ревија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/revija/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 12:46:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ревија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/revija/ 32 32 Традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/traditsionalnata-godishna-revija-na-megunarodniot-institut-za-moda-izet-tsuri-se-fokusirashe-na-bliskata-neraskinliva-interaktsija-pomegu-filmot-i-modata/ Wed, 03 Jul 2024 12:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=793100

Дека една студенска ревија не мора секогаш да го носи предзнакот на само „покажи и кажи“, туку е заедничко образовно искуство кое ги прикажува талентот за дизајн и продукција на настан, покажа традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ која се одржа на 26 јуни во амбиентот на киното „Милениум“.

Пригодно избраниот простор на одржување на ревијата беше во склад на зададената овогодишна тема која гласеше „Модата и филмот“ (фр. „La Mode au Cinéma“) и се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата.

Беше тоа несекојдневна, необична и посебна презентација на линијата помеѓу модна ревија и своевиден перформанс. Моден спектал кој ги надминува рамките на стандардна студенска ревија, онаков на какви се сеќаваме од златните времиња на модата во Македонија.

Студентите добија задача со своите дизајни да реферираат, од идеја до комплетна изведба, по еден изглед од одреден филм по нивен избор. Различните избори резултираа со разнолики решенија од кои, некои се движеа во рамките на костимографијата, додека други се одлучија за сопствен имагинативен превод со помалку или повеќе видлива референца на филмското остварување.

Од „Breakfast at Tiffany’s“ и „Cleopatra“, преку „Matrix“, „Lord of the Rings“, „Titanic“ и „Harry Potter“, па сè до неодамнешните „Black Panther“ и „Damsel“, од цртани и анимирани филмови до акциони и научна фантастика, со потсетување на култни филмски сцени проектирани на филмското платно без сомнеж скоро секој од присутните беше допрен од емоцијата која омилениот филм неминовно ја буди.

Доживувањето на гостите беше збогатено и со настапот на нашата извонредна Калина Велковска, во улогата на Satine од „Moulin Rouge“ и фантастичната Дана Сиљан со двеминутен настап со меч во улогата на Зоро од „Mask of Zorro“.

Беа реализирани 32 дизајни кои градираа од прва па се до четврта година како и четири од професорите Изет Цури, Доминик Брунет, Благој Мицевски и Никола Ефтимов.

Уметноста на модата ја чинат креативноста, иновациите, храбрата и смела визија, занаетчиството, вниманието на деталите. Тоа е она што ја дефинира модата и кое секој студент по моден дизајн би треба да го апсолвира. Токму тоа беше она кое со своите дела го испорачаа студентите на љубопитната и бројна публика на спектаклот „Модата и филмот“ која уживаше во посебното доживување.

Завршетокот на учебната година се заокружи со изложбата на истите дизајни поставени во галерискиот простор на Кинотеката на Македонија која траеше од 27 до 29 јуни во соработка со универзитетот за филмски уметности „Еуропа Прима“ и Кинотеката на Македонија.

 

The post Традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата appeared first on Република.

]]>

Дека една студенска ревија не мора секогаш да го носи предзнакот на само „покажи и кажи“, туку е заедничко образовно искуство кое ги прикажува талентот за дизајн и продукција на настан, покажа традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ која се одржа на 26 јуни во амбиентот на киното „Милениум“. Пригодно избраниот простор на одржување на ревијата беше во склад на зададената овогодишна тема која гласеше „Модата и филмот“ (фр. „La Mode au Cinéma“) и се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата. Беше тоа несекојдневна, необична и посебна презентација на линијата помеѓу модна ревија и своевиден перформанс. Моден спектал кој ги надминува рамките на стандардна студенска ревија, онаков на какви се сеќаваме од златните времиња на модата во Македонија. Студентите добија задача со своите дизајни да реферираат, од идеја до комплетна изведба, по еден изглед од одреден филм по нивен избор. Различните избори резултираа со разнолики решенија од кои, некои се движеа во рамките на костимографијата, додека други се одлучија за сопствен имагинативен превод со помалку или повеќе видлива референца на филмското остварување. Од „Breakfast at Tiffany’s“ и „Cleopatra“, преку „Matrix“, „Lord of the Rings“, „Titanic“ и „Harry Potter“, па сè до неодамнешните „Black Panther“ и „Damsel“, од цртани и анимирани филмови до акциони и научна фантастика, со потсетување на култни филмски сцени проектирани на филмското платно без сомнеж скоро секој од присутните беше допрен од емоцијата која омилениот филм неминовно ја буди. Доживувањето на гостите беше збогатено и со настапот на нашата извонредна Калина Велковска, во улогата на Satine од „Moulin Rouge“ и фантастичната Дана Сиљан со двеминутен настап со меч во улогата на Зоро од „Mask of Zorro“. Беа реализирани 32 дизајни кои градираа од прва па се до четврта година како и четири од професорите Изет Цури, Доминик Брунет, Благој Мицевски и Никола Ефтимов. Уметноста на модата ја чинат креативноста, иновациите, храбрата и смела визија, занаетчиството, вниманието на деталите. Тоа е она што ја дефинира модата и кое секој студент по моден дизајн би треба да го апсолвира. Токму тоа беше она кое со своите дела го испорачаа студентите на љубопитната и бројна публика на спектаклот „Модата и филмот“ која уживаше во посебното доживување. Завршетокот на учебната година се заокружи со изложбата на истите дизајни поставени во галерискиот простор на Кинотеката на Македонија која траеше од 27 до 29 јуни во соработка со универзитетот за филмски уметности „Еуропа Прима“ и Кинотеката на Македонија.  

