резолуција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rezolucija/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 07:10:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png резолуција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rezolucija/ 32 32 Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-pretstavnichkiot-dom-predlozhena-rezolutsija-da-se-slavat-jazikot-istorijata-i-kulturata-na-makedonskite-amerikantsi/ Sat, 28 Sep 2024 07:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=820455

Копретседавачите со конгресната група за македонските Американци во Преставничкиот дом, претставија двопартиска резолуција со која се повикува септември да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство, јави Гласот на Америка на македонски јазик.

Резолуцијата поддржува да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци и нивниот придонес за САД.

Лиса Меклејн, републиканка од Мичиген, Клаудија Тени, републиканка од Њу Џерси, Деби Дингел, демократка од Мичиген и Брендан Бојл, демократ од Пенсилванија, изјавија дека Македонија е значаен стратешки партнер и клучен сојузник на САД на Балканот и оти „со векови, Македонците емигрирале во Америка за да го отфрлат јаремот на комунизмот и да ја прифатат слободата да го остварат американскиот сон“.

Проценките се дека денес има околу 500.000 граѓани со македонско потекло кои живеат во САД, најголем број од нив во сојузните држави Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Пенсилванија, Флорида, Тексас, Аризона и Калифорнија.

Нивната приказна сега е наша колективна американска приказна бидејќи Македонците Американци низ земјата им возвраќаат на нивните заедници како сопственици на бизниси, избрани функционери и граѓански лидери, се вели во заедничката изјава.

Двопратиската резолуција посочува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“.

Членовите на македонската заедница во САД се активни и во медицината, вклучително во кардиоваскуларната и торакална хирургија, ортопедската хирургија, спортската медицина, акушерството и гинекологијата, а служат и во законодавните тела и судови низ САД, „соработувајќи во бескрајната работа на демократијата на САД“.

Во август 2023 година, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Слични резолуции за славење на македонско-американското наследство изминативе години имаа и Мичиген, Илиноис, Чикаго и Њујорк.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздрави одлуката на членовите на Конгресот за преставување на резолуцијата, велејќи „вашето лидерство ги почитува безбројните придонеси на македонските Американци за подобрување на САД“.

Конгресната група за Македонија и македонските Американци е двопартиска група на членови на Конгресот на САД, посветена на одржување и зајакнување на позитивните и заемно корисни односи меѓу двете држави.

The post Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци appeared first on Република.

]]>

Копретседавачите со конгресната група за македонските Американци во Преставничкиот дом, претставија двопартиска резолуција со која се повикува септември да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство, јави Гласот на Америка на македонски јазик. Резолуцијата поддржува да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци и нивниот придонес за САД. Лиса Меклејн, републиканка од Мичиген, Клаудија Тени, републиканка од Њу Џерси, Деби Дингел, демократка од Мичиген и Брендан Бојл, демократ од Пенсилванија, изјавија дека Македонија е значаен стратешки партнер и клучен сојузник на САД на Балканот и оти „со векови, Македонците емигрирале во Америка за да го отфрлат јаремот на комунизмот и да ја прифатат слободата да го остварат американскиот сон“. Проценките се дека денес има околу 500.000 граѓани со македонско потекло кои живеат во САД, најголем број од нив во сојузните држави Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Пенсилванија, Флорида, Тексас, Аризона и Калифорнија.
Нивната приказна сега е наша колективна американска приказна бидејќи Македонците Американци низ земјата им возвраќаат на нивните заедници како сопственици на бизниси, избрани функционери и граѓански лидери, се вели во заедничката изјава.
Двопратиската резолуција посочува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“. Членовите на македонската заедница во САД се активни и во медицината, вклучително во кардиоваскуларната и торакална хирургија, ортопедската хирургија, спортската медицина, акушерството и гинекологијата, а служат и во законодавните тела и судови низ САД, „соработувајќи во бескрајната работа на демократијата на САД“. Во август 2023 година, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Слични резолуции за славење на македонско-американското наследство изминативе години имаа и Мичиген, Илиноис, Чикаго и Њујорк. Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздрави одлуката на членовите на Конгресот за преставување на резолуцијата, велејќи „вашето лидерство ги почитува безбројните придонеси на македонските Американци за подобрување на САД“. Конгресната група за Македонија и македонските Американци е двопартиска група на членови на Конгресот на САД, посветена на одржување и зајакнување на позитивните и заемно корисни односи меѓу двете држави.

The post Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци appeared first on Република.

]]>
Данскиот парламент го отфрли предлогот за признавање на палестинска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danskiot-parlament-go-otfrli-predlogot-za-priznavane-na-palestinska-drzhava/ Tue, 28 May 2024 20:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=782528

Данскиот парламент денеска го отфрли предлог-законот за признавање на палестинска држава, јавија британските медиуми.

Ирска, Шпанија и Норвешка денеска официјално ја признаа палестинската држава, откако минатата недела објавија дека ќе го сторат тоа, а Израел нивниот потег го нарече „награда за тероризмот“ и ги повлече своите амбасадори.

Данскиот предлог-закон беше поднесен во февруари од четири левичарски партии.

-Не можеме да признаеме независна палестинска држава и единствената причина е што предусловите за тоа навистина не постојат, рече данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен за време на првата дебата за предлогот во парламентот во април.

„Не можеме да ја поддржиме оваа резолуција, но посакуваме еден ден да можеме“, додаде тогаш Расмусен, кој не беше присутен на денешното гласање.

По нападот на Хамас на 7 октомври што ја предизвика израелската воена кампања во Газа, Данска соопшти дека Израел има право да се брани, но неодамна ја повика израелската страна да покаже воздржаност и рече дека мора да се придржува до меѓународното право.

Даблин, Мадрид и Осло ја претставија одлуката за признавање како чекор насочен кон забрзување на напорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа и ги повикаа другите земји да го следат примерот.

Девет од вкупно 27 земји-членки на Европската унија ја признаваат државата Палестина. Осум од нив го сторија тоа пред да се приклучат на Унијата, дури и откако палестинскиот лидер Јасер Арафат ја прогласи Палестина за независна држава на 15 ноември 1988 година – Малта, Кипар, Чешка и Словачка (до 1993 година Чехословачка), Унгарија, Романија, Бугарија и Полска. По нив во 2014 година следеше Шведска, која стана првата земја што ја призна Палестина по пристапувањето во ЕУ.

The post Данскиот парламент го отфрли предлогот за признавање на палестинска држава appeared first on Република.

]]>

Данскиот парламент денеска го отфрли предлог-законот за признавање на палестинска држава, јавија британските медиуми. Ирска, Шпанија и Норвешка денеска официјално ја признаа палестинската држава, откако минатата недела објавија дека ќе го сторат тоа, а Израел нивниот потег го нарече „награда за тероризмот“ и ги повлече своите амбасадори. Данскиот предлог-закон беше поднесен во февруари од четири левичарски партии. -Не можеме да признаеме независна палестинска држава и единствената причина е што предусловите за тоа навистина не постојат, рече данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен за време на првата дебата за предлогот во парламентот во април. „Не можеме да ја поддржиме оваа резолуција, но посакуваме еден ден да можеме“, додаде тогаш Расмусен, кој не беше присутен на денешното гласање. По нападот на Хамас на 7 октомври што ја предизвика израелската воена кампања во Газа, Данска соопшти дека Израел има право да се брани, но неодамна ја повика израелската страна да покаже воздржаност и рече дека мора да се придржува до меѓународното право. Даблин, Мадрид и Осло ја претставија одлуката за признавање како чекор насочен кон забрзување на напорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа и ги повикаа другите земји да го следат примерот. Девет од вкупно 27 земји-членки на Европската унија ја признаваат државата Палестина. Осум од нив го сторија тоа пред да се приклучат на Унијата, дури и откако палестинскиот лидер Јасер Арафат ја прогласи Палестина за независна држава на 15 ноември 1988 година – Малта, Кипар, Чешка и Словачка (до 1993 година Чехословачка), Унгарија, Романија, Бугарија и Полска. По нив во 2014 година следеше Шведска, која стана првата земја што ја призна Палестина по пристапувањето во ЕУ.

The post Данскиот парламент го отфрли предлогот за признавање на палестинска држава appeared first on Република.

