ревизија на учебници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/revizija-na-uchebnici/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Aug 2022 12:58:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ревизија на учебници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/revizija-na-uchebnici/ 32 32 Пендаровски: Им нема спас на тие луѓе кои мислат поинаку од македонската страна на Комисијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-im-nema-spas-na-tie-lugje-koi-mislat-poinaku-od-makedonskata-strana-na-komisijata/ Fri, 19 Aug 2022 12:58:58 +0000 https://republika.mk/?p=542054

Претседателот на државата Стево Пендаровски верува дека македонските членови на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија нема да се согласат за ниеден „квази-историски“ или „квази политички“ аргументи, какви што често доаѓаат од Софија.

По отворањето на 55. јубилејна Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Пендаровски прашан за оценка за реакциите во јавноста околу објавените Препораки на Историската комисија, нагласи дека изминатите месеци по која било која шпекулација или полуинформација што доаѓа од Софија, во земјава цела нација се крева на нозе и се обидува да објасни што значи тоа.

Станува збор за Препораки кои се договорени пред три години, зад кои стои целиот состав на нашиот дел од Комисијата. И ако после вчерашното образложување на сите тие Препораки од македонската страна на Комисијата на некого не му е јасно дека станува збор за препораки, кои со ништо не задираат во македонскиот јазик и идентитет, тогаш за тие луѓе, кои и после ова не разбираат, нема спас, изјави Пендаровски.

Тој нагласи дека нема никаков сомнеж во членовите во македонскиот дел од Комисијата, не само денес, туку и во изминатите три години откако се поставени на таа позиција, дека работат во заштита на македонскиот идентитет, јазик, име… и се што следува во тој контекст.

Немам сомнеж ниту во наредниот период дека нема да се согласат на некој квази историски или квази политички аргументи кои доаѓаат често од Софија, истакна Пендаровски.

The post Пендаровски: Им нема спас на тие луѓе кои мислат поинаку од македонската страна на Комисијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски верува дека македонските членови на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија нема да се согласат за ниеден „квази-историски“ или „квази политички“ аргументи, какви што често доаѓаат од Софија. По отворањето на 55. јубилејна Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Пендаровски прашан за оценка за реакциите во јавноста околу објавените Препораки на Историската комисија, нагласи дека изминатите месеци по која било која шпекулација или полуинформација што доаѓа од Софија, во земјава цела нација се крева на нозе и се обидува да објасни што значи тоа.
Станува збор за Препораки кои се договорени пред три години, зад кои стои целиот состав на нашиот дел од Комисијата. И ако после вчерашното образложување на сите тие Препораки од македонската страна на Комисијата на некого не му е јасно дека станува збор за препораки, кои со ништо не задираат во македонскиот јазик и идентитет, тогаш за тие луѓе, кои и после ова не разбираат, нема спас, изјави Пендаровски.
Тој нагласи дека нема никаков сомнеж во членовите во македонскиот дел од Комисијата, не само денес, туку и во изминатите три години откако се поставени на таа позиција, дека работат во заштита на македонскиот идентитет, јазик, име… и се што следува во тој контекст.
Немам сомнеж ниту во наредниот период дека нема да се согласат на некој квази историски или квази политички аргументи кои доаѓаат често од Софија, истакна Пендаровски.

The post Пендаровски: Им нема спас на тие луѓе кои мислат поинаку од македонската страна на Комисијата appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Нема бришење или менување на историјата по бугарски терк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-nema-brishenje-ili-menuvanje-na-istorijata-po-bugarski-terk/ Tue, 16 Aug 2022 08:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=540772

СДСМ смета дека со усвоените Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања стана јасно дека во нив нема ништо спорно, затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата по бугарски терк, како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската, но и до бугарската влада. Ова ги демантира грубите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го нарушат процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија. За разлика од таквиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да бара решенија за отворените прашања, при тоа заштитувајќи ги македонскиот идентитет, македонската историја и самобитност, велат од владејачката партија.

The post СДСМ: Нема бришење или менување на историјата по бугарски терк appeared first on Република.