реплек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/replek/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 08:56:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реплек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/replek/ 32 32 Австриска бизнис делегација предводена од амбасадорот Памер во посета на Реплек https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/avstriska-biznis-delegatsija-predvodena-od-ambasadorot-pamer-vo-poseta-na-replek/ Mon, 11 Mar 2024 18:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=753890

Запознавање со капацитетите и развојниот потенцијал на компанијата, продлабочување на досегашната соработка и креирање нови можности за бизнис. Ова беа дел од целите за посетата на блиски соработници и пријатели на Република Австрија во Р.Македонија, предводени од амбасадорот на Австрија во Скопје Мартин Памер, на Реплек.

Во рамки на посетата, амбасадорот и бизнисмените од Австрија имаа можност непосредно да се запознаат со дел од производствените капацитети на Реплек, конкретно во сегментот на  производство на лекови, како и со стандардите и строгата контрола на квалитетот кои се применуваат во целокупниот синџир на производството.

„Она што имавме можност да го видиме и да го слушнеме при оваа посета, само ги потврдија нашите претходни сознанија дека Реплек е современа компанија која е посветена и сериозно вложува во својот развој, креирајќи нови можности за луѓето и за нивната добросостојба и давајќи придонес за развојот на заедницата и земјата во целина. Поради сето ова, јас и мојот тим и понатаму со задоволство ќе ја користиме секоја прилика како што е оваа, да им помогнеме на компаниите како Реплек да ја претстават својата добра работа и да креираат дополнителни можности за соработка и партнерства со компании од Австрија, со што сите заедно ќе придонесеме кон натамошно унапредување на добрите економски релации меѓу нашите две држави и пријателството меѓу нашите народи“, изјави Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, по обиколката на погонот за производство на лекови и лабораторијата за контрола на квалитет во Реплек.

Во текот на посетата, претставниците на стручно-оперативниот, како и на менаџерскиот тим на Реплек ја искористија можноста да ги претстават најновите технолошки достигнувања во производството на лекови, како и дел од производите од фармацевтската програма на Реплек, кои се помеѓу најпродаваните на пазарите каде што се пласираат.

„Голем дел од моето детство и почетоците во мојата професионална кариера се поврзани токму со Австрија. Тоа ми овозможи добро да се запознам со вредностите и начинот на кој функционира австриското општество и бизнис сектор и тоа знаење да го пренесам и употребам во управувањето со тимот, процесите и развојот на Реплек. Истовремено, австрискиот е еден од таргетираните извозни пазари за нашите производи, којшто има значаен потенцијал и нуди можности за натамошно проширување на нашето присуство. Оваа посета на реномирани претставници на австриската и македонска бизнис заедница и на неговата екселенција - амбасадорот Памер, е одлична можност да се претставиме во најдобро светло и да ги промовираме нашите вложувања во целокупната модернизација на компанијата кои веќе даваат забележителни резултати во сите сегменти од нашето работење, вклучувајќи го и проширувањето на нашето портфолио на производи“, истакна главниот извршен директор на Реплек АД Скопје, Душан Пецовски, заблагодарувајќи се за посетата на високата делегација од Австрија и можноста да се претстави компанијата и нејзините вредности и квалитети.

Реплек АД Скопје е извозна компанија која 75 % од своето производство во фармацевтскиот сегмент го пласира на над 20 странски пазари, вклучувајќи и земји членки на ЕУ, како и во земјите од Адриа регионот, на Блискиот исток, во Африка, Југоисточна Азија,  и на пазарите во ЗНД. Минатата година компанијата ја заврши со раст на продажбата на домашниот пазар од 37 %, како и со раст на извозот за 43 % во однос на 2022 година.

Комерцијален текст

The post Австриска бизнис делегација предводена од амбасадорот Памер во посета на Реплек appeared first on Република.

