ретроспектива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/retrospektiva/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 12:13:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ретроспектива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/retrospektiva/ 32 32 Публиката во Кинотека уживаше во култното дело „Париз, Тексас“ снимено од холандскиот кинематографер Роби Милер https://arhiva3.republika.mk/scena/film/publikata-vo-kinoteka-uzhivashe-vo-kultnoto-delo-pariz-teksas-snimeno-od-holandskiot-kinematografer-robi-miler/ Thu, 15 Feb 2024 11:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=744348

Вториот филм од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ , „Париз, Тексас“ (1984, ИМДБ 8.1), синоќа беше прикажан во Кинотеката на Македонија.

Публиката во преполната сала имаше можност да ужива во култното дело снимено од холандскиот кинематографер Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Милер, култниот Вим Вендерс.

Многу ми е драго што ве гледам во толкав голем број на оваа прекрасна ревија на филмови наречена „Великаните на Манаки“ што ја работиме во соработка со Кинотеката на Македонија, која е еден од четворицата основоположници на ИФФК „Браќа Манаки“. На овој начин ја проширувме нашата соработка, со оглед на тоа дека голем дел од луѓето кои работат на Фестивалот се вработени во Кинотеката и ова е еден чекор кон продлабочување на соработката и реализација на идејата Фестивалот „Браќа Манаки“ да се случува во текот на целата година. Од следната година се надеваме дека ќе имате можност да ги гледате сите наградени филмови од таа година на Фестивалот, зошто идејата е тој да се проширува, да патува и да можат да го видат сите низ Македонија, рече Симеон Мони Дамевски, директор на Фестивалот „Браќа Манаки“, кој ги поздрави присутните.

Дамевски нагласи дека за прикажувањето на овој филм од селекцијата за ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ заслужни се Кристијан Ристевски, извршен директор на Фестивалот и Бојан Станишиќ, актуелен  в.д. директор на Кинотека на Македонија.

Вечерва ќе имате можност да го видите „Париз, Тексас“, кој според мое мислење е најголемото достигнување на Вим Вендерс, а кинематографер е Роби Милер, еден од најголемите европски кинематографери и добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година, подвлече Дамевски.

Роби Милер, еден од најголемите светски кинематографери е познат како „мајстор на светлината“ и соработник на режисерите Ларс фон Трир, Џим Џармуш и Вим Вендерс.

Роден е во 1940 во Курасао, Холандски Антили. Во 1954 се преселил од Индонезија во Холандија, каде што студирал од 1962-1964 на Холандската филмска академија, во Амстердам, на одделот за камера и монтажа. По студиите, кратко останува во Холандија, а потоа заминува во Германија, каде што прво работел како асистент со германскиот кинематографер Герхард Ванденберг, а паралелно и како кинематографер на рекламни филмови. Во текот на 1960-те па до крајот, снима како кинематографер серија кратки филмови, за од крајот на 1960-те и во текот на 1970-те да ја започне својата најзначајна, прва етапа на соработка во тандем со водечкиот германски и светски режисер Вим Вендерс.

На „Браќа Манаки“ првпат учествувал во 1996 година, во официјалната програма со филмот „Спроти брановите“ на Фон Трир, за што доби Бронзена камера 300. Во 2000 година, дуото повторно учествуваше со „Танчарка во мракот“, а во 2002 стана лауреат на специјалната награда Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, кога беше и претседател на интернационалното жири.

Во неговата кариера има работено на над 80 филмови и 15 ТВ-филмови, како „Алиса во градовите“, „Погрешен потег“, „Крал на патот“, на Вендерс, „В затвор“ на Џармуш, „Да се живее и умре во Л.А“, „Танго лекции“, „Луѓе за 24-часовна журка“, „Американскиот другар“, „Париз, Тексас“ кој доби Златна палма во Кан во 1984.

Од 2010 Милер е врзан за инвалидска количка, а почина во 2018 година. Беше најпознат по неговата пионерска работа со камерата, специфичната употреба на светлината, со посебен акцент на природната светлина и бојата.

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“.

Трет е британецот Роџер Дикинс со филмот ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ (1998, ИМДБ 8.1), но не хиерархиски, туку по редот на прикажувањето (21 февруари). Дикинс е двоен оскаровец, добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2018 година и еден од најголемите живи кинематографери. Режисери на филмот се постојаните соработници на Дикинс, браќата Џоел и Итан Коен.

The post Публиката во Кинотека уживаше во култното дело „Париз, Тексас“ снимено од холандскиот кинематографер Роби Милер appeared first on Република.

]]>

Вториот филм од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ , „Париз, Тексас“ (1984, ИМДБ 8.1), синоќа беше прикажан во Кинотеката на Македонија. Публиката во преполната сала имаше можност да ужива во култното дело снимено од холандскиот кинематографер Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Милер, култниот Вим Вендерс.
Многу ми е драго што ве гледам во толкав голем број на оваа прекрасна ревија на филмови наречена „Великаните на Манаки“ што ја работиме во соработка со Кинотеката на Македонија, која е еден од четворицата основоположници на ИФФК „Браќа Манаки“. На овој начин ја проширувме нашата соработка, со оглед на тоа дека голем дел од луѓето кои работат на Фестивалот се вработени во Кинотеката и ова е еден чекор кон продлабочување на соработката и реализација на идејата Фестивалот „Браќа Манаки“ да се случува во текот на целата година. Од следната година се надеваме дека ќе имате можност да ги гледате сите наградени филмови од таа година на Фестивалот, зошто идејата е тој да се проширува, да патува и да можат да го видат сите низ Македонија, рече Симеон Мони Дамевски, директор на Фестивалот „Браќа Манаки“, кој ги поздрави присутните.
Дамевски нагласи дека за прикажувањето на овој филм од селекцијата за ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ заслужни се Кристијан Ристевски, извршен директор на Фестивалот и Бојан Станишиќ, актуелен  в.д. директор на Кинотека на Македонија.
Вечерва ќе имате можност да го видите „Париз, Тексас“, кој според мое мислење е најголемото достигнување на Вим Вендерс, а кинематографер е Роби Милер, еден од најголемите европски кинематографери и добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година, подвлече Дамевски.
Роби Милер, еден од најголемите светски кинематографери е познат како „мајстор на светлината“ и соработник на режисерите Ларс фон Трир, Џим Џармуш и Вим Вендерс.
Роден е во 1940 во Курасао, Холандски Антили. Во 1954 се преселил од Индонезија во Холандија, каде што студирал од 1962-1964 на Холандската филмска академија, во Амстердам, на одделот за камера и монтажа. По студиите, кратко останува во Холандија, а потоа заминува во Германија, каде што прво работел како асистент со германскиот кинематографер Герхард Ванденберг, а паралелно и како кинематографер на рекламни филмови. Во текот на 1960-те па до крајот, снима како кинематографер серија кратки филмови, за од крајот на 1960-те и во текот на 1970-те да ја започне својата најзначајна, прва етапа на соработка во тандем со водечкиот германски и светски режисер Вим Вендерс. На „Браќа Манаки“ првпат учествувал во 1996 година, во официјалната програма со филмот „Спроти брановите“ на Фон Трир, за што доби Бронзена камера 300. Во 2000 година, дуото повторно учествуваше со „Танчарка во мракот“, а во 2002 стана лауреат на специјалната награда Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, кога беше и претседател на интернационалното жири. Во неговата кариера има работено на над 80 филмови и 15 ТВ-филмови, како „Алиса во градовите“, „Погрешен потег“, „Крал на патот“, на Вендерс, „В затвор“ на Џармуш, „Да се живее и умре во Л.А“, „Танго лекции“, „Луѓе за 24-часовна журка“, „Американскиот другар“, „Париз, Тексас“ кој доби Златна палма во Кан во 1984.
Од 2010 Милер е врзан за инвалидска количка, а почина во 2018 година. Беше најпознат по неговата пионерска работа со камерата, специфичната употреба на светлината, со посебен акцент на природната светлина и бојата. Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“. Трет е британецот Роџер Дикинс со филмот ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ (1998, ИМДБ 8.1), но не хиерархиски, туку по редот на прикажувањето (21 февруари). Дикинс е двоен оскаровец, добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2018 година и еден од најголемите живи кинематографери. Режисери на филмот се постојаните соработници на Дикинс, браќата Џоел и Итан Коен.

