Резолуција за Сребреница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rezolucija-za-srebrenica/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 11:50:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Резолуција за Сребреница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rezolucija-za-srebrenica/ 32 32 Амбасадорката на Бугарија во ОН не го послушала премиерот да биде воздржана за Резолуцијата за Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ambasadorkata-na-bugarija-vo-on-ne-go-poslushala-premierot-da-bide-vozdrzhana-za-rezolutsijata-za-srebrenitsa/ Fri, 31 May 2024 19:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=783551

Бугарскиот премиер Дмитар Главчев н испратил писмо до постојаниот претставник на Бугарија во ОН, Лачезара Стоева, во кое бара од неа да се воздржи, но таа гласала „за“, бидејќи,  „промената на ставот на Бугарија, која е коавтор на резолуцијата, ќе влијаело на угледот на земјата“, дознаваат Новости.

И претседателот на Србија Александар Вучиќ пред неколку дена изјави дека со Бугарија било договорено да гласа воздржано но оти нешто се сменило во последен момент.

https://republika.mk/vesti/balkan/ne-bila-samo-makedonija-vuchik-se-razocharal-i-kako-glasala-bugarija-vo-on/

The post Амбасадорката на Бугарија во ОН не го послушала премиерот да биде воздржана за Резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Дмитар Главчев н испратил писмо до постојаниот претставник на Бугарија во ОН, Лачезара Стоева, во кое бара од неа да се воздржи, но таа гласала „за“, бидејќи,  „промената на ставот на Бугарија, која е коавтор на резолуцијата, ќе влијаело на угледот на земјата“, дознаваат Новости. И претседателот на Србија Александар Вучиќ пред неколку дена изјави дека со Бугарија било договорено да гласа воздржано но оти нешто се сменило во последен момент. https://republika.mk/vesti/balkan/ne-bila-samo-makedonija-vuchik-se-razocharal-i-kako-glasala-bugarija-vo-on/

The post Амбасадорката на Бугарија во ОН не го послушала премиерот да биде воздржана за Резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>
Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/frchkoski-e-trebashe-da-se-konsultira-i-so-mene-ne-samo-so-osmani-za-glasaneto-vo-oon-za-rezolutsijata-za-srebrenitsa-veli-pretsedatelkata-gordana-silanovska-davkova/ Tue, 28 May 2024 18:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=782512

Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова е со став дека амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.

– Во меѓународната политика има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата – рече претседателката.

Таа потенцира дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот.

Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи.

Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што, како што, кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.

The post Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова. За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова е со став дека амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.
– Во меѓународната политика има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата – рече претседателката.
Таа потенцира дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот. Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи. Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што, како што, кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.

The post Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Џабе Фрчковски и Османи гласаа „За“: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dhabe-frchkovski-i-osmani-glasaa-za-rezolutsijata-za-srebrenitsa-ne-e-pravno-obvrzuvachka/ Sun, 26 May 2024 11:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=781797

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, по повод усвоената резолуција за Сребреница во Генералното собрание на ОН, изјави дека ќе се применува во согласност со тоа која земја како гласала, бидејќи не е усвоена со консензус, јави дописникот на МИА од Белград.

- Оваа резолуција не е правно обврзувачка, единствената придобивка за оние што ја предложија е што 11 јули ќе биде на агендата и обележана од ОН, изјави Дачиќ.

Тој рече дека никој не ја информирал Србија за тоа што се подготвува и дека е сосема нормално да се разговара за тоа една година, да се бара некакво решение или формулација што би можело да биде прифатливо.

- Ние бевме свесни дека ова ќе биде тешка борба, односно дека тие што ја предлагаат резолуцијата сигурно нема да дозволат да загубат од Србија и нема ни да влегуваат во такво нешто доколку не се сигурни на доволен број гласови, додаде Дачиќ.

Коментирајќи ги резултатите од гласањето и фактот дека предлагачите добија помалку од очекуваните две третини од гласовите, Дачиќ рече дека Србија дури и не целела на оние кои се против да надвладеат над оние кои се за, бидејќи таков е гласачкиот систем, но дека имале за цел бројот на земји кои се против и воздржани да биде поголем од бројот на оние кои се за.

Дачиќ рече дека додека бил министер за надворешни работи разговарал со 73 министри и дека некои земји гласале поинаку од она што го најавиле, наведувајќи ја Гвинеја-Бисао која гласала за резолуцијата.

https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-tseliot-tekst-na-rezolutsijata-za-genotsid-vo-srebrenitsa/

Кога станува збор за Украина, тој изјави дека мисли оти Германија отворено и се заканила на Украина дека ќе ја прекине воената помош, за да гласа „за“.

- Имате ситуација кога Украина и Молдавија се единствените две земји од поранешниот Советски Сојуз кои гласаа за оваа резолуција. Сите други беа воздржани, а Русија и Белорусија беа против, рече Дачиќ.

Тој оцени дека предлагачите и оние кои гласале за резолуцијата се разочарани од тоа што имало повеќе воздржани и оние кои биле против, додавајќи дека ја потцениле српската дипломатија и силата на Србија.

Посочи дека од земјите што гласале за - 40 биле од Европа и од Запад, а мал дел надвор од Европа.

Претставниците на 84 земји гласаа за резолуцијата, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и која го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, вклучително и сите земји од Квинта, голем број членки на ЕУ и сите поранешни југословенски републики освен Србија.

Против резолуцијата гласаа 19 земји - Србија, Унгарија, Кина, Русија, Белорусија, Куба, Северна Кореја, Сирија, ДР Конго, Никарагва, Доминика, Еритреја, Есватини, Гренада, Мали, Науру, Сао Томе и Принципе, Антигва и Барбуда, Комори.

Воздржани беа 68 земји, меѓу кои Грција, Словачка, Кипар, Ерменија, Грузија, Индија, Бразил, Аргентина, Мексико, ОАЕ, Алжир и Ангола. Меѓу земјите кои не гласаа се Израел, Азербејџан, Венецуела и други

