рестрикции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/restrikcii/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jul 2023 08:01:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рестрикции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/restrikcii/ 32 32 Рестрикции среде лето: Струга ќе биде без вода секој ден од 1 часот по полноќ до 6 изутрина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/restriktsii-srede-leto-struga-ke-bide-bez-voda-sekoj-den-od-1-chasot-po-polnok-do-6-izutrina/ Fri, 21 Jul 2023 08:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=663785

Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ воведува рестрикции со водата за пиење на територијата на општина Струга во периодот од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро.

Таквата одлука, како што изјави за МИА директорот на претпријатието Дашмир Насуфи е поради злоупотреба на водата од водоснабдителниот систем во вечерните часови и затоа рестрикциите ќе бидат после полноќ. Ограничувањето, нагласи, ќе трае до стабилизирање на состојбата.

Иако издашноста на изворите е висока, 471 литар во секунда, поради високите температури и големата злоупотреба на водата за пиење воведуваме рестрикции да не дојде до проблеми при водоснабдувањето, истакна Насуфи.

Тој најави дека комуналните инспектори во координација со полицијата од вечерва ќе продолжат со теренски контроли за откривање на слуачи на злоупотреба.

The post Рестрикции среде лето: Струга ќе биде без вода секој ден од 1 часот по полноќ до 6 изутрина appeared first on Република.

]]>

Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ воведува рестрикции со водата за пиење на територијата на општина Струга во периодот од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро. Таквата одлука, како што изјави за МИА директорот на претпријатието Дашмир Насуфи е поради злоупотреба на водата од водоснабдителниот систем во вечерните часови и затоа рестрикциите ќе бидат после полноќ. Ограничувањето, нагласи, ќе трае до стабилизирање на состојбата.
Иако издашноста на изворите е висока, 471 литар во секунда, поради високите температури и големата злоупотреба на водата за пиење воведуваме рестрикции да не дојде до проблеми при водоснабдувањето, истакна Насуфи.
Тој најави дека комуналните инспектори во координација со полицијата од вечерва ќе продолжат со теренски контроли за откривање на слуачи на злоупотреба.

The post Рестрикции среде лето: Струга ќе биде без вода секој ден од 1 часот по полноќ до 6 изутрина appeared first on Република.

]]>
Ќе има рестрикции во јануари и февруари, Германија ги повика граѓаните да складираат вода и храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kje-ima-restrikcii-vo-januari-i-fevruari-germanija-gi-povika-gragjanite-da-skladiraat-voda-i-hrana/ Sun, 20 Nov 2022 17:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=576214

Федералната канцеларија за цивилна заштита во Германија предупреди на прекини на електричната мрежа во јануари и февруари.

Шефот на германската федерална служба за цивилна заштита, Ралф Тислер, ги повика сонародниците да складираат вода и конзервирана храна, бидејќи во текот на јануари и февруари ќе има масовни прекини на струјата.

Мора да претпоставиме дека ќе има прекини на струја во зима. Кога го велам тоа мислам на регионални и привремени прекини на струја. Причината нема да биде само недостатокот на енергија, туку и насочените привремени исклучувања на мрежата со цел да се заштити мрежата и да не се загрози целокупното напојување – рече тој во интервју за „Велт ам Зонтаг“, нагласувајќи дека најлошите месеци ќе да бидат јануари и февруари.

Според него, локалните власти во многу германски општини развиле прецизни планови и обезбедиле генератори и се подготвени за можноста за ограничување на електричната енергија, но некои се во многу полоша ситуација.

Очекуваме краткорочни исклучувања, не долгорочни и големи, но треба да се подготвиме и за тоа – рече Тислер и препорача граѓаните да подготват залихи на вода и конзервирана храна кои би биле доволни за десет дена, како како и радија и свеќи на батерии.

Германија се соочува со можни рестрикции на електрична енергија поради намалувањето на испораките на гас од Русија. Иако Германија имаше намера постепено да се ослободи од енергетската зависност од Русија, протокот на руска енергија беше намален многу порано од планираното поради санкциите поради војната во Украина и саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2. Иако складиштата на гас се речиси полни, експертите се загрижени дека тие залихи нема да траат до крајот на зимата.

The post Ќе има рестрикции во јануари и февруари, Германија ги повика граѓаните да складираат вода и храна appeared first on Република.

]]>

Федералната канцеларија за цивилна заштита во Германија предупреди на прекини на електричната мрежа во јануари и февруари. Шефот на германската федерална служба за цивилна заштита, Ралф Тислер, ги повика сонародниците да складираат вода и конзервирана храна, бидејќи во текот на јануари и февруари ќе има масовни прекини на струјата.
Мора да претпоставиме дека ќе има прекини на струја во зима. Кога го велам тоа мислам на регионални и привремени прекини на струја. Причината нема да биде само недостатокот на енергија, туку и насочените привремени исклучувања на мрежата со цел да се заштити мрежата и да не се загрози целокупното напојување – рече тој во интервју за „Велт ам Зонтаг“, нагласувајќи дека најлошите месеци ќе да бидат јануари и февруари.
Според него, локалните власти во многу германски општини развиле прецизни планови и обезбедиле генератори и се подготвени за можноста за ограничување на електричната енергија, но некои се во многу полоша ситуација.
Очекуваме краткорочни исклучувања, не долгорочни и големи, но треба да се подготвиме и за тоа – рече Тислер и препорача граѓаните да подготват залихи на вода и конзервирана храна кои би биле доволни за десет дена, како како и радија и свеќи на батерии.
Германија се соочува со можни рестрикции на електрична енергија поради намалувањето на испораките на гас од Русија. Иако Германија имаше намера постепено да се ослободи од енергетската зависност од Русија, протокот на руска енергија беше намален многу порано од планираното поради санкциите поради војната во Украина и саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2. Иако складиштата на гас се речиси полни, експертите се загрижени дека тие залихи нема да траат до крајот на зимата.

The post Ќе има рестрикции во јануари и февруари, Германија ги повика граѓаните да складираат вода и храна appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Би било срамота да има рестрикции на струја, на ова ниво сме поради грабежите во енергетскиот сектор! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-bi-bilo-sramota-da-ima-restrikcii-na-struja-na-ova-nivo-sme-poradi-grabezite-vo-energetskiot-sektor/ Tue, 18 Oct 2022 15:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=562624

Би било срамота да има рестрикции на струја, на ова ниво сме поради пљачките во енергетскиот сектор!, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

The post Мицкоски: Би било срамота да има рестрикции на струја, на ова ниво сме поради грабежите во енергетскиот сектор! appeared first on Република.

Јорданов: Нема да има рестрикции за затоплување во штипските училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-nema-da-ima-restrikcii-za-zatopluvanje-vo-shtipskite-uchilishta/ Sun, 16 Oct 2022 13:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=561726

Во штипските училишта нема да има реатрикции во текот на грејната сезона. Обезбедени се доволно количини енергенси и грејната сезона во училиштата, градинките и другите институции кои се под локално ниво, може да почне, изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

За да се обезбедат доволно средства за затоплување и осветлување, тој посочува дека ставките за непродуктивни трошоци се замрзнати.

Нема да има промена во временскиот период за затоплување на овие институции, туку со намалувањето на другите непродуктивни трошоци обезбедивме доволно средства за набавка на енергенсите и нафта за затоплување на овие институции кои се под локалната самоуправа, вели Јорданов.

Според него, позитивен сигнал е тоа што и училиштата, како и јавните претпријатија се предвидува бидат ставени на регулиран пазар, односно нема да користат индустриска струја. Ова не значи дека ќе се намалат сметките, туку ќе може да се планираат предвреме, објаснува Јорданов.

Добро е тоа што ЈП „Исар” од наредниот месец ќе биде на регулиран пазар, па ќе може да ги предвидеме трошоците за електрична енергија. Ќе може да ги предвидиме средствата коишто Општина Штип ќе ги префрла како субвенција на јавното претпријатие за истото да остане во функција и да биде сервис на граѓаните. Огромни се трошоците што ги даваме за покривање на обврските од минатото, за плаќање на камати, но и за електрична енергија, додаде Јорданов.

Училиштата и јавните претпријатија да се стават на регулиран пазар, е барање кое градоначалниците откако почна кризата, кое неколкупати го упатија до власта. Високите сметки за електрична енергија во некои комунални претпријатија достигнаа двоцифрени милиониски суми и го проголтаа целиот месечен приход.

The post Јорданов: Нема да има рестрикции за затоплување во штипските училишта appeared first on Република.

