рено 4 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reno-4/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Feb 2023 11:00:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рено 4 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reno-4/ 32 32 Поранешниот претседател на Словенија го продаде своето „рено 4“ за 60 илјади евра, а парите ги донираше за деца болни од рак https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/poraneshniot-pretsedatel-na-slovenija-go-prodade-svoeto-reno-4-za-60-iljadi-evra-a-parite-gi-donirashe-za-detsa-bolni-od-rak/ Mon, 20 Feb 2023 11:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=611000

Поранешниот словенечки претседател, Борут Пахор, собрал 60.000 евра за организации кои им помагаат на децата заболени од рак, продавајќи го својот автомобил „рено 4“ од 1991 година, а денеска му ги предал клучевите од автомобилот на купувачот.

Бизнисменот Александар Фратар дал највисока понуда на аукцијата. Како што вели, намерата е да им се помогне на децата кои се борат со тешката болест.

Пахор двапати беше претседател на Словенија, што е воглавно церемонијална позиција во оваа земја.

Неговиот втор петгодишен мандат заврши минатата година, а на претседателската функција го наследи Наташа Пирц-Мусар, прва жена на оваа позиција.

Според Пахор, тој уште од самиот почеток знаел дека ова нема да биде аукција за луѓе кои сакаат само добри автомобили, туку за луѓе со големо срце.

 

The post Поранешниот претседател на Словенија го продаде своето „рено 4“ за 60 илјади евра, а парите ги донираше за деца болни од рак appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки претседател, Борут Пахор, собрал 60.000 евра за организации кои им помагаат на децата заболени од рак, продавајќи го својот автомобил „рено 4“ од 1991 година, а денеска му ги предал клучевите од автомобилот на купувачот. Бизнисменот Александар Фратар дал највисока понуда на аукцијата. Како што вели, намерата е да им се помогне на децата кои се борат со тешката болест. Пахор двапати беше претседател на Словенија, што е воглавно церемонијална позиција во оваа земја. Неговиот втор петгодишен мандат заврши минатата година, а на претседателската функција го наследи Наташа Пирц-Мусар, прва жена на оваа позиција. Според Пахор, тој уште од самиот почеток знаел дека ова нема да биде аукција за луѓе кои сакаат само добри автомобили, туку за луѓе со големо срце.  

The post Поранешниот претседател на Словенија го продаде своето „рено 4“ за 60 илјади евра, а парите ги донираше за деца болни од рак appeared first on Република.

]]>
Катра заработи 60.000 евра: Пахор го продаде своето Рено 4, а парите ги донира за децата болни од рак https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/peshevska-uzh-na-vmro-dpmne-dava-bezrezervna-poddrshka-na-zhenskite-organizatsii-za-protestot-pred-mvr-2/ Fri, 17 Feb 2023 09:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=610053

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде своето Рено 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите од продажбата ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца болни од рак. Автомобилот го купило семејството Фратар од Дравоград, објави Пахор на социјалните мрежи.

 

Автомобилот го купил за 500 евра и го продал за 120 пати повеќе. Повод за продажбата беше Меѓународниот ден на децата со малигни заболувања, кој се одбележува на 15 февруари.

„Тоа се многу пари за добри цели“, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.

The post Катра заработи 60.000 евра: Пахор го продаде своето Рено 4, а парите ги донира за децата болни од рак appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде своето Рено 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите од продажбата ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца болни од рак. Автомобилот го купило семејството Фратар од Дравоград, објави Пахор на социјалните мрежи.   Автомобилот го купил за 500 евра и го продал за 120 пати повеќе. Повод за продажбата беше Меѓународниот ден на децата со малигни заболувања, кој се одбележува на 15 февруари. „Тоа се многу пари за добри цели“, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.

The post Катра заработи 60.000 евра: Пахор го продаде своето Рено 4, а парите ги донира за децата болни од рак appeared first on Република.

]]>
Поранешниот словенечки претседател го продава олдтајмерот на аукција, парите ќе ги донира за децата болни од рак https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/poraneshniot-slovenechki-pretsedatel-go-prodava-oldtajmerot-na-auktsija-parite-ke-gi-donira-za-detsata-bolni-od-rak/ Mon, 06 Feb 2023 07:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=605152

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продава својот автомобил Рено 4 стар 32 години и сите пари да ги подари на децата што се борат со ракот.

