), на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам итн.) и на Црква или верски заедници/групи (Македонска православна црква, Исламска верска заедница, Еврејска заедница итн.). Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Во оваа насока, пак, останува неодговорено прашањето зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество, а очигледно е дека и таму постои варијантност?! Следствено, САС смета дека постои проблем не само во методологијата, туку можеби и некои од попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување, а очигледно е дека опциите постоеле?! Исто така, повод за сомневање во точноста на пописот е и непопишувањето на православните Македонци по светот, што веројатно беше резултат на отсуството на комуникација со нив на надлежните институции од Татковината, за разлика од посетите на некои министри меѓу иселените припадници од малцинствата. Во оваа прилика сакаме да потсетиме дека САС на МПЦ-ОА со соопштение од 13. 09. 02021, а по претходна реакција од верници, упати апел во јавноста „православните христијани да се попишуваат како православни, а не само како христијани“. Земајќи го предвид погоре кажаното, САС на МПЦ-ОА ги вреднува како нерелевантни податоците од пописот на населението, особено во делот за религиозната припадност, со заклучок за постоење на сериозна статистичка грешка, која во случајот опфаќа 13, 4 отсто од населението.

The post МПЦ се сомнева во точноста на пописот appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, ќе организираме вистинско пребројување на српскиот народ! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovikj-ne-gi-prifakjame-laznite-rezultati-od-popisot-kje-organizirame-vistinsko-prebrojuvanje-na-srpskiot-narod/ Fri, 01 Apr 2022 09:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=481843

Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, немаме доверба во официјалните органи на актуелната власт и немаме намера да дадеме легитимитет на перфидното поништување на нашиот народ. Се надеваме дека со официјална поддршка на нашата татковина, во втората половина од годинава ќе спроведеме попис, електронски и теренски, на кој ќе може да се изјаснат сите оние кои се сметаат за припадници на српскиот народ, најавуваат од Демократската партија на Србите во Македонија и Српската заедница во Македонија.

„Попишувањето ќе биде доброволно, а попишаните лица ќе добијат службено уверение кое ќе можат да го користат при остварување на правото на образование, стекнување имот, добивање државјанство, како и за други привилегии во нашата татковина, Република Србија. Исто така, лицата чии презимиња се на „иќ“, а ја немаат оваа потврда, нема да бидат третирани како валидни претставници на српскиот народ во македонската администрација, туку како кукавички јајца спуштени во нашето гнездо.

Ова важи и за политичките и за невладините организации со префиксот „српски“, а всушност основани за потребите на одредена политичка партија како привремено покритие за немањето на српски партнер во нивната коалиција, кои со своето неработење, односно со поддршката на криминалните пописните активности од позиција на власт ги десеткуваа Србите и се директни виновници за оваа ситуација. За се ќе бидете навремено информирани“, напиша пратеникот Иван Столковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија на својот фејсбук-профил.

The post Стоилковиќ: Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, ќе организираме вистинско пребројување на српскиот народ! appeared first on Република.

]]>

Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, немаме доверба во официјалните органи на актуелната власт и немаме намера да дадеме легитимитет на перфидното поништување на нашиот народ. Се надеваме дека со официјална поддршка на нашата татковина, во втората половина од годинава ќе спроведеме попис, електронски и теренски, на кој ќе може да се изјаснат сите оние кои се сметаат за припадници на српскиот народ, најавуваат од Демократската партија на Србите во Македонија и Српската заедница во Македонија. „Попишувањето ќе биде доброволно, а попишаните лица ќе добијат службено уверение кое ќе можат да го користат при остварување на правото на образование, стекнување имот, добивање државјанство, како и за други привилегии во нашата татковина, Република Србија. Исто така, лицата чии презимиња се на „иќ“, а ја немаат оваа потврда, нема да бидат третирани како валидни претставници на српскиот народ во македонската администрација, туку како кукавички јајца спуштени во нашето гнездо. Ова важи и за политичките и за невладините организации со префиксот „српски“, а всушност основани за потребите на одредена политичка партија како привремено покритие за немањето на српски партнер во нивната коалиција, кои со своето неработење, односно со поддршката на криминалните пописните активности од позиција на власт ги десеткуваа Србите и се директни виновници за оваа ситуација. За се ќе бидете навремено информирани“, напиша пратеникот Иван Столковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија на својот фејсбук-профил.

The post Стоилковиќ: Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, ќе организираме вистинско пребројување на српскиот народ! appeared first on Република.

]]>
Хоџа: Пописот докажа дека со ДУИ во Владата, бегството на Албанците е масовно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hodza-popisot-dokaza-deka-so-dui-vo-vladata-begstvoto-na-albancite-e-masovno/ Thu, 31 Mar 2022 17:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=481565

Објавувањето на резултатите од пописот во Македонија отвора многу дебатa коja бара длабинска анализа, но и одговорност од политичките сили кои сакајќи да ја задржат ексклузивноста и нетранспарентноста, денес го преземаат целиот историски товар на еден процес кој за жал отвори многу дилеми и нејаснотии, вели Аријанит Хоџа од движењето Беса.

Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот политички став дека процесот на попис на населението е и треба да остане само статистички, а колективните законско-уставни права на етничките заедници, во овој случај на Албанците треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на државата, а не по бројот на резидентни жители во државата. Преку нашата анализа на последниот попис на населението во земјата произлегуваат некои пораки кои сакаме да ги споделиме како загриженост со јавноста, потенцира Хоџа и додава:

„Прво: Формата, начинот и водењето на процесот помина во целосна тајност, додека процесот на одложување односно прекин на процесот и пречките со кои се соочуваа граѓаните за пријавување, особено оние во дијаспората, го губи кредибилитетот на пописот како процес. Одтука, се сомневаме дека овој процес се претвори во политичко пазарење помеѓу СДСМ и ДУИ, како и многу други прашања во минатото, кои за жал докажаа дека при секое политичко пазарење на ДУИ последиците се долгорочни за Албанците во државата. Второ: Ако тргнеме од статистичките податоци кои произлегуваат од овој попис, на површина излегува една голема вистина која континуирано ја покренуваме како грижа, а тоа е дека во сите овие години на владеење на ДУИ, Албанците масовно си заминаа од родното место.“

Според Хоџа погрешните политики, корупцијата, непотизмот, партизацијата на сите институции принудија многу семејства, но пред се многу млади луѓе да ја напуштат државата.

Факт е дека колку подолго ДУИ ги води државните институции преку неспособни луѓе, партиски приврзаници и оние чии главни заслуги се послушноста кон партијата, толку повеќе Албанци ќе ги напуштат своите родни места. Овој процес на масовен егзодус на Албанците мора итно да се запре, тоа се прави со создавање подобри услови за живот, економска благосостојба, отворање нови работни места, но сето тоа може да се случи само со отстранување од власт на ДУИ, поконкретно на нејзините преставници во Владата. Го потврдуваме нашиот став дека државата треба што поскоро да оди на предвремени избори, а ДУИ да оди во опозиција, и да се реформира, бидејќи секој ден се докажува дека тие се штетни за иднината на Албанците, а тоа го потврдија и од пописот на населението, за што и самите биле учесници во организацијата на истиот, заклучува Хоџа.

