реорганизација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reorganizacija/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jun 2024 10:24:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реорганизација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reorganizacija/ 32 32 Добија гласови и од опозицијата: ВМРО-ДПМНЕ покажа капацитет за единство околу структуралните и битни прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dobija-glasovi-i-od-opozitsijata-vmro-dpmne-pokazha-kapatsitet-za-edinstvo-okolu-strukturalnite-i-bitni-prashana/ Sat, 08 Jun 2024 10:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=785696

Остварено првото ветување за реформски закон за распоред и организација на Владата кој беше ветуван во изборите. Со 88 гласа „за“ вчера Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ покажа капацитет за дво третинско мнозинство, и досега е партија која обединува најголем број на гласови во собранието за структурални и важни прашања и покажа дека работи на агендата „Македонија повторно твоја“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dobivme-novi-ministerstva-sobranieto-so-88-glasa-za-i-22-protiv-gi-donese-izmenite-na-zakonot-za-drzhavna-uprava/

ДУИ го гласаше законот без било какви условувања или предлози што никогаш не беше случај претходно. По синоќешната средба на Европскиот фронт со претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, од партијата рекоа дека беа образложени измените на законот којшто треба да донесе поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација.

Во вчерашните 88 гласа ЗА владината реформа на министерствата бројките го покажаа коалициониот капацитет:

58 гласа од ВМРО
14 од ВРЕДИ
6 од ЗНАМ
2 од турската ТДП
1 од ДПА
6 пратеници од ДУИ
СДСМ со 16 и Левица со 6 беа ПРОТИВ со (вкупно 22 пратеници), а Моника Зајкова (ЛДП) отсутна.

За потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ова е првата голема победа за ВМРО-ДПМНЕ по изборите.

Тоа што го ветуваме го реализираме! Со огромно мнозинство!
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно!
За Македонија! Доаѓаат поубави денови!, рече Николоски.

The post Добија гласови и од опозицијата: ВМРО-ДПМНЕ покажа капацитет за единство околу структуралните и битни прашања appeared first on Република.

]]>

Остварено првото ветување за реформски закон за распоред и организација на Владата кој беше ветуван во изборите. Со 88 гласа „за“ вчера Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Со ова ВМРО-ДПМНЕ покажа капацитет за дво третинско мнозинство, и досега е партија која обединува најголем број на гласови во собранието за структурални и важни прашања и покажа дека работи на агендата „Македонија повторно твоја“. https://republika.mk/vesti/makedonija/dobivme-novi-ministerstva-sobranieto-so-88-glasa-za-i-22-protiv-gi-donese-izmenite-na-zakonot-za-drzhavna-uprava/ ДУИ го гласаше законот без било какви условувања или предлози што никогаш не беше случај претходно. По синоќешната средба на Европскиот фронт со претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, од партијата рекоа дека беа образложени измените на законот којшто треба да донесе поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација. Во вчерашните 88 гласа ЗА владината реформа на министерствата бројките го покажаа коалициониот капацитет:
58 гласа од ВМРО 14 од ВРЕДИ 6 од ЗНАМ 2 од турската ТДП 1 од ДПА 6 пратеници од ДУИ СДСМ со 16 и Левица со 6 беа ПРОТИВ со (вкупно 22 пратеници), а Моника Зајкова (ЛДП) отсутна.
За потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ова е првата голема победа за ВМРО-ДПМНЕ по изборите.
Тоа што го ветуваме го реализираме! Со огромно мнозинство! ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно! За Македонија! Доаѓаат поубави денови!, рече Николоски.

The post Добија гласови и од опозицијата: ВМРО-ДПМНЕ покажа капацитет за единство околу структуралните и битни прашања appeared first on Република.

]]>
Вреди: Вчерашната конструктивност ја омекна радикалната реторика на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-vcherashnata-konstruktivnost-ja-omekna-radikalnata-retorika-na-dui/ Sat, 08 Jun 2024 10:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=785690

Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција, велат од коалицијата Вреди, додавајќи дека после бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста.

Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок. Формирањето на ад хок собраниска комисија предводена од опозициски пратеник е добар чекор во зајакнување на контролата на законодавната врз извршната власт. ВЛЕН изразува задоволство што нашите апели кај некои пратеници на ДУИ вродија со плод. Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ. Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Cеверна Македонија, велат од Вреди.