]]>

Во штипските училишта нема да има реатрикции во текот на грејната сезона. Обезбедени се доволно количини енергенси и грејната сезона во училиштата, градинките и другите институции кои се под локално ниво, може да почне, изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. За да се обезбедат доволно средства за затоплување и осветлување, тој посочува дека ставките за непродуктивни трошоци се замрзнати.
Нема да има промена во временскиот период за затоплување на овие институции, туку со намалувањето на другите непродуктивни трошоци обезбедивме доволно средства за набавка на енергенсите и нафта за затоплување на овие институции кои се под локалната самоуправа, вели Јорданов.
Според него, позитивен сигнал е тоа што и училиштата, како и јавните претпријатија се предвидува бидат ставени на регулиран пазар, односно нема да користат индустриска струја. Ова не значи дека ќе се намалат сметките, туку ќе може да се планираат предвреме, објаснува Јорданов.
Добро е тоа што ЈП „Исар” од наредниот месец ќе биде на регулиран пазар, па ќе може да ги предвидеме трошоците за електрична енергија. Ќе може да ги предвидиме средствата коишто Општина Штип ќе ги префрла како субвенција на јавното претпријатие за истото да остане во функција и да биде сервис на граѓаните. Огромни се трошоците што ги даваме за покривање на обврските од минатото, за плаќање на камати, но и за електрична енергија, додаде Јорданов.
Училиштата и јавните претпријатија да се стават на регулиран пазар, е барање кое градоначалниците откако почна кризата, кое неколкупати го упатија до власта. Високите сметки за електрична енергија во некои комунални претпријатија достигнаа двоцифрени милиониски суми и го проголтаа целиот месечен приход.

The post Јорданов: Нема да има рестрикции за затоплување во штипските училишта appeared first on Република.

]]>
Од утре стапуваат во сила мерките за штедење струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-utre-stapuvaat-vo-sila-merkite-za-shtedenje-struja/ Wed, 31 Aug 2022 08:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=545947

Од утре стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши кој ги соопшти и образложи мерките, пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат.

Слични се и препораките за бизнис секторот – исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, користење дневна светлина за внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога за тоа има можност, ладење на производни објекти, хали и канцеларии со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, редовно менување на филтрите на грејните тела, инсталирање топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење и за подготовка на топла вода при градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари, примена на нови технологии за подобри енергетски перформанси на индустриските постројки

На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја, вклуќување на машините за перење и за миење садови само кога се полни и исто така на евтина струја, разумно користење на грејните тела, максимално користење на дневната светлина и топлината од сонцето, гаснење на сијалиците кога не се престојува во одередни простории, готвење во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата, кратко и интензивно проветрување на просториите

Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување. Затоа и нивните раководители може да ја изгубат работата ако не ги почитуваат владините препораки и ако не заштедат 15 отсто струја како што е предвидено.

И според него и според министерот Бектеши, не се очекуваат рестрикции на струја.

The post Од утре стапуваат во сила мерките за штедење струја appeared first on Република.

]]>

Од утре стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија. Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши кој ги соопшти и образложи мерките, пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат. Слични се и препораките за бизнис секторот – исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, користење дневна светлина за внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога за тоа има можност, ладење на производни објекти, хали и канцеларии со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, редовно менување на филтрите на грејните тела, инсталирање топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење и за подготовка на топла вода при градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари, примена на нови технологии за подобри енергетски перформанси на индустриските постројки… На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја, вклуќување на машините за перење и за миење садови само кога се полни и исто така на евтина струја, разумно користење на грејните тела, максимално користење на дневната светлина и топлината од сонцето, гаснење на сијалиците кога не се престојува во одередни простории, готвење во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата, кратко и интензивно проветрување на просториите… Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување. Затоа и нивните раководители може да ја изгубат работата ако не ги почитуваат владините препораки и ако не заштедат 15 отсто струја како што е предвидено. И според него и според министерот Бектеши, не се очекуваат рестрикции на струја.

The post Од утре стапуваат во сила мерките за штедење струја appeared first on Република.

]]>
Од четврток Владата ќе прогласи кризна состојба во енергетиката, рестрикции, сепак, нема да има https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-chetvrtok-vladata-kje-proglasi-krizna-sostojba-vo-energetikata-restrikcii-sepak-nema-da-ima/ Tue, 23 Aug 2022 15:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=543345

Владата в четврток се очекува да прогласи кризна состојба за електричната и топлинската енергија.

Одлуката треба да важи од 1 септември, а беше најавена од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Од Владата уверуваат дека нема да има рестрикции на струја во престојниот зимски период.

Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ - изјави Бектеши на прес-конференцијата со директорот на ЕСМ на која ги презентираше владините мерки за штедење во пресрет на зимата.

The post Од четврток Владата ќе прогласи кризна состојба во енергетиката, рестрикции, сепак, нема да има appeared first on Република.

]]>

Владата в четврток се очекува да прогласи кризна состојба за електричната и топлинската енергија. Одлуката треба да важи од 1 септември, а беше најавена од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Од Владата уверуваат дека нема да има рестрикции на струја во престојниот зимски период.
Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ - изјави Бектеши на прес-конференцијата со директорот на ЕСМ на која ги презентираше владините мерки за штедење во пресрет на зимата.

The post Од четврток Владата ќе прогласи кризна состојба во енергетиката, рестрикции, сепак, нема да има appeared first on Република.

]]>
Рестрикции на струја засега нема, ама лагодноста ќе ја изгубиме, вели Битиќи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/restrikcii-na-struja-zasega-nema-ama-lagodnosta-kje-ja-izgubime-veli-bitikji/ Wed, 17 Aug 2022 17:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=541488

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека раководителите на државните институции може да ја изгубат и работата ако не штедат струја.

Во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, Битиќи уште еднаш повтори дека во пребродувањето на кризата треба да учествуваат сите, а јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување.

Според вицепремиерот, рестрикции на струја засега нема да има и не се превидени.

Нашето однесување не може да биде како што било некогаш. Лагодноста може ќе ја изгубиме, но тоа е новиот начин на живеење на кој ќе мора да се прилагодиме, рече Битиќи.

The post Рестрикции на струја засега нема, ама лагодноста ќе ја изгубиме, вели Битиќи appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека раководителите на државните институции може да ја изгубат и работата ако не штедат струја. Во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, Битиќи уште еднаш повтори дека во пребродувањето на кризата треба да учествуваат сите, а јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување. Според вицепремиерот, рестрикции на струја засега нема да има и не се превидени.
Нашето однесување не може да биде како што било некогаш. Лагодноста може ќе ја изгубиме, но тоа е новиот начин на живеење на кој ќе мора да се прилагодиме, рече Битиќи.

The post Рестрикции на струја засега нема, ама лагодноста ќе ја изгубиме, вели Битиќи appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Од ноември РЕК Битола ќе функционира со трите блока https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-od-noemvri-rek-bitola-kje-funkcionira-so-trite-bloka/ Tue, 16 Aug 2022 13:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=540995

Во планот за производство на АД ЕСМ се предвидува од ноември да профункционираат трите блока во РЕК Битола. Годинава ќе направиме обид да не правиме класични ремонти со застои од 30, 60 или 90 дена, туку да ги вршиме во периоди кога ќе има намалување на снагата, односно простор за санација, посочи денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Нагласи дека сите вработени се во функција и оти ремонтни активности се извршуваат во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, но, како што кажа, се прават и технолошки активности за санација и подготовка на ископите на јаглен.

Блок 3 во РЕК Битола е во застој заради изгорен трансформатор од надворешно влијание во текот на декември минатата година и јануари годинава. Во моментов постојниот трансформатор се наоѓа на сервисирање во Белград, а истовремено извршена е и јавна набавка за купување на нов трансформатор што не е направено 40 години од пуштањето во работа на РЕК Битола. Очекуваме на крајот на септември или на почетокот на октомври еден од трансформаторите да пристигне и на крајот на октомври да бидеме во полна капацитетност со РЕК Битола за да може еден од блоковите да влезе во краток ремонт, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерот за економија Крешник Бектеши.

Потоа, од почетокот на ноември до 30 април додека трае грејната сезона, како што рече, ќе може РЕК Битола да работи со три блока, односно со максимален капацитет.

И РЕК Осломеј во моментов се наоѓа во застој заради годишни ремонтни активности кои ќе значат стабилност и континуирано работење на термоелектраната во периодот од 1 октомври до крајот на април идната година. Токму затоа се вршат и дополнителни набавки на јаглен и за РЕК Осломеј за да може и овој важен капацитет за сигурноста и стабилноста на енергетскиот систем да работи во полна кондиција и со полно производство во текот на грејната сезона, рече Ковачевски.

Посочи дека АД ЕСМ има намалени ставки во јавните набавки за непродуктивни трошоци или ставки кои не се потребни за овој период и може да се одложат за наредните години во вредност од околу 50 милиони евра.

По тој основ годинава нема да се потрошат околу 50 милиони евра кои индиректно ќе бидат заштеда на компанијата и на државата, бидејќи приоритет во овој период ќе биде директното производство на електрична енергија за да не се доведеме во ситуација да имаме застои, односно набавки и купување на електрична енергија по значително повисоки цени од сегашните, прецизира Ковачевски.

