решенија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reshenija/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 12:44:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png решенија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reshenija/ 32 32 Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/shesnaeset-reshenija-za-zabrana-za-rabota-za-nepochituvane-na-preporakite-za-zashtita-od-toplotniot-bran-2/ Wed, 14 Aug 2024 12:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=806506

Државните инспектори за труд вчера и завчера изрекле 16 решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран, откако затекнале активности на работници директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот, информираа за МИА од Државниот инспекторат за труд (ДИТ).

Во тек на инспекциските надзори спроведени на 12 и 13 август, деновите за кои Владата донесе препораки, изречени се и 19 решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран.

Согласно прогласената портокалова фаза и препораките за работа во услови на топлотен бран, државните инспектори за труд вчера извршиле вкупно 139 инспекциски надзори, односно 125 вонредни надзори и 14 контроли и во дејностите каде работниците се изложени на неповолни микроклиматски услови, односно директна изложеност на високи температури на отворено или каде во текот на работењето се изложени на топлинско зрачење. Притоа на работодавачите им издале 11 решенија со наредба за почитување на препораките, како и седум решенија за забрана за работа за затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот.

Од ДИТ информираа дека завчера се спроведени 145 инспекциски надзори од кои 129 вонредни и 15 контролни надзори кои резултирале со осум решенија со наредба за почитување на препораките и девет решенија за забрана за работа.

Во тек на претходните топлотни бранови летово во тек на 1140 инспекциски надзори на ДИТ биле изрешени 95 решенија со наредба за почитување на препораките, како и 79 решенија за забрана за работа. Во сите случаи каде е изречена забрана за работа во наведениот временски интервал, како што информираат од Инспекторатот, работодавачите ја почитувале забраната за работа односно прекинале со работни активности.

Со владините препораки за намалување на ризиците од високите температури беа ослободени од работни обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а работодавачите добија обврска да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Препорака имаше и за почитвање на законските прописи со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници.

The post Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран appeared first on Република.

]]>

Државните инспектори за труд вчера и завчера изрекле 16 решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран, откако затекнале активности на работници директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот, информираа за МИА од Државниот инспекторат за труд (ДИТ). Во тек на инспекциските надзори спроведени на 12 и 13 август, деновите за кои Владата донесе препораки, изречени се и 19 решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран. Согласно прогласената портокалова фаза и препораките за работа во услови на топлотен бран, државните инспектори за труд вчера извршиле вкупно 139 инспекциски надзори, односно 125 вонредни надзори и 14 контроли и во дејностите каде работниците се изложени на неповолни микроклиматски услови, односно директна изложеност на високи температури на отворено или каде во текот на работењето се изложени на топлинско зрачење. Притоа на работодавачите им издале 11 решенија со наредба за почитување на препораките, како и седум решенија за забрана за работа за затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот. Од ДИТ информираа дека завчера се спроведени 145 инспекциски надзори од кои 129 вонредни и 15 контролни надзори кои резултирале со осум решенија со наредба за почитување на препораките и девет решенија за забрана за работа. Во тек на претходните топлотни бранови летово во тек на 1140 инспекциски надзори на ДИТ биле изрешени 95 решенија со наредба за почитување на препораките, како и 79 решенија за забрана за работа. Во сите случаи каде е изречена забрана за работа во наведениот временски интервал, како што информираат од Инспекторатот, работодавачите ја почитувале забраната за работа односно прекинале со работни активности. Со владините препораки за намалување на ризиците од високите температури беа ослободени од работни обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а работодавачите добија обврска да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Препорака имаше и за почитвање на законските прописи со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници.

The post Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран appeared first on Република.

]]>
Матични лекари се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/matichni-lekari-se-zhalat-na-kazni-za-prechekoruvana-na-izdadeni-lekovi/ Wed, 29 May 2024 12:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=782814

Појавата на казни кај наводни пречекорувања на издадени лекови, во услови на незголемен буџет за лекови за хронична терапија, при што некои од лекарите биле доведени во ситуација да мораат да враќаат пари, иако, како што велат, морале да препишат лекови, беше првата причина за денешната реакција на матични лекари пред Фондот за здравствено осигурување. Иако, како што беше нагласено, пари сѐ уште не им биле наплатени, им било ветено дека никој нема да биде казнет.