The post Вреди: Вчерашната конструктивност ја омекна радикалната реторика на ДУИ appeared first on Република.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vmro-dpmne-nikogash-ne-bilo-posilno/ Sat, 08 Jun 2024 06:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=785635

Тоа што го ветуваме го реализираме, со огромно мнозинство!, порача доцна во ноќта потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, објавувајќи го изгласаниот закон, со кој ќе биде направена реорганизација на министерствата и кој беше поддржан од 88 пратеници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dobivme-novi-ministerstva-sobranieto-so-88-glasa-za-i-22-protiv-gi-donese-izmenite-na-zakonot-za-drzhavna-uprava/

Законот за реформа на министерствата и органите на државната управа е изгласан со 88 пратеници ЗА! Прва голема победа за ВМРО-ДПМНЕ по изборите!
Тоа што го ветуваме го реализираме! Со огромно мнозинство!
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно!
За Македонија! Доаѓаат поубави денови!, рече Николоски.

The post Николоски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно! appeared first on Република.

]]>

Тоа што го ветуваме го реализираме, со огромно мнозинство!, порача доцна во ноќта потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, објавувајќи го изгласаниот закон, со кој ќе биде направена реорганизација на министерствата и кој беше поддржан од 88 пратеници. https://republika.mk/vesti/makedonija/dobivme-novi-ministerstva-sobranieto-so-88-glasa-za-i-22-protiv-gi-donese-izmenite-na-zakonot-za-drzhavna-uprava/
Законот за реформа на министерствата и органите на државната управа е изгласан со 88 пратеници ЗА! Прва голема победа за ВМРО-ДПМНЕ по изборите! Тоа што го ветуваме го реализираме! Со огромно мнозинство! ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно! За Македонија! Доаѓаат поубави денови!, рече Николоски.

The post Николоски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно! appeared first on Република.

]]>
Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-komisiskata-rasprava-za-predlog-zakonot-za-reorganizatsija-na-organite-na-drzhavnata-uprava/ Fri, 07 Jun 2024 18:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=785592

На седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците вечерва започна расправата за Предлог законот за реорганизација на органите на државната управа, по скратена постапка. Седницата е прекината на половина час на барање на пратениците на СДСМ поради недоразбирање околу времетраењето за обраќање на пратеник, согласно новиот Деловник на Собранието.

Фатмир Битиќи, вицепремиер и пратеник од СДСМ, зборуваше за Предлог-законот изнесувајќи низа критики, меѓу кои и дека тој се носи без соодветна анализа и дебата, како и без објаснување како тој ќе ги смени животите на граѓаните. Според него, се зголемува бројот на министерства и другите органи а со тоа администрацијата ќе стане поробусна и уште понеефикасна. Обвини за недостаток на инклузивност поради фактот дека законот има само еден предлагач и во ситуација кога за носење на законот има потреба од двотретинско мнозинство. Изборните резултати, според Битиќи, не се трајна гаранција за легалитет.

Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов го опомена Битиќи дека го надминал времето за зборување, по што реагираше Славјанка Петровска исто така од СДСМ и побара да се цитира член од новиот Деловник во однос на времетраењето на дискусиите на пратениците. Како заменик-координатор Битиќи побара половина час пауза, за што Пренџов се согласи но побара и куса координација за да се надминат недоразбирањата.

Процедурална забелешка имаше и координаторот на пратениќката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој кажа дека ќе се работи се додека не се донесе Предлог-законот и да го исполнат она што граѓаните го побарале од нив.

Претседателот на Комисијата Пренџов на почетокот на седницата информираше дека за Предлог законот бил поднесен еден амандман од Левица кој бил одбиен како неуреден.

Претходно денеска Собранието ја изгласа потребата за носење на Предлог законот за реорганизација на органите на државната управа, што претставува вовед во формирање на новата Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

The post Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа appeared first on Република.

