рената младеновска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/renata-mladenovska/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 13:04:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рената младеновска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/renata-mladenovska/ 32 32 Договорите за вработување на Токсикологија се невалидни, бидејќи се потпишани само од еден директор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dogovorite-za-vrabotuvane-na-toksikologija-se-nevalidni-bidejki-se-potpishani-samo-od-eden-direktor/ Wed, 22 May 2024 13:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=780861

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за работа при што констатирал дека договорите се со потпис од само еден директор.

Согласно законските одредби во однос на потпишувањето на акти, медицинскиот и организацискиот директор имаат заедничка надлежност и кај потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија, јавни набавки итн. Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани, но, законодавецот не предвидел глоба по ова прашање – изјави денеска директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.

Таа најави дека за ова ќе го информираат министерот за здравство кој треба да одлучи понатаму во однос на валидноста на договорите за работа.

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази во изјава за албански медиуми вчера кажа дека Клиниката има потреба од 18-те вработувања што предизвикаа превривања во јавноста.

Иљази увидела дека имаат потреба и затоа инсистирала да се направат договорите. Според неа, лицата работеле постојано и повеќе отколку што требало, дежурале, нешто што не било дозволено без договор.

Иљази вели дека се обидува максимално да го реши овој проблем.

Испратив барање до Министерството за здравство на 28 февруари, кое беше прифатено. Исто така и до Министерството за финансии. Добивме дозвола од Министерството за здравство дека слободно може да се направат договорите, вели Иљази.

Во изминатиот месец почнаа скандалите на Клиниката за токсикологија. Прво вработените преку писмо до медиумите, а потоа и на прес-конфренција укажаа дека директорка Иљази не зборува со нив на македонски јазик, не може да се разберат со неа и не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а е упорна да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023.

Министерот за здравство пред изборите најави, а одма после изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот.

The post Договорите за вработување на Токсикологија се невалидни, бидејќи се потпишани само од еден директор appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за работа при што констатирал дека договорите се со потпис од само еден директор.
Согласно законските одредби во однос на потпишувањето на акти, медицинскиот и организацискиот директор имаат заедничка надлежност и кај потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија, јавни набавки итн. Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани, но, законодавецот не предвидел глоба по ова прашање – изјави денеска директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.
Таа најави дека за ова ќе го информираат министерот за здравство кој треба да одлучи понатаму во однос на валидноста на договорите за работа. Организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази во изјава за албански медиуми вчера кажа дека Клиниката има потреба од 18-те вработувања што предизвикаа превривања во јавноста. Иљази увидела дека имаат потреба и затоа инсистирала да се направат договорите. Според неа, лицата работеле постојано и повеќе отколку што требало, дежурале, нешто што не било дозволено без договор. Иљази вели дека се обидува максимално да го реши овој проблем.
Испратив барање до Министерството за здравство на 28 февруари, кое беше прифатено. Исто така и до Министерството за финансии. Добивме дозвола од Министерството за здравство дека слободно може да се направат договорите, вели Иљази.
Во изминатиот месец почнаа скандалите на Клиниката за токсикологија. Прво вработените преку писмо до медиумите, а потоа и на прес-конфренција укажаа дека директорка Иљази не зборува со нив на македонски јазик, не може да се разберат со неа и не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а е упорна да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023. Министерот за здравство пред изборите најави, а одма после изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот.

The post Договорите за вработување на Токсикологија се невалидни, бидејќи се потпишани само од еден директор appeared first on Република.

]]>
Во другите градови над 95 отсто од децата кои одат во градинки се вакцинирани против голема кашлица, а во Скопје половина од децата не се имунизирани што е поразително, рече директорката на ДСЗИ Младеновска https://arhiva3.republika.mk/vesti/vo-drugite-gradovi-nad-95-otsto-od-detsata-koi-odat-vo-gradinki-se-vaktsinirani-protiv-golema-kashlitsa-a-vo-skopje-polovina-od-detsata-ne-se-imunizirani-shto-e-porazitelno-reche-direktorkata-na-dszi/ Tue, 12 Mar 2024 12:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=754004

Во Скопје скоро 50 отсто од децата кои посетуваат градинки се невакцинирани или се нецелосно вакцинирани против голема кашлица, односно не ја примиле вакцината ДиТеПер. Според првичните информации во другите градови во државата има покриеност со имунизација на ДиТеПер во предучилишна возраст во скоро над 95 отсто, кажа денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска.

