РЕС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/res/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 09:50:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png РЕС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/res/ 32 32 Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе македонската РЕС за трговија со струја на Анѓушев https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bugarskata-ker-toki-pauer-ke-ja-prezeme-makedonskata-res-za-trgovija-so-struja-na-angushev/ Fri, 12 Jan 2024 09:50:20 +0000 https://republika.mk/?p=732285

Бугарската компанија „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со електрична енергија РЕС која беше во сопственост на македонскиот бизнисмен Кочо Анѓушев, извести Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК).
КЗК прелиминарно смета дека ова може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но нејзината конечна одлука е резервирана.

Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата, на јануари 2024 година до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација со која КЕР ТОКИ ПАУЕР АД, со седиште и адреса во град Софија, ќе стекне контрола над РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО Скопје. Врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.

Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, објави Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Кер Токи Пауер“ од Софија и сега беше еден од партнерите во РЕС заедно со компанијата Централ-инвест која е во сопственост на Анѓушев. Тој ја основаше оваа компанија кога се повлече од политиката.

Основачи на РЕС се компаниите Централ Инвест од Република Македонија (семејната компанија на Анѓушев – н.з.) и Токи од Република Бугарија, кои се лидери во производството на електрична енергија од обновливи извори на македонскиот и бугарскиот пазар, стои на веб страницата на РЕС.

The post Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе македонската РЕС за трговија со струја на Анѓушев appeared first on Република.

]]>

Бугарската компанија „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со електрична енергија РЕС која беше во сопственост на македонскиот бизнисмен Кочо Анѓушев, извести Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК). КЗК прелиминарно смета дека ова може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но нејзината конечна одлука е резервирана.
Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата, на јануари 2024 година до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација со која КЕР ТОКИ ПАУЕР АД, со седиште и адреса во град Софија, ќе стекне контрола над РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО Скопје. Врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.
Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, објави Комисијата за заштита на конкуренцијата. „Кер Токи Пауер“ од Софија и сега беше еден од партнерите во РЕС заедно со компанијата Централ-инвест која е во сопственост на Анѓушев. Тој ја основаше оваа компанија кога се повлече од политиката.
Основачи на РЕС се компаниите Централ Инвест од Република Македонија (семејната компанија на Анѓушев – н.з.) и Токи од Република Бугарија, кои се лидери во производството на електрична енергија од обновливи извори на македонскиот и бугарскиот пазар, стои на веб страницата на РЕС.

The post Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе македонската РЕС за трговија со струја на Анѓушев appeared first on Република.

]]>
РЕС ќе снабдува државни и локални институции со поевтина струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/res-ke-snabduva-drzhavni-i-lokalni-institutsii-so-poevtina-struja/ Mon, 27 Mar 2023 06:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=624013

Фирмата за трговијата со електрична енергија РЕС (Renewable Energy Supply) во следниот период ќе го прошири своето работење со дел од државните и локалните институции, каде ќе даде поволни понуди за снабдување со електрична енергија.

РЕС досега снабдуваше исклучиво компании од приватниот сектор, но со оглед на тешката ситуација во која се најдоа институциите поради високите сметки за електрична енергија,  дел од нив упатија повици за учество со цел зголемување на конкуренцијата.

РЕС, пред се, ќе понуди поевтина електрична енергија на општините за јавното осветлување во ноќните часови, што како јавна услуга се најде прво на удар на мерките за штедење во текот на енергетската криза.

Со тоа се очекува дел од општините да ги надминат проблемите со обезбедување на енергија за уличното осветлување, што беше загрозено од високата цена на струјата и доведе до тоа општините да не можат да ги сервисираат исклучително високите сметки, што секако неповолно се одрази на безбедноста на граѓаните, сообраќајното движење и целокупното урбано живеење.

РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор, чија годишна потрошувачка изнесува 250 GWh електрична енергија.

The post РЕС ќе снабдува државни и локални институции со поевтина струја appeared first on Република.