]]>

На седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците вечерва започна расправата за Предлог законот за реорганизација на органите на државната управа, по скратена постапка. Седницата е прекината на половина час на барање на пратениците на СДСМ поради недоразбирање околу времетраењето за обраќање на пратеник, согласно новиот Деловник на Собранието. Фатмир Битиќи, вицепремиер и пратеник од СДСМ, зборуваше за Предлог-законот изнесувајќи низа критики, меѓу кои и дека тој се носи без соодветна анализа и дебата, како и без објаснување како тој ќе ги смени животите на граѓаните. Според него, се зголемува бројот на министерства и другите органи а со тоа администрацијата ќе стане поробусна и уште понеефикасна. Обвини за недостаток на инклузивност поради фактот дека законот има само еден предлагач и во ситуација кога за носење на законот има потреба од двотретинско мнозинство. Изборните резултати, според Битиќи, не се трајна гаранција за легалитет. Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов го опомена Битиќи дека го надминал времето за зборување, по што реагираше Славјанка Петровска исто така од СДСМ и побара да се цитира член од новиот Деловник во однос на времетраењето на дискусиите на пратениците. Како заменик-координатор Битиќи побара половина час пауза, за што Пренџов се согласи но побара и куса координација за да се надминат недоразбирањата. Процедурална забелешка имаше и координаторот на пратениќката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој кажа дека ќе се работи се додека не се донесе Предлог-законот и да го исполнат она што граѓаните го побарале од нив. Претседателот на Комисијата Пренџов на почетокот на седницата информираше дека за Предлог законот бил поднесен еден амандман од Левица кој бил одбиен како неуреден. Претходно денеска Собранието ја изгласа потребата за носење на Предлог законот за реорганизација на органите на државната управа, што претставува вовед во формирање на новата Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

The post Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа appeared first on Република.

]]>
Собранието за в петок закажа седница за законските измени за реорганизација на министерствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-za-v-petok-zakazha-sednitsa-za-zakonskite-izmeni-za-reorganizatsija-na-ministerstvata/ Wed, 05 Jun 2024 17:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=785064

Собранието задутре ќе ја одржи втората седница, на чиј дневен ред е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Како што стои на собраниската веб страна, на дневен ред на оваа седница се и две други точки - Верификацијата на мандат на пратеници во Собранието на Република Македонија и Предлог на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

Собранието треба дополнително да го утврди мандатот на кандидатот за пратеник на пратеничката од шестата изборна единица Имрлије Салиу-Фетаи по прегласување на неколку избирачки места на 22 мај во оваа изборна единица.

Во образложението   за предложените измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа е наведено дека целта е реорганизација на министерствата и органите на државната управа, на начин што ќе овозможи нивно правилно функционирање, непоклопување на надлежностите и соодветна линија на отчетност врз основа на претходно дефинирани показатели на успешност на работа на институциите.

- Реорганизацијата на министерствата и другите органи на државната управа се врши со цел прилагодување на нивната работа на современите потреби на функционирањето на органите на државната управа, особено во смисла на поставување на поголем фокус на работите во областите на енергетиката, минералните суровини, рударството, како и на спортот. Во смисла на надлежностите, министерствата добиваат појасни надлежности, се разграничуваат испреплетените надлежности помеѓу постојните министерства и се овозможува простор да рамковното регулирање на органите на државната управа биде точно утврдено со материјални закони, се посочува во образложението.

Се наведува дека неопходноста од изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кој се предвидува и формирање нови министерства произлегува од фактот што некои органи на државната управа и управни организации како и самостојните органи не се функционални и не ја исполнуваат основната нивна функција односно истите не функционираат за поефикасно остварување на правата, должностите и интересите на граѓаните и правните лица.

ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска ги предложи во Собранието по скратена постапка измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со коишто ќе се прави нова реорганизација на владата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика сите пратеници да ги поддржат измените. Со ваквите измени, според Мицкоски, ќе добиеме ефикасност, осовременување на владата и да го подобриме животот на граѓаните.

-Ветивме функционална и правна држава, ефикасна Влада што ќе спроведе реформи. Суштината на огромната доверба од граѓаните е политиките кои што треба идната влада да ги спроведе за да има владеење на правото, да нема граѓани од втор ред, да се зајакне економијата, учениците да имаат учебници на почетокот на годината, во здравството да има услови, за земјоделците субвенции и се она што сме ветувале во програмата. За се ова да се спроведе е потребно да се донесат измените и реорганизација на ресорите на Владата, изјави Мицкоски.

The post Собранието за в петок закажа седница за законските измени за реорганизација на министерствата appeared first on Република.