The post Ковачевски: Од ноември РЕК Битола ќе функционира со трите блока appeared first on Република.

]]>

Во планот за производство на АД ЕСМ се предвидува од ноември да профункционираат трите блока во РЕК Битола. Годинава ќе направиме обид да не правиме класични ремонти со застои од 30, 60 или 90 дена, туку да ги вршиме во периоди кога ќе има намалување на снагата, односно простор за санација, посочи денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Нагласи дека сите вработени се во функција и оти ремонтни активности се извршуваат во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, но, како што кажа, се прават и технолошки активности за санација и подготовка на ископите на јаглен.
Блок 3 во РЕК Битола е во застој заради изгорен трансформатор од надворешно влијание во текот на декември минатата година и јануари годинава. Во моментов постојниот трансформатор се наоѓа на сервисирање во Белград, а истовремено извршена е и јавна набавка за купување на нов трансформатор што не е направено 40 години од пуштањето во работа на РЕК Битола. Очекуваме на крајот на септември или на почетокот на октомври еден од трансформаторите да пристигне и на крајот на октомври да бидеме во полна капацитетност со РЕК Битола за да може еден од блоковите да влезе во краток ремонт, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерот за економија Крешник Бектеши.
Потоа, од почетокот на ноември до 30 април додека трае грејната сезона, како што рече, ќе може РЕК Битола да работи со три блока, односно со максимален капацитет.
И РЕК Осломеј во моментов се наоѓа во застој заради годишни ремонтни активности кои ќе значат стабилност и континуирано работење на термоелектраната во периодот од 1 октомври до крајот на април идната година. Токму затоа се вршат и дополнителни набавки на јаглен и за РЕК Осломеј за да може и овој важен капацитет за сигурноста и стабилноста на енергетскиот систем да работи во полна кондиција и со полно производство во текот на грејната сезона, рече Ковачевски.
Посочи дека АД ЕСМ има намалени ставки во јавните набавки за непродуктивни трошоци или ставки кои не се потребни за овој период и може да се одложат за наредните години во вредност од околу 50 милиони евра.
По тој основ годинава нема да се потрошат околу 50 милиони евра кои индиректно ќе бидат заштеда на компанијата и на државата, бидејќи приоритет во овој период ќе биде директното производство на електрична енергија за да не се доведеме во ситуација да имаме застои, односно набавки и купување на електрична енергија по значително повисоки цени од сегашните, прецизира Ковачевски.

The post Ковачевски: Од ноември РЕК Битола ќе функционира со трите блока appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Нема да има рестрикции, ако сé оди според планот на ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-nema-da-ima-restrikcii-ako-se-odi-spored-planot-na-esm/ Tue, 16 Aug 2022 13:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=540958

Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши, во тек се редовни разговори со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија, за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето.

Министерот на прес-конференција во Владата, откако ги соопшти мерките за заштеда на струја до 15 проценти, порача дека за да се намали товарот врз ЕСМ и за да се намалат сметките, во рационалното трошење струја треба сите да придонесат.

Треба да придонесеме сите за заштеда на електрична енергија. Првичниот пример треба да го даваат институциите, а потоа тие да бидат следени од стопанството и домаќинствата. Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И само, секако, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите, истакна Бектеши.

Претходно на прес-конференцијата во Владата, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека компанијата работи со максимален капацитет и оти потребите за струја на ЕВН хоум се задоволуваат исклучиво од сопствено производство.

ЕСМ не набавува електрична енергија, само јаглен и мазут за поголемо производство на струја, подвлече Ковачевски.

The post Бектеши: Нема да има рестрикции, ако сé оди според планот на ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според Бектеши, во тек се редовни разговори со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија, за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето. Министерот на прес-конференција во Владата, откако ги соопшти мерките за заштеда на струја до 15 проценти, порача дека за да се намали товарот врз ЕСМ и за да се намалат сметките, во рационалното трошење струја треба сите да придонесат. Треба да придонесеме сите за заштеда на електрична енергија. Првичниот пример треба да го даваат институциите, а потоа тие да бидат следени од стопанството и домаќинствата. Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И само, секако, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите, истакна Бектеши. Претходно на прес-конференцијата во Владата, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека компанијата работи со максимален капацитет и оти потребите за струја на ЕВН хоум се задоволуваат исклучиво од сопствено производство. ЕСМ не набавува електрична енергија, само јаглен и мазут за поголемо производство на струја, подвлече Ковачевски.

The post Бектеши: Нема да има рестрикции, ако сé оди според планот на ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Мерки од 1 септември: Исклучување компјутери по работа, клими до 20 степени, работа во потемно… https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/merki-od-1-septemvri-iskluchuvanje-kompjuteri-po-rabota-klimi-do-20-stepeni-rabota-vo-potemno/ Tue, 16 Aug 2022 12:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=540976

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти и културни споменици, да не се користи осветлување во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина, во сезоната на ладење температурата на климатизерите да биде 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, намалување на осветлувањето на улиците, патиштата, плоштадите на минимум … Ова се дел од задолженијата и препораките кои денеска ги донесе Владата на предлог на Министерството за економија за намалување на потрошувачката на електрична и на топлинска енергија со цел да имаме безбедна зима. Овие задолженија ќе бидат во сила од 1 септември годинава до 31 март 2023 година.

Прогнозите се дека ќе преживееме една од најтешките зими на енергетски план не само во нашата земја туку сите земји во регионот и во Европа, рече министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција на која ги претстави сетот мерки и препораки.

Тој посочи дека со цел полесно да се справиме со периодот кој не очекува за да имаме непречено снабдување со електрична енергија и нејзино ефикасно искористување и крајна цел пониски сметки за струја Министерството за економија подготви план и препораки на заштеда на струја за безбедна зима.

Препораките, укажувањата и задолженијата се поделени во повеќе категории пред се во зависност дали се работи за домаќинства, компании или простории на јавни објекти во сопственост на државата – како министерства, агенции, органите на државна управа, општините и градот Скопје, рече Бектеши.

За домаќинствата и компаниите се предвидени само препораки за штедење на електрична енергија, а за институциите се предвидени конкретни задолженија.

Целта која треба да се постигне е намалување на потрошувачка на електрична енергија за 15 отсто споредено со истиот месец од претходната година, рече Бектеши.

Доколку не се постигне оваа цел ќе има санкции за сите раководители на институциите предвидени со посебна одлука и со заклучок од страна на Владата, додаде министерот.
Задолженијата за јавните објекти се однесуваа на оние кои се во сопственост на државата – министерства, агенции органи во државната управа и сл.

Така, сите државни и јавни институции и државни претпријатија се задолжени:

  • Да го исклучат декоративното осветлување на фасадите на сите објекти и културни споменици,
  • Да не се користи осветлување во внатрешните простории во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина,
  • Во јавните објекти во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени,
  • Просториите да се проветруваат кратко и интензивно,
  • Исклучување на светилките кога се напуштаат просториите или може да се користи дневна светлина,
  • Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што се неопходни,
  • Да се исклучуваат сите компјутери по завршување на работата,
  • Да се заменат каде што има финансиска можност старите светилки со нови поефикасни светилки,
  • Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела односно клима уредите во работните простории,
  • Се препорачува до јавните претпријатија во рамките на буџетите инсталирање на колекторски системи за загревање на вода,
  • Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот,
  • Да се инсталираат интелигентни системи за управување на потрошувачката на енергија.

За да се реализираат сите овие задолженија сите институции на централно ниво и државни претпријатија од редот на вработените ќе треба да определат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено по завршување на работното време со цел намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија за 15 отсто споредено со истиот месец минатата година, рече Бектеши.

Раководителите секој месец ќе имаат задолженија да доставуваат до Генералниот секретаријат на Владата извештај за потрошувачката на енергија во претходниот месец како и податок за споредба со истиот месец претходната година најдоцна до 15-ти во тековниот месец.

Препораки има и за домаќинствата – тие потпаѓаат под стандардните препораки за заштеда на струјата што Министерството за економија ќе ги објави на интернет страницата на министерството, а тоа ќе го сторат и енергетските компании. Истото се однесува и за препораките за бизнис заедницата.

Во делот на јавните патишта веднаш да отпочне со намалување на осветлувањето поставено на државните патишта до минимален сигурносен обем на осветлување на улици плоштади и други објекти. Овие препораки важат и за локалната самоуправа и апелирам ЗЕЛС да ги информира сите општини, со цел преку нивните совети да се донесат соодветни мерки, рече Бектеши.

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевскипосочи дека се прават напори да се зголеми производството и за да се задоволат потребите на потрошувачите, најавувајќи дека компанијата ќе произведе  15 отсто повеќе електрична енергија од лани, пред се како резултат на поголемо производство кај термоелектраните. Производството кај хидроелектраните е значајно помало.

