ренато баретиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/renato-baretik/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Sep 2023 10:05:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ренато баретиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/renato-baretik/ 32 32 Вечерва се отвора 11. издание на литературниот фествал „ПРО-ЗА Балкан“ со исклучителни гости https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-se-otvora-11-izdanie-na-literaturniot-festval-pro-za-balkan-so-iskluchitelni-gosti/ Sun, 17 Sep 2023 10:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=682570

Драго Јанчар, Ренато Баретиќ, Даница Вукиќевиќ, Слободан Шијан, Владимир Левчев, Тарик Туфан и Снежана Младеновска-Анѓелков од вечерва ќе бидат гости на 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан во Скопје. Отворањето е закажано во 20 часот во Даут-пашиниот амам, каде ќе биде претставено делото на еминентните автори од регионот. Со гостите писатели ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.

https://republika.mk/vesti/kultura/odamna-sfativ-deka-sum-osakaten-za-se-drugo-osven-za-pishuvane/

Освен гостите писатели од регионот, Фестивалот ПРО-ЗА Балкан годинава одбележува 10. години од програмата „Скопје фелоушип“, на која учествуваат седуммина професионалци од врвни книжевни агенции и издавачки куќи. Оваа програма годинава е дел од меѓународниот проект „Читај, сподели, уживај“. Се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

На програмата ќе учествуваат: Роберто Домингез Моро (А.Ц.Е.Р, Шпанија),
Марија Анџела Ферари („Саси едиторе“, Италија), Ника Мушич (КУД Содобност, Словенија), Орели Бонту-Рош (Либела“, Франција), Мауро Спањол („Букс евривер“, Италија, Јерг Зундермајер („Фербрехер ферлаг“, Германија) и Андреа Џентиле (Ил саџаторе, Италија). В понеделник и вторник (18 и 19 септември), членовите на Скопје фелоушип програмата ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи и други домашни издавачи. Членовите на програмата исто така ќе имаат можност да се информираат и за конкурсот за финансирање преводи на странски издавачи, од Министерството за култура.
На 18 септември, во 20 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како (де)конструкција на стварноста“, што ќе ја модерира Владимир Јанковски.
Во чест на режисерот Слободан Шијан, на 20 септември, во Кинотеката во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Кој тоа таму пее“. Пред проекцијата ќе разговараат Прокопиев и Шијан.

Лауреат на наградата „Прозарт 2023“ што фестивалот ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, е словенечкиот писател Драго Јанчар.

Бев воодушевен од веста дека жирито ме вклучи меѓу одличните добитници на оваа награда, од кои некои ги познавам лично и високо ги ценам достигнувањата на сите што сум ги прочитал. Наградата „Прозарт“ во своето име го има зборот уметност, уметност на прозата. Уметноста на прозата, т.е. да го најдам вистинскиот уметнички израз во раскажувањето за лични и општествени настани што ме возбудуваа или едноставно ме интересираа, всушност беше најважното нешто што го направив во мојот живот. И што сè уште го правам. Ако човек пишува толку години, се собираат и некои награди. Но, ова е различно: ова признание ми е особено при срце, бидејќи голем дел од мојот живот е поврзан, добро или лошо, со балканскиот дел на Европа. Македонија ми е особено блиска на срцето, каде имам некои пријатели, каде што неодамна беа објавени некои мои прозни книги и каде што некогаш поставија брилијантна продукција на мојата драма „Големиот брилијантен валцер“ – изјави Јанчар.

Како романсиер, раскажувач, драматург и есеист, Драго Јанчар е централна фигура во современата словенечка литература. Неговите романи, есеи и раскази се преведени на 33 јазика и објавени во Европа, Азија и САД. Додека неговите драми, поставени од голем број странски театри, дома се сметаат за најважни настани во словенечката театарска сезона. Јанчар има добиено голем број словенечки и меѓународни книжевни награди, вклучувајќи ја „Прешерновата награда“, највисоката словенечка награда за уметнички достигнувања за 1993 година; четири награди „Кресник“ за најдобар словенечки роман на годината за 1999, 2001, 2011 и 2018 година, како и наградата „Кресник“ за најдобар роман на деценијата во 2020 година; Европската награда за краток расказ, 1994 година; наградата „Хердер“, 2003 година; „Жан Амери“, 2007 година; Европската награда за литература, 2011 година; Наградата за најдобра странска книга, 2014; Австриската државна награда за европска литература, 2020 година и други.

