реновирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/renoviranje/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 13:36:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реновирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/renoviranje/ 32 32 Почна реновирањето на просторот каде што е сместен Националниот џез-оркестар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochna-renoviraneto-na-prostorot-kade-shto-e-smesten-natsionalniot-dhez-orkestar/ Thu, 14 Mar 2024 12:26:18 +0000 https://republika.mk/?p=754742

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на „ТАВ констракшнс“, Фатин Кан, и претставници на Националниот џез-оркестар извршија увид во почетокот на реновирањето на просторот доделен на НУ Национален џез-оркестар.

Министерката за култура рече дека Џез-оркестарот секојдневно ја потврдува важноста на своето постоење, ги оправдува очекувањата и го потврдува реномето на репрезентативен музички ансамбл кој ја афирмира македонската култура во државава и надвор од неа.

Министерката за култура информираше дека на околу 500 квадратни метри ќе имаме најсовремени услови за работа на Оркестарот, со просторија за проби, магацини за инструменти, канцеларии за администрација, студио за снимање и режија и сето она што е неопходно за квалитетно творештво. Со проектот, како што додаде Костадиновска-Стојчевска, комплетно се реновираат подните и ѕидните површини и плафоните, а се поставува и нов систем за ладење и греење.

Вицепремиерот Битиќи, честитајќи го почекот на работите, подвлече дека досега со ТАВ и „ТАВ констракшн“, Владата има одлична реализација на сите проекти од ТАВ-програмата, што дава доверба дека и овој проект, како и другите, ќе биде завршен квалитетно и навремено.

До овој ден, речиси 70 проекти се реализирани од ТАВ-програмата, ни остануваат уште 23 проекти да ги дореализираме. Вкупната вредност е 49,7 милиони евра, а како што кажа и министерката за култура, овој проект, новиот дом на џезерите, „куќата на џезерите“, доби од Владата над 11 милиони и 700 илјади денари, од кои 10 милиони се средства од ТАВ-програмата, преостанатите од Министерството за култура – истакна вицепремиерот Битиќи.

Просторот на НУ Национален џез-оркестар се наоѓа во подрумскиот дел на Националната опера и балет и почна да се адаптира по потпишаниот Договор меѓу вицепремиерот Битиќи, министерката за култура Костадиновска-Стојчевска и претставниците на ТАВ и „ТАВ констракшнс“, пред два месеца.

 

The post Почна реновирањето на просторот каде што е сместен Националниот џез-оркестар appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на „ТАВ констракшнс“, Фатин Кан, и претставници на Националниот џез-оркестар извршија увид во почетокот на реновирањето на просторот доделен на НУ Национален џез-оркестар. Министерката за култура рече дека Џез-оркестарот секојдневно ја потврдува важноста на своето постоење, ги оправдува очекувањата и го потврдува реномето на репрезентативен музички ансамбл кој ја афирмира македонската култура во државава и надвор од неа. Министерката за култура информираше дека на околу 500 квадратни метри ќе имаме најсовремени услови за работа на Оркестарот, со просторија за проби, магацини за инструменти, канцеларии за администрација, студио за снимање и режија и сето она што е неопходно за квалитетно творештво. Со проектот, како што додаде Костадиновска-Стојчевска, комплетно се реновираат подните и ѕидните површини и плафоните, а се поставува и нов систем за ладење и греење. Вицепремиерот Битиќи, честитајќи го почекот на работите, подвлече дека досега со ТАВ и „ТАВ констракшн“, Владата има одлична реализација на сите проекти од ТАВ-програмата, што дава доверба дека и овој проект, како и другите, ќе биде завршен квалитетно и навремено.
До овој ден, речиси 70 проекти се реализирани од ТАВ-програмата, ни остануваат уште 23 проекти да ги дореализираме. Вкупната вредност е 49,7 милиони евра, а како што кажа и министерката за култура, овој проект, новиот дом на џезерите, „куќата на џезерите“, доби од Владата над 11 милиони и 700 илјади денари, од кои 10 милиони се средства од ТАВ-програмата, преостанатите од Министерството за култура – истакна вицепремиерот Битиќи.
Просторот на НУ Национален џез-оркестар се наоѓа во подрумскиот дел на Националната опера и балет и почна да се адаптира по потпишаниот Договор меѓу вицепремиерот Битиќи, министерката за култура Костадиновска-Стојчевска и претставниците на ТАВ и „ТАВ констракшнс“, пред два месеца.  