Планот за производство на електрична енергија се базира на зголемен ископ на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, за да се задоволат потребите на двата блока во РЕК „Битола“. Исто така има и увоз јаглен за подобрување на калоричноста, рече Ковачевски додавајќи дека ТЕЦ „Неготино работи со половина капацитет, односно со еден котел, како и дека интензивно се прават залихи на мазут со цел да може да се користат кога ќе се зголеми потрошувачката.

Во однос на следната грејна сезона и на системот за централно греење во Скопје, Ковачевски рече дека доколку АД ЕСМ го добие тендерот, за што веќе се основани три трговски друшвтва, смета дека ќе бидат задоволени потребите. Со цел да се обезбеди континуирано снабдување на топлинска енергија на потрошувачите во Скопје, сепак, како што посочи, ќе треба и финансиска помош од Владата.

Ковачевски исто така рече дека за снабдување со топлинска енергија на Битола и други две општини, ќе се формира трговско друштво.

Во ЕСМ се преземени и мерки за намалување на непродуктивните трошоци, кои како што вели Ковалчевски се намалени за 50 милиони евра.

The post Мерки од 1 септември: Исклучување компјутери по работа, клими до 20 степени, работа во потемно… appeared first on Република.

]]>

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти и културни споменици, да не се користи осветлување во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина, во сезоната на ладење температурата на климатизерите да биде 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, намалување на осветлувањето на улиците, патиштата, плоштадите на минимум … Ова се дел од задолженијата и препораките кои денеска ги донесе Владата на предлог на Министерството за економија за намалување на потрошувачката на електрична и на топлинска енергија со цел да имаме безбедна зима. Овие задолженија ќе бидат во сила од 1 септември годинава до 31 март 2023 година.
Прогнозите се дека ќе преживееме една од најтешките зими на енергетски план не само во нашата земја туку сите земји во регионот и во Европа, рече министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција на која ги претстави сетот мерки и препораки.
Тој посочи дека со цел полесно да се справиме со периодот кој не очекува за да имаме непречено снабдување со електрична енергија и нејзино ефикасно искористување и крајна цел пониски сметки за струја Министерството за економија подготви план и препораки на заштеда на струја за безбедна зима.
Препораките, укажувањата и задолженијата се поделени во повеќе категории пред се во зависност дали се работи за домаќинства, компании или простории на јавни објекти во сопственост на државата – како министерства, агенции, органите на државна управа, општините и градот Скопје, рече Бектеши.
За домаќинствата и компаниите се предвидени само препораки за штедење на електрична енергија, а за институциите се предвидени конкретни задолженија.
Целта која треба да се постигне е намалување на потрошувачка на електрична енергија за 15 отсто споредено со истиот месец од претходната година, рече Бектеши.
Доколку не се постигне оваа цел ќе има санкции за сите раководители на институциите предвидени со посебна одлука и со заклучок од страна на Владата, додаде министерот. Задолженијата за јавните објекти се однесуваа на оние кои се во сопственост на државата – министерства, агенции органи во државната управа и сл. Така, сите државни и јавни институции и државни претпријатија се задолжени:
  • Да го исклучат декоративното осветлување на фасадите на сите објекти и културни споменици,
  • Да не се користи осветлување во внатрешните простории во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина,
  • Во јавните објекти во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени,
  • Просториите да се проветруваат кратко и интензивно,
  • Исклучување на светилките кога се напуштаат просториите или може да се користи дневна светлина,
  • Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што се неопходни,
  • Да се исклучуваат сите компјутери по завршување на работата,
  • Да се заменат каде што има финансиска можност старите светилки со нови поефикасни светилки,
  • Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела односно клима уредите во работните простории,
  • Се препорачува до јавните претпријатија во рамките на буџетите инсталирање на колекторски системи за загревање на вода,
  • Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот,
  • Да се инсталираат интелигентни системи за управување на потрошувачката на енергија.
За да се реализираат сите овие задолженија сите институции на централно ниво и државни претпријатија од редот на вработените ќе треба да определат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено по завршување на работното време со цел намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија за 15 отсто споредено со истиот месец минатата година, рече Бектеши.
Раководителите секој месец ќе имаат задолженија да доставуваат до Генералниот секретаријат на Владата извештај за потрошувачката на енергија во претходниот месец како и податок за споредба со истиот месец претходната година најдоцна до 15-ти во тековниот месец. Препораки има и за домаќинствата – тие потпаѓаат под стандардните препораки за заштеда на струјата што Министерството за економија ќе ги објави на интернет страницата на министерството, а тоа ќе го сторат и енергетските компании. Истото се однесува и за препораките за бизнис заедницата. Во делот на јавните патишта веднаш да отпочне со намалување на осветлувањето поставено на државните патишта до минимален сигурносен обем на осветлување на улици плоштади и други објекти. Овие препораки важат и за локалната самоуправа и апелирам ЗЕЛС да ги информира сите општини, со цел преку нивните совети да се донесат соодветни мерки, рече Бектеши. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевскипосочи дека се прават напори да се зголеми производството и за да се задоволат потребите на потрошувачите, најавувајќи дека компанијата ќе произведе  15 отсто повеќе електрична енергија од лани, пред се како резултат на поголемо производство кај термоелектраните. Производството кај хидроелектраните е значајно помало.
Планот за производство на електрична енергија се базира на зголемен ископ на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, за да се задоволат потребите на двата блока во РЕК „Битола“. Исто така има и увоз јаглен за подобрување на калоричноста, рече Ковачевски додавајќи дека ТЕЦ „Неготино работи со половина капацитет, односно со еден котел, како и дека интензивно се прават залихи на мазут со цел да може да се користат кога ќе се зголеми потрошувачката.
Во однос на следната грејна сезона и на системот за централно греење во Скопје, Ковачевски рече дека доколку АД ЕСМ го добие тендерот, за што веќе се основани три трговски друшвтва, смета дека ќе бидат задоволени потребите. Со цел да се обезбеди континуирано снабдување на топлинска енергија на потрошувачите во Скопје, сепак, како што посочи, ќе треба и финансиска помош од Владата. Ковачевски исто така рече дека за снабдување со топлинска енергија на Битола и други две општини, ќе се формира трговско друштво. Во ЕСМ се преземени и мерки за намалување на непродуктивните трошоци, кои како што вели Ковалчевски се намалени за 50 милиони евра.

The post Мерки од 1 септември: Исклучување компјутери по работа, клими до 20 степени, работа во потемно… appeared first on Република.

]]>
На секои 6 часа, два ќе бидат исклучени: Косово нема пари за увоз на струја, од денес почнува со рестрикции https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-sekoi-6-chasa-dva-kje-bidat-isklucheni-kosovo-nema-pari-za-uvoz-na-struja-od-denes-pochnuva-so-restrikcii/ Mon, 15 Aug 2022 10:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=540462

Косовскиот дистрибутерот на електрична енергија (КЕДС) од денеска почнува со рестрикции на струјата во период од два часа за сите корисници на струја.

Дообјаснуваат дека корисниците ќе имаат струја шест часа, а потоа ќе бидат исклучени два часа.

Како што е соопштено КЕДС добил наредба од Националниот диспечерски центар на Косово бидејќи компанијата веќе нема пари да купува струја од странство, и ќе се сведе на дистрибуција само на домашна електрична енергија.

Од КЕДС посочуваат дека ваквата состојба настанала поради екстремно високите цени на струјата на меѓународните пазари и неисполнувањето на трошоците на системот.

The post На секои 6 часа, два ќе бидат исклучени: Косово нема пари за увоз на струја, од денес почнува со рестрикции appeared first on Република.

]]>

Косовскиот дистрибутерот на електрична енергија (КЕДС) од денеска почнува со рестрикции на струјата во период од два часа за сите корисници на струја. Дообјаснуваат дека корисниците ќе имаат струја шест часа, а потоа ќе бидат исклучени два часа. Како што е соопштено КЕДС добил наредба од Националниот диспечерски центар на Косово бидејќи компанијата веќе нема пари да купува струја од странство, и ќе се сведе на дистрибуција само на домашна електрична енергија. Од КЕДС посочуваат дека ваквата состојба настанала поради екстремно високите цени на струјата на меѓународните пазари и неисполнувањето на трошоците на системот.

The post На секои 6 часа, два ќе бидат исклучени: Косово нема пари за увоз на струја, од денес почнува со рестрикции appeared first on Република.

]]>
Во јануари во Велика Британија можни се рестрикции на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-januari-vo-velika-britanija-mozni-se-restrikcii-na-struja/ Wed, 10 Aug 2022 09:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=538657

Велика Британија подготвува планови за организирани прекини на струја за индустријата и домаќинствата во текот на зимата, кога ниските температури би можеле да се совпаднат со недостиг на гас, објави „Блумберг њуз“, повикувајќи се на неименувани владини претставници.

