републиканци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/republikanci/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 12:03:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png републиканци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/republikanci/ 32 32 Прогноза: Републиканците на пат да освојат мнозинство и во Претставничкиот дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prognoza-republikantsite-na-pat-da-osvojat-mnozinstvo-i-vo-pretstavnichkiot-dom/ Tue, 12 Nov 2024 12:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=836757

Според прогноза на агенцијата Decision Desk HQ, републиканците можат да обезбедат 218 места во долниот дом на американскиот Конгрес и со тоа да обезбедат мнозинство, кое веќе го обезбедија и во Сенатот. Исходот од уште осум трки се уште не е решен, но тие имаат поголеми шанси отколку демократите, прогнозира DDHQ.

Засега, демократите имат осигурано 205 места додека републиканците имаат 214.

Според најновата прогноза на оваа агенција, Републиканската партија може да ја добие контролата врз двата дома на Конгресот во јануари, кога избраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе должноста. Републиканската партија со тоа ќе направи хет-трик, заземајќи целосна контрола врз извршната и законодавната аласт во САД. Со ова, новиот шеф на државата ќе може да ги реализира своите планови за кратење на даноците и економски реформи во федералната влада.

Уште една агенција, Edison Reaserch, претходно даде точна прогноза за тоа дека републиканците ќе обезбедат мнозинство во Сенатот, со минимум 52 места против 46 за демократите. Според DDHQ републиканците ќе задржат минимум 218 места за мнозинство во Претставничкиот дом, иако состојбата со осумте преостанати трки заклучно понеделник навечер, како се бројат гласовите во уште неколку држави од западниот брег како Калифорнија и Невада, засега останува неизвесна.

The post Прогноза: Републиканците на пат да освојат мнозинство и во Претставничкиот дом appeared first on Република.

]]>

Според прогноза на агенцијата Decision Desk HQ, републиканците можат да обезбедат 218 места во долниот дом на американскиот Конгрес и со тоа да обезбедат мнозинство, кое веќе го обезбедија и во Сенатот. Исходот од уште осум трки се уште не е решен, но тие имаат поголеми шанси отколку демократите, прогнозира DDHQ. Засега, демократите имат осигурано 205 места додека републиканците имаат 214. Според најновата прогноза на оваа агенција, Републиканската партија може да ја добие контролата врз двата дома на Конгресот во јануари, кога избраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе должноста. Републиканската партија со тоа ќе направи хет-трик, заземајќи целосна контрола врз извршната и законодавната аласт во САД. Со ова, новиот шеф на државата ќе може да ги реализира своите планови за кратење на даноците и економски реформи во федералната влада. Уште една агенција, Edison Reaserch, претходно даде точна прогноза за тоа дека републиканците ќе обезбедат мнозинство во Сенатот, со минимум 52 места против 46 за демократите. Според DDHQ републиканците ќе задржат минимум 218 места за мнозинство во Претставничкиот дом, иако состојбата со осумте преостанати трки заклучно понеделник навечер, како се бројат гласовите во уште неколку држави од западниот брег како Калифорнија и Невада, засега останува неизвесна.

The post Прогноза: Републиканците на пат да освојат мнозинство и во Претставничкиот дом appeared first on Република.

]]>
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/republikantsite-go-zgolemija-svoeto-novo-steknato-mnozinstvo-vo-senatot-na-52-mesta/ Wed, 06 Nov 2024 15:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=834868

Републиканците го зголемија своето новостекнато мнозинство во Сенатот откако го презедоа местото во Монтана од демократите, па сега имаат 52 од 100-те достапни места во Сенатот, јавуваат американските медиуми.

Тие, исто така, постигнаа успех во трката за контрола на Претставничкиот дом, и ако освојат мнозинство, ќе бидат во позиција да ја диктираат агендата во Вашингтон, помагајќи му на идниот претседател Доналд Трамп да го исполни своето ветување за намалување на даноците и ограничување имиграција.

Конечните резултати најверојатно нема да бидат познати со денови, но досегашните резултати ги уверија републиканците во Сенатот дека можат да му помогнат на Трамп да назначи конзервативни судии и друг владин персонал.

The post Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места appeared first on Република.

