ревизорски извештај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/revizorski-izveshtaj/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 09:42:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ревизорски извештај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/revizorski-izveshtaj/ 32 32 Клиниката за наврологија не ги регистрирала донациите на лекови за ретки болести, покажа извештајот на ревизорите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-navrologija-ne-gi-registrirala-donatsiite-na-lekovi-za-retki-bolesti-pokazha-izveshtajot-na-revizorite/ Tue, 24 Sep 2024 09:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=819227

Универзитетската клиника за неврологија никаде не ги евидентирала примените и потрошените лекови за ретки болести кои ги имале од донација ниту пак имало контрола и следење на наплатата на парите кои биле собирани по основ на испитувањата од клиничките испитувања, утврдил Државниот завот за ревизија (ДЗР) во својот конечен извештај за финансиското работење во 2023 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за неврологија.

Меѓу другото, ДЗР констатирал и дека биле ангажирани медицински сестри, болничари и лица на шалтер на договор на дело. Дополнително, во текот на 2023 година биле креирани помалку термини за прегледи преку апликацијата „Мој термин“.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави конечните ревизорски извештаи на ЈЗУ универзитетска клиника за неврологија за 2023 година. ДЗР изразува неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

Меѓу конкретните проблеми кои ДЗР ги истакнува е тоа што примените и потрошени лекови за ретки болести од донација не се евидентирани во материјалната и сметководствена евиденција.

За потребите на клиниката од Министерството за здравство во текот на 2023 година доставени се лекови во износ од 215.149 илјади денари, а состојбата на неискористени лекови на крајот од годината изнесува 30.142 илјади денари. Со цел да има увид на расположливите количини на лекови со кои ЈЗИ располагаат и да се намали ризикот од дефиците на потребните лекови за ретки болести од 1 јуни 2023 година министерството има воспоставено модул и води електронски регистар за ретки болести во рамки на системот Мој термин. Приемот и издавањето на овие лекови не е евидентирано во сметководствената евиденција на клиниката односно воспоставена е пракса да се води во рачни т.е. помошни книги. Во текот на 2023 година по основ на донација приени се лекови во износ од најмалку 78.809 илјади денари кои не се евидентирани во атеријалната и сметководствената евиденција на клиниката. Имајќи предвид дека има испратници за дадени донации на кои не е наведена вредноста на донацијата, постои можност наведениот износ да биде и поголем поради што ревизијата не беше во можност да ја потврди целосноста на дадените податоци“, пишува во извештајот на ДЗР.

Дополнително, во текот на 2023 година биле креирани помалку од законски утврдените термини за вршење здравствени услуги со користење на медицинска опрема преку апликацијата Мој термин.

Со извршениот увид во податоците генерирани во Мој термин за извршените здравствени услуги со користење медицинска опрема утврдивме дека во текот на 2023 година биле закажани и реализирани 2.732 термини што претставува 13 отсто од задолжителните прегледи кои клиниката имала обврска да ги закаже, согласно правилникот. Од страна на Министерството за здравство во текот на 2023 година е извршена контрола и со записник е утврдена горенаведената состојба. Од одговорните на клиниката добивме образложение дека ваквата состојба е резултат на специфичната дејност на клиниката која во најголем дел врши итни прегледи или прегледи без термин. Ова влијае врз начелото за достапност на здравствените услуги“, констатирале ревизорите.

Исто така, биле ангажирани медицински сестри, болничари и шалтерски работници со договор на дело, без согласност на Министерството за финансии.

Со извршениот увид во презентираната документација за начинот на ангажирање и исиплата на ове лица, констатиравме дека за првите седумм месеци договорите склучени преку јавната установа за заеднички работи, а клиниката нема доставено барње за добивање согласност од Министерството за финансии. За останатите пет месеци договорите на дело се склучени директно со клиниката за неврологија, за што е доставено барање, но не е обезбедена согласност. Наведената состојба не е во согласност со Законот за трансформација во редовен работен однос“, се наведува во извештајот на ДЗР.

ДЗР потенцира дека не е обезбедена и транспарентност, контрола и следење на активностите и целосна наплата на приходите за Клиниката од клиничките испитувања. Дополнително, во дел од спроведените постапки за јавни набавки била утврдена несоодветна примена на Законот за јавни набавки.

Освен наведените неправилности, како системска слабост се потенцира тоа што Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството за здравство не се воспоставени во целост.

За надминување на утврдените состојби издадени се препораки со цел преземање мерки и активности од одговорните лица во функција на подобрување на состојбите“, велат од Државниот завод за ревизија.

 

The post Клиниката за наврологија не ги регистрирала донациите на лекови за ретки болести, покажа извештајот на ревизорите appeared first on Република.