The post Хоџа: Пописот докажа дека со ДУИ во Владата, бегството на Албанците е масовно appeared first on Република.

]]>

Објавувањето на резултатите од пописот во Македонија отвора многу дебатa коja бара длабинска анализа, но и одговорност од политичките сили кои сакајќи да ја задржат ексклузивноста и нетранспарентноста, денес го преземаат целиот историски товар на еден процес кој за жал отвори многу дилеми и нејаснотии, вели Аријанит Хоџа од движењето Беса.
Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот политички став дека процесот на попис на населението е и треба да остане само статистички, а колективните законско-уставни права на етничките заедници, во овој случај на Албанците треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на државата, а не по бројот на резидентни жители во државата. Преку нашата анализа на последниот попис на населението во земјата произлегуваат некои пораки кои сакаме да ги споделиме како загриженост со јавноста, потенцира Хоџа и додава: „Прво: Формата, начинот и водењето на процесот помина во целосна тајност, додека процесот на одложување односно прекин на процесот и пречките со кои се соочуваа граѓаните за пријавување, особено оние во дијаспората, го губи кредибилитетот на пописот како процес. Одтука, се сомневаме дека овој процес се претвори во политичко пазарење помеѓу СДСМ и ДУИ, како и многу други прашања во минатото, кои за жал докажаа дека при секое политичко пазарење на ДУИ последиците се долгорочни за Албанците во државата. Второ: Ако тргнеме од статистичките податоци кои произлегуваат од овој попис, на површина излегува една голема вистина која континуирано ја покренуваме како грижа, а тоа е дека во сите овие години на владеење на ДУИ, Албанците масовно си заминаа од родното место.“
Според Хоџа погрешните политики, корупцијата, непотизмот, партизацијата на сите институции принудија многу семејства, но пред се многу млади луѓе да ја напуштат државата.
Факт е дека колку подолго ДУИ ги води државните институции преку неспособни луѓе, партиски приврзаници и оние чии главни заслуги се послушноста кон партијата, толку повеќе Албанци ќе ги напуштат своите родни места. Овој процес на масовен егзодус на Албанците мора итно да се запре, тоа се прави со создавање подобри услови за живот, економска благосостојба, отворање нови работни места, но сето тоа може да се случи само со отстранување од власт на ДУИ, поконкретно на нејзините преставници во Владата. Го потврдуваме нашиот став дека државата треба што поскоро да оди на предвремени избори, а ДУИ да оди во опозиција, и да се реформира, бидејќи секој ден се докажува дека тие се штетни за иднината на Албанците, а тоа го потврдија и од пописот на населението, за што и самите биле учесници во организацијата на истиот, заклучува Хоџа.

The post Хоџа: Пописот докажа дека со ДУИ во Владата, бегството на Албанците е масовно appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Направивме попис со сите нишани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-napravivme-popis-so-site-nishani/ Thu, 31 Mar 2022 16:37:59 +0000 https://republika.mk/?p=481542

Самиот факт што имаме попис после цели 20 години е успех сам по себе. Направивме попис со сите нишани, кој не отстапува од традицијата на направени пописи што ја имавме и ние и регионот и континентална Европа, во изминатите неколку децении. Не станува збор за попис најдобар во историјата на Европа, туку станува збор за попис кој ги запазува највисоките стандарди за попишување што ги има ЕУ, изјави денеска во Прилеп претседателот на државата Стево Пендаровски.

Оваа оценка, Пендаровски ја базира не само од она што го слушнал на вчерашната презентација на резултатите, туку и од коментарите дадени од експертот ангажиран од страна на ЕУ.

По барање на новинарите за коментар околу „оние седум проценти, кои предизвикаа најмногу контроверзи”, Пендаровски посочи дека секогаш има контроверзи, особено кај нас на балканскиот регион, каде сме измешани и во религиозна и од политичка смисла. Тој наведе дека она што го знае од разговорите со неколку експерти, не постои попис воопшто во Европа и пошироко, кој нема одредена бројка на лица кои не се опфатени со пописот.

Кај нас значаен дел, тие седум и колку проценти кои не се опфатени, за жал се резултат на бојкотот на политички субјекти. Очигледно е дека тоа имаше ефект во одредени делови од државата. Се разбира дека не треба да се исклучи како дополнителен фактор за тој процент и пандемијата, изјави шефот на државата Пендаровски, по обраќањето на конференција на тема „Дигитализација”, во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.

Пендаровски се осврна и на тоа дека постоеја и попишувачи кои беа со специфична опрема, со сите протоколи, а дел од нив работеа и подоцна во тој временски период и надвор и не влегуваа во куќите и становите на граѓаните.

Но, претпоставувам дека и првиот момент повикот на бојкот кој беше експлицитен од страна на некои парламентарни партии и целата ситуација околу Ковидот, придонесе дел од граѓаните да не ги отворат вратите од своите домови, изјави шефот на државата.

На новинарско прашање за предлозите за амбасадори објавени во некои медиуми, претседателот Пендаровски одговори дека станува збор за предлози од Владата, а тие предлози споменати од медиумите во текот на вчерашниот ден, како што рече, се уште не се пристигнати до него за да може да ги коментира.

The post Пендаровски: Направивме попис со сите нишани appeared first on Република.

]]>

Самиот факт што имаме попис после цели 20 години е успех сам по себе. Направивме попис со сите нишани, кој не отстапува од традицијата на направени пописи што ја имавме и ние и регионот и континентална Европа, во изминатите неколку децении. Не станува збор за попис најдобар во историјата на Европа, туку станува збор за попис кој ги запазува највисоките стандарди за попишување што ги има ЕУ, изјави денеска во Прилеп претседателот на државата Стево Пендаровски. Оваа оценка, Пендаровски ја базира не само од она што го слушнал на вчерашната презентација на резултатите, туку и од коментарите дадени од експертот ангажиран од страна на ЕУ. По барање на новинарите за коментар околу „оние седум проценти, кои предизвикаа најмногу контроверзи”, Пендаровски посочи дека секогаш има контроверзи, особено кај нас на балканскиот регион, каде сме измешани и во религиозна и од политичка смисла. Тој наведе дека она што го знае од разговорите со неколку експерти, не постои попис воопшто во Европа и пошироко, кој нема одредена бројка на лица кои не се опфатени со пописот.
Кај нас значаен дел, тие седум и колку проценти кои не се опфатени, за жал се резултат на бојкотот на политички субјекти. Очигледно е дека тоа имаше ефект во одредени делови од државата. Се разбира дека не треба да се исклучи како дополнителен фактор за тој процент и пандемијата, изјави шефот на државата Пендаровски, по обраќањето на конференција на тема „Дигитализација”, во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.
Пендаровски се осврна и на тоа дека постоеја и попишувачи кои беа со специфична опрема, со сите протоколи, а дел од нив работеа и подоцна во тој временски период и надвор и не влегуваа во куќите и становите на граѓаните.
Но, претпоставувам дека и првиот момент повикот на бојкот кој беше експлицитен од страна на некои парламентарни партии и целата ситуација околу Ковидот, придонесе дел од граѓаните да не ги отворат вратите од своите домови, изјави шефот на државата.
На новинарско прашање за предлозите за амбасадори објавени во некои медиуми, претседателот Пендаровски одговори дека станува збор за предлози од Владата, а тие предлози споменати од медиумите во текот на вчерашниот ден, како што рече, се уште не се пристигнати до него за да може да ги коментира.

