Ресен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/resen/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 09:22:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ресен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/resen/ 32 32 Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zemjotres-so-jachina-od-2-9-stepeni-registriran-vo-okolinata-na-resen/ Sat, 09 Nov 2024 09:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=835786

Земјотрес со јачина од 2,9 степени во околината на Ресен регистрирал Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од Ресен и на длабочина од околу 12 километри.

Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во земјава во 05:56 часот по локално време, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

The post Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 2,9 степени во околината на Ресен регистрирал Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од Ресен и на длабочина од околу 12 километри.
Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во земјава во 05:56 часот по локално време, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

The post Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен appeared first on Република.

]]>
Во Ресенско пронајдена нексплодирана бомба од Првата светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-resensko-pronajdena-neksplodirana-bomba-od-prvata-svetska-vojna/ Tue, 18 Jun 2024 10:18:15 +0000 https://republika.mk/?p=788702

На 17.06.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Ресен, П.П.(34) од Ресен пријавил дека во атар на с.Златари, ресенско, била пронајдена експлозивна направа.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана граната калибар 62мм од Првата светска војна.

Извршен бил увид.

The post Во Ресенско пронајдена нексплодирана бомба од Првата светска војна appeared first on Република.

]]>

На 17.06.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Ресен, П.П.(34) од Ресен пријавил дека во атар на с.Златари, ресенско, била пронајдена експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана граната калибар 62мм од Првата светска војна. Извршен бил увид.

The post Во Ресенско пронајдена нексплодирана бомба од Првата светска војна appeared first on Република.

]]>
Ретроспективна изложба на дела од Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски ликовни уметници во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozhba-na-dela-od-vladimir-georgievski-eden-od-najznachajnite-makedonski-likovni-umetnitsi-vo-domot-na-kultura-dragi-tozija-vo-resen/ Mon, 19 Feb 2024 15:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=745787

Понеделник, 19.02.2024  во 13.00 часот, во Домот на култура "Драги Тозија", ќе биде отворена ретроспективна изложба на ликовни дела на еден од најзначајните македонски ликовни уметници Владимир Георгиевски

Владимир Георгиевски (1942–2017) е еден од најзначајните македонски уметници. Зад себе остави скапоцена ризница од уметничко богатство. Во неговите дела болска златна нишка што ги поврзува и води кон скриеното духовно благо закопано длабоко под површината на неговите слики.

Наспроти современите насоки на движење на ликовната уметност, спроти времето и актуелноста, Георгиевски ја започнува својата творечка авантура движејќи се во спротивна насока од своите современици – одејќи назад, до затрупаните извори на уметноста, таму каде што сè почнува, враќајќи се кон загубените вредности на сликарството и на сликата, кон класичната формула и мајсторската форма.

Овој „блуден син“ на современата македонска уметност тргна на неизвесно патување, осамен меѓу своите современици, барајќи ја вистината. Тоа беше пат на кој тој тргна и во потрага по сопствениот, личен творечки знак и сопственото себесознавање, низ привидот што го опкружува. Неговите творечки занеси го водеа на долги и неизвесни патувања по пустите предели на стварноста низ долините каде што врие, се прелева и се пресоздава животот до највисоките врвови каде што воздухот е студен и проѕирен како кристал, а видикот широк и јасно може да се види светот.

Творештвото на Владимир Георгиевски се опира на сите обиди да се класифицира и систематизира. Пропаѓа секој обид да се подреди во хронолошки ред поради идејата на сликарот за безвременоста на делата. Најголем дел од делата се недатирани, еден ист мотив е работен повеќе пати во различни временски периоди и во разновидни сликарски техники, сликите се преработувани и доработувани во обид да се пронајде најдобриот од сите можни модели... Неговото творештво е како животот – буи, блика, расте и се разгранува во својот природен развиток, не водејќи грижа за правилата и ограничувањата што ги наметнува современото општество, ниту пак води сметка за модните трендови и вкусот на неговите современици.

