ревитализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/revitalizacija/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Nov 2022 20:04:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ревитализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/revitalizacija/ 32 32 Сакате млада вагина? Внимавајте, по третманот може да изгледа и како лицето на Донатела Версаче https://arhiva3.republika.mk/intima/sakate-mlada-vagina-vnimavajte-po-tretmanot-moze-da-izgleda-i-kako-liceto-na-donatela-versache/ Wed, 23 Nov 2022 20:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=577481

Гениталното разубавување е најновиот козметички тренд. Се прави со директно вшприцување на филери во интимните делови што, пред сè, е болно, а носи и многу ризици.

Жените и мажите (каде истото им се прави на пенисот) сакаат да изгледаат помладо насекаде, по секоја цена. Многу од жените сакаат помлада вагина или се решаваат за ова бидејќи не им се допаѓа како почнува да изгледа со текот на годините.

Иако ваквите зафати се се почести, лекарите нагласуваат дека целата работа не е толку безопасна.

Гинекологот Слободанка Петковиќ за српските медиуми вели дека тоа е чисто помодарство, кое има своја цена.

Таа работа не ја носиш на лице, па да се гледа дека е убава. Ако станува збор за подобрување на сексуалната функција, во смисла зголемување на желбата или стеснување, тоа може да се направи со конвенционалните методи, кои се веќе докажани – вазодилататори, вијагра, стеснување на проширениот отвор по раѓањето, вели д-р Петковиќ.

Ризиците на овој зафат вклучуваат болни отоци, парализа на нервите и крвавење. Дополнителен ризик постои и бидејќи на клиторисот, на големите усни и отворот на уретрата се наоѓаат голем бројот крвни садови и нерви.

Видете само што се случува со лицето на Донатела Версаче. Слично може да се случи и кај половите органи, заклучува д-р Петковиќ.

The post Сакате млада вагина? Внимавајте, по третманот може да изгледа и како лицето на Донатела Версаче appeared first on Република.

]]>

Гениталното разубавување е најновиот козметички тренд. Се прави со директно вшприцување на филери во интимните делови што, пред сè, е болно, а носи и многу ризици. Жените и мажите (каде истото им се прави на пенисот) сакаат да изгледаат помладо насекаде, по секоја цена. Многу од жените сакаат помлада вагина или се решаваат за ова бидејќи не им се допаѓа како почнува да изгледа со текот на годините. Иако ваквите зафати се се почести, лекарите нагласуваат дека целата работа не е толку безопасна. Гинекологот Слободанка Петковиќ за српските медиуми вели дека тоа е чисто помодарство, кое има своја цена.
Таа работа не ја носиш на лице, па да се гледа дека е убава. Ако станува збор за подобрување на сексуалната функција, во смисла зголемување на желбата или стеснување, тоа може да се направи со конвенционалните методи, кои се веќе докажани – вазодилататори, вијагра, стеснување на проширениот отвор по раѓањето, вели д-р Петковиќ.
Ризиците на овој зафат вклучуваат болни отоци, парализа на нервите и крвавење. Дополнителен ризик постои и бидејќи на клиторисот, на големите усни и отворот на уретрата се наоѓаат голем бројот крвни садови и нерви.
Видете само што се случува со лицето на Донатела Версаче. Слично може да се случи и кај половите органи, заклучува д-р Петковиќ.

The post Сакате млада вагина? Внимавајте, по третманот може да изгледа и како лицето на Донатела Версаче appeared first on Република.

]]>
Се изнаоѓаат соодветни решенија за црквата „Успение на Пресвета Богородица” – манастир Матејче https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-iznaogjaat-soodvetni-reshenija-za-crkvata-uspenie-na-presveta-bogorodica-manastir-matejche/ Thu, 03 Mar 2022 07:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=466729

Изнаоѓаме соодветни решенија за црквата Успение на Пресвета Богородица" - манастир Матејче активно да функционира и да се ревитализира целиот комплекс, вели министерката за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска на чија иницијатива, беше направен увид во најновите состојби со манастирската црква во Матејче, заедно со  градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, директорот на УЗКН, Ариан Арсланај и директорот на Националниот конзерваторски центар, Мемет Селмани.

Само во заедничка координација, преземените мерки и заштитни интервенции ќе имаат подолготраен ефект и ќе ја обезбедат потребната заштита, вели Костадиновска-Стојчевска, потсетувајќи дека во 2021 година со средства од Програмата за културно наследство во опасност на Министерството за култура, преку надлежната установа Конзерваторски центар–Скопје се реализираше проект за непосредна заштита на архитектурата и изведбата на оловен покрив над објектот.

По последните вандалски оштетувања на кровот на црквата, надлежните констатираа дека се  потребни итни превентивни интервенции усогласени со сите субјекти на централно и локално ниво.

Mанастирскиот комплекс „Успение на Пресвета Богородица“ кој се наоѓа во атарот на селото Матејче, Кумановско претставува културно наследство од највисока вредност, а црквата во овој комплекс од средината на XIV век го содржи најобемниот фрескоансамбл на наша територија.

The post Се изнаоѓаат соодветни решенија за црквата „Успение на Пресвета Богородица” – манастир Матејче appeared first on Република.