]]>

Универзитетската клиника за неврологија никаде не ги евидентирала примените и потрошените лекови за ретки болести кои ги имале од донација ниту пак имало контрола и следење на наплатата на парите кои биле собирани по основ на испитувањата од клиничките испитувања, утврдил Државниот завот за ревизија (ДЗР) во својот конечен извештај за финансиското работење во 2023 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за неврологија. Меѓу другото, ДЗР констатирал и дека биле ангажирани медицински сестри, болничари и лица на шалтер на договор на дело. Дополнително, во текот на 2023 година биле креирани помалку термини за прегледи преку апликацијата „Мој термин“. Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави конечните ревизорски извештаи на ЈЗУ универзитетска клиника за неврологија за 2023 година. ДЗР изразува неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива. Меѓу конкретните проблеми кои ДЗР ги истакнува е тоа што примените и потрошени лекови за ретки болести од донација не се евидентирани во материјалната и сметководствена евиденција.
За потребите на клиниката од Министерството за здравство во текот на 2023 година доставени се лекови во износ од 215.149 илјади денари, а состојбата на неискористени лекови на крајот од годината изнесува 30.142 илјади денари. Со цел да има увид на расположливите количини на лекови со кои ЈЗИ располагаат и да се намали ризикот од дефиците на потребните лекови за ретки болести од 1 јуни 2023 година министерството има воспоставено модул и води електронски регистар за ретки болести во рамки на системот Мој термин. Приемот и издавањето на овие лекови не е евидентирано во сметководствената евиденција на клиниката односно воспоставена е пракса да се води во рачни т.е. помошни книги. Во текот на 2023 година по основ на донација приени се лекови во износ од најмалку 78.809 илјади денари кои не се евидентирани во атеријалната и сметководствената евиденција на клиниката. Имајќи предвид дека има испратници за дадени донации на кои не е наведена вредноста на донацијата, постои можност наведениот износ да биде и поголем поради што ревизијата не беше во можност да ја потврди целосноста на дадените податоци“, пишува во извештајот на ДЗР.
Дополнително, во текот на 2023 година биле креирани помалку од законски утврдените термини за вршење здравствени услуги со користење на медицинска опрема преку апликацијата Мој термин.
Со извршениот увид во податоците генерирани во Мој термин за извршените здравствени услуги со користење медицинска опрема утврдивме дека во текот на 2023 година биле закажани и реализирани 2.732 термини што претставува 13 отсто од задолжителните прегледи кои клиниката имала обврска да ги закаже, согласно правилникот. Од страна на Министерството за здравство во текот на 2023 година е извршена контрола и со записник е утврдена горенаведената состојба. Од одговорните на клиниката добивме образложение дека ваквата состојба е резултат на специфичната дејност на клиниката која во најголем дел врши итни прегледи или прегледи без термин. Ова влијае врз начелото за достапност на здравствените услуги“, констатирале ревизорите.
Исто така, биле ангажирани медицински сестри, болничари и шалтерски работници со договор на дело, без согласност на Министерството за финансии.
Со извршениот увид во презентираната документација за начинот на ангажирање и исиплата на ове лица, констатиравме дека за првите седумм месеци договорите склучени преку јавната установа за заеднички работи, а клиниката нема доставено барње за добивање согласност од Министерството за финансии. За останатите пет месеци договорите на дело се склучени директно со клиниката за неврологија, за што е доставено барање, но не е обезбедена согласност. Наведената состојба не е во согласност со Законот за трансформација во редовен работен однос“, се наведува во извештајот на ДЗР.
ДЗР потенцира дека не е обезбедена и транспарентност, контрола и следење на активностите и целосна наплата на приходите за Клиниката од клиничките испитувања. Дополнително, во дел од спроведените постапки за јавни набавки била утврдена несоодветна примена на Законот за јавни набавки. Освен наведените неправилности, како системска слабост се потенцира тоа што Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството за здравство не се воспоставени во целост.
За надминување на утврдените состојби издадени се препораки со цел преземање мерки и активности од одговорните лица во функција на подобрување на состојбите“, велат од Државниот завод за ревизија.
 

The post Клиниката за наврологија не ги регистрирала донациите на лекови за ретки болести, покажа извештајот на ревизорите appeared first on Република.

]]>
Mицкоски го повика Јавниот обвинител да ги истражи ревизорските извештаи или да си поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-go-povika-javniot-obvinitel-da-gi-istrazhi-revizorskite-izveshtai-ili-da-si-podnese-ostavka/ Tue, 23 Jul 2024 13:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=799562

Премиерот Мицкоски во вчерашната емисија “Топ тема“ говореше за ревизорските извештаи и го повика Јавниот обвинител Љупчо Коцевски да ги истражи или да си поднесе оставка.

Во еден од извештаите пишува дека од 24 капитални инвестиции е завршен само еден и затоа Мицкоски го повика обвинителот да влезе во институциите и да лоцира одговорност.

Јас не сум истражен орган, јас сум претседател на влада.Ги повикувам истражните органи да влезат во институцијата и ова да го истражат и да повикаат на одговорност. Но нема никогаш да влезат затоа што тој обвинител тие што треба да ги истражува го гласале-повика Мицкоски.

Премиерот посочува дека Јавниот обвинител треба да почне од министерството за правда и од поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски.

Премиерот бара Тупанечевски треба да одговори зошто го оштети буџетот на министерството за десетици милиони евра поради фрустрација што не ја потпишуваше еврообврзницата за претходното задожување па остави да дојде некој друг и на тој начин се зголеми катата и ги задожи граѓаните за 10-15 милиони евра.

Прво од него треба да почне, а не амбасадор да го праќаат.Зошто Тупанчевски не е повикан на одговорност.Тоа се мои и ваши пари.За 10 милиони евра ќе изградиме 20 сали како таа во Охрид-објасни премиерот.

 

The post Mицкоски го повика Јавниот обвинител да ги истражи ревизорските извештаи или да си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Премиерот Мицкоски во вчерашната емисија “Топ тема“ говореше за ревизорските извештаи и го повика Јавниот обвинител Љупчо Коцевски да ги истражи или да си поднесе оставка. Во еден од извештаите пишува дека од 24 капитални инвестиции е завршен само еден и затоа Мицкоски го повика обвинителот да влезе во институциите и да лоцира одговорност.
Јас не сум истражен орган, јас сум претседател на влада.Ги повикувам истражните органи да влезат во институцијата и ова да го истражат и да повикаат на одговорност. Но нема никогаш да влезат затоа што тој обвинител тие што треба да ги истражува го гласале-повика Мицкоски.
Премиерот посочува дека Јавниот обвинител треба да почне од министерството за правда и од поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски. Премиерот бара Тупанечевски треба да одговори зошто го оштети буџетот на министерството за десетици милиони евра поради фрустрација што не ја потпишуваше еврообврзницата за претходното задожување па остави да дојде некој друг и на тој начин се зголеми катата и ги задожи граѓаните за 10-15 милиони евра.
Прво од него треба да почне, а не амбасадор да го праќаат.Зошто Тупанчевски не е повикан на одговорност.Тоа се мои и ваши пари.За 10 милиони евра ќе изградиме 20 сали како таа во Охрид-објасни премиерот.
 

The post Mицкоски го повика Јавниот обвинител да ги истражи ревизорските извештаи или да си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Ни компаниите немаат доверба во институциите: Ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ni-kompaniite-nemaat-doverba-vo-institutsiite-retko-se-javuvaat-na-tenderi-zashto-mislat-deka-se-namesteni/ Fri, 20 Oct 2023 12:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=693324

Ревизорскиот извештај за периодот јануари 2021 – јуни 2023 година покажува дека на 14 од 18 случајно избрани и анализирани тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се пријавила само една компанија. За три постапки имало по две понуди, а за една постапка биле доставени три понуди. Во голем дел од постапките, сумата за одредена набавка што била предвидена во планот за јавни набавки на МИОА, била иста со сумата што ја понудила одредената компанија, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

На прес-конференција по средбата со стопанските комори, Алиу рече дека вкупната сума за 18-те постапки е 6,5 милиони евра. Предметите опфатени со ревизијата биле по случаен избор, а ги анализирал независен ревизор, од отворање на тендерската постапка до финална исплата за реализираните активности. Некои од нив, потенцира, се со висок ризик од можни злоупотреби.