The post Почна реновирањето на просторот каде што е сместен Националниот џез-оркестар appeared first on Република.

]]>
Во четврток ќе почне реконструкцијата на ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-chetvrtok-ke-pochne-rekonstruktsijata-na-ou-vladislav-ribnikar-na-vrachar/ Tue, 04 Jul 2023 08:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=657920

Работите на реновирањето на основното училиште „Владислав Рибникар“ каде на почетокот на мај се случи масовно убиство, ќе почнат задутре, објавуваат медиумите во Србија.

Целосно ќе се реновира внатрешноста на делот од зградата со влез од улицата „Светозар Марковиќ“.

„Избрано е да се работи само на тоа, бидејќи тоа е единственото нешто што може да се направи до први септември, навел изворот.

Работата за адаптација на ОУ „Владислав Рибникар“ ја доби компанијата „Јадран“ во постапка со преговарање што ја објави министерството за јавни инвестиции. Во Решението за доделување на договорот е наведено дека вредноста на работата изнесува 18.095.906 динари со вклучен ДДВ или околу 154.000 евра.

Поминаа два месеци откако седмоодделенец на ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград влегол со пиштол во училиштето, каде уби осум ученици и еден вработен во обезбедувањето. Потоа ранил уште шест ученици и една професорка, а една ученичка подоцна им подлегна на повредите.

The post Во четврток ќе почне реконструкцијата на ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар appeared first on Република.

]]>

Работите на реновирањето на основното училиште „Владислав Рибникар“ каде на почетокот на мај се случи масовно убиство, ќе почнат задутре, објавуваат медиумите во Србија. Целосно ќе се реновира внатрешноста на делот од зградата со влез од улицата „Светозар Марковиќ“.
„Избрано е да се работи само на тоа, бидејќи тоа е единственото нешто што може да се направи до први септември, навел изворот.
Работата за адаптација на ОУ „Владислав Рибникар“ ја доби компанијата „Јадран“ во постапка со преговарање што ја објави министерството за јавни инвестиции. Во Решението за доделување на договорот е наведено дека вредноста на работата изнесува 18.095.906 динари со вклучен ДДВ или околу 154.000 евра. Поминаа два месеци откако седмоодделенец на ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград влегол со пиштол во училиштето, каде уби осум ученици и еден вработен во обезбедувањето. Потоа ранил уште шест ученици и една професорка, а една ученичка подоцна им подлегна на повредите.

The post Во четврток ќе почне реконструкцијата на ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар appeared first on Република.

]]>
По повеќе од 60 години реновирана дел од Клиниката за гастроентерохепатологија со донација од САД https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-poveke-od-60-godini-renovirana-del-od-klinikata-za-gastroenterohepatologija-so-donatsija-od-sad/ Fri, 24 Mar 2023 14:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=623262

Заврши реновирањето на дел од Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, со што ќе се овозможи најтешко болните од цела држава кои имаат потреба од третман на оваа Клиника да престојуваат во достоинствени услови и да добиваат современи медицински услуги во новоопремените кабинети за дијагностички и интервентни процедури.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска, заедно со амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, придружуван од министерот за здравство, Фатмир Меџити го посети реновираниот дел на Клиниката за гастроентерохепатологија, истакна дека ова е прво вакво реновирање од како е формирана оваа Клиника по 1950 година. Средствата во висина од над 400.000 долари се обезедени од Владата на САД, односно од американската Команда за Европа преку Програмата за хуманитарна помош од САД, преку која во тек е проширување и на капацитетите на Клиниката за хематологија, а се проширени капацитетите и се реновирани операционите сали на Клиниката за максилофацијална хирургија.