The post Пендаровски: Направивме попис со сите нишани appeared first on Република.

]]>
Пренџов: Пописот сè уште не е завршен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prendzov-popisot-se-ushte-ne-e-zavrshen/ Thu, 31 Mar 2022 16:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=481539

Пописот се уште не е завршен, не е комплетиран и не може повеќе од 130 илјади граѓани да останат непопишани во едно мултикултурно општество, изјави денеска пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Кога таа операција ќе се заврши, тогаш, како што рече, може да се даваат сеопфатни оценки на првите, генерални бројки.

Повеќе од 130 илјади луѓе да не ги попишете која националност се, а притоа да знаете за нив дали имаат високо, средно или основно образование, кој е доктор, адвокат, општ работник, а само да не знаете на која етничка заедница припаѓа, кој му е мајчин јазик и кој јазик го зборуваат дома во семејството, тоа е јаболко на раздорот, кое свесно се пушта од страна на Владата, рече Пренџов.

Порача веднаш да организираат работни групи, луѓе кои ќе ги посетат овие 130 илјади граѓани и да им објаснат дека за нив се знае се, а не се знае само етничката припадност и вероисповеста. Тогаш, како што рече, ќе имаме релевантни бројки на Пописот.

Пренџов апелираше Пописот да не се злоупотребува, да не се прави дека е меѓуетнички. Според него, Пописот се однесува на резидентно населението, а не на дијаспората.

The post Пренџов: Пописот сè уште не е завршен appeared first on Република.

]]>

Пописот се уште не е завршен, не е комплетиран и не може повеќе од 130 илјади граѓани да останат непопишани во едно мултикултурно општество, изјави денеска пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ. Кога таа операција ќе се заврши, тогаш, како што рече, може да се даваат сеопфатни оценки на првите, генерални бројки.
Повеќе од 130 илјади луѓе да не ги попишете која националност се, а притоа да знаете за нив дали имаат високо, средно или основно образование, кој е доктор, адвокат, општ работник, а само да не знаете на која етничка заедница припаѓа, кој му е мајчин јазик и кој јазик го зборуваат дома во семејството, тоа е јаболко на раздорот, кое свесно се пушта од страна на Владата, рече Пренџов.
Порача веднаш да организираат работни групи, луѓе кои ќе ги посетат овие 130 илјади граѓани и да им објаснат дека за нив се знае се, а не се знае само етничката припадност и вероисповеста. Тогаш, како што рече, ќе имаме релевантни бројки на Пописот. Пренџов апелираше Пописот да не се злоупотребува, да не се прави дека е меѓуетнички. Според него, Пописот се однесува на резидентно населението, а не на дијаспората.

The post Пренџов: Пописот сè уште не е завршен appeared first on Република.

]]>
Пописот не покажа каде исчезнаа 600.000 иселени од фабриката за лаги на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/popisot-ne-pokaza-kade-ischeznaa-600-000-iseleni-od-fabrikata-za-lagi-na-sdsm/ Thu, 31 Mar 2022 10:11:42 +0000 https://republika.mk/?p=481275

Она што можеше да се очекува и се оствари. Во Македонија живеат нешто над 1.8 милиони жители, иако голем број на граѓани останаа непопишани бидејќи попишувачите едноставно не дојдоа кај нив дома или пак тие бојкотираа, се плашеа од короната...

Oна што паѓа во очи кога ќе се види бројката од 1.832,696 попишани граѓани е главниот адут на СДСМ кога беше во опозиција е дека за време на режимот 600.000 граѓани се иселиле од државата. Иселувањето беше главна тема на изборите во 2017 година, а во знак на протест пред владата се оставаа и чевли кои ги симболизираа иселените.

Но, по се изгледа пописот ги обу чевлите од перформансот на СДСМ пред Владата во 2016 година и тие се десеткуваа. За какви 600.000 заминати зборуваше СДСМ изминативе години, кога пописот што го организраа, покажува дека во последниве 20 години бројот на жители во Македонија се намалил за околу 180.000?! Секако, тука е и намалениот наталитет. И да не заборавиме, во овие 20 години, 8 години на власт е СДСМ.

Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време на отворен свет и кога нема бариери за миграции, младите лесно си одат без да се двоумат.

За разлика од бројките фрлени од ракав со кои СДСМ со години се обидува да направи драма, официјалните податоци на Евростат велат дека од Западен Балкан во земјите на ЕУ само минатата година се отселиле 228.000 жители. Од нив 24.300 се од Македонија. Најмногу луѓе се отселиле во Германија (11.500), а потоа следуваат Италија и Словенија. Процентуално изразено, бројот на заминувања од Македонија сочинува 2,1 отсто од вкупниот број жители.

Една анализа на Мрежата за спречување на одливот на мозоци, Национална стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020 е имплементирана само 11 проценти, односно не се спроведува.

Во изминатите седум-осум години оваа стратегија била само парче хартија која е зафрлена во фиоките, институциите не знаат дека постои, нема меѓуинституционална комуникација и заедничко дејствување. Проблемот е реален, постои и треба суштински да му се пристапи, велат од Мрежата.

Она што навистина треба да ги загрижува СДСМ е намалувањето на работоспособното население во последните години. Најновите податоци од Државниот завод за статистика, кои се заклучно со последниот квартал на 2021 година, покажуваат на исклучително негативни движења на пазарот на труд од почетокот на ковид кризата.

За прв пат во историјата има намалување на бројот на лица на возраст од 15 до 79 години, што покажува дека исчезнуваме како нација.

Речиси 10.000 починати лица од пандемијата, иселувањето на младите и падот на наталитетот се рефлектираа во намалување на вкупното работоспособно население за 3.373 лица од првиот квартал на 2020 година до последниот квартал на 2021 година.

Наталитет е голем проблем во цела Европа, со исклучок на 2-3 земји како Ирска и Турција, но затоа европските земји работат на стимулација. Во Македонија власта не покажа интерес за подмладокот.