Тарик Туфан е познат романсиер, раскажувач, есеист и сценарист. Има објавено десет книги, вклучувајќи романи и збирки раскази. Неговите книги се преведени на грчки, бугарски, босански, српски, македонски, албански, грузиски, арапски, азербејџански и романски јазик. Покрај пишувањето за литературни списанија, тој пишува и документарни филмови и сценарија за играни филмови. Освоил награди за сценаријата што ги напишал за филмовите „Погрешна розарија“ на Филмскиот фестивал во Истанбул во 2009 година и „Јозгат блуз“ на Филмскиот фестивал во Адана во 2013 година. Исто така, ја освоил „Специјалната награда на жирито“ на филмскиот фестивал во Венеција во програмата „Хоризонти“ со филмот „Најава“ во кој биле еден од продуцентите.

Владимир Левчев е бугарски поет, писател и вонреден професор по литература и пишување на Американскиот универзитет во Бугарија. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Софија во 1982 година. Неговото незаконски печатено списание „Глас“ било забрането од страна на комунистичките власти пред ноември 1989 година. Тој добил Фулбрајтова стипендија во 1994 година, а магистрирал на програмата за креативно пишување на Американскиот универзитет во Вашингтон во 1996 година. 13 години престојувал и работел како лектор и професор по литература во САД. Објавил четири книги поезија во САД, една во Италија, една во Романија, 20 книги поезија во Бугарија и една кај нас.

Даница Вукиќевиќ дипломирала компаративна книжевност и теорија на литература и женски студии. Живее и работи во Белград. Ги освоила следните награди: ПроФемина; Билјана Јовановиќ; Милица Стојадиновиќ-Србинка; Кондирот на Косовка девојка; наградата НИН. Пишува и книжевна критика и есеи. Нејзините песни се преведени на шпански, англиски, германски, полски, француски, грчки, македонски, холандски...

Ренато Баретиќ работи периодично како филмски и телевизиски сценарист, новинар; Коосновач е, а од 2007 година и уметнички директор на популарниот фестивал за раскажување приказни „Причигин“ во Сплит, Хрватска. Член е на Хрватското здружение на новинари, хрватскиот ПЕН центар и Друштвото на хрватските писатели; порано бил член на хрватскиот огранок на Менса (IQ 153), но бил исклучен поради нередовно плаќање на претплатата за членство.
Снежана Младеновска-Анѓелков дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година, а магистрирала во 2012 година. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ и истата потоа доживеа уште три изданија. Во 2014 година ја издаде филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски. Како автор е застапена во тематската збирка раскази „Тивка анестезија“ (2016, Антолог) и во антологиите „Best European Fiction 2017“ и „Contemporary Macedonian Fiction“ (2019) на Dalkey Archive Press. Нејзиниот втор роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист на наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Слободан Шијан (1946, Белград) е филмски режисер, сценарист, писател, публицист, сликар и мултимедијален уметник. Автор е на неколку најпопуларни српски играни филмови и низа публикации и книги за филмот и визуелната култура. Автор е на поетската проза за познатиот филм на Алфред Хичкок „Вртоглавица“ во издание на „Геопоетика“. Објавил повеќе книги за филмот, меѓу кои и книгата за Џон Форд. За книгата „Кино Том“ во Хрватска во 2013 ја доби престижната награда на „Јутарњи лист“ за најдобра публицистичка книга. Режисер е на некои од најпознатите филмови од Екс Југославија, како „Кој тоа таму пее“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Како бев систематски уништуван од идиот“, „Давител против давител“, „Тајната на манастирската ракија“, „Сироти мали хрчки“ и „С.О.С Спасете ги нашите души“, како и на повеќе телевизиски филмови и преку дваесет експериментални филмови и видеа.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Европска Унија, Амбасадата на Словенија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА, Бовин и Умно.мк.

The post Вечерва се отвора 11. издание на литературниот фествал „ПРО-ЗА Балкан“ со исклучителни гости appeared first on Република.