Вкупно околу 14 милиони долари во изминатите 13 години е поддршката преку оваа американска програма за хуманитарна помош во здравството, образованието и во менаџирањето со кризи и ова е вистинско пријателство на дело. Тоа е потврда дека САД се наш најголем пријател од првиот ден на независноста до денес и во иднина. Република Македонија е на вистинскиот колосек имаме вистински и искрени пријатели од меѓунариодниот демократски свет и ете ова значио да се биде кредибилен партнер на меѓународната заедница, рече Ковачевски упатувајќи благодарност до САД за огромната пооддршка на земјава во сите важни процеси, но и на конкретно ниво преку проекти од суштинско значење за квалитетот на животот на нашите граѓани.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити потенцира дека се посветени на подобрување на здравствениот систем во државата преку инвестирање во овој систем, за што во тек се инвестиции за обнова на здравствени проекти, кадар и за унапредување на условите за вработените.

Амбасадорката на САД во земјата Агелер потенцира дека овој проект донација од 400.000 долари на Европската команда на војската на САД е само уште еден пример на долгорочната посветеност да и помогнеме на Македонија да изгради доверба и квалитет во нејзините институции.

Во последните 10 години преку Европската команда на војската на САД обезбедивме преку 13,5 милиони долари за да го подобриме кватитетот на животот на граѓаните на оваа земја,. Преку проекти како овие САД и Северна М заедно ќе продолжат да градат поздарви, посилни и многупопресперитени земји, порача амбасадорката Агелер.

Директорката на Клиниката, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова изрази задоволство од завршувањето на реновирањето на дел од Клиниката, кое е прво темелно реновирање по период од над 60 години, со што пациентите и вработените во оваа клиника добиваат модерен простор кој целосно ги задоволува највисоките стандарди за медицински третман и нега. Таа нагласи дека паралелно со реновирањето се одвивала и работата на Клиниката при што со посветеноста на секој еден вработен биле реализирани меѓу другото 18.118 амбулантски прегледи и над 2300 хоспитализации на пациенти.

Пред неполни четири години го реновиравме третиот крак на Клиниката, а во амбулантниот дел го отворивме Центарот за болести на црниот дроб, што значи дека денес означуваме комплетно завршување на еден процес и може да се каже дека имаме најсовремени услови за работа што одговараат на терциерна здравствена установа која е единствена од ваков вид во земјава. Но, имаме многу планови за во иднина и нема да останеме на ова, порача Гривчева - Старделова.

Клиниката со помош на американската донација е реновирана од корен со поставување на водоводна и нова електрична инсталација и систем за вентилација и центарлен кислород, а обновени се и работните просртории на медицинскиот персонал.

 

The post По повеќе од 60 години реновирана дел од Клиниката за гастроентерохепатологија со донација од САД appeared first on Република.