]]>

Републиканците го зголемија своето новостекнато мнозинство во Сенатот откако го презедоа местото во Монтана од демократите, па сега имаат 52 од 100-те достапни места во Сенатот, јавуваат американските медиуми. Тие, исто така, постигнаа успех во трката за контрола на Претставничкиот дом, и ако освојат мнозинство, ќе бидат во позиција да ја диктираат агендата во Вашингтон, помагајќи му на идниот претседател Доналд Трамп да го исполни своето ветување за намалување на даноците и ограничување имиграција. Конечните резултати најверојатно нема да бидат познати со денови, но досегашните резултати ги уверија републиканците во Сенатот дека можат да му помогнат на Трамп да назначи конзервативни судии и друг владин персонал.

The post Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места appeared first on Република.

]]>
Републиканските ривали на Трамп ветија дека ќе го поддржат Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/republikanskite-rivali-na-tramp-vetija-deka-ke-go-poddrzhat-izrael/ Thu, 09 Nov 2023 08:16:30 +0000 https://republika.mk/?p=699739

Ривалите на Доналд Трамп за републиканската претседателска номинација на вчерашната дебата остро говореа во врска со конфликтот меѓу Израел и Хамас ветувајќи безусловна поддршка за Израел и го нападнаа начинот на кој демократскиот претседател Џо Бајден се справува со кризата.

На прашањето каква порака ќе му испрати на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, гувернерот на Флорида Рон Десантис одговори: „Би му рекол на Биби (Нетанјаху): Заврши ја работата еднаш засекогаш со овие касапи Хамас, тие се терористи“.

Ники Хејли, поранешната американска амбасадорка во ОН, која ја фокусираше својата кампања на нејзиното искуство во надворешната политика, го критикуваше Бајден за притисокот врз Израел да размисли за хуманитарни паузи.

Последното нешто што треба да направиме е да му кажеме на Израел што да прави … Единствено што треба да направиме е да ги поддржиме и да го елиминираме Хамас, рече таа.

Сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот рече дека Бајден треба да изврши директни напади врз Иран, спонзор на Хамас, како одмазда за нападите на проиранските сили во Сирија и Иран против американската војска.

Неколку часа претходно, Вашингтон соопшти дека американската војска извршила напади врз складиште за оружје во Сирија за кое Пентагон соопшти дека го користеле иранските сили.

– Ако сакате да промените нешто, не можете само да продолжите да напаѓате магацини во Сирија … Всушност треба да и ја отсечеш главата на змијата. Главата на змијата е Иран, а не само неговите посредници, рече тој.

Поранешниот претседател Доналд Трамп по трет пат не се појави на дебатата на неговата партија, наместо тоа одржа политички митинг во близина, каде што повторно предложи Републиканската партија да ги откаже идните дебати.

– Време е републиканскиот естаблишмент да престане да губи време и ресурси, рече Трамп, додавајќи дека дебатата „не била гледлива“.

Вивек Рамасвами, кој се залага за изолационистички пристап кон надворешната политика, рече дека ќе ја прекине помошта за Украина и го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „комичар во карго панталони“.

Освен што повикаа на посилен одговор во странство, кандидатите ветија дека ќе ги казнат симпатизерите на Хамас дома.

На прашање за пропалестинските собири кои се проширија на кампусите во колеџите, Скот рече дека ќе го запре федералното финансирање за сите универзитети кои нема да го спречат антисемитизмот.

Десантис вети дека ќе ги депортира сите странски студенти кои ќе изразат поддршка за Хамас.

– Ако сте тука со студентска виза како странски државјанин и имате заедничка кауза со Хамас, јас ќе ви ја откажам визата и ќе ве испратам дома, рече тој.

Еден ден откако демократите и групите за заштита на правата на абортус победија на неколку референдуми за абортусот, републиканците се обидоа да формулираат победничка порака за прашање што ја мачи партијата откако Врховниот суд на САД, предводен од конзервативците, минатата година го укина абортусот како право ширум САД.

Скот рече дека ќе поддржи федерална забрана за абортус по 15-та недела од бременоста, додека Хејли истакна дека таков закон не може да помине во Сенатот.

Десантис, кој оваа година во Флорида го забрани абортусот по шестата недела од бременоста, не се повика на федералниот закон, но рече дека се залага за „култура на животот“.

Кандидатите го нападнаа Бајден за неговото управување со економијата, тврдејќи дека неговиот фокус на климатските промени го забавиле растот.

The post Републиканските ривали на Трамп ветија дека ќе го поддржат Израел appeared first on Република.

