резиденти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rezidenti/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Jun 2022 08:38:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png резиденти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rezidenti/ 32 32 Од денеска, на „Орце Николов“ во Дебар Mаало ќе се паркираат само резиденти https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-na-orce-nikolov-vo-debar-maalo-kje-se-parkiraat-samo-rezidenti/ Tue, 21 Jun 2022 08:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=517919

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје воведе резидентно паркирање на ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови.

Согласно Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, паркиралиштата на ул. „Орце Николов“ (на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до ул. „Рузвелтова“) ќе бидат резидентни паркиралишта наменети за станарите и жителите коишто живеат во опфатот на станбените единици со непарни броеви од бр.69 до бр.147 и со парни броеви од бр.84 до бр.146. Сите жители коишто живеат на оваа улица и поседуваат сопствено патничко моторно возило треба да извадат повластена паркинг карта преку ПОЦ мобилната апликација, веб платформата www.poc.mk или во катната гаража „Судска палата“. Жителите коишто веќе поседуваат повластена паркинг карта за Зона Ц треба да направат промена на зоната со цел да можат непречено да ги користат резидентните паркиралишта.

Веќе од денес, сите возила кои ќе бидат затекнати на ул. „Орце Николов“, а не се корисници – резиденти на истата, ќе бидат санкционирани со механичко средство „Блокатор“ или со специјално возило „Пајак“.

 

The post Од денеска, на „Орце Николов“ во Дебар Mаало ќе се паркираат само резиденти appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје воведе резидентно паркирање на ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови. Согласно Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, паркиралиштата на ул. „Орце Николов“ (на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до ул. „Рузвелтова“) ќе бидат резидентни паркиралишта наменети за станарите и жителите коишто живеат во опфатот на станбените единици со непарни броеви од бр.69 до бр.147 и со парни броеви од бр.84 до бр.146. Сите жители коишто живеат на оваа улица и поседуваат сопствено патничко моторно возило треба да извадат повластена паркинг карта преку ПОЦ мобилната апликација, веб платформата www.poc.mk или во катната гаража „Судска палата“. Жителите коишто веќе поседуваат повластена паркинг карта за Зона Ц треба да направат промена на зоната со цел да можат непречено да ги користат резидентните паркиралишта. Веќе од денес, сите возила кои ќе бидат затекнати на ул. „Орце Николов“, а не се корисници – резиденти на истата, ќе бидат санкционирани со механичко средство „Блокатор“ или со специјално возило „Пајак“.  

The post Од денеска, на „Орце Николов“ во Дебар Mаало ќе се паркираат само резиденти appeared first on Република.

]]>