Во другите градови, во внатрешноста на државата родителите се одговорни и ја почитуваат обврската да го вакцинираат детето согласно календарот за имунизација. Очигледно е дека проблемот е тука, во градот Скопје, изјави Младеновска.

Младеновска информираше дека од вчера инспекторите на ДСЗИ се на теран за да извршат вонреден инспекциски надзор согласно одлуката што ја добиле од страна на министерот за здравство.

На приватните градинки уште вчера им се доставени решенијата и тие се контролираат исто како и државните.

Издадовме решенија во сите градинки на територија на град Скопје со забрана за прием на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца со ДиТеПер согласно одлуката од министерот. Првичните информации од терен се дека скоро 50 проценти од децата кои посетуваат градинки на територија на град Скопје се невакцинирани со ДиТеПер или се нецелосно вакцинирани и лично сметам дека е поразителн факт за ова општество. Вчера исто така одговорните лица на градинките ни ги доставија списоците со невакцинирани деца и од таму се и бројките. Сметам дека оваа акција треба да продолжи, продолжува и денеска и во следните денови. Директорите на детските градинки ни дадоа уверување дека ќе ја почитуваат мерката, а дали ќе биде така ќе провериме денеска и во следните денови, изјави Младеновска.

Од вчера, 11 март градинките во Скопје не смееја да примаат деца на згрижување кои не се имунизирани со вакцината ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со оваа вакцина против голема кашлица.

Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV).

Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст.

Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

На 8 март ДСЗИ ја доби Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со ДиТеПер.

На новинарско прашање дали вакцинирано дете треба да седи дома 21 ден или веднаш по имунизацијата да се врати во градинка, директорката на ДСЗИ рече дека од нивна страна таква мерка не е пропишана.

Ниту ДСЗИ, ниту Комисијата за заразни болести, ниту министерот за здраввство издала таква мерка. Апсолутно е неточно дека треба да се седи дома 21 ден по примена вакцина, рече Младеновска.

Според Младеновска, ДСЗИ постапува исклучиво по донесената препорака на Комисијата за заразни болести, односно одлуката на Министерот за здравство. Родители реагираат дека иако детето ја примило првата доза од вакцината, втората им била закажана за во мај, утринава им било кажано дека нема да биде примено во градинка.

Нема да правиме исклучок бидејќи ние сме само извршители во оваа ситуација. Ако Комисијата донесе друга препорака и министерот така ни наложи, така ќе постапиме. Се до овој момент ќе постапуваме како и досега, кажа Младеновска.

Од денеска се проверуваат и вакциналните картони. На прашањето кога се очекуваат првични резултати дали се примале и невакцинирани деца во градинките овие деновии Младеновска кажа:

Јас утринава ги добив првичните податоци. Се надевам дека во текот на оваа недела ќе имам информации за подетално да кажам дали се примаат невакцинирани деца и доколку се примаат ДСЗИ има можност да постапи по непочитување на решение и да изрече глоба и за правното и за одговорното лице во правното лице.

Како што беше и со епидемијата на морбили, подеднакво исто постапувме, рече Младеновска, одговарајќи на прашањето што ќе биде со оние деца кои поради оправдани здравствени состојби  не се имунизирраат. За нив е валиден картонот кој е потпишан од специјалистичко-конзилијарно мислење од Детска клиника.

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-11-mart-gradinkite-nema-da-primaat-detsa-koi-ne-se-tselosno-vaktsinirani-so-diteper/

The post Во другите градови над 95 отсто од децата кои одат во градинки се вакцинирани против голема кашлица, а во Скопје половина од децата не се имунизирани што е поразително, рече директорката на ДСЗИ Младеновска appeared first on Република.