The post Публиката во Кинотека уживаше во култното дело „Париз, Тексас“ снимено од холандскиот кинематографер Роби Милер appeared first on Република.

]]>
Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Париз, Тексас“ денеска во чест на Роби Милер https://arhiva3.republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-kinoteka-pariz-teksas-utre-vo-chest-na-robi-miler/ Wed, 14 Feb 2024 08:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=743487

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“.

Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ ќе се прикажуваат секоја среда од 20:00, а во Центарот за култура Битола секој понеделник од 20:00.

Вториот филм од ретроспективата (14 февруари) е ПАРИЗ, ТЕКСАС (1984, ИМДБ 8.1), снимен од холандскиот кинематографер Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Милер, култниот Вим Вендерс.

14 ФЕВРУАРИ (СРЕДА) 20:00ч

ВЕЛИКАНИТЕ НА „БРАЌА МАНАКИ“
ПАРИЗ, ТЕКСАС
(Paris, Texas)
Игран филм, Германија, Франција / САД / Велика Британија
1984, 147 мин., колор, ДЦП
Режија: Вим Вендерс (Wim Wenders)
Сценарио: Л.М. Кит Карсон (L. M. Kit Carson), Сем Шепард (Sam Shepard)
Кинематографер: Роби Милер (Robby Müller)
Улоги: Хери Дин Стентон (Harry Dean Stanton), Настасја Кински (Nastassja Kinski), Дин Стоквел (Dean Stockwell), Аурор Клемен (Aurore Clément), Хантер Карсон (Hunter Carson)

Тревис (игран од Хари Дин Стентон) скита низ величествените пустински пејзажи на американскиот југозапад. Тој не се сеќава кој е и не знае за своето минато. Него го наоѓа неговиот брат Волт кој му помага да си го врати сеќавањето на животот што го имал пред да исчезне четири години претходно. Тревис има син (кој последните четири години живее со Волт), а сопругата на Тревис (која ја глуми Настасја Кински) е исчезната. Откако повторно се поврзува со син му, Тревис се обидува да го спои своето семејство и патува во Хјустон во потрага по својата отуѓена сопруга.
ПАРИЗ, ТЕКСАС е трогателна студија на карактери напишана од реномираниот американски драматург Сем Шепард. Ова е најпознатиот „road“ филм на Вендерс. Станува збор за едноставна и спора приказна – медитативно аудио визуелно патување низ американските дистописки пејзажи, преку кое Вендерс и Шепард успеваат да направат деконструкција на митовите за мажественоста и за американскиот сон.
Неверојатната глума на главниот актерски пар Хари Дин Стентон (чие лице самото е пејзаж) и Настасја Кински, фотографијата на Роби Милер и музиката на Реј Кудер го ставаат филмот меѓу најдобрите филмови на Вендерс и задолжителна филмска лектира за сите филмски сладокусци.
Кинематографер на ова прекрасно филмско остварување е можеби најпознатиот холандски и германски снимател, покојниот Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година на ИФФК „Браќа Манаки“. Во текот на неговата долга и плодна кариера, бил редовен соработник на филмовите на Вендерс и Џим Џармуш, а соработувал и со Анджеј Вајда, Барбет Шредер, Ларс фон Трир, како и со режисерите од Новиот Холивуд – Питер Богданович и Вилијам Фридкин.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари

 

 

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Париз, Тексас“ денеска во чест на Роби Милер appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“. Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ ќе се прикажуваат секоја среда од 20:00, а во Центарот за култура Битола секој понеделник од 20:00. Вториот филм од ретроспективата (14 февруари) е ПАРИЗ, ТЕКСАС (1984, ИМДБ 8.1), снимен од холандскиот кинематографер Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Милер, култниот Вим Вендерс. 14 ФЕВРУАРИ (СРЕДА) 20:00ч ВЕЛИКАНИТЕ НА „БРАЌА МАНАКИ“ ПАРИЗ, ТЕКСАС (Paris, Texas) Игран филм, Германија, Франција / САД / Велика Британија 1984, 147 мин., колор, ДЦП Режија: Вим Вендерс (Wim Wenders) Сценарио: Л.М. Кит Карсон (L. M. Kit Carson), Сем Шепард (Sam Shepard) Кинематографер: Роби Милер (Robby Müller) Улоги: Хери Дин Стентон (Harry Dean Stanton), Настасја Кински (Nastassja Kinski), Дин Стоквел (Dean Stockwell), Аурор Клемен (Aurore Clément), Хантер Карсон (Hunter Carson) Тревис (игран од Хари Дин Стентон) скита низ величествените пустински пејзажи на американскиот југозапад. Тој не се сеќава кој е и не знае за своето минато. Него го наоѓа неговиот брат Волт кој му помага да си го врати сеќавањето на животот што го имал пред да исчезне четири години претходно. Тревис има син (кој последните четири години живее со Волт), а сопругата на Тревис (која ја глуми Настасја Кински) е исчезната. Откако повторно се поврзува со син му, Тревис се обидува да го спои своето семејство и патува во Хјустон во потрага по својата отуѓена сопруга. ПАРИЗ, ТЕКСАС е трогателна студија на карактери напишана од реномираниот американски драматург Сем Шепард. Ова е најпознатиот „road“ филм на Вендерс. Станува збор за едноставна и спора приказна – медитативно аудио визуелно патување низ американските дистописки пејзажи, преку кое Вендерс и Шепард успеваат да направат деконструкција на митовите за мажественоста и за американскиот сон. Неверојатната глума на главниот актерски пар Хари Дин Стентон (чие лице самото е пејзаж) и Настасја Кински, фотографијата на Роби Милер и музиката на Реј Кудер го ставаат филмот меѓу најдобрите филмови на Вендерс и задолжителна филмска лектира за сите филмски сладокусци. Кинематографер на ова прекрасно филмско остварување е можеби најпознатиот холандски и германски снимател, покојниот Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година на ИФФК „Браќа Манаки“. Во текот на неговата долга и плодна кариера, бил редовен соработник на филмовите на Вендерс и Џим Џармуш, а соработувал и со Анджеј Вајда, Барбет Шредер, Ларс фон Трир, како и со режисерите од Новиот Холивуд – Питер Богданович и Вилијам Фридкин. Возрасна категорија: 12 години Влезница: 150 денари    

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Париз, Тексас“ денеска во чест на Роби Милер appeared first on Република.

]]>
Ретроспективна изложба на Миле Корубин во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozhba-na-mile-korubin-vo-chifte-amam/ Tue, 26 Sep 2023 08:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=685196

На 28 септември 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена ретроспективно-јубилејната изложба на Миле Корубин (1922-2000).

На официјалниот протокол при отворањето на изложбата ќе се обрати директорката на Националната галерија, д-р Старова Ќерими, академскиот сликар Рубенс Корубин и д-р Кирил Пенушлиски, историчар на уметност. Изложбата за публиката ќе биде достапна до 27 октомври 2023 година.

Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин (роден на 28 септември 1922 година во Прилеп, а починал на 13 септември 2000 година во Скопје), еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се базични поводи преку кои Националната галерија, како институција која седум и пол децении се грижи за чувањето и заштитата на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања. На оваа примарна визија, мисија и функција се надоврзуваат и нашите заложби за константно потсетување за особените специфики на значајните легати од творештвото на големите уметници од модерното македонско сликарство и скулптура, преку селекција и претставување дела кои се наоѓаат во повеќе државни и јавни институции од земјава, како и во приватни колекции.

Но, јубилејните изложби на истакнатите македонски уметници што Националната галерија ги подготвува во континуитет многу често ја надминуваат рамката на формалното официјално одбележување, бидејќи истовремено овој тип изложби даваат и ретроспективен пресек, овозможувајќи потемелен увид во творештвото и развојниот пат на авторите. Оттука, секогаш настојуваме поставката да ја збогатиме и со дела кои ретко или воопшто не биле презентирани пред јавноста. И, секако, една од најважните компоненти е желбата да оствариме и едукативен импакт, со цел културната јавност да добие поширока перспектива за развојот на едно творештво, кое, од своја страна, во одреден историски период извршило влијание врз некои текови во македонската современа уметност.

 

Ако го лоцираме просторно-временски авторот Миле Корубин, за почеток ќе споменеме дека тој ѝ припаѓа на првата генерација ликовно образовани македонски уметници кои, по Втората светска војна, се школуваа во центрите на југословенската држава (Белград, Загреб, Љубљана). Имено, по отворањето на Уметничката школа во Скопје, тој станува еден од нејзините први ученици, каде што посетувал настава кај бардовите основоположници на македонската ликовна мисла: Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски, Василије Поповиќ-Цицо и Томо Владимирски. Миле Корубин е воедно и првиот академски образован македонски сликар по Втората светска војна, дипломиран 1951 година на Ликовната академија во Белград, каде што ги следел педагошките поуки од професорот Мило Милуновиќ, а потоа особено од Петар Лубарда и подоцна на Миќа Поповиќ, како дел од сликарската елита на тогашна Југославија.

Говорејќи поконкретно за местото на Миле Корубин во генерациски рамки, тој, сепак, претставува издвоен автор кој наспроти предизвикот на новите ликовни струења избира сопствена еволутивна патека и создава карактеристичен ракопис. Тоа го потврдува и тогашната ликовна критика, која уште на самиот почеток на неговиот творечки развој го препознава како сликар што оди „спротивно од струјата и удобниот наплив на модата“.

Значаен сегмент, воедно и присутен во сите фази на неговото творештво, е сензуалноста што зрачи од женските фигури и портрети и произлегува од интимното доживување на еротизмот како „раздвижувачка сила на човековиот дух“. Сместени повторно во лирски метафизички недефиниран простор, овие стилизирани и идеализирани женски претстави (портрети и актови) ја сугерираат вечната потрага по убавото испреплетувајќи го притоа реалното со имагинарното во третманот на фигурата и просторот. Фигурите, третирани без карактеристични физиономски одлики, добиваат своевидна митолошка конотација, раскажувајќи една суптилна приказна за вонвременската архетипска претстава за жената. Оттука, меката заоблена линија која го обликува женското тело, поставено слободно во метафизички обоениот простор со широки контрастни плохи, воедно и го издвојува од истиот станувајќи носечки елемент кој го следиме и во понатамошните фази.

 

Во еволутивниот развој на Миле Корубин и претходно се забележуваше интерес кон нематеријалното и асоцијативно претставување на нештата. Следејќи ја својата издвоена логика, во осмата деценија на 20. век, авторот се насочува кон постапно прочистување на формата, испреплетувајќи ги мотивите од националната традиција преку карактеристичните форми и контрастен колорит (од македонските килими, везот, понатаму и пафтите) како реминисценции од минатото, со тенденциите и елементите на геометриската апстракција (Маљевичевиот квадрат во квадрат, Мондријановата мрежа итн.). Суптилната синтеза на ликовните елементи (форма, боја, планови, структура, текстура, композиција…), еволуира во сликарски дела кои имаат асоцијативен призвук на колаж, витраж, асамблаж, мозаик.

Временскиот опсег од петдецениска творечка дејност го вбројува Миле Корубин меѓу најплодните македонски сликари, воедно и педагози. Неговата стварност, трансформирана низ сликарските визии, со специфичен ликовен ракопис, манифестира сопствена логика на „патувањето“ од предметното кон непредметното, односно од конкретната реалност до апстрактното. Тенденциозно избегнувајќи ги трендовите, метафоричкиот лирски пристап се чувствува и се развива следејќи ја имагинацијата од конкретноста, па сè до геометриската асоцијативност. Притоа, како константа секогаш доминираат потсвесно воспоставената хармоничност и редот на елементите во просторно смирената до „блажено“ лебдечката композициска структура. Неговиот луциден сликарски јазик и урамнотежени ликовни ориентации се наклонети кон естетизацијата, редуцирањето на сликарскиот израз, отстапувањето од перспективата, ослободувањето на чистиот простор на атмосферата, кон егзотиката и мистицизмот преку лиризмот на чистата форма, што го издвојува како автор посветен на истрајноста и доследноста на сопствената мисла.

Кураторки, Маја Неделкоска Брзанова, виш кустос и Маја Чанкуловска Михајловска, виш кустос.

 

The post Ретроспективна изложба на Миле Корубин во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