Во сликарството тој почнува од неговите онтолошки основи. Тој е во потрага по загубената духовност во свет кој одамна им се препуштил на површните задоволства и робувањето на телото и на телесноста. Наспроти модните стилови, трендови, наспроти лажниот мистицизам, комерцијализацијата, идолатрија и фетишизам на уметничкото дело; наспроти предрасудите, наметнатите безначајни теми, тривијалноста на уметноста, позерството, манипулациите со публика, наспроти уметноста разбрана како фриволна игра или забава за народот, уметноста како дневна политика, уметноста со тенденција, уметноста во функција на идеологијата, како оправдување на постојниот општествен дискурс, како пропаганда, како одраз на една замислена стварност, како проекција на таа стварност, како панаѓурска измама или како илузионистичка претстава – тој се враќа кон уметноста која е во функција на откривањето на вистината.

Владимир Георгиевски, уште на самиот почеток, го става човекот и неговата драма на постоење во центарот на својот сликарски свет. Тој создава дело за човекот од човекот.

Тој е сликар на современата стварност дури и кога е тешко препознатлива поради историската травестија. Симболизмот во неговото творештво, алегоријата, нарацијата и иронијата со која ги слика нештата не се противставени на основниот сликарски порив да ја направи видлива вистината за светот денес. Тие се само средства.

Протагонистите на неговите слики парадираат во историски костуми како во театар. Понекогаш тоа се современи ликови и сцени од секојдневниот живот претставени во историски костими и вкалапени во познати калапи од религиското сликарство или од книжевноста.

Во најдобрата традиција на светското сликарство, со мајсторство на кое нема што да му се забележи, Владимир Георгиевски се обиде да му го врати на сликарството загубеното достоинство и одново да го доближи до философијата разбрана изворно како љубов кон мудроста. А каква е таа мудрост што не е втемелена во вистината? Во својот сликарски манифест (2011) тој ќе напише: „Овој свет со својата вистинитост не е Космосот на бојата и астрономијата на цртежот! Не, тие Космички пространства на моите сликарски сновиденија се над светските нужности, над вистинитоста што може да ја видиме и да ја опипаме! Мојот вистински пат е пат на духовно слободно чувствување на светот и Човекот во него!“

Емил Алексиев

The post Ретроспективна изложба на дела од Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски ликовни уметници во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен appeared first on Република.

Монструм од Ресен го силувал 6-годишното комшиче, искористил момент кога девојчето си играло со неговата внука https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/monstrum-od-resen-go-siluval-6-godishnoto-komshiche-iskoristil-moment-koga-devojcheto-si-igralo-so-negovata-vnuka/ Mon, 05 Jun 2023 14:27:22 +0000 https://republika.mk/?p=648099

Основното јавно обвинителство - Битола донесе „наредба“ за спроведување истражна постапка против жител на Ресен, против кого е поднесена пријава за кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“, согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека пријавениот на 2 јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со кое бил сосед. Тој притоа искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот заедно си играле, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и врз оштетеното дете или да го повтори делото. Судијата го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

The post Монструм од Ресен го силувал 6-годишното комшиче, искористил момент кога девојчето си играло со неговата внука appeared first on Република.

Разговарале за идни заеднички проекти: Градоначалникот на Ресен во посета на Мала Преспа, за поддршка на Панди Јани за градоначалник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razgovarale-za-idni-zaednichki-proekti-gradonachalnikot-na-resen-vo-poseta-na-mala-prespa-za-poddrshka-na-pandi-jani-za-gradonachalnik/ Sat, 06 May 2023 18:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=637780

Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, беше во посета на Мала Преспа, каде што се сретнал со кандидатот за градоначалник на Пустец, Панди Јани.

Денеска ја имавме честа, Мала Преспа да ја посети мојот драг пријател и градоначалник на Ресен Јован Тозиевски. Направивме мала прошетка низ неколку села, при што заеднички констатиравме дека Мала Преспа има голем потенцијал, исто како ресенската, но потребен е труд и многу работа, објави на фејсбук, Панди Јани, кандидат за градоначалник на Пустец.