]]>
САНУ: Резолуцијата на Генералното собрание на ОН не придонесува за помирување на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sanu-rezolutsijata-na-generalnoto-sobranie-na-on-ne-pridonesuva-za-pomiruvane-na-balkanot/ Mon, 27 May 2024 14:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=782123

Српската академија на науките и уметностите (САНУ) смета дека неодамна усвоената резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации за геноцид во Сребреница не придонесува за решавање на ниту едно постоечко отворено прашање, ниту за постигнување на нејзината најважна прокламирана цел - помирување во Балканот, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението на Извршниот одбор на САНУ се нагласува „загриженоста за усложнување на ситуацијата во регионот, како и за повеќекратните негативни последици и новите трагични поделби до кои може да доведат непромислените политички потези и еднострани иницијативи“.

-САНУ одлучно ги отфрла и силно ги осудува сите, без разлика дали се експлицитни или имплицитни, толкувања на резолуцијата или нејзината инструментализација во однос на колективната одговорност на српскиот народ, Република Србија или Република Српска за геноцид. Академијата со цело срце ги поддржува сите искрени напори во овој дел од светот да се постигне траен мир и да се одржи толку потребната политичка и економска стабилност. Ние, народите во регионот, треба самите да работиме на тоа и тесно да соработуваме едни со други заради подобра заедничка иднина, се вели во соопштението.

Претставниците на 84 земји, голем број членки на Европската унија и сите поранешни југословенски републики освен Србија гласаа за резолуцијата, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и која го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Против оваа резолуција гласаа 19 држави, а воздржани беа 68 земји.

 

The post САНУ: Резолуцијата на Генералното собрание на ОН не придонесува за помирување на Балканот appeared first on Република.

]]>

Српската академија на науките и уметностите (САНУ) смета дека неодамна усвоената резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации за геноцид во Сребреница не придонесува за решавање на ниту едно постоечко отворено прашање, ниту за постигнување на нејзината најважна прокламирана цел - помирување во Балканот, јави дописникот на МИА од Белград. Во соопштението на Извршниот одбор на САНУ се нагласува „загриженоста за усложнување на ситуацијата во регионот, како и за повеќекратните негативни последици и новите трагични поделби до кои може да доведат непромислените политички потези и еднострани иницијативи“. -САНУ одлучно ги отфрла и силно ги осудува сите, без разлика дали се експлицитни или имплицитни, толкувања на резолуцијата или нејзината инструментализација во однос на колективната одговорност на српскиот народ, Република Србија или Република Српска за геноцид. Академијата со цело срце ги поддржува сите искрени напори во овој дел од светот да се постигне траен мир и да се одржи толку потребната политичка и економска стабилност. Ние, народите во регионот, треба самите да работиме на тоа и тесно да соработуваме едни со други заради подобра заедничка иднина, се вели во соопштението. Претставниците на 84 земји, голем број членки на Европската унија и сите поранешни југословенски републики освен Србија гласаа за резолуцијата, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и која го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Против оваа резолуција гласаа 19 држави, а воздржани беа 68 земји.  

The post САНУ: Резолуцијата на Генералното собрание на ОН не придонесува за помирување на Балканот appeared first on Република.

]]>
Унгарија за гласот против резолуцијата за Сребреница: Сакаме да изградиме мир во регионот на Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-za-glasot-protiv-rezolutsijata-za-srebrenitsa-sakame-da-izgradime-mir-vo-regionot-na-zapaden-balkan/ Thu, 23 May 2024 20:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=781307

Претставникот на Унгарија денеска соопшти дека таа земја гласала против резолуцијата за Сребреница и му се заблагодари на претседателот на Србија Александар Вучиќ за тоа што унгарската заедница секогаш може да смета на него.

Унгарија ги осудува злосторствата и веруваме дека меѓународната заедница треба да биде обединета во оваа смисла. Ние сочувствуваме со жртвите на војната, нивните семејства и нивната несреќа. Сакаме да изградиме мир во регионот на Западен Балкан и внимателно ќе следиме за да избегнеме какви било ескалација и тензии“, рече таа. Во оваа смисла, се поставува прашањето дали нацрт-резолуцијата е фокусирана на одржување на стабилноста во регионот или создава дополнителни поделби кои ќе отворат „стари рани“- истакна претставникот на Унгарија.

The post Унгарија за гласот против резолуцијата за Сребреница: Сакаме да изградиме мир во регионот на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Претставникот на Унгарија денеска соопшти дека таа земја гласала против резолуцијата за Сребреница и му се заблагодари на претседателот на Србија Александар Вучиќ за тоа што унгарската заедница секогаш може да смета на него. Унгарија ги осудува злосторствата и веруваме дека меѓународната заедница треба да биде обединета во оваа смисла. Ние сочувствуваме со жртвите на војната, нивните семејства и нивната несреќа. Сакаме да изградиме мир во регионот на Западен Балкан и внимателно ќе следиме за да избегнеме какви било ескалација и тензии“, рече таа. Во оваа смисла, се поставува прашањето дали нацрт-резолуцијата е фокусирана на одржување на стабилноста во регионот или создава дополнителни поделби кои ќе отворат „стари рани“- истакна претставникот на Унгарија.

The post Унгарија за гласот против резолуцијата за Сребреница: Сакаме да изградиме мир во регионот на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
За беа 84, против 19, воздржани 68: Еве кој како гласаше за резолуцијата за Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-bea-84-protiv-19-vozdrzhani-68-eve-koj-kako-glasashe-za-rezolutsijata-za-srebrenitsa/ Thu, 23 May 2024 16:50:04 +0000 https://republika.mk/?p=781257

Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.
Претставници на 84 земји гласаа за усвојување на Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница на пленарниот состанок на Генералното собрание на ОН.

Имаше 19 против и 68 воздржани.

Резолуцијата потсетува на пресудите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг и Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кои злосторството во Сребреница го окарактеризираа како геноцид.

Исто така, се потсетува дека во 2025 година се одбележуваат 30 години од геноцидот во Сребреница во кој во 1995 година загинаа најмалку 8.372 животи.

Ја нагласува одговорноста на државите да стават крај на неказнивоста за геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и други прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права и да ги гонат одговорните за таквите дела со цел да се избегне нивно повторување и да се постигне одржлив мир, правда, вистината и помирувањето.

Во финалниот текст беа вметнати два амандмани, кои нагласуваат дека „кривичната одговорност според меѓународното право за кривичното дело геноцид не може да се примени на ниту една етничка, верска или друга заедница како целина“, како и „цврста посветеност за одржување и зајакнување на единството во разликите во Босна и Херцеговина“.

The post За беа 84, против 19, воздржани 68: Еве кој како гласаше за резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Претставници на 84 земји гласаа за усвојување на Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница на пленарниот состанок на Генералното собрание на ОН. Имаше 19 против и 68 воздржани. Резолуцијата потсетува на пресудите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг и Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кои злосторството во Сребреница го окарактеризираа како геноцид. Исто така, се потсетува дека во 2025 година се одбележуваат 30 години од геноцидот во Сребреница во кој во 1995 година загинаа најмалку 8.372 животи. Ја нагласува одговорноста на државите да стават крај на неказнивоста за геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и други прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права и да ги гонат одговорните за таквите дела со цел да се избегне нивно повторување и да се постигне одржлив мир, правда, вистината и помирувањето. Во финалниот текст беа вметнати два амандмани, кои нагласуваат дека „кривичната одговорност според меѓународното право за кривичното дело геноцид не може да се примени на ниту една етничка, верска или друга заедница како целина“, како и „цврста посветеност за одржување и зајакнување на единството во разликите во Босна и Херцеговина“.

The post За беа 84, против 19, воздржани 68: Еве кој како гласаше за резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>
Испратете обезбедување, само да го видам јунакот кој ќе ми го земе знамето: Вучиќ гордо се огрна со српската тробојка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ispratete-obezbeduvane-samo-da-go-vidam-junakot-koj-ke-mi-go-zeme-znameto-vuchik-gordo-se-ogrna-so-srpskata-trobojka/ Thu, 23 May 2024 16:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=781251

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска присуствува на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на која е усвоиен предлогот на срамната резолуција за Сребреница.