- Втор проблем е што сите извештаи од специјалистички прегледи и слично, се бараат од матичните лекари. Тоа е еден голем трошок за нас, а парите што ги добиваме не се зголемуваат, што ни претставува проблем во функционирањето. Според нашите анализи, за да опстанеме, потребни ни се многу повеќе пари. Има многу заминувања на здравствен кадар, тешко се наоѓаат медицински лица. Ние сме спремни за работа електронски, хартијата да ја исфрлиме. Лекарите совесно си ја вршат професијата, понекогаш и на сопствена штета, само и само секому да се даде лек. А има недостаток од лекови. Решенија во корист на здравството, многу споро се носат. Апелираме тоа да биде побрзо. Кога подолго време не наидовме, барем, на знаци дека нешто ќе се подобри, решивме да обрнеме внимание дека сме во лоша ситуација, рече доктор Љубомир Стефановски, матичен лекар и член на Управен одбор на здружението и потпретседател во Лекарска комора за примарна здравствена заштита.

Доктор Анкица Станоевска, специјалист по семејна медицина, рече дека, дури, ни катедрата по семејна медицина, за жал, досега, од Министерството, како специјализација по семејна медицина, воопшто не била ни признаена.

Се ветуваше дека ние како специјалисти по семејна медицина ќе имаме поголеми ингеренции во однос на нашите пациенти, во однос на давање лекови и издавање на дијагностички процедури. Меѓутоа, тоа сѐ уште не е сторено. Затоа, упорно матичните бараат средба со правните служби, за промена на правните регулативи, што доведуваат до вакви небулози, подвлече таа, нагласувајќи дека бараат исто така и промена на казнените политики со кои се соочуваат, а, како што истакна, работат во корист на пациентите.

Со вакви ограничувања во работењето, додаде таа, како да се задржат медицинските лица и особено младите матични доктори.

Филип Дракалски, како млад доктор по општа медицина, рече дека за него е предизвик да ја работи оваа професија.

Истовремено, сум ограничен при давањето на дополнителни упати за моите пациенти, за доиследување, рече тој, апелирајќи да се сврти вниманието кон нив младите доктори, кои можат да направат позитивни промени во општеството.

Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во однос на реакцијата на матичните лекари ја истакнуваат целта за рационално препишување на лекови која што е во сила повеќе од 10 години и поради која им се намалува дел од капитација, доколку некој од матичните лекари ја надмине таа цел.

Појаснуваат дека целта за рационално препишување на лекови е уредена со правилник каде што се дефинира обемот на лекови што може секој од матичните лекари да го препише сразмерно на бројот на пациенти кои ги има прикрепено и во него е дефиниран процентот на препишани рецепти за антибиотици, анксиолитици и останати лекови.

 Во моментов ФЗОРСМ прави пресметки и анализа за да види зошто е дојдено до оваа состојба и дали причините се објективни или субјективни и согласно добиените пресметки ќе постапи соодветно, како никој не би бил оштетен, децидни се од Фондот.

 

The post Матични лекари се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови appeared first on Република.