The post Традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата appeared first on Република.

]]>
Прва ревија на стилисти за домашни миленици https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prva-revija-na-stilisti-za-domashni-milenitsi/ Sat, 15 Jun 2024 09:36:16 +0000 https://republika.mk/?p=787783

Денес со почеток во 12:00 часот во „Јавна соба“ во Скопје, Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија ќе ја организира првата ревија на модели од 15-тина салони и на која можат да се претстават ПетШопови, увозници на козметика за миленици, и промовираат креатори на облека, накит, брендови на козметика и секако одгледувачници.

Примарната цел на настанот е да се промовира професијата стилист за домашни миленици и стандардот на занимање кој сега е обврзувачки за сите фризери за кучиња/грумери и секако единствената Македонска асоцијација на стилисти за миленици.

 

The post Прва ревија на стилисти за домашни миленици appeared first on Република.

]]>

Денес со почеток во 12:00 часот во „Јавна соба“ во Скопје, Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија ќе ја организира првата ревија на модели од 15-тина салони и на која можат да се претстават ПетШопови, увозници на козметика за миленици, и промовираат креатори на облека, накит, брендови на козметика и секако одгледувачници. Примарната цел на настанот е да се промовира професијата стилист за домашни миленици и стандардот на занимање кој сега е обврзувачки за сите фризери за кучиња/грумери и секако единствената Македонска асоцијација на стилисти за миленици.  

The post Прва ревија на стилисти за домашни миленици appeared first on Република.

]]>
Ревија на современ италијански филм од 6 до 9 ноември во Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/film/revija-na-sovremen-italijanski-film-od-6-do-9-noemvri-vo-skopje/ Tue, 31 Oct 2023 10:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=696607

Од 6 до 9 ноември во киното „Cineplexx“ во Скопје Сити Мол ќе се одржи ревија на современ италијански филм под името „Cinema Made in Italy“.

Настанот, кој за прв пат се одржува во Македонија, е организиран од Cinecittà и Италијанскиот институт за култура од Белград, во соработка со „Cineplexx Skopje City Mall“ и со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје.

Во понеделник, на 6 ноември, во 20 часот во сала 6 ќе биде прикажан „Убаво лето“, во вторник, 7 ноември е прекцијата на „Како овци меѓу волците“ (20 часот, сала 4), на 8 ноември е „Мими, принцот на ноќта“ (20 часот, сала 4), а ревијата завршува во четврток, на 9 ноември со „Адаџо“ (20 часот, сала 4).

Ќе бидат прикажани четири филма од најновата италијанска продукција, сите од 2023 година.

Проекциите почнуваат во 20 часот.

Приходите собрани од продажбата на билетите со симболична цена од 120 денари, како и од донациите на посетителите, ќе бидат наменети на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби „Дајте ни крилја“ од Скопје.

 

The post Ревија на современ италијански филм од 6 до 9 ноември во Скопје appeared first on Република.

]]>

Од 6 до 9 ноември во киното „Cineplexx“ во Скопје Сити Мол ќе се одржи ревија на современ италијански филм под името „Cinema Made in Italy“. Настанот, кој за прв пат се одржува во Македонија, е организиран од Cinecittà и Италијанскиот институт за култура од Белград, во соработка со „Cineplexx Skopje City Mall“ и со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје. Во понеделник, на 6 ноември, во 20 часот во сала 6 ќе биде прикажан „Убаво лето“, во вторник, 7 ноември е прекцијата на „Како овци меѓу волците“ (20 часот, сала 4), на 8 ноември е „Мими, принцот на ноќта“ (20 часот, сала 4), а ревијата завршува во четврток, на 9 ноември со „Адаџо“ (20 часот, сала 4). Ќе бидат прикажани четири филма од најновата италијанска продукција, сите од 2023 година. Проекциите почнуваат во 20 часот. Приходите собрани од продажбата на билетите со симболична цена од 120 денари, како и од донациите на посетителите, ќе бидат наменети на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби „Дајте ни крилја“ од Скопје.  