]]>

Запознавање со капацитетите и развојниот потенцијал на компанијата, продлабочување на досегашната соработка и креирање нови можности за бизнис. Ова беа дел од целите за посетата на блиски соработници и пријатели на Република Австрија во Р.Македонија, предводени од амбасадорот на Австрија во Скопје Мартин Памер, на Реплек. Во рамки на посетата, амбасадорот и бизнисмените од Австрија имаа можност непосредно да се запознаат со дел од производствените капацитети на Реплек, конкретно во сегментот на  производство на лекови, како и со стандардите и строгата контрола на квалитетот кои се применуваат во целокупниот синџир на производството. „Она што имавме можност да го видиме и да го слушнеме при оваа посета, само ги потврдија нашите претходни сознанија дека Реплек е современа компанија која е посветена и сериозно вложува во својот развој, креирајќи нови можности за луѓето и за нивната добросостојба и давајќи придонес за развојот на заедницата и земјата во целина. Поради сето ова, јас и мојот тим и понатаму со задоволство ќе ја користиме секоја прилика како што е оваа, да им помогнеме на компаниите како Реплек да ја претстават својата добра работа и да креираат дополнителни можности за соработка и партнерства со компании од Австрија, со што сите заедно ќе придонесеме кон натамошно унапредување на добрите економски релации меѓу нашите две држави и пријателството меѓу нашите народи“, изјави Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, по обиколката на погонот за производство на лекови и лабораторијата за контрола на квалитет во Реплек. Во текот на посетата, претставниците на стручно-оперативниот, како и на менаџерскиот тим на Реплек ја искористија можноста да ги претстават најновите технолошки достигнувања во производството на лекови, како и дел од производите од фармацевтската програма на Реплек, кои се помеѓу најпродаваните на пазарите каде што се пласираат. „Голем дел од моето детство и почетоците во мојата професионална кариера се поврзани токму со Австрија. Тоа ми овозможи добро да се запознам со вредностите и начинот на кој функционира австриското општество и бизнис сектор и тоа знаење да го пренесам и употребам во управувањето со тимот, процесите и развојот на Реплек. Истовремено, австрискиот е еден од таргетираните извозни пазари за нашите производи, којшто има значаен потенцијал и нуди можности за натамошно проширување на нашето присуство. Оваа посета на реномирани претставници на австриската и македонска бизнис заедница и на неговата екселенција - амбасадорот Памер, е одлична можност да се претставиме во најдобро светло и да ги промовираме нашите вложувања во целокупната модернизација на компанијата кои веќе даваат забележителни резултати во сите сегменти од нашето работење, вклучувајќи го и проширувањето на нашето портфолио на производи“, истакна главниот извршен директор на Реплек АД Скопје, Душан Пецовски, заблагодарувајќи се за посетата на високата делегација од Австрија и можноста да се претстави компанијата и нејзините вредности и квалитети. Реплек АД Скопје е извозна компанија која 75 % од своето производство во фармацевтскиот сегмент го пласира на над 20 странски пазари, вклучувајќи и земји членки на ЕУ, како и во земјите од Адриа регионот, на Блискиот исток, во Африка, Југоисточна Азија,  и на пазарите во ЗНД. Минатата година компанијата ја заврши со раст на продажбата на домашниот пазар од 37 %, како и со раст на извозот за 43 % во однос на 2022 година. Комерцијален текст

The post Австриска бизнис делегација предводена од амбасадорот Памер во посета на Реплек appeared first on Република.

]]>
Едукативен настан: Истражувањата покажуваат дека екстрактите од канабис имаат голем потенцијал во третманот на различни заболувања https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/edukativen-nastan-istrazhuvanata-pokazhuvaat-deka-ekstraktite-od-kanabis-imaat-golem-potentsijal-vo-tretmanot-na-razlichni-zaboluvana/ Fri, 01 Mar 2024 10:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=749972

Најновите трендови и резултати од истражувањата за употребата на канабисот во медицински цели беше тема на вчерашниот едукативен настан, која се одржа под наслов „Клиничката перспектива за медицинската употреба на масло од канабис (CBD/THC), во третман на болка“. Во рамките на настанот домашни и странски експерти, покрај презентацијата на најновите истражувања кој во повеќе земји се во напредна фаза, зборуваа и за досегашните клинички искуства од третманот на пациенти во различни медицински области.