Тој изразува голема благодарност за искажаната поддршка од страна на Тозиевски и ветува дека со заеднички добро изработени проекти, Мала Преспа ќе ја издигне на местото кое го заслужува.

Почитувани браќа и сестри Македонци, меѓу другото сакам да ви го честитам христијанскиот празник Св.Ѓорѓи- Ѓурѓовден, нека дава здравје, среќа и бериќет. Промените доаѓаат, Мала Преспа заслужува подобро. Гласајте за победничкиот број, бројот 1. Да сте живи и здрави, стои во објавата.

Тозиевски заедно со домаќините го посетил и музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, пред чие спомен обележје оддал почит, како и црквата „Свети Архангел и Михаил“ во Пустец.

The post Разговарале за идни заеднички проекти: Градоначалникот на Ресен во посета на Мала Преспа, за поддршка на Панди Јани за градоначалник appeared first on Република.

Тозиевски: Ресен го наследив со блокирана сметка, централната власт активно работи против Ресен и заштитата на Преспанското езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tozievski-resen-go-naslediv-so-blokirana-smetka-centralnata-vlast-aktivno-raboti-protiv-resen-i-zashtitata-na-prespanskoto-ezero/ Sun, 27 Nov 2022 13:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=578694

И покрај наследената блокирана општинска сметка, со сопствени средства и добро менаџирање на општинскиот буџет, успеавме да реализираме голем број на проекти за нашите жители, изјави градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски на регионалната средба на градоначалниците од Пелагонискиот регион.

– Во состојба со блокирана сметка и со пониски приходи во однос на некои други општини, успеавме да се справиме со кризната година со добро менаџирање на буџетските средства. Минатава година успеавме со наши општински средства да реализираме многу проекти. Асфалтираме 21 улица, за кои издвоивме 20 милиони денари средства од нашиот буџет, успеавме да реновираме дел од градинката, ги зголемивме социјалните трансфери за прво родено дете, за првпат во историјата на Општина Ресен финансиски ги помогнавме и првачињата – кажа градоначалникот Тозиевски.

Тој се осврна на користењето на европските фондови од страна на општината, пред се во делот на прекуграничната соработка, каде годинава се реализирани два големи проекти во вредност од по 8,5 милиони денари, со кои се предвидени поставување на фотоволтаична централа на општинската зграда, како и набавка на две електрични возила, од кое едно ќе биде пуштено во употреба за реализација на училишниот превоз.

– Општина Ресен работи и на огромен европски проект „ЕУ за Преспа“ кој е во вредност од 23 милиони евра, каде најголема задача за нас е обезбедување на планската документација. Со овој проект се предвидени 7 нови пречестителни станици и влегување на сите села во крајбрежјето на Преспанското езеро во канализационен систем, управување со цврстиот отпад, нови водоводни линии и други проекти поврзани со спас за езерото – додаде Тозиевски.

Тој на регионалната средба ја потенцираше несоработката со централната власт оваа измината година, како и непринципиелните методи со кои тие, само за пресметка која е од политичка природа, го загрозуваат развојот на регионот и го загрозуваат самото Преспанско езеро.

– Веќе по трет пат се соочуваме со непринципиелен обид да ни ги одземат средствата од наменската сметка, кои се во износ од околу 84 милиони денари доделени од централниот буџет а се наменети за спас на Преспанското езеро. Веќе трети пат државата се обидува да ни ги повлече средствата, покрај тоа што истата сума ја има во Општина Дојран, сакаат за пречистителната станица во оваа општина да ги одземат и дадат средствата и од нашата општина. Тука јасно се гледа дека е политичка игра во прашање и жалам што некој гледаат политика во Преспанското езеро, кое е многу постаро од политичарите и политиката – изјави тој.