„„Катра“ за добра цел“ е слоганот под кој Пахор објавува како тече ауцијата. Засега највисоката понудела цена за олдтајмерот од 1991 година, кој е во одлична состојба, понудил извесен Миха Пишкур, кој на децата болни од рак сака да им помогне со 40.000 евра. Сепак, до 15 февруари, додека трае аукцијата, се очекува „Катра“ да достигне и повисока цена со оглед на тоа дека има заинтересирани, а и парите одат во хумани цели.

Катра е стара 32 години. Моја љубов беше повеќе од 20 години. Сега ќе се разделиме, но нашата разделба нема да биде тешка. Парите што ќе ги добијам ќе им ги дадам на децата кои се борат со рак, порачал Пахор кога објавил дека го продава возилото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Borut Pahor (@borutpahor)

Автомобилот има сертификат дека е олдтајмер и дека успешно го минал техничкиот преглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Borut Pahor (@borutpahor)

Како тече аукцијата и колкава цена ќе достигне „Катра“ можете да следите на Инстаграм профилот на поранешниот словенечки претседател.

The post Поранешниот словенечки претседател го продава олдтајмерот на аукција, парите ќе ги донира за децата болни од рак appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продава својот автомобил Рено 4 стар 32 години и сите пари да ги подари на децата што се борат со ракот. „„Катра“ за добра цел“ е слоганот под кој Пахор објавува како тече ауцијата. Засега највисоката понудела цена за олдтајмерот од 1991 година, кој е во одлична состојба, понудил извесен Миха Пишкур, кој на децата болни од рак сака да им помогне со 40.000 евра. Сепак, до 15 февруари, додека трае аукцијата, се очекува „Катра“ да достигне и повисока цена со оглед на тоа дека има заинтересирани, а и парите одат во хумани цели.
Катра е стара 32 години. Моја љубов беше повеќе од 20 години. Сега ќе се разделиме, но нашата разделба нема да биде тешка. Парите што ќе ги добијам ќе им ги дадам на децата кои се борат со рак, порачал Пахор кога објавил дека го продава возилото.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Borut Pahor (@borutpahor)

Автомобилот има сертификат дека е олдтајмер и дека успешно го минал техничкиот преглед.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Borut Pahor (@borutpahor)

Како тече аукцијата и колкава цена ќе достигне „Катра“ можете да следите на Инстаграм профилот на поранешниот словенечки претседател.

The post Поранешниот словенечки претседател го продава олдтајмерот на аукција, парите ќе ги донира за децата болни од рак appeared first on Република.

]]>
Ова е новиот „Рено 4“: Oсвен во името во ништо не наликува на легендарната „четворка“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/ova-e-noviot-reno-4-osven-vo-imeto-vo-nishto-ne-nalikuva-na-legendarnata-chetvorka/ Tue, 18 Oct 2022 07:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=562364

Легендата Renault 4 се враќа, иако во концептуално издание, но со ветување дека во иднина пазарот ќе добие уште еден ретро автомобил.

Целосно име Renault 4EVER Trophy, е концептот со кој француската марка настапува во Париз со својот предлог за електричен SUV модел од т.н. Б сегмент. Тоа е и повод да се одбележи четвртина век, не на моделот туку, на хуманитарниот митинг 4L Trophy.

Во дизајнот, лесно е да се најде врска со познатиот модел. Ги нема многу, но лесно се гледаат. Покрај препознатливата предна маска, тука се и речиси „комбе“ силуетата и задното странично стакло, што е еден од најпрепознатливите детали на R4.

Од страна, за жал, нема пластика позната од GTL изданието, но рабовите на калниците и праговите се заштитени заедно со црни месести панели. Одзади само обликот на LED светлата наликува на оригиналот, а недостига препознатливата рачка за отворање на задната врата.

Концептот е претставен во двобојна сиво-црна комбинација, чија монотонија ја разбиваат виолетовите детали. Добар додаток се карбонските багажници на покривот и дополнителниот носач за лопати на местото на задното стакло.