The post Ревија на современ италијански филм од 6 до 9 ноември во Скопје appeared first on Република.

]]>
РФМ на родителите на прерано починатиот Марко Божиновски им подари специјален дрес https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rfm-na-roditelite-na-prerano-pochinatiot-marko-bozinovski-im-podari-specijalen-dres/ Sun, 15 May 2022 12:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=502521

Кадетската репрезентација на Македонија и тимот на Бутел го отвораат денешниот ден во куп завршницата со натпреварот во чест на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски.

Пред почетокот на натпреварот претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на фамилијата на Марко и подари дрес со бројот девет од македонската репрезентација.

Врамениот дрес во име на семејството го прими таткото на Марко, Ристо Божиновски.

 

The post РФМ на родителите на прерано починатиот Марко Божиновски им подари специјален дрес appeared first on Република.

]]>

Кадетската репрезентација на Македонија и тимот на Бутел го отвораат денешниот ден во куп завршницата со натпреварот во чест на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски. Пред почетокот на натпреварот претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на фамилијата на Марко и подари дрес со бројот девет од македонската репрезентација. Врамениот дрес во име на семејството го прими таткото на Марко, Ристо Божиновски.  

The post РФМ на родителите на прерано починатиот Марко Божиновски им подари специјален дрес appeared first on Република.

]]>
Армани одржа ревија во тишина: Најдоброто нешто е да испратиме порака дека не сакаме да славиме додека нешто вознемирувачко се случува околу нас https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/armani-odrza-revija-vo-tishina-najdobroto-neshto-e-da-ispratime-poraka-deka-ne-sakame-da-slavime-dodeka-neshto-voznemiruvachko-se-sluchuva-okolu-nas/ Mon, 28 Feb 2022 09:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=465077

На својата вчерашна ревија во рамките на Миланската модна недела, славниот дизајнер Џорџо Армани одлучи презентацијата да ја одржи во тишина, без музика, во знак на почит и солидарност со луѓето кои поминуваат низ тешки моменти за време на руско-украинскиот конфликт.

Мојата одлука да не користам музика на ревијата беше донесена како знак на почит кон луѓето погодени од трагедијата што се одвива“, гласеше изјавата на дизајнерот пред ревијата.

Како што беше најавено, брендот ја организираше ревијата без музика во позадина додека моделите одеа по пистата.

Што би можел да направам? Можев само да го сигнализирам срцебиењето за трагедијата низ тишината. Не сакав да прикажувам со музика. Најдоброто нешто е да испратиме порака дека не сакаме да славиме додека нешто вознемирувачко се случува околу нас, изјави тој за Вог по презентацијата.

Со оваа ревија, Џорџо Армани е едно од првите големи имиња во модната индустрија што зборува за трагедијата во Украина која трае.

Во неговата колекција за есен-зима 2022/23 Армани претстави машки и женски креации, нови модели на фустани, блузи, сакоа, бели комбинезони и цветни дезени.

The post Армани одржа ревија во тишина: Најдоброто нешто е да испратиме порака дека не сакаме да славиме додека нешто вознемирувачко се случува околу нас appeared first on Република.

]]>

На својата вчерашна ревија во рамките на Миланската модна недела, славниот дизајнер Џорџо Армани одлучи презентацијата да ја одржи во тишина, без музика, во знак на почит и солидарност со луѓето кои поминуваат низ тешки моменти за време на руско-украинскиот конфликт.
Мојата одлука да не користам музика на ревијата беше донесена како знак на почит кон луѓето погодени од трагедијата што се одвива“, гласеше изјавата на дизајнерот пред ревијата.
Како што беше најавено, брендот ја организираше ревијата без музика во позадина додека моделите одеа по пистата.
Што би можел да направам? Можев само да го сигнализирам срцебиењето за трагедијата низ тишината. Не сакав да прикажувам со музика. Најдоброто нешто е да испратиме порака дека не сакаме да славиме додека нешто вознемирувачко се случува околу нас, изјави тој за Вог по презентацијата.
Со оваа ревија, Џорџо Армани е едно од првите големи имиња во модната индустрија што зборува за трагедијата во Украина која трае. Во неговата колекција за есен-зима 2022/23 Армани претстави машки и женски креации, нови модели на фустани, блузи, сакоа, бели комбинезони и цветни дезени.

The post Армани одржа ревија во тишина: Најдоброто нешто е да испратиме порака дека не сакаме да славиме додека нешто вознемирувачко се случува околу нас appeared first on Република.