Според „разумното сценарио за најлош случај“ на Владата на Велика Британија, недостигот на капацитет на електрична енергија може да изнесува околу една шестина од максималната побарувачка, дури и откако електраните на јаглен ќе бидат ставени во погон.

Според тие прогнози, заедно со потпросечните температури и намалениот увоз на електрична енергија од Норвешка и од Франција, Велика Британија би можела да се најде во ситуација во јануари, во која можеби ќе треба да се иницираат итни мерки за заштеда на гас за четири дена, наведува „Блумберг њуз“.

Засега нема коментар од Министерството за бизнис, енергетика и индустриска стратегија.

Веста на „Блумберг њуз“ уследи откако британската Централна банка минатата недела предупреди дека Велика Британија се движи кон долготрајна рецесија, бидејќи рекордно високите цени на енергијата ја туркаат годишната инфлација кон 13 отсто, а каков било одговор на политиката е попречен од трката за избор на нов премиер што ќе се одржи на 5 септември.

The post Во јануари во Велика Британија можни се рестрикции на струја appeared first on Република.

]]>

Велика Британија подготвува планови за организирани прекини на струја за индустријата и домаќинствата во текот на зимата, кога ниските температури би можеле да се совпаднат со недостиг на гас, објави „Блумберг њуз“, повикувајќи се на неименувани владини претставници. Според „разумното сценарио за најлош случај“ на Владата на Велика Британија, недостигот на капацитет на електрична енергија може да изнесува околу една шестина од максималната побарувачка, дури и откако електраните на јаглен ќе бидат ставени во погон. Според тие прогнози, заедно со потпросечните температури и намалениот увоз на електрична енергија од Норвешка и од Франција, Велика Британија би можела да се најде во ситуација во јануари, во која можеби ќе треба да се иницираат итни мерки за заштеда на гас за четири дена, наведува „Блумберг њуз“. Засега нема коментар од Министерството за бизнис, енергетика и индустриска стратегија. Веста на „Блумберг њуз“ уследи откако британската Централна банка минатата недела предупреди дека Велика Британија се движи кон долготрајна рецесија, бидејќи рекордно високите цени на енергијата ја туркаат годишната инфлација кон 13 отсто, а каков било одговор на политиката е попречен од трката за избор на нов премиер што ќе се одржи на 5 септември.

The post Во јануари во Велика Британија можни се рестрикции на струја appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Нема да има рестрикции, иако нè очекува тешка зима https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-nema-da-ima-restrikcii-iako-ne-ochekuva-teshka-zima/ Thu, 30 Jun 2022 16:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=521711

Рестрикции на струја нема да има, иако ќе биде тешка зима, не само за Македонија туку и за регионот и глобално поради криза во енергетиката, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Се прават сите подготовки посебно од страна на ЕСМ за да го зголеми производството и согласно нивниот доставен  план веќе е зголемено производството. Во однос на цените најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, што трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно. Во делот на просечните граѓани, оние кои трошат просечно согласно сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако дека сите треба да бидеме свесни и посветени да се обидеме да заштедиме што повеќе елетрична енергија зашто ова не е криза само на Македонија, ова е глобална криза“, истакна Бектеши, кој учествува на МЕФ Енергетскиот форум во Охрид.

The post Бектеши: Нема да има рестрикции, иако нè очекува тешка зима appeared first on Република.

Можни се рестрикции: Во Хрватска ќе има недостиг на гориво поради санкциите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mozni-se-restrikcii-vo-hrvatska-kje-ima-nedostig-na-gorivo-poradi-sankciite/ Tue, 07 Jun 2022 08:10:43 +0000 https://republika.mk/?p=512021

Додека хрватската влада ги користи најновите адути за блокирање на растот на цените на горивата над 15 куни за литар, некои трговски синџири предупредуваат на отежнато снабдување.

„Веќе се соочуваме со недостиг на дизел и бензин на пазарот. Сепак, поради ембаргото на ЕУ за руската нафта, се очекуваат дополнителни прекини во снабдувањето и дополнителен притисок врз малопродажните цени“, велат од компанијата „Петрол“ за „Јутарњи лист“ по повод уредбата на Владата за намалување на акцизите и маржите на гориво кое стапува на сила од среда.

По преземањето на Кродук од пензионираниот генерал Иван Чермак, Петрол заедно со ИНА станаа најголемиот малопродажен синџир на нафтени деривати во Хрватска, така што рејтингот на оваа компанија со седиште во Словенија доби на тежина.

На прашањето како ја оценуваат одлуката на Владата за намалување на акцизите на бензинот и дизелот и ограничување на маржите, „Петрол“ одговори со контрапредлог што треба да направи државната администрација во услови на поскапување на нафтата и гасот на светскиот пазар и очекуваниот прекин на увозот на нафта од Русија.

Во вакви услови, во кои понудата на гориво е ограничена, државното ограничување на цените вештачки поттикнува поголема побарувачка, а со тоа и повисоки цени кога тие повторно ќе престанат да се ограничуваат. Сметаме дека субвенциите се најсоодветни државни мерки на начин кој не поткопува постојните даноци и такси, нестабилност, би било потребно прилагодување на цените на неделно ниво, а не на секои 14 дена“, посочуваат во „Петрол“.

Оттаму додаваат дека во вторник нема да има промени во цените на нивните бензински пумпи, бидејќи од 8 јуни стапува во сила новата владина уредба за акцизите и маржите на нафтените деривати. Поголемиот дел од горивата од среда конечно ќе поевтинат откако Владата повторно реши со уредби да интервенира во акцизите и маржите, додека синиот дизел ќе поскапи за 20 липи по литар.

Така, литар од најпродаваното гориво Еуросупер 95 од среда на полноќ ќе чини 13,50 куни или ќе поефтини за 36 центи за литар. За полн резервоар од 50 литри тоа ќе значи намалување за 18 куни. Литар обичен еуродизел ќе чини 13,08 куни или ќе поевтини шест центи. Граѓаните ќе плаќаат три куни помалку за полн резервоар дизел. Синиот дизел ќе се продава за 9,45 куни, наместо досегашните 9,25 куни.

Откако минатата недела пристигнаа неофицијални најави дека горивата драстично поскапува од вторник, Владата донесе измени на две уредби за регулирање на акцизите и трговските маржи во понеделник, наместо секоја недела, горивата ќе се менуваат на секои две недели.

Овие нови цени ќе стапат во сила од среда, додека по истата цена ќе се продаваат во вторник, односно нема да има најавено поскапување, а прописите ќе важат 30 дена. Владата дополнително ги намали акцизите за 40 липи за литар бензин и за дополнителни 20 липи за литар дизел, по исто толку намалување во март, така што од март до март беа намалени за 80 и 40 центи. Така сега акцизата на бензинот е 3,06 куни за литар, додека на дизелот е 2,66 куни за литар. На синиот дизел не се наплаќа акциза, па Владата немаше простор да ја намали цената.

Според директивата на ЕУ, минималната акциза на безоловен бензин мора да биде 2,69 куни. Владата не одлучила за минимални акцизи бидејќи државата очигледно смета на туристите да заработуваат и до милијарда куни месечно од акцизите за гориво во летната сезона. Така сега има простор од 37 липи до минималната акциза на бензинот, за да може наесен да интервенира доколку има дополнителни пореметувања на пазарот поради руската агресија врз Украина.

Миро Скалички, експерт за енергетика со долгогодишно менаџерско искуство во нафтениот бизнис, одлуките на Владата од понеделник ги оценува очекувано во времето кога се донесени и во однос на новите ценовни односи што ги поставила. На прашањето дали натамошното намалување на највисоките маржи на горивата ќе ја ослаби одржливоста на бизнисот со трговските синџири во сегашните услови, соговорникот потврдно одговори.

Може да се очекува дека со намалување на маржите трговците ќе останат без пари за понатамошни инвестиции во мрежата, реновирање на постоечките пумпи и подигнување на квалитетот на услугите, вели Скалички.

Да потсетиме, ЕУ пропишува минимална акциза за дизелот од 2,45 куни, па Владата остави простор од 21 цент за минимална акциза. Поради намалувањето на акцизите за гориво, се очекува буџетот да се намали за 120,7 милиони куни за еден месец, како што е пропишано во рокот на уредбата, но министерот за финансии и вицепремиер Здравко Мариќ во понеделникот откри дека буџетот е многу подобро отколку што првично се очекувало.

Владата одлучи и да ги намали трговските маржи на гориво, за производителите и дистрибутерите, со што наместо 75 липи за литар, ќе добие добивка од 65 липи за литар бензин и дизел гориво. За синиот дизел, маржата е 40 центи за литар.

The post Можни се рестрикции: Во Хрватска ќе има недостиг на гориво поради санкциите? appeared first on Република.