]]>

Драго Јанчар, Ренато Баретиќ, Даница Вукиќевиќ, Слободан Шијан, Владимир Левчев, Тарик Туфан и Снежана Младеновска-Анѓелков од вечерва ќе бидат гости на 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан во Скопје. Отворањето е закажано во 20 часот во Даут-пашиниот амам, каде ќе биде претставено делото на еминентните автори од регионот. Со гостите писатели ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. https://republika.mk/vesti/kultura/odamna-sfativ-deka-sum-osakaten-za-se-drugo-osven-za-pishuvane/ Освен гостите писатели од регионот, Фестивалот ПРО-ЗА Балкан годинава одбележува 10. години од програмата „Скопје фелоушип“, на која учествуваат седуммина професионалци од врвни книжевни агенции и издавачки куќи. Оваа програма годинава е дел од меѓународниот проект „Читај, сподели, уживај“. Се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. На програмата ќе учествуваат: Роберто Домингез Моро (А.Ц.Е.Р, Шпанија), Марија Анџела Ферари („Саси едиторе“, Италија), Ника Мушич (КУД Содобност, Словенија), Орели Бонту-Рош (Либела“, Франција), Мауро Спањол („Букс евривер“, Италија, Јерг Зундермајер („Фербрехер ферлаг“, Германија) и Андреа Џентиле (Ил саџаторе, Италија). В понеделник и вторник (18 и 19 септември), членовите на Скопје фелоушип програмата ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи и други домашни издавачи. Членовите на програмата исто така ќе имаат можност да се информираат и за конкурсот за финансирање преводи на странски издавачи, од Министерството за култура. На 18 септември, во 20 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како (де)конструкција на стварноста“, што ќе ја модерира Владимир Јанковски. Во чест на режисерот Слободан Шијан, на 20 септември, во Кинотеката во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Кој тоа таму пее“. Пред проекцијата ќе разговараат Прокопиев и Шијан. Лауреат на наградата „Прозарт 2023“ што фестивалот ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, е словенечкиот писател Драго Јанчар.
Бев воодушевен од веста дека жирито ме вклучи меѓу одличните добитници на оваа награда, од кои некои ги познавам лично и високо ги ценам достигнувањата на сите што сум ги прочитал. Наградата „Прозарт“ во своето име го има зборот уметност, уметност на прозата. Уметноста на прозата, т.е. да го најдам вистинскиот уметнички израз во раскажувањето за лични и општествени настани што ме возбудуваа или едноставно ме интересираа, всушност беше најважното нешто што го направив во мојот живот. И што сè уште го правам. Ако човек пишува толку години, се собираат и некои награди. Но, ова е различно: ова признание ми е особено при срце, бидејќи голем дел од мојот живот е поврзан, добро или лошо, со балканскиот дел на Европа. Македонија ми е особено блиска на срцето, каде имам некои пријатели, каде што неодамна беа објавени некои мои прозни книги и каде што некогаш поставија брилијантна продукција на мојата драма „Големиот брилијантен валцер“ – изјави Јанчар.
Како романсиер, раскажувач, драматург и есеист, Драго Јанчар е централна фигура во современата словенечка литература. Неговите романи, есеи и раскази се преведени на 33 јазика и објавени во Европа, Азија и САД. Додека неговите драми, поставени од голем број странски театри, дома се сметаат за најважни настани во словенечката театарска сезона. Јанчар има добиено голем број словенечки и меѓународни книжевни награди, вклучувајќи ја „Прешерновата награда“, највисоката словенечка награда за уметнички достигнувања за 1993 година; четири награди „Кресник“ за најдобар словенечки роман на годината за 1999, 2001, 2011 и 2018 година, како и наградата „Кресник“ за најдобар роман на деценијата во 2020 година; Европската награда за краток расказ, 1994 година; наградата „Хердер“, 2003 година; „Жан Амери“, 2007 година; Европската награда за литература, 2011 година; Наградата за најдобра странска книга, 2014; Австриската државна награда за европска литература, 2020 година и други. Тарик Туфан е познат романсиер, раскажувач, есеист и сценарист. Има објавено десет книги, вклучувајќи романи и збирки раскази. Неговите книги се преведени на грчки, бугарски, босански, српски, македонски, албански, грузиски, арапски, азербејџански и романски јазик. Покрај пишувањето за литературни списанија, тој пишува и документарни филмови и сценарија за играни филмови. Освоил награди за сценаријата што ги напишал за филмовите „Погрешна розарија“ на Филмскиот фестивал во Истанбул во 2009 година и „Јозгат блуз“ на Филмскиот фестивал во Адана во 2013 година. Исто така, ја освоил „Специјалната награда на жирито“ на филмскиот фестивал во Венеција во програмата „Хоризонти“ со филмот „Најава“ во кој биле еден од продуцентите. Владимир Левчев е бугарски поет, писател и вонреден професор по литература и пишување на Американскиот универзитет во Бугарија. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Софија во 1982 година. Неговото незаконски печатено списание „Глас“ било забрането од страна на комунистичките власти пред ноември 1989 година. Тој добил Фулбрајтова стипендија во 1994 година, а магистрирал на програмата за креативно пишување на Американскиот универзитет во Вашингтон во 1996 година. 13 години престојувал и работел како лектор и професор по литература во САД. Објавил четири книги поезија во САД, една во Италија, една во Романија, 20 книги поезија во Бугарија и една кај нас. Даница Вукиќевиќ дипломирала компаративна книжевност и теорија на литература и женски студии. Живее и работи во Белград. Ги освоила следните награди: ПроФемина; Билјана Јовановиќ; Милица Стојадиновиќ-Србинка; Кондирот на Косовка девојка; наградата НИН. Пишува и книжевна критика и есеи. Нејзините песни се преведени на шпански, англиски, германски, полски, француски, грчки, македонски, холандски... Ренато Баретиќ работи периодично како филмски и телевизиски сценарист, новинар; Коосновач е, а од 2007 година и уметнички директор на популарниот фестивал за раскажување приказни „Причигин“ во Сплит, Хрватска. Член е на Хрватското здружение на новинари, хрватскиот ПЕН центар и Друштвото на хрватските писатели; порано бил член на хрватскиот огранок на Менса (IQ 153), но бил исклучен поради нередовно плаќање на претплатата за членство. Снежана Младеновска-Анѓелков дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година, а магистрирала во 2012 година. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ и истата потоа доживеа уште три изданија. Во 2014 година ја издаде филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски. Како автор е застапена во тематската збирка раскази „Тивка анестезија“ (2016, Антолог) и во антологиите „Best European Fiction 2017“ и „Contemporary Macedonian Fiction“ (2019) на Dalkey Archive Press. Нејзиниот втор роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист на наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“. Слободан Шијан (1946, Белград) е филмски режисер, сценарист, писател, публицист, сликар и мултимедијален уметник. Автор е на неколку најпопуларни српски играни филмови и низа публикации и книги за филмот и визуелната култура. Автор е на поетската проза за познатиот филм на Алфред Хичкок „Вртоглавица“ во издание на „Геопоетика“. Објавил повеќе книги за филмот, меѓу кои и книгата за Џон Форд. За книгата „Кино Том“ во Хрватска во 2013 ја доби престижната награда на „Јутарњи лист“ за најдобра публицистичка книга. Режисер е на некои од најпознатите филмови од Екс Југославија, како „Кој тоа таму пее“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Како бев систематски уништуван од идиот“, „Давител против давител“, „Тајната на манастирската ракија“, „Сироти мали хрчки“ и „С.О.С Спасете ги нашите души“, како и на повеќе телевизиски филмови и преку дваесет експериментални филмови и видеа. Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Европска Унија, Амбасадата на Словенија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА, Бовин и Умно.мк.