]]>

Собранието задутре ќе ја одржи втората седница, на чиј дневен ред е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што стои на собраниската веб страна, на дневен ред на оваа седница се и две други точки - Верификацијата на мандат на пратеници во Собранието на Република Македонија и Предлог на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија. Собранието треба дополнително да го утврди мандатот на кандидатот за пратеник на пратеничката од шестата изборна единица Имрлије Салиу-Фетаи по прегласување на неколку избирачки места на 22 мај во оваа изборна единица. Во образложението   за предложените измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа е наведено дека целта е реорганизација на министерствата и органите на државната управа, на начин што ќе овозможи нивно правилно функционирање, непоклопување на надлежностите и соодветна линија на отчетност врз основа на претходно дефинирани показатели на успешност на работа на институциите.
- Реорганизацијата на министерствата и другите органи на државната управа се врши со цел прилагодување на нивната работа на современите потреби на функционирањето на органите на државната управа, особено во смисла на поставување на поголем фокус на работите во областите на енергетиката, минералните суровини, рударството, како и на спортот. Во смисла на надлежностите, министерствата добиваат појасни надлежности, се разграничуваат испреплетените надлежности помеѓу постојните министерства и се овозможува простор да рамковното регулирање на органите на државната управа биде точно утврдено со материјални закони, се посочува во образложението.
Се наведува дека неопходноста од изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кој се предвидува и формирање нови министерства произлегува од фактот што некои органи на државната управа и управни организации како и самостојните органи не се функционални и не ја исполнуваат основната нивна функција односно истите не функционираат за поефикасно остварување на правата, должностите и интересите на граѓаните и правните лица. ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска ги предложи во Собранието по скратена постапка измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со коишто ќе се прави нова реорганизација на владата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика сите пратеници да ги поддржат измените. Со ваквите измени, според Мицкоски, ќе добиеме ефикасност, осовременување на владата и да го подобриме животот на граѓаните.
-Ветивме функционална и правна држава, ефикасна Влада што ќе спроведе реформи. Суштината на огромната доверба од граѓаните е политиките кои што треба идната влада да ги спроведе за да има владеење на правото, да нема граѓани од втор ред, да се зајакне економијата, учениците да имаат учебници на почетокот на годината, во здравството да има услови, за земјоделците субвенции и се она што сме ветувале во програмата. За се ова да се спроведе е потребно да се донесат измените и реорганизација на ресорите на Владата, изјави Мицкоски.

The post Собранието за в петок закажа седница за законските измени за реорганизација на министерствата appeared first on Република.

]]>
Левица ќе ја поддржи реорганизацијата на министерствата, ако ВМРО-ДПМНЕ прифати една изборна единица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levitsa-ke-ja-poddrzhi-reorganizatsijata-na-ministerstvata-ako-vmro-dpmne-prifati-edna-izborna-edinitsa/ Wed, 05 Jun 2024 13:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=785007

Левица соопшти дека дава условна поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кои ќе се овозможува реструктуирање на министерствата и зголемување на нивниот број по барање на коалицијата која го сочинува новото мнозинство во Парламентот, но бара од ВМРО-ДПМНЕ да прифати промена на изборниот модел и воведување една изборна единица.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-gi-objavi-predlozite-ke-ima-novi-ministerstva-za-energetika-za-sport-i-za-digitalna-transformatsija/

Левица повторно подава рака на ДПМНЕ за овие законски измени да бидат поддржани од нивните пратеници, со едноставен услов - паралелно со ова да се изгласа и Законот со кој ќе се промени изборниот модел и ќе биде воведена една изборна единица! Воведувањето на една изборна единица во Република Македонија е неопходно заради еднаквото вреднување на секој глас на граѓаните даден на изборите. Од мисијата на ОБСЕ веќе со години во своите извештаи препорачуваат ваков изборен модел во државата, а ова не би требало да биде проблем за прифаќање од страна на ДПМНЕ, со оглед на тоа дека тие во својата програма и во предизборните ветувања најавија вакво системско решение, се наведува во соопштението од Левица.

Потсетуваат дека измените за Изборниот законик беа поднесени и во претходниот парламентарен состав, а ваквото законско решение најчесто не се спроведува поради коалициите на владејачките партии со партиите од т.н. албански блок, кои, како што наведуваат, „заради националистички мотиви и намалување на вредноста на гласовите на граѓаните од другите етникуми, не дозволуваат измена во овој закон“.

The post Левица ќе ја поддржи реорганизацијата на министерствата, ако ВМРО-ДПМНЕ прифати една изборна единица appeared first on Република.