Откако беше усвоен предлогот за нацртот, Вучиќ гордо се огрна со српското знаме и против барањето на обезбедувањето на ОН да го тргне. Со ова српскиот лидер јасно порача дека српското знаме нема никој на светото да му го земе.

Претседателот на себе ја стави  тробојката и покрај забраната  и предупредувањето на претседателот на собранието.

Испратете обезбедување, само да го видам јунакот кој ќе ми го земе знамето- порача Вучиќ.

The post Испратете обезбедување, само да го видам јунакот кој ќе ми го земе знамето: Вучиќ гордо се огрна со српската тробојка appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска присуствува на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на која е усвоиен предлогот на срамната резолуција за Сребреница. Откако беше усвоен предлогот за нацртот, Вучиќ гордо се огрна со српското знаме и против барањето на обезбедувањето на ОН да го тргне. Со ова српскиот лидер јасно порача дека српското знаме нема никој на светото да му го земе. Претседателот на себе ја стави  тробојката и покрај забраната  и предупредувањето на претседателот на собранието. Испратете обезбедување, само да го видам јунакот кој ќе ми го земе знамето- порача Вучиќ.

The post Испратете обезбедување, само да го видам јунакот кој ќе ми го земе знамето: Вучиќ гордо се огрна со српската тробојка appeared first on Република.

]]>
Македонија гласаше За: Резолуцијата за Сребреница e усвоена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makedonija-glasashe-za-rezolutsijata-za-srebrenitsa-e-usvoena/ Thu, 23 May 2024 15:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=781249

Резолуцијата за Сребреница e усвоена на Генералното собрание на Обединетите нации.

84 земји гласаа за, 19 против, додека 68 земји беа воздржани.

Македонија гласаше ЗА и е коспонзор.

The post Македонија гласаше За: Резолуцијата за Сребреница e усвоена appeared first on Република.

]]>

Резолуцијата за Сребреница e усвоена на Генералното собрание на Обединетите нации. 84 земји гласаа за, 19 против, додека 68 земји беа воздржани. Македонија гласаше ЗА и е коспонзор.

The post Македонија гласаше За: Резолуцијата за Сребреница e усвоена appeared first on Република.

]]>
Ѓуриќ: Резолуцијата на ОН за Сребреница ќе предизвика дополнителни поделби на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gurik-rezolutsijata-na-on-za-srebrenitsa-ke-predizvika-dopolnitelni-podelbi-na-balkanot/ Wed, 22 May 2024 12:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=780860

Министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ за Политико посочи дека усвојувањето на Резолуцијата на Генералното собрание (ГС) на Обединетите нации за Сребреница ќе предизвика дополнителна поделба на Балканот, јави дописникот на МИА од Белград.

Ѓуриќ во авторски текст за бриселскиот портал оценува дека постигнувањето договор за одбележување на минатото на начин кој не создава поделби е најдобриот начин да се обезбеди тоа да не се повтори.

ГС на ОН утре ја разгледува Нацрт-резолуцијата за прогласување на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од масакрот во Сребреница во 1995 година, а шефот на српската дипломатија напиша да, додека рецензентите на резолуцијата наведуваат дека таа е важен чекор кон помирувањето, најверојатно таа ќе „сее дополнителен раздор на Балканот“.

-Никој не може да негира дека за време на балканските војни се случија страшни воени злосторства. Само политичките екстремисти го отфрлаат ставот дека во Сребреница биле извршени неописливи злосторства. И само наjбезумните луѓе не се подготвени да ги признаат и да им оддадат почит на тие жртви, напиша Ѓуриќ.

Тој изјави дека предложената резолуција на ОН била тесно фокусирана и изготвена без консултации со сите регионални заедници и страни во балканските војни.

-Секоја резолуција на ОН за страдањата во балканските војни треба да ги почитува 100.000 жртви. Овие жртви заслужуваат еднаква правда, третман и сеќавање, како и почит од меѓународната заедница без разлика на нивната националност, раса или религија. За жал, нацрт-резолуцијата се обидува да спомене и издвои една група, рече Ѓуриќ.

Тој повтори дека предлог-резолуцијата ги поткопува Уставот и владеењето на правото во Босна и Херцеговина бидејќи е изготвена, предложена, коспонзорирана и лобирана од амбасадорот Златко Лагумџија, постојан претставник на ОН за Босна и Херцеговина, без законски пропишана согласност од тричленото Претседателство на таа држава.

-Тоа напредуваше во тајност, без консултации со српскиот ентитет во земјата или неговите избрани претставници и без каков било обид да се признаат десетици илјади други жртви на војната, истакна Ѓуриќ ден пред гласањето во Њујорк.

На 18 мај предлагачите на нацрт-резолуцијата за Сребреница ја утврдија конечната верзија на тој документ, за која утре ќе расправа ГС на ОН, а во преамбулата на текстот стои дека „кривична одговорност според меѓународното право за кривично дело геноцид е индивидуализирана“.

Иницијатори на предложениот текст беа Германија и Руанда, а амандманите на нацртот беа поднесени од Владата на Црна Гора. Конечниот нацрт на резолуцијата предвидува 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, кој би се одбележувал секоја година.

Министерот Ѓуриќ и претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој ја предводи делегацијата, од понеделник се во Њујорк и одржуваат средби со постојани претставници во ОН на кои го презентираат ставот на Белград за, како што наведуваат, штетните последици од усвојувањето на оваа резолуција за односите во регионот.

The post Ѓуриќ: Резолуцијата на ОН за Сребреница ќе предизвика дополнителни поделби на Балканот appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ за Политико посочи дека усвојувањето на Резолуцијата на Генералното собрание (ГС) на Обединетите нации за Сребреница ќе предизвика дополнителна поделба на Балканот, јави дописникот на МИА од Белград. Ѓуриќ во авторски текст за бриселскиот портал оценува дека постигнувањето договор за одбележување на минатото на начин кој не создава поделби е најдобриот начин да се обезбеди тоа да не се повтори. ГС на ОН утре ја разгледува Нацрт-резолуцијата за прогласување на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од масакрот во Сребреница во 1995 година, а шефот на српската дипломатија напиша да, додека рецензентите на резолуцијата наведуваат дека таа е важен чекор кон помирувањето, најверојатно таа ќе „сее дополнителен раздор на Балканот“. -Никој не може да негира дека за време на балканските војни се случија страшни воени злосторства. Само политичките екстремисти го отфрлаат ставот дека во Сребреница биле извршени неописливи злосторства. И само наjбезумните луѓе не се подготвени да ги признаат и да им оддадат почит на тие жртви, напиша Ѓуриќ. Тој изјави дека предложената резолуција на ОН била тесно фокусирана и изготвена без консултации со сите регионални заедници и страни во балканските војни. -Секоја резолуција на ОН за страдањата во балканските војни треба да ги почитува 100.000 жртви. Овие жртви заслужуваат еднаква правда, третман и сеќавање, како и почит од меѓународната заедница без разлика на нивната националност, раса или религија. За жал, нацрт-резолуцијата се обидува да спомене и издвои една група, рече Ѓуриќ. Тој повтори дека предлог-резолуцијата ги поткопува Уставот и владеењето на правото во Босна и Херцеговина бидејќи е изготвена, предложена, коспонзорирана и лобирана од амбасадорот Златко Лагумџија, постојан претставник на ОН за Босна и Херцеговина, без законски пропишана согласност од тричленото Претседателство на таа држава. -Тоа напредуваше во тајност, без консултации со српскиот ентитет во земјата или неговите избрани претставници и без каков било обид да се признаат десетици илјади други жртви на војната, истакна Ѓуриќ ден пред гласањето во Њујорк. На 18 мај предлагачите на нацрт-резолуцијата за Сребреница ја утврдија конечната верзија на тој документ, за која утре ќе расправа ГС на ОН, а во преамбулата на текстот стои дека „кривична одговорност според меѓународното право за кривично дело геноцид е индивидуализирана“. Иницијатори на предложениот текст беа Германија и Руанда, а амандманите на нацртот беа поднесени од Владата на Црна Гора. Конечниот нацрт на резолуцијата предвидува 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, кој би се одбележувал секоја година. Министерот Ѓуриќ и претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој ја предводи делегацијата, од понеделник се во Њујорк и одржуваат средби со постојани претставници во ОН на кои го презентираат ставот на Белград за, како што наведуваат, штетните последици од усвојувањето на оваа резолуција за односите во регионот.