The post Вечерва се отвора 11. издание на литературниот фествал „ПРО-ЗА Балкан“ со исклучителни гости appeared first on Република.

]]>
Одамна сфатив дека сум осакатен за сé друго, освен за пишување https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odamna-sfativ-deka-sum-osakaten-za-se-drugo-osven-za-pishuvane/ Thu, 14 Sep 2023 08:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=681755

Одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување, вели во интервју за „Република“ хрватскиот писател Ренато Баретиќ (60) кој годинава е еден од гостите на 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој ќе се одржи во Скопје од 17 до 19 септември.

Баретиќ веќе 40 години живее исклучиво од пишување. Повремено работи како филмски и телевизиски косценарист и составувач на прашања за најпознатите тв-квизови како „Квискотека“ и „Кој сака да биде милионер“. Во новинарство го минал целиот развоен пат, од почетник во градска рубрика, преку репортер, телевизиски критичар и политички колумнист во поголем број хрватски весници „Вечерњи лист“, „Недељна Далмација“, „Слободна далмација“, „Ферал трибјун“, „Глобус“, „Национал“... Коосновач е, а од 2007 година и уметнички директор на популарниот фестивал за раскажување приказни „Причигин“ во Сплит, Хрватска. Член е на Хрватското здружение на новинари, хрватскиот ПЕН центар и Друштвото на хрватските писатели.

Во 2003 година го објави романот „Осмиот повереник“ за кој ги доби престижните книжевни награди „Владимир Назор“, „Иван Горан Ковачиќ“, „Август Шеноа“, „Ксавер Шандор Гјалски“ „Киклоп“ - награда на Саемот на книга во Пула. „Осмиот повереник“ ја објави „Култура“ на македонски јазик, а подоцна беше снимен и филм кој беше хрватски кандидат за „Оскар“. Потоа следеа романите „Зборувај ми за неа“ (2006), „Хотел Гранд“ (2008) и „Последна рака“ (2021). Објавувал и збирки поезија и избор од ТВ-колумни.