]]>

Левица соопшти дека дава условна поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кои ќе се овозможува реструктуирање на министерствата и зголемување на нивниот број по барање на коалицијата која го сочинува новото мнозинство во Парламентот, но бара од ВМРО-ДПМНЕ да прифати промена на изборниот модел и воведување една изборна единица. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-gi-objavi-predlozite-ke-ima-novi-ministerstva-za-energetika-za-sport-i-za-digitalna-transformatsija/
Левица повторно подава рака на ДПМНЕ за овие законски измени да бидат поддржани од нивните пратеници, со едноставен услов - паралелно со ова да се изгласа и Законот со кој ќе се промени изборниот модел и ќе биде воведена една изборна единица! Воведувањето на една изборна единица во Република Македонија е неопходно заради еднаквото вреднување на секој глас на граѓаните даден на изборите. Од мисијата на ОБСЕ веќе со години во своите извештаи препорачуваат ваков изборен модел во државата, а ова не би требало да биде проблем за прифаќање од страна на ДПМНЕ, со оглед на тоа дека тие во својата програма и во предизборните ветувања најавија вакво системско решение, се наведува во соопштението од Левица.
Потсетуваат дека измените за Изборниот законик беа поднесени и во претходниот парламентарен состав, а ваквото законско решение најчесто не се спроведува поради коалициите на владејачките партии со партиите од т.н. албански блок, кои, како што наведуваат, „заради националистички мотиви и намалување на вредноста на гласовите на граѓаните од другите етникуми, не дозволуваат измена во овој закон“.

The post Левица ќе ја поддржи реорганизацијата на министерствата, ако ВМРО-ДПМНЕ прифати една изборна единица appeared first on Република.

]]>
Реорганизацијата на Клинички центар ќе биде до крај на мај или почеток на јуни исднава година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reorganizatsijata-na-klinichki-tsentar-ke-bide-do-kraj-na-maj-ili-pochetok-na-juni-isdnava-godina/ Mon, 11 Dec 2023 18:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=721877

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Фатмир Меџити велат дека укинувањето на организациските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и тамошната реорганизација ќе остане за по изборите во мај.

Во одговор на новинарско прашање, Ковачевски посочи дека процесот е почнат уште одамна, но биле спречени да го завршат поради, како што рече, повеќето кризи и предизвици.

Скоро четири години сме прво во ковид криза, енергетска криза, економска криза, меѓутоа кога првиот момент кога капацитетите на медицинскиот кадар и кога капацитетите на Министерството за здравство влегоа во понормални води, министерот веднаш поднесе информација што едногласно беше усвоена во Владата. Повторно спојување и да имаме еден клинички центар во којшто ќе се знае одговорноста, обврските и надлежностите, низ една хиерархија којашто ќе биде договорена низ процесот на имплементација на оваа информација и соодветните заклучоци коишто се донесени, изјави Ковачевски.

Меџити рече дека останува посветен на ова прашања кое го смета за приоритет откако е поставен да го раководи ресорот здравство.

Навистина безрезервна поддршка имаше премиерот кон мене како министер и кон сите членови на Влада. За ова главните борци бевме да го тераме до крај јас и премиерот и ова ќе биде реалност некаде до крај на мај или почеток на јуни. Нормално, течат сите процедури, треба да се спојат, 33 управни одбори, 33 медицински, 33 организациски директори. Веќе нема да дозволиме рековме од првиот ден здравството да биде во ваква состојба, сите наши планови се реализираат со конкретната динамика што ја имавме досега, изјави Меџити.

На новинарско прашање што ако новиот состав на владата не го продолжи процесот премиерот Ковачевски кратко одговори дека ќе биде истата влада.