The post Пописот не покажа каде исчезнаа 600.000 иселени од фабриката за лаги на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Она што можеше да се очекува и се оствари. Во Македонија живеат нешто над 1.8 милиони жители, иако голем број на граѓани останаа непопишани бидејќи попишувачите едноставно не дојдоа кај нив дома или пак тие бојкотираа, се плашеа од короната... Oна што паѓа во очи кога ќе се види бројката од 1.832,696 попишани граѓани е главниот адут на СДСМ кога беше во опозиција е дека за време на режимот 600.000 граѓани се иселиле од државата. Иселувањето беше главна тема на изборите во 2017 година, а во знак на протест пред владата се оставаа и чевли кои ги симболизираа иселените. Но, по се изгледа пописот ги обу чевлите од перформансот на СДСМ пред Владата во 2016 година и тие се десеткуваа. За какви 600.000 заминати зборуваше СДСМ изминативе години, кога пописот што го организраа, покажува дека во последниве 20 години бројот на жители во Македонија се намалил за околу 180.000?! Секако, тука е и намалениот наталитет. И да не заборавиме, во овие 20 години, 8 години на власт е СДСМ. Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време на отворен свет и кога нема бариери за миграции, младите лесно си одат без да се двоумат. За разлика од бројките фрлени од ракав со кои СДСМ со години се обидува да направи драма, официјалните податоци на Евростат велат дека од Западен Балкан во земјите на ЕУ само минатата година се отселиле 228.000 жители. Од нив 24.300 се од Македонија. Најмногу луѓе се отселиле во Германија (11.500), а потоа следуваат Италија и Словенија. Процентуално изразено, бројот на заминувања од Македонија сочинува 2,1 отсто од вкупниот број жители. Една анализа на Мрежата за спречување на одливот на мозоци, Национална стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020 е имплементирана само 11 проценти, односно не се спроведува.
Во изминатите седум-осум години оваа стратегија била само парче хартија која е зафрлена во фиоките, институциите не знаат дека постои, нема меѓуинституционална комуникација и заедничко дејствување. Проблемот е реален, постои и треба суштински да му се пристапи, велат од Мрежата.
Она што навистина треба да ги загрижува СДСМ е намалувањето на работоспособното население во последните години. Најновите податоци од Државниот завод за статистика, кои се заклучно со последниот квартал на 2021 година, покажуваат на исклучително негативни движења на пазарот на труд од почетокот на ковид кризата. За прв пат во историјата има намалување на бројот на лица на возраст од 15 до 79 години, што покажува дека исчезнуваме како нација. Речиси 10.000 починати лица од пандемијата, иселувањето на младите и падот на наталитетот се рефлектираа во намалување на вкупното работоспособно население за 3.373 лица од првиот квартал на 2020 година до последниот квартал на 2021 година. Наталитет е голем проблем во цела Европа, со исклучок на 2-3 земји како Ирска и Турција, но затоа европските земји работат на стимулација. Во Македонија власта не покажа интерес за подмладокот.    

The post Пописот не покажа каде исчезнаа 600.000 иселени од фабриката за лаги на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Попис 2021: Колку сме, толку сме, токму не сме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/popis-2021-kolku-sme-tolku-sme-tokmu-ne-sme/ Thu, 31 Mar 2022 07:11:21 +0000 https://republika.mk/?p=481192

Во земјава живеат 1.836.713 лица, од кои 58,44 отсто Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци, покажуваат податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, што беше спроведен од 5 до 30 септември 2021 година.

Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера ги објави податоците од спроведениот Попис 2021. Од вкупното резидентно население во земјава, 50,4 отсто се жени, а 49,6 отсто се мажи.

Според возрасната структура, најголем процент од населението се во возрасната група од 40-44 години. Во земјава се попишани 51 лицe на возраст над 100 години.

Македонскиот им е мајчин јазик на 61,38 % од попишаните, албанскиот на 24,34 %, турскиот на 3,41 %, ромскиот на 1,73 %, влашкиот на 0,17 %, српскиот на 0,61 % српски, а босанскиот на 0,85 %.

Помалку 186 илјади жители

Пописот спроведен во 2021 година покажа дека во однос на 2002 година вкупното население во државата е намалено за 185.834 лица или за 9,2 отсто.Бројот на вкупното попишано население изнесува 2.097.319 лица. Резидентно население е 1 836 713, а нерезидентно 260.606.

Од вкупниот број попишани резидентни жители, 58,44 отсто се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци.

Како Бугари се изјасниле 3.504 лица, што е 0,19 отсто од вкупното резидентно население.

Од неризедентното население, пак, опфатено со пописот, 24,45 отсто се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци.

Од вкупно попишаното население, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи.

Православни 46,14 проценти, муслимани 32,17, попишани и 13.21 отсто „христијани“

Според религиската припадност, 46,14 % од резидентоното население во земјава или 847.390 лица се изјасниле како православни, 590.878 (32,17%) како муслимани, 6.746 (0.37%) како католици, а 242.579 (13,21%) се издвоени во посебна група како „христијани“, покажуваат пописните резултати што ги објави Државниот завод за статистика.

Како протестанти се декларирале 1.313 лица, а како посебни религиски групи се посочени и евангелско-протестанстки христијани 8.764, евангелисти-методисти 889, евангелсисти 678, адвентисти 371, баптисти 70, реформисти 50, јеховини сведоци 1.137.

Има и 74 припадници на еврејско (мојсиева) заедница, 96 харе кришна и 894 будисти.

Како атеисти се изјасниле 355, а агностици 1 964 лица.

Непопишани над 132 илјади граѓани

Во резидентно население се вклучени и 132.269 граѓани кои не биле попишани, што претставува 7,3 отсто од вкупниот број евидентирани 1.836.713 лица. Податоците за нив, како што објасни директорото на ДЗС Апостол Симовски, се преземени од административни извори и во нив нема податоци за етнички или верски карактеристики.

Бројката од 132.269 лица, според него, не е голема, со оглед на околностите во кои е спроведен пописот, а тоа е ковид-пандемијата, отсуството на граѓаните поради одмори, но и поради отворениот и скриениот бојкот.

Тој вели дека не можат сите овие лица да бидат казнети за неучество во пописот, со оглед на тоа што, како што рече, не се знае дали го бојкотирале, дали се плашеле од пандемијата, дали не биле во државата или пак не се попишани од некоја друга причина.

Според него, оние што повикуваа на бојкот, но не исклучиво само заради тоа, постигнаа да имаме еден  контигнент на население за кое немаме информации.

– Тие кои се одзвале на повикот за бојкот беа изманипулирани граѓани. Секој оној кој повикуваше на бојкот, во суштина правеше само лошо. Тие што повикуваа на бојкот, не и мислат ништо добро на државата и тоа се покажа сега во суштина, подвлече Симовски.

Повеќе домаќинства и станови, просечното семејство е тричлено

Бројот на домаќинства изнесува 598.632, а на станови 839.174.  Бројот на домаќинствата е зголемен за 34.336 или за 6,1 отсто. Од презентираните резултати, просечно домаќинство брои 3,06 члена.
Зголемен е и бројот на станови за 141.031 или за 20,2 отсто.

Бројот на странци времено присутни во земјава помалку од 12 месеци е 1 674.

Густината на населеност на еден километар квадратен е 72,2 лица, а просечната возраст на населението е 40,08 години. На 1.000 жени има 984,3 мажи.

Речиси третина од населението живее во Скопје

Вкупниот број на жители во Град Скопје изнесува 526.502 лица и во споредба со пописот од 2002 година е зголемен за 3,9 проценти, покажува Пописот спроведен во 2021 година.

-Бројот на домаќинства во град Скопје изнесува 171.171 и во споредба со 2002 се забележува зголемување за 16,8 проценти, соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите.

