Респиратор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/respirator/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 10:04:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Респиратор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/respirator/ 32 32 Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/idnata-nedela-ke-se-znae-dali-imalo-propusti-od-lekarite-kaj-kumanovkata-koja-pochina-pri-poroduvaneto/ Fri, 04 Oct 2024 10:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=822563

Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти кај лекарите при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница која почина. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања.

Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.

Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.

Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди посочи дека новороденчето е се уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на грчеви.

Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Се уште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.

Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење. Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина.

Во Кумановската општа болница на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата родилка. Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

The post Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето appeared first on Република.

]]>

Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти кај лекарите при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница која почина. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања. Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела. Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.
Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.
Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди посочи дека новороденчето е се уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на грчеви.
Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Се уште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.
Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење. Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина. Во Кумановската општа болница на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата родилка. Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

The post Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето appeared first on Република.

]]>
Се бори за живот: Новороденчето чија мајка почина во Куманово е на респиратор https://arhiva3.republika.mk/vesti/se-bori-za-zhivot-novorodencheto-chija-majka-pochina-vo-kumanovo-e-na-respirator/ Mon, 30 Sep 2024 11:29:29 +0000 https://republika.mk/?p=821019

Лекарите од Детска клиника ја следат состојбата на новороденчето чија мајка почина во петокот (27 септември) при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска од Клиниката за детски болести. Оттаму велат дека не можат да прогнозираат каква ќе биде состојбата со новороденчето.

Новороденото е на респираторна машина. Продолжува третманот, рано е дадеме некаква прогноза за последиците. Сè уште е во тешка општа состојба и е на респиратор – изјави директорот на болницата, Реџеп Мемеди.

31-годишна родилка од Куманово почина во петокот при породување во кумановската општа болница. Новороденчето со екипа од кумановската болница беше префрлено на Ургентен центар на Детската клиника. Јавното обвинителство ги чека резултатите од обдукцискиот наод, истрагата ќе треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка.

The post Се бори за живот: Новороденчето чија мајка почина во Куманово е на респиратор appeared first on Република.

Нов апарат за анестезија и респиратор за велешката болница https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nov-aparat-za-anestezija-i-respirator-za-veleshkata-bolnitsa/ Wed, 24 Jan 2024 15:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=736384

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Општата болница Велес по повод набавка на нова медицинска опрема за установата.

Денеска сме во посета на Општата болница во Велес по повод набавка на нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од 4 милиони денари. Овој апарат којшто веќе е поставен во операционата сала е потребен за подобро функционирање на одделот за анестезија.

[caption id="attachment_736387" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

Исто така, набавивме и нов респиратор со средства од Министерството во износ од три ипол милиони денари, рече Меџити.

Министерот кажа дека двојно е зголемен буџетот за оваа намена од 2,6 на 5 милиони евра и во повеќе од 15 здравствени установи се обезбедени нова и современа опрема.

[caption id="attachment_736386" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

The post Нов апарат за анестезија и респиратор за велешката болница appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Општата болница Велес по повод набавка на нова медицинска опрема за установата.
Денеска сме во посета на Општата болница во Велес по повод набавка на нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од 4 милиони денари. Овој апарат којшто веќе е поставен во операционата сала е потребен за подобро функционирање на одделот за анестезија. [caption id="attachment_736387" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption] Исто така, набавивме и нов респиратор со средства од Министерството во износ од три ипол милиони денари, рече Меџити.
Министерот кажа дека двојно е зголемен буџетот за оваа намена од 2,6 на 5 милиони евра и во повеќе од 15 здравствени установи се обезбедени нова и современа опрема. [caption id="attachment_736386" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

The post Нов апарат за анестезија и респиратор за велешката болница appeared first on Република.

]]>