Во рамките на едукативниот настан свое излагање имаше и доктор Силвиу Брил, директор на Институтот за третман на болка во Тел Авив во Израел. Д-р Брил е копретседател на Работната група за медицина базирана на канабис и претседател на работната група за онколошка болка на Европската федерација за болка.

Едукативниот настан го отвори претседателот на Македонската ревматолошка асоцијација, м-р д-р Мимоза Николовска Котевска, а е поддржан од Реплек АД Скопје, прва компанија во земјава која започна со производство на препарати кои содржат екстракти од канабис (CBD/THC). Доцент д-р Филип Гучев од Универзитетската клиника за ревматологија во рамките на своето стручно излагање се фокусираше на клиничката употреба на екстракти од канабис во третманот на ревматолошките болести.  За употребата на препарати со екстракти од канабис (CBD/THC) во третман на онколошки пациенти зборуваше д-р Милан Ристески, кој има долгогодишно искуство во клиничката онкологија, а бил дел од истражување во областа, а има објавено и низа трудови за унапредување на онколошката нега.

Реплек АД Скопје е пионер во производството на медицински препарати кои содржат екстракти од канабис на домашниот пазар, правејќи ги достапни и за македонските пациенти. Во своето портфолио компанијата има производи кои содржат различни концентрации на CBD и THC, со што се овозможува поширока примена во третманот на различни здравствени состојби.

Во рамките на настанот експертите ги изложија најновите научни истражувања и резултати добиени во рамките на клиничката пракса , при третман на хронична болка од различно потекло и улогата на производите кои содржат екстракт од медицински канабис (CBD и THC). Канабиноидите, активните соединенија во канабисот, делуваат преку ендоканабиноидниот систем на телото, кој игра улога во регулирањето на перцепцијата на болката. Терапевтските својства на канабисот се признаени од многу регулаторни тела, вклучувајќи ја и Американската агенција за храна и лекови (FDA).

Комерцијален текст

The post Едукативен настан: Истражувањата покажуваат дека екстрактите од канабис имаат голем потенцијал во третманот на различни заболувања appeared first on Република.

]]>

Најновите трендови и резултати од истражувањата за употребата на канабисот во медицински цели беше тема на вчерашниот едукативен настан, која се одржа под наслов „Клиничката перспектива за медицинската употреба на масло од канабис (CBD/THC), во третман на болка“. Во рамките на настанот домашни и странски експерти, покрај презентацијата на најновите истражувања кој во повеќе земји се во напредна фаза, зборуваа и за досегашните клинички искуства од третманот на пациенти во различни медицински области. Во рамките на едукативниот настан свое излагање имаше и доктор Силвиу Брил, директор на Институтот за третман на болка во Тел Авив во Израел. Д-р Брил е копретседател на Работната група за медицина базирана на канабис и претседател на работната група за онколошка болка на Европската федерација за болка. Едукативниот настан го отвори претседателот на Македонската ревматолошка асоцијација, м-р д-р Мимоза Николовска Котевска, а е поддржан од Реплек АД Скопје, прва компанија во земјава која започна со производство на препарати кои содржат екстракти од канабис (CBD/THC). Доцент д-р Филип Гучев од Универзитетската клиника за ревматологија во рамките на своето стручно излагање се фокусираше на клиничката употреба на екстракти од канабис во третманот на ревматолошките болести.  За употребата на препарати со екстракти од канабис (CBD/THC) во третман на онколошки пациенти зборуваше д-р Милан Ристески, кој има долгогодишно искуство во клиничката онкологија, а бил дел од истражување во областа, а има објавено и низа трудови за унапредување на онколошката нега. Реплек АД Скопје е пионер во производството на медицински препарати кои содржат екстракти од канабис на домашниот пазар, правејќи ги достапни и за македонските пациенти. Во своето портфолио компанијата има производи кои содржат различни концентрации на CBD и THC, со што се овозможува поширока примена во третманот на различни здравствени состојби. Во рамките на настанот експертите ги изложија најновите научни истражувања и резултати добиени во рамките на клиничката пракса , при третман на хронична болка од различно потекло и улогата на производите кои содржат екстракт од медицински канабис (CBD и THC). Канабиноидите, активните соединенија во канабисот, делуваат преку ендоканабиноидниот систем на телото, кој игра улога во регулирањето на перцепцијата на болката. Терапевтските својства на канабисот се признаени од многу регулаторни тела, вклучувајќи ја и Американската агенција за храна и лекови (FDA). Комерцијален текст