Зголемен е и бројот на станови во Скопје. Изнесува 213.850 станови што е пораст во однос на 2002 година за 30,6 проценти.

Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово. Преброени се и 207 празни населени места.

Реакции за Пописот  

Европската Комисија го поздрави пописот во Македонија нарекувајќи го големо достигнување. По објавувањето на резултатите од пописот, портпаролката на Европската Комисија Ана Писонеро за МИА изјави дека Комисијата го поздравува пописот, спроведен првпат од 2002 година.

– Ова е големо достигнување: обновени податоци за населението се суштински за планирање и имплементирање на соодветни социјални, демографски и економски политики за бенефит на сите граѓани, рече Писонеро за МИА.

Според Владата, Пописот на населението, домаќинствата и становите, што беше спроведен во периодот од 5 септември до 30 септември минатата годинa по речиси 20 години е успешно реализиран и дава релевантни информации за реалната состојба на населението, со што на државата и се овозможува да креира политики од интерес на граѓаните и бизнисот. Податоците од пописот беа оценети како сигурни, веродостојни, валидни и корисни за планирање политики.

Владејачката СДСМ смета дека пописот, кој се одржа по 20 години, е голем успех за граѓаните и за државата воопшто. Според нив, пописот е спроведен согласно закон и сите правила на Евростат. Клучно е што по 20 години државата ќе добие релевантни податоци што се однесуваат на бројот на резиденти, бројот на нерезиденти, но најмногу и најважно е на бројот на резиденти и бројот на домаќинста, станови и сите тие податоци се исклучително важни заради општетствениот и економскиот развој на државата во следниот период.

Според претседателот на ДУИ Али Ахмети, земјава по 20 години има појасен увид во врска со целокупното население и процентот на заедници во државата.

-Албанците се 29,5% во општата популација и 24,3% во резидентно население, додека во градот Скопје 22,8% (од 20,04% во 2002 година). Им честитам на сите институции кои беа вклучени и помогнаа Пописот, како процес кој започна во март минатата година со дијаспората, кој во септември заврши со регистрација на населението во државата, напиша Ахмети на Фејсбук.

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, овој попис е некомплетен и најави дека веднаш по промената на власта, ќе се направи нова статистичка и реална операција.

– Уште од почеток имавме многу забелешки за оваа статистичка операција, но оној заклучок кој што можеме да го кажеме покрај фактот дека таа е некомплетна е дека огромно мнозинство, повеќе од 90 проценти од тие кои што се неизјаснети се дел од македонскиот народ според општините каде што тие се наоѓаат,  рече Мицкоски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека пописот е некомплетен и поради изнесениот податок дека 7,2 отсто од граѓаните не биле попишани, а податоците биле преземени од бази, без притоа да се дефинира нивната етничка припадност. Пописните бројки се показател за неуспех бидејќи, како што соопштија, има силен бран на иселувања, операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика. Сметаат дека во објавените бројките секој има право да се сомнева. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека и покрај многуте забелешки, повикале на масовно попишување за време пописот, и додаваат дека бојкотот нанел одредена штета на податоците, особено за Македонците.

По објавувањето на резултатите од пописот, Алијанса за Албанците соопшти дека е во процес на разгледување на објавените резултати и наскоро ќе излезе со детална анализа. Изразија резерви во веродостојноста на овој процес во два сегмента.

– Над 132.000 граѓани се импутирани и непопишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260.000 грѓани кои што живеат надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации, смета АА.

Според нив, не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8,5 отсто од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност. Неверодостоен е и бројот од околу 12 отсто на граѓани во дијаспората. Ова поради тоа што многу меѓунардни инстанци, како што е Светската банка и Еуростат непрекинато се имаат изјаснето дека најмалку околу 30 отсто од граѓаните на Македонија ја имаат напуштено земјата во последните децении.

За Демократски сојуз, резултатите од Пописот не се одраз на реалноста, тој е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста. Според нив, многу фактори влијаеле да не успее пописот: деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола и сл. Предлагаат да се направат дополнителни вкрстувања и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис.

Левица ги оспорува резултатите од пописот и начинот на кој беа соопштени податоците во присуство на дипломатскиот кор, оценувајќи го тоа како „обид да се бара легитимитет кај странскиот фактор“. Нагласија дека нема да го признаат овој, како што велат, фингиран попис, посочувајќи дека целиот случај ќе биде детално истражен и „ќе следуваат кривични пријави“, што, ќе биде и  услов на партијата за влез во идна влада.

Сметаат дека еден од најголемите проблеми е попишувањето на дијаспората, за што, според партијата, со еднострано лобирање на министрите на ДУИ, како и користењето на државјанство како главен критериум за попишување, дошло до помешување на резидентното население и иселениците. Од резултатите, според нив,  призлегува дека непопишани се 300.000 државјани.

Државниот завод за статистика, пак, соопшти дека пописот е спроведен успешно и професионално, а нивниот тим покажа дека може, знаее и умее, дека е една од најпрофесионалните институции во земјава.

Објавувањето на податоците од пописот што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година, ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет што се објави вчера, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува  во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а идните месеци ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост…

Трет попис по осамостојувањето на државата

Пописот 2021 се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на КОВИД-пандемија, согласно нова методологија на ЕВРОСТАТ и првпат со комбиниран модел – освен прибирање податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од т.н. претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.

Последниот попис во земјава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица, имало 564.296 домаќинства и 698.143 станови. Според националната припадност Македонци се изјасниле 1,297,981 (64,17%), Албанци 509,083 (25,17%), Турци 77,959 (3,85%), Роми 53,879 (2,66%), Срби 35,939 (1,77%), Бошњаци 17,018 (0,84%), Власи 9,695 (0,47%) и 20,993 (1,03%) останати.

На територијата на земјава, според податоците на Заводот за статистика, првите попишувања се јавуваат во 15 век, кога турските власти ги попишувале само даночните глави и машкото население, а првиот современ попис е спроведен во 1921 година. По Втората светска војна се спроведени осум пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година.

Пописот во 1991 година беше со нецелосен опфат. Затоа во 1994 година повторно е спроведен попис, што е прва пописна операција во Република Македонија по нејзиното осамостојување.мд/са/

The post Попис 2021: Колку сме, толку сме, токму не сме appeared first on Република.