На 28 септември 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена ретроспективно-јубилејната изложба на Миле Корубин (1922-2000). На официјалниот протокол при отворањето на изложбата ќе се обрати директорката на Националната галерија, д-р Старова Ќерими, академскиот сликар Рубенс Корубин и д-р Кирил Пенушлиски, историчар на уметност. Изложбата за публиката ќе биде достапна до 27 октомври 2023 година. Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин (роден на 28 септември 1922 година во Прилеп, а починал на 13 септември 2000 година во Скопје), еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се базични поводи преку кои Националната галерија, како институција која седум и пол децении се грижи за чувањето и заштитата на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања. На оваа примарна визија, мисија и функција се надоврзуваат и нашите заложби за константно потсетување за особените специфики на значајните легати од творештвото на големите уметници од модерното македонско сликарство и скулптура, преку селекција и претставување дела кои се наоѓаат во повеќе државни и јавни институции од земјава, како и во приватни колекции. Но, јубилејните изложби на истакнатите македонски уметници што Националната галерија ги подготвува во континуитет многу често ја надминуваат рамката на формалното официјално одбележување, бидејќи истовремено овој тип изложби даваат и ретроспективен пресек, овозможувајќи потемелен увид во творештвото и развојниот пат на авторите. Оттука, секогаш настојуваме поставката да ја збогатиме и со дела кои ретко или воопшто не биле презентирани пред јавноста. И, секако, една од најважните компоненти е желбата да оствариме и едукативен импакт, со цел културната јавност да добие поширока перспектива за развојот на едно творештво, кое, од своја страна, во одреден историски период извршило влијание врз некои текови во македонската современа уметност.   Ако го лоцираме просторно-временски авторот Миле Корубин, за почеток ќе споменеме дека тој ѝ припаѓа на првата генерација ликовно образовани македонски уметници кои, по Втората светска војна, се школуваа во центрите на југословенската држава (Белград, Загреб, Љубљана). Имено, по отворањето на Уметничката школа во Скопје, тој станува еден од нејзините први ученици, каде што посетувал настава кај бардовите основоположници на македонската ликовна мисла: Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски, Василије Поповиќ-Цицо и Томо Владимирски. Миле Корубин е воедно и првиот академски образован македонски сликар по Втората светска војна, дипломиран 1951 година на Ликовната академија во Белград, каде што ги следел педагошките поуки од професорот Мило Милуновиќ, а потоа особено од Петар Лубарда и подоцна на Миќа Поповиќ, како дел од сликарската елита на тогашна Југославија. Говорејќи поконкретно за местото на Миле Корубин во генерациски рамки, тој, сепак, претставува издвоен автор кој наспроти предизвикот на новите ликовни струења избира сопствена еволутивна патека и создава карактеристичен ракопис. Тоа го потврдува и тогашната ликовна критика, која уште на самиот почеток на неговиот творечки развој го препознава како сликар што оди „спротивно од струјата и удобниот наплив на модата“. Значаен сегмент, воедно и присутен во сите фази на неговото творештво, е сензуалноста што зрачи од женските фигури и портрети и произлегува од интимното доживување на еротизмот како „раздвижувачка сила на човековиот дух“. Сместени повторно во лирски метафизички недефиниран простор, овие стилизирани и идеализирани женски претстави (портрети и актови) ја сугерираат вечната потрага по убавото испреплетувајќи го притоа реалното со имагинарното во третманот на фигурата и просторот. Фигурите, третирани без карактеристични физиономски одлики, добиваат своевидна митолошка конотација, раскажувајќи една суптилна приказна за вонвременската архетипска претстава за жената. Оттука, меката заоблена линија која го обликува женското тело, поставено слободно во метафизички обоениот простор со широки контрастни плохи, воедно и го издвојува од истиот станувајќи носечки елемент кој го следиме и во понатамошните фази.   Во еволутивниот развој на Миле Корубин и претходно се забележуваше интерес кон нематеријалното и асоцијативно претставување на нештата. Следејќи ја својата издвоена логика, во осмата деценија на 20. век, авторот се насочува кон постапно прочистување на формата, испреплетувајќи ги мотивите од националната традиција преку карактеристичните форми и контрастен колорит (од македонските килими, везот, понатаму и пафтите) како реминисценции од минатото, со тенденциите и елементите на геометриската апстракција (Маљевичевиот квадрат во квадрат, Мондријановата мрежа итн.). Суптилната синтеза на ликовните елементи (форма, боја, планови, структура, текстура, композиција…), еволуира во сликарски дела кои имаат асоцијативен призвук на колаж, витраж, асамблаж, мозаик. Временскиот опсег од петдецениска творечка дејност го вбројува Миле Корубин меѓу најплодните македонски сликари, воедно и педагози. Неговата стварност, трансформирана низ сликарските визии, со специфичен ликовен ракопис, манифестира сопствена логика на „патувањето“ од предметното кон непредметното, односно од конкретната реалност до апстрактното. Тенденциозно избегнувајќи ги трендовите, метафоричкиот лирски пристап се чувствува и се развива следејќи ја имагинацијата од конкретноста, па сè до геометриската асоцијативност. Притоа, како константа секогаш доминираат потсвесно воспоставената хармоничност и редот на елементите во просторно смирената до „блажено“ лебдечката композициска структура. Неговиот луциден сликарски јазик и урамнотежени ликовни ориентации се наклонети кон естетизацијата, редуцирањето на сликарскиот израз, отстапувањето од перспективата, ослободувањето на чистиот простор на атмосферата, кон егзотиката и мистицизмот преку лиризмот на чистата форма, што го издвојува како автор посветен на истрајноста и доследноста на сопствената мисла. Кураторки, Маја Неделкоска Брзанова, виш кустос и Маја Чанкуловска Михајловска, виш кустос.  

The post Ретроспективна изложба на Миле Корубин во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Во Сараево ретроспектива на анимираниот филм на Македонија и на БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-saraevo-retrospektiva-na-animiraniot-film-na-makedonija-i-na-bih/ Tue, 13 Jun 2023 08:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=650760

Ретроспектива на анимирани филмови од Македонија и Босна и Херцеговина со филмска изложба и реализација на проекции на анимирани филмови од двете земји ќе се одржи денеска и утре во Сараево, во кино Митинг Поинт.

Настанот е на инцијатива на НУ Филмски Центар „Вардар Филм“ – Скопје, а го организираат заедно со Сараевскиот филмски центар.

Филмската изложба ќе го презентира развивањето на анимираниот филм во нашата земја низ годините се до денес, преку изложба и презентација на постери, фолии, кукли и други материјали од анимираните филмови во продукција на Вардар Филм и од новите македонски анимирани филмови. Филмските проекции ќе опфаќаат прикажувања на неколку анимирани филмови од минатото и сегашноста, со што ќе се направи една ретроспектива на македонскиот и босанскиот анимиран филм, наведуваат организаторите.

На проекциите и разговорите каде тема ќе биде анимацијата во минатото и сега, ќе присуствуваат директорот на НУФЦ Вардар Филм – Скопје Сани Саиди со дел од неговиот тим и авторите Жарко Иванов и Крсте Господиновски. Од земјата домаќин, најавено е учеството на млади филмски работници, на познатиот босански аниматор проф. Митад Ајновиќ како и директорката на Сараевскиот филмски центар, Инес Тановиќ.

The post Во Сараево ретроспектива на анимираниот филм на Македонија и на БиХ appeared first on Република.

]]>

Ретроспектива на анимирани филмови од Македонија и Босна и Херцеговина со филмска изложба и реализација на проекции на анимирани филмови од двете земји ќе се одржи денеска и утре во Сараево, во кино Митинг Поинт. Настанот е на инцијатива на НУ Филмски Центар „Вардар Филм“ – Скопје, а го организираат заедно со Сараевскиот филмски центар.
Филмската изложба ќе го презентира развивањето на анимираниот филм во нашата земја низ годините се до денес, преку изложба и презентација на постери, фолии, кукли и други материјали од анимираните филмови во продукција на Вардар Филм и од новите македонски анимирани филмови. Филмските проекции ќе опфаќаат прикажувања на неколку анимирани филмови од минатото и сегашноста, со што ќе се направи една ретроспектива на македонскиот и босанскиот анимиран филм, наведуваат организаторите.
На проекциите и разговорите каде тема ќе биде анимацијата во минатото и сега, ќе присуствуваат директорот на НУФЦ Вардар Филм – Скопје Сани Саиди со дел од неговиот тим и авторите Жарко Иванов и Крсте Господиновски. Од земјата домаќин, најавено е учеството на млади филмски работници, на познатиот босански аниматор проф. Митад Ајновиќ како и директорката на Сараевскиот филмски центар, Инес Тановиќ.

The post Во Сараево ретроспектива на анимираниот филм на Македонија и на БиХ appeared first on Република.

]]>
Ретроспектива на Владимир Темков во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektiva-na-vladimir-temkov-vo-chifte-amam/ Wed, 31 May 2023 09:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=646383

Четириесетгодишниот ретроспективен опус на Владимир Темков ќе биде претставен во „Чифте-амам“. Отворањето на изложбата е закажано за вечерва, во 20 часот.

Владимир Темков е присутен на македонската и тогашната југословенска ликовна сцена од 1980 година. Од тој период, па до денес, учествува на изложби во Македонија и тогашна СФРЈ, како и на многу меѓународни изложби, колонии, симпозиуми…

Со текот на годините тој ги фиксира своите визуелни потраги. Создава сопствена тематска матрица со заеднички обележја и компонирање на елементите во линеарни и хроматски решенија, со кои достигнува занимливо рамниште на експресивност. Иако работи на повеќе тематски и концепциски циклуси, евидентно е проткајувањето на веќе утврден ликовен модус во сите циклуси и негово постојано испреплетување. Со идејата дека бојата ја претставува апотеозата на светлината, нашиот сликар ја гради од слика во слика, од циклус во циклус, својата сликарска поетика, во која примарна материја е бојата, како и енергијата што таа ја пренесува. Идејата што е стандардизирана содржи елементи на лирска оформеност, како и тактилност во постапката. Определеноста на Владимир Темков не произлегува од ликовно-стилски трендовски причини туку, пред сѐ, од нужноста на професионален однос кон работата, со креативни барања што му овозможиле да го заокружи сликарскиот циклус на просторни метафори како своевидни варијации на една тема – велат од Националната галерија на Македонија.