Министерот ги информирал коморите за Извештајот и побарал од нив да кажат зошто мал број компании аплицираат на тендерите. Му одговориле дека „се соочуваат со тендерска документација која, ако се прочита, е очигледно за која компанија е напишана“.

Затоа, најави Алиу, за секоја наредна тендерска постапка, при истражување на пазарот, МИОА ќе свикува прес-конференција. Целта е да ги увери компаниите во транспарентноста, како и детално да ги информира кои се потребите на Министерството. Веројатно така, нагласи, ќе се намали недовербата која е веќе креирана меѓу јавниот и приватниот сектор.

Не сум правник за да кажам дали сето ова е законски или не, а и во Извештајот не е нотирано нешто незаконско, но нотирано е дека има ризици од злоупотреба. Има институции кои понатму треба да ги следат и анализираат овие процеси. Од една страна, одредени компании ги злоупотребуваат процесите и сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, а од друга, голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е системско решение кое ќе ги спречи сите потреби за злоупотреби и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции - истакна министерот.

Тој најави дека МИОА за четири до пет месеци повторно ќе излезе со ваков извештај, но за десетгодишен период.

На денешната средба, ги известив коморите за ревизорскиот извештај и побарав од нив да кажат зошто се случува ова, кои се постапките, процедурите и методологијата со која ние ќе се подобриме за тие да аплицираат. За жал, нивниот одговор, на повеќето компании, беше дека немаат доверба во јавните институции и затоа воопшто не трошат ресурси за да аплицираат. На моето прашање, дали ќе се поодбри тоа ако одржуваме прес-конференција во фаза на анализа на пазарот на трудот и дали тогаш би се пријавиле, одговорија потврдно, дека, да, тоа е една од можностите за да бидат сигурни и да знаат однапред што се слуќува и кои се барањта. Според нив, сега се соочуваат со тендерска документација која, велат, ако ја прочитате, ќе видите дека е очигледно за која компанија е напишана. Тоа е фидбекот што го добив денеска од приватниот сектор - истакна Алиу.

Ревизорскиот извештај е јавно достапен на веб страницата на МИОА.

Сакаме да бидеме транспарентни и одговорни кон граѓаните, како и да ги подобриме тендерските процеси во земјава. Затоа, МИОА во наредниот период ќе организира средби на кои навреме ќе ги информира сите компании заинтересирани да учествуваат во натамошните постпаки и да одговараат на нашите повици. Има многу точки во кои ние треба да се подобриме како институција, а ни ги дава Ревизорскиот извештај. На пример, да се подели Работната група која пишува тендерска документација со Работната група која ги следи процесите и таа што дава извештај за имплементација на проектите - подвлече министерот.

The post Ни компаниите немаат доверба во институциите: Ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени appeared first on Република.

]]>

Ревизорскиот извештај за периодот јануари 2021 – јуни 2023 година покажува дека на 14 од 18 случајно избрани и анализирани тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се пријавила само една компанија. За три постапки имало по две понуди, а за една постапка биле доставени три понуди. Во голем дел од постапките, сумата за одредена набавка што била предвидена во планот за јавни набавки на МИОА, била иста со сумата што ја понудила одредената компанија, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. На прес-конференција по средбата со стопанските комори, Алиу рече дека вкупната сума за 18-те постапки е 6,5 милиони евра. Предметите опфатени со ревизијата биле по случаен избор, а ги анализирал независен ревизор, од отворање на тендерската постапка до финална исплата за реализираните активности. Некои од нив, потенцира, се со висок ризик од можни злоупотреби. Министерот ги информирал коморите за Извештајот и побарал од нив да кажат зошто мал број компании аплицираат на тендерите. Му одговориле дека „се соочуваат со тендерска документација која, ако се прочита, е очигледно за која компанија е напишана“. Затоа, најави Алиу, за секоја наредна тендерска постапка, при истражување на пазарот, МИОА ќе свикува прес-конференција. Целта е да ги увери компаниите во транспарентноста, како и детално да ги информира кои се потребите на Министерството. Веројатно така, нагласи, ќе се намали недовербата која е веќе креирана меѓу јавниот и приватниот сектор.
Не сум правник за да кажам дали сето ова е законски или не, а и во Извештајот не е нотирано нешто незаконско, но нотирано е дека има ризици од злоупотреба. Има институции кои понатму треба да ги следат и анализираат овие процеси. Од една страна, одредени компании ги злоупотребуваат процесите и сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, а од друга, голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е системско решение кое ќе ги спречи сите потреби за злоупотреби и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции - истакна министерот.
Тој најави дека МИОА за четири до пет месеци повторно ќе излезе со ваков извештај, но за десетгодишен период.
На денешната средба, ги известив коморите за ревизорскиот извештај и побарав од нив да кажат зошто се случува ова, кои се постапките, процедурите и методологијата со која ние ќе се подобриме за тие да аплицираат. За жал, нивниот одговор, на повеќето компании, беше дека немаат доверба во јавните институции и затоа воопшто не трошат ресурси за да аплицираат. На моето прашање, дали ќе се поодбри тоа ако одржуваме прес-конференција во фаза на анализа на пазарот на трудот и дали тогаш би се пријавиле, одговорија потврдно, дека, да, тоа е една од можностите за да бидат сигурни и да знаат однапред што се слуќува и кои се барањта. Според нив, сега се соочуваат со тендерска документација која, велат, ако ја прочитате, ќе видите дека е очигледно за која компанија е напишана. Тоа е фидбекот што го добив денеска од приватниот сектор - истакна Алиу.
Ревизорскиот извештај е јавно достапен на веб страницата на МИОА.
Сакаме да бидеме транспарентни и одговорни кон граѓаните, како и да ги подобриме тендерските процеси во земјава. Затоа, МИОА во наредниот период ќе организира средби на кои навреме ќе ги информира сите компании заинтересирани да учествуваат во натамошните постпаки и да одговараат на нашите повици. Има многу точки во кои ние треба да се подобриме како институција, а ни ги дава Ревизорскиот извештај. На пример, да се подели Работната група која пишува тендерска документација со Работната група која ги следи процесите и таа што дава извештај за имплементација на проектите - подвлече министерот.