Од аспект за справувањето со последиците со енергетската криза, градоначалникот на Ресен изјави дека работат на заштеда на електрична енергија, а на објектот на општинската зграда се монтирани фотоволтаична централа, а се работи на изработка на проектни документации за поставување и на детската градинка и останатите училишта и објекти кои се во надлежност на локалната самоуправа. Од аспект на сметките за уличното осветлување, Општина Ресен е обврзана преку јавно приватно партнерство, но проблем се високите сметки за препумпните пумпи за водоснабдување, кои се зголемени неколкукратно а државата нема никаков слух на барањата и апелите на општините.

The post Тозиевски: Ресен го наследив со блокирана сметка, централната власт активно работи против Ресен и заштитата на Преспанското езеро appeared first on Република.

]]>

И покрај наследената блокирана општинска сметка, со сопствени средства и добро менаџирање на општинскиот буџет, успеавме да реализираме голем број на проекти за нашите жители, изјави градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски на регионалната средба на градоначалниците од Пелагонискиот регион. – Во состојба со блокирана сметка и со пониски приходи во однос на некои други општини, успеавме да се справиме со кризната година со добро менаџирање на буџетските средства. Минатава година успеавме со наши општински средства да реализираме многу проекти. Асфалтираме 21 улица, за кои издвоивме 20 милиони денари средства од нашиот буџет, успеавме да реновираме дел од градинката, ги зголемивме социјалните трансфери за прво родено дете, за првпат во историјата на Општина Ресен финансиски ги помогнавме и првачињата – кажа градоначалникот Тозиевски. Тој се осврна на користењето на европските фондови од страна на општината, пред се во делот на прекуграничната соработка, каде годинава се реализирани два големи проекти во вредност од по 8,5 милиони денари, со кои се предвидени поставување на фотоволтаична централа на општинската зграда, како и набавка на две електрични возила, од кое едно ќе биде пуштено во употреба за реализација на училишниот превоз.
– Општина Ресен работи и на огромен европски проект „ЕУ за Преспа“ кој е во вредност од 23 милиони евра, каде најголема задача за нас е обезбедување на планската документација. Со овој проект се предвидени 7 нови пречестителни станици и влегување на сите села во крајбрежјето на Преспанското езеро во канализационен систем, управување со цврстиот отпад, нови водоводни линии и други проекти поврзани со спас за езерото – додаде Тозиевски.
Тој на регионалната средба ја потенцираше несоработката со централната власт оваа измината година, како и непринципиелните методи со кои тие, само за пресметка која е од политичка природа, го загрозуваат развојот на регионот и го загрозуваат самото Преспанско езеро.
– Веќе по трет пат се соочуваме со непринципиелен обид да ни ги одземат средствата од наменската сметка, кои се во износ од околу 84 милиони денари доделени од централниот буџет а се наменети за спас на Преспанското езеро. Веќе трети пат државата се обидува да ни ги повлече средствата, покрај тоа што истата сума ја има во Општина Дојран, сакаат за пречистителната станица во оваа општина да ги одземат и дадат средствата и од нашата општина. Тука јасно се гледа дека е политичка игра во прашање и жалам што некој гледаат политика во Преспанското езеро, кое е многу постаро од политичарите и политиката – изјави тој.
Од аспект за справувањето со последиците со енергетската криза, градоначалникот на Ресен изјави дека работат на заштеда на електрична енергија, а на објектот на општинската зграда се монтирани фотоволтаична централа, а се работи на изработка на проектни документации за поставување и на детската градинка и останатите училишта и објекти кои се во надлежност на локалната самоуправа. Од аспект на сметките за уличното осветлување, Општина Ресен е обврзана преку јавно приватно партнерство, но проблем се високите сметки за препумпните пумпи за водоснабдување, кои се зголемени неколкукратно а државата нема никаков слух на барањата и апелите на општините.  

The post Тозиевски: Ресен го наследив со блокирана сметка, централната власт активно работи против Ресен и заштитата на Преспанското езеро appeared first on Република.