The post Реорганизацијата на Клинички центар ќе биде до крај на мај или почеток на јуни исднава година appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Фатмир Меџити велат дека укинувањето на организациските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и тамошната реорганизација ќе остане за по изборите во мај. Во одговор на новинарско прашање, Ковачевски посочи дека процесот е почнат уште одамна, но биле спречени да го завршат поради, како што рече, повеќето кризи и предизвици.
Скоро четири години сме прво во ковид криза, енергетска криза, економска криза, меѓутоа кога првиот момент кога капацитетите на медицинскиот кадар и кога капацитетите на Министерството за здравство влегоа во понормални води, министерот веднаш поднесе информација што едногласно беше усвоена во Владата. Повторно спојување и да имаме еден клинички центар во којшто ќе се знае одговорноста, обврските и надлежностите, низ една хиерархија којашто ќе биде договорена низ процесот на имплементација на оваа информација и соодветните заклучоци коишто се донесени, изјави Ковачевски.
Меџити рече дека останува посветен на ова прашања кое го смета за приоритет откако е поставен да го раководи ресорот здравство.
Навистина безрезервна поддршка имаше премиерот кон мене како министер и кон сите членови на Влада. За ова главните борци бевме да го тераме до крај јас и премиерот и ова ќе биде реалност некаде до крај на мај или почеток на јуни. Нормално, течат сите процедури, треба да се спојат, 33 управни одбори, 33 медицински, 33 организациски директори. Веќе нема да дозволиме рековме од првиот ден здравството да биде во ваква состојба, сите наши планови се реализираат со конкретната динамика што ја имавме досега, изјави Меџити.
На новинарско прашање што ако новиот состав на владата не го продолжи процесот премиерот Ковачевски кратко одговори дека ќе биде истата влада.

The post Реорганизацијата на Клинички центар ќе биде до крај на мај или почеток на јуни исднава година appeared first on Република.

]]>
Бектеши очекува поддршка од 120 пратеници за реорганизацијата во Министерството за економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-ochekuva-poddrshka-od-120-pratenici-za-reorganizacijata-vo-ministerstvoto-za-ekonomija/ Wed, 23 Nov 2022 19:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=577475

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека очекува големо мнозинство од пратениците во Собранието да ја поддржат најавената реогранизација на Министерството за економија.

Јас сум убеден дека не само две третини, туку 120 пратеници треба да гласаат за вакви законски решенија кои се носат преку дебата со сите засегнати страни, со надворешни и внатрешни експерти. Ако во случај одредена политичка партија одлучи да не се прави ваква реформа и ние да се вратиме назад, а не да одиме напред, тоа е нивна одговорност. Иако јас не верувам дека во нашето Собрание, освен можеби една политичка партија, Левица на пример, другите се против реформите, истакна вечерва министерот за економија Крешник Бектеши при гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Министерството за економија во моментот е институција која покрива 14 сектори и има осум агенции. До 1 јули во 2023 година ќе треба да се реорганизира во пет директорати, четири агенции да се спојат во две, два инспектората во еден и да има унифициран економски регулатор.

Бектеши посочи дека Министерството за економија е едно од трите министерства кои доброволно се пријавиле за учество во пилот проектот за реформи на јавната администрација што е финансиран од Европската Унија. Останатите две се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество и администрација.

Не може во една институција со 14 сектори, се да потпише министерот. Прво, не може да постигне да потпише стотина лиценци, документи, известувања, одлуки, мислења. Значи треба да се делегира и одговорноста и работата на директоратите, на стручните лица кои таа работа ќе ја завршат согласно законските одредби, законските акти, правилници и регулативите кои произлегуваат законите за кои е надлежно едно министерство, нагласи министерот за економија.

Тој појасни дека целта на проектот е да имаме поквалитетни јавни услуги, со помалку трошоци и воедно да се зголеми степенот на професионалност на државната администрација, да има подобри услуги и за граѓаните и за бизнис секторот.

Во Министерството за економија сум кажал и ќе повторам дека треба да се направи ваква реорганизација, заклучи Бектеши.