The post Џабе Фрчковски и Османи гласаа „За“: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, по повод усвоената резолуција за Сребреница во Генералното собрание на ОН, изјави дека ќе се применува во согласност со тоа која земја како гласала, бидејќи не е усвоена со консензус, јави дописникот на МИА од Белград.
- Оваа резолуција не е правно обврзувачка, единствената придобивка за оние што ја предложија е што 11 јули ќе биде на агендата и обележана од ОН, изјави Дачиќ.
Тој рече дека никој не ја информирал Србија за тоа што се подготвува и дека е сосема нормално да се разговара за тоа една година, да се бара некакво решение или формулација што би можело да биде прифатливо.
- Ние бевме свесни дека ова ќе биде тешка борба, односно дека тие што ја предлагаат резолуцијата сигурно нема да дозволат да загубат од Србија и нема ни да влегуваат во такво нешто доколку не се сигурни на доволен број гласови, додаде Дачиќ.
Коментирајќи ги резултатите од гласањето и фактот дека предлагачите добија помалку од очекуваните две третини од гласовите, Дачиќ рече дека Србија дури и не целела на оние кои се против да надвладеат над оние кои се за, бидејќи таков е гласачкиот систем, но дека имале за цел бројот на земји кои се против и воздржани да биде поголем од бројот на оние кои се за. Дачиќ рече дека додека бил министер за надворешни работи разговарал со 73 министри и дека некои земји гласале поинаку од она што го најавиле, наведувајќи ја Гвинеја-Бисао која гласала за резолуцијата. https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-tseliot-tekst-na-rezolutsijata-za-genotsid-vo-srebrenitsa/ Кога станува збор за Украина, тој изјави дека мисли оти Германија отворено и се заканила на Украина дека ќе ја прекине воената помош, за да гласа „за“.
- Имате ситуација кога Украина и Молдавија се единствените две земји од поранешниот Советски Сојуз кои гласаа за оваа резолуција. Сите други беа воздржани, а Русија и Белорусија беа против, рече Дачиќ.
Тој оцени дека предлагачите и оние кои гласале за резолуцијата се разочарани од тоа што имало повеќе воздржани и оние кои биле против, додавајќи дека ја потцениле српската дипломатија и силата на Србија. Посочи дека од земјите што гласале за - 40 биле од Европа и од Запад, а мал дел надвор од Европа. Претставниците на 84 земји гласаа за резолуцијата, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и која го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, вклучително и сите земји од Квинта, голем број членки на ЕУ и сите поранешни југословенски републики освен Србија. Против резолуцијата гласаа 19 земји - Србија, Унгарија, Кина, Русија, Белорусија, Куба, Северна Кореја, Сирија, ДР Конго, Никарагва, Доминика, Еритреја, Есватини, Гренада, Мали, Науру, Сао Томе и Принципе, Антигва и Барбуда, Комори. Воздржани беа 68 земји, меѓу кои Грција, Словачка, Кипар, Ерменија, Грузија, Индија, Бразил, Аргентина, Мексико, ОАЕ, Алжир и Ангола. Меѓу земјите кои не гласаа се Израел, Азербејџан, Венецуела и други

The post Џабе Фрчковски и Османи гласаа „За“: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка appeared first on Република.

]]>
Европскитe медиуми признаваат дека Резолуцијата за Сребреница доживеа неуспех https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskit-medumi-priznavaat-deka-rezolutsijata-za-srebrenitsa-dozhivea-neuspeh/ Sat, 25 May 2024 18:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=781701

Усвојувањето на резолуцијата на ОН за геноцидот на Сребреница е „дипломатско фијаско“ за Западот, тоа е „национална жешка тема и нешто најдобро што можеше да му се случи на претседателот Александар Вучиќ во овој момент“, тоа беше и „изнуден чин на поделената меѓународна заедница“, се оценки на медиумите во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ смета дека на внатрешен план, со оглед на тоа што на 2 јуни ќе се одржат избори во Србија, на Вучиќ му одговора изгубеното гласање во ОН и гневот што го предизвика против Германија.

Францускиот весник „Монд“ оценува дека усвојувањето на резолуцијата во ГС на ОН за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница „е изнуден чин на поделената меѓународна заедница бидејќи изгласувањето на резолуцијата била далеку од едногласна."

„Монд“ истакнува дека „досега тоа е единствената резолуција, по оние за геноцидот во Руанда во 2003 година и холокаустот во 2005 година, која не беше прифатена од мнозинството членки на ОН, иако во неа не се ни споменува одговорност на Србија“.

Парискиот весник сугерира дека тоа „претставува дополнителен симптом на владејачката поделба во Генералното собрание на ОН“ и „туркањето на страна на важноста на западниот блок повеќе не е табу во Њујорк“.

Германскиот портал „Дојче веле“ ја пренесува анализата на швајцарската радио-телевизија СРФ дека резолуцијата е донесена „по тешка борба и претставува дипломатско фијаско“.

- Усвојувањето не е со убедлив резултат. Тоа е шлаканица за Западот кој најмногу ја поддржа одлуката, објави швајцарското радио и телевизија.

СФР додава дека Вучиќ жестоко ги нападнал поддржувачите на резолуцијата, кои ги опишал како „моќни, големи, арогантни“. Тој ги праша дали резолуцијата ќе донесе помирување и веднаш одговори: „Не“, додавајќи дека „тоа носи раздор“.

- Дебатата што се одржуваше со недели пред и зад сцената на ОН беше сè само не помирлива, пишува швајцарскиот СРФ. Многу државни делегации ги обвинија иницијаторите дека не преговарале транспарентно и дека не биле доволно упорни во барањето консензус.

Во анализата се подвлекува дека моментот за гласање на резолуцијата бил „крајно несреќен“ затоа што „сега се занимаваме со геноцидот што се случил пред 29 години, додека во Газа се вршат воени злосторства“.

СРФ заклучува дека сето тоа „уште еднаш покажува колку длабоки се поделбите во ОН и колку малку воља има да во обидите да се надминат“

The post Европскитe медиуми признаваат дека Резолуцијата за Сребреница доживеа неуспех appeared first on Република.

]]>

Усвојувањето на резолуцијата на ОН за геноцидот на Сребреница е „дипломатско фијаско“ за Западот, тоа е „национална жешка тема и нешто најдобро што можеше да му се случи на претседателот Александар Вучиќ во овој момент“, тоа беше и „изнуден чин на поделената меѓународна заедница“, се оценки на медиумите во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград. Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ смета дека на внатрешен план, со оглед на тоа што на 2 јуни ќе се одржат избори во Србија, на Вучиќ му одговора изгубеното гласање во ОН и гневот што го предизвика против Германија. Францускиот весник „Монд“ оценува дека усвојувањето на резолуцијата во ГС на ОН за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница „е изнуден чин на поделената меѓународна заедница бидејќи изгласувањето на резолуцијата била далеку од едногласна." „Монд“ истакнува дека „досега тоа е единствената резолуција, по оние за геноцидот во Руанда во 2003 година и холокаустот во 2005 година, која не беше прифатена од мнозинството членки на ОН, иако во неа не се ни споменува одговорност на Србија“. Парискиот весник сугерира дека тоа „претставува дополнителен симптом на владејачката поделба во Генералното собрание на ОН“ и „туркањето на страна на важноста на западниот блок повеќе не е табу во Њујорк“. Германскиот портал „Дојче веле“ ја пренесува анализата на швајцарската радио-телевизија СРФ дека резолуцијата е донесена „по тешка борба и претставува дипломатско фијаско“.
- Усвојувањето не е со убедлив резултат. Тоа е шлаканица за Западот кој најмногу ја поддржа одлуката, објави швајцарското радио и телевизија.
СФР додава дека Вучиќ жестоко ги нападнал поддржувачите на резолуцијата, кои ги опишал како „моќни, големи, арогантни“. Тој ги праша дали резолуцијата ќе донесе помирување и веднаш одговори: „Не“, додавајќи дека „тоа носи раздор“.
- Дебатата што се одржуваше со недели пред и зад сцената на ОН беше сè само не помирлива, пишува швајцарскиот СРФ. Многу државни делегации ги обвинија иницијаторите дека не преговарале транспарентно и дека не биле доволно упорни во барањето консензус.
Во анализата се подвлекува дека моментот за гласање на резолуцијата бил „крајно несреќен“ затоа што „сега се занимаваме со геноцидот што се случил пред 29 години, додека во Газа се вршат воени злосторства“. СРФ заклучува дека сето тоа „уште еднаш покажува колку длабоки се поделбите во ОН и колку малку воља има да во обидите да се надминат“

The post Европскитe медиуми признаваат дека Резолуцијата за Сребреница доживеа неуспех appeared first on Република.