Основното тежнеење на Темков е да создава како што чекори, да слика како што дише. Идеал му е природната едноставност, па тој слика во динамичен дух, со слободни и моќни потези, а во исто време кротко и контемплативно, пренесувајќи повеќезначни мисловни пораки.

Тоа, пак, води кон една динамична композиција на бојата во допир со природата, каде што сѐ е во движење и менување. Инспирацијата ја црпи од природата и природните богатства, како и од духовните извори на човековото општество, од различни области како што се литературата, историјата, традицијата, музиката, драмата, науката, односно од самиот живот. Неговите дела прикажуваат низа феномени од природата, но го покажуваат и неговиот широк културен хоризонт, каде што на лирично-експресивен начин се претставени видливите, но и духовните предели од родната Тиквешија. Во неговите дела доминира чувството на слобода – слобода на боите и формите, испреплетување на земјата и небото, материјата и духот, облиците на реалноста, но и на сонот, при што уметникот проникнува во повеќеслојноста на видливото – стои во најавата.

Роден е во Кавадарци во 1959 год., потекнува од работничко семејство. Основно образование завршува во ОУ,,Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје во класата на професор Ванчо Георгиевски, а на Факултетот за ликовни уметности отсек графика дипломира во класата на Трајче Блажевски. Магистерски студии, отсек сликарство завршува на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, во класата на проф. Благоја Маневски. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број ликовни колонии, симпозиуми, семинари и др.

The post Ретроспектива на Владимир Темков во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Четириесетгодишниот ретроспективен опус на Владимир Темков ќе биде претставен во „Чифте-амам“. Отворањето на изложбата е закажано за вечерва, во 20 часот. Владимир Темков е присутен на македонската и тогашната југословенска ликовна сцена од 1980 година. Од тој период, па до денес, учествува на изложби во Македонија и тогашна СФРЈ, како и на многу меѓународни изложби, колонии, симпозиуми…
Со текот на годините тој ги фиксира своите визуелни потраги. Создава сопствена тематска матрица со заеднички обележја и компонирање на елементите во линеарни и хроматски решенија, со кои достигнува занимливо рамниште на експресивност. Иако работи на повеќе тематски и концепциски циклуси, евидентно е проткајувањето на веќе утврден ликовен модус во сите циклуси и негово постојано испреплетување. Со идејата дека бојата ја претставува апотеозата на светлината, нашиот сликар ја гради од слика во слика, од циклус во циклус, својата сликарска поетика, во која примарна материја е бојата, како и енергијата што таа ја пренесува. Идејата што е стандардизирана содржи елементи на лирска оформеност, како и тактилност во постапката. Определеноста на Владимир Темков не произлегува од ликовно-стилски трендовски причини туку, пред сѐ, од нужноста на професионален однос кон работата, со креативни барања што му овозможиле да го заокружи сликарскиот циклус на просторни метафори како своевидни варијации на една тема – велат од Националната галерија на Македонија.
Основното тежнеење на Темков е да создава како што чекори, да слика како што дише. Идеал му е природната едноставност, па тој слика во динамичен дух, со слободни и моќни потези, а во исто време кротко и контемплативно, пренесувајќи повеќезначни мисловни пораки.
Тоа, пак, води кон една динамична композиција на бојата во допир со природата, каде што сѐ е во движење и менување. Инспирацијата ја црпи од природата и природните богатства, како и од духовните извори на човековото општество, од различни области како што се литературата, историјата, традицијата, музиката, драмата, науката, односно од самиот живот. Неговите дела прикажуваат низа феномени од природата, но го покажуваат и неговиот широк културен хоризонт, каде што на лирично-експресивен начин се претставени видливите, но и духовните предели од родната Тиквешија. Во неговите дела доминира чувството на слобода – слобода на боите и формите, испреплетување на земјата и небото, материјата и духот, облиците на реалноста, но и на сонот, при што уметникот проникнува во повеќеслојноста на видливото – стои во најавата.
Роден е во Кавадарци во 1959 год., потекнува од работничко семејство. Основно образование завршува во ОУ,,Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје во класата на професор Ванчо Георгиевски, а на Факултетот за ликовни уметности отсек графика дипломира во класата на Трајче Блажевски. Магистерски студии, отсек сликарство завршува на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, во класата на проф. Благоја Маневски. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број ликовни колонии, симпозиуми, семинари и др.

The post Ретроспектива на Владимир Темков во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Ретроспектива на Манчевски и премиера на „Кајмак“ на Софија филм фестивал каде што македонскиот режисер е на чело на меѓунаодното жири https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektiva-na-manchevski-i-premiera-na-kajmak-na-sofija-film-festival-kade-shto-makedonskiot-rezhiser-e-na-chelo-na-megunaodnoto-zhiri/ Fri, 17 Mar 2023 07:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=620559

Интернационалниот филмски фестивал во Софија претставува целосна ретроспектива на творештвото на најтрофејниот македонски режисер, Милчо Манчевски – неговите седум долгометражни филмови и две од краткометражните дела. Ова ќе биде бугарска премиера на неговиот најнов филм, „Кајмак“.

Ретроспектива на целосното творештво е едно од оние специјални задоволства – гледаш каде ти оди гласот. Го поминуваш животот правејќи уметност, се внесуваш и жртвуваш и убаво ти е; и гледаш дека има луѓе што тоа го следат, твојата уметност ги радува, им значи, им влијае на тоа како размислуваат.

Милчо Манчевски е еден од ретките македонски режисери кој ја имал честа да бидат организирани десетина меѓународни ретроспективи на неговиот опус досега.

Манчевски ја има и честа да биде претседател на главното жири на 27. Издание на фестивалот, кој се отвори синоќа и ќе трае до 31 март.

Во последните неколку децении, Софија филм фест ѝ ги претставува на домашната публика делата на Манчевски, кои имаат извонредно влијание, демонстрираат мајсторско чувство за пресоздавање психолошки портрети и стануваат омилени на публиката. Годинава, одлучивме за овој режисер од светски ранг да ги претставиме ретроспективно неговите филмови, соопшти Фестивалот.

Ќе бидат прикажани „Пред дождот„, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“, „Четврток“ и „Крајот на времето“. Сите филмови се добитници на фестивалски и други меѓународни награди.

Проекцијата на „Кајмак“ е на 18 март, а ќе присуствува и режисерот и дел од актерката екипа.

Манчевски последен пат гостуваше во Софија во 2020 за да го претстави „Врба“, кога доби и специјална награда на фестивалот.

Жирито предводено од Манчевски треба да го избере добитникот на Главната награда на Фестивалот од 12 номинирани филмови, а ќе бидат доделени и награди за најдобар балкански филм, за документарен филм, за бугарски краткометражен филм и за најдобар филм на младински теми. Главно мото на годишното издание на СФФ е „зелената идеја“ за справување со климатските промени и заложбите за зголемување на „белите дробови“ на планетата Земја. СФФ ќе има свои изданија и во Пловдив од 17 март до 2 април, во Варна од 24 март до 2 април и во Бургас од 30 март до 7 април.

На почетокот на месецов, „Кајмак“ ја освои Специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот Фантаспорто во Порто, Португалија, а магазинот „Лаксанте“ го оцени филмот со четири ѕвезди и напиша:

„Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија која успева да го одржи формалното единство без оглед на тоа дали делува во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и сиров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски.

Во исто време „Кајмак“ беше прикажан и на ФЕСТ во Белград, каде сите три проекции беа однапред распорадени, а актерката екипа од филмот, која присустувуваше на премиерата доживеа огромен аплауз.

„Кајмак“ е седми филм на Манчевски, и е црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството. Беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио.

„Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТВ, а поддржана од Еуримаж. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на Дејниш стринг квартет и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти.

 

The post Ретроспектива на Манчевски и премиера на „Кајмак“ на Софија филм фестивал каде што македонскиот режисер е на чело на меѓунаодното жири appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот филмски фестивал во Софија претставува целосна ретроспектива на творештвото на најтрофејниот македонски режисер, Милчо Манчевски – неговите седум долгометражни филмови и две од краткометражните дела. Ова ќе биде бугарска премиера на неговиот најнов филм, „Кајмак“.
Ретроспектива на целосното творештво е едно од оние специјални задоволства – гледаш каде ти оди гласот. Го поминуваш животот правејќи уметност, се внесуваш и жртвуваш и убаво ти е; и гледаш дека има луѓе што тоа го следат, твојата уметност ги радува, им значи, им влијае на тоа како размислуваат.
Милчо Манчевски е еден од ретките македонски режисери кој ја имал честа да бидат организирани десетина меѓународни ретроспективи на неговиот опус досега. Манчевски ја има и честа да биде претседател на главното жири на 27. Издание на фестивалот, кој се отвори синоќа и ќе трае до 31 март.
Во последните неколку децении, Софија филм фест ѝ ги претставува на домашната публика делата на Манчевски, кои имаат извонредно влијание, демонстрираат мајсторско чувство за пресоздавање психолошки портрети и стануваат омилени на публиката. Годинава, одлучивме за овој режисер од светски ранг да ги претставиме ретроспективно неговите филмови, соопшти Фестивалот.
Ќе бидат прикажани „Пред дождот„, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“, „Четврток“ и „Крајот на времето“. Сите филмови се добитници на фестивалски и други меѓународни награди. Проекцијата на „Кајмак“ е на 18 март, а ќе присуствува и режисерот и дел од актерката екипа. Манчевски последен пат гостуваше во Софија во 2020 за да го претстави „Врба“, кога доби и специјална награда на фестивалот. Жирито предводено од Манчевски треба да го избере добитникот на Главната награда на Фестивалот од 12 номинирани филмови, а ќе бидат доделени и награди за најдобар балкански филм, за документарен филм, за бугарски краткометражен филм и за најдобар филм на младински теми. Главно мото на годишното издание на СФФ е „зелената идеја“ за справување со климатските промени и заложбите за зголемување на „белите дробови“ на планетата Земја. СФФ ќе има свои изданија и во Пловдив од 17 март до 2 април, во Варна од 24 март до 2 април и во Бургас од 30 март до 7 април. На почетокот на месецов, „Кајмак“ ја освои Специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот Фантаспорто во Порто, Португалија, а магазинот „Лаксанте“ го оцени филмот со четири ѕвезди и напиша:
„Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија која успева да го одржи формалното единство без оглед на тоа дали делува во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и сиров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски.
Во исто време „Кајмак“ беше прикажан и на ФЕСТ во Белград, каде сите три проекции беа однапред распорадени, а актерката екипа од филмот, која присустувуваше на премиерата доживеа огромен аплауз. „Кајмак“ е седми филм на Манчевски, и е црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството. Беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио. „Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТВ, а поддржана од Еуримаж. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на Дејниш стринг квартет и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти.  

The post Ретроспектива на Манчевски и премиера на „Кајмак“ на Софија филм фестивал каде што македонскиот режисер е на чело на меѓунаодното жири appeared first on Република.

]]>
Ова се настаните што ја обележаа 2021 година во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-nastanite-shto-ja-obelezaa-2021-godina-vo-makedonija/ Sat, 01 Jan 2022 08:54:18 +0000 https://republika.mk/?p=439178

Оставката на Зоран Заев на премиерската функција и од лидерското место во СДСМ, локалните избори, гласањето доверба на Владата и неизвесноста околу парламентраното мнозинство, продолжувањето на бугарската блокада за ЕУ, пожарот во модуларната болница во Тетоово, автобуската несреќа на „Струма“, но и спортските успеси – првото учество на ЕП во фудбал и олимпиското теквондо сребро од Токио, се некои од настаните кои ќа ја одбележат годинава што изминува.

Локални избори

На 17 октомври 2021 година се одржаа локални избори во 80 општини и во Градот Скопје. Вториот круг на локалните избори се одржа на 31 октомври. Изборите ги распиша собранискиот претседател Талат Џафери на 6 август 2021 година. Изборната кампања траеше од 27 септември до 15 октомври. Првпат на овие локални избори беше употребен систем за биометриска идентификација на гласачите со отпечатоци од прсти.

Најмногу градоначалнички места – 42 освои ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ освои 16, а ДУИ 11. Со ова ВМРО-ДПМНЕ освои 37 градоначалнички места повеќе од претходните локални избори, СДСМ 41 помалку, а ДУИ едно повеќе.

Вечерта по завршувањето на вториот круг од локалните избори, поради лошите резултати оставка најави претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Оставка на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев

Откако по завршувањето на локалните избори премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев најави оставки од двете функции, на крајот на ноември тој поднесе оставка во партијата која највисоките партиски тела на СДСМ, Извршниот и Централниот одбор, на 26 ноември ја прифатија и одлучија новиот претседател да се бира на внатрепартиски непосредни избори на 12 декември. На овие избори имаше тројца кандидати, а за нов претседател на партијата беше избран Димитар Ковачевски, кој партиската функција ја презеде на 15 декември.

Премиерот Зоран Заев оставката на премиерската функција до претседателот на Собранието ја достави на 22 декември, најавувајќи притоа дека нема усмено да ја образложува.

Собранието на 23 декември на седницата за пратенички прашања ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев. Оставката беше констатирана без премиерот Заев усно да ја образложи. Оставката на премиерот повлекува оставка и на целата Влада.

По оставката на Заев, шефот на државата Стево Пендаровски на 29 декември му го довери мандатот на новиот мандатар Димитар Ковачевски. Мандаторот, согласно уставот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Ковачевски кога му беше доверен мандатот најави дека планира составот на новата Влада да го предложи околу 10-11 јануари.

Најави за ново параментарно мнозинство и гласање за доверба на Владата

На 5 ноември лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека е обезбедено ново мнозинство од 61 пратеник во Парламентот заедно со Движењето Беса, Алијансата за Албанците, Алтернатива и Левица.

Седницата за гласање недоверба на Владата беше закажана за 11 ноември. На седницата не присуствуваа пратениците од ДУИ и СДСМ. Двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои беа позитивни на Ковид-19, облечени во скафандери дојдоа во Собранието, за да присуствуваат на гласањето за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев.

На седницата не дојде пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, по што пропадна обидот на опозицијата за рушење на Владата.

По неуспехот да се изгласа недоверба на Владата, Алтернатива, која беше дел од иницијативата за ново парламентарно мнозинство, почна преговори со премиерот Зоран Заев за влез во Владата. По завршувањето на преговорите, највисокото тело на партијата, Централниот совет на 4 декември одлучи Алтернатива да биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство.
Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе партијата беше историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата.

Две вета за добивање датум за почеток на преговрите со ЕУ

И покрај силниот ангажман и дипломатските обиди на португалското претседателство со ЕУ за посредување за надминување на блокадата, Бугарија остана на ветото на редовниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург, на 22 јуни 2021. Софија продолжи да инсистира дека преговарачката рамка за Македонија треба да содржи гаранции за спроведување на Договорот за пријателство од 2017 година.

Напорите за време на претседателството на Португалија и изнесената иницијатива која беше модификација на германскиот предлог за решение на блокадата, не дадоа резултат. Приликите беа усложнети бидејќи по предвремените парламентарни избори во Бугарија во април, не дојде до формирање политичка влада. па беше назначена техничка влада со задача да организира нови избори и без потребниот политички мандат да одлучува.