The post Ни компаниите немаат доверба во институциите: Ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени appeared first on Република.

]]>
Дали има потреба од ревизија и на Клиниките за трансфузиологија и хематологија, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-ima-potreba-od-revizija-i-na-klinikite-za-transfuziologija-i-hematologija-prashuvaat-od-komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne/ Mon, 16 Oct 2023 08:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=691587

Во врска со Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Клиниката за радиотерапија и онкологија за 2021 година ставот на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека:

➡️Не смее да се создава намерно и со умисла зависност од конкретен производител преку набавки на затворен систем при што опремата и потрошниот материјал се компатибилни
➡️Не смеело постапката за јавна набавка на биолошка терапија на УК Онкологија да ја спроведува Министерството за здравство, без барање од Клиниката за онкологија. Покрај тоа Клиниката за онкологија обезбедила согласност од МЗ, но не и согласност од Фондот за здравствено осигурување што не е во согласност со член 9 од Законот за здравствено осигурување
➡️Не смее набавките на "реверс" да бидат проформа постапката за јавна набавка и истата не може и не смее да биде наменета за однапред познат понудувач. Во тој случај дополнително понудувачот го наплатува претходно незаконски создаденото побарување по цена што нему му одговара, спротивно на начелото на конкуренција
➡️Не смее да има постапки за набавка без претходно обезбеден план од каде ќе бидат средствата. Имено, спроведена постапка за јавна набавка без претходно обезбедени средства претставува свесно создавање фиинансиска нестабилност, неликвидност и непотребна евентуална судска разрешница обременета со камати и судски трошоци што дополнително придонесува за неефикасно, неефективно и неекономично работење и резултира со неквалитет и дисконтинуитет во лекувањето
➡️Не смее опремата која е набавена да не биде во функција, бидејќи неставањето во функција на веќе набавената опрема повеќе од 7 години не претставува само непотребен трошок преку неоправдани трошоци за чување и намалени трошоци за лекување, туку и загуба на човечки животи
Оттука се наметнуваат следните прашања:
• Дали наодите на ДЗР претставуваат документ по "допрен глас", "готов предмет" или "чиста ситуација"?
• Дали за ваквите постапувања или непостапувања е потребно повеќе од политичка одговорност?
• Дали има одговорност за непостапувањето по наодите за злоупотреби од страна на ДЗР?
• Дали има потреба од ревизија и на Клиниките за трансфузиологија и хематологија, за кои исто слушаме за низа неправилности од медиумите?

The post Дали има потреба од ревизија и на Клиниките за трансфузиологија и хематологија, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Во врска со Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Клиниката за радиотерапија и онкологија за 2021 година ставот на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека: ➡️Не смее да се создава намерно и со умисла зависност од конкретен производител преку набавки на затворен систем при што опремата и потрошниот материјал се компатибилни ➡️Не смеело постапката за јавна набавка на биолошка терапија на УК Онкологија да ја спроведува Министерството за здравство, без барање од Клиниката за онкологија. Покрај тоа Клиниката за онкологија обезбедила согласност од МЗ, но не и согласност од Фондот за здравствено осигурување што не е во согласност со член 9 од Законот за здравствено осигурување ➡️Не смее набавките на "реверс" да бидат проформа постапката за јавна набавка и истата не може и не смее да биде наменета за однапред познат понудувач. Во тој случај дополнително понудувачот го наплатува претходно незаконски создаденото побарување по цена што нему му одговара, спротивно на начелото на конкуренција ➡️Не смее да има постапки за набавка без претходно обезбеден план од каде ќе бидат средствата. Имено, спроведена постапка за јавна набавка без претходно обезбедени средства претставува свесно создавање фиинансиска нестабилност, неликвидност и непотребна евентуална судска разрешница обременета со камати и судски трошоци што дополнително придонесува за неефикасно, неефективно и неекономично работење и резултира со неквалитет и дисконтинуитет во лекувањето ➡️Не смее опремата која е набавена да не биде во функција, бидејќи неставањето во функција на веќе набавената опрема повеќе од 7 години не претставува само непотребен трошок преку неоправдани трошоци за чување и намалени трошоци за лекување, туку и загуба на човечки животи Оттука се наметнуваат следните прашања: • Дали наодите на ДЗР претставуваат документ по "допрен глас", "готов предмет" или "чиста ситуација"? • Дали за ваквите постапувања или непостапувања е потребно повеќе од политичка одговорност? • Дали има одговорност за непостапувањето по наодите за злоупотреби од страна на ДЗР? • Дали има потреба од ревизија и на Клиниките за трансфузиологија и хематологија, за кои исто слушаме за низа неправилности од медиумите?

The post Дали има потреба од ревизија и на Клиниките за трансфузиологија и хематологија, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Објавен ревизорскиот извештај: Владата кратела пари од правосудството за да додели и до пет пати повеќе за себе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaven-revizorskiot-izveshtaj-vladata-kratela-pari-od-pravosudstvoto-za-da-dodeli-i-do-pet-pati-poveke-za-sebe/ Fri, 21 Jul 2023 11:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=663885

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај на усогласеност на Основниот буџет на Република Македонија (Буџет на РМ), со која се опфатени планирањето, подготовката, донесувањето и извршувањето на Буџетот за 2022 година. Според Извештајот, Владата одобрила пет пати повеќе пари од планираното во 2022 година за Министерството за транспорт и врски, себе си си доделила 2,5 пати повеќе плари од планираните но затоа им ги скратила парите на судството за 63 отсто повеќе од планираното, а на Јавното обвинителство наместо законските 0,4 отсто од БДП им дале 0,21 отсто од парите што им следуваат. Вкупните приходи и приливи во 2022 година се остварени за 11 отсто помалку во однос на 2021 година, во износ од околу 202 милијарди денари, што во најголем дел се должи на намалувањето на задолжувањето во странство (62 отсто) и домашното задолжување (37 отсто).

Буџетот за 2022 година изнесуваше приближно 182 милијарди денари и во однос на 2021 година е помал за 7 отсто, додека во однос на бараните пари од буџетските корисници е помал за 29 отсто, пишува ДЗР во најновиот Извештај.