]]>

Додека хрватската влада ги користи најновите адути за блокирање на растот на цените на горивата над 15 куни за литар, некои трговски синџири предупредуваат на отежнато снабдување.
„Веќе се соочуваме со недостиг на дизел и бензин на пазарот. Сепак, поради ембаргото на ЕУ за руската нафта, се очекуваат дополнителни прекини во снабдувањето и дополнителен притисок врз малопродажните цени“, велат од компанијата „Петрол“ за „Јутарњи лист“ по повод уредбата на Владата за намалување на акцизите и маржите на гориво кое стапува на сила од среда.
По преземањето на Кродук од пензионираниот генерал Иван Чермак, Петрол заедно со ИНА станаа најголемиот малопродажен синџир на нафтени деривати во Хрватска, така што рејтингот на оваа компанија со седиште во Словенија доби на тежина. На прашањето како ја оценуваат одлуката на Владата за намалување на акцизите на бензинот и дизелот и ограничување на маржите, „Петрол“ одговори со контрапредлог што треба да направи државната администрација во услови на поскапување на нафтата и гасот на светскиот пазар и очекуваниот прекин на увозот на нафта од Русија.
Во вакви услови, во кои понудата на гориво е ограничена, државното ограничување на цените вештачки поттикнува поголема побарувачка, а со тоа и повисоки цени кога тие повторно ќе престанат да се ограничуваат. Сметаме дека субвенциите се најсоодветни државни мерки на начин кој не поткопува постојните даноци и такси, нестабилност, би било потребно прилагодување на цените на неделно ниво, а не на секои 14 дена“, посочуваат во „Петрол“.
Оттаму додаваат дека во вторник нема да има промени во цените на нивните бензински пумпи, бидејќи од 8 јуни стапува во сила новата владина уредба за акцизите и маржите на нафтените деривати. Поголемиот дел од горивата од среда конечно ќе поевтинат откако Владата повторно реши со уредби да интервенира во акцизите и маржите, додека синиот дизел ќе поскапи за 20 липи по литар. Така, литар од најпродаваното гориво Еуросупер 95 од среда на полноќ ќе чини 13,50 куни или ќе поефтини за 36 центи за литар. За полн резервоар од 50 литри тоа ќе значи намалување за 18 куни. Литар обичен еуродизел ќе чини 13,08 куни или ќе поевтини шест центи. Граѓаните ќе плаќаат три куни помалку за полн резервоар дизел. Синиот дизел ќе се продава за 9,45 куни, наместо досегашните 9,25 куни. Откако минатата недела пристигнаа неофицијални најави дека горивата драстично поскапува од вторник, Владата донесе измени на две уредби за регулирање на акцизите и трговските маржи во понеделник, наместо секоја недела, горивата ќе се менуваат на секои две недели. Овие нови цени ќе стапат во сила од среда, додека по истата цена ќе се продаваат во вторник, односно нема да има најавено поскапување, а прописите ќе важат 30 дена. Владата дополнително ги намали акцизите за 40 липи за литар бензин и за дополнителни 20 липи за литар дизел, по исто толку намалување во март, така што од март до март беа намалени за 80 и 40 центи. Така сега акцизата на бензинот е 3,06 куни за литар, додека на дизелот е 2,66 куни за литар. На синиот дизел не се наплаќа акциза, па Владата немаше простор да ја намали цената. Според директивата на ЕУ, минималната акциза на безоловен бензин мора да биде 2,69 куни. Владата не одлучила за минимални акцизи бидејќи државата очигледно смета на туристите да заработуваат и до милијарда куни месечно од акцизите за гориво во летната сезона. Така сега има простор од 37 липи до минималната акциза на бензинот, за да може наесен да интервенира доколку има дополнителни пореметувања на пазарот поради руската агресија врз Украина. Миро Скалички, експерт за енергетика со долгогодишно менаџерско искуство во нафтениот бизнис, одлуките на Владата од понеделник ги оценува очекувано во времето кога се донесени и во однос на новите ценовни односи што ги поставила. На прашањето дали натамошното намалување на највисоките маржи на горивата ќе ја ослаби одржливоста на бизнисот со трговските синџири во сегашните услови, соговорникот потврдно одговори.
Може да се очекува дека со намалување на маржите трговците ќе останат без пари за понатамошни инвестиции во мрежата, реновирање на постоечките пумпи и подигнување на квалитетот на услугите, вели Скалички.
Да потсетиме, ЕУ пропишува минимална акциза за дизелот од 2,45 куни, па Владата остави простор од 21 цент за минимална акциза. Поради намалувањето на акцизите за гориво, се очекува буџетот да се намали за 120,7 милиони куни за еден месец, како што е пропишано во рокот на уредбата, но министерот за финансии и вицепремиер Здравко Мариќ во понеделникот откри дека буџетот е многу подобро отколку што првично се очекувало. Владата одлучи и да ги намали трговските маржи на гориво, за производителите и дистрибутерите, со што наместо 75 липи за литар, ќе добие добивка од 65 липи за литар бензин и дизел гориво. За синиот дизел, маржата е 40 центи за литар.  

The post Можни се рестрикции: Во Хрватска ќе има недостиг на гориво поради санкциите? appeared first on Република.

]]>
Грција се подготвува за исклучување на електричната енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-se-podgotvuva-za-iskluchuvanje-na-elektrichnata-energija/ Tue, 24 May 2022 12:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=506243

Владата на Грција подготвува план за вонредни ситуации за заштеда и исклучување на електричната и друга енергија во случај на целосен и подолг прекин на испораката на руски гас

Вонредните исклучувања на струја во работни денови ќе ги опфатат „енергетски интензивните индустрии“ кои не произведуваат основни видови роба, јавива атинскиот весник Та неа.

Извори за весникот кажале дека таквата можност можеби е исклучена во блиска иднина бидејќи е најдено решение за плаќање на гасот на руски Газпром, но дека неизвесноста и размерите на војната во Украина бараат низа интервенции кои во Грција ќе доведат до ограничување на потрошувачката на електрична енергија но и на превозот.

Весникот пишува дека во „екстремно сценарио“ на целосен прекин на испораката на рускиот гас и тоа среде туристичката сезона ќе се активира планот за наизменична ротација на исклучување на електричната енергија во интервали за време на работните денови.

Целта не е да се исклучи електричната енергија на домаќинствата, претпријатијата кои се на нисконапонска мрежа, ни на хотелите и критичната јавна инфраструктура како болниците.

Прекини во снабдувањето со струја ќе имаат енергетски интензивната и тешката индустрија и претпријатијата кои со струја се снабдуваат од среднонапонска мрежа, а не се бават со основни продукти како храната.

Грчката влада размислува и враќање на работата од дома за заштеда на енергија во претпријатијата, како и препораки за намалување на користењето на автомобилите.

Освен тоа, се преземаат и мерки кои опфаќаат превентивно штедење на струја со ограничување на употребата на клима-уреди и осветлувањето, како и електричните уреди во јавните згради.

Владата на Грција веќе презела мерки за обезбедување доволно енергенси и безбедност на снабдувањето.

Одлучено е на 12 месеци да се изнајми танкер за складирање на течен природен гас, а истовремено е засилена работата на грчките рудници за лигнит за потребите на подолга работа на електроцентралите кои го користат тоа гориво, пишува Та неа.

The post Грција се подготвува за исклучување на електричната енергија appeared first on Република.

]]>

Владата на Грција подготвува план за вонредни ситуации за заштеда и исклучување на електричната и друга енергија во случај на целосен и подолг прекин на испораката на руски гас Вонредните исклучувања на струја во работни денови ќе ги опфатат „енергетски интензивните индустрии“ кои не произведуваат основни видови роба, јавива атинскиот весник Та неа. Извори за весникот кажале дека таквата можност можеби е исклучена во блиска иднина бидејќи е најдено решение за плаќање на гасот на руски Газпром, но дека неизвесноста и размерите на војната во Украина бараат низа интервенции кои во Грција ќе доведат до ограничување на потрошувачката на електрична енергија но и на превозот. Весникот пишува дека во „екстремно сценарио“ на целосен прекин на испораката на рускиот гас и тоа среде туристичката сезона ќе се активира планот за наизменична ротација на исклучување на електричната енергија во интервали за време на работните денови. Целта не е да се исклучи електричната енергија на домаќинствата, претпријатијата кои се на нисконапонска мрежа, ни на хотелите и критичната јавна инфраструктура како болниците. Прекини во снабдувањето со струја ќе имаат енергетски интензивната и тешката индустрија и претпријатијата кои со струја се снабдуваат од среднонапонска мрежа, а не се бават со основни продукти како храната. Грчката влада размислува и враќање на работата од дома за заштеда на енергија во претпријатијата, како и препораки за намалување на користењето на автомобилите. Освен тоа, се преземаат и мерки кои опфаќаат превентивно штедење на струја со ограничување на употребата на клима-уреди и осветлувањето, како и електричните уреди во јавните згради. Владата на Грција веќе презела мерки за обезбедување доволно енергенси и безбедност на снабдувањето. Одлучено е на 12 месеци да се изнајми танкер за складирање на течен природен гас, а истовремено е засилена работата на грчките рудници за лигнит за потребите на подолга работа на електроцентралите кои го користат тоа гориво, пишува Та неа.