The post Ѓуриќ: Резолуцијата на ОН за Сребреница ќе предизвика дополнителни поделби на Балканот appeared first on Република.

]]>
Вучевиќ: Црна Гора со поддршката на резолуцијата за Сребреница не прави ништо добро за односите со Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-tsrna-gora-so-poddrshkata-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa-ne-pravi-nishto-dobro-za-odnosite-so-srbija/ Sat, 11 May 2024 12:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=777043

Додека претседателот Александар Вучиќ се подготвува идната недела повторно да се обрати пред Генералното собрание на ОН да не се гласа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница, премиерот Милош Вучевиќ денеска оцени дека најавата на Црна Гора да ќе гласа за резолуцијата во Сребреница, „не прави ништо добро за односите меѓу Црна Гора и Србија“, јави дописникот на МИА од Белград.

Резолуцијата што се подготвува е стигматизирање на цел еден народ, а она што следи зад неа е нешто што мора да ве загрижи и мислам дека оваа одлука, не само на Владата на Црна Гора, туку и на некои други во регионот, покажува каков однос имаат кон Србија и колку се независни, рече Вучевиќ на ТВ Пинк.

Спајиќ претходно најави дека Црна Гора во ГС на ОН ќе гласа за резолуцијата за Сребреница, како и за сите резолуции со кои се осудуваат геноциди и злосторства на територијата на поранешна Југославија. Тој најави дека ќе поднесе амандмани на резолуцијата на ОН за Сребреница, кои се однесуваат на индивидуализирање на вината и почитување на Дејтонскиот мировен договор, кои беа жестоко критикувани во јавноста.

Вучевиќ рече дека не е до Србија и дека нема право да кажува што треба да прави Црна Гора, дека Подгорица треба да ги оценува сопствените политички интереси, но дека мора да бидат свесни дека со овој потег и најава „ништо добро не прават “ за односите меѓу двете земји.

Вучевиќ оцени дека со одлуката Црна Гора да гласа за резолуцијата за Сребреница, Спајиќ суштински ја префрли вината на една третина од нејзиното население.

Премиерот на Србија рече дека резолуцијата за Сребреница што се подготвува во ОН има политички, но и правни последици за Република Српска и Србија и за целиот српски народ бидејќи тој ќе биде етикетиран како извршител на геноцид, а тој ден (11 јули) ќе биде одбележан со српските злосторства врз муслиманите.

-Чувствувам потреба да кажам дека ние Србите мора да ја разбереме болката и страдањето на Бошњаците што во Сребреница се случи страшно злосторство, тоа е неспорно, нагласи Вучевиќ

The post Вучевиќ: Црна Гора со поддршката на резолуцијата за Сребреница не прави ништо добро за односите со Србија appeared first on Република.

]]>

Додека претседателот Александар Вучиќ се подготвува идната недела повторно да се обрати пред Генералното собрание на ОН да не се гласа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница, премиерот Милош Вучевиќ денеска оцени дека најавата на Црна Гора да ќе гласа за резолуцијата во Сребреница, „не прави ништо добро за односите меѓу Црна Гора и Србија“, јави дописникот на МИА од Белград. Резолуцијата што се подготвува е стигматизирање на цел еден народ, а она што следи зад неа е нешто што мора да ве загрижи и мислам дека оваа одлука, не само на Владата на Црна Гора, туку и на некои други во регионот, покажува каков однос имаат кон Србија и колку се независни, рече Вучевиќ на ТВ Пинк. Спајиќ претходно најави дека Црна Гора во ГС на ОН ќе гласа за резолуцијата за Сребреница, како и за сите резолуции со кои се осудуваат геноциди и злосторства на територијата на поранешна Југославија. Тој најави дека ќе поднесе амандмани на резолуцијата на ОН за Сребреница, кои се однесуваат на индивидуализирање на вината и почитување на Дејтонскиот мировен договор, кои беа жестоко критикувани во јавноста. Вучевиќ рече дека не е до Србија и дека нема право да кажува што треба да прави Црна Гора, дека Подгорица треба да ги оценува сопствените политички интереси, но дека мора да бидат свесни дека со овој потег и најава „ништо добро не прават “ за односите меѓу двете земји. Вучевиќ оцени дека со одлуката Црна Гора да гласа за резолуцијата за Сребреница, Спајиќ суштински ја префрли вината на една третина од нејзиното население. Премиерот на Србија рече дека резолуцијата за Сребреница што се подготвува во ОН има политички, но и правни последици за Република Српска и Србија и за целиот српски народ бидејќи тој ќе биде етикетиран како извршител на геноцид, а тој ден (11 јули) ќе биде одбележан со српските злосторства врз муслиманите. -Чувствувам потреба да кажам дека ние Србите мора да ја разбереме болката и страдањето на Бошњаците што во Сребреница се случи страшно злосторство, тоа е неспорно, нагласи Вучевиќ

The post Вучевиќ: Црна Гора со поддршката на резолуцијата за Сребреница не прави ништо добро за односите со Србија appeared first on Република.

]]>
Инцидент во Генералното собрание на ОН: Израелскиот амбасадор на говорница ја уништи Повелбата на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/intsident-vo-generalnoto-sobranie-na-on-izraelskiot-ambasador-na-govornitsa-ja-unishti-povelbata-na-on/ Fri, 10 May 2024 18:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=776894

Израелскиот амбасадор Гилад Ердан предизвика инцидент за време на денешната дебата во Генералното собрание на Обединетите нации, кога на сцената уништи копија од Повелбата на ОН, тврдејќи дека оваа организација ја прекршила сопствената повелба дозволувајќи Палестина да биде прифатена како членка.

Денеска ќе ви подигнам огледало – рече Ердан, вадејќи ја машината за уништување хартија во која уништи копија од Повелбата.

Претходно, за време на расправата за претстојната резолуција, тој рече дека Обединетите нации се обидуваат да дозволат „терористичка држава“ да стане членка.

Ердан заклучи дека палестинската држава ќе ја води „Хитлер на нашето време“.

Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации, со која се повикува Советот за безбедност на ОН да го разгледа членството на Палестина во оваа светска организација, беше усвоена во петокот со 143 гласа „за“, 9 гласа „против“ и 25 воздржани.

Резолуцијата го повикува Советот за безбедност „поволно да ја преиспита работата“ и се нагласува дека „палестинската управа е квалификувана за членство во Обединетите нации“.

The post Инцидент во Генералното собрание на ОН: Израелскиот амбасадор на говорница ја уништи Повелбата на ОН appeared first on Република.

]]>

Израелскиот амбасадор Гилад Ердан предизвика инцидент за време на денешната дебата во Генералното собрание на Обединетите нации, кога на сцената уништи копија од Повелбата на ОН, тврдејќи дека оваа организација ја прекршила сопствената повелба дозволувајќи Палестина да биде прифатена како членка. Денеска ќе ви подигнам огледало – рече Ердан, вадејќи ја машината за уништување хартија во која уништи копија од Повелбата. Претходно, за време на расправата за претстојната резолуција, тој рече дека Обединетите нации се обидуваат да дозволат „терористичка држава“ да стане членка. Ердан заклучи дека палестинската држава ќе ја води „Хитлер на нашето време“. Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации, со која се повикува Советот за безбедност на ОН да го разгледа членството на Палестина во оваа светска организација, беше усвоена во петокот со 143 гласа „за“, 9 гласа „против“ и 25 воздржани. Резолуцијата го повикува Советот за безбедност „поволно да ја преиспита работата“ и се нагласува дека „палестинската управа е квалификувана за членство во Обединетите нации“.

The post Инцидент во Генералното собрание на ОН: Израелскиот амбасадор на говорница ја уништи Повелбата на ОН appeared first on Република.