]]>
Милановиќ: Во Разолуцијата за Сребреница нема ни збор за Србија или Србите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milanovik-vo-razolutsijata-za-srebrenitsa-nema-ni-zbor-za-srbija-ili-srbite/ Sat, 25 May 2024 07:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=781566

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ потенцираше дека во Резолуцијата за геноцидот во Сребреница на Обединетите нации не се ни споменуваат Србите.

Се обидувам да им кажам на сите политички Срби и Срби во политиката дека Резолуцијата за Сребреница не ги допира ниту Србите, српството или Србија, поточо нема ниту збор за Србите. Ако тоа им пречи или пак сметаат дека е газење, искоренување и трауматизирање на Србите, тогаш утре ќе им пречи облачен ден, рече Милановиќ во Света Недела, коментирајќи ја усвоената резолуција на Обединетите нации за геноцидот во Сребреница.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-najmnogu-me-pogodi-shto-makedonija-glasashe-za-srebrenitsa-iako-znam-deka-ke-rechat-deka-toa-se-albantsite/

Тој додаде дека „во Сребреница се случи страшно злосторство, судот го нарече геноцид“.

Ништо не може да го смени фактот дека една манијакална група убијци уби илјадници луѓе, главно мажи од сите возрасти, и тоа секогаш ќе остане така. Мислам дека е време да го затвориме ова и да почнеме нормално да живееме во Босна и Херцеговина, бидејќи оваа мисија за отцепување е невозможна, рече Милановиќ, пренесе неговата прес-служба во соопштението.

Тој нагласи дека Република Српска не може да се отцепи од Босна и Херцеговина и дека „се прави голема врева без добра причина“.

Милановиќ ја критикуваше хрватската влада дека не се консултирала со него за резолуцијата за Сребреница, бидејќи тоа се бара според Уставот.

Тој оцени дека начинот на кој Хрватска ја ко-спонзорирала резолуцијата за Сребреница е неуставен.

Не ја оспорувам содржината и би ја поддржал, но тоа е направено зад мој грб, без консултации и дискусии, нагласи хрватскиот претседател.

Тој повтори дека сите тие се одлуки кои според Уставот не смее да ги носи владата без претседателот.

The post Милановиќ: Во Разолуцијата за Сребреница нема ни збор за Србија или Србите appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ потенцираше дека во Резолуцијата за геноцидот во Сребреница на Обединетите нации не се ни споменуваат Србите.
Се обидувам да им кажам на сите политички Срби и Срби во политиката дека Резолуцијата за Сребреница не ги допира ниту Србите, српството или Србија, поточо нема ниту збор за Србите. Ако тоа им пречи или пак сметаат дека е газење, искоренување и трауматизирање на Србите, тогаш утре ќе им пречи облачен ден, рече Милановиќ во Света Недела, коментирајќи ја усвоената резолуција на Обединетите нации за геноцидот во Сребреница.
https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-najmnogu-me-pogodi-shto-makedonija-glasashe-za-srebrenitsa-iako-znam-deka-ke-rechat-deka-toa-se-albantsite/ Тој додаде дека „во Сребреница се случи страшно злосторство, судот го нарече геноцид“.
Ништо не може да го смени фактот дека една манијакална група убијци уби илјадници луѓе, главно мажи од сите возрасти, и тоа секогаш ќе остане така. Мислам дека е време да го затвориме ова и да почнеме нормално да живееме во Босна и Херцеговина, бидејќи оваа мисија за отцепување е невозможна, рече Милановиќ, пренесе неговата прес-служба во соопштението.
Тој нагласи дека Република Српска не може да се отцепи од Босна и Херцеговина и дека „се прави голема врева без добра причина“. Милановиќ ја критикуваше хрватската влада дека не се консултирала со него за резолуцијата за Сребреница, бидејќи тоа се бара според Уставот. Тој оцени дека начинот на кој Хрватска ја ко-спонзорирала резолуцијата за Сребреница е неуставен.
Не ја оспорувам содржината и би ја поддржал, но тоа е направено зад мој грб, без консултации и дискусии, нагласи хрватскиот претседател.
Тој повтори дека сите тие се одлуки кои според Уставот не смее да ги носи владата без претседателот.

The post Милановиќ: Во Разолуцијата за Сребреница нема ни збор за Србија или Србите appeared first on Република.

]]>
Како гласаше регионот за резолуцијата за Сребреница: Грција воздржана, Maкедонија,Црна Гора и Хрватска за, Унгарија против https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/samo-84-od-191-chlenki-na-on-ja-poddrzhaa-rezolutsijata-za-genotsid-vo-srebrenitsa-megu-niv-i-makedonija/ Thu, 23 May 2024 19:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=781285

Резолуцијата за Сребреница беше усвоена денеска на седницата на Генералното заседание на Обединетите нации со само 84 гласа „за“, меѓу нив и Македонија, 19 гласа „против“, додека 68 земји беа воздржани, вкупниот број гласови против и воздржани беше 87. Право на глас имаа 191 земја членка на ОН.

Според тооа, само 43 отсто од земјите во светот гласаа за Сребреница, додека 57 беа против или воздржани!

Земји кои гласаа против: Антигва и Барбуда, Белорусија, Кина, Коморите, Куба, Демократска Република Конго, Северна Кореја, Доминиканската Република, Еритреја, Есватини, Гренада, Унгарија, Мали, Никарагва, Руската Федерација, Сао Томе и Принципе, Науру , Сирија и секако Србија.

Земји кои се воздржаа: Алжир, Ангола, Аргентина, Ерменија, Бахамите, Бахреин, Барбадос, Бенин, Бутан, Боцвана, Бразил, Бурунди, Камбоџа, Камерун, Конго, Брегот на Слоновата Коска, Кипар, Доминиканска Република, Екваторијална Гвинеја, Етиопија, Габон, Грузија , Гана, Грција, Гватемала, Гвинеја, Хаити, Хондурас, Индија, Јамајка, Казахстан, Кенија, Кирибати, Лаос, Либан, Лесото, Мадагаскар, Малдиви, Мексико, Монголија, Мозамбик, Намибија, Непал, Нигерија, Оман, Панама, Папуа Нова Гвинеја, Парагвај, Перу, Филипини, Свети Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Сејшели, Словачка, Соломонски Острови, Јужен Судан, Шри Ланка, Судан, Суринам, Таџикистан, Тајланд, Того, Тринидад и Тобаго, Тувалу, Уганда, Обединетите Арапски Емирати, Виетнам.