Кај нас, во Македонија, е многу тешко, па скоро и невозможно, еден писател да живее исклучиво од пишување. Како Вам ви успева сиве овие години?  

БАРЕТИЌ: Во Хрватска тоа не е тешко, туку е невозможно. Нема писател или писателка, кои не работат некоја друга, 'главна’ работа. Некој од нас е новинар, некој е професор во училиште или на факултет. Секој од нас пред сè е нешто друго, а потоа поет или белетрист. Јас одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување. Токму овие денови, на 13 септември, се навршуваат 40 години, откако почнав да работам како новинар и оттогаш живеам исклучиво од пишување. Се обидов да работам и некои други професии, но се покажа дека само во пишувањето може да бидам доволно способен и со тоа да ги плаќам сметките, да имам пари за храна, школување на децата...

Кога последен пат бевте во Скопје? Што обично правите кога ќе дојдете кај нас?

БАРЕТИЌ: Последен пат бев многу одамна, во 2017 година. Но тогаш бев цел јуни, четири недели. Дојдов како стипендист на Меѓународната фондација „Традуки“ и бев гостин на „Блесок“. Тогаш, за жал, имав многу работа во Хрватска, која морав да ја завршам и не успеав да стекнам никаков приватен скопски ритуал.
Претходно, бев четири пати, главно само на три дена. Тогаш научив дека најдобро е однапред да им се најавам на моите скопски пријатели и да им дозволам да ме прошетаат таму каде што мислат дека мене би ми одговарало. Но, најтешко ми е што сите, секојпат се разочарани кога ќе видат колку малку може да изедам.

Вашиот последен роман, „Последна рака“, поставува прашања за темелите на книжевноста и на светот, за моралните избори кои ги правиме. Каква е состојбата денес во хрватското општество?

БАРЕТИЌ: Прецизен одговор на ова прашање може да се добие во најмалку двесте редови. Јас ќе се обидам да одговорам со еден збор, а тоа е апатија. Главниот јунак во „Последна рака“ (иако тој е новинар и писател, но романот не е автобиографски) е апатичен до коска, а единствен излез од таа состојба гледа во симболично, професионално самоубиство и да се продаде на капитализмот. Или навистина да се убие, бидејќи трета можност едноставно не постои, нема. Но, на патот до изборот (да не ја уплашам потенцијална пубика), му се случуваат многу бизарни, па и забавни работи.

Каков е вашиот однос кон книжевноста и литературата?

БАРЕТИЌ: На децата им се гади читањето (да ги тргнеме на страна мобилните телефони, интернетот и останата технологија) затоа што и ден-денес во школските лектири ги гњават со книги стари повеќе од 150 години, кои се пишувани на јазик на кој и јас, пред половина век не можев целосно да го разберам.
Министерството за култура се обидува да создаде атмосфера во која сака да прикаже дека многу се грижи за современата книжевност, но тоа е само привидно. Јас пишувам што ми се пишува и кога ми се пишува, но како набљудувач од страна гледам дека на таа сцена постојат премногу конкурентски фракции, картели и други интересни групи.
И за ова прашање би ми требало многу простор за да можам вистински да одговорам, но бидејќи со сета сила се држам до мојата аутсајдерска позиција, ќе кажам дека имам свој уредник, своја лекторка и две издавачки куќи. Тоа се моите луѓе од доверба на кои им верувам и на кои сум им верен, а за сè друго баш и не ми е многу гајле.

[caption id="attachment_681762" align="alignnone" width="1365"] фото: Тоне Стојко[/caption]

Каков е статусот на литературното и на новинарското пишување?

БАРЕТИЌ: Сè ми се чини дека искрено, слободно и во склад со сопствените убедувања единствно уште пишуваат само идеалистичните диносауруси од мојата генерација. Иако, мора да признаам, има уште некои помлади колеги кои успеавме да ги заразиме со нашиот вирус, ние, диносаурусите. Им посакувам среќа, иако знам дека нема да ја доживеат.

Може ли денешното одговорно новинарство да го преживее притисокот на кликовите на порталите? Дали денес има публика за такво новинарство?