]]>
Дачиќ го праша Османи: Дали ќе се приклучите на Резолуција на Србија против Хрватска за геноцид? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dachik-go-prasha-osmani-dali-ke-se-prikluchite-na-rezolutsija-na-srbija-protiv-hrvatska-za-genotsid/ Wed, 17 Apr 2024 09:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=767044

Министерот за надворешни работи на Србија го праша Бујар Османи од ДУИ дали би се приклучил на Резолуција што Србија би ја поднела против Хрватска или некоја друга земја за геноцид.

Би го прашал Османи дали би поддржал една таква резолуција како што тој ја повика Србија да се придружи на Резолуцијата во Обединетите нации за геноцид Сребреница-изјави денеска Дачиќ за „Пинк“.

The post Дачиќ го праша Османи: Дали ќе се приклучите на Резолуција на Србија против Хрватска за геноцид? appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Србија го праша Бујар Османи од ДУИ дали би се приклучил на Резолуција што Србија би ја поднела против Хрватска или некоја друга земја за геноцид.
Би го прашал Османи дали би поддржал една таква резолуција како што тој ја повика Србија да се придружи на Резолуцијата во Обединетите нации за геноцид Сребреница-изјави денеска Дачиќ за „Пинк“.

The post Дачиќ го праша Османи: Дали ќе се приклучите на Резолуција на Србија против Хрватска за геноцид? appeared first on Република.

]]>
САД со вето за резолуцијата за прекин на огнот во Газа на Советот за безбедност на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-so-veto-za-rezolutsijata-za-prekin-na-ognot-vo-gaza-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Sat, 09 Dec 2023 07:40:55 +0000 https://republika.mk/?p=721188

САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Газа.

Тринаесет членки на Советот за безбедност ја поддржаа нацрт-резолуцијата поднесена од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), додека Велика Британија се воздржа од гласањето. Гласањето доаѓа откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во средата го предупреди Советот за безбедност на глобалната закана од двомесечната војна во Газа.

Која е пораката што им ја испраќаме на Палестинците ако не можеме да се обединиме зад повикот за привремено запирање на масовното бомбардирање на Газа?, рече заменикот постојан претставник на ОАЕ во ОН, Мохамед Абушахаб.

Заменик-постојаниот претставник на САД во ОН Роберт Вуд истакна дека нацрт-резолуцијата е одвоена од реалноста и „нема да промени ништо на теренот“.

Затоа, иако САД силно го поддржуваат воспоставувањето траен мир во кој Израелците и Палестинците ќе можат да живеат во мир и безбедност, ние не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот, додаде американскиот дипломат.

Заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански, пак, изјави:

Нашите американски колеги буквално пред наши очи потпишаа смртни налози за илјадници, ако не и десетици илјади повеќе цивили во Палестина и Израел, вклучувајќи жени и деца, како и претставници на ОН кои се обидуваат да им помогнат. Историјата ќе покаже проценка на овие дејствија од Вашингтон.

САД и Израел се противат на прекин на огнот затоа што веруваат дека тоа само ќе му користи на Хамас. Наместо тоа, Вашингтон повикува на пауза во непријателствата за да се заштитат цивилите и да се дозволи ослободување на заложниците земени од Хамас.

The post САД со вето за резолуцијата за прекин на огнот во Газа на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>

САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Газа. Тринаесет членки на Советот за безбедност ја поддржаа нацрт-резолуцијата поднесена од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), додека Велика Британија се воздржа од гласањето. Гласањето доаѓа откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во средата го предупреди Советот за безбедност на глобалната закана од двомесечната војна во Газа.
Која е пораката што им ја испраќаме на Палестинците ако не можеме да се обединиме зад повикот за привремено запирање на масовното бомбардирање на Газа?, рече заменикот постојан претставник на ОАЕ во ОН, Мохамед Абушахаб.
Заменик-постојаниот претставник на САД во ОН Роберт Вуд истакна дека нацрт-резолуцијата е одвоена од реалноста и „нема да промени ништо на теренот“.
Затоа, иако САД силно го поддржуваат воспоставувањето траен мир во кој Израелците и Палестинците ќе можат да живеат во мир и безбедност, ние не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот, додаде американскиот дипломат.
Заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански, пак, изјави:
Нашите американски колеги буквално пред наши очи потпишаа смртни налози за илјадници, ако не и десетици илјади повеќе цивили во Палестина и Израел, вклучувајќи жени и деца, како и претставници на ОН кои се обидуваат да им помогнат. Историјата ќе покаже проценка на овие дејствија од Вашингтон.
САД и Израел се противат на прекин на огнот затоа што веруваат дека тоа само ќе му користи на Хамас. Наместо тоа, Вашингтон повикува на пауза во непријателствата за да се заштитат цивилите и да се дозволи ослободување на заложниците земени од Хамас.

The post САД со вето за резолуцијата за прекин на огнот во Газа на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>
Македонија гласаше „воздржано“ за Резолуцијата на ОН за итен прекин на огнот во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-glasashe-vozdrzhano-za-rezolutsijata-na-on-za-iten-prekin-na-ognot-vo-gaza/ Sat, 28 Oct 2023 08:20:19 +0000 https://republika.mk/?p=695740

Генералното собрание на Обединети нации синоќа со 120 гласа „за“, 14 „против“ и 45 „воздржани“, усвои Резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа. „против“ беа 14 земји, меѓу кои Израел и САД, а 45 беа „воздржани“.

Од нашиот регион, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа „за“ резолуцијата, Хрватска беше „против“, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција беа „воздржани“.

Во резолуцијата, на предлог на Јордан, а во името на арапските држави, се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, како и терористичките и неселективни напади. Резолуцијата нема обврзувачки карактер, но затоа има политичка тежина.

The post Македонија гласаше „воздржано“ за Резолуцијата на ОН за итен прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на Обединети нации синоќа со 120 гласа „за“, 14 „против“ и 45 „воздржани“, усвои Резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа. „против“ беа 14 земји, меѓу кои Израел и САД, а 45 беа „воздржани“. Од нашиот регион, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа „за“ резолуцијата, Хрватска беше „против“, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција беа „воздржани“. Во резолуцијата, на предлог на Јордан, а во името на арапските држави, се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, како и терористичките и неселективни напади. Резолуцијата нема обврзувачки карактер, но затоа има политичка тежина.

The post Македонија гласаше „воздржано“ за Резолуцијата на ОН за итен прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>
ЕП усвои резолуција за дијалогот Србија и Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ep-usvoi-rezolutsija-za-dijalogot-srbija-i-kosovo/ Thu, 19 Oct 2023 19:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=693010

Европскиот парламент денеска усвои резолуција за последните случувања во дијалогот меѓу Србија и Косово, вклучително и ситуацијата во северните општини на Косово, во која српските власти се повикани на целосна соработка во истрагата за нападот во Бањска.

Резолуцијата „најостро го осудува страшниот и кукавички терористички напад на добро организираните српски паравоени формации“ во Бањска врз косовските полицајци на 24 септември и ги повикува сите земји-членки на ЕУ, кои сè уште не го сториле тоа, да го осудат нападот.

Со резолуцијата сите страни се поканети да работат на деескалација на ситуацијата во северниот дел на Косово и да се избегнува каква било реторика или акција што дополнително ќе ги зголеми тензиите.

Косовските власти се повикани да ги откријат сите докази поврзани со инцидентот, меѓународните институции во Косово, вклучително и ЕУЛЕКС, да ги проценат доказите и Србија целосно да соработува во истрагата и да ги доведе одговорните за нападот, кои моментално живеат во Србија, пред лицето на правдата во согласност со законот, вклучително и нивна екстрадиција на Косово.

ЕК и Советот се повикани да преземат мерки против Владата на Србија доколку истрагите покажат дека државата Србија била директно вмешана во терористичкиот напад во Бањска или во нападите што се случија во северно Косово во мај 2023 година. ЕК е повикана да ги замрзне средствата за Србија според Инструментот за претпристапна помош три, доколку резултатите од истрагата покажат дека српската држава директно била вклучена во овие напади.