]]>

Појавата на казни кај наводни пречекорувања на издадени лекови, во услови на незголемен буџет за лекови за хронична терапија, при што некои од лекарите биле доведени во ситуација да мораат да враќаат пари, иако, како што велат, морале да препишат лекови, беше првата причина за денешната реакција на матични лекари пред Фондот за здравствено осигурување. Иако, како што беше нагласено, пари сѐ уште не им биле наплатени, им било ветено дека никој нема да биде казнет.
- Втор проблем е што сите извештаи од специјалистички прегледи и слично, се бараат од матичните лекари. Тоа е еден голем трошок за нас, а парите што ги добиваме не се зголемуваат, што ни претставува проблем во функционирањето. Според нашите анализи, за да опстанеме, потребни ни се многу повеќе пари. Има многу заминувања на здравствен кадар, тешко се наоѓаат медицински лица. Ние сме спремни за работа електронски, хартијата да ја исфрлиме. Лекарите совесно си ја вршат професијата, понекогаш и на сопствена штета, само и само секому да се даде лек. А има недостаток од лекови. Решенија во корист на здравството, многу споро се носат. Апелираме тоа да биде побрзо. Кога подолго време не наидовме, барем, на знаци дека нешто ќе се подобри, решивме да обрнеме внимание дека сме во лоша ситуација, рече доктор Љубомир Стефановски, матичен лекар и член на Управен одбор на здружението и потпретседател во Лекарска комора за примарна здравствена заштита.
Доктор Анкица Станоевска, специјалист по семејна медицина, рече дека, дури, ни катедрата по семејна медицина, за жал, досега, од Министерството, како специјализација по семејна медицина, воопшто не била ни признаена.
Се ветуваше дека ние како специјалисти по семејна медицина ќе имаме поголеми ингеренции во однос на нашите пациенти, во однос на давање лекови и издавање на дијагностички процедури. Меѓутоа, тоа сѐ уште не е сторено. Затоа, упорно матичните бараат средба со правните служби, за промена на правните регулативи, што доведуваат до вакви небулози, подвлече таа, нагласувајќи дека бараат исто така и промена на казнените политики со кои се соочуваат, а, како што истакна, работат во корист на пациентите.
Со вакви ограничувања во работењето, додаде таа, како да се задржат медицинските лица и особено младите матични доктори. Филип Дракалски, како млад доктор по општа медицина, рече дека за него е предизвик да ја работи оваа професија.
Истовремено, сум ограничен при давањето на дополнителни упати за моите пациенти, за доиследување, рече тој, апелирајќи да се сврти вниманието кон нив младите доктори, кои можат да направат позитивни промени во општеството.
Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во однос на реакцијата на матичните лекари ја истакнуваат целта за рационално препишување на лекови која што е во сила повеќе од 10 години и поради која им се намалува дел од капитација, доколку некој од матичните лекари ја надмине таа цел. Појаснуваат дека целта за рационално препишување на лекови е уредена со правилник каде што се дефинира обемот на лекови што може секој од матичните лекари да го препише сразмерно на бројот на пациенти кои ги има прикрепено и во него е дефиниран процентот на препишани рецепти за антибиотици, анксиолитици и останати лекови.
 Во моментов ФЗОРСМ прави пресметки и анализа за да види зошто е дојдено до оваа состојба и дали причините се објективни или субјективни и согласно добиените пресметки ќе постапи соодветно, како никој не би бил оштетен, децидни се од Фондот.
 

The post Матични лекари се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Управниот суд поништи три незаконски одлуки на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-upravniot-sud-ponishti-tri-nezakonski-odluki-na-vladata/ Fri, 22 Mar 2024 08:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=757248

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека Управнот суд донел пресуди со кои се поништуваат владините одлуки.

Како што појаснува тој, станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР донесени од моја страна, а кои беа незаконски поништени од страна на Владата.

-Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган при донесување на оспорените одлуки сторил повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик на министерот во врска со тоа дали предметните акти кои се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите, Владата се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија која е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до Министерството. Според наоѓање на судот, ДИК е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР.

Со вака донесените пресуди Управниот суд потврдува дека предметните акти донесени од моја страна се во согласност со Законот за Влада и другите закони и подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја, а во исто време Владата постапила спротивно на законот односно погрешно го применила материјалното право.
Исто така, овие пресуди се доказ дека ваквите одлуки на Владата имаат исклучиво политичка позадина и истите оставаат црна дамка во целокупното спроведување на демократски, фер и слободни избори, истакнува Тошковски.

The post Тошковски: Управниот суд поништи три незаконски одлуки на Владата appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека Управнот суд донел пресуди со кои се поништуваат владините одлуки. Како што појаснува тој, станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР донесени од моја страна, а кои беа незаконски поништени од страна на Владата. -Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган при донесување на оспорените одлуки сторил повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик на министерот во врска со тоа дали предметните акти кои се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите, Владата се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија која е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до Министерството. Според наоѓање на судот, ДИК е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР. Со вака донесените пресуди Управниот суд потврдува дека предметните акти донесени од моја страна се во согласност со Законот за Влада и другите закони и подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја, а во исто време Владата постапила спротивно на законот односно погрешно го применила материјалното право. Исто така, овие пресуди се доказ дека ваквите одлуки на Владата имаат исклучиво политичка позадина и истите оставаат црна дамка во целокупното спроведување на демократски, фер и слободни избори, истакнува Тошковски.

The post Тошковски: Управниот суд поништи три незаконски одлуки на Владата appeared first on Република.

