Ревизор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/revizor/ За подобро да се разбереме Fri, 05 May 2023 12:15:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ревизор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/revizor/ 32 32 „Ревизор“ е гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум, вели режисерот Андреј Цветановски за премиерата во Комедија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/revizor-e-groteska-na-odnosot-na-graganite-kon-vlasta-i-nivnata-zaslepenost-od-sjajniot-kostum-veli-rezhiserot-andrej-tsvetanovski-za-premierata-vo-komedija/ Fri, 05 May 2023 12:15:08 +0000 https://republika.mk/?p=637296

Вечерва, во 20 часот во Театар Комедија премиерно ќе биде прикажана претставата „Ревизор“ од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски.

„Ревизор“, според режисерот Цветановски, зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта. Гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на Петербург. Оваа претстава зборува за човековиот страв од власта и потребата од моќ кои како појави се појавуваат во овој систем и го јадат одвнатре до точка од која нема враќање.

Дали сите се наоѓаме во оваа приказна? До кога ќе живееме во свет во кој моќта претставува основна човечка карактеристика? И она најважното... Сите ли сме си наши?

Во претставата играат: Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Стевковска Дрнасин,  Жаклина Петровска Милјановска, Едмонд Сотир, Илија Илиоски, Столе Мицов, Јаков Спасов, Ангела Стојановска, Марија Кондовска, Христијан Поп Симонов.

Сценограф е Сергеј Светозарев, а костимите се на Ивана Каранфиловска.

 

The post „Ревизор“ е гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум, вели режисерот Андреј Цветановски за премиерата во Комедија appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 20 часот во Театар Комедија премиерно ќе биде прикажана претставата „Ревизор“ од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски. „Ревизор“, според режисерот Цветановски, зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта. Гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на Петербург. Оваа претстава зборува за човековиот страв од власта и потребата од моќ кои како појави се појавуваат во овој систем и го јадат одвнатре до точка од која нема враќање. Дали сите се наоѓаме во оваа приказна? До кога ќе живееме во свет во кој моќта претставува основна човечка карактеристика? И она најважното... Сите ли сме си наши? Во претставата играат: Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Стевковска Дрнасин,  Жаклина Петровска Милјановска, Едмонд Сотир, Илија Илиоски, Столе Мицов, Јаков Спасов, Ангела Стојановска, Марија Кондовска, Христијан Поп Симонов. Сценограф е Сергеј Светозарев, а костимите се на Ивана Каранфиловска.  

The post „Ревизор“ е гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум, вели режисерот Андреј Цветановски за премиерата во Комедија appeared first on Република.

]]>