Второто вето од Софија во 2021 дојде на крајот на словенечкото претседателство. На Советот за општи работи на 14 декември во Брисел земјите членки на ЕУ не постигнаа договор за одржување на првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија до крајот на годинава поради бугарската блокада. Во заклучоците од состанокот беше усвоена формулацијата „за одржувањена првата меѓувладина конференција што е можно побрзо по усввојувањето на преговарачката рамка“.

Во засебна изјава поднесена до Советот на ЕУ во врска со отпочнувањето на преговорите со Македонија, Бугарија најавува дека нема да отстапи од своите барања и ќе го услови усвојувањето на преговарачката рамка со инкорпорирање на дополнителни одредници за отворање на првиот кластер во форма на патоказ за имплементација на Договорот за пријателство. Во истата изјава Софија наведува и дека усвојување на преговарачката рамка не претставува автоматизам и за одредување датум за првата меѓувладина конференција меѓу  Македонија и ЕУ.

Отворен Балкан

На 29 јули во Скопје премиерот Зоран Заев со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ во присуство на повеќе од 350 претставници од бизнис секторот од целиот Западен Балкан ја потпишаа иницијативата „Отворен Балкан“.

Лидерите на трите земји потпишаа договори за Заедничка реакција на природни и други катастрофи, Дозвола за граѓаните да работат во трите држави и за Помош за стоките да се движат без непотребно одложување.

Целта на иницијативата „Отворен Балкан“ е создавање една економија, без царини, без задржувања на границите и со сто проценти слободна трговија. Иницијативата не е ограничена само на трите земји и секоја друга држава од опкружувањето е добредојдена и може да се вклучи ако сака.

Пожар во модуларната ковид-болница во Тетово

Вечерта на 8 септември 2021 година избувна пожар во модуларната болница во Тетово каде се лекуваа пациенти болни од Ковид-19. Загинаа 14 лица, од кои според Јавното обвинителство, 12 биле ковид-пациенти, а две надворешни лица – роднини на пациентите.

Според извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица, несреќата се случила како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. По пожарот, министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани понудија оставка од морални причини, но, по објавувањето на извештајот, премиерот Зоран Заев информираше дека не ги прифаќа нивните оставки, за што опозицијата упати остри критики.

Истрагата за несреќата е се уште во тек. Во истрагата беа вклучени и четворица германски експерти.

Автобуска несреќа на македонски автобус во Бургарија, загинаа 45 лица

Сообраќајна несреќа на македонски автобус во која загинаа 45 лица, а седум беа повредени се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија. Автобусот беше сопственост на Беса Транс, а се враќал од Истанбул кон Скопје.

Повредените патници беа сместени на лекување во болницата во Пиргов и сите беа надвор од животна опасност. По завршувањето на идентификацијата со ДНК анализи, телата на починатите со воени транспортни авиони беа пренесени во Скопје на 3 декември 2021 година.
Според последните информации од Бугарија истрагата е при крај. Се очекуваат само резултатите од вештачењата – судско-медицинска, техничка и пожарно-техничка. Тие беа најавени за пред крај на декември, но, се уште не се објавени.

Податоците од досегашната истрага во моментот покажуваат дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а ноќта на инцидентот врнел дожд и патот бил влажен. Тие укажуваат и на тоа дека нема причинско-последична врска меѓу несреќата, патната сигнализација и ознаките. Постои можност да придонеле придонеле за несреќата, но возачот морал да биде повнимателен и да вози со соодветна брзина.

Досега истрагата покажува дека автобусот од се уште непозната причина скршнал надесно и удрил во заштитната ограда која го дели просторот за одмор од автопатот. Од ударот се дупнал резервоарот за гориво, избувнал пожар и возилото се заглавило меѓу заштитните огради што ги делат двете ленти на автопатот.

Големи шумски пожари

Во август земјава на повеќе места ја зафатија пожари. Во справувањето во пожарите беа вклучени и силите на Армијата, а на помош во гаснењето дојдоа и екипи од Австрија, Словенија, Бугарија и Романија.

Според Извештајот на ЈП Национални шуми за штетите од вкупно зафатените 9.907 хектари, 8.803 отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса.

Согласно оваа информација, Владата го задолжи ЈП Национални шуми да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен. Дополнително, Владата го задолжи ова јавно претпријатие целокупната количина опожарена дрвна маса како последица од пожарите да остане во сопственост и со неа целосно да стопанисува ЈП Национални шуми.

Македонската фудбалска репрезентација првпат на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација првпат учествуваше на Европско првенство. Првиот натпревар го игравме во Букурешт против селекцијата на Австрија. Македонската репрезентација играше во Ц групата со селекциите на Холандија, Украина и Австрија. Македонија заврши на претпоследното 24-то место на првенството.

За разлика од претходните првенства овој шампионат се играше низ цела Европа, домаќини беа 11 градови: Амстердам, Баку, Будимпешта, Букурешт, Глазгов, Копенхаген, Лондон, Минхен, Рим, Севиља и Санкт Петербург.

Македонската фудбалска репрезентација учеството на ЕП го обезбеди по победата врз Грузија на баражот во Тбилиси на 12 ноември. Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.

Сребро во теквондо на Олимпијадата во Токио

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во теквондо, во категорија над 80 килограми, на Олимписките игри во Токио, откако во финалето загуби од Русинот, Владислав Ларин, најдобро рангираниот натпреварувач на турнирот.

Георгиевски го освои првиот медал на Олимписки игри за Македонија по пауза од 21 година. На патот до финалето, Георгиевски ги совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба со 11:8, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4 и Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.

The post Ова се настаните што ја обележаа 2021 година во Македонија appeared first on Република.

]]>

Оставката на Зоран Заев на премиерската функција и од лидерското место во СДСМ, локалните избори, гласањето доверба на Владата и неизвесноста околу парламентраното мнозинство, продолжувањето на бугарската блокада за ЕУ, пожарот во модуларната болница во Тетоово, автобуската несреќа на „Струма“, но и спортските успеси – првото учество на ЕП во фудбал и олимпиското теквондо сребро од Токио, се некои од настаните кои ќа ја одбележат годинава што изминува.

Локални избори

На 17 октомври 2021 година се одржаа локални избори во 80 општини и во Градот Скопје. Вториот круг на локалните избори се одржа на 31 октомври. Изборите ги распиша собранискиот претседател Талат Џафери на 6 август 2021 година. Изборната кампања траеше од 27 септември до 15 октомври. Првпат на овие локални избори беше употребен систем за биометриска идентификација на гласачите со отпечатоци од прсти. Најмногу градоначалнички места – 42 освои ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ освои 16, а ДУИ 11. Со ова ВМРО-ДПМНЕ освои 37 градоначалнички места повеќе од претходните локални избори, СДСМ 41 помалку, а ДУИ едно повеќе. Вечерта по завршувањето на вториот круг од локалните избори, поради лошите резултати оставка најави претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Оставка на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев

Откако по завршувањето на локалните избори премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев најави оставки од двете функции, на крајот на ноември тој поднесе оставка во партијата која највисоките партиски тела на СДСМ, Извршниот и Централниот одбор, на 26 ноември ја прифатија и одлучија новиот претседател да се бира на внатрепартиски непосредни избори на 12 декември. На овие избори имаше тројца кандидати, а за нов претседател на партијата беше избран Димитар Ковачевски, кој партиската функција ја презеде на 15 декември. Премиерот Зоран Заев оставката на премиерската функција до претседателот на Собранието ја достави на 22 декември, најавувајќи притоа дека нема усмено да ја образложува. Собранието на 23 декември на седницата за пратенички прашања ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев. Оставката беше констатирана без премиерот Заев усно да ја образложи. Оставката на премиерот повлекува оставка и на целата Влада. По оставката на Заев, шефот на државата Стево Пендаровски на 29 декември му го довери мандатот на новиот мандатар Димитар Ковачевски. Мандаторот, согласно уставот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Ковачевски кога му беше доверен мандатот најави дека планира составот на новата Влада да го предложи околу 10-11 јануари.