]]>

Во Скопје скоро 50 отсто од децата кои посетуваат градинки се невакцинирани или се нецелосно вакцинирани против голема кашлица, односно не ја примиле вакцината ДиТеПер. Според првичните информации во другите градови во државата има покриеност со имунизација на ДиТеПер во предучилишна возраст во скоро над 95 отсто, кажа денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска.
Во другите градови, во внатрешноста на државата родителите се одговорни и ја почитуваат обврската да го вакцинираат детето согласно календарот за имунизација. Очигледно е дека проблемот е тука, во градот Скопје, изјави Младеновска.
Младеновска информираше дека од вчера инспекторите на ДСЗИ се на теран за да извршат вонреден инспекциски надзор согласно одлуката што ја добиле од страна на министерот за здравство. На приватните градинки уште вчера им се доставени решенијата и тие се контролираат исто како и државните.
Издадовме решенија во сите градинки на територија на град Скопје со забрана за прием на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца со ДиТеПер согласно одлуката од министерот. Првичните информации од терен се дека скоро 50 проценти од децата кои посетуваат градинки на територија на град Скопје се невакцинирани со ДиТеПер или се нецелосно вакцинирани и лично сметам дека е поразителн факт за ова општество. Вчера исто така одговорните лица на градинките ни ги доставија списоците со невакцинирани деца и од таму се и бројките. Сметам дека оваа акција треба да продолжи, продолжува и денеска и во следните денови. Директорите на детските градинки ни дадоа уверување дека ќе ја почитуваат мерката, а дали ќе биде така ќе провериме денеска и во следните денови, изјави Младеновска.
Од вчера, 11 март градинките во Скопје не смееја да примаат деца на згрижување кои не се имунизирани со вакцината ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со оваа вакцина против голема кашлица. Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV). Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст. Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. На 8 март ДСЗИ ја доби Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со ДиТеПер. На новинарско прашање дали вакцинирано дете треба да седи дома 21 ден или веднаш по имунизацијата да се врати во градинка, директорката на ДСЗИ рече дека од нивна страна таква мерка не е пропишана.
Ниту ДСЗИ, ниту Комисијата за заразни болести, ниту министерот за здраввство издала таква мерка. Апсолутно е неточно дека треба да се седи дома 21 ден по примена вакцина, рече Младеновска.
Според Младеновска, ДСЗИ постапува исклучиво по донесената препорака на Комисијата за заразни болести, односно одлуката на Министерот за здравство. Родители реагираат дека иако детето ја примило првата доза од вакцината, втората им била закажана за во мај, утринава им било кажано дека нема да биде примено во градинка.
Нема да правиме исклучок бидејќи ние сме само извршители во оваа ситуација. Ако Комисијата донесе друга препорака и министерот така ни наложи, така ќе постапиме. Се до овој момент ќе постапуваме како и досега, кажа Младеновска.
Од денеска се проверуваат и вакциналните картони. На прашањето кога се очекуваат првични резултати дали се примале и невакцинирани деца во градинките овие деновии Младеновска кажа:
Јас утринава ги добив првичните податоци. Се надевам дека во текот на оваа недела ќе имам информации за подетално да кажам дали се примаат невакцинирани деца и доколку се примаат ДСЗИ има можност да постапи по непочитување на решение и да изрече глоба и за правното и за одговорното лице во правното лице.
Како што беше и со епидемијата на морбили, подеднакво исто постапувме, рече Младеновска, одговарајќи на прашањето што ќе биде со оние деца кои поради оправдани здравствени состојби  не се имунизирраат. За нив е валиден картонот кој е потпишан од специјалистичко-конзилијарно мислење од Детска клиника. https://republika.mk/zivot/zdravje/od-11-mart-gradinkite-nema-da-primaat-detsa-koi-ne-se-tselosno-vaktsinirani-so-diteper/

The post Во другите градови над 95 отсто од децата кои одат во градинки се вакцинирани против голема кашлица, а во Скопје половина од децата не се имунизирани што е поразително, рече директорката на ДСЗИ Младеновска appeared first on Република.

