резерви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rezervi/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Apr 2024 09:54:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png резерви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rezervi/ 32 32 Симсон: ЕУ со рекордно ниво на залихи на гас на крајот на грејната сезона https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/simson-eu-so-rekordno-nivo-na-zalihi-na-gas-na-krajot-na-grejnata-sezona/ Fri, 12 Apr 2024 09:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=765344

На крајот на овогодишната зимска грејна сезона, 31 март, складишта за гас ширум ЕУ беа полни над 58 отсто, што претставува рекордно највисоко ниво на гасни залихи во овој период од годината, соопшти денеска еврокомесарката за енергија Кадри Симсон.

Овие високи нивоа на залихи се резултат на нашата успешна диверзификација во снабдувањето со енергија, напорите на граѓаните и бизнисите да ја намалат потрошувачката на гас и нашите инвестиции во обновливата енергија, што воедно ги претставуваат трите столба на нашиот план „РЕПаурЕУ“, порача Симсон.

Според неа, и покрај многуте стравувања во пресрет на втората зима од стартот на илегалната инвазија на Русија врз Украина, од неа Европа излегува посилна од претходно, со поголема енергетска сигурност и солидарност и со почисти енергенси.

Високото ниво на залихи на гас во Европа значи дека пазарите се се постабилни, цените се враќаат на нивото од пред војната и Европа може да почне со самодоверба да се снабдува за грејната сезона следната зима, истакна Симсон.

Еврокомесарката за енергија , Кадри Симсон, се заложи дека ЕУ ќе ги здружи силите за да и помогне на Украина да се справи со енергетската криза и да ја преброди зимата.

Еврокомесарката потенцира дека иако ЕУ може да биде горда на начинот како досега се справува со енергетската криза, сепак нема простор за самозадоволство.

Мора да продолжиме да ги поддржуваме нашите граѓани и индустријата и нашите украински пријатели. Обезбедувањето енергетска безбедност и конкурентност на Европа, намалувањето на цените и унапредувањето на транзицијата кон чиста енергија остануваат наш висок приоритет, додаде Симсон.

Европската комисија го иницираше планот „РЕПаурЕУ“ во март 2022 година како одговор на руската инвазија врз Украина, со цел да се стави крај на зависноста на Европа од руските фосилни горива. Со планот се предвидува европските складишта на гас на 1 ноември секоја година да бидат исполнети на ниво од 90 отсто.

Со примена на мерките од овој план, уделот на руски гас во европскиот увоз на енергенсот се намали од 45 отсто во 2021 година на 24 проценти во 2022 година, па до 15 отсто лани. Од друга страна, потрошувачката на гас во ЕУ во последниве 18 месеци се намали за речиси 20 проценти, што и влијаеше на зголемените залихи.

На 25 минатиот месец, Советот на ЕУ им препорача на земјите членки да продолжат да ја намалуваат потрошувачката на гас за уште најмалку 15 отсто до 31 март 2025 година.

The post Симсон: ЕУ со рекордно ниво на залихи на гас на крајот на грејната сезона appeared first on Република.

]]>

На крајот на овогодишната зимска грејна сезона, 31 март, складишта за гас ширум ЕУ беа полни над 58 отсто, што претставува рекордно највисоко ниво на гасни залихи во овој период од годината, соопшти денеска еврокомесарката за енергија Кадри Симсон. Овие високи нивоа на залихи се резултат на нашата успешна диверзификација во снабдувањето со енергија, напорите на граѓаните и бизнисите да ја намалат потрошувачката на гас и нашите инвестиции во обновливата енергија, што воедно ги претставуваат трите столба на нашиот план „РЕПаурЕУ“, порача Симсон. Според неа, и покрај многуте стравувања во пресрет на втората зима од стартот на илегалната инвазија на Русија врз Украина, од неа Европа излегува посилна од претходно, со поголема енергетска сигурност и солидарност и со почисти енергенси. Високото ниво на залихи на гас во Европа значи дека пазарите се се постабилни, цените се враќаат на нивото од пред војната и Европа може да почне со самодоверба да се снабдува за грејната сезона следната зима, истакна Симсон. Еврокомесарката за енергија , Кадри Симсон, се заложи дека ЕУ ќе ги здружи силите за да и помогне на Украина да се справи со енергетската криза и да ја преброди зимата. Еврокомесарката потенцира дека иако ЕУ може да биде горда на начинот како досега се справува со енергетската криза, сепак нема простор за самозадоволство. Мора да продолжиме да ги поддржуваме нашите граѓани и индустријата и нашите украински пријатели. Обезбедувањето енергетска безбедност и конкурентност на Европа, намалувањето на цените и унапредувањето на транзицијата кон чиста енергија остануваат наш висок приоритет, додаде Симсон. Европската комисија го иницираше планот „РЕПаурЕУ“ во март 2022 година како одговор на руската инвазија врз Украина, со цел да се стави крај на зависноста на Европа од руските фосилни горива. Со планот се предвидува европските складишта на гас на 1 ноември секоја година да бидат исполнети на ниво од 90 отсто. Со примена на мерките од овој план, уделот на руски гас во европскиот увоз на енергенсот се намали од 45 отсто во 2021 година на 24 проценти во 2022 година, па до 15 отсто лани. Од друга страна, потрошувачката на гас во ЕУ во последниве 18 месеци се намали за речиси 20 проценти, што и влијаеше на зголемените залихи. На 25 минатиот месец, Советот на ЕУ им препорача на земјите членки да продолжат да ја намалуваат потрошувачката на гас за уште најмалку 15 отсто до 31 март 2025 година.