Со ребалансот на буџетот од јули 2022 година, како и со две Одлуки за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите од ноември 2022 година, Владата го зголемила Основниот буџет за 2022 година за 8 отсто.

Според ДЗР, во континуитет се известува дека одобрените буџети на буџетските корисници не е во сооднос со реалните потреби за реализација на поставените цели. Иста е состојбата и за 2022 година, односно износот на одобрени пари од Основен буџет (сметка 637) е повисок за 21 отсто во однос на максималните износи на одобрени средства.

„Значително зголемување на одобрени средства за 2022 година има кај Министерството за транспорт и врски, кои во однос на претходната година се зголемени за околу 5 пати, поради воведување на новата владина програма 2М–Инвестиции во патна инфраструктура, за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово - Гостивар - Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа - Струга - Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп - Битола) . Исто така зголемување е утврдено и кај Владата, при што одобрениот буџет е за 2,5 пати поголем во однос на планираните максимални износи. Ваквата состојба е резултат на проширување на програмата П1-Мерки за справување со Ковид-19 кризата и други антикризни мерки, во рамките на која опфатени се и мерки за други кризи, кои не биле планирани при подготовката на буџетот, кога максималните износи на расходи биле утврдени на пониско ниво во однос на 2021 година за околу 50 отсто“, констатирале ревизорите од ДЗР.

Планираното зголемување кај приходите е во насока на оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, додека кај планираното зголемување кај расходите во најголем дел е насочено кон реализација на дел од мерките на Владата за надминување на последиците од енергетската криза.

Ревизорите укажуваат дека имајќи го предвид обемот на надлежностите, големината на буџетот, организациона структура, кадровската екипираност на Владата, поставеноста на внатрешните контроли, како и обврската за континуиран мониторинг и контрола над законското користење на доделените пари по основ на владини програми, потребно е „да се преиспита актуелниот начин на буџетирање каде со планирањето во најголем дел реализацијата на парите се врши преку разделот на Влада и да се распределат средствата во буџетите на одделните институции согласно законските надлежности кои ги врши секоја одделно“.

Освен ова ревизроите констатирале дека Владата при распределба на парите наместо да им ги додели законски предвидените средства на судовите и јавните обвинителства таа од нив кратела повеќе од половина од потребниот буџет.

„Исто така констатирано е дека средствата кои се издвојуваат за финансирање на Судската власт во износ од околу 2,3 милијарди денари претставуваат 0,3 отсто од БДП и истите се за 63 отсто помали од законски утврдениот лимит, додека за Јавното обвинителство одобрените средства во износ од околу 643 милиони денари претставуваат 0,21 отсто од средствата на Буџетот за 2022 година, иако согласно Законот за јавното обвинителство висината на средствата за работа треба да изнесуваат најмалку 0,4% од буџетот на државата, доколку со тоа не се нарушува праведната распределба на буџетските средства“, констатирал ДЗР.

Буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет изнесува 5,1 отсто од БДП и истиот е 0,8 отсто над проектираниот процент од 4,3 отсто, предвиден во Фискалната стратегија за 2022-2024 (со изгледи до 2026 година).

Во однос на 2021 година учеството на буџетскиот дефицит во БДП е намален за 0,3 отсто, што укажува на стабилизација и намалување, но сепак неговото учество во БДП за 2022 година е на повисоко ниво во однос на годините пред здравствено-економската криза и според предвидувањата во фискалната стратегија се очекува истиот преку континуирано намалување во наредните години, во 2026 година да изнесува 2,2 отсто од БДП.

Вкупните приходи и приливи во 2022 година се остварени за 11 отсто помалку во однос на 2021 година, во износ од околу 202 милијарди денари, што во најголем дел се должи на намалувањето на задолжувањето во странство (62 отсто) и домашното задолжување (37 отсто)

 

The post Објавен ревизорскиот извештај: Владата кратела пари од правосудството за да додели и до пет пати повеќе за себе appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај на усогласеност на Основниот буџет на Република Македонија (Буџет на РМ), со која се опфатени планирањето, подготовката, донесувањето и извршувањето на Буџетот за 2022 година. Според Извештајот, Владата одобрила пет пати повеќе пари од планираното во 2022 година за Министерството за транспорт и врски, себе си си доделила 2,5 пати повеќе плари од планираните но затоа им ги скратила парите на судството за 63 отсто повеќе од планираното, а на Јавното обвинителство наместо законските 0,4 отсто од БДП им дале 0,21 отсто од парите што им следуваат. Вкупните приходи и приливи во 2022 година се остварени за 11 отсто помалку во однос на 2021 година, во износ од околу 202 милијарди денари, што во најголем дел се должи на намалувањето на задолжувањето во странство (62 отсто) и домашното задолжување (37 отсто). Буџетот за 2022 година изнесуваше приближно 182 милијарди денари и во однос на 2021 година е помал за 7 отсто, додека во однос на бараните пари од буџетските корисници е помал за 29 отсто, пишува ДЗР во најновиот Извештај. Со ребалансот на буџетот од јули 2022 година, како и со две Одлуки за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите од ноември 2022 година, Владата го зголемила Основниот буџет за 2022 година за 8 отсто. Според ДЗР, во континуитет се известува дека одобрените буџети на буџетските корисници не е во сооднос со реалните потреби за реализација на поставените цели. Иста е состојбата и за 2022 година, односно износот на одобрени пари од Основен буџет (сметка 637) е повисок за 21 отсто во однос на максималните износи на одобрени средства. „Значително зголемување на одобрени средства за 2022 година има кај Министерството за транспорт и врски, кои во однос на претходната година се зголемени за околу 5 пати, поради воведување на новата владина програма 2М–Инвестиции во патна инфраструктура, за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово - Гостивар - Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа - Струга - Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп - Битола) . Исто така зголемување е утврдено и кај Владата, при што одобрениот буџет е за 2,5 пати поголем во однос на планираните максимални износи. Ваквата состојба е резултат на проширување на програмата П1-Мерки за справување со Ковид-19 кризата и други антикризни мерки, во рамките на која опфатени се и мерки за други кризи, кои не биле планирани при подготовката на буџетот, кога максималните износи на расходи биле утврдени на пониско ниво во однос на 2021 година за околу 50 отсто“, констатирале ревизорите од ДЗР. Планираното зголемување кај приходите е во насока на оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, додека кај планираното зголемување кај расходите во најголем дел е насочено кон реализација на дел од мерките на Владата за надминување на последиците од енергетската криза. Ревизорите укажуваат дека имајќи го предвид обемот на надлежностите, големината на буџетот, организациона структура, кадровската екипираност на Владата, поставеноста на внатрешните контроли, како и обврската за континуиран мониторинг и контрола над законското користење на доделените пари по основ на владини програми, потребно е „да се преиспита актуелниот начин на буџетирање каде со планирањето во најголем дел реализацијата на парите се врши преку разделот на Влада и да се распределат средствата во буџетите на одделните институции согласно законските надлежности кои ги врши секоја одделно“. Освен ова ревизроите констатирале дека Владата при распределба на парите наместо да им ги додели законски предвидените средства на судовите и јавните обвинителства таа од нив кратела повеќе од половина од потребниот буџет. „Исто така констатирано е дека средствата кои се издвојуваат за финансирање на Судската власт во износ од околу 2,3 милијарди денари претставуваат 0,3 отсто од БДП и истите се за 63 отсто помали од законски утврдениот лимит, додека за Јавното обвинителство одобрените средства во износ од околу 643 милиони денари претставуваат 0,21 отсто од средствата на Буџетот за 2022 година, иако согласно Законот за јавното обвинителство висината на средствата за работа треба да изнесуваат најмалку 0,4% од буџетот на државата, доколку со тоа не се нарушува праведната распределба на буџетските средства“, констатирал ДЗР. Буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет изнесува 5,1 отсто од БДП и истиот е 0,8 отсто над проектираниот процент од 4,3 отсто, предвиден во Фискалната стратегија за 2022-2024 (со изгледи до 2026 година). Во однос на 2021 година учеството на буџетскиот дефицит во БДП е намален за 0,3 отсто, што укажува на стабилизација и намалување, но сепак неговото учество во БДП за 2022 година е на повисоко ниво во однос на годините пред здравствено-економската криза и според предвидувањата во фискалната стратегија се очекува истиот преку континуирано намалување во наредните години, во 2026 година да изнесува 2,2 отсто од БДП. Вкупните приходи и приливи во 2022 година се остварени за 11 отсто помалку во однос на 2021 година, во износ од околу 202 милијарди денари, што во најголем дел се должи на намалувањето на задолжувањето во странство (62 отсто) и домашното задолжување (37 отсто)  