]]>

Во земјава живеат 1.836.713 лица, од кои 58,44 отсто Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци, покажуваат податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, што беше спроведен од 5 до 30 септември 2021 година.
Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера ги објави податоците од спроведениот Попис 2021. Од вкупното резидентно население во земјава, 50,4 отсто се жени, а 49,6 отсто се мажи. Според возрасната структура, најголем процент од населението се во возрасната група од 40-44 години. Во земјава се попишани 51 лицe на возраст над 100 години. Македонскиот им е мајчин јазик на 61,38 % од попишаните, албанскиот на 24,34 %, турскиот на 3,41 %, ромскиот на 1,73 %, влашкиот на 0,17 %, српскиот на 0,61 % српски, а босанскиот на 0,85 %.
Помалку 186 илјади жители Пописот спроведен во 2021 година покажа дека во однос на 2002 година вкупното население во државата е намалено за 185.834 лица или за 9,2 отсто.Бројот на вкупното попишано население изнесува 2.097.319 лица. Резидентно население е 1 836 713, а нерезидентно 260.606. Од вкупниот број попишани резидентни жители, 58,44 отсто се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци. Како Бугари се изјасниле 3.504 лица, што е 0,19 отсто од вкупното резидентно население. Од неризедентното население, пак, опфатено со пописот, 24,45 отсто се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци. Од вкупно попишаното население, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи. Православни 46,14 проценти, муслимани 32,17, попишани и 13.21 отсто „христијани“ Според религиската припадност, 46,14 % од резидентоното население во земјава или 847.390 лица се изјасниле како православни, 590.878 (32,17%) како муслимани, 6.746 (0.37%) како католици, а 242.579 (13,21%) се издвоени во посебна група како „христијани“, покажуваат пописните резултати што ги објави Државниот завод за статистика. Како протестанти се декларирале 1.313 лица, а како посебни религиски групи се посочени и евангелско-протестанстки христијани 8.764, евангелисти-методисти 889, евангелсисти 678, адвентисти 371, баптисти 70, реформисти 50, јеховини сведоци 1.137. Има и 74 припадници на еврејско (мојсиева) заедница, 96 харе кришна и 894 будисти. Како атеисти се изјасниле 355, а агностици 1 964 лица.
Непопишани над 132 илјади граѓани Во резидентно население се вклучени и 132.269 граѓани кои не биле попишани, што претставува 7,3 отсто од вкупниот број евидентирани 1.836.713 лица. Податоците за нив, како што објасни директорото на ДЗС Апостол Симовски, се преземени од административни извори и во нив нема податоци за етнички или верски карактеристики. Бројката од 132.269 лица, според него, не е голема, со оглед на околностите во кои е спроведен пописот, а тоа е ковид-пандемијата, отсуството на граѓаните поради одмори, но и поради отворениот и скриениот бојкот. Тој вели дека не можат сите овие лица да бидат казнети за неучество во пописот, со оглед на тоа што, како што рече, не се знае дали го бојкотирале, дали се плашеле од пандемијата, дали не биле во државата или пак не се попишани од некоја друга причина. Според него, оние што повикуваа на бојкот, но не исклучиво само заради тоа, постигнаа да имаме еден  контигнент на население за кое немаме информации. – Тие кои се одзвале на повикот за бојкот беа изманипулирани граѓани. Секој оној кој повикуваше на бојкот, во суштина правеше само лошо. Тие што повикуваа на бојкот, не и мислат ништо добро на државата и тоа се покажа сега во суштина, подвлече Симовски. Повеќе домаќинства и станови, просечното семејство е тричлено Бројот на домаќинства изнесува 598.632, а на станови 839.174.  Бројот на домаќинствата е зголемен за 34.336 или за 6,1 отсто. Од презентираните резултати, просечно домаќинство брои 3,06 члена. Зголемен е и бројот на станови за 141.031 или за 20,2 отсто. Бројот на странци времено присутни во земјава помалку од 12 месеци е 1 674. Густината на населеност на еден километар квадратен е 72,2 лица, а просечната возраст на населението е 40,08 години. На 1.000 жени има 984,3 мажи. Речиси третина од населението живее во Скопје Вкупниот број на жители во Град Скопје изнесува 526.502 лица и во споредба со пописот од 2002 година е зголемен за 3,9 проценти, покажува Пописот спроведен во 2021 година. -Бројот на домаќинства во град Скопје изнесува 171.171 и во споредба со 2002 се забележува зголемување за 16,8 проценти, соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите. Зголемен е и бројот на станови во Скопје. Изнесува 213.850 станови што е пораст во однос на 2002 година за 30,6 проценти. Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово. Преброени се и 207 празни населени места.
Реакции за Пописот   Европската Комисија го поздрави пописот во Македонија нарекувајќи го големо достигнување. По објавувањето на резултатите од пописот, портпаролката на Европската Комисија Ана Писонеро за МИА изјави дека Комисијата го поздравува пописот, спроведен првпат од 2002 година. – Ова е големо достигнување: обновени податоци за населението се суштински за планирање и имплементирање на соодветни социјални, демографски и економски политики за бенефит на сите граѓани, рече Писонеро за МИА. Според Владата, Пописот на населението, домаќинствата и становите, што беше спроведен во периодот од 5 септември до 30 септември минатата годинa по речиси 20 години е успешно реализиран и дава релевантни информации за реалната состојба на населението, со што на државата и се овозможува да креира политики од интерес на граѓаните и бизнисот. Податоците од пописот беа оценети како сигурни, веродостојни, валидни и корисни за планирање политики. Владејачката СДСМ смета дека пописот, кој се одржа по 20 години, е голем успех за граѓаните и за државата воопшто. Според нив, пописот е спроведен согласно закон и сите правила на Евростат. Клучно е што по 20 години државата ќе добие релевантни податоци што се однесуваат на бројот на резиденти, бројот на нерезиденти, но најмногу и најважно е на бројот на резиденти и бројот на домаќинста, станови и сите тие податоци се исклучително важни заради општетствениот и економскиот развој на државата во следниот период. Според претседателот на ДУИ Али Ахмети, земјава по 20 години има појасен увид во врска со целокупното население и процентот на заедници во државата. -Албанците се 29,5% во општата популација и 24,3% во резидентно население, додека во градот Скопје 22,8% (од 20,04% во 2002 година). Им честитам на сите институции кои беа вклучени и помогнаа Пописот, како процес кој започна во март минатата година со дијаспората, кој во септември заврши со регистрација на населението во државата, напиша Ахмети на Фејсбук.
За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, овој попис е некомплетен и најави дека веднаш по промената на власта, ќе се направи нова статистичка и реална операција. – Уште од почеток имавме многу забелешки за оваа статистичка операција, но оној заклучок кој што можеме да го кажеме покрај фактот дека таа е некомплетна е дека огромно мнозинство, повеќе од 90 проценти од тие кои што се неизјаснети се дел од македонскиот народ според општините каде што тие се наоѓаат,  рече Мицкоски. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека пописот е некомплетен и поради изнесениот податок дека 7,2 отсто од граѓаните не биле попишани, а податоците биле преземени од бази, без притоа да се дефинира нивната етничка припадност. Пописните бројки се показател за неуспех бидејќи, како што соопштија, има силен бран на иселувања, операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика. Сметаат дека во објавените бројките секој има право да се сомнева. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека и покрај многуте забелешки, повикале на масовно попишување за време пописот, и додаваат дека бојкотот нанел одредена штета на податоците, особено за Македонците. По објавувањето на резултатите од пописот, Алијанса за Албанците соопшти дека е во процес на разгледување на објавените резултати и наскоро ќе излезе со детална анализа. Изразија резерви во веродостојноста на овој процес во два сегмента. – Над 132.000 граѓани се импутирани и непопишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260.000 грѓани кои што живеат надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации, смета АА. Според нив, не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8,5 отсто од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност. Неверодостоен е и бројот од околу 12 отсто на граѓани во дијаспората. Ова поради тоа што многу меѓунардни инстанци, како што е Светската банка и Еуростат непрекинато се имаат изјаснето дека најмалку околу 30 отсто од граѓаните на Македонија ја имаат напуштено земјата во последните децении. За Демократски сојуз, резултатите од Пописот не се одраз на реалноста, тој е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста. Според нив, многу фактори влијаеле да не успее пописот: деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола и сл. Предлагаат да се направат дополнителни вкрстувања и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис. Левица ги оспорува резултатите од пописот и начинот на кој беа соопштени податоците во присуство на дипломатскиот кор, оценувајќи го тоа како „обид да се бара легитимитет кај странскиот фактор“. Нагласија дека нема да го признаат овој, како што велат, фингиран попис, посочувајќи дека целиот случај ќе биде детално истражен и „ќе следуваат кривични пријави“, што, ќе биде и  услов на партијата за влез во идна влада. Сметаат дека еден од најголемите проблеми е попишувањето на дијаспората, за што, според партијата, со еднострано лобирање на министрите на ДУИ, како и користењето на државјанство како главен критериум за попишување, дошло до помешување на резидентното население и иселениците. Од резултатите, според нив,  призлегува дека непопишани се 300.000 државјани. Државниот завод за статистика, пак, соопшти дека пописот е спроведен успешно и професионално, а нивниот тим покажа дека може, знаее и умее, дека е една од најпрофесионалните институции во земјава. Објавувањето на податоците од пописот што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година, ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет што се објави вчера, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува  во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а идните месеци ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост… Трет попис по осамостојувањето на државата Пописот 2021 се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на КОВИД-пандемија, согласно нова методологија на ЕВРОСТАТ и првпат со комбиниран модел – освен прибирање податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од т.н. претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата. Последниот попис во земјава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица, имало 564.296 домаќинства и 698.143 станови. Според националната припадност Македонци се изјасниле 1,297,981 (64,17%), Албанци 509,083 (25,17%), Турци 77,959 (3,85%), Роми 53,879 (2,66%), Срби 35,939 (1,77%), Бошњаци 17,018 (0,84%), Власи 9,695 (0,47%) и 20,993 (1,03%) останати. На територијата на земјава, според податоците на Заводот за статистика, првите попишувања се јавуваат во 15 век, кога турските власти ги попишувале само даночните глави и машкото население, а првиот современ попис е спроведен во 1921 година. По Втората светска војна се спроведени осум пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година. Пописот во 1991 година беше со нецелосен опфат. Затоа во 1994 година повторно е спроведен попис, што е прва пописна операција во Република Македонија по нејзиното осамостојување.мд/са/