]]>
Хрват и битолчанец направија сообраќајка на патот Ресен-Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/hrvat-i-bitolchanec-napravija-soobrakjajka-na-patot-resen-bitola/ Sat, 22 Oct 2022 11:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=564278

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Ресен-Битола, после местото викано „Чешмите“.

Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „рено талисман“ со хрватска национална ознака, управувано од М.И.(39) од Република Хрватска и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(34) од Битола.

Во несреќата Х.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

The post Хрват и битолчанец направија сообраќајка на патот Ресен-Битола appeared first on Република.

]]>

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Ресен-Битола, после местото викано „Чешмите“. Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „рено талисман“ со хрватска национална ознака, управувано од М.И.(39) од Република Хрватска и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(34) од Битола. Во несреќата Х.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

The post Хрват и битолчанец направија сообраќајка на патот Ресен-Битола appeared first on Република.

]]>
Како да се возиш на пруга: Патот Прилеп-Битола еден од најлошите, во конкуренција му е само Кичево-Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kako-da-se-vozish-na-pruga-patot-prilep-bitola-eden-od-najloshite-vo-konkurencija-mu-e-samo-kichevo-ohrid/ Wed, 20 Jul 2022 06:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=530762

Иако возачите при секоја регистрација на автомобилите плаќаат за одржување  на патните правци а згора на тоа ги имаме и најскапите патарини, патиштата во Македонија се едни од најлошите.

Убедливо на прво место е патот кој од Прилеп води кон Битола. Тоа и не може да се нарече пат туку селски друм. Сите што минале оттаму велат дека ако имате камен во бубрегот може слободно да го истресете додека патувате. Целиот правец е со нерамнини и имате чуство дека се возите по пруга а не по асфалт.

Овој пат е во  конкуренција со оној од Кичево до Охрид на кој треба да има поставено знак „опасен по живот“.

Сосема друга е сликата на патниот правец од Битола преку Ресен до Охрид. Патот е во одлична состојба иако не е автопат туку магистрала. Овој правец беше последен пат реконструиран за време на минатата власт и единствен нормален кој води до најголемиот туристички центар.

The post Како да се возиш на пруга: Патот Прилеп-Битола еден од најлошите, во конкуренција му е само Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>

Иако возачите при секоја регистрација на автомобилите плаќаат за одржување  на патните правци а згора на тоа ги имаме и најскапите патарини, патиштата во Македонија се едни од најлошите. Убедливо на прво место е патот кој од Прилеп води кон Битола. Тоа и не може да се нарече пат туку селски друм. Сите што минале оттаму велат дека ако имате камен во бубрегот може слободно да го истресете додека патувате. Целиот правец е со нерамнини и имате чуство дека се возите по пруга а не по асфалт. Овој пат е во  конкуренција со оној од Кичево до Охрид на кој треба да има поставено знак „опасен по живот“. Сосема друга е сликата на патниот правец од Битола преку Ресен до Охрид. Патот е во одлична состојба иако не е автопат туку магистрала. Овој правец беше последен пат реконструиран за време на минатата власт и единствен нормален кој води до најголемиот туристички центар.  

The post Како да се возиш на пруга: Патот Прилеп-Битола еден од најлошите, во конкуренција му е само Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>
Запрен со пукање во гумите: Кривична за ресенчанецот кој се обиде да прегази полицаец и комунален инспектор во Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zapren-so-pukanje-vo-gumite-krivichna-za-resenchanecot-koj-se-obide-da-pregazi-policaec-i-komunalen-inspektor-vo-prilep/ Sun, 26 Jun 2022 12:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=519854

Прилепската полиција до Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против 53-годишниот ресенчанец со иницијали Н.К. поради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста по чл. 143 ст 3 од КЗ и две кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по чл. 383 од КЗ.

Имено, вчера на 25 јуни осомничениот е уапсен зашто претходно со неговото возило комбе „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства во центарот на Прилеп околу пладне.

За да го запре, полицаецот пукаше во гумите од возилото. Целата ситуација беше шок за граѓаните кои во тоа време се најдоа пред градскиот пазар.