The post Симсон: ЕУ со рекордно ниво на залихи на гас на крајот на грејната сезона appeared first on Република.

]]>
Вучиќ призна: Србија почна со трошењето на резервите гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-prizna-srbija-pochna-so-troshenjeto-na-rezervite-gas/ Thu, 17 Nov 2022 20:22:38 +0000 https://republika.mk/?p=575127

Вучиќ кажа дека вчера резервите гас во Србија биле 650 милиони кубни метри, наместо 760 милиони кубни метри. Додаде дека гасот во минатите девет дена поскапел четири до пет пати. Претседателот на Србија изјави дека е направен договор со Бугарија и дека дополнителни количества гас ќе тргнат кон Србија.

Нас гасот денес нè спасува и благодарение на термоцентралите Панчево и Нови Сад можеме да презимиме, кажа Вучиќ.

Вучиќ му изрази благодарност на премиерот на Унгарија Виктор Орбан на помошта и истакна дека би било тешко без унгарска помош „Србија да ја преживее зимата“.

Голема чест и привилегија е да имаме такви пријатели крај себе, кажа Вучиќ.

Унгарскиот премиер Орбан кажа дека сега гасот за Унгарија доаѓа преку Србија и дека Србија е коректна како што Унгарија е коректна кон неа.

Додека Србија има гас, ќе има и Унгарија и може да биде сигурна дека додека Унгарија има гас, ќе има и Србија, кажа Орбан.

 

The post Вучиќ призна: Србија почна со трошењето на резервите гас appeared first on Република.

]]>

Вучиќ кажа дека вчера резервите гас во Србија биле 650 милиони кубни метри, наместо 760 милиони кубни метри. Додаде дека гасот во минатите девет дена поскапел четири до пет пати. Претседателот на Србија изјави дека е направен договор со Бугарија и дека дополнителни количества гас ќе тргнат кон Србија.
Нас гасот денес нè спасува и благодарение на термоцентралите Панчево и Нови Сад можеме да презимиме, кажа Вучиќ.
Вучиќ му изрази благодарност на премиерот на Унгарија Виктор Орбан на помошта и истакна дека би било тешко без унгарска помош „Србија да ја преживее зимата“.
Голема чест и привилегија е да имаме такви пријатели крај себе, кажа Вучиќ.
Унгарскиот премиер Орбан кажа дека сега гасот за Унгарија доаѓа преку Србија и дека Србија е коректна како што Унгарија е коректна кон неа.
Додека Србија има гас, ќе има и Унгарија и може да биде сигурна дека додека Унгарија има гас, ќе има и Србија, кажа Орбан.
 

The post Вучиќ призна: Србија почна со трошењето на резервите гас appeared first on Република.

]]>
Николовски: Обезбедени се резерви на млеко, брашно и зејтин https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-obezbedeni-se-rezervi-na-mleko-brashno-i-zejtin/ Sat, 10 Sep 2022 16:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=549511

Брашното, зејтинот и млекото нема да недостигаат на ниту еден граѓанин во државата и покрај кризата и поскапувањето на цените на прехранбените производи – уверува министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Ако има недостиг на храна, договорено е резерви да се обезбедат со земјите потписнички на договорот за неограничена трговија со храна во рамките на Отворен Балкан, односно Албанија, Македонија и Србија.

Граѓаните се револтирани од континуираното поскапување на храната, особено млекото и лебот.

„Млекото секој ден поскапува. Не е нормално, нас не не прашуваат“, рече еден граѓанин.