]]>
Шарлот Казираги, принцезата од Монако јаваше коњ на отворањето на ревијата на Шанел во Париз https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/sharlot-kaziragi-princezata-od-monako-javashe-konj-na-otvoranjeto-na-revijata-na-shanel-vo-pariz/ Wed, 26 Jan 2022 14:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=449872

На Модната недела во Париз, во текот на модната ревија на луксузниот бренд Шанел, со спектакуларно влегување се појави внуката на Грејс Кели, принцезата Шарлот Казираги од Монако.

Принцезата, која е амбасадорка на брендот, буквално со јавање коњ влезе на ревијата, носејќи препознатливо сако од твид на Шанел и црни пантолони.

Креативната директорка Вирџинија Вијард ја базираше колекцијата на беспрекорна елеганција и твид, но исто така присутни беа свила и сатен.

The post Шарлот Казираги, принцезата од Монако јаваше коњ на отворањето на ревијата на Шанел во Париз appeared first on Република.

]]>

На Модната недела во Париз, во текот на модната ревија на луксузниот бренд Шанел, со спектакуларно влегување се појави внуката на Грејс Кели, принцезата Шарлот Казираги од Монако. Принцезата, која е амбасадорка на брендот, буквално со јавање коњ влезе на ревијата, носејќи препознатливо сако од твид на Шанел и црни пантолони. Креативната директорка Вирџинија Вијард ја базираше колекцијата на беспрекорна елеганција и твид, но исто така присутни беа свила и сатен.

The post Шарлот Казираги, принцезата од Монако јаваше коњ на отворањето на ревијата на Шанел во Париз appeared first on Република.

]]>
Поради Ковид-19 откажана ревијата на Том Форд во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/poradi-kovid-19-otkazana-revijata-na-tom-ford-vo-njujork/ Wed, 26 Jan 2022 14:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=449848

Том Форд одлучи да ја откаже својата ревија во Њујорк, која беше закажана за 16 февруари во 20 часот, поради Ковид-19.

Компанијата соопшти дека поради појавата на Ковид-19 во текот на изминатите неколку недели во ателјето и дизајнерското студио во Лос Анџелес, како и неодамнешните затворања во нивните фабрики во Италија, колекцијата на Том Форд нема да биде подготвена за прикажување во Њујорк како што првично беше планирано.

Ревијата на Форд се очекуваше да биде последна време на Модната недела, што ќе трае од 11 до 16 февруари.

Неверојатно сум разочаран што не можам да презентирам ревија за време на Модната недела во Њујорк, бидејќи силно чувствувам дека презентацијата во живо е најдобриот начин да се пренесе јасна порака за сезоната“, рече Форд. „Се обидовме да избегнеме откажување на нашата ревија во Њујорк, но на крајот се соочивме со тажниот факт дека едноставно нема да имаме завршена колекција на време за Модната недела во Њујорк“.

Наместо ревија во живо, сликите од колекцијата за есен 2022 година ќе бидат дигитално објавени на подоцнежен датум, а времето ќе биде објавено во неделите што доаѓаат, соопшти компанијата.

Форд е претседател на Советот на модни дизајнери на Америка.

The post Поради Ковид-19 откажана ревијата на Том Форд во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Том Форд одлучи да ја откаже својата ревија во Њујорк, која беше закажана за 16 февруари во 20 часот, поради Ковид-19. Компанијата соопшти дека поради појавата на Ковид-19 во текот на изминатите неколку недели во ателјето и дизајнерското студио во Лос Анџелес, како и неодамнешните затворања во нивните фабрики во Италија, колекцијата на Том Форд нема да биде подготвена за прикажување во Њујорк како што првично беше планирано. Ревијата на Форд се очекуваше да биде последна време на Модната недела, што ќе трае од 11 до 16 февруари.
Неверојатно сум разочаран што не можам да презентирам ревија за време на Модната недела во Њујорк, бидејќи силно чувствувам дека презентацијата во живо е најдобриот начин да се пренесе јасна порака за сезоната“, рече Форд. „Се обидовме да избегнеме откажување на нашата ревија во Њујорк, но на крајот се соочивме со тажниот факт дека едноставно нема да имаме завршена колекција на време за Модната недела во Њујорк“.
Наместо ревија во живо, сликите од колекцијата за есен 2022 година ќе бидат дигитално објавени на подоцнежен датум, а времето ќе биде објавено во неделите што доаѓаат, соопшти компанијата. Форд е претседател на Советот на модни дизајнери на Америка.

The post Поради Ковид-19 откажана ревијата на Том Форд во Њујорк appeared first on Република.

]]>