The post Како гласаше регионот за резолуцијата за Сребреница: Грција воздржана, Maкедонија,Црна Гора и Хрватска за, Унгарија против appeared first on Република.

]]>

Резолуцијата за Сребреница беше усвоена денеска на седницата на Генералното заседание на Обединетите нации со само 84 гласа „за“, меѓу нив и Македонија, 19 гласа „против“, додека 68 земји беа воздржани, вкупниот број гласови против и воздржани беше 87. Право на глас имаа 191 земја членка на ОН. Според тооа, само 43 отсто од земјите во светот гласаа за Сребреница, додека 57 беа против или воздржани! Земји кои гласаа против: Антигва и Барбуда, Белорусија, Кина, Коморите, Куба, Демократска Република Конго, Северна Кореја, Доминиканската Република, Еритреја, Есватини, Гренада, Унгарија, Мали, Никарагва, Руската Федерација, Сао Томе и Принципе, Науру , Сирија и секако Србија. Земји кои се воздржаа: Алжир, Ангола, Аргентина, Ерменија, Бахамите, Бахреин, Барбадос, Бенин, Бутан, Боцвана, Бразил, Бурунди, Камбоџа, Камерун, Конго, Брегот на Слоновата Коска, Кипар, Доминиканска Република, Екваторијална Гвинеја, Етиопија, Габон, Грузија , Гана, Грција, Гватемала, Гвинеја, Хаити, Хондурас, Индија, Јамајка, Казахстан, Кенија, Кирибати, Лаос, Либан, Лесото, Мадагаскар, Малдиви, Мексико, Монголија, Мозамбик, Намибија, Непал, Нигерија, Оман, Панама, Папуа Нова Гвинеја, Парагвај, Перу, Филипини, Свети Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Сејшели, Словачка, Соломонски Острови, Јужен Судан, Шри Ланка, Судан, Суринам, Таџикистан, Тајланд, Того, Тринидад и Тобаго, Тувалу, Уганда, Обединетите Арапски Емирати, Виетнам.

The post Како гласаше регионот за резолуцијата за Сребреница: Грција воздржана, Maкедонија,Црна Гора и Хрватска за, Унгарија против appeared first on Република.

]]>
Амбасадорката на Германија во ОН која ја обвинува Србија за геноцид е родена во градот кој се прогласил за „град без Евреи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ambasadorkata-na-germanija-vo-on-koja-ja-obvinuva-srbija-za-genotsid-e-rodena-vo-gradot-koj-se-proglasil-za-grad-bez-evrei/ Thu, 23 May 2024 09:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=781083

Во времињата на кинење на страниците на историјата, извртување на факти и обиди да се создадат џелати од луѓето десеткувани во Првата и Втората светска војна, денес германската амбасадорка во Обединетите нации, Антје Лендерце, ќе има голема улога во ова сценарио.

Потомокот на народот кој влезе во двата најголеми глобални конфликти за да го исчисти светот од другите „човечки видови“ во својот воведен говор ќе зборува за резолуцијата за Сребреница, која става стигма на геноцид врз српскиот народ! Каква глупост, иронија и потсмев!, aнализира „Информер.рс“.

Постојаната претставничка на Германија во Обединетите нации, Антје Лендерце, која се истакнува во грозоморните обвинувања против српскиот народ за геноцид, е родена во град кој во 1942 година се прогласил за „град без Евреи“. Градот Моерс во Германија е прогласен за „град без Евреи“ (Јуденфреј), бидејќи нацистите ги убиле или ги однеле сите Евреи во концентрационен логор.

Извор: Informer.rs

The post Амбасадорката на Германија во ОН која ја обвинува Србија за геноцид е родена во градот кој се прогласил за „град без Евреи“ appeared first on Република.

]]>

Во времињата на кинење на страниците на историјата, извртување на факти и обиди да се создадат џелати од луѓето десеткувани во Првата и Втората светска војна, денес германската амбасадорка во Обединетите нации, Антје Лендерце, ќе има голема улога во ова сценарио. Потомокот на народот кој влезе во двата најголеми глобални конфликти за да го исчисти светот од другите „човечки видови“ во својот воведен говор ќе зборува за резолуцијата за Сребреница, која става стигма на геноцид врз српскиот народ! Каква глупост, иронија и потсмев!, aнализира „Информер.рс“. Постојаната претставничка на Германија во Обединетите нации, Антје Лендерце, која се истакнува во грозоморните обвинувања против српскиот народ за геноцид, е родена во град кој во 1942 година се прогласил за „град без Евреи“. Градот Моерс во Германија е прогласен за „град без Евреи“ (Јуденфреј), бидејќи нацистите ги убиле или ги однеле сите Евреи во концентрационен логор. Извор: Informer.rs

The post Амбасадорката на Германија во ОН која ја обвинува Србија за геноцид е родена во градот кој се прогласил за „град без Евреи“ appeared first on Република.

]]>
Напладне ќе бијат сите камбани низ Србија, „Ние не сме геноциден народ“ порачуваат тие https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/napladne-ke-bijat-site-kambani-niz-srbija-nie-ne-sme-genotsiden-narod-porachuvaat-tie/ Thu, 23 May 2024 09:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=781080

Генералното собрание на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Истовремено во Србија напладне по благослов на патријархот Порфириј ќе бијат камбаните во сите православни храмови, повикувајќи го „верниот народ на молитва, смиреност, меѓусебна солидарност и непоколебливост во правењето добро, и покрај целосно лажните и неправедни обвинувања на кои се изложени во ОН“, јави дописникот на МИА од Белград.

Патријархот Порфириј го повика српскиот православен народ да се обедини во молитва за правда и мир за сите народи, особено за оние со кои дели заедничка историја со векови.

Паралелно во Белград и градовите во Србија на билбордите е истакнат текстот „Ние не сме геноциден народ“- Горда Србија и Српска, а ист текст е поставен и на Кулата Белград.

Истиот текст на своите социјални мрежи го имаат поставено речиси сите претставници на државниот врв.

https://republika.mk/vesti/balkan/deneska-e-sednitsata-vo-on-dali-makedonija-ke-glasa-srbija-da-bide-genotsidna-drzhava/

Медиумите ги пренесуваат пораките на претседателот Александар Вучиќ и делегацијата од Њујорк за дипломатската борба во докажувањето дека Србите не се геноциден народ.

Вучиќ во Њујорк синоќа изјави дека при гласањето на резолуцијата за Сребреница „ќе се види кои се пријатели, а кои лажни пријатели на Србија“.

Утре ми е најтешкиот ден во политичка смисла откако станав претседател или премиер. За мене ова е Видовдан. Ќе видам дали ќе му се спротивставам на најголемиот, најмоќниот, најдрскиот, најнепромислениот, од кого во претходните неколку дена речиси сите побегнаа или се повлекоа уплашени од бруталните закани, рече Вучиќ.