The post Објавен ревизорскиот извештај: Владата кратела пари од правосудството за да додели и до пет пати повеќе за себе appeared first on Република.

]]>
Не наплатуваат ни данок ни такси, а тука е и проблемот со струјата – Извештај на ревизорите од Арачиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-naplatuvaat-ni-danok-ni-taksi-a-tuka-e-i-problemot-so-strujata-izveshtaj-na-revizorite-od-arachinovo/ Thu, 13 Apr 2023 09:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=630486

Државниот завод за ревизија ги објави ревизорските извештаи на ЕЛС Арачиново. Од ДЗР информираат дека извршиле ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Арачиново, на сметката на основен буџет (630), за 2021 година.

о извршената ревизија, изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Извршена е ревизија за 2017 година и издаден е Конечен извештај за финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Општина Арачиново, сметка на основен буџет (630), при што овластениот државен ревизор се воздржа од давање мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, додека за усогласеност со закони и прописи изразено е неповолно мислење, се наведува во денешното соопштение од ДЗР.

Ревизијата опфатила спроведување на препораките презентирани во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2017 година на Општина Арачиново и било утврдено дека од дадените шест препораки, пет не се спроведени, а една е во тек на спроведување.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај Општина Арачиново, сметка на основен буџет (630) за 2021 година, од ДЗР биле констатирани следниве состојби: слабости при спроведување на процесот на буџетирање, реализација на планираните приходи и расходи од 77 проценти и не донесен ребаланс на Буџетот за 2021 година; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија ниту меѓу општинска соработка со друга општина во делот на внатрешната ревизија; општината не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за задолжување за данок на имот на физички и правни лица, а данокот на промет на недвижности и данок на наследство и подарок не се утврдуваат согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност.

Како што стои во извештајот, општината не остварува приходи по основ на комунална такса на фирма, комунална такса за користење на музика во јавните локали, комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување на градежно земјиште; не е воспоставена аналитичка евиденција на побарувањата за физички и правни лица со соодветна поткрепувачка документација, не е утврден основот за нивно постоење и можноста за нивна наплата.

Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата дала препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Во делот останати прашања ревизијата ги истакнува системските слабости во законската регулатива и потребата од нивно надминување со цел комплетност и точност на остварените приходи кај општините, а кои се однесуваат и тоа: не е пропишано во кои рокови правните лица овластени за регистрација на
возилата треба да ја уплатат комуналната такса за користење на патишта со моторни возила на сметка на општината; не е пропишана обврска на трговското друштво надлежно за дистрибуција на електрична енергија кое врши наплата на таксата за користење и одржување јавно осветлување од имателите на броила да ги известува општините за бројот на обврзници по категории (број на броила) согласно тарифниот број, како и за наплатените приходи и ненаплатени побарувања по овој основ; општината нема информации за висината на средствата што треба да се уплатат во буџетот на општината по основ приходи од закуп на земјоделско земјиште во сопственост на државата утврдено со Законот за земјоделско земјиште; општината располага со податоци за склучените договорите за концесија за експлоатација на минералните суровини и врши увид на уплатените средства од концесиските надоместоци, но нема можност да ја потврди нивната целосност и точност.

Во соопштението од ДЗР се наведува дека не се добиени забелешки на Нацрт Извештајот на овластениот државен ревизор број 16-133/1 од 25.01.2023 година.