]]>

Ривалите на Доналд Трамп за републиканската претседателска номинација на вчерашната дебата остро говореа во врска со конфликтот меѓу Израел и Хамас ветувајќи безусловна поддршка за Израел и го нападнаа начинот на кој демократскиот претседател Џо Бајден се справува со кризата. На прашањето каква порака ќе му испрати на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, гувернерот на Флорида Рон Десантис одговори: „Би му рекол на Биби (Нетанјаху): Заврши ја работата еднаш засекогаш со овие касапи Хамас, тие се терористи“. Ники Хејли, поранешната американска амбасадорка во ОН, која ја фокусираше својата кампања на нејзиното искуство во надворешната политика, го критикуваше Бајден за притисокот врз Израел да размисли за хуманитарни паузи. Последното нешто што треба да направиме е да му кажеме на Израел што да прави … Единствено што треба да направиме е да ги поддржиме и да го елиминираме Хамас, рече таа. Сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот рече дека Бајден треба да изврши директни напади врз Иран, спонзор на Хамас, како одмазда за нападите на проиранските сили во Сирија и Иран против американската војска. Неколку часа претходно, Вашингтон соопшти дека американската војска извршила напади врз складиште за оружје во Сирија за кое Пентагон соопшти дека го користеле иранските сили. – Ако сакате да промените нешто, не можете само да продолжите да напаѓате магацини во Сирија … Всушност треба да и ја отсечеш главата на змијата. Главата на змијата е Иран, а не само неговите посредници, рече тој. Поранешниот претседател Доналд Трамп по трет пат не се појави на дебатата на неговата партија, наместо тоа одржа политички митинг во близина, каде што повторно предложи Републиканската партија да ги откаже идните дебати. – Време е републиканскиот естаблишмент да престане да губи време и ресурси, рече Трамп, додавајќи дека дебатата „не била гледлива“. Вивек Рамасвами, кој се залага за изолационистички пристап кон надворешната политика, рече дека ќе ја прекине помошта за Украина и го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „комичар во карго панталони“. Освен што повикаа на посилен одговор во странство, кандидатите ветија дека ќе ги казнат симпатизерите на Хамас дома. На прашање за пропалестинските собири кои се проширија на кампусите во колеџите, Скот рече дека ќе го запре федералното финансирање за сите универзитети кои нема да го спречат антисемитизмот. Десантис вети дека ќе ги депортира сите странски студенти кои ќе изразат поддршка за Хамас. – Ако сте тука со студентска виза како странски државјанин и имате заедничка кауза со Хамас, јас ќе ви ја откажам визата и ќе ве испратам дома, рече тој. Еден ден откако демократите и групите за заштита на правата на абортус победија на неколку референдуми за абортусот, републиканците се обидоа да формулираат победничка порака за прашање што ја мачи партијата откако Врховниот суд на САД, предводен од конзервативците, минатата година го укина абортусот како право ширум САД. Скот рече дека ќе поддржи федерална забрана за абортус по 15-та недела од бременоста, додека Хејли истакна дека таков закон не може да помине во Сенатот. Десантис, кој оваа година во Флорида го забрани абортусот по шестата недела од бременоста, не се повика на федералниот закон, но рече дека се залага за „култура на животот“. Кандидатите го нападнаа Бајден за неговото управување со економијата, тврдејќи дека неговиот фокус на климатските промени го забавиле растот.

The post Републиканските ривали на Трамп ветија дека ќе го поддржат Израел appeared first on Република.

]]>
Трамп нема да учествува ниту на втората дебата на Републиканците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-nema-da-uchestvuva-nitu-na-vtorata-debata-na-republikantsite/ Tue, 19 Sep 2023 07:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=683020

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп планира да одржи говор во Детроит на 27 септември пред членови на синдикатите, што значи дека ќе ја прескокне и втората претседателска дебата на Републиканците. Ова го соопшти еден од соработниците на Трамп и додаде дека ќе се обрати пред синдикално организираните работници во автомобилската индустрија.

Се очекува говорот, во ударен термин, да биде одржан пред работниците во автоиндустријата и другите членови на синдикатот. Говорот доаѓа кога Трамп остро ја критикуваше политиката на претседателот Џо Бајден за електричните возила и ги повика авто-работниците да ја поддржат неговата кандидатура.

Ова би можело да биде вторпат Трамп да ја прескокнува претседателската дебата на републиканците, во трка во која, и покрај безброј правни проблеми, Трамп води пред својот најблизок ривал со речиси 50 процентни поени, покажуваат најновите анкети.

Говорот на Трамп сигнализира напор на неговиот тим да погледне подалеку од партиската трка за номинација во Белата куќа и на веројатниот реванш со Бајден на општите избори следниот ноември.