Гласањето во ГС на ОН ќе биде во 16 часот.

The post Напладне ќе бијат сите камбани низ Србија, „Ние не сме геноциден народ“ порачуваат тие appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Истовремено во Србија напладне по благослов на патријархот Порфириј ќе бијат камбаните во сите православни храмови, повикувајќи го „верниот народ на молитва, смиреност, меѓусебна солидарност и непоколебливост во правењето добро, и покрај целосно лажните и неправедни обвинувања на кои се изложени во ОН“, јави дописникот на МИА од Белград. Патријархот Порфириј го повика српскиот православен народ да се обедини во молитва за правда и мир за сите народи, особено за оние со кои дели заедничка историја со векови. Паралелно во Белград и градовите во Србија на билбордите е истакнат текстот „Ние не сме геноциден народ“- Горда Србија и Српска, а ист текст е поставен и на Кулата Белград. Истиот текст на своите социјални мрежи го имаат поставено речиси сите претставници на државниот врв. https://republika.mk/vesti/balkan/deneska-e-sednitsata-vo-on-dali-makedonija-ke-glasa-srbija-da-bide-genotsidna-drzhava/ Медиумите ги пренесуваат пораките на претседателот Александар Вучиќ и делегацијата од Њујорк за дипломатската борба во докажувањето дека Србите не се геноциден народ. Вучиќ во Њујорк синоќа изјави дека при гласањето на резолуцијата за Сребреница „ќе се види кои се пријатели, а кои лажни пријатели на Србија“.
Утре ми е најтешкиот ден во политичка смисла откако станав претседател или премиер. За мене ова е Видовдан. Ќе видам дали ќе му се спротивставам на најголемиот, најмоќниот, најдрскиот, најнепромислениот, од кого во претходните неколку дена речиси сите побегнаа или се повлекоа уплашени од бруталните закани, рече Вучиќ.
Гласањето во ГС на ОН ќе биде во 16 часот.

The post Напладне ќе бијат сите камбани низ Србија, „Ние не сме геноциден народ“ порачуваат тие appeared first on Република.

]]>
Дали Македонија е меѓу нив? Министерката за надворешни работи на Германија вршела притисок врз некои земји да гласаат за геноцид во Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dali-makedonija-e-megu-niv-miniterkata-za-nadvoreshni-raboti-na-germanija-vrshela-pritisok-vrz-nekoi-zemji-da-glasaat-za/ Wed, 22 May 2024 17:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=780918

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок упатила закани до одредени земји за да гласаат за резолуцијата за Сребреница, дознава „Политика“.

Ова е само уште еден во низата притисоци да се донесе резолуција во Генералното собрание на ОН со која настаните во Сребреница се дефинираат како геноцид и се наметнува колективна одговорност врз српскиот народ.

Главни спонзори на резолуцијата се Германија и Руанда.

Извор politika.rs

The post Дали Македонија е меѓу нив? Министерката за надворешни работи на Германија вршела притисок врз некои земји да гласаат за геноцид во Сребреница appeared first on Република.

]]>

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок упатила закани до одредени земји за да гласаат за резолуцијата за Сребреница, дознава „Политика“. Ова е само уште еден во низата притисоци да се донесе резолуција во Генералното собрание на ОН со која настаните во Сребреница се дефинираат како геноцид и се наметнува колективна одговорност врз српскиот народ. Главни спонзори на резолуцијата се Германија и Руанда. Извор politika.rs

The post Дали Македонија е меѓу нив? Министерката за надворешни работи на Германија вршела притисок врз некои земји да гласаат за геноцид во Сребреница appeared first on Република.

]]>
Вучевиќ: Некој си поигрува со пожар на Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-nekoj-si-poigruva-so-pozhar-na-zapaden-balkan/ Wed, 22 May 2024 10:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=780803

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека притисоците од Западот да ја поддржат Резолуцијата за геноцидот во Сребреница се огромни и дека, како што наведе, „постојат индиции дека Грција, а можеби и Романија, ќе го сменат својот став“, јави дописникот на МИА од Белград.

Тешко им е на Србите да разберат дека Грците гласаат за ова, исто како што ни беше мачно да гледаме како Гркинка предлага влез на Косово во Советот на Европа, рече Вучевиќ, на телевизија Прва, во врска со апелот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Грција да се воздржи од гласање за резолуцијата во Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој оцени дека усвојувањето на резолуцијата ќе има последици и за Србија и за регионот на Западен Балкан, дека следен чекор е укинување на Република Српска и ревизија на Дејтонскиот спор, како и дека некој си поигрува со пожар на Западен Балкан.

Вучевиќ кажа дека „инженерите“ на резолуцијата намерно избрале за неа да гласаат од земји или народи блиски до Србите за дополнително да не понижат.

Резолуцијата го означува српскиот народ како геноциден, иако ние сме народ кој страда, рече тој.

Според него, амандманите на Црна Гора на резолуцијата „во суштина не менуваат ништо во неа, туку фрлаат прашина во очи“.

Не можеме да го запреме гласањето на таа резолуција, бидејќи таква е геополитиката, но за нас ќе биде голем успех ако мнозинството земји бидат против и се воздржат. Тоа ќе биде јасна порака до светот дека суштински потфрлија, иако формално ќе ја изгласаат, изјави премиерот Вучевиќ.

The post Вучевиќ: Некој си поигрува со пожар на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека притисоците од Западот да ја поддржат Резолуцијата за геноцидот во Сребреница се огромни и дека, како што наведе, „постојат индиции дека Грција, а можеби и Романија, ќе го сменат својот став“, јави дописникот на МИА од Белград.
Тешко им е на Србите да разберат дека Грците гласаат за ова, исто како што ни беше мачно да гледаме како Гркинка предлага влез на Косово во Советот на Европа, рече Вучевиќ, на телевизија Прва, во врска со апелот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Грција да се воздржи од гласање за резолуцијата во Генералното собрание на Обединетите нации.
Тој оцени дека усвојувањето на резолуцијата ќе има последици и за Србија и за регионот на Западен Балкан, дека следен чекор е укинување на Република Српска и ревизија на Дејтонскиот спор, како и дека некој си поигрува со пожар на Западен Балкан. Вучевиќ кажа дека „инженерите“ на резолуцијата намерно избрале за неа да гласаат од земји или народи блиски до Србите за дополнително да не понижат.
Резолуцијата го означува српскиот народ како геноциден, иако ние сме народ кој страда, рече тој.
Според него, амандманите на Црна Гора на резолуцијата „во суштина не менуваат ништо во неа, туку фрлаат прашина во очи“.
Не можеме да го запреме гласањето на таа резолуција, бидејќи таква е геополитиката, но за нас ќе биде голем успех ако мнозинството земји бидат против и се воздржат. Тоа ќе биде јасна порака до светот дека суштински потфрлија, иако формално ќе ја изгласаат, изјави премиерот Вучевиќ.