]]>

Заврши реновирањето на дел од Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, со што ќе се овозможи најтешко болните од цела држава кои имаат потреба од третман на оваа Клиника да престојуваат во достоинствени услови и да добиваат современи медицински услуги во новоопремените кабинети за дијагностички и интервентни процедури. Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска, заедно со амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, придружуван од министерот за здравство, Фатмир Меџити го посети реновираниот дел на Клиниката за гастроентерохепатологија, истакна дека ова е прво вакво реновирање од како е формирана оваа Клиника по 1950 година. Средствата во висина од над 400.000 долари се обезедени од Владата на САД, односно од американската Команда за Европа преку Програмата за хуманитарна помош од САД, преку која во тек е проширување и на капацитетите на Клиниката за хематологија, а се проширени капацитетите и се реновирани операционите сали на Клиниката за максилофацијална хирургија.
Вкупно околу 14 милиони долари во изминатите 13 години е поддршката преку оваа американска програма за хуманитарна помош во здравството, образованието и во менаџирањето со кризи и ова е вистинско пријателство на дело. Тоа е потврда дека САД се наш најголем пријател од првиот ден на независноста до денес и во иднина. Република Македонија е на вистинскиот колосек имаме вистински и искрени пријатели од меѓунариодниот демократски свет и ете ова значио да се биде кредибилен партнер на меѓународната заедница, рече Ковачевски упатувајќи благодарност до САД за огромната пооддршка на земјава во сите важни процеси, но и на конкретно ниво преку проекти од суштинско значење за квалитетот на животот на нашите граѓани.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити потенцира дека се посветени на подобрување на здравствениот систем во државата преку инвестирање во овој систем, за што во тек се инвестиции за обнова на здравствени проекти, кадар и за унапредување на условите за вработените. Амбасадорката на САД во земјата Агелер потенцира дека овој проект донација од 400.000 долари на Европската команда на војската на САД е само уште еден пример на долгорочната посветеност да и помогнеме на Македонија да изгради доверба и квалитет во нејзините институции.
Во последните 10 години преку Европската команда на војската на САД обезбедивме преку 13,5 милиони долари за да го подобриме кватитетот на животот на граѓаните на оваа земја,. Преку проекти како овие САД и Северна М заедно ќе продолжат да градат поздарви, посилни и многупопресперитени земји, порача амбасадорката Агелер.
Директорката на Клиниката, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова изрази задоволство од завршувањето на реновирањето на дел од Клиниката, кое е прво темелно реновирање по период од над 60 години, со што пациентите и вработените во оваа клиника добиваат модерен простор кој целосно ги задоволува највисоките стандарди за медицински третман и нега. Таа нагласи дека паралелно со реновирањето се одвивала и работата на Клиниката при што со посветеноста на секој еден вработен биле реализирани меѓу другото 18.118 амбулантски прегледи и над 2300 хоспитализации на пациенти.
Пред неполни четири години го реновиравме третиот крак на Клиниката, а во амбулантниот дел го отворивме Центарот за болести на црниот дроб, што значи дека денес означуваме комплетно завршување на еден процес и може да се каже дека имаме најсовремени услови за работа што одговараат на терциерна здравствена установа која е единствена од ваков вид во земјава. Но, имаме многу планови за во иднина и нема да останеме на ова, порача Гривчева - Старделова.
Клиниката со помош на американската донација е реновирана од корен со поставување на водоводна и нова електрична инсталација и систем за вентилација и центарлен кислород, а обновени се и работните просртории на медицинскиот персонал.  

The post По повеќе од 60 години реновирана дел од Клиниката за гастроентерохепатологија со донација од САД appeared first on Република.

]]>
Мариупол претворен во огромно градилиште: Се реновираат згради, се градат мостови, работат пекарите и градскиот превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mariupol-pretvoren-vo-ogromno-gradilishte-se-renoviraat-zgradi-se-gradat-mostovi-rabotat-pekarite-i-gradskiot-prevoz/ Mon, 15 Aug 2022 11:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=540482

По заминувањето на украинските сили од Маријупол, во западните медиуми практично нема ниту збор за тоа што се случува во градот.

Мариупол е под контрола на руските сили од 21 април 2022 година, а оттогаш во градот се уште има разурнати згради, кои сè уште сведочат за тоа дека таму се воделе жестоки битки.

Некаде до крајот на март, на улиците на Маријупол можеа да се видат и тела на мртви луѓе, но, животот полека се враќа во најголемиот приморски град во Донбас. Ги нема повеќе ужасните слики со гробови во паркови, тревници, дворови на згради...

Додека војната се уште трае во еден дел од Донбас, во Маријупол градежници од различни делови на Русија интензивно работат за граѓаните на тој, некогаш убав, град на брегот на Азовското Море, да ја дочекаат зимата во топли станови. Специјалната комисија досега извршила увид во 2.400 инфраструктурни објекти и станбени објекти со цел да се утврди што може да се санира, односно кои објекти се предвидени за уривање.