The post Едукативен настан: Истражувањата покажуваат дека екстрактите од канабис имаат голем потенцијал во третманот на различни заболувања appeared first on Република.

]]>
Реплек оствари 42 % раст на приходите од продажба – годинава растот ќе продолжи со освојување на нови пазари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/replek-ostvari-42-rast-na-prihodite-od-prodazhba-godinava-rastot-ke-prodolzhi-so-osvojuvane-na-novi-pazari/ Fri, 12 Jan 2024 10:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=732301

„Репек АД“ оствари раст на консолидираните приходи од сегментот фармација, со што реализацијата на Годишниот план на компанијата за 2023 година е надминат и изнесува 100,5 %. Консолидираните приходи од продажба реализирани во 2023 година изнесуваат над 25 милиони евра и пораснале за 42 % или за 7,4 милиони евра. Продажбата на странските пазари порасна за 43 % и изнесува 19,7 милиони евра, а во однос на минатата година вредноста на продажбата на овие пазари е зголемена за 6 милиони евра. Позициите на компанијата се зајакнуваат и на домашниот пазар, каде што е остварен раст од 37 % во однос на 2022 година, со реализирана продажба во износ од 5,4 милиони евра, односно зголемување за 1,45 милиони евра.

„Реплек АД“ е извозна компанија и на над 20 странски пазари пласира повеќе од 78 % од своето производство во фармацевтскиот сегмент. Со своето портфолио компанијата е присутна на пазари во земји членки на ЕУ, Адриа регионот, во земјите на Блискиот исток, во Африка, Југоисточна Азија, како и на пазарите во ЗНД. Дел од производите на компанијата од фармацевтската програма се меѓу најпродаваните на дел од пазарите, што е директна потврда за квалитетот и високата конкурентност на глобално ниво и го докажува потенцијалот за натамошен раст и развој.

„Успехот на компанијата и заокружувањето на една успешна година се должи на стратешката развојна политика, во чии рамки инициравме храбри транзициски процеси кои ги подобрија и зајакнаа перформансите на компанијата. Ние цврство веруваме дека промените и напредокот започнуваат од внатре, а оваа нова компаниска енергија веќе е препознаена на пазарите. Имаме амбициозни планови и ова е само почеток на нивна реализација. Цврство веруваме во нашето портфолио на чие збогатување посветено работат нашите фармацевтски тимови и уверени сме дека нашата посветеност ќе донесе дополнителен раст на компанијата, но и ќе придонесе во развојот на целокупната македонска економија“, истакна Душан Пецовски, главен извршен директор на „Реплек АД“ Скопје.

„Реплек АД“ минатата година за прв пат објави и предлог среднорочна дивиденда политика, која се темели на остварување годишна профитабилност на друштвото во распон од 60% до 150% од последниот тригодишен просек, континуирано намалување на релативното ниво на задолженост и проширување и осовременување на работењето преку инвестирање. Преку овој стратешки акт се овозможува поголема предвидливост на исплатата на дивидендата на подолг временски период, што ќе обезбеди и поголем прилив на свеж капитал во компанијата, правејќи ги акциите на компанијата атрактивни за инвеститорите.

Компанијата продолжува со инвестиции и модернизација, со посебен фокус на фармацевтскиот сегмент и зајакнување на позициите на портфолиото на странските пазари.

Комерцијален текст

The post Реплек оствари 42 % раст на приходите од продажба – годинава растот ќе продолжи со освојување на нови пазари appeared first on Република.