БАРЕТИЌ: Од мојата матична редакција, хрватскиот „Тпортал“, каде што одамна пишувам коментари, пред неколку години, многу внимателно прашаа дали смеат, место мене, тие да ставаат наслови на моите колумни. Текстовите се одлични, велат, но насловите се или прекратки или премногу 'каламбурни' за денешната публика. А јас, насловите ги ставав така како што учев со години додека работев во „Слободна Далмација“, „Ферал Трибјун“ и другите весници за коишто пишував. Океј, им реков, ајде да видиме што ќе биде со вашите наслови на моите колумни.
Оттогаш ретко во целост се согласувам со секој наслов (и поднаслов и меѓунаслов) кој тие ќе го стават, но читаноста на моите колумни нагло порасна. Читаноста толку многу скокна што јас и безмалку трема ќе побарам и одма ќе добијам зголемување на хонорарот.
А текстовите се исти како и претходно што сум ги пишувал, пишувани се од истата глава, со исти ставови. Очигледно, на читачката публика денес и е потребен некој поинаков магнет, импулс кој е поинаков од оној од пред 20 или 30 години. И кога сме веќе кај публиката: Своевремено бев меѓу најгласните кој бараше читателите слободно да оставаат коментари под текстовите. За две години прв барав таа опција да се укине. Сфатив, во меѓувреме, дека премногу идиоти живеат меѓу нас, премногу будали, а сите имаат право на глас.

Вие предавате и креативно пишува. Дали има телентирани луѓе? Дали се сериозни во намерата да станат писатели и да живеат од пишување или пак тоа го сфаќаат како хоби?

БАРЕТИЌ: Кога беше формирана сплитската „Куќа на креативно пишување“ им реков дека ќе им се придружам, само ако бидам портир, оној кој работи на приземје и контролира кој може да влезе. Оттогаш до денес, еве скоро десет години, работам исклучуво во тоа „приземје“. Се обидувам да им објаснам не луѓето што сè може да се постигне со зборови, со користење на некои синоними, падежи, глаголи, со поинаков распоред на зборовите...Им отоврам огромна кутија со алат за кој дотогаш не биле свесни, а го носеле со себе цел живот. Најголем комплимент кој сум го добил, а сум го чул двапати од различни луѓе, поранешни посетители на школата е: Знаете, јас и понатаму пишувам онака како што вам не ви се допаѓа, но ЧИТАМ на сосема друг начин. Па зарем има ли подобар комплимент од тоа за еден учител?
Меѓу посетителите на моите курсеви „Дисциплина на фантазијата“ има многу телентирани луѓе. Поголемиот дел, се разбира се просечни и без талент. Некои од нив подоцна ќе објават и книги, па веднаш ќе сфатат дека нема леб во пишувањето и одат на курс по едрење на пример, или керамика, готвење...

Вие сте роден загрепчанин, а живеете во Сплит. Како ви се погоди Сплит?

БАРЕТИЌ: Оваа година имам многу јубилеи. Освен 40 години новинарство, тука е и 35 години од излегување на првата збирка поезија, 20 години од првиот роман и 15 години од третиот, а одбележувам и 30 години од преселбата од Загреб во Сплит. Тоа е пола живот. Догодина значи повеќе ќе бидам сплиќанец од загрепчанец, отколку загрепчанец во Сплит.
Ако не ми беше убаво овде, веројатно одамна ќе се вратев или ќе заминев на друго место. Има работи на кои во Сплит уште не успеав да се навикнам и веројатно никогаш и нема, но такви работи има и во Загреб. Одамна, во Сплит ме најде една девојка, создадовме прекрасно семејство, имаме свој стан и во него имам мала работна соба од која дословно, како што пее Оливер Драгојевиќ „С понистре се види Шолта“, така што јас немам друго што да барам. Загреб и понатаму е во моето срце, кое е точно на средина поделено меѓу овие два града. И тоа секогаш ќе биде така, без разлика на годините 'стаж'.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Одамна сфатив дека сум осакатен за сé друго, освен за пишување appeared first on Република.