Говорот пред членовите на синдикатот ќе биде дел од интензивната кампања на Трамп за враќање на дел од гласачите од работничката класа кои пребегнаа кај Бајден при неговата победа против Трамп во 2020 година.

The post Трамп нема да учествува ниту на втората дебата на Републиканците appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп планира да одржи говор во Детроит на 27 септември пред членови на синдикатите, што значи дека ќе ја прескокне и втората претседателска дебата на Републиканците. Ова го соопшти еден од соработниците на Трамп и додаде дека ќе се обрати пред синдикално организираните работници во автомобилската индустрија. Се очекува говорот, во ударен термин, да биде одржан пред работниците во автоиндустријата и другите членови на синдикатот. Говорот доаѓа кога Трамп остро ја критикуваше политиката на претседателот Џо Бајден за електричните возила и ги повика авто-работниците да ја поддржат неговата кандидатура. Ова би можело да биде вторпат Трамп да ја прескокнува претседателската дебата на републиканците, во трка во која, и покрај безброј правни проблеми, Трамп води пред својот најблизок ривал со речиси 50 процентни поени, покажуваат најновите анкети. Говорот на Трамп сигнализира напор на неговиот тим да погледне подалеку од партиската трка за номинација во Белата куќа и на веројатниот реванш со Бајден на општите избори следниот ноември. Говорот пред членовите на синдикатот ќе биде дел од интензивната кампања на Трамп за враќање на дел од гласачите од работничката класа кои пребегнаа кај Бајден при неговата победа против Трамп во 2020 година.

The post Трамп нема да учествува ниту на втората дебата на Републиканците appeared first on Република.

]]>
Судскиот процес против Трамп ги зголеми неговите шанси за републиканска номинација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudskiot-protses-protiv-tramp-gi-zgolemi-negovite-shansi-za-republikanska-nominatsija/ Fri, 07 Apr 2023 14:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=628384

Американците се поделени околу кривичното гонење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, но се чини дека тоа ги зголеми неговите шанси да ја освои републиканската претседателска номинација во 2024 година, покажаа резултатите од анкетата на Ипсос.

Анкетата беше спроведена вчера и завчера по локално време, откако во вторникот е објавено обвинението од 34 точки од њујоршкото обвинителство против Трамп за фалсификување деловни документи и сослушувањето на Трамп во судот на Менхетен.

Истражувањето покажа дека 49 отсто од Американците сметаат дека е правилно што обвинителството го покрена првото кривично дело досега против еден поранешен или актуелен американски претседател.

Околу 84 отсто од тие кои се изјаснија како демократи рекоа дека обвиненијата се оправдани, додека само 16 отсто од републиканците се согласија со тоа.

Околу 40 отсто од републиканците рекоа дека случајот ги зголемил шансите да гласаат за Трамп во 2024 година, додека 12 отсто рекоа дека поради тоа се помали шансите дека ќе го поддржат.

Останатите 38 отсто рекоа дека тоа немало никакво влијание врз нивното мислење.

Трамп води во трката за републиканска номинација со голема разлика, имајќи предвид дека 58 отсто од републиканците велат дека тој е кандидат кој го преферираат, што е повеќе во однос на тие 48 отсто во анкетата на Ипсос објавена во понеделникот.

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, кој се уште не влезе во трката за номинација, е на второто место со поддршка од 21 отсто.

 

The post Судскиот процес против Трамп ги зголеми неговите шанси за републиканска номинација appeared first on Република.

]]>

Американците се поделени околу кривичното гонење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, но се чини дека тоа ги зголеми неговите шанси да ја освои републиканската претседателска номинација во 2024 година, покажаа резултатите од анкетата на Ипсос. Анкетата беше спроведена вчера и завчера по локално време, откако во вторникот е објавено обвинението од 34 точки од њујоршкото обвинителство против Трамп за фалсификување деловни документи и сослушувањето на Трамп во судот на Менхетен. Истражувањето покажа дека 49 отсто од Американците сметаат дека е правилно што обвинителството го покрена првото кривично дело досега против еден поранешен или актуелен американски претседател. Околу 84 отсто од тие кои се изјаснија како демократи рекоа дека обвиненијата се оправдани, додека само 16 отсто од републиканците се согласија со тоа. Околу 40 отсто од републиканците рекоа дека случајот ги зголемил шансите да гласаат за Трамп во 2024 година, додека 12 отсто рекоа дека поради тоа се помали шансите дека ќе го поддржат. Останатите 38 отсто рекоа дека тоа немало никакво влијание врз нивното мислење. Трамп води во трката за републиканска номинација со голема разлика, имајќи предвид дека 58 отсто од републиканците велат дека тој е кандидат кој го преферираат, што е повеќе во однос на тие 48 отсто во анкетата на Ипсос објавена во понеделникот. Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, кој се уште не влезе во трката за номинација, е на второто место со поддршка од 21 отсто.  