The post ЕП усвои резолуција за дијалогот Србија и Косово appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент денеска усвои резолуција за последните случувања во дијалогот меѓу Србија и Косово, вклучително и ситуацијата во северните општини на Косово, во која српските власти се повикани на целосна соработка во истрагата за нападот во Бањска. Резолуцијата „најостро го осудува страшниот и кукавички терористички напад на добро организираните српски паравоени формации“ во Бањска врз косовските полицајци на 24 септември и ги повикува сите земји-членки на ЕУ, кои сè уште не го сториле тоа, да го осудат нападот. Со резолуцијата сите страни се поканети да работат на деескалација на ситуацијата во северниот дел на Косово и да се избегнува каква било реторика или акција што дополнително ќе ги зголеми тензиите. Косовските власти се повикани да ги откријат сите докази поврзани со инцидентот, меѓународните институции во Косово, вклучително и ЕУЛЕКС, да ги проценат доказите и Србија целосно да соработува во истрагата и да ги доведе одговорните за нападот, кои моментално живеат во Србија, пред лицето на правдата во согласност со законот, вклучително и нивна екстрадиција на Косово. ЕК и Советот се повикани да преземат мерки против Владата на Србија доколку истрагите покажат дека државата Србија била директно вмешана во терористичкиот напад во Бањска или во нападите што се случија во северно Косово во мај 2023 година. ЕК е повикана да ги замрзне средствата за Србија според Инструментот за претпристапна помош три, доколку резултатите од истрагата покажат дека српската држава директно била вклучена во овие напади.

The post ЕП усвои резолуција за дијалогот Србија и Косово appeared first on Република.

]]>
Предложена резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 за месец на македонско-американско наследство и ќе се слават македонскиот јазик, историја и култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predlozhena-rezolutsija-vo-senatot-da-se-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonsko-amerikansko-nasledstvo-i-ke-se-slavat-makedonskiot-jazik-istorija-i-kultura/ Tue, 01 Aug 2023 08:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=667490

Републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци, објави Гласот на Америка.

Во резолуцијата се вели дека е важно да се истакнат клучните придонеси и културно влијание на македонските Американци во САД.

Да се препознаат бројните придонеси на македонските Американци во САД во различни области, вклучувајќи уметност, наука, бизнис, политика, медицина и спорт, и да ги поттикнат граѓаните на САД да го одбележат месецот на македонско-американско наследство со соодветни церемонии, активности и програми кои ги почитуваат културните придонеси и достигнувања на македонските Американци, се вели во резолуцијата.

Во неа пишува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“.

Целиот текст овде.

The post Предложена резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 за месец на македонско-американско наследство и ќе се слават македонскиот јазик, историја и култура appeared first on Република.

]]>

Републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци, објави Гласот на Америка. Во резолуцијата се вели дека е важно да се истакнат клучните придонеси и културно влијание на македонските Американци во САД.
Да се препознаат бројните придонеси на македонските Американци во САД во различни области, вклучувајќи уметност, наука, бизнис, политика, медицина и спорт, и да ги поттикнат граѓаните на САД да го одбележат месецот на македонско-американско наследство со соодветни церемонии, активности и програми кои ги почитуваат културните придонеси и достигнувања на македонските Американци, се вели во резолуцијата.
Во неа пишува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“. Целиот текст овде.

The post Предложена резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 за месец на македонско-американско наследство и ќе се слават македонскиот јазик, историја и култура appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Резолуцијата во Германскиот Бундестаг е донесена како резултат на реакција на ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-rezolutsijata-vo-germanskiot-bundestag-e-donesena-kako-rezultat-na-reaktsija-na-vmro-dpmne-vo-poslednite-nekolku-godini/ Fri, 16 Jun 2023 07:34:33 +0000 https://republika.mk/?p=651954

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието зборуваше за резолуцијата донесена во Германскиот Парламент и рече дека е за поздравување и објасни зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност.

По однос на резолуцијата во германскиот Бундестаг прво јас сметам дека треба да се поздрави, тоа е добра работа. Главното прашање е зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност, заради две причини. Прво затоа што во 21 век од земја членка на ЕУ имаме негирање на македонскиот јазик и самобитност, тоа е причината, инаку Германија не би имало потреба да носи таква резолуција, ова е само признание дека внатре во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21 век, рече тој.

Имено во врска со резолуцијата, Милошоски потенцираше дека причината поради која е донесена таа резолуција е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ каде ВМРО-ДПМНЕ неколку години наназад предупредуваше дека со потпишувањето на Договорот за добрососедство се загрозува онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години.

Втората причина е индиректно реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ пред година дена, две, три од 2017 година упорно нагласува дека со потпишувањето на така фаличниот Договор за добрососедство од 2017 година и таа несреќна формулација заедничка историја која што ја потпишаа тогаш Заев, Димитров, Османи, Маричиќ и кој и да беа во екипата за надворешна политика, се доведува во прашање, се загрозува токму онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години, вели тој.

Милошоски објасни дека ова не е прва резолуција туку имало и во 2004 каде што Германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија.

Како трето, би сакал да напоменам дека ова не е прва резолуција каде што се споменува Македонија во Германскиот Бундестаг. Во 2004 година во очи на територијалната организација во Република Македонија, тогаш СДСМ во налет на доближување на претседателските избори сакаше да се додвори што повеќе кон Али Ахмети и се направи една територијална организација на општините, спротивно на волјата на мнозинството од населението во тие општини, се донесе резолуција во Германскиот Бундестаг која имаше неколку клаузули, едната Охридскиот договор, втората билатералните договори и третата се однесуваше на името и Германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија. Но како што знаете тоа ниту во тогаш не се оствари, додаде Милошоски.

The post Милошоски: Резолуцијата во Германскиот Бундестаг е донесена како резултат на реакција на ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години appeared first on Република.

]]>

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието зборуваше за резолуцијата донесена во Германскиот Парламент и рече дека е за поздравување и објасни зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност.
По однос на резолуцијата во германскиот Бундестаг прво јас сметам дека треба да се поздрави, тоа е добра работа. Главното прашање е зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност, заради две причини. Прво затоа што во 21 век од земја членка на ЕУ имаме негирање на македонскиот јазик и самобитност, тоа е причината, инаку Германија не би имало потреба да носи таква резолуција, ова е само признание дека внатре во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21 век, рече тој.
Имено во врска со резолуцијата, Милошоски потенцираше дека причината поради која е донесена таа резолуција е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ каде ВМРО-ДПМНЕ неколку години наназад предупредуваше дека со потпишувањето на Договорот за добрососедство се загрозува онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години.
Втората причина е индиректно реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ пред година дена, две, три од 2017 година упорно нагласува дека со потпишувањето на така фаличниот Договор за добрососедство од 2017 година и таа несреќна формулација заедничка историја која што ја потпишаа тогаш Заев, Димитров, Османи, Маричиќ и кој и да беа во екипата за надворешна политика, се доведува во прашање, се загрозува токму онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години, вели тој.
Милошоски објасни дека ова не е прва резолуција туку имало и во 2004 каде што Германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија.
Како трето, би сакал да напоменам дека ова не е прва резолуција каде што се споменува Македонија во Германскиот Бундестаг. Во 2004 година во очи на територијалната организација во Република Македонија, тогаш СДСМ во налет на доближување на претседателските избори сакаше да се додвори што повеќе кон Али Ахмети и се направи една територијална организација на општините, спротивно на волјата на мнозинството од населението во тие општини, се донесе резолуција во Германскиот Бундестаг која имаше неколку клаузули, едната Охридскиот договор, втората билатералните договори и третата се однесуваше на името и Германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија. Но како што знаете тоа ниту во тогаш не се оствари, додаде Милошоски.

The post Милошоски: Резолуцијата во Германскиот Бундестаг е донесена како резултат на реакција на ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години appeared first on Република.

]]>
Бундестагот ќе донесе резолуција за поддршка на членството на Македонија во ЕУ и потврда на македонскиот јазик и идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bundestagot-ke-donese-rezolutsija-za-poddrshka-na-chlenstvoto-na-makedonija-vo-eu-i-potvrda-na-makedonskiot-jazik-i-identitet/ Mon, 12 Jun 2023 16:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=650574

Германскиот Биндестаг в четврток ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет.

Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.

Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан.

Германски пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок“.

Покрај тоа, се предлага со земјите кандидати да се договорат меѓучекори за поблиски врски со ЕУ на патот кон ЕУ, како што е асоцијативното членство во заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика без право на глас и начин за пристапување кон внатрешен пазар на ЕУ во замена за реформи и спроведување на критериумите од Копенхаген, како и напредок во владеењето на правото.