Н.К. е приведен во прилепската полиција, изведен е пред судија на предходна постапка при што му е одреден притвор во траење од осум дена во КПУ Затвор Битола.

The post Запрен со пукање во гумите: Кривична за ресенчанецот кој се обиде да прегази полицаец и комунален инспектор во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Прилепската полиција до Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против 53-годишниот ресенчанец со иницијали Н.К. поради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста по чл. 143 ст 3 од КЗ и две кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по чл. 383 од КЗ. Имено, вчера на 25 јуни осомничениот е уапсен зашто претходно со неговото возило комбе „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства во центарот на Прилеп околу пладне. За да го запре, полицаецот пукаше во гумите од возилото. Целата ситуација беше шок за граѓаните кои во тоа време се најдоа пред градскиот пазар. Н.К. е приведен во прилепската полиција, изведен е пред судија на предходна постапка при што му е одреден притвор во траење од осум дена во КПУ Затвор Битола.

The post Запрен со пукање во гумите: Кривична за ресенчанецот кој се обиде да прегази полицаец и комунален инспектор во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Крани, Мите Богоевски, Асамати…, се дел од нашата убава младост, не уништувајте ја оваа вековна убавина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-krani-mite-bogoevski-asamati-se-del-od-nashata-ubava-mladost-ne-unishtuvajte-ja-ovaa-vekovna-ubavina/ Wed, 18 May 2022 15:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=503950

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска истакна дека продолжуваат со активностите низ Македонија, денеска во Ресен.

-Јас ја користам оваа прилика да ги охрабрам и да им честитам што и покрај предизвикот со кој се соочија на почетокот од нивниот мандат, со големи долгови, блокирани сметки, сепак успеваат дел од проектите кои што ги ветија за време на кампањата да ги реализираат, и претпоставувам дека после оваа наша денешна посета овде во Ресен, СДСМ ќе излезат со некое си соопштение во кое што мене ќе ме обвинат дека промовирам проекти на СДСМ.

Ја користам оваа прилика и на СДСМ, и на тие кои што ги пишуваат неколку реда соопштенија во канцелариите на СДСМ и владата, да им порачам дека проектите не се ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, проектите се на народот. А тоа што СДСМ не успеа да ги реализира тие проекти, тоа што ВМРО-ДПМНЕ успева да ги реализира тие проекти, доволно говори за какви политичари од СДСМ станува збор и колку тие си го почитуваат, сакаат народот и државата.

Да заклучам, ова не се проекти ниту на СДСМ, и ако тие се внуци и синови и ќерки на транзиционите поранешни комунистички функционери, па се навикнати се да си присвојуваат, затоа јас велам не се ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку се проекти на народот, проекти кои што ги реализира ВМРО-ДПМНЕ и така ќе продолжи да ги реализира проектите кои што се важни за народот, и кои што треба да му овозможат на народот подобар комфор и подобри услови за живеење.

Истовремено ја користам оваа прилика да упатам една порака до министерот за животна средина, до министерот за финансии, кои што доаѓаат од партијата која што на моменти кога ќе ги напушти националистичките позиции, позициите на делење, промовира и зелени проекти, односно зелена агенда, да не ги кратат наменските средства кои што се наменети за спас на Преспанското Езеро, туку напротив да ги стимулираат, бидејќи Ресен е мултиетнички град.