]]>
Шопова: Ќерка на активисти на СДС, препорака на Филипче – ете толку е ново „новото име“ на чело на ДСЗИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shopova-kjerka-na-aktivisti-preporaka-na-filipche-ete-tolku-e-novo-novoto-ime-na-chelo-na-dszi/ Sat, 17 Sep 2022 10:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=551678

Новата в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска доаѓа на оваа позиција од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Скопје. Таму, според биографијата што ја споделија од Владата, таа има повеќегодишно искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија.

„Младеновска воедно е асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот ’Свети Кирил и Методиј‘ каде што е и докторанд. Таа има специјализација по хигиена со здравствена екологија на Катедрата по хигиена со здравствена екологија при Медицинскиот факултет, и завршени постдипломски студии за здравствен менаџмент“, велат од Владата.
Оттаму додаваат дека новата директорка на ДСЗИ е и авторка на повеќе публикации и презентации од областа на јавното здравје и безбедност на храна, како и менаџмент во здравството.

„Во соработка со повеќе меѓународни институции е и активен учесник на повеќе конгреси, обуки и симпозиуми врзани со јавно-здравствена проблематика како и HACCP контролен систем за безбедност во храна“, соопштија од Владата.

Доктор Жаклина Шопова од Клиниката за инфективни болести, пак, смета дека Младеновска е нов директор со „непозната заднина“.

Ново име, нов директор, а позадина непозната!
👉 родители познати активисти на СДС, „препорака“ од Филипче која се реализира експресно и „новото име“ е поставена прво за раководител на секторот за хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје во Скопје, со само 2 год. работно искуство!?
👉 способноста да се земаат дополнителни дневници за нереализирани прекувремени часови, и разрешување од раководител на сектор, се патоказ кон повисока функција!?
Дали можеби немање на соодветен кадар во СДС, е причина некој да се поставува над законите па може така да се однесува: разрешува една директорка која троши државни пари и се назначува друга која изнашла друг начин да троши државни пари!?
Одговор???...
сигурно НЕМА, но #одговорност мора да има, вели Шопова.

The post Шопова: Ќерка на активисти на СДС, препорака на Филипче – ете толку е ново „новото име“ на чело на ДСЗИ appeared first on Република.

]]>

Новата в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска доаѓа на оваа позиција од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Скопје. Таму, според биографијата што ја споделија од Владата, таа има повеќегодишно искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија. „Младеновска воедно е асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот ’Свети Кирил и Методиј‘ каде што е и докторанд. Таа има специјализација по хигиена со здравствена екологија на Катедрата по хигиена со здравствена екологија при Медицинскиот факултет, и завршени постдипломски студии за здравствен менаџмент“, велат од Владата. Оттаму додаваат дека новата директорка на ДСЗИ е и авторка на повеќе публикации и презентации од областа на јавното здравје и безбедност на храна, како и менаџмент во здравството. „Во соработка со повеќе меѓународни институции е и активен учесник на повеќе конгреси, обуки и симпозиуми врзани со јавно-здравствена проблематика како и HACCP контролен систем за безбедност во храна“, соопштија од Владата. Доктор Жаклина Шопова од Клиниката за инфективни болести, пак, смета дека Младеновска е нов директор со „непозната заднина“.
Ново име, нов директор, а позадина непозната! 👉 родители познати активисти на СДС, „препорака“ од Филипче која се реализира експресно и „новото име“ е поставена прво за раководител на секторот за хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје во Скопје, со само 2 год. работно искуство!? 👉 способноста да се земаат дополнителни дневници за нереализирани прекувремени часови, и разрешување од раководител на сектор, се патоказ кон повисока функција!? Дали можеби немање на соодветен кадар во СДС, е причина некој да се поставува над законите па може така да се однесува: разрешува една директорка која троши државни пари и се назначува друга која изнашла друг начин да троши државни пари!? Одговор???... сигурно НЕМА, но #одговорност мора да има, вели Шопова.

The post Шопова: Ќерка на активисти на СДС, препорака на Филипче – ете толку е ново „новото име“ на чело на ДСЗИ appeared first on Република.

]]>