]]>

„Репек АД“ оствари раст на консолидираните приходи од сегментот фармација, со што реализацијата на Годишниот план на компанијата за 2023 година е надминат и изнесува 100,5 %. Консолидираните приходи од продажба реализирани во 2023 година изнесуваат над 25 милиони евра и пораснале за 42 % или за 7,4 милиони евра. Продажбата на странските пазари порасна за 43 % и изнесува 19,7 милиони евра, а во однос на минатата година вредноста на продажбата на овие пазари е зголемена за 6 милиони евра. Позициите на компанијата се зајакнуваат и на домашниот пазар, каде што е остварен раст од 37 % во однос на 2022 година, со реализирана продажба во износ од 5,4 милиони евра, односно зголемување за 1,45 милиони евра. „Реплек АД“ е извозна компанија и на над 20 странски пазари пласира повеќе од 78 % од своето производство во фармацевтскиот сегмент. Со своето портфолио компанијата е присутна на пазари во земји членки на ЕУ, Адриа регионот, во земјите на Блискиот исток, во Африка, Југоисточна Азија, како и на пазарите во ЗНД. Дел од производите на компанијата од фармацевтската програма се меѓу најпродаваните на дел од пазарите, што е директна потврда за квалитетот и високата конкурентност на глобално ниво и го докажува потенцијалот за натамошен раст и развој. „Успехот на компанијата и заокружувањето на една успешна година се должи на стратешката развојна политика, во чии рамки инициравме храбри транзициски процеси кои ги подобрија и зајакнаа перформансите на компанијата. Ние цврство веруваме дека промените и напредокот започнуваат од внатре, а оваа нова компаниска енергија веќе е препознаена на пазарите. Имаме амбициозни планови и ова е само почеток на нивна реализација. Цврство веруваме во нашето портфолио на чие збогатување посветено работат нашите фармацевтски тимови и уверени сме дека нашата посветеност ќе донесе дополнителен раст на компанијата, но и ќе придонесе во развојот на целокупната македонска економија“, истакна Душан Пецовски, главен извршен директор на „Реплек АД“ Скопје. „Реплек АД“ минатата година за прв пат објави и предлог среднорочна дивиденда политика, која се темели на остварување годишна профитабилност на друштвото во распон од 60% до 150% од последниот тригодишен просек, континуирано намалување на релативното ниво на задолженост и проширување и осовременување на работењето преку инвестирање. Преку овој стратешки акт се овозможува поголема предвидливост на исплатата на дивидендата на подолг временски период, што ќе обезбеди и поголем прилив на свеж капитал во компанијата, правејќи ги акциите на компанијата атрактивни за инвеститорите. Компанијата продолжува со инвестиции и модернизација, со посебен фокус на фармацевтскиот сегмент и зајакнување на позициите на портфолиото на странските пазари. Комерцијален текст

The post Реплек оствари 42 % раст на приходите од продажба – годинава растот ќе продолжи со освојување на нови пазари appeared first on Република.

]]>
Реплек најавува уште поголем раст во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/replek-najavuva-ushte-pogolem-rast-vo-2024-godina/ Thu, 28 Dec 2023 14:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=727557

„Реплек АД“ и во 2023 година продолжи со стратегијата на зајакнување на пазарните позиции, производното портфолио како и промоцијата на потенцијалите што придонесе годината да ја заврши со успешни резултати. Позитивниот тренд на финансиските резултати кои заклучно со септември донесоа 44% раст на приходите од продажба од фармација на Реплек продолжуваат до крајот на оваа година.

За 2024 година од компанијата најавуваат нов инвестициски циклус, кој ќе придонесе кон зголемување на производствените капацитети и во таа насока на натамошно унапредување на пазарните позиции. Исто така, ќе продолжат и со вложувањето во кадровскиот потенцијал и поддршката на заедницата.

„Се радуваме на успешно завршената година и со нова мотивација и свежина продолжуваме со засилено темпо во Новата година. Во 2023 година останаа многу од предизвиците поврзани со нестабилното опкружување, се појавија и нови, но и покрај тоа Реплек успеа да расте и да ги унапредува своите позиции како на странските така и на домашниот пазар. За Реплек оваа година беше една од најуспешните. Вложениот труд и јасниот стратешки пат по кој тргнавме носи успеси за нашата компанија и јас верувам дека во Новата година со инвестиции и иновации ќе оствариме уште поголем раст.“ – истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек АД“.