The post Бектеши очекува поддршка од 120 пратеници за реорганизацијата во Министерството за економија appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека очекува големо мнозинство од пратениците во Собранието да ја поддржат најавената реогранизација на Министерството за економија.
Јас сум убеден дека не само две третини, туку 120 пратеници треба да гласаат за вакви законски решенија кои се носат преку дебата со сите засегнати страни, со надворешни и внатрешни експерти. Ако во случај одредена политичка партија одлучи да не се прави ваква реформа и ние да се вратиме назад, а не да одиме напред, тоа е нивна одговорност. Иако јас не верувам дека во нашето Собрание, освен можеби една политичка партија, Левица на пример, другите се против реформите, истакна вечерва министерот за економија Крешник Бектеши при гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.
Министерството за економија во моментот е институција која покрива 14 сектори и има осум агенции. До 1 јули во 2023 година ќе треба да се реорганизира во пет директорати, четири агенции да се спојат во две, два инспектората во еден и да има унифициран економски регулатор. Бектеши посочи дека Министерството за економија е едно од трите министерства кои доброволно се пријавиле за учество во пилот проектот за реформи на јавната администрација што е финансиран од Европската Унија. Останатите две се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество и администрација.
Не може во една институција со 14 сектори, се да потпише министерот. Прво, не може да постигне да потпише стотина лиценци, документи, известувања, одлуки, мислења. Значи треба да се делегира и одговорноста и работата на директоратите, на стручните лица кои таа работа ќе ја завршат согласно законските одредби, законските акти, правилници и регулативите кои произлегуваат законите за кои е надлежно едно министерство, нагласи министерот за економија.
Тој појасни дека целта на проектот е да имаме поквалитетни јавни услуги, со помалку трошоци и воедно да се зголеми степенот на професионалност на државната администрација, да има подобри услуги и за граѓаните и за бизнис секторот.
Во Министерството за економија сум кажал и ќе повторам дека треба да се направи ваква реорганизација, заклучи Бектеши.

The post Бектеши очекува поддршка од 120 пратеници за реорганизацијата во Министерството за економија appeared first on Република.

]]>
Реорганизацијата, спојувањето и укинувањето на агенциите почнува од три министерства https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reorganizacijata-spojuvanjeto-i-ukinuvanjeto-na-agenciite-pochnuva-od-tri-ministerstva/ Fri, 18 Nov 2022 07:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=574985

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија се првите министерства што учествуваат во пилот постапката за реорганизација во рамки на ИПА-проектот, финансиран и поддржан од Европската Унија, во кој учествува целата Влада.

Како што информираше на денешната конференција, Слаѓана Тасева, претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија и тим лидер на проектот, со постапката се направени анализи на сите 17 министерства за тоа како би можело да се реорганизираат, со цел да се обезбеди водење на политики, отчетност, надзор и контрола, што ќе биде целосно под една капа, или под контрола од страна на министрите, со што, според нив, ќе се овозможи јасна линија на отчет, исполнување на обврските и јасна линија на буџетирање. Со ова, како што вели, ќе се избегне праксата на создавање на независни институции надвор од закон.

Како што ние имавме пракса да создаваме независни институции, агенции со посебни закони, така што сето тоа ќе се подведе под еден закон и ќе се воспостави целосно нова архитектура и структура на работењето на државната управа што ќе обезбеди таа да биде поекономична, поефикасна, поодговорна и отчетна кон граѓаните, рече таа.

Во пракса, како што информираше министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, ова ќе значи дека неколку институции и агенции ќе бидат споено во едно.

Бидејќи засега има констатации од експертите дека ја вршат истата работа и треба да бидат едно, а не две или три во некои случаи. Исто така, ќе имаа агенции кои ќе бидат затворени, односно трансферирани како сектор во некое друго министерство, бидејќи експертите, исто така, во тој случај констатираат дека не мора да има некоја агенција со седум члена на Управен одбор и директор, односно само администрацијата е важна во таа агенција, рече тој.

На новинарско прашање дали тоа ќе значи намалување на вработените, министерот одговори дека ќе има намалување на бројот на директори и на членови на управни одбори, а не на вработените.

Вработените ќе бидат трансферирани. Значи, со реорганизација нема ниеден вработен да биде отпуштен од работа бидејќи посебно во централна власт ние имаме дефицит на вработени, така што можно е да има прераспределување, меѓутоа вработените ќе останат. А, да ќе има директори кои денеска се директори, а во 2024 штом таа институција нема да има веќе директор нема да бидат директори, рече тој.

Како пример го посочи постоечкиот Инспекциски совет, кој, со реорганизацијата нема да постои, односно, како што рече, администрацијата што е во Инспекциски совет ќе биде трансферирана во министерството, исто што и МАРНЕТ, кој ќе биде префрлен во Министерството за образование и наука.

Амбасадорот Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата не Европската Унија, истакна дека ефикасни државни институции се од клучна важност за развојот на секоја земја и особено за испораката на услуги на граѓаните. Како што рече, тие, исто така, ќе бидат од суштинска важност за напредокот на оваа земја на својот пат кон ЕУ.