The post Не наплатуваат ни данок ни такси, а тука е и проблемот со струјата – Извештај на ревизорите од Арачиново appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија ги објави ревизорските извештаи на ЕЛС Арачиново. Од ДЗР информираат дека извршиле ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Арачиново, на сметката на основен буџет (630), за 2021 година.
о извршената ревизија, изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Извршена е ревизија за 2017 година и издаден е Конечен извештај за финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Општина Арачиново, сметка на основен буџет (630), при што овластениот државен ревизор се воздржа од давање мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, додека за усогласеност со закони и прописи изразено е неповолно мислење, се наведува во денешното соопштение од ДЗР.
Ревизијата опфатила спроведување на препораките презентирани во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2017 година на Општина Арачиново и било утврдено дека од дадените шест препораки, пет не се спроведени, а една е во тек на спроведување. Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај Општина Арачиново, сметка на основен буџет (630) за 2021 година, од ДЗР биле констатирани следниве состојби: слабости при спроведување на процесот на буџетирање, реализација на планираните приходи и расходи од 77 проценти и не донесен ребаланс на Буџетот за 2021 година; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија ниту меѓу општинска соработка со друга општина во делот на внатрешната ревизија; општината не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за задолжување за данок на имот на физички и правни лица, а данокот на промет на недвижности и данок на наследство и подарок не се утврдуваат согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност. Како што стои во извештајот, општината не остварува приходи по основ на комунална такса на фирма, комунална такса за користење на музика во јавните локали, комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување на градежно земјиште; не е воспоставена аналитичка евиденција на побарувањата за физички и правни лица со соодветна поткрепувачка документација, не е утврден основот за нивно постоење и можноста за нивна наплата. Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата дала препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите. Во делот останати прашања ревизијата ги истакнува системските слабости во законската регулатива и потребата од нивно надминување со цел комплетност и точност на остварените приходи кај општините, а кои се однесуваат и тоа: не е пропишано во кои рокови правните лица овластени за регистрација на возилата треба да ја уплатат комуналната такса за користење на патишта со моторни возила на сметка на општината; не е пропишана обврска на трговското друштво надлежно за дистрибуција на електрична енергија кое врши наплата на таксата за користење и одржување јавно осветлување од имателите на броила да ги известува општините за бројот на обврзници по категории (број на броила) согласно тарифниот број, како и за наплатените приходи и ненаплатени побарувања по овој основ; општината нема информации за висината на средствата што треба да се уплатат во буџетот на општината по основ приходи од закуп на земјоделско земјиште во сопственост на државата утврдено со Законот за земјоделско земјиште; општината располага со податоци за склучените договорите за концесија за експлоатација на минералните суровини и врши увид на уплатените средства од концесиските надоместоци, но нема можност да ја потврди нивната целосност и точност. Во соопштението од ДЗР се наведува дека не се добиени забелешки на Нацрт Извештајот на овластениот државен ревизор број 16-133/1 од 25.01.2023 година.

The post Не наплатуваат ни данок ни такси, а тука е и проблемот со струјата – Извештај на ревизорите од Арачиново appeared first on Република.

]]>
На Онкологија во 2021 година бил набавен акцелератор за болните од рак, но никогаш не се користел бидејќи немало каде да биде поставен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-onkologija-vo-2021-godina-bil-nabaven-aktselerator-za-bolnite-od-rak-no-nikogash-ne-se-koristel-bidejki-nemalo-kade-da-bide-postaven/ Tue, 04 Apr 2023 11:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=627073

На Универзитетската клиника за онкологија во 2021 година бил набавен акцелератор за болните од канцер, но тој никогаш не се користел, бидејќи Клиниката не располагала со соодветен простор во кој истиот би можел да биде инсталиран“, објави Државниот завод за ревизија (ДЗР) кој денеска го соопшти извештајот за работата на Клиниката за онкологија за 2021 година.

ДЗР известува дека во постапките за сервисирање на опрема за која економските оператори имаа монополска позиција или ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис при што не постои можност да се спореди, утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги. Набавен е линеарен акцелератор од страна на министерството за здравство кој до денот на вршење на ревизијата не е ставен во употреба, од причина што Клиниката не располагала со соодветен простор во кој истиот би можел да биде инсталиран, се вели во извшетајот на ДЗР.

Во ревизорскиот извештај се констатира дека клиниката не ја евидетирала потрошувачката на биолошка терапија навреме затоа што торшокот од безмалку 650.000 денари бил евидентиран на крајот од 2021 година затоа што лековите биле набавувани на реверс без при тоа да биде определена конкретна цена. ДЗР исто така утврдил дека не постојат медицински протоколи и упатства со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми кои пациенти и како ќе бидат приклучени на биолошка терапија. Од ДЗР имаат забелешки и за јавните набавки на Клиниката за онкологија.

Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за една од прегледаните сметки во делот на работата на Клиниката за онкологија а кој се однесува на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за нивната усогласенот со законите за 2021 година.

Поради ова од ДЗР меѓу другото препорачуваат биолошката терапија да се набавува во рамки на буџетот што го има Клиниката за онкологија но при тоа да се склучи договор за јавна набавка.

Биолошката терапија да се набавува во рамки на буџетот што го има Клиниката за онкологија но при тоа да се склучи договор за јавна набавка и истата да се определува и доделува на пациенти по претходно мислење на стручен колегиум. Велосно да се спроведува годишниот попис. Да се преземаат обврски само во рамки на буџетото и истите редовно да се исплатуваат. Навремено да се евидентира трошокот за биолошка терапија и да се обезбеди доследна примена на Законот за јавни набавки, велат од ДЗР.

Што се однесува до втората сметка што ја испитувал ДЗР, во издвоеното мислење пишува дека нема резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финанските извештаи но изразува резерва за тоа колку финансиските транскации се усогласени со законите за 2021 година.

Државниот завод за ревизија во работата на Клиниката за онкологија утврдил слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи и упатства со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија. Исто така ДЗР утврди дека Клиниката за онкологија не го спровела во целост пописот на средствата и обврските што ги имала, пишува во извештајот на ДЗР.

Од ДЗР велат дека постојат и прашања кои остануваат неизвесни а тоа е наплатата на Клиниката за онкологија за своите извршени услуги. По оваа основа Министерството за здраваство (МЗ) ѝ должи на клиниката повеќе од 160.000 денари а не се наплатени ни близу 60.000 денари од другите Јавно-здравствени установи.

Поради утврдените недостатоци во работењето на клиниката во делот на финансиските трансакции, ДЗР ѝ препорачува на оваа здравствена установа биолошката терапија да се набавува само рамки на веќе обезбедени пари за таа намена а по претходно склучен договор за јавна набавка и истата да се определува и доделува на пацинети по претходно мислење на стручен колегиум. ДЗР уште препорачува Клиниката за онкологија целосно да го спроведува пописот за секоја тековна година“, препорачуваат од ДЗР.