]]>

Одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување, вели во интервју за „Република“ хрватскиот писател Ренато Баретиќ (60) кој годинава е еден од гостите на 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој ќе се одржи во Скопје од 17 до 19 септември. Баретиќ веќе 40 години живее исклучиво од пишување. Повремено работи како филмски и телевизиски косценарист и составувач на прашања за најпознатите тв-квизови како „Квискотека“ и „Кој сака да биде милионер“. Во новинарство го минал целиот развоен пат, од почетник во градска рубрика, преку репортер, телевизиски критичар и политички колумнист во поголем број хрватски весници „Вечерњи лист“, „Недељна Далмација“, „Слободна далмација“, „Ферал трибјун“, „Глобус“, „Национал“... Коосновач е, а од 2007 година и уметнички директор на популарниот фестивал за раскажување приказни „Причигин“ во Сплит, Хрватска. Член е на Хрватското здружение на новинари, хрватскиот ПЕН центар и Друштвото на хрватските писатели. Во 2003 година го објави романот „Осмиот повереник“ за кој ги доби престижните книжевни награди „Владимир Назор“, „Иван Горан Ковачиќ“, „Август Шеноа“, „Ксавер Шандор Гјалски“ „Киклоп“ - награда на Саемот на книга во Пула. „Осмиот повереник“ ја објави „Култура“ на македонски јазик, а подоцна беше снимен и филм кој беше хрватски кандидат за „Оскар“. Потоа следеа романите „Зборувај ми за неа“ (2006), „Хотел Гранд“ (2008) и „Последна рака“ (2021). Објавувал и збирки поезија и избор од ТВ-колумни. Кај нас, во Македонија, е многу тешко, па скоро и невозможно, еден писател да живее исклучиво од пишување. Како Вам ви успева сиве овие години?   БАРЕТИЌ: Во Хрватска тоа не е тешко, туку е невозможно. Нема писател или писателка, кои не работат некоја друга, 'главна’ работа. Некој од нас е новинар, некој е професор во училиште или на факултет. Секој од нас пред сè е нешто друго, а потоа поет или белетрист. Јас одамна сфатив дека сум осакатен за сите други таленти, освен за пишување. Токму овие денови, на 13 септември, се навршуваат 40 години, откако почнав да работам како новинар и оттогаш живеам исклучиво од пишување. Се обидов да работам и некои други професии, но се покажа дека само во пишувањето може да бидам доволно способен и со тоа да ги плаќам сметките, да имам пари за храна, школување на децата... Кога последен пат бевте во Скопје? Што обично правите кога ќе дојдете кај нас? БАРЕТИЌ: Последен пат бев многу одамна, во 2017 година. Но тогаш бев цел јуни, четири недели. Дојдов како стипендист на Меѓународната фондација „Традуки“ и бев гостин на „Блесок“. Тогаш, за жал, имав многу работа во Хрватска, која морав да ја завршам и не успеав да стекнам никаков приватен скопски ритуал. Претходно, бев четири пати, главно само на три дена. Тогаш научив дека најдобро е однапред да им се најавам на моите скопски пријатели и да им дозволам да ме прошетаат таму каде што мислат дека мене би ми одговарало. Но, најтешко ми е што сите, секојпат се разочарани кога ќе видат колку малку може да изедам. Вашиот последен роман, „Последна рака“, поставува прашања за темелите на книжевноста и на светот, за моралните избори кои ги правиме. Каква е состојбата денес во хрватското општество? БАРЕТИЌ: Прецизен одговор на ова прашање може да се добие во најмалку двесте редови. Јас ќе се обидам да одговорам со еден збор, а тоа е апатија. Главниот јунак во „Последна рака“ (иако тој е новинар и писател, но романот не е автобиографски) е апатичен до коска, а единствен излез од таа состојба гледа во симболично, професионално самоубиство и да се продаде на капитализмот. Или навистина да се убие, бидејќи трета можност едноставно не постои, нема. Но, на патот до изборот (да не ја уплашам потенцијална пубика), му се случуваат многу бизарни, па и забавни работи. Каков е вашиот однос кон книжевноста и литературата? БАРЕТИЌ: На децата им се гади читањето (да ги тргнеме на страна мобилните телефони, интернетот и останата технологија) затоа што и ден-денес во школските лектири ги гњават со книги стари повеќе од 150 години, кои се пишувани на јазик на кој и јас, пред половина век не можев целосно да го разберам. Министерството за култура се обидува да создаде атмосфера во која сака да прикаже дека многу се грижи за современата книжевност, но тоа е само привидно. Јас пишувам што ми се пишува и кога ми се пишува, но како набљудувач од страна гледам дека на таа сцена постојат премногу конкурентски фракции, картели и други интересни групи. И за ова прашање би ми требало многу простор за да можам вистински да одговорам, но бидејќи со сета сила се држам до мојата