The post Судскиот процес против Трамп ги зголеми неговите шанси за републиканска номинација appeared first on Република.

]]>
Републикански конгресмени му испратија писмо на Блинкен: Дали перете пари со Киев? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/republikanski-kongresmeni-mu-ispratija-pismo-na-blinken-dali-perete-pari-so-kiev/ Fri, 18 Nov 2022 07:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=575199

Републикански конгресмени испратија писмо до американскиот државен секретар Ентони Блинкен во кое бараат информации за можни финансиски врски меѓу Демократската партија и владата на Украина.

Неодамна, имаше теории дека демократите и владата во Киев се поврзани преку банкротираната крипто берза FTX.

Писмото, во кое Спутник имал увид, го потпишале конгресмените Трој Нелсон, Луи Гомерт, Мери Милер и Бирдон Доналдс.

Дознавме дека милијарди долари од даночните обврзници, кои беа испратени во Украина како воена помош, потенцијално може да се инвестираат во берзата за криптовалути FTX, која подоцна донира огромни средства на американските демократи за време на конгресните избори во 2022 година, се вели во писмото, во кое Спутник имаше пристап до копија.

Во писмото се тврди дека во март оваа година, владата на Украина, заедно со FTX, отворила страница за собирање донации. Конгресмените тврдат дека тоа се случило само неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден ветил дека ќе одвои милијарди долари за помош на Украина.

Републиканците стравуваат дека украинската влада можела да инвестира дел од средствата доделени на Киев во берзата FTX, а потоа да ги искористи за да им помогне на демократите да останат на власт во САД.

Во врска со ова, конгресмените побараа од Блинкен извештај за тоа дали Стејт департментот спроведува истрага за можните инвестиции на Украина во крипто берзата и дали администрацијата на Бајден има намера да спроведе ревизија на помошта доделена на Украина.

По минатонеделните среднорочни конгресни избори, републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом, додека демократите го задржаа мнозинството во Сенатот.

Претходно, членовите на Републиканската партија постојано ја критикуваа политиката на актуелната американска влада во однос на финансиската поддршка за Киев, заканувајќи се дека во случај на победа на изборите ќе ја заострат контролата по ова прашање.

The post Републикански конгресмени му испратија писмо на Блинкен: Дали перете пари со Киев? appeared first on Република.

]]>

Републикански конгресмени испратија писмо до американскиот државен секретар Ентони Блинкен во кое бараат информации за можни финансиски врски меѓу Демократската партија и владата на Украина. Неодамна, имаше теории дека демократите и владата во Киев се поврзани преку банкротираната крипто берза FTX. Писмото, во кое Спутник имал увид, го потпишале конгресмените Трој Нелсон, Луи Гомерт, Мери Милер и Бирдон Доналдс. Дознавме дека милијарди долари од даночните обврзници, кои беа испратени во Украина како воена помош, потенцијално може да се инвестираат во берзата за криптовалути FTX, која подоцна донира огромни средства на американските демократи за време на конгресните избори во 2022 година, се вели во писмото, во кое Спутник имаше пристап до копија. Во писмото се тврди дека во март оваа година, владата на Украина, заедно со FTX, отворила страница за собирање донации. Конгресмените тврдат дека тоа се случило само неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден ветил дека ќе одвои милијарди долари за помош на Украина. Републиканците стравуваат дека украинската влада можела да инвестира дел од средствата доделени на Киев во берзата FTX, а потоа да ги искористи за да им помогне на демократите да останат на власт во САД. Во врска со ова, конгресмените побараа од Блинкен извештај за тоа дали Стејт департментот спроведува истрага за можните инвестиции на Украина во крипто берзата и дали администрацијата на Бајден има намера да спроведе ревизија на помошта доделена на Украина. По минатонеделните среднорочни конгресни избори, републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом, додека демократите го задржаа мнозинството во Сенатот. Претходно, членовите на Републиканската партија постојано ја критикуваа политиката на актуелната американска влада во однос на финансиската поддршка за Киев, заканувајќи се дека во случај на победа на изборите ќе ја заострат контролата по ова прашање.

The post Републикански конгресмени му испратија писмо на Блинкен: Дали перете пари со Киев? appeared first on Република.

]]>