Штетата е огромна и проверените објекти се проценуваат на 45,9 милијарди рубљи. Тоа не се само станбени згради, туку и училишта, градинки, храмови, локалниот Драмски театар - велат од Комисијата.

https://twitter.com/Ozrenka8/status/1558417031678099456?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1558417031678099456%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F661185%2Fmarijupolj-zivi-novi-zivot-u-ukrajinskom-staljingradu-se-gradi-na-sve-strane-ljudi-idu-na-plaze-rade-pekare-i-gradski-prevoz%2Fvest

Вкупно пред војната во Мариупол имало 2.778 објекти, а 2.165 од нив биле оштетени или уништени. Зградите погодени од артилериски гранати или тенковски гранати мора да се урнат бидејќи нивната статика е нарушена - се додава во извештајот.

Градежниците прво морале да го исчистат градот од мините поставени од украинската армија. Пронајдени и уништени се речиси 35.000 мини.

Огромно количество оружје и експлозив е пронајдено од територијата на челичарницата „Азовстал“, каде што до предавањето беа засолнети националистичките баталјони „Азов“ и единиците на украинските маринци.

Покрај зградите, се санираат и оштетените мостови. Руските компании почнаа подготвителни работи за реставрација на мостот во предградието на Маријупол, а речиси секоја недела се отвора ново градилиште во градот.

Обновен е железничкиот сообраќај меѓу двата големи града Доњецк и Маријупол. За време на војната, 90 проценти од таа пруга беше уништена, па шините мораше да се постават од почеток, а првиот воз на обновената пруга почна да сообраќа во средината на јули. Градоначалникот на Мариупол, Константин Ивашченко, вели дека е многу важно да се воспостави сообраќај меѓу двата најголеми града, како и да се направи тоа со локалното пристаниште, кое веќе е во функција.

https://republika.mk/vesti/svet/vo-mariupol-se-izveduva-rekonstrukcija-na-pristanishteto-razurnato-od-borbite/

Во градот веќе ги нема ниту мрачни слики на луѓе кои чекаат леб. Отворени се пекари, во повеќето згради погодни за живеење се донесени вода и струја. Јавниот превоз е вратен во функција, иако украинските војници уништиле голем број автобуси за време на нивното повлекување.

The post Мариупол претворен во огромно градилиште: Се реновираат згради, се градат мостови, работат пекарите и градскиот превоз appeared first on Република.

]]>

По заминувањето на украинските сили од Маријупол, во западните медиуми практично нема ниту збор за тоа што се случува во градот. Мариупол е под контрола на руските сили од 21 април 2022 година, а оттогаш во градот се уште има разурнати згради, кои сè уште сведочат за тоа дека таму се воделе жестоки битки. Некаде до крајот на март, на улиците на Маријупол можеа да се видат и тела на мртви луѓе, но, животот полека се враќа во најголемиот приморски град во Донбас. Ги нема повеќе ужасните слики со гробови во паркови, тревници, дворови на згради... Додека војната се уште трае во еден дел од Донбас, во Маријупол градежници од различни делови на Русија интензивно работат за граѓаните на тој, некогаш убав, град на брегот на Азовското Море, да ја дочекаат зимата во топли станови. Специјалната комисија досега извршила увид во 2.400 инфраструктурни објекти и станбени објекти со цел да се утврди што може да се санира, односно кои објекти се предвидени за уривање.
Штетата е огромна и проверените објекти се проценуваат на 45,9 милијарди рубљи. Тоа не се само станбени згради, туку и училишта, градинки, храмови, локалниот Драмски театар - велат од Комисијата.
https://twitter.com/Ozrenka8/status/1558417031678099456?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1558417031678099456%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F661185%2Fmarijupolj-zivi-novi-zivot-u-ukrajinskom-staljingradu-se-gradi-na-sve-strane-ljudi-idu-na-plaze-rade-pekare-i-gradski-prevoz%2Fvest
Вкупно пред војната во Мариупол имало 2.778 објекти, а 2.165 од нив биле оштетени или уништени. Зградите погодени од артилериски гранати или тенковски гранати мора да се урнат бидејќи нивната статика е нарушена - се додава во извештајот.
Градежниците прво морале да го исчистат градот од мините поставени од украинската армија. Пронајдени и уништени се речиси 35.000 мини. Огромно количество оружје и експлозив е пронајдено од територијата на челичарницата „Азовстал“, каде што до предавањето беа засолнети националистичките баталјони „Азов“ и единиците на украинските маринци. Покрај зградите, се санираат и оштетените мостови. Руските компании почнаа подготвителни работи за реставрација на мостот во предградието на Маријупол, а речиси секоја недела се отвора ново градилиште во градот. Обновен е железничкиот сообраќај меѓу двата големи града Доњецк и Маријупол. За време на војната, 90 проценти од таа пруга беше уништена, па шините мораше да се постават од почеток, а првиот воз на обновената пруга почна да сообраќа во средината на јули. Градоначалникот на Мариупол, Константин Ивашченко, вели дека е многу важно да се воспостави сообраќај меѓу двата најголеми града, како и да се направи тоа со локалното пристаниште, кое веќе е во функција. https://republika.mk/vesti/svet/vo-mariupol-se-izveduva-rekonstrukcija-na-pristanishteto-razurnato-od-borbite/ Во градот веќе ги нема ниту мрачни слики на луѓе кои чекаат леб. Отворени се пекари, во повеќето згради погодни за живеење се донесени вода и струја. Јавниот превоз е вратен во функција, иако украинските војници уништиле голем број автобуси за време на нивното повлекување.

