реставрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/restavracija/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Dec 2023 19:04:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реставрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/restavracija/ 32 32 Успешно е завршена реставрацијата на три икони од Дичо Зограф кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/uspeshno-e-zavrshena-restavratsijata-na-tri-ikoni-od-dicho-zograf-koi-se-chuvaat-vo-natsionalniot-istoriski-muzej-vo-tirana/ Fri, 08 Dec 2023 19:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=721134

– Успешно е завршена реставрацијата на трите икони од познатиот македонски зограф Дичо Зограф, кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана, информираше Националниот институт за културно наследство на Албанија на  официјалната страна на Фејсбук.

Станува збор за иконата „Свети Атанасиј“ и „Свети Харалампиј”,  двете изработени во 1855 година, како и „Свети Никола“ изработена во 1859 година.

Благодарение на посветената работа на реставраторите на лабораторијата на Националниот институт за културно наследство на Албанија, усоешно заврши реставрацијата на трите икони кои биле дел од иконостасот и внатрешноста во црквата „Свети Никола“ во Елбасан (XVII-XVIII век). По нејзиното уривање во 1969 година беа попишани и пренесени во фондот на Заводот за споменици на културата, а потоа во 1999 година во фондот на Националниот историски музеј.

Дичо Зограф е познат македонски иконописец, претставник на дебарската школа и оти е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век, кој насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на црквите во регионот.

Димитар Крстев Дичов, попознат како Дичо Зограф е роден во 1819 година во селото Тресонче, област Мала Река, кај Дебар. Неговото творештво означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста. Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите. 

The post Успешно е завршена реставрацијата на три икони од Дичо Зограф кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана appeared first on Република.

]]>

– Успешно е завршена реставрацијата на трите икони од познатиот македонски зограф Дичо Зограф, кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана, информираше Националниот институт за културно наследство на Албанија на  официјалната страна на Фејсбук. Станува збор за иконата „Свети Атанасиј“ и „Свети Харалампиј”,  двете изработени во 1855 година, како и „Свети Никола“ изработена во 1859 година.
Благодарение на посветената работа на реставраторите на лабораторијата на Националниот институт за културно наследство на Албанија, усоешно заврши реставрацијата на трите икони кои биле дел од иконостасот и внатрешноста во црквата „Свети Никола“ во Елбасан (XVII-XVIII век). По нејзиното уривање во 1969 година беа попишани и пренесени во фондот на Заводот за споменици на културата, а потоа во 1999 година во фондот на Националниот историски музеј.
Дичо Зограф е познат македонски иконописец, претставник на дебарската школа и оти е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век, кој насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на црквите во регионот. Димитар Крстев Дичов, попознат како Дичо Зограф е роден во 1819 година во селото Тресонче, област Мала Река, кај Дебар. Неговото творештво означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста. Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите. 

The post Успешно е завршена реставрацијата на три икони од Дичо Зограф кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана appeared first on Република.

]]>
Пуштено во употреба пациото во НУ Завод и Музеј-Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pushteno-vo-upotreba-patsioto-vo-nu-zavod-i-muzej-bitola/ Thu, 19 Oct 2023 20:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=693019

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот Тони Коњановски, вечерва во Битола присуствуваа на свечено отворање на реконструираниот простор – пацио, кое е во состав на НУ Завод и Музеј-Битола.

Во изминатиот период институцијата изврши инфраструктурни зафати во овој дел од објектот каде што се поставени нова инсталација, одвод, гранитни плочи и коцки, но и пристапни рампи за лица со попреченост, истакна министерката Костадиновска Стојчевска и додаде дека просторот сега е претворен во лапидариум каде што се поставени 15 мермерни скулптури со соодветно осветлување кои досега не биле презентирани пред јавноста, како и споменици од различни временски периоди откриени на Хераклеја и на други наоѓалишта.

-Морам да истакнам дека станува збор за уште еден успешен проект што Заводот и музеј Битола го реализира со грант од ИПА-програмата во рамките на проектот „Смарт фор ју ту“ (SMART4YOU2), кофинансиран од страна на ЕУ и Министерството за локална самоуправа.

Целта на проектот е афирмација на културните вредности што ги поседува регионот со прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Албанија, а тоа ќе придонесе за зацврстување на културната соработка, како и за развој на туристичките потенцијали меѓу општините Битола, Корча и Пустец.

The post Пуштено во употреба пациото во НУ Завод и Музеј-Битола appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот Тони Коњановски, вечерва во Битола присуствуваа на свечено отворање на реконструираниот простор – пацио, кое е во состав на НУ Завод и Музеј-Битола. Во изминатиот период институцијата изврши инфраструктурни зафати во овој дел од објектот каде што се поставени нова инсталација, одвод, гранитни плочи и коцки, но и пристапни рампи за лица со попреченост, истакна министерката Костадиновска Стојчевска и додаде дека просторот сега е претворен во лапидариум каде што се поставени 15 мермерни скулптури со соодветно осветлување кои досега не биле презентирани пред јавноста, како и споменици од различни временски периоди откриени на Хераклеја и на други наоѓалишта. -Морам да истакнам дека станува збор за уште еден успешен проект што Заводот и музеј Битола го реализира со грант од ИПА-програмата во рамките на проектот „Смарт фор ју ту“ (SMART4YOU2), кофинансиран од страна на ЕУ и Министерството за локална самоуправа. Целта на проектот е афирмација на културните вредности што ги поседува регионот со прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Албанија, а тоа ќе придонесе за зацврстување на културната соработка, како и за развој на туристичките потенцијали меѓу општините Битола, Корча и Пустец.