The post Вучевиќ: Некој си поигрува со пожар на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Шефот на српската дипломатија откри дека земјите кои сакаат да гласаат против Резолуцијата за Сребреница се соочуваат со голем притисок https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shefot-na-srpskata-diplomatija-otkri-deka-zemjite-koi-sakaat-da-glasaat-protiv-rezolutsijata-za-srebrenitsa-se-soochuvaat-so-golem-pritisok/ Tue, 21 May 2024 07:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=780332

- Министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ изјави дека делегацијата предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк прави максимални напори за Србија да добие најдобар можен резултат на седницата на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за Сребреница.

-Сигурно е дека тоа ќе биде силна дипломатска активност, сериозна борба. Притисокот со кој се соочуваме, не само ние, туку и земјите кои гласно се изјаснуваат против резолуцијата е огромен. Паралелно со нашите напори за лобирање, продолжуваат и притисоците на земјите кои се 20 пати посилни од Србија. Земјите кои се изјаснуваат против во одредени сегменти и ситуации се соочуваат со огромен притисок, изјави Ѓуриќ во соопштението на српското МНР.

Тој кажа дека во таа борба е вложен сиот кредибилитет што го има Србија, преку Движењето на неврзаните, добрата соработка и принципиелна политика.

Шефот на српската дипломатија рече и дека пред еден месец во Обединетите нации се чинеше дека резолуцијата е завршена работа, бидејќи никој не очекуваше некој да се осмели да се спротивстави на нешто што е замислено како политичка осуда на Србија и како создавање на морална стигма што ќе би ја носеле сегашните и идните генерации.

Неговиот впечаток е дека коспонзорите на резолуцијата не очекувале и не сакале сценарио во кое Србија активно се спротивставува и дека е убеден дека тоа ќе вроди со одредени плодови.

-Не би сакал претерано да ги зголемувам очекувањата, но сосема е сигурно дека работите не поминуваат и нема да се одвиваат онака како што замислиле авторите на овие резолуции, рече шефот на српската дипломатија

The post Шефот на српската дипломатија откри дека земјите кои сакаат да гласаат против Резолуцијата за Сребреница се соочуваат со голем притисок appeared first on Република.

]]>

- Министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ изјави дека делегацијата предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк прави максимални напори за Србија да добие најдобар можен резултат на седницата на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за Сребреница. -Сигурно е дека тоа ќе биде силна дипломатска активност, сериозна борба. Притисокот со кој се соочуваме, не само ние, туку и земјите кои гласно се изјаснуваат против резолуцијата е огромен. Паралелно со нашите напори за лобирање, продолжуваат и притисоците на земјите кои се 20 пати посилни од Србија. Земјите кои се изјаснуваат против во одредени сегменти и ситуации се соочуваат со огромен притисок, изјави Ѓуриќ во соопштението на српското МНР. Тој кажа дека во таа борба е вложен сиот кредибилитет што го има Србија, преку Движењето на неврзаните, добрата соработка и принципиелна политика. Шефот на српската дипломатија рече и дека пред еден месец во Обединетите нации се чинеше дека резолуцијата е завршена работа, бидејќи никој не очекуваше некој да се осмели да се спротивстави на нешто што е замислено како политичка осуда на Србија и како создавање на морална стигма што ќе би ја носеле сегашните и идните генерации. Неговиот впечаток е дека коспонзорите на резолуцијата не очекувале и не сакале сценарио во кое Србија активно се спротивставува и дека е убеден дека тоа ќе вроди со одредени плодови.
-Не би сакал претерано да ги зголемувам очекувањата, но сосема е сигурно дека работите не поминуваат и нема да се одвиваат онака како што замислиле авторите на овие резолуции, рече шефот на српската дипломатија

The post Шефот на српската дипломатија откри дека земјите кои сакаат да гласаат против Резолуцијата за Сребреница се соочуваат со голем притисок appeared first on Република.

]]>
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-pristigna-vo-nujork-zaradi-glasaneto-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa-vo-on/ Mon, 20 May 2024 18:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=780253

Српскиот претседател Александар Вучиќ допатува во Њујорк каде на 23 мај ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН каде ќе се разгледува предлогот-резолуцијата за Сребреница.

Во делегацијата со Вучиќ е и министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-na-zaminuvane-so-poddrshka-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa-ke-i-se-zablagodari-na-srbija-za-vaktsinite-i-pchenitsata/

Пред заминувањето за Њујорк и учеството на седницата на Генералното собрание на ОН, Вучиќ утрово присуствуваше на богослужба на српскиот патријарх Порфирије.

Одам во Њујорк да се борам со сета сила и срце за иднината на нашата земја, изјави Вучиќ пред патувањето.

Генералното собрание на Обединетите нации на 23 мај ќе гласа за резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. За резолуцијата требаше да се расправа на 2 мај, но датумот беше поместен од процедурални причини.

Со резолуцијата, исто така, безрезервно се осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница и се поттикнуваат државите членки да ги сочуваат утврдените факти преку своите образовни системи со развивање на соодветните програми. Предлагачи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница се Германија и Руанда, а Македонија е меѓу повеќето коспонзори на резолуцијата.

Масакрот во Сребреница е прогласен за геноцид и од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

The post Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ допатува во Њујорк каде на 23 мај ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН каде ќе се разгледува предлогот-резолуцијата за Сребреница. Во делегацијата со Вучиќ е и министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-na-zaminuvane-so-poddrshka-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa-ke-i-se-zablagodari-na-srbija-za-vaktsinite-i-pchenitsata/ Пред заминувањето за Њујорк и учеството на седницата на Генералното собрание на ОН, Вучиќ утрово присуствуваше на богослужба на српскиот патријарх Порфирије.
Одам во Њујорк да се борам со сета сила и срце за иднината на нашата земја, изјави Вучиќ пред патувањето.
Генералното собрание на Обединетите нации на 23 мај ќе гласа за резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. За резолуцијата требаше да се расправа на 2 мај, но датумот беше поместен од процедурални причини. Со резолуцијата, исто така, безрезервно се осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница и се поттикнуваат државите членки да ги сочуваат утврдените факти преку своите образовни системи со развивање на соодветните програми. Предлагачи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница се Германија и Руанда, а Македонија е меѓу повеќето коспонзори на резолуцијата. Масакрот во Сребреница е прогласен за геноцид и од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

The post Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН appeared first on Република.

]]>
Дали власта на заминување со поддршка на Резолуцијата за Сребреница ќе ѝ се „заблагодари“ на Србија за вакцините и пченицата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-na-zaminuvane-so-poddrshka-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa-ke-i-se-zablagodari-na-srbija-za-vaktsinite-i-pchenitsata/ Mon, 20 May 2024 17:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=779944

В четврток во Генералното собрание на Обединетите нации ќе се гласа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница, со која Србија и Србите ќе бидат прогласени за геноцидни. Голема дипломатска мисија спроведува претседателот на Србија Александар Вучиќ за во ГС резолуцијата не го добие потребното двотретинско мнозинство.