„Кога имаме пари купуваме, а кога немаме не. Ќе седиш без млеко. Некој нема ни плата и не може да врзе крај со крај“, дададе еден граѓанин.

Последниве денови, цената на млекото за еден литар се искачи на околу 90 денари.

The post Николовски: Обезбедени се резерви на млеко, брашно и зејтин appeared first on Република.

]]>

Брашното, зејтинот и млекото нема да недостигаат на ниту еден граѓанин во државата и покрај кризата и поскапувањето на цените на прехранбените производи – уверува министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Ако има недостиг на храна, договорено е резерви да се обезбедат со земјите потписнички на договорот за неограничена трговија со храна во рамките на Отворен Балкан, односно Албанија, Македонија и Србија. Граѓаните се револтирани од континуираното поскапување на храната, особено млекото и лебот. „Млекото секој ден поскапува. Не е нормално, нас не не прашуваат“, рече еден граѓанин. „Кога имаме пари купуваме, а кога немаме не. Ќе седиш без млеко. Некој нема ни плата и не може да врзе крај со крај“, дададе еден граѓанин. Последниве денови, цената на млекото за еден литар се искачи на околу 90 денари.

The post Николовски: Обезбедени се резерви на млеко, брашно и зејтин appeared first on Република.

]]>
Компаниите во Грција ќе ги пријавуваат резервите на одредени прехранбени продукти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kompaniite-vo-grcija-kje-gi-prijavuvaat-rezervite-na-odredeni-prehranbeni-produkti/ Thu, 24 Mar 2022 08:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=477523

Резервите на одредени прехранбени продукти како што се житарици, пченица, пченка, овес, ‘рж, јачмен, брашно, сончогледово и растително масло, компаниите во Грција ќе треба да ги пријавуваат на конкретна електронска платформа за да се избегне нелојална конкуренција, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот амандман веќе е изгласан во грчкиот Парламент, а министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис рече дека обврската се однесува на сите трговци кои се активни во синџирот на производство, увоз, трговија, продажба, посредување, дистрибуција на конкретните производи, а процедурата е идентична како онаа на почетокот на пандемијата кога се однесуваше на маски и антисептици, со цел Владата да ги знае точните резерви во земјата.

Поради војната во Украина, за државата да има целосна слика дека постојат доволно производи и пред сè да не се дозволи некои да предизвикаат вештачки недостиг на пазарот и со овој вештачки недостиг да се збогатат или со црн пазар или со големо вештачко зголемување на цената, повеќе отколку што е предизвикано од меѓународната криза. Значи, на овој начин имаме можност да знаеме што точно има секој - рече Георгиадис и истакна дека амандманот не значи дека постои недостиг на производи, туку целта е заштита на потрошувачите.

Паралелно, за компаниите што нема да ги пријават резервите, а постојат, предвидено е запленување на продуктите и казна што ќе биде до 100 илјади евра.

The post Компаниите во Грција ќе ги пријавуваат резервите на одредени прехранбени продукти appeared first on Република.

]]>

Резервите на одредени прехранбени продукти како што се житарици, пченица, пченка, овес, ‘рж, јачмен, брашно, сончогледово и растително масло, компаниите во Грција ќе треба да ги пријавуваат на конкретна електронска платформа за да се избегне нелојална конкуренција, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот амандман веќе е изгласан во грчкиот Парламент, а министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис рече дека обврската се однесува на сите трговци кои се активни во синџирот на производство, увоз, трговија, продажба, посредување, дистрибуција на конкретните производи, а процедурата е идентична како онаа на почетокот на пандемијата кога се однесуваше на маски и антисептици, со цел Владата да ги знае точните резерви во земјата.
Поради војната во Украина, за државата да има целосна слика дека постојат доволно производи и пред сè да не се дозволи некои да предизвикаат вештачки недостиг на пазарот и со овој вештачки недостиг да се збогатат или со црн пазар или со големо вештачко зголемување на цената, повеќе отколку што е предизвикано од меѓународната криза. Значи, на овој начин имаме можност да знаеме што точно има секој - рече Георгиадис и истакна дека амандманот не значи дека постои недостиг на производи, туку целта е заштита на потрошувачите.
Паралелно, за компаниите што нема да ги пријават резервите, а постојат, предвидено е запленување на продуктите и казна што ќе биде до 100 илјади евра.

The post Компаниите во Грција ќе ги пријавуваат резервите на одредени прехранбени продукти appeared first on Република.