The post Пуштено во употреба пациото во НУ Завод и Музеј-Битола appeared first on Република.

]]>
Се конзервира и реставрира фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-konzervira-i-restavrira-freskozivopisot-vo-crkvata-sveta-bogorodica-bolnichka-vo-ohrid/ Fri, 07 Oct 2022 08:24:54 +0000 https://republika.mk/?p=558263

Во Охрид почнаа конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, што е дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид.

Директорката на институцијата Катерина Велкоска информира дека црквата, која се наоѓа во центарот на Охрид, во близина на Долна порта, датира од 14 век.

Според неа, фресоживописот се смета дека е насликан околу 1370 година, но низ вековите претрпел измени.

За црквата Света Богородица Болничка значајни се двата слоја на фрескосликарството. Постариот од 14 век и пресликувањата, кои настанале во 1834 година. Со поголеми конзерваторски работи, кои се одвивале 1959-60 – та година, вториот слој е изваден и е прикажан на посебна подлога и на држачи независно од архитектурата на црквата - истакнува Велкоска.

Оштетувањата на фрескосликарството на црквата, според Никола Патчев, магистер по конзервација и реставрација, биле предизвикани од влагата која транспортира соли врз фреските.

Основниот проблем кој што се јавува во црквата е влагата од северната и источната страна, настаната од дожд. Повлекувањето на влагата од темелите се води како капиларна и другата е дождовна влага, која се залива по ѕидовите, каде предизвикала оштетување - појаснува Патчев.

Тој додава дека црквата припаѓа на малите еднокорабни духовни храмови од 14 век, а стариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф.

Црквите Света Богородица и Свети Никола, која е наоѓа веднаш до неа, охриѓани ги нарекуваат болнички, бидејќи во средниот век таму постоела болница, која се користела и како карантин за време на епидемии.

The post Се конзервира и реставрира фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во Охрид почнаа конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, што е дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид. Директорката на институцијата Катерина Велкоска информира дека црквата, која се наоѓа во центарот на Охрид, во близина на Долна порта, датира од 14 век. Според неа, фресоживописот се смета дека е насликан околу 1370 година, но низ вековите претрпел измени.
За црквата Света Богородица Болничка значајни се двата слоја на фрескосликарството. Постариот од 14 век и пресликувањата, кои настанале во 1834 година. Со поголеми конзерваторски работи, кои се одвивале 1959-60 – та година, вториот слој е изваден и е прикажан на посебна подлога и на држачи независно од архитектурата на црквата - истакнува Велкоска.
Оштетувањата на фрескосликарството на црквата, според Никола Патчев, магистер по конзервација и реставрација, биле предизвикани од влагата која транспортира соли врз фреските.
Основниот проблем кој што се јавува во црквата е влагата од северната и источната страна, настаната од дожд. Повлекувањето на влагата од темелите се води како капиларна и другата е дождовна влага, која се залива по ѕидовите, каде предизвикала оштетување - појаснува Патчев.
Тој додава дека црквата припаѓа на малите еднокорабни духовни храмови од 14 век, а стариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф. Црквите Света Богородица и Свети Никола, која е наоѓа веднаш до неа, охриѓани ги нарекуваат болнички, бидејќи во средниот век таму постоела болница, која се користела и како карантин за време на епидемии.

The post Се конзервира и реставрира фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид appeared first on Република.

]]>
Државниот архив во соработка со ,,Британската библиотека” ќе го дигитализира целокупниот материјал и заоставштина на браќата Манаки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drzavniot-arhiv-vo-sorabotka-so-britanskata-biblioteka-kje-go-digitalizira-celokupniot-materijal-i-zaostavshtina-na-brakjata-manaki/ Mon, 18 Jul 2022 10:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=530602

Државниот архив во соработка со ,,Британската библиотека”, во наредните две години ќе го дигитализира целокупниот материјал и заоставштина на браќата Манаки. Проектот за соработка со ,,Бритиш лајбрери” од Лондон и за дигитализација на целокупното творештво на браќата Манаки веќе е потпишан од страна на директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, а, разбирливо, овој проект главно ќе го води екипа на Државниот архив - одделение Битола, предводена од раководителот, Гоце Стојановски.

Во Договорот, меѓу другото, се потенцира дека главна цел е комплетната дигитализација на документите и фотографиите на првите филмаџии на Балканот, Јанаки и Милтон Манаки. Материјалите се наоѓаат во Државниот архив - одделение Битола, кое главно ќе ја спроведе целосната дигитализација.

Во Државниот архив имаме над 7.000 стаклени негативни плочки, над 3.000 ролни филмска лента и над 10.000 оригинални фотографии од крајот на 19-от век, па се до смртта на Милтон во 1964 година. Оваа наша збирка на фотографии и филмски материјали е една од најзначајните на Балканот и затоа треба и натаму добро и професионално да ја заштитиме и да ја чуваме“ - изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

The post Државниот архив во соработка со ,,Британската библиотека” ќе го дигитализира целокупниот материјал и заоставштина на браќата Манаки appeared first on Република.