Овде има мнозинство Македонци, но живеат и Албанци, Турци и останати и треба сите заедно да се бориме и да го спасиме Ресен. А бидејќи тие доаѓаат од партијата која што не така одамна промовираше зелена агенда еве им шанса, еве им можност да се покажат и докажат дека на моменти кога тоа е потребно од лични интереси нема да го злоупотребуваат, туку навистина ќе помогнат да се зачува овој бисер, ова Преспанско езеро и наместо да ги скратат тие средства кои што во моментот се на наменската сметка да ги дуплираат, а зошто да не и триплираат. И сите заедно, владата и градот да поработат на спас на Преспанското езеро, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Крани, Мите Богоевски, Асамати…, се дел од нашата убава младост, не уништувајте ја оваа вековна убавина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска истакна дека продолжуваат со активностите низ Македонија, денеска во Ресен.
-Јас ја користам оваа прилика да ги охрабрам и да им честитам што и покрај предизвикот со кој се соочија на почетокот од нивниот мандат, со големи долгови, блокирани сметки, сепак успеваат дел од проектите кои што ги ветија за време на кампањата да ги реализираат, и претпоставувам дека после оваа наша денешна посета овде во Ресен, СДСМ ќе излезат со некое си соопштение во кое што мене ќе ме обвинат дека промовирам проекти на СДСМ. Ја користам оваа прилика и на СДСМ, и на тие кои што ги пишуваат неколку реда соопштенија во канцелариите на СДСМ и владата, да им порачам дека проектите не се ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, проектите се на народот. А тоа што СДСМ не успеа да ги реализира тие проекти, тоа што ВМРО-ДПМНЕ успева да ги реализира тие проекти, доволно говори за какви политичари од СДСМ станува збор и колку тие си го почитуваат, сакаат народот и државата. Да заклучам, ова не се проекти ниту на СДСМ, и ако тие се внуци и синови и ќерки на транзиционите поранешни комунистички функционери, па се навикнати се да си присвојуваат, затоа јас велам не се ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку се проекти на народот, проекти кои што ги реализира ВМРО-ДПМНЕ и така ќе продолжи да ги реализира проектите кои што се важни за народот, и кои што треба да му овозможат на народот подобар комфор и подобри услови за живеење. Истовремено ја користам оваа прилика да упатам една порака до министерот за животна средина, до министерот за финансии, кои што доаѓаат од партијата која што на моменти кога ќе ги напушти националистичките позиции, позициите на делење, промовира и зелени проекти, односно зелена агенда, да не ги кратат наменските средства кои што се наменети за спас на Преспанското Езеро, туку напротив да ги стимулираат, бидејќи Ресен е мултиетнички град. Овде има мнозинство Македонци, но живеат и Албанци, Турци и останати и треба сите заедно да се бориме и да го спасиме Ресен. А бидејќи тие доаѓаат од партијата која што не така одамна промовираше зелена агенда еве им шанса, еве им можност да се покажат и докажат дека на моменти кога тоа е потребно од лични интереси нема да го злоупотребуваат, туку навистина ќе помогнат да се зачува овој бисер, ова Преспанско езеро и наместо да ги скратат тие средства кои што во моментот се на наменската сметка да ги дуплираат, а зошто да не и триплираат. И сите заедно, владата и градот да поработат на спас на Преспанското езеро, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Крани, Мите Богоевски, Асамати…, се дел од нашата убава младост, не уништувајте ја оваа вековна убавина appeared first on Република.

]]>
Во тек се големи акции на полицијата, запленети се големи количини дрога во Струмица и Ресен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tek-se-golemi-akcii-na-policijata-zapleneti-se-golemi-kolichini-droga-vo-strumica-i-resen/ Tue, 08 Feb 2022 19:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=455879

Големи акции на полицијата за заплена на дрога се во тек вечерва во Струмица и Ресен. Ова вечерва го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Деневникот на Македонската телевизија.

По завршување на акциите се очекуваат детални информации од МВР за запленетите количини дрога.

Се работи за два посебни случаја на голема заплена на марихуана.

The post Во тек се големи акции на полицијата, запленети се големи количини дрога во Струмица и Ресен appeared first on Република.

]]>

Големи акции на полицијата за заплена на дрога се во тек вечерва во Струмица и Ресен. Ова вечерва го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Деневникот на Македонската телевизија. По завршување на акциите се очекуваат детални информации од МВР за запленетите количини дрога. Се работи за два посебни случаја на голема заплена на марихуана.

The post Во тек се големи акции на полицијата, запленети се големи количини дрога во Струмица и Ресен appeared first on Република.

]]>