репрезентативец на Албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reprezentativets-na-albanija/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jun 2024 10:31:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png репрезентативец на Албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reprezentativets-na-albanija/ 32 32 ФФМ бара УЕФА да го казни албанскиот фудбалер Мирлит Даку кој вулгарно скандираше против Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ffm-bara-uefa-da-go-kazni-albanskiot-fudbaler-mirlit-daku-koj-vulgarno-skandirashe-protiv-makedonija/ Thu, 20 Jun 2024 10:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=789282

Од Фудбалската федерација на Македонија, изразија длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлит Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство.

Даку по завршувањето на дуелот со Хрватска на Европското првенство во Германија ги пцуеше Македонците. Албанија одигра 2:2 со фаворизираната Хрватска откако постигна гол во судиското продолжение, а додека навивачите го славеа освоениот бод, Дука зеде мегафон и од теренот вулгарно скандираше против Македонија.

Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот. Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит. Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата“, велат од ФФМ.

Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.

Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлит Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика. Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти.

Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место“, додаваат од ФФМ.

 

The post ФФМ бара УЕФА да го казни албанскиот фудбалер Мирлит Даку кој вулгарно скандираше против Македонија appeared first on Република.

]]>

Од Фудбалската федерација на Македонија, изразија длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлит Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство. Даку по завршувањето на дуелот со Хрватска на Европското првенство во Германија ги пцуеше Македонците. Албанија одигра 2:2 со фаворизираната Хрватска откако постигна гол во судиското продолжение, а додека навивачите го славеа освоениот бод, Дука зеде мегафон и од теренот вулгарно скандираше против Македонија.
Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот. Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит. Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата“, велат од ФФМ.
Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.
Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлит Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика. Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти. Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место“, додаваат од ФФМ.  

The post ФФМ бара УЕФА да го казни албанскиот фудбалер Мирлит Даку кој вулгарно скандираше против Македонија appeared first on Република.

]]>