]]>
Решени 1.200 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/resheni-1-200-baranja-od-gragjani-preku-adresata-24-skopje-gov-mk/ Tue, 01 Mar 2022 09:38:41 +0000 https://republika.mk/?p=465716

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1392 барања, од кои решени се дури 1.200.Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на урбанизмот, односно барања  да  се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, и да се осветлат некои делови од градот. Пријави за диви депонии,  проблеми со улични кучиња и барања за излегување на терен на градските инспектори, како и од областа на комуналниот сектор за  кастрење  суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување  на јавни зелени површини. Дел од барањата  на граѓаните се  однесуваат на сообраќајната сигнализација, возниот ред на автобусите,  како и за доделувањето на субвенции за инвертери, велосипеди и за електрични тротинети. На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

The post Решени 1.200 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk appeared first on Република.

]]>

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1392 барања, од кои решени се дури 1.200.Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на урбанизмот, односно барања  да  се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, и да се осветлат некои делови од градот. Пријави за диви депонии,  проблеми со улични кучиња и барања за излегување на терен на градските инспектори, како и од областа на комуналниот сектор за  кастрење  суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување  на јавни зелени површини. Дел од барањата  на граѓаните се  однесуваат на сообраќајната сигнализација, возниот ред на автобусите,  како и за доделувањето на субвенции за инвертери, велосипеди и за електрични тротинети. На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа. Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

The post Решени 1.200 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk appeared first on Република.

]]>
Од денеска Ковид-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк и со максимална заштита на приватноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-kovid-19-reshenijata-za-izolacija-vo-elektronska-forma-preku-vakcinacija-mk-i-so-maksimalna-zashtita-na-privatnosta/ Tue, 08 Feb 2022 10:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=455581

Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.

Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/) кој ве носи до порталот Вакцинација.мк или директно на https://vakcinacija.mk/mk/landing.

Постапката е едноставна. Граѓаните кои до сега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на Порталот со креирање профил преку кој се овозможува генерирање на решението за изолација кое е дигитално потпишано од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Сите лица кои до сега имаат свој профил на vakcinacija.mk, ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за КОВИД-19 вакцинација или за прележан КОВИД-19.

Потсетуваме дека секое лице кое се тестира за КОВИД-19 потребно е веднаш по спроведеното тестирање да биде во самоизолација, сè до добивање на резултат од истото. Доколку резултатот е позитивен, останува во изолација уште седум, односно најмалку десет денови во зависност од тоа дали развил симптоми на болеста.

The post Од денеска Ковид-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк и со максимална заштита на приватноста appeared first on Република.

]]>

Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација. Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/) кој ве носи до порталот Вакцинација.мк или директно на https://vakcinacija.mk/mk/landing. Постапката е едноставна. Граѓаните кои до сега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на Порталот со креирање профил преку кој се овозможува генерирање на решението за изолација кое е дигитално потпишано од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сите лица кои до сега имаат свој профил на vakcinacija.mk, ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за КОВИД-19 вакцинација или за прележан КОВИД-19. Потсетуваме дека секое лице кое се тестира за КОВИД-19 потребно е веднаш по спроведеното тестирање да биде во самоизолација, сè до добивање на резултат од истото. Доколку резултатот е позитивен, останува во изолација уште седум, односно најмалку десет денови во зависност од тоа дали развил симптоми на болеста.

The post Од денеска Ковид-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк и со максимална заштита на приватноста appeared first on Република.

]]>
Решенијата за изолација отсега на страницата на ДСЗИ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/reshenijata-za-izolacija-otsega-na-stranicata-na-dszi/ Wed, 02 Feb 2022 08:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=452784

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. Од вчера новата Комисијата за заразни болести е со нов и проширен состав, но сепак со истиот став, апелираше на масовна вакцинација за побрзо завршување на пандемијата.

Во однос на новата одлука, решенијата за изолација да се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ, ќе се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на КОВИД-19 .

За овој начин на доставување на решенијата граѓаните ќе бидат претходно известени преку телефонскиот број оставен во установата каде било извршено тестирањето, а ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните, информираа вчера од Влада.

 

The post Решенијата за изолација отсега на страницата на ДСЗИ appeared first on Република.

]]>

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. Од вчера новата Комисијата за заразни болести е со нов и проширен состав, но сепак со истиот став, апелираше на масовна вакцинација за побрзо завршување на пандемијата. Во однос на новата одлука, решенијата за изолација да се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ, ќе се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на КОВИД-19 .
За овој начин на доставување на решенијата граѓаните ќе бидат претходно известени преку телефонскиот број оставен во установата каде било извршено тестирањето, а ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните, информираа вчера од Влада.
 

The post Решенијата за изолација отсега на страницата на ДСЗИ appeared first on Република.

]]>