Пред заминувањето за Њујорк тој изјави:

Со сите сили ќе се борам против документот со кој  на Србија ќе ѝ се стави етикет на геноцидна држава. Во четврток вечер ќе знаеме кои земји ни се пријатели, а кои партнери. Ќе ги славиме знамињата на сите држави кои ќе гласаат против Резолуцијата.

Власта на ДУИ и СДСМ е една од промоторите на оваа резолуција, а министерот во заминување Бујар Османи се пофали дека самиот ја донел одлуката да ја поддржи оваа резолуција. Во Генералното собрание гласот од Македонија треба да го даде амбасадорот Љубомир Фрчковски.

Србија беше единствена земја за време на короната која ни даде вакцини и пченица, па можеби е време на ваков начин да и се заблагодариме?

Македонците во Србија пред неколку дена побараа од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која единствена има легитимитет во овој период, да спречи Македонија да поддржи ваква срамна резолуција.

The post Дали власта на заминување со поддршка на Резолуцијата за Сребреница ќе ѝ се „заблагодари“ на Србија за вакцините и пченицата appeared first on Република.

]]>

В четврток во Генералното собрание на Обединетите нации ќе се гласа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница, со која Србија и Србите ќе бидат прогласени за геноцидни. Голема дипломатска мисија спроведува претседателот на Србија Александар Вучиќ за во ГС резолуцијата не го добие потребното двотретинско мнозинство. Пред заминувањето за Њујорк тој изјави:
Со сите сили ќе се борам против документот со кој  на Србија ќе ѝ се стави етикет на геноцидна држава. Во четврток вечер ќе знаеме кои земји ни се пријатели, а кои партнери. Ќе ги славиме знамињата на сите држави кои ќе гласаат против Резолуцијата.
Власта на ДУИ и СДСМ е една од промоторите на оваа резолуција, а министерот во заминување Бујар Османи се пофали дека самиот ја донел одлуката да ја поддржи оваа резолуција. Во Генералното собрание гласот од Македонија треба да го даде амбасадорот Љубомир Фрчковски. Србија беше единствена земја за време на короната која ни даде вакцини и пченица, па можеби е време на ваков начин да и се заблагодариме? Македонците во Србија пред неколку дена побараа од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која единствена има легитимитет во овој период, да спречи Македонија да поддржи ваква срамна резолуција.  

The post Дали власта на заминување со поддршка на Резолуцијата за Сребреница ќе ѝ се „заблагодари“ на Србија за вакцините и пченицата appeared first on Република.

]]>
Вучиќ запали свеќа пред тргнувањето за Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-zapali-sveka-pred-trgnuvaneto-za-nujork/ Mon, 20 May 2024 08:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=779997

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утрово беше во црквата Свети Сава пред да замине за Њујорк.

„Пред патувањето во Њујорк побарав благослов од српскиот патријарх господин Порфириј и му се помолив на Бога во нашето светилиште - црквата Свети Сава во Белград. Одам во Њујорк да се борам со сите сили и срце за иднината на нашата земја.

Вучиќ денеска отпатува за Њујорк, каде што ќе учествува на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации, на кое ќе се расправа за Резолуцијата за Сребреница, која е закажана за 23 мај.

The post Вучиќ запали свеќа пред тргнувањето за Њујорк appeared first on Република.

Коспонзорството е големо зло: Нашинците од Србија бараат од претседателката Силјановска Македонија да се повече од „спонзорството“ на Резолуцијата за Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kosponzorstvoto-e-golemo-zlo-nashintsite-od-srbija-baraat-od-pretsedatelkata-siljanovska-makedonija-da-se-poveche-od-sponzorstvoto-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa/ Thu, 16 May 2024 09:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=778709

Македонците од Србија бараат од претедателката Гордана Силјановска-Давкова да се повлече коспонзорството од Резолуцијата за Србреница во Обединетите нации.

Горан Илијевски, претседател на партијата на Македонците во Србија вели дека новата претседателка мора веднаш да реагира и Македонија да не биде во групата на земји кои се промотори, односно спонзори на оваа срамна резолуција.

Конкретно, тие испратија писмо до претседателката во кое бараат во согласност со нејзините уставни надлежности да се повлече самоволната одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи изјави дека лично донел таква одлука и со ја злоупотреби својата фунција.Тој нема такви ингеренции бидејќи станува збор за техничка влада и во таков случај само претседателот на државата има таква надлежност.. Министерот лична одлука може да носи во кафеана или во партија. Големо зло е коспонзорството. Дали тој го штити националниот или личниот интерес? прашува Илијевски за „Република“.

Згора на тоа, Собранието на Македонија во 2010 година веќе има донесено одлука дека во Сребреница не се случил геноцид туку воено злосторство.

Резолуцијата на Генералното собрание на ОН која не е обрзувачка и со која Србите треба да бидат прогласени за геноциден народ е на дневен ред во четврток.

The post Коспонзорството е големо зло: Нашинците од Србија бараат од претседателката Силјановска Македонија да се повече од „спонзорството“ на Резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>

Македонците од Србија бараат од претедателката Гордана Силјановска-Давкова да се повлече коспонзорството од Резолуцијата за Србреница во Обединетите нации. Горан Илијевски, претседател на партијата на Македонците во Србија вели дека новата претседателка мора веднаш да реагира и Македонија да не биде во групата на земји кои се промотори, односно спонзори на оваа срамна резолуција. Конкретно, тие испратија писмо до претседателката во кое бараат во согласност со нејзините уставни надлежности да се повлече самоволната одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Османи изјави дека лично донел таква одлука и со ја злоупотреби својата фунција.Тој нема такви ингеренции бидејќи станува збор за техничка влада и во таков случај само претседателот на државата има таква надлежност.. Министерот лична одлука може да носи во кафеана или во партија. Големо зло е коспонзорството. Дали тој го штити националниот или личниот интерес? прашува Илијевски за „Република“.
Згора на тоа, Собранието на Македонија во 2010 година веќе има донесено одлука дека во Сребреница не се случил геноцид туку воено злосторство. Резолуцијата на Генералното собрание на ОН која не е обрзувачка и со која Србите треба да бидат прогласени за геноциден народ е на дневен ред во четврток.  

The post Коспонзорството е големо зло: Нашинците од Србија бараат од претседателката Силјановска Македонија да се повече од „спонзорството“ на Резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>
Вучиќ праша: Која е смислата на Резолуцијата за Сребреница? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-prasha-koja-e-smislata-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa/ Thu, 16 May 2024 08:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=778679

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека нема порака за Црна Гора кога е во прашање Резолуцијата за Сребреница.

„Која е смислата на резолуцијата? Велите дека не е наметнување колективна вина, туку што е тоа“, праша тој.

Тој нагласи дека „секој треба да си сноси“ своја одговорност.

The post Вучиќ праша: Која е смислата на Резолуцијата за Сребреница? appeared first on Република.