Се бара категорично да биде одбиено секое поместувањата на границите на земјите од Западен Балкан, како и нивно приклучување во НАТО, засилена борба против корупцијата, продолжување на „Берлинскиот процес“ за регионална соработка и реформи во рамките на ЕУ за да се обезбеди нејзиниот иден капацитет за прием на нови членки.

Германскиот Бундестаг заедно со трите Берлински универзитети секоја година доделува стипендии на дипломирани младинци да учествуваат во петмесечна програма за запознавање со политичкото одлуч

Во документите предложени во Бундестагот се вели и дека Западен Балкан останува „регион на латентна нестабилност“.

Руската агресивна војна против Украина ја истакна ранливоста на границите во срцето на Европа, како и фактот дека замрзнатите или наводно просторно ограничените конфликти можат брзо да ескалираат и да се шират. Ваквите конфликти ја загрозуваат стабилноста и интересите на ЕУ. И покрај големиот напредок во последните децении, Западен Балкан останува регион на латентна нестабилност, каде организираниот криминал, корупцијата и слабото судство се широко распространети, сметаат германски парламентраци.

Во регионот, како што се нагласува, се уште опстојуваат и етничките и верските прашања.

Во сопствен интерес на ЕУ е шесте држави од Западен Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија - кои сè уште не се членки на ЕУ, но се директно опкружени со земји-членки на ЕУ, да постигнат долгорочна стабилност, владеење на правото, мирно решавање на споровите, цврсти демократски структури и економски просперитет. За да се случи тоа, овие земји мора да се влучат во ЕУ, стои во документот за кој во четврток ќе се расправата и ќе се гласа во германскиот Бундестаг.

 

The post Бундестагот ќе донесе резолуција за поддршка на членството на Македонија во ЕУ и потврда на македонскиот јазик и идентитет appeared first on Република.

]]>

Германскиот Биндестаг в четврток ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет. Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП. Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан. Германски пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок“. Покрај тоа, се предлага со земјите кандидати да се договорат меѓучекори за поблиски врски со ЕУ на патот кон ЕУ, како што е асоцијативното членство во заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика без право на глас и начин за пристапување кон внатрешен пазар на ЕУ во замена за реформи и спроведување на критериумите од Копенхаген, како и напредок во владеењето на правото. Се бара категорично да биде одбиено секое поместувањата на границите на земјите од Западен Балкан, како и нивно приклучување во НАТО, засилена борба против корупцијата, продолжување на „Берлинскиот процес“ за регионална соработка и реформи во рамките на ЕУ за да се обезбеди нејзиниот иден капацитет за прием на нови членки. Германскиот Бундестаг заедно со трите Берлински универзитети секоја година доделува стипендии на дипломирани младинци да учествуваат во петмесечна програма за запознавање со политичкото одлуч Во документите предложени во Бундестагот се вели и дека Западен Балкан останува „регион на латентна нестабилност“.
Руската агресивна војна против Украина ја истакна ранливоста на границите во срцето на Европа, како и фактот дека замрзнатите или наводно просторно ограничените конфликти можат брзо да ескалираат и да се шират. Ваквите конфликти ја загрозуваат стабилноста и интересите на ЕУ. И покрај големиот напредок во последните децении, Западен Балкан останува регион на латентна нестабилност, каде организираниот криминал, корупцијата и слабото судство се широко распространети, сметаат германски парламентраци.
Во регионот, како што се нагласува, се уште опстојуваат и етничките и верските прашања. Во сопствен интерес на ЕУ е шесте држави од Западен Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија - кои сè уште не се членки на ЕУ, но се директно опкружени со земји-членки на ЕУ, да постигнат долгорочна стабилност, владеење на правото, мирно решавање на споровите, цврсти демократски структури и економски просперитет. За да се случи тоа, овие земји мора да се влучат во ЕУ, стои во документот за кој во четврток ќе се расправата и ќе се гласа во германскиот Бундестаг.  

The post Бундестагот ќе донесе резолуција за поддршка на членството на Македонија во ЕУ и потврда на македонскиот јазик и идентитет appeared first on Република.

]]>
МНР: Резолуцијата на СЕ е базирана врз наодите и препораките на мислењето на независните експерти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-rezolutsijata-na-se-e-bazirana-vrz-naodite-i-preporakite-na-misleneto-na-nezavisnite-eksperti/ Wed, 08 Feb 2023 18:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=606646

Македонија останува и во иднина посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, независно за која етничка заедница станува збор, отворена за соработка и дијалог со релевантните механизми за човекови права. Тоа го порача Министерството за надворешни работи откако денеска Комитетот на министри при Советот на Европа, усвои Резолуција за Македонија со која е комплетиран петтиот циклус на редовна евалуација на земјава во однос на спроведувањето на обврските преземени со пристапувањето кон Рамковната конвенција за национални малцинства.

Во процесот на усвојувањето на Резолуцијата, беа поднесените бројни амандмани од друга заинтересирана делегација кои не наидоа на поддршка од мнозинството земји членки на Совет на Европа. Помеѓу останатото, аргументацијата на високото мнозинството претставници е дека ваквите процеси не треба да бидат прекумерно политизирани и билатерализирани, туку треба да се засноваат на духот и принципите на меѓународното право и стандарди, како и објективните наоди на независните експерти кои рефлектираат на реалната состојба. Македонија останува и во иднина посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, независно за која етничка заедница станува збор, и отворена за соработка и дијалог со релевантните механизми за човекови права, стои во соопштението на МНР.

Мониторинг процесот, кој трае определен период и низ кој циклично на пет години поминува секоја земја-договорна страна на Конвенцијата, кулминира со усвојување Резолуција од Комитетот на министри. Резолуцијата, наведуваат од МНР, е базирана врз наодите и препораките на Мислењето на независните експерти на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за национални малцинства, кои меѓу другото, остварија и посета на земјава во ноември 2021 година. Мислењето е објавено на интернет страницата на Совет на Европа во септември минатата година.

Како што претходно објави МИА, во Резолуцијата на Комитетот на министрите на СЕ за спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во земјава, меѓу другото, се бара промовирање на интегрирано општество кое се заснова на почит и доверба меѓу различните заедници, а во насока, пред се, да се зголемат напорите за спречување случаи на кршење на човековите права на Ромите од страна на полицијата и да се подобри пристапот на децата Роми до квалитетно образование. Исто така, да се обезбеди Ромите во пракса да имаат пристап до законски гарантираните бесплатни здравствени услуги, а посебно внимание да се посвети на пристапот до услуги и информации за репродуктивното здравје за жените Ромки.

Во усвоената Резолуција никаде не се споменува бугарското малцинство во државава.

The post МНР: Резолуцијата на СЕ е базирана врз наодите и препораките на мислењето на независните експерти appeared first on Република.

]]>

Македонија останува и во иднина посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, независно за која етничка заедница станува збор, отворена за соработка и дијалог со релевантните механизми за човекови права. Тоа го порача Министерството за надворешни работи откако денеска Комитетот на министри при Советот на Европа, усвои Резолуција за Македонија со која е комплетиран петтиот циклус на редовна евалуација на земјава во однос на спроведувањето на обврските преземени со пристапувањето кон Рамковната конвенција за национални малцинства.
Во процесот на усвојувањето на Резолуцијата, беа поднесените бројни амандмани од друга заинтересирана делегација кои не наидоа на поддршка од мнозинството земји членки на Совет на Европа. Помеѓу останатото, аргументацијата на високото мнозинството претставници е дека ваквите процеси не треба да бидат прекумерно политизирани и билатерализирани, туку треба да се засноваат на духот и принципите на меѓународното право и стандарди, како и објективните наоди на независните експерти кои рефлектираат на реалната состојба. Македонија останува и во иднина посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, независно за која етничка заедница станува збор, и отворена за соработка и дијалог со релевантните механизми за човекови права, стои во соопштението на МНР.
Мониторинг процесот, кој трае определен период и низ кој циклично на пет години поминува секоја земја-договорна страна на Конвенцијата, кулминира со усвојување Резолуција од Комитетот на министри. Резолуцијата, наведуваат од МНР, е базирана врз наодите и препораките на Мислењето на независните експерти на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за национални малцинства, кои меѓу другото, остварија и посета на земјава во ноември 2021 година. Мислењето е објавено на интернет страницата на Совет на Европа во септември минатата година. Како што претходно објави МИА, во Резолуцијата на Комитетот на министрите на СЕ за спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во земјава, меѓу другото, се бара промовирање на интегрирано општество кое се заснова на почит и доверба меѓу различните заедници, а во насока, пред се, да се зголемат напорите за спречување случаи на кршење на човековите права на Ромите од страна на полицијата и да се подобри пристапот на децата Роми до квалитетно образование. Исто така, да се обезбеди Ромите во пракса да имаат пристап до законски гарантираните бесплатни здравствени услуги, а посебно внимание да се посвети на пристапот до услуги и информации за репродуктивното здравје за жените Ромки. Во усвоената Резолуција никаде не се споменува бугарското малцинство во државава.