Oва е особено важно бидејќи нема воспоставен закон на ЕУ во врска со уставната структура, ниту пак постои единствен модел меѓу земјите членки на ЕУ, што значи дека постои богата разновидност на избори коишто се базираат на основните критериуми за обезбедување на отчетност, ефикасност на јавната администрација. ЕУ игра важна улога во овој процес преку финансирање на експертите како дел од овој функционален преглед, рече тој.

Евроамбасадорот посочи дека треба да се очекуваат дополнувања за преостанатите министерства, а според него, реформата на јавната администрација е во сржта на овој процес.

Без развивање на делотворна и ефикасна администрација процесот на пристапување нема да биде успешен не само заради тоа што се потребни реформи, не само заради инфраструктурата која што треба да се воспостави и ја вклучува администрацијата, туку и заради тоа што идната земја членка треба да има администрација со капацитет што ќе обезбеди спроведување на европското право и да обезбеди земјата да може да биде еднаков партнер којшто може да ги искористи можностите коишто постојат преку пристапувањето, порача евроамбасадорот.

Вицепремиерот, Артан Груби, истакна дека доброто функционирање на институциите е предуслов за креирање и успешно спроведување на политики кои го промовираат социјално-економскиот развој во нашата земја.

Последните извештаи на Европската Комисија континуирано се однесуваат на приоритетите за зголемување на професионалноста и унапредување на ефикасноста на државната администрација, што е можно само преку воспоставување на јасни линии на одговорност и зголемување на нивото на транспарентност, како и намалување на нивниот број, рече тој.

Груби, исто така, информираше дека по завршувањето на пилот проектот, Владата се обврза да го започне процесот на реорганизација од јануари 2024 година.

The post Реорганизацијата, спојувањето и укинувањето на агенциите почнува од три министерства appeared first on Република.

]]>

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија се првите министерства што учествуваат во пилот постапката за реорганизација во рамки на ИПА-проектот, финансиран и поддржан од Европската Унија, во кој учествува целата Влада. Како што информираше на денешната конференција, Слаѓана Тасева, претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија и тим лидер на проектот, со постапката се направени анализи на сите 17 министерства за тоа како би можело да се реорганизираат, со цел да се обезбеди водење на политики, отчетност, надзор и контрола, што ќе биде целосно под една капа, или под контрола од страна на министрите, со што, според нив, ќе се овозможи јасна линија на отчет, исполнување на обврските и јасна линија на буџетирање. Со ова, како што вели, ќе се избегне праксата на создавање на независни институции надвор од закон.
Како што ние имавме пракса да создаваме независни институции, агенции со посебни закони, така што сето тоа ќе се подведе под еден закон и ќе се воспостави целосно нова архитектура и структура на работењето на државната управа што ќе обезбеди таа да биде поекономична, поефикасна, поодговорна и отчетна кон граѓаните, рече таа.
Во пракса, како што информираше министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, ова ќе значи дека неколку институции и агенции ќе бидат споено во едно.
Бидејќи засега има констатации од експертите дека ја вршат истата работа и треба да бидат едно, а не две или три во некои случаи. Исто така, ќе имаа агенции кои ќе бидат затворени, односно трансферирани како сектор во некое друго министерство, бидејќи експертите, исто така, во тој случај констатираат дека не мора да има некоја агенција со седум члена на Управен одбор и директор, односно само администрацијата е важна во таа агенција, рече тој.
На новинарско прашање дали тоа ќе значи намалување на вработените, министерот одговори дека ќе има намалување на бројот на директори и на членови на управни одбори, а не на вработените.
Вработените ќе бидат трансферирани. Значи, со реорганизација нема ниеден вработен да биде отпуштен од работа бидејќи посебно во централна власт ние имаме дефицит на вработени, така што можно е да има прераспределување, меѓутоа вработените ќе останат. А, да ќе има директори кои денеска се директори, а во 2024 штом таа институција нема да има веќе директор нема да бидат директори, рече тој.
Како пример го посочи постоечкиот Инспекциски совет, кој, со реорганизацијата нема да постои, односно, како што рече, администрацијата што е во Инспекциски совет ќе биде трансферирана во министерството, исто што и МАРНЕТ, кој ќе биде префрлен во Министерството за образование и наука. Амбасадорот Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата не Европската Унија, истакна дека ефикасни државни институции се од клучна важност за развојот на секоја земја и особено за испораката на услуги на граѓаните. Како што рече, тие, исто така, ќе бидат од суштинска важност за напредокот на оваа земја на својот пат кон ЕУ.