The post Попис 2021: Колку сме, толку сме, токму не сме appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Македонци, ние кои сме запишани и вие кои не сте запишани, сите сме отпишани! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-makedonci-nie-koi-sme-zapishani-i-vie-koi-ne-ste-zapishani-site-sme-otpishani/ Thu, 31 Mar 2022 06:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=481155

Актерот Владо Јовановски во свој стил ги коментира резултатите од пописот.

„Македонци, ние кои сме запишани и вие кои не сте запишани, сите сме отпишани! (попишани).

И да, уште таква поделба ни требаше, бојкотирачи против небојкотирачи и обратно.

Уште има можност за поделби, сè уште не сме малцинство во сопствената земја.

Има време…!“, резигнирано констатира актерот.

The post Јовановски: Македонци, ние кои сме запишани и вие кои не сте запишани, сите сме отпишани! appeared first on Република.

]]>

Актерот Владо Јовановски во свој стил ги коментира резултатите од пописот.
„Македонци, ние кои сме запишани и вие кои не сте запишани, сите сме отпишани! (попишани). И да, уште таква поделба ни требаше, бојкотирачи против небојкотирачи и обратно. Уште има можност за поделби, сè уште не сме малцинство во сопствената земја. Има време…!“, резигнирано констатира актерот.

The post Јовановски: Македонци, ние кои сме запишани и вие кои не сте запишани, сите сме отпишани! appeared first on Република.

]]>
И Захариева незадоволна од пописот, требало да се бројат и Бугарите кои се надвор од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-zaharieva-nezadovolna-od-popisot-trebalo-da-se-brojat-i-bugarite-koi-se-nadvor-od-makedonija/ Wed, 30 Mar 2022 18:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=481102

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева преку „Фејсбук“ реагира на резултатите од пописот, потенцирајќи дека резаговарала со организациите на Бугарите во Македонија и тие и посочиле оти сметаат дека податоците се фалсификувани.

Податоците според кои во Македонија има само 3.504 Бугари се фалсификувани и здруженијата на Бугарите во земјава наскоро ќе излезат со официјален став. Најчудно е што не се бројат Бугарите кои се надвор од државата, за разлика од другите етнички групи. Не треба да заборавиме дека во последните 15 години 86.566 граѓани добиле бугарско државјанство, изјавувајќи пред нашите власти дека се идентификуваат како Бугари. За жал, уште еднаш сме сведоци на старата државна политика – дискриминација на Македонците со бугарска самосвест и обид за нивно маргинализирање, вели Захариева.

Таа понатаму вели дека ваквото мешање во правото на самоопределување е апсолутно неприфатливо и е во спротивност со вредностите на Европската Унија и дека крајно време е „да сфатат дека Бугарите во Македонија не се закана, туку мост меѓу нашите две земји“.

The post И Захариева незадоволна од пописот, требало да се бројат и Бугарите кои се надвор од Македонија appeared first on Република.

Симовски: Мислам дека граѓаните сега сфатија дека беа жртви на тој што повикуваше на бојкот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/simovski-mislam-deka-gragjanite-sega-sfatija-deka-bea-zrtvi-na-toj-shto-povikuvashe-na-bojkot/ Wed, 30 Mar 2022 18:04:11 +0000 https://republika.mk/?p=481091

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вечерва изјави дека неопафтеното население со Пописот 2021, од 7,3 отсто или 132 илјади граѓани не е неочекувано ако се земат предвид сите работи и оти очекувал тој број да биде поголем. Една од причините, како што рече, е и бојкотирањето на пописот.

Тој образложи дека Пописот 2021 беше спроведуван во временски период кој е несоодветен за попис, кога нашето население користи годишни одмори, во состојба со КОВИД-19, а пред тоа имаше затворени граници и не можеше да се оди на одмор, кога се интензивни работите во земјоделството, на нива, посочи и на немарноста на луѓето… Нагласи дека попишувачите не ги наоѓале овие луѓе, иако им оставале пораки.

Иако дадовме можност за сите. Последните 10 дена од пописот отворивме пунктови каде секој, кој по било кој основ не е опфатен, да се попише, изјави Симовски за Канал 5.

Додаде дека овие 132 илјади граѓани влегуваат во делот на резидентно население, кое се попишува според законот. Според него, ова е нормална појава и секаде се случува.

Прашан за повиците за бојкот на пописот, директорот на Државниот завод за статистика изјави дека нема информации дали некој одговарал кривично или прекршочно.