Западот не се откажува од Резолуцијата за Сребреница, во OН испратена конечната верзија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zapadot-ne-se-otkazhuva-od-rezolutsijata-za-srebrenitsa-vo-ispratena-konechnata-verzija/ Thu, 02 May 2024 10:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=773362

Амбасадорот на БиХ во ОН Златко Лагумџија изјави дека „по неколку рунди инклузивни консултации, конечната нацрт-резолуција“ за Сребреница била испратена до претседателот на Генералното собрание на ОН и до сите постојани мисии во ОН.

„По неколку рунди инклузивни консултации, конечниот предлог на Резолуцијата „Меѓународен ден на размислување и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година“, од страна на „преку-регионалната основна група“, отиде до претседателот на Генералното собрание на ОН и сите постојани мисии во ОН“, напиша Лагумџија синоќа на мрежата Икс

The post Западот не се откажува од Резолуцијата за Сребреница, во OН испратена конечната верзија appeared first on Република.

Дачиќ: Многу е интересно што Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dachik-mnogu-e-interesno-shto-pendarovski-ne-bil-informiran-za-rezolutsijata-za-srebrenitsa/ Thu, 18 Apr 2024 17:59:53 +0000 https://republika.mk/?p=767692

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ на прашањето за изјавата на шефот на дипломатијата на Македонија, Бујар Османи, дека земјата ќе излезе од иницијативата Отворен Балкан и дека Македонија е еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцид во Сребреница која ќе биде изгласана на 2 мај, изјави денеска дека станува збор за предизборни изјави и дека е „многу интересно што претседателот на таа земја, Стево Пендаровски, не бил информиран дека Македонија ја поддржала резолуцијата за Сребреница“, јави дописникот на МИА од Белград.

Ако македонскиот претседател не знае дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница, што можам да ви кажам следно? Само прашувам дали тој (Бујар Османи) зборува во името на цела Македонија, македонскиот или албанскиот народ, одговори Дачиќ на новинарите по средбата со министерот за надворешни работи на Суринам, Алберт Рамдин.

Дачиќ во врска со резолуцијата оцени дека во Обединетите нации нема консензус за усвојување на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Сметаме дека сега не треба да се разговара на оваа тема, не е ни годишнината. Ова е неселективна правда затоа што не можат само Хутите и Србите да бидат етикетирани како геноцидни нации. Нема таков геноцид што не го извршиле земјите што ја потпишала оваа резолуција и сега тие ќе ни држат предавања за тоа. Ако силата може се, ние ќе се бориме колку што можеме, рече Дачиќ.

The post Дачиќ: Многу е интересно што Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

Вучиќ за намерата на Западот да ги прогласи Србите за геноциден народ: Германците не беа прогласени за геноциден народ поради тоа што го направија во Крагуевац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-namerata-na-zapadot-da-gi-proglasi-srbite-za-genotsiden-narod-germantsite-ne-bea-proglaseni-za-genotsiden-narod-poradi-toa-shto-go-napravija-vo-kraguevats/ Fri, 12 Apr 2024 08:04:32 +0000 https://republika.mk/?p=765245

Претседателот Вучиќ го праша Западот праша зошто токму сега се обидуваат да ја усвојат Резолуцијата за Сребреница со што Србите би биле прогласени за геноциден народ. Тој е убеден дека следната година во многу земји ќе има нови влади и тоа ќе оди потешко.

 Дали оваа резолуција дополнително ќе ги подели народите и земјите во светот или ќе биде едногласна како и секогаш кога е усвоена? Само сакав да ве известам. Резолуцијата за геноцид или холокауст беше донесена за да се ограничи само на Евреите, бидејќи Германците не беа прогласени за геноциден народ поради тоа што го направија во Крагуевац, Краљево или Јајинци, туку само поради тоа што им го направија на Евреите. Затоа, тие секогаш беа усвоени едногласно.

Тој прша дали навистина мислат дека ова ќе биде едногласно усвоено?

Република Српска не е дел од Обединетите нации. Република Српска не ја слушаат ниту во Босна и Херцеговина кога има поинаков став и не го почитуваат. А Србија со политички средства ќе се спротивстави на сите земји од НАТО, од Турција до Германија, со тоа што знаеме дека шансите ни се минимални, но ќе се бориме до последен момент. Претседателот Додик побара Србија да се бори, ние ќе се бориме до последен момент и за секој глас. И после оправдуваш како си ја донел одлуката, која ќе биде 65, брои сите овие земји, европски, што контролираат во Океанија, што контролираат на северноамериканскиот континент и дел од исламските земји. Е дел од. Затоа што еден дел сигурно нема да оди со оние кои се колонијалисти и со оние кои мислат дека можат да доминираат во светот со нивните диктати. А што ќе правите кога ќе добиете само 10, 15 или 20 гласа повеќе од оние кои се против. Единствен противник ви е малата Србија. Русија имаше само седум гласа во Генералното собрание. Сега ти велам, ќе имаме многу, многу пати повеќе. Моето трето прашање е што правите во регионот? Кое е значењето? – изјави денеска Вучиќ.

The post Вучиќ за намерата на Западот да ги прогласи Србите за геноциден народ: Германците не беа прогласени за геноциден народ поради тоа што го направија во Крагуевац appeared first on Република.

Албанскиот парламент ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-parlament-ja-usvoi-rezolucijata-za-genocidot-vo-srebrenica/ Thu, 07 Jul 2022 19:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=525674

Албанскиот парламент со 113 гласа „за“ и ниту еден против денеска ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, со која се осудува злосторството извршено од српските сили на чело со Ратко Младиќ, кој во Хаг беше осуден на доживотен затвор, јавува Еуроњуз Албанија. . Во гласањето учествуваа и членови на опозицијата.

Како што потсетува Еуроњуз, геноцидот во Сребреница е трагедија што се случи во јули 1995 година во Босна и Херцеговина, кога за неколку дена беа убиени повеќе од 8.000 несрпски лица, главно мажи и момчиња на возраст од 12 до 77 години.

Геноцидот беше извршен на подрачјето на Сребреница од страна на Армијата на Република Српска под водство на Ратко Младиќ, а во него учествуваше и злогласната паравоена единица „Шкорпиони“.

Меѓународниот суд во Хаг го прогласи злосторството во Сребреница за геноцид.

The post Албанскиот парламент ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница appeared first on Република.

]]>

Албанскиот парламент со 113 гласа „за“ и ниту еден против денеска ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, со која се осудува злосторството извршено од српските сили на чело со Ратко Младиќ, кој во Хаг беше осуден на доживотен затвор, јавува Еуроњуз Албанија. . Во гласањето учествуваа и членови на опозицијата. Како што потсетува Еуроњуз, геноцидот во Сребреница е трагедија што се случи во јули 1995 година во Босна и Херцеговина, кога за неколку дена беа убиени повеќе од 8.000 несрпски лица, главно мажи и момчиња на возраст од 12 до 77 години. Геноцидот беше извршен на подрачјето на Сребреница од страна на Армијата на Република Српска под водство на Ратко Младиќ, а во него учествуваше и злогласната паравоена единица „Шкорпиони“. Меѓународниот суд во Хаг го прогласи злосторството во Сребреница за геноцид.

The post Албанскиот парламент ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница appeared first on Република.

]]>