The post МНР: Резолуцијата на СЕ е базирана врз наодите и препораките на мислењето на независните експерти appeared first on Република.

]]>
Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-senatot-na-sad-donesena-rezolucija-spored-koja-dejstvata-na-rusija-vo-ukraina-se-priznavaat-za-genocid/ Wed, 07 Dec 2022 21:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=583163

Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија, денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид.

Со своите акции и зборови Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од лицето на земјата украинскиот народ. Јас лично ја видов таа жестокост во Ирпен и во Киевска област, изјави Раш.

Тој додаде дека „оваа резолуција го осудува продолжителниот геноцид против украинскиот народ, ја повикува владата на САД да работи со нашите сојузници за да се спречат идни чинови на геноцид и ги подржува истрагите за виновните за тие ужасни злосторства да бидат повикани на одговорност“.

Треба да продолжиме да правиме се што можеме за да го поддржиме украинскиот народ во неговата борба за опстанок, рече Раш.

Според Кардин, „злосторствата извршени против украинскиот народ во текот на оваа незаконска и неиспровоцирана војна на Путин, противречат на безброј меѓународни конвенции и можат да бидат окарактеризирани само како геноцид“.

Резолуцијата исто така поддржува „формирање трибунали и спроведување меѓународни кривични истраги за да се повикаат на одговорност руските политички лидери и војници за агресивната војна, воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцид“.

Исто така, Резолуцијата го повикува претседателот на САД „да ги искористи санкциите во рамките на Глобалниот закон Магнитски, а против оние кои се одговорни за реализиацијата на геноцидот на Русија во Украина или соучесниците“.

The post Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид appeared first on Република.

]]>

Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија, денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид.
Со своите акции и зборови Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од лицето на земјата украинскиот народ. Јас лично ја видов таа жестокост во Ирпен и во Киевска област, изјави Раш.
Тој додаде дека „оваа резолуција го осудува продолжителниот геноцид против украинскиот народ, ја повикува владата на САД да работи со нашите сојузници за да се спречат идни чинови на геноцид и ги подржува истрагите за виновните за тие ужасни злосторства да бидат повикани на одговорност“.
Треба да продолжиме да правиме се што можеме за да го поддржиме украинскиот народ во неговата борба за опстанок, рече Раш.
Според Кардин, „злосторствата извршени против украинскиот народ во текот на оваа незаконска и неиспровоцирана војна на Путин, противречат на безброј меѓународни конвенции и можат да бидат окарактеризирани само како геноцид“. Резолуцијата исто така поддржува „формирање трибунали и спроведување меѓународни кривични истраги за да се повикаат на одговорност руските политички лидери и војници за агресивната војна, воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцид“. Исто така, Резолуцијата го повикува претседателот на САД „да ги искористи санкциите во рамките на Глобалниот закон Магнитски, а против оние кои се одговорни за реализиацијата на геноцидот на Русија во Украина или соучесниците“.

The post Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид appeared first on Република.

]]>
На неколку јазици објавена Резолуцијата за правата на Македонците во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-nekolku-jazici-objavena-rezolucijata-za-pravata-na-makedoncite-vo-albanija/ Tue, 25 Oct 2022 16:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=565568

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), ја објави Резолуцијата со која се поддржуваат Македонците во Албанија во барањата за надминување на проблемите со кои се соочуваат.

Резолуцијата беше предложена од македонското друштво „Илинден“ – Тирана и едногласно усвоена на 66-от Конгрес што се одржуваше од 29 септември до први октомври во Берлин, Сојузна Република Германија.

Во документот објавен на англиски, германски и руски јазик, ФУЕН ја поздравува одлуката на Собранието на Република Албанија за формирање специјална парламентарна комисија за административно-територијални реформи и бара од комисијата да го поддржи формирањето општини Голо Брдо и Гора.

Во областа Голо Брдо, претходно постоечките општини сега административни единици, Требиште и Острени се дел од општина Булќиза, додека Стеблева е дел од општината Либражд. Во областа Гора, административните единици, Шиштавец и Запот се дел од општина Кукс. Областите Голо Брдо и Гора се населена со македонско национално малцинство и има посебни карактеристики. Со формирањето на општините Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Истовремено, ќе се зајакне економијата на жителите и ќе се овозможи развој на двете областите, стои во документот.

Исто така ФУЕН ја повикува Владата на Република Албанија да го почитува Законот за малцинства, донесен на 13 октомври 2017 година и да донесе пропис предвиден во овој закон, со оглед на тоа што поминаа пет години од донесувањето на Законот за националните малцинства, а до сега не е ништо направено.

Го повикува владиниот комесар за заштита од дискриминација да работи на конкретно спроведување на сите прописи од Законот за малцинствата во Албанија, а од Владата да го прогласи 21 мај – Светски ден на културната различност за дијалог и развој, за национален празник – Ден на националните малцинства во Република Албанија, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото „Илинден“.

Додава дека, според одлуката донесена на Конгресот, ФУЕН Резолуцијата ќе ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот, комитетот за национални малцинства, комесарот за заштита од дискриминација, амбасади и меѓународните институции.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. Тоа е редовен учесник на Конгресите на унијата.

The post На неколку јазици објавена Резолуцијата за правата на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), ја објави Резолуцијата со која се поддржуваат Македонците во Албанија во барањата за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Резолуцијата беше предложена од македонското друштво „Илинден“ – Тирана и едногласно усвоена на 66-от Конгрес што се одржуваше од 29 септември до први октомври во Берлин, Сојузна Република Германија. Во документот објавен на англиски, германски и руски јазик, ФУЕН ја поздравува одлуката на Собранието на Република Албанија за формирање специјална парламентарна комисија за административно-територијални реформи и бара од комисијата да го поддржи формирањето општини Голо Брдо и Гора.
Во областа Голо Брдо, претходно постоечките општини сега административни единици, Требиште и Острени се дел од општина Булќиза, додека Стеблева е дел од општината Либражд. Во областа Гора, административните единици, Шиштавец и Запот се дел од општина Кукс. Областите Голо Брдо и Гора се населена со македонско национално малцинство и има посебни карактеристики. Со формирањето на општините Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Истовремено, ќе се зајакне економијата на жителите и ќе се овозможи развој на двете областите, стои во документот.
Исто така ФУЕН ја повикува Владата на Република Албанија да го почитува Законот за малцинства, донесен на 13 октомври 2017 година и да донесе пропис предвиден во овој закон, со оглед на тоа што поминаа пет години од донесувањето на Законот за националните малцинства, а до сега не е ништо направено.
Го повикува владиниот комесар за заштита од дискриминација да работи на конкретно спроведување на сите прописи од Законот за малцинствата во Албанија, а од Владата да го прогласи 21 мај – Светски ден на културната различност за дијалог и развој, за национален празник – Ден на националните малцинства во Република Албанија, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото „Илинден“.
Додава дека, според одлуката донесена на Конгресот, ФУЕН Резолуцијата ќе ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот, комитетот за национални малцинства, комесарот за заштита од дискриминација, амбасади и меѓународните институции. Македонско друштво „Илинден“-Тирана е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. Тоа е редовен учесник на Конгресите на унијата.

The post На неколку јазици објавена Резолуцијата за правата на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>