Извозната стратегија, позиционирањето на домашниот пазар, како и внатрешната реорганизација, кадровското освежување и имплементацијата на иновации во производствениот процес се клучните фактори за растот на компанијата. Како резултат на тоа во првите девет месеци од 2023 година 52% од растот на приходите е остварен во сегментот фармација на странски пазари, додека 21% раст на приходите е остварен на домашен пазар.

Реплек годинава доби и потврда за високиот квалитет на производите од Европската Агенција за лекови (ЕМА) која и го додели сертификатот EUGMP (Good manufacturing practice) по четврти пат. Сертификатот е потврда за добра производствена пракса и претставува услов за влез на пазарот на ЕУ, како и за пласман на производите и на други пазари. Ова претставува дополнителна можност за уште посилно зајакнување на извозот и освојувањето на нови пазари.

Компанијата е присутна на пазарите во Европската Унија, регионот Адриа, како и на пазарите во Централна и Југоисточна Азија, а дел од производите од фармацевтската програма на компанијата се едни од најпродаваните на одделни пазари, што е дополнителна потврда за квалитетот и висока конкурентност на глобално ниво.

Комерцијален текст

The post Реплек најавува уште поголем раст во 2024 година appeared first on Република.

]]>

„Реплек АД“ и во 2023 година продолжи со стратегијата на зајакнување на пазарните позиции, производното портфолио како и промоцијата на потенцијалите што придонесе годината да ја заврши со успешни резултати. Позитивниот тренд на финансиските резултати кои заклучно со септември донесоа 44% раст на приходите од продажба од фармација на Реплек продолжуваат до крајот на оваа година. За 2024 година од компанијата најавуваат нов инвестициски циклус, кој ќе придонесе кон зголемување на производствените капацитети и во таа насока на натамошно унапредување на пазарните позиции. Исто така, ќе продолжат и со вложувањето во кадровскиот потенцијал и поддршката на заедницата. „Се радуваме на успешно завршената година и со нова мотивација и свежина продолжуваме со засилено темпо во Новата година. Во 2023 година останаа многу од предизвиците поврзани со нестабилното опкружување, се појавија и нови, но и покрај тоа Реплек успеа да расте и да ги унапредува своите позиции како на странските така и на домашниот пазар. За Реплек оваа година беше една од најуспешните. Вложениот труд и јасниот стратешки пат по кој тргнавме носи успеси за нашата компанија и јас верувам дека во Новата година со инвестиции и иновации ќе оствариме уште поголем раст.“ – истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек АД“. Извозната стратегија, позиционирањето на домашниот пазар, како и внатрешната реорганизација, кадровското освежување и имплементацијата на иновации во производствениот процес се клучните фактори за растот на компанијата. Како резултат на тоа во првите девет месеци од 2023 година 52% од растот на приходите е остварен во сегментот фармација на странски пазари, додека 21% раст на приходите е остварен на домашен пазар. Реплек годинава доби и потврда за високиот квалитет на производите од Европската Агенција за лекови (ЕМА) која и го додели сертификатот EUGMP (Good manufacturing practice) по четврти пат. Сертификатот е потврда за добра производствена пракса и претставува услов за влез на пазарот на ЕУ, како и за пласман на производите и на други пазари. Ова претставува дополнителна можност за уште посилно зајакнување на извозот и освојувањето на нови пазари. Компанијата е присутна на пазарите во Европската Унија, регионот Адриа, како и на пазарите во Централна и Југоисточна Азија, а дел од производите од фармацевтската програма на компанијата се едни од најпродаваните на одделни пазари, што е дополнителна потврда за квалитетот и висока конкурентност на глобално ниво. Комерцијален текст

The post Реплек најавува уште поголем раст во 2024 година appeared first on Република.

]]>