Најави за ново параментарно мнозинство и гласање за доверба на Владата

На 5 ноември лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека е обезбедено ново мнозинство од 61 пратеник во Парламентот заедно со Движењето Беса, Алијансата за Албанците, Алтернатива и Левица. Седницата за гласање недоверба на Владата беше закажана за 11 ноември. На седницата не присуствуваа пратениците од ДУИ и СДСМ. Двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои беа позитивни на Ковид-19, облечени во скафандери дојдоа во Собранието, за да присуствуваат на гласањето за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев. На седницата не дојде пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, по што пропадна обидот на опозицијата за рушење на Владата. По неуспехот да се изгласа недоверба на Владата, Алтернатива, која беше дел од иницијативата за ново парламентарно мнозинство, почна преговори со премиерот Зоран Заев за влез во Владата. По завршувањето на преговорите, највисокото тело на партијата, Централниот совет на 4 декември одлучи Алтернатива да биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство. Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе партијата беше историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата.

Две вета за добивање датум за почеток на преговрите со ЕУ

И покрај силниот ангажман и дипломатските обиди на португалското претседателство со ЕУ за посредување за надминување на блокадата, Бугарија остана на ветото на редовниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург, на 22 јуни 2021. Софија продолжи да инсистира дека преговарачката рамка за Македонија треба да содржи гаранции за спроведување на Договорот за пријателство од 2017 година. Напорите за време на претседателството на Португалија и изнесената иницијатива која беше модификација на германскиот предлог за решение на блокадата, не дадоа резултат. Приликите беа усложнети бидејќи по предвремените парламентарни избори во Бугарија во април, не дојде до формирање политичка влада. па беше назначена техничка влада со задача да организира нови избори и без потребниот политички мандат да одлучува. Второто вето од Софија во 2021 дојде на крајот на словенечкото претседателство. На Советот за општи работи на 14 декември во Брисел земјите членки на ЕУ не постигнаа договор за одржување на првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија до крајот на годинава поради бугарската блокада. Во заклучоците од состанокот беше усвоена формулацијата „за одржувањена првата меѓувладина конференција што е можно побрзо по усввојувањето на преговарачката рамка“. Во засебна изјава поднесена до Советот на ЕУ во врска со отпочнувањето на преговорите со Македонија, Бугарија најавува дека нема да отстапи од своите барања и ќе го услови усвојувањето на преговарачката рамка со инкорпорирање на дополнителни одредници за отворање на првиот кластер во форма на патоказ за имплементација на Договорот за пријателство. Во истата изјава Софија наведува и дека усвојување на преговарачката рамка не претставува автоматизам и за одредување датум за првата меѓувладина конференција меѓу  Македонија и ЕУ.

Отворен Балкан

На 29 јули во Скопје премиерот Зоран Заев со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ во присуство на повеќе од 350 претставници од бизнис секторот од целиот Западен Балкан ја потпишаа иницијативата „Отворен Балкан“. Лидерите на трите земји потпишаа договори за Заедничка реакција на природни и други катастрофи, Дозвола за граѓаните да работат во трите држави и за Помош за стоките да се движат без непотребно одложување. Целта на иницијативата „Отворен Балкан“ е создавање една економија, без царини, без задржувања на границите и со сто проценти слободна трговија. Иницијативата не е ограничена само на трите земји и секоја друга држава од опкружувањето е добредојдена и може да се вклучи ако сака.

Пожар во модуларната ковид-болница во Тетово

Вечерта на 8 септември 2021 година избувна пожар во модуларната болница во Тетово каде се лекуваа пациенти болни од Ковид-19. Загинаа 14 лица, од кои според Јавното обвинителство, 12 биле ковид-пациенти, а две надворешни лица – роднини на пациентите. Според извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица, несреќата се случила како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. По пожарот, министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани понудија оставка од морални причини, но, по објавувањето на извештајот, премиерот Зоран Заев информираше дека не ги прифаќа нивните оставки, за што опозицијата упати остри критики. Истрагата за несреќата е се уште во тек. Во истрагата беа вклучени и четворица германски експерти.

Автобуска несреќа на македонски автобус во Бургарија, загинаа 45 лица

Сообраќајна несреќа на македонски автобус во која загинаа 45 лица, а седум беа повредени се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија. Автобусот беше сопственост на Беса Транс, а се враќал од Истанбул кон Скопје. Повредените патници беа сместени на лекување во болницата во Пиргов и сите беа надвор од животна опасност. По завршувањето на идентификацијата со ДНК анализи, телата на починатите со воени транспортни авиони беа пренесени во Скопје на 3 декември 2021 година. Според последните информации од Бугарија истрагата е при крај. Се очекуваат само резултатите од вештачењата – судско-медицинска, техничка и пожарно-техничка. Тие беа најавени за пред крај на декември, но, се уште не се објавени. Податоците од досегашната истрага во моментот покажуваат дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а ноќта на инцидентот врнел дожд и патот бил влажен. Тие укажуваат и на тоа дека нема причинско-последична врска меѓу несреќата, патната сигнализација и ознаките. Постои можност да придонеле придонеле за несреќата, но возачот морал да биде повнимателен и да вози со соодветна брзина. Досега истрагата покажува дека автобусот од се уште непозната причина скршнал надесно и удрил во заштитната ограда која го дели просторот за одмор од автопатот. Од ударот се дупнал резервоарот за гориво, избувнал пожар и возилото се заглавило меѓу заштитните огради што ги делат двете ленти на автопатот.

Големи шумски пожари

Во август земјава на повеќе места ја зафатија пожари. Во справувањето во пожарите беа вклучени и силите на Армијата, а на помош во гаснењето дојдоа и екипи од Австрија, Словенија, Бугарија и Романија. Според Извештајот на ЈП Национални шуми за штетите од вкупно зафатените 9.907 хектари, 8.803 отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса. Согласно оваа информација, Владата го задолжи ЈП Национални шуми да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен. Дополнително, Владата го задолжи ова јавно претпријатие целокупната количина опожарена дрвна маса како последица од пожарите да остане во сопственост и со неа целосно да стопанисува ЈП Национални шуми.

Македонската фудбалска репрезентација првпат на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација првпат учествуваше на Европско првенство. Првиот натпревар го игравме во Букурешт против селекцијата на Австрија. Македонската репрезентација играше во Ц групата со селекциите на Холандија, Украина и Австрија. Македонија заврши на претпоследното 24-то место на првенството. За разлика од претходните првенства овој шампионат се играше низ цела Европа, домаќини беа 11 градови: Амстердам, Баку, Будимпешта, Букурешт, Глазгов, Копенхаген, Лондон, Минхен, Рим, Севиља и Санкт Петербург. Македонската фудбалска репрезентација учеството на ЕП го обезбеди по победата врз Грузија на баражот во Тбилиси на 12 ноември. Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.

Сребро во теквондо на Олимпијадата во Токио

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во теквондо, во категорија над 80 килограми, на Олимписките игри во Токио, откако во финалето загуби од Русинот, Владислав Ларин, најдобро рангираниот натпреварувач на турнирот. Георгиевски го освои првиот медал на Олимписки игри за Македонија по пауза од 21 година. На патот до финалето, Георгиевски ги совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба со 11:8, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4 и Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.

The post Ова се настаните што ја обележаа 2021 година во Македонија appeared first on Република.

]]>