The post Грција се подготвува за исклучување на електричната енергија appeared first on Република.

]]>
Твитер со рестрикции за Путин и уште 300 руски функционери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tviter-so-restrikcii-za-putin-i-ushte-300-ruski-funkcioneri/ Tue, 05 Apr 2022 21:33:08 +0000 https://republika.mk/?p=483813

Твитер ја ограничи содржина на повеќе од 300 официјални профили на претставници на руската влада, но и на оној на рускиот претседател Владимир Путин.

Со ова, содржината од профилите веќе нема да се препорачуваат во временски рамки, известувања или на друго место на страницата, соопшти Твитер.

Овие профили и претходно беа критикувани за ширење дезинформации за војната во Украина, но за разлика од твитовите од руските државни медиуми, тие претходно не беа предмет на специфично модерирање од страна на Твитер.

Твитер е строго ограничен во Русија по инвазијата на Украина.

Компанијата соопшти дека ќе преземе мерки против секоја земја која „го ограничи пристапот до отворениот интернет додека е вклучена во вооружен конфликт“.

The post Твитер со рестрикции за Путин и уште 300 руски функционери appeared first on Република.

]]>

Твитер ја ограничи содржина на повеќе од 300 официјални профили на претставници на руската влада, но и на оној на рускиот претседател Владимир Путин.
Со ова, содржината од профилите веќе нема да се препорачуваат во временски рамки, известувања или на друго место на страницата, соопшти Твитер.
Овие профили и претходно беа критикувани за ширење дезинформации за војната во Украина, но за разлика од твитовите од руските државни медиуми, тие претходно не беа предмет на специфично модерирање од страна на Твитер. Твитер е строго ограничен во Русија по инвазијата на Украина. Компанијата соопшти дека ќе преземе мерки против секоја земја која „го ограничи пристапот до отворениот интернет додека е вклучена во вооружен конфликт“.

The post Твитер со рестрикции за Путин и уште 300 руски функционери appeared first on Република.

]]>
Да поминат Велигден и празниците, па после да укинуваме мерки, предлагаат грчките епидемиолози https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/da-pominat-veligden-i-praznicite-pa-posle-da-ukinuvame-merki-predlagaat-grchkite-epidemiolozi/ Thu, 31 Mar 2022 09:09:07 +0000 https://republika.mk/?p=481289

Поради зголемениот број новозаразени во Грција, Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство предложила да нема никакво олабавување на мерките до први мај, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова би значело дека Велигден ќе биде со постоечките мерки, односно задолжителна маска во затворените делови, задолжителен сертификат за речиси сите простори, како и задолжителни тестови за невакцинираните.

Иако министерот за здравство на Грција Танос Плеврис минатата седмица најавуваше можно олабавување на мерките од средината на април, но и потенцираше дека сè ќе зависи од епидемиолошката слика, сепак зголемениот број нови случаи се чини дека не дозволува укинување на рестрикциите.

Член на комисијата на епидемиолози за весникот „Катимерини“ рекол дека „во моментов имаме разгорување на епидемијата, кое не треба да го поттикнуваме“ и додал дека за да се донесе одлука за укинување на мерките, треба да се намали бројот на случаи.

Доколку се анализираат официјалните податоци на Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите седум дена, во просек дневно имало по 21.000 новозаразени и по 52 смртни случаи од Ковид-19.

Како што вчера објави МИА, Грција надмина три милиони потврдени случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, а во изминатите две години починаа вкупно 27.454 лица.

The post Да поминат Велигден и празниците, па после да укинуваме мерки, предлагаат грчките епидемиолози appeared first on Република.

]]>

Поради зголемениот број новозаразени во Грција, Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство предложила да нема никакво олабавување на мерките до први мај, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Ова би значело дека Велигден ќе биде со постоечките мерки, односно задолжителна маска во затворените делови, задолжителен сертификат за речиси сите простори, како и задолжителни тестови за невакцинираните. Иако министерот за здравство на Грција Танос Плеврис минатата седмица најавуваше можно олабавување на мерките од средината на април, но и потенцираше дека сè ќе зависи од епидемиолошката слика, сепак зголемениот број нови случаи се чини дека не дозволува укинување на рестрикциите. Член на комисијата на епидемиолози за весникот „Катимерини“ рекол дека „во моментов имаме разгорување на епидемијата, кое не треба да го поттикнуваме“ и додал дека за да се донесе одлука за укинување на мерките, треба да се намали бројот на случаи. Доколку се анализираат официјалните податоци на Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите седум дена, во просек дневно имало по 21.000 новозаразени и по 52 смртни случаи од Ковид-19. Како што вчера објави МИА, Грција надмина три милиони потврдени случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, а во изминатите две години починаа вкупно 27.454 лица.

The post Да поминат Велигден и празниците, па после да укинуваме мерки, предлагаат грчките епидемиолози appeared first on Република.

]]>
Шведска го укина тестирањето за ковид, нема веќе ни рестрикции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedska-go-ukina-testiranjeto-za-kovid-nema-vekje-ni-restrikcii/ Wed, 09 Feb 2022 10:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=456083

Шведска го стопираше широкото тестирање за Ковид-19 дури и кај луѓето кои покажуваат симптоми на инфекција, ставајќи крај на мобилните места со шатори на плоштадите на градовите, драјв-ин центрите за брисеви и тестовите доставени дома што станаа сеприсутни за време на пандемијата и обезбедија суштински податоци за ширење на вирусот.

Овој потег ја става скандинавската нација во судир со поголемиот дел од Европа, но некои експерти велат дека тоа би можело да стане норма бидејќи скапото тестирање дава помалку придобивки со лесно преносливата, но поблага варијанта Омикрон и додека владите почнуваат да размислуваат за лекување на Ковид-19 како што прават со другите ендемични болести.

Дојдовме до точка каде што цената и релевантноста на тестирањето повеќе не се оправдани“, изјави шефицата на шведската агенција за јавно здравје, Карин Тегмарк Висел, за националниот јавен сервис СВТ оваа недела.

Ако треба да имаме опширно тестирање приспособено на секој што има Ковид-19, тоа би значело половина милијарда круни неделно (околу 55 милиони долари) и 2 милијарди месечно (220 милиони долари), додаде Тегмарк Висел.

Почнувајќи од среда, само здравствените работници и работниците за нега на стари лица и најранливите ќе имаат право на бесплатно ПЦР тестирање доколку се симптоматски, додека од останатата популација едноставно ќе биде побарано да остане дома доколку покажат симптоми кои би можеле да бидат ковид.

Антигенските тестови се лесно достапни за купување во супермаркетите и аптеките, но тие резултати не се пријавени кај здравствените власти. Приватните даватели на здравствени услуги, исто така, можат да вршат тестови и да понудат сертификати за меѓународно патување, но трошоците нема да бидат надоместени од државата или здравственото осигурување.

Високите стапки на вакцинација во Шведска создаваат оптимизам кај здравствените службеници и студијата од крајот на 2020 година објавена во вторникот покажува дека има антитела во 85% од примероците.

Во 2021 година, само регионот на Стокхолм потроши повеќе од 320 милиони американски долари на ПЦР тестови, пари за кои владата вели дека може подобро да се потрошат на друго место.

Во поголемиот дел од пандемијата, Шведска се издвојуваше меѓу европските нации за нејзиниот одговор. Никогаш не влезе во заклучување или затворени бизниси, наместо тоа, главно се потпираше на индивидуалната одговорност за контрола на инфекциите. Додека смртните случаи на корона вирус беа високи во споредба со другите нордиски земји, тие беа пониски од многу други места во Европа кои спроведуваа заклучувања.

Исто така во средата, земјата од полноќ ги укина своите ограничувања за тоа колку луѓе може да се соберат на настани или ресторани, повеќе не се бараат сертификати за вакцини, а намалените работни часови се откажани за баровите и рестораните.

Објавувајќи го повторното отворање минатата недела, премиерката Магдалена Андерсон рече дека „пандемијата не е завршена, туку влезе во тотално нова фаза“ и иако стапките на инфекција се зголемија, тоа не ги оптоварува премногу болниците.

Тоа го следи она што се случува во земјите низ Европа неодамна, бидејќи властите ги олабавуваат ограничувањата на корона вирусот што доминираа на континентот во последните две години.

Сепак, тестирањето останува широко распространето на континентот, дури и за луѓе кои не покажуваат никакви симптоми. Од учениците и наставниците во Грција, на пример, се бара да тестираат двапати неделно, а многу земји сè уште бараат пасош за ковид или негативен тест за да влезат во ресторани, кина и други затворени простории.