Од Државниот завод за ревизија потенцираат дека по однос на двата извештаи не добиле никакви забелешки од Клиниката за онкологија.

 

The post На Онкологија во 2021 година бил набавен акцелератор за болните од рак, но никогаш не се користел бидејќи немало каде да биде поставен appeared first on Република.

]]>

На Универзитетската клиника за онкологија во 2021 година бил набавен акцелератор за болните од канцер, но тој никогаш не се користел, бидејќи Клиниката не располагала со соодветен простор во кој истиот би можел да биде инсталиран“, објави Државниот завод за ревизија (ДЗР) кој денеска го соопшти извештајот за работата на Клиниката за онкологија за 2021 година.
ДЗР известува дека во постапките за сервисирање на опрема за која економските оператори имаа монополска позиција или ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис при што не постои можност да се спореди, утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги. Набавен е линеарен акцелератор од страна на министерството за здравство кој до денот на вршење на ревизијата не е ставен во употреба, од причина што Клиниката не располагала со соодветен простор во кој истиот би можел да биде инсталиран, се вели во извшетајот на ДЗР.
Во ревизорскиот извештај се констатира дека клиниката не ја евидетирала потрошувачката на биолошка терапија навреме затоа што торшокот од безмалку 650.000 денари бил евидентиран на крајот од 2021 година затоа што лековите биле набавувани на реверс без при тоа да биде определена конкретна цена. ДЗР исто така утврдил дека не постојат медицински протоколи и упатства со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми кои пациенти и како ќе бидат приклучени на биолошка терапија. Од ДЗР имаат забелешки и за јавните набавки на Клиниката за онкологија. Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за една од прегледаните сметки во делот на работата на Клиниката за онкологија а кој се однесува на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за нивната усогласенот со законите за 2021 година. Поради ова од ДЗР меѓу другото препорачуваат биолошката терапија да се набавува во рамки на буџетот што го има Клиниката за онкологија но при тоа да се склучи договор за јавна набавка.
Биолошката терапија да се набавува во рамки на буџетот што го има Клиниката за онкологија но при тоа да се склучи договор за јавна набавка и истата да се определува и доделува на пациенти по претходно мислење на стручен колегиум. Велосно да се спроведува годишниот попис. Да се преземаат обврски само во рамки на буџетото и истите редовно да се исплатуваат. Навремено да се евидентира трошокот за биолошка терапија и да се обезбеди доследна примена на Законот за јавни набавки, велат од ДЗР.
Што се однесува до втората сметка што ја испитувал ДЗР, во издвоеното мислење пишува дека нема резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финанските извештаи но изразува резерва за тоа колку финансиските транскации се усогласени со законите за 2021 година.
Државниот завод за ревизија во работата на Клиниката за онкологија утврдил слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи и упатства со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија. Исто така ДЗР утврди дека Клиниката за онкологија не го спровела во целост пописот на средствата и обврските што ги имала, пишува во извештајот на ДЗР.
Од ДЗР велат дека постојат и прашања кои остануваат неизвесни а тоа е наплатата на Клиниката за онкологија за своите извршени услуги. По оваа основа Министерството за здраваство (МЗ) ѝ должи на клиниката повеќе од 160.000 денари а не се наплатени ни близу 60.000 денари од другите Јавно-здравствени установи.
Поради утврдените недостатоци во работењето на клиниката во делот на финансиските трансакции, ДЗР ѝ препорачува на оваа здравствена установа биолошката терапија да се набавува само рамки на веќе обезбедени пари за таа намена а по претходно склучен договор за јавна набавка и истата да се определува и доделува на пацинети по претходно мислење на стручен колегиум. ДЗР уште препорачува Клиниката за онкологија целосно да го спроведува пописот за секоја тековна година“, препорачуваат од ДЗР.
Од Државниот завод за ревизија потенцираат дека по однос на двата извештаи не добиле никакви забелешки од Клиниката за онкологија.  

The post На Онкологија во 2021 година бил набавен акцелератор за болните од рак, но никогаш не се користел бидејќи немало каде да биде поставен appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Зголемените приходи на Фондот за ПИО не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dzr-zgolemenite-prihodi-na-fondot-za-pio-ne-se-dovolni-za-pokrivanje-na-deficitot-za-isplata-na-socijalni-beneficii-za-2020-godina/ Wed, 16 Mar 2022 12:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=473779

Зголемените приходи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година, кои се одвојуваат од Буџетот на државата и учествуваат со 38,4 отсто во вкупните приходи во Фондот за ПИО.

Ова го посочува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во конечниот ревизорски извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување што го објави денеска.

Во извештајот ревизорите изразија мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2020 година.

Констатираат слабости во системот на интерни контроли во процесот на остварување на права од ПИО и исплата на пензиските примања, отсуство на целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените поради што, според нив, не секогаш е обезбедено потврдување на внесените податоци и точност и навременост во постапката. Тоа, како што посочуваат во извештајот, придонесува за зголемување на ризикот од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право.

Констатиран е и недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство, слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција, нераспоредени средства на уплатната сметка од наплата придонес за ПИО, недоволни механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии, евидентирани објекти за кои не постои веродостоен документ, нерасчистени имотно правни односи, неизвршено излагање на објектите и упис во катастар на недвижности.

The post ДЗР: Зголемените приходи на Фондот за ПИО не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година appeared first on Република.

]]>

Зголемените приходи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година, кои се одвојуваат од Буџетот на државата и учествуваат со 38,4 отсто во вкупните приходи во Фондот за ПИО. Ова го посочува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во конечниот ревизорски извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување што го објави денеска. Во извештајот ревизорите изразија мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2020 година. Констатираат слабости во системот на интерни контроли во процесот на остварување на права од ПИО и исплата на пензиските примања, отсуство на целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените поради што, според нив, не секогаш е обезбедено потврдување на внесените податоци и точност и навременост во постапката. Тоа, како што посочуваат во извештајот, придонесува за зголемување на ризикот од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право. Констатиран е и недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство, слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција, нераспоредени средства на уплатната сметка од наплата придонес за ПИО, недоволни механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии, евидентирани објекти за кои не постои веродостоен документ, нерасчистени имотно правни односи, неизвршено излагање на објектите и упис во катастар на недвижности.

The post ДЗР: Зголемените приходи на Фондот за ПИО не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година appeared first on Република.

]]>