Гумите се теренски, со пречник од 19 инчи, а вградените компресори овозможуваат лесно менување на притисокот во гумите по желба на сопственикот. Опремен со off-road суспензија, подот е поставен на 200 mm од подлогата, така што новиот R4 е подготвен да излезе од асфалтот.

Во Renault конечно разјаснуваат што практично значат R5 и R4. Тие се електричните еквиваленти за стандардните модели, R5 за Clio и R4 за Captur. Во исто време, 4EVER со 4.160 mm е дури 68 mm пократок од Captur, но и значително поширок (1.950 mm) и повисок (1.900 mm).

Новиот SUV модел ќе ја користи платформата CMF-BEV, која ќе се произведува во капацитетите на ElectriCity во северна Франција. Кога станува збор за самиот погон, сè е непознато, дури и за концептот. Познато е само дека батериите се наоѓаат во подот и дополнително се заштитени.

The post Ова е новиот „Рено 4“: Oсвен во името во ништо не наликува на легендарната „четворка“ appeared first on Република.

]]>

Легендата Renault 4 се враќа, иако во концептуално издание, но со ветување дека во иднина пазарот ќе добие уште еден ретро автомобил. Целосно име Renault 4EVER Trophy, е концептот со кој француската марка настапува во Париз со својот предлог за електричен SUV модел од т.н. Б сегмент. Тоа е и повод да се одбележи четвртина век, не на моделот туку, на хуманитарниот митинг 4L Trophy. Во дизајнот, лесно е да се најде врска со познатиот модел. Ги нема многу, но лесно се гледаат. Покрај препознатливата предна маска, тука се и речиси „комбе“ силуетата и задното странично стакло, што е еден од најпрепознатливите детали на R4. Од страна, за жал, нема пластика позната од GTL изданието, но рабовите на калниците и праговите се заштитени заедно со црни месести панели. Одзади само обликот на LED светлата наликува на оригиналот, а недостига препознатливата рачка за отворање на задната врата. Концептот е претставен во двобојна сиво-црна комбинација, чија монотонија ја разбиваат виолетовите детали. Добар додаток се карбонските багажници на покривот и дополнителниот носач за лопати на местото на задното стакло. Гумите се теренски, со пречник од 19 инчи, а вградените компресори овозможуваат лесно менување на притисокот во гумите по желба на сопственикот. Опремен со off-road суспензија, подот е поставен на 200 mm од подлогата, така што новиот R4 е подготвен да излезе од асфалтот. Во Renault конечно разјаснуваат што практично значат R5 и R4. Тие се електричните еквиваленти за стандардните модели, R5 за Clio и R4 за Captur. Во исто време, 4EVER со 4.160 mm е дури 68 mm пократок од Captur, но и значително поширок (1.950 mm) и повисок (1.900 mm). Новиот SUV модел ќе ја користи платформата CMF-BEV, која ќе се произведува во капацитетите на ElectriCity во северна Франција. Кога станува збор за самиот погон, сè е непознато, дури и за концептот. Познато е само дека батериите се наоѓаат во подот и дополнително се заштитени.

The post Ова е новиот „Рено 4“: Oсвен во името во ништо не наликува на легендарната „четворка“ appeared first on Република.

]]>
Се сеќавате на „Рено 4“: „Четворката“ се враќа во производство https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/se-sekjavate-na-reno-4-chetvorkata-se-vrakja-vo-proizvodstvo/ Fri, 16 Sep 2022 20:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=551588

Копанијата „Рено“ во својата гама ја враќа легендарната „четворка“ која беше најпродаван модел во осумдесеттите години од минатиот век. Новите времиња си носат и нови работи па така Рено 4 овој пат ќе биде исклучиво електричен.

Како ви се допаѓа?

The post Се сеќавате на „Рено 4“: „Четворката“ се враќа во производство appeared first on Република.

]]>

Копанијата „Рено“ во својата гама ја враќа легендарната „четворка“ која беше најпродаван модел во осумдесеттите години од минатиот век. Новите времиња си носат и нови работи па така Рено 4 овој пат ќе биде исклучиво електричен. Како ви се допаѓа?

The post Се сеќавате на „Рено 4“: „Четворката“ се враќа во производство appeared first on Република.

]]>