Данска во понеделникот соопшти дека бројот на ПЦР тестови ќе се намали од 500.000 дневно на 200.000 за „да се совпадне со сегашната фаза на развој на епидемијата“, а целиот капацитет за тестирање финансиран од владата на Данска ќе биде затворен до 6 март.

Вакцините и лесниот пристап до тестовите беа нашето данско супер-оружје во текот на целата епидемија“, рече минатиот месец данскиот министер за здравство Магнус Хеунике, додавајќи дека „тоа позитивно се одрази на бројот на (болнички) приеми и сега ни овозможува да го намалиме нашиот голем капацитет за тестирање“.

The post Шведска го укина тестирањето за ковид, нема веќе ни рестрикции appeared first on Република.

]]>

Шведска го стопираше широкото тестирање за Ковид-19 дури и кај луѓето кои покажуваат симптоми на инфекција, ставајќи крај на мобилните места со шатори на плоштадите на градовите, драјв-ин центрите за брисеви и тестовите доставени дома што станаа сеприсутни за време на пандемијата и обезбедија суштински податоци за ширење на вирусот. Овој потег ја става скандинавската нација во судир со поголемиот дел од Европа, но некои експерти велат дека тоа би можело да стане норма бидејќи скапото тестирање дава помалку придобивки со лесно преносливата, но поблага варијанта Омикрон и додека владите почнуваат да размислуваат за лекување на Ковид-19 како што прават со другите ендемични болести.
Дојдовме до точка каде што цената и релевантноста на тестирањето повеќе не се оправдани“, изјави шефицата на шведската агенција за јавно здравје, Карин Тегмарк Висел, за националниот јавен сервис СВТ оваа недела. Ако треба да имаме опширно тестирање приспособено на секој што има Ковид-19, тоа би значело половина милијарда круни неделно (околу 55 милиони долари) и 2 милијарди месечно (220 милиони долари), додаде Тегмарк Висел.
Почнувајќи од среда, само здравствените работници и работниците за нега на стари лица и најранливите ќе имаат право на бесплатно ПЦР тестирање доколку се симптоматски, додека од останатата популација едноставно ќе биде побарано да остане дома доколку покажат симптоми кои би можеле да бидат ковид. Антигенските тестови се лесно достапни за купување во супермаркетите и аптеките, но тие резултати не се пријавени кај здравствените власти. Приватните даватели на здравствени услуги, исто така, можат да вршат тестови и да понудат сертификати за меѓународно патување, но трошоците нема да бидат надоместени од државата или здравственото осигурување. Високите стапки на вакцинација во Шведска создаваат оптимизам кај здравствените службеници и студијата од крајот на 2020 година објавена во вторникот покажува дека има антитела во 85% од примероците. Во 2021 година, само регионот на Стокхолм потроши повеќе од 320 милиони американски долари на ПЦР тестови, пари за кои владата вели дека може подобро да се потрошат на друго место. Во поголемиот дел од пандемијата, Шведска се издвојуваше меѓу европските нации за нејзиниот одговор. Никогаш не влезе во заклучување или затворени бизниси, наместо тоа, главно се потпираше на индивидуалната одговорност за контрола на инфекциите. Додека смртните случаи на корона вирус беа високи во споредба со другите нордиски земји, тие беа пониски од многу други места во Европа кои спроведуваа заклучувања. Исто така во средата, земјата од полноќ ги укина своите ограничувања за тоа колку луѓе може да се соберат на настани или ресторани, повеќе не се бараат сертификати за вакцини, а намалените работни часови се откажани за баровите и рестораните.
Објавувајќи го повторното отворање минатата недела, премиерката Магдалена Андерсон рече дека „пандемијата не е завршена, туку влезе во тотално нова фаза“ и иако стапките на инфекција се зголемија, тоа не ги оптоварува премногу болниците.
Тоа го следи она што се случува во земјите низ Европа неодамна, бидејќи властите ги олабавуваат ограничувањата на корона вирусот што доминираа на континентот во последните две години. Сепак, тестирањето останува широко распространето на континентот, дури и за луѓе кои не покажуваат никакви симптоми. Од учениците и наставниците во Грција, на пример, се бара да тестираат двапати неделно, а многу земји сè уште бараат пасош за ковид или негативен тест за да влезат во ресторани, кина и други затворени простории. Данска во понеделникот соопшти дека бројот на ПЦР тестови ќе се намали од 500.000 дневно на 200.000 за „да се совпадне со сегашната фаза на развој на епидемијата“, а целиот капацитет за тестирање финансиран од владата на Данска ќе биде затворен до 6 март.
Вакцините и лесниот пристап до тестовите беа нашето данско супер-оружје во текот на целата епидемија“, рече минатиот месец данскиот министер за здравство Магнус Хеунике, додавајќи дека „тоа позитивно се одрази на бројот на (болнички) приеми и сега ни овозможува да го намалиме нашиот голем капацитет за тестирање“.

The post Шведска го укина тестирањето за ковид, нема веќе ни рестрикции appeared first on Република.

]]>
ЈП Државни патишта најавува дополнителни рестрикции поради штедење струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jp-drzavni-patishta-najavuva-dopolnitelni-restrikcii-poradi-shtedenje-struja/ Thu, 13 Jan 2022 12:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=444143

Јавното претпријатие „Државни патишта“ објави дека започнува следна фаза на максимално дозволена рестрикција на осветлувањето на регионалните и магистралните патишта, а дека соодветно осветлување ќе има само во тунелите.

Во насока на растеретување на енергетскиот систем од недостиг на електрична енергија во Македонија, а согласно со Уредбата на Владата од 30 октомври 2021 година со која се предвидува минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава, која ги опфаќа и патиштата, Јавното претпријатие за државни патишта започна со рестрикција на осветлувањето на државните патишта, објави претпријатието кое ги гради и одржува автопатите и експресните патишта.

Оттаму додаваат дека осветлувањето започнало со намалување уште во ноември 2021 година, но дека сега започнува нова фаза на рестрикции.

Во време кога државата се соочува со предизвикот на решавање на енергетската криза сакаме да ја известиме јавноста дека Јавното претпријатие за државни патишта започна постапка за дополнително етапно спроведување на максимална рестрикција на осветлувањето поставено на државните патишта, притоа запазувајќи ја безбедноста на сообраќајот во ноќните часови. Рестрикции на осветлувањето нема да се вршат во тунелите на државните патишта во Македонија, велат од ЈПДП.

Преторијатието ги повикува корисниците на патиштата да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот и да бидат внимателни заради нивна безбедност и безбедоста на останатите учесници во сообраќајот.

The post ЈП Државни патишта најавува дополнителни рестрикции поради штедење струја appeared first on Република.

По пет часа дневно рестрикции на вода во Тетово https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/po-pet-chasa-dnevno-restrikcii-na-voda-vo-tetovo/ Sat, 08 Jan 2022 13:49:44 +0000 https://republika.mk/?p=441951

Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово“ информира дека се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето во траење од пет часа.

Според нивната информација од 5 јануари до денеска се откриени два дефекти кои се причини за губење на водата за пиење од новиот водоснабдителен систем.

На 5 јануари 2022 во водоводната мрежа на Лешница настана дефект, кој следниот ден е санира. Потоа забележано е намалување на количината на вода, по што е локализиран уште еден дефект како резултат на лизгање на контролен бунар на водоводната мрежа кој ја испраќа водата од изворот Лешница до филтер станица- Лисец. Количината на вода заедно со бунарите достигнува до 160 л/с, количина која не е доволна за нормално и рамноправно снабдување на нашите граѓани, па затоа ноќе сме принудени да правиме рестрикци и тоа од 00:00 до 05:00 часот, информираат од ЈКП Тетово.

Поради дефекти на новиот водоснабдителен систем и во декември имаше рестрикции во водоснабдувањето.

The post По пет часа дневно рестрикции на вода во Тетово appeared first on Република.

]]>

Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово“ информира дека се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето во траење од пет часа. Според нивната информација од 5 јануари до денеска се откриени два дефекти кои се причини за губење на водата за пиење од новиот водоснабдителен систем. На 5 јануари 2022 во водоводната мрежа на Лешница настана дефект, кој следниот ден е санира. Потоа забележано е намалување на количината на вода, по што е локализиран уште еден дефект како резултат на лизгање на контролен бунар на водоводната мрежа кој ја испраќа водата од изворот Лешница до филтер станица- Лисец. Количината на вода заедно со бунарите достигнува до 160 л/с, количина која не е доволна за нормално и рамноправно снабдување на нашите граѓани, па затоа ноќе сме принудени да правиме рестрикци и тоа од 00:00 до 05:00 часот, информираат од ЈКП Тетово. Поради дефекти на новиот водоснабдителен систем и во декември имаше рестрикции во водоснабдувањето.

The post По пет часа дневно рестрикции на вода во Тетово appeared first on Република.

]]>