Не би сакал никој од граѓаните да одговара. На крајот на краиштата, тие кои се одзваа на повикот за бојкот беа изманипулирани граѓани. Клучен е тој што повикуваше на бојкот, инаку граѓаните беа жртви и мислам дека сега сфаќаат, рече Симовски.

Според него, оние што повикуваа на бојкот постигнаа, но не исклучиво само заради тоа, да имаме еден контигнент на население за кое немаме информации.

Симовски рече дека не сака да споменува политички партии или други структури кои повикуваа на бојкот на Пописот 2021.

Секој оној кој повикуваше на бојкот, во суштина правеше само лошо. Тие што повикуваа на бојкот, не и мислат ништо добро на државата и тоа се покажа сега во суштина, подвлече Симовски.

The post Симовски: Мислам дека граѓаните сега сфатија дека беа жртви на тој што повикуваше на бојкот appeared first on Република.

]]>

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вечерва изјави дека неопафтеното население со Пописот 2021, од 7,3 отсто или 132 илјади граѓани не е неочекувано ако се земат предвид сите работи и оти очекувал тој број да биде поголем. Една од причините, како што рече, е и бојкотирањето на пописот. Тој образложи дека Пописот 2021 беше спроведуван во временски период кој е несоодветен за попис, кога нашето население користи годишни одмори, во состојба со КОВИД-19, а пред тоа имаше затворени граници и не можеше да се оди на одмор, кога се интензивни работите во земјоделството, на нива, посочи и на немарноста на луѓето… Нагласи дека попишувачите не ги наоѓале овие луѓе, иако им оставале пораки.
Иако дадовме можност за сите. Последните 10 дена од пописот отворивме пунктови каде секој, кој по било кој основ не е опфатен, да се попише, изјави Симовски за Канал 5.
Додаде дека овие 132 илјади граѓани влегуваат во делот на резидентно население, кое се попишува според законот. Според него, ова е нормална појава и секаде се случува. Прашан за повиците за бојкот на пописот, директорот на Државниот завод за статистика изјави дека нема информации дали некој одговарал кривично или прекршочно.
Не би сакал никој од граѓаните да одговара. На крајот на краиштата, тие кои се одзваа на повикот за бојкот беа изманипулирани граѓани. Клучен е тој што повикуваше на бојкот, инаку граѓаните беа жртви и мислам дека сега сфаќаат, рече Симовски.
Според него, оние што повикуваа на бојкот постигнаа, но не исклучиво само заради тоа, да имаме еден контигнент на население за кое немаме информации. Симовски рече дека не сака да споменува политички партии или други структури кои повикуваа на бојкот на Пописот 2021.
Секој оној кој повикуваше на бојкот, во суштина правеше само лошо. Тие што повикуваа на бојкот, не и мислат ништо добро на државата и тоа се покажа сега во суштина, подвлече Симовски.

The post Симовски: Мислам дека граѓаните сега сфатија дека беа жртви на тој што повикуваше на бојкот appeared first on Република.

]]>
Снопче: Резерви за веродостојноста на пописот, ги анализираме резултатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/snopche-rezervi-za-verodostojnosta-na-popisot-gi-analizirame-rezultatite/ Wed, 30 Mar 2022 17:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=481086

После објавувањето на резултатите од пописот на населението, Алијанса за Албанците е во процес на разгледување на објавените резултати, и наскоро ке излезе со детална анализа на истите, рече на денешната прес-конференција пратеникот Халил Снопче.

Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации. Овие две точки ствараат големи дилеми околу тоа како е извршен попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција, рече Снопче.

Додаде дека не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност.

Неверодостоен е и бројот од околу 12% на граѓани во дисапората. Ова поради тоа што многу меѓунардни инстанци, како што е светската банка и еуростат непрекинато се имаат изјаснето дека најмалку околу 30% од граѓаните на Македонија се ја имаат напуштено земјата во последните децении. Плус уште една работа што сакаме да ја изнесеме при овој случај е дека постои една контрадикција меѓу изјавите на претседателот на заводот за статистика, г. Симовски после завршувањето на пописот со соопштените резултати. Имено веднаш после завршувањето на пописот тој изјави дека вкупниот број на попишани граѓани резидентни и нерезидентни во државата е 2.037.000. Додека според објавените резултати таа бројка е 2.098.000. Ако пописот е завршен на 30 септември, се поставува прашањето од каде произлегоа 60.000 граѓани повеке што се запишани после крајниот рок кој што беше 30 септември, рече Снопче.

The post Снопче: Резерви за веродостојноста на пописот, ги анализираме резултатите appeared first on Република.

]]>

После објавувањето на резултатите од пописот на населението, Алијанса за Албанците е во процес на разгледување на објавените резултати, и наскоро ке излезе со детална анализа на истите, рече на денешната прес-конференција пратеникот Халил Снопче. Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации. Овие две точки ствараат големи дилеми околу тоа како е извршен попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција, рече Снопче. Додаде дека не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност.
Неверодостоен е и бројот од околу 12% на граѓани во дисапората. Ова поради тоа што многу меѓунардни инстанци, како што е светската банка и еуростат непрекинато се имаат изјаснето дека најмалку околу 30% од граѓаните на Македонија се ја имаат напуштено земјата во последните децении. Плус уште една работа што сакаме да ја изнесеме при овој случај е дека постои една контрадикција меѓу изјавите на претседателот на заводот за статистика, г. Симовски после завршувањето на пописот со соопштените резултати. Имено веднаш после завршувањето на пописот тој изјави дека вкупниот број на попишани граѓани резидентни и нерезидентни во државата е 2.037.000. Додека според објавените резултати таа бројка е 2.098.000. Ако пописот е завршен на 30 септември, се поставува прашањето од каде произлегоа 60.000 граѓани повеке што се запишани после крајниот рок кој што беше 30 септември, рече Снопче.

The post Снопче: Резерви за веродостојноста на пописот, ги анализираме резултатите appeared first on Република.

]]>
Мора да се обединиме, за да ни тргне https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mora-da-se-obedinime-za-da-ni-trgne/ Wed, 30 Mar 2022 17:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=481077

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Што не е јасно„ која се емитува на Алфа телевизија истакна дека народот во Македонија страда од поделби.

Народот во Македонија е уморен од политичарите и од ниските страсти во политиката и продолжува да се дели, а тоа не е добро, рече Мицкоски.

Тој порача дека во овие тешки времиња кога се сочуваме со економска и национална криза потребно е обединување околу ВМРО-ДПМНЕ за да може да и тргне на Македонија.

Нас ни треба во овие тешки времиња на сериозна економска криза, на сериозна национална криза, на сериозна криза која што веќе подолго време владее да се обединиме а не да продолжиме да се делиме и мислам денеска и тоа го зборувавме на прес конференцијата дека од поделби ние страдаме иако јас длабоко ценам дека треба од сето ова да извлечеме поука и да се обединиме околу политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ како никогаш досега за да може на државата да и тргне, да може на Македонија да и тргне, порача Мицкоски.

The post Мора да се обединиме, за да ни тргне appeared first on Република.