]]>
Влада: Се преземаат сите мерки за зачувување на стандардот на граѓаните , трговците да ја почитуваат одлуката за трговските маржи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlada-se-prezemaat-site-merki-za-zachuvuvanje-na-standardot-na-gragjanite-trgovcite-da-ja-pochituvaat-odlukata-za-trgovskite-marzi/ Wed, 02 Mar 2022 10:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=466384

Република Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, граѓаните да бидат смирени не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Владата и државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните, соопшти владината прес служба.

Во моментот нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а како Влада ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто.

Апелираме трговците да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи, бидејќи од оваа одлука нема никој да загуби.

Граѓаните да бидат сигурни и во најавите на Централната банка која изминатите денови информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен и таков ќе остане. Оваа монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот е соодветна стратегија во линија со фундаментите на македонската економија. Согласно оваа потврда за стабилноста на курсот се девизните резерви кои се клучната алатка при ваков тип на монетарната стратегија кои според последно расположливите податоци изнесуваат околу 3,4 милијарди евра што е двојно повисоко ниво во однос на 2008 година на глобалната финансиска криза.

Владата е во редовна комуникација со сите релевантни општествени чинители, како и со меѓународните институции, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, за евентуално доколку има потреба да се користат инструменти кои ќе помогнат во финансирањето на трошоците во економијата на земјата.

The post Влада: Се преземаат сите мерки за зачувување на стандардот на граѓаните , трговците да ја почитуваат одлуката за трговските маржи appeared first on Република.

]]>

Република Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, граѓаните да бидат смирени не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Владата и државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните, соопшти владината прес служба.
Во моментот нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а како Влада ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто. Апелираме трговците да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи, бидејќи од оваа одлука нема никој да загуби. Граѓаните да бидат сигурни и во најавите на Централната банка која изминатите денови информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен и таков ќе остане. Оваа монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот е соодветна стратегија во линија со фундаментите на македонската економија. Согласно оваа потврда за стабилноста на курсот се девизните резерви кои се клучната алатка при ваков тип на монетарната стратегија кои според последно расположливите податоци изнесуваат околу 3,4 милијарди евра што е двојно повисоко ниво во однос на 2008 година на глобалната финансиска криза. Владата е во редовна комуникација со сите релевантни општествени чинители, како и со меѓународните институции, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, за евентуално доколку има потреба да се користат инструменти кои ќе помогнат во финансирањето на трошоците во економијата на земјата.

The post Влада: Се преземаат сите мерки за зачувување на стандардот на граѓаните , трговците да ја почитуваат одлуката за трговските маржи appeared first on Република.

]]>
„Газпром“ објави рекордно ниски резерви на гас во Европа и Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gazprom-objavi-rekordno-niski-rezervi-na-gas-vo-evropa-i-ukraina/ Mon, 24 Jan 2022 14:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=448821

Резервите на гас во подземните складишта во Европа и Украина се на историски минимум, соопшти рускиот производител на гас „Газпром“. Повеќе од 70 отсто од волумените на гас, испорачани таму во текот на летната сезона, се испумпани од европските складишта, соопшти компанијата.

Од 11 јануари 2022 година, нивоата на резерви во подземните капацитети за складирање гас во Европа достигнаа рекордно ниско ниво за повеќегодишниот период на мониторинг. Заклучно со 22 јануари резервите се веќе за 85 милијарди кубни метри помалку од минималниот показател, се наведува во соопштението.

Стапката на искористеност на украинските складишта за гас е исто така на минимално ниво, бидејќи на 22 јануари резервите се намалија на 12,1 милијарди кубни метри, што е за 44,6 отсто (9,7 милијарди кубни метри) помалку во споредба со минатата година.

The post „Газпром“ објави рекордно ниски резерви на гас во Европа и Украина appeared first on Република.

]]>

Резервите на гас во подземните складишта во Европа и Украина се на историски минимум, соопшти рускиот производител на гас „Газпром“. Повеќе од 70 отсто од волумените на гас, испорачани таму во текот на летната сезона, се испумпани од европските складишта, соопшти компанијата. Од 11 јануари 2022 година, нивоата на резерви во подземните капацитети за складирање гас во Европа достигнаа рекордно ниско ниво за повеќегодишниот период на мониторинг. Заклучно со 22 јануари резервите се веќе за 85 милијарди кубни метри помалку од минималниот показател, се наведува во соопштението. Стапката на искористеност на украинските складишта за гас е исто така на минимално ниво, бидејќи на 22 јануари резервите се намалија на 12,1 милијарди кубни метри, што е за 44,6 отсто (9,7 милијарди кубни метри) помалку во споредба со минатата година.

The post „Газпром“ објави рекордно ниски резерви на гас во Европа и Украина appeared first on Република.

]]>