The post Мариупол претворен во огромно градилиште: Се реновираат згради, се градат мостови, работат пекарите и градскиот превоз appeared first on Република.

]]>
По Хераклеја, ќе се реновира поранешниот објект „Парк“ кај Офицерски во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-herakleja-kje-se-renovira-poraneshniot-objekt-park-kaj-oficerski-vo-bitola/ Wed, 30 Mar 2022 07:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=480645

По обновата на патот за Хераклеја, реновирање на музејската поставка во археолошкиот локалитет, како и овозможување пристапност за лицата со посеби потреби, до театарот и видиковецот во Хераклеја, повеќе-јазичен аудио водич и виртуелна и проширена реалност за археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, и потрошените 400.000 евра.

Нови 800.000 евра за обнова на ПАЦИОТО во музејот и обнова на поранешниот ресторан ПАРК, истакнуваат од ЛДП.

Вчера беа презентирани резултатите од Smart-Cul-Tour, проект кој годинава е претставен во Брисел како најуспешен проект во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, 2014-2020. Вкупниот буџет на проектот кој се спроведува во рок од 24 месеци, изнесува 704,590 Евра, од кои 85% се ко-финансирани од страна на ЕУ, додека останатите 15% ги обезбедува Владата на Република Македонија, преку Министерството за локална самоуправа.

The post По Хераклеја, ќе се реновира поранешниот објект „Парк“ кај Офицерски во Битола appeared first on Република.

]]>

По обновата на патот за Хераклеја, реновирање на музејската поставка во археолошкиот локалитет, како и овозможување пристапност за лицата со посеби потреби, до театарот и видиковецот во Хераклеја, повеќе-јазичен аудио водич и виртуелна и проширена реалност за археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, и потрошените 400.000 евра. Нови 800.000 евра за обнова на ПАЦИОТО во музејот и обнова на поранешниот ресторан ПАРК, истакнуваат од ЛДП. Вчера беа презентирани резултатите од Smart-Cul-Tour, проект кој годинава е претставен во Брисел како најуспешен проект во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, 2014-2020. Вкупниот буџет на проектот кој се спроведува во рок од 24 месеци, изнесува 704,590 Евра, од кои 85% се ко-финансирани од страна на ЕУ, додека останатите 15% ги обезбедува Владата на Република Македонија, преку Министерството за локална самоуправа.

The post По Хераклеја, ќе се реновира поранешниот објект „Парк“ кај Офицерски во Битола appeared first on Република.

]]>