аутсајдерска позиција, ќе кажам дека имам свој уредник, своја лекторка и две издавачки куќи. Тоа се моите луѓе од доверба на кои им верувам и на кои сум им верен, а за сè друго баш и не ми е многу гајле. [caption id="attachment_681762" align="alignnone" width="1365"] фото: Тоне Стојко[/caption] Каков е статусот на литературното и на новинарското пишување? БАРЕТИЌ: Сè ми се чини дека искрено, слободно и во склад со сопствените убедувања единствно уште пишуваат само идеалистичните диносауруси од мојата генерација. Иако, мора да признаам, има уште некои помлади колеги кои успеавме да ги заразиме со нашиот вирус, ние, диносаурусите. Им посакувам среќа, иако знам дека нема да ја доживеат. Може ли денешното одговорно новинарство да го преживее притисокот на кликовите на порталите? Дали денес има публика за такво новинарство? БАРЕТИЌ: Од мојата матична редакција, хрватскиот „Тпортал“, каде што одамна пишувам коментари, пред неколку години, многу внимателно прашаа дали смеат, место мене, тие да ставаат наслови на моите колумни. Текстовите се одлични, велат, но насловите се или прекратки или премногу 'каламбурни' за денешната публика. А јас, насловите ги ставав така како што учев со години додека работев во „Слободна Далмација“, „Ферал Трибјун“ и другите весници за коишто пишував. Океј, им реков, ајде да видиме што ќе биде со вашите наслови на моите колумни. Оттогаш ретко во целост се согласувам со секој наслов (и поднаслов и меѓунаслов) кој тие ќе го стават, но читаноста на моите колумни нагло порасна. Читаноста толку многу скокна што јас и безмалку трема ќе побарам и одма ќе добијам зголемување на хонорарот. А текстовите се исти како и претходно што сум ги пишувал, пишувани се од истата глава, со исти ставови. Очигледно, на читачката публика денес и е потребен некој поинаков магнет, импулс кој е поинаков од оној од пред 20 или 30 години. И кога сме веќе кај публиката: Своевремено бев меѓу најгласните кој бараше читателите слободно да оставаат коментари под текстовите. За две години прв барав таа опција да се укине. Сфатив, во меѓувреме, дека премногу идиоти живеат меѓу нас, премногу будали, а сите имаат право на глас. Вие предавате и креативно пишува. Дали има телентирани луѓе? Дали се сериозни во намерата да станат писатели и да живеат од пишување или пак тоа го сфаќаат како хоби? БАРЕТИЌ: Кога беше формирана сплитската „Куќа на креативно пишување“ им реков дека ќе им се придружам, само ако бидам портир, оној кој работи на приземје и контролира кој може да влезе. Оттогаш до денес, еве скоро десет години, работам исклучуво во тоа „приземје“. Се обидувам да им објаснам не луѓето што сè може да се постигне со зборови, со користење на некои синоними, падежи, глаголи, со поинаков распоред на зборовите...Им отоврам огромна кутија со алат за кој дотогаш не биле свесни, а го носеле со себе цел живот. Најголем комплимент кој сум го добил, а сум го чул двапати од различни луѓе, поранешни посетители на школата е: Знаете, јас и понатаму пишувам онака како што вам не ви се допаѓа, но ЧИТАМ на сосема друг начин. Па зарем има ли подобар комплимент од тоа за еден учител? Меѓу посетителите на моите курсеви „Дисциплина на фантазијата“ има многу телентирани луѓе. Поголемиот дел, се разбира се просечни и без талент. Некои од нив подоцна ќе објават и книги, па веднаш ќе сфатат дека нема леб во пишувањето и одат на курс по едрење на пример, или керамика, готвење... Вие сте роден загрепчанин, а живеете во Сплит. Како ви се погоди Сплит? БАРЕТИЌ: Оваа година имам многу јубилеи. Освен 40 години новинарство, тука е и 35 години од излегување на првата збирка поезија, 20 години од првиот роман и 15 години од третиот, а одбележувам и 30 години од преселбата од Загреб во Сплит. Тоа е пола живот. Догодина значи повеќе ќе бидам сплиќанец од загрепчанец, отколку загрепчанец во Сплит. Ако не ми беше убаво овде, веројатно одамна ќе се вратев или ќе заминев на друго место. Има работи на кои во Сплит уште не успеав да се навикнам и веројатно никогаш и нема, но такви работи има и во Загреб. Одамна, во Сплит ме најде една девојка, создадовме прекрасно семејство, имаме свој стан и во него имам мала работна соба од која дословно, како што пее Оливер Драгојевиќ „С понистре се види Шолта“, така што јас немам друго што да барам. Загреб и понатаму е во моето срце, кое е точно на средина поделено меѓу овие два града. И тоа секогаш ќе биде така, без разлика на годините 'стаж'. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Одамна сфатив дека сум осакатен за сé друго, освен за пишување appeared first on Република.

]]>