рената дескоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/renata-deskoska/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Nov 2023 19:31:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рената дескоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/renata-deskoska/ 32 32 Дескоска се пофали, во нејзино време имало „добар напредок“ – Лога ѝ одговори на латински https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deskoska-se-pofali-vo-nejzino-vreme-imalo-dobar-napredok-loga-odgovori-na-latinski/ Thu, 09 Nov 2023 19:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=700034

Поранешната министерка за правда Репната Дескоска го коментира Извештајот на ЕК во смисла да ги истакне политиките што ги спроведувала во времето кога била министерка. Дескоска на Фејсбук прави споредба на последните пет извештаи.

„Искрено се надевам дека секој следен извештај ќе биде подобар од претходниот или барем ќе покаже дека има напредок, дека нема стагнација во реформите, дека одиме напред. За жал, тоа не се случува во судството. Ако ги споредиме извештаите од 2019 година до денес, можеме да ги прочитаме следните оценки за реформите во правосудството:
2019 година – добар напредок
2020 година – добар напредок
2021 година – одреден напредок
2022 година – одреден напредок
2023 година – нема напредок“, напиша Дескоска.

Поранешната министерка Дескоска во објавата додава дека Извештајот на ЕК треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и во Судскиот совет. Таа ги повикува актуелните креатори на политиките да ја остават настрана суетата, бидејќи според неа, на овој простор „битката за ситни политички поени“ собрани преку преписки и јавни измами може да биде фатална.

На нејзиниот коментар реагираше актуелниот министер за правда, Кренар Лога, кој практично ја посочи како еден од авторите на измените на Кривичниот законик.

Во мрак пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, на светло држат предавања за правдата. О ТЕМПОРА; О МОРЕС!“, напиша Лога.

 

The post Дескоска се пофали, во нејзино време имало „добар напредок“ – Лога ѝ одговори на латински appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за правда Репната Дескоска го коментира Извештајот на ЕК во смисла да ги истакне политиките што ги спроведувала во времето кога била министерка. Дескоска на Фејсбук прави споредба на последните пет извештаи. „Искрено се надевам дека секој следен извештај ќе биде подобар од претходниот или барем ќе покаже дека има напредок, дека нема стагнација во реформите, дека одиме напред. За жал, тоа не се случува во судството. Ако ги споредиме извештаите од 2019 година до денес, можеме да ги прочитаме следните оценки за реформите во правосудството: 2019 година – добар напредок 2020 година – добар напредок 2021 година – одреден напредок 2022 година – одреден напредок 2023 година – нема напредок“, напиша Дескоска. Поранешната министерка Дескоска во објавата додава дека Извештајот на ЕК треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и во Судскиот совет. Таа ги повикува актуелните креатори на политиките да ја остават настрана суетата, бидејќи според неа, на овој простор „битката за ситни политички поени“ собрани преку преписки и јавни измами може да биде фатална. На нејзиниот коментар реагираше актуелниот министер за правда, Кренар Лога, кој практично ја посочи како еден од авторите на измените на Кривичниот законик.
Во мрак пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, на светло држат предавања за правдата. О ТЕМПОРА; О МОРЕС!“, напиша Лога.
 

The post Дескоска се пофали, во нејзино време имало „добар напредок“ – Лога ѝ одговори на латински appeared first on Република.

]]>
Седи кец: За прв пат нема напредок, оставете ги суетите на страна, повикува Дескоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sedi-kets-za-prv-pat-nema-napredok-ostavete-gi-suetite-na-strana-povikuva-deskoska/ Thu, 09 Nov 2023 08:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=699754

Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, утринава објави статус на социјалните мрежи во кој оценува дека за прв пат по неколку години извештајот на Европската комисија во делот на судството покажува дека „нема напредок“.

Како што објаснува професорката, во 2019 и 2022 имало „добар напредок“, во 2021 и 2022 следувало „одреден напредок“, за во 2023 тој да биде оценет како воопшто да го нема.

Според Дескоска, за оваа област одговорни се Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година и дека таа оценка е објективна. Ова, според поранешната министерка, треба да го вклучи алармот во овие две институции.

Taa најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници, следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас. Јас искрено посакувам секој нареден извештај да е подобар од претходниот, или барем да покажува дека има одреден напредок, дека нема застој во реформите, дека одиме напред. За жал, тоа не е случај во делот на судството, коментира Дескоска.

Таа предлага власта да ги мобилизира интелектуалните потенцијали во земјата за што побргу да се излезе од затекнатата ситуација.

И барањето на решенијата не треба да биде во стилот на “префрлање на топката на одговорност”. Таа веќе падна пред нив и направи толкав кратер во кој може да се излизга целата земја.

Извештајот на ЕУ за (не)напредокот Ви ја покажа вистинската, грдата “слика на Доријан Греј”. Не вртете го погледот од неа, со тоа таа нема да исчезне.

Наместо тоа, наместо префрлање на одговорност и негирање на реалноста, оставете ги суетите на страна, бидете свесни дека во оваа област “битката за ситни политички поени” собрани преку јавни препукувања и надмудрувања може да биде фатална (како што и веќе се покажува дека е) и соберете ги сите интелектуални капацитети за да се најде излез од оваа ситуација. Граѓаните го очекуваат тоа!, пишува Дескоска.

The post Седи кец: За прв пат нема напредок, оставете ги суетите на страна, повикува Дескоска appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, утринава објави статус на социјалните мрежи во кој оценува дека за прв пат по неколку години извештајот на Европската комисија во делот на судството покажува дека „нема напредок“. Како што објаснува професорката, во 2019 и 2022 имало „добар напредок“, во 2021 и 2022 следувало „одреден напредок“, за во 2023 тој да биде оценет како воопшто да го нема. Според Дескоска, за оваа област одговорни се Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година и дека таа оценка е објективна. Ова, според поранешната министерка, треба да го вклучи алармот во овие две институции. Taa најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници, следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас. Јас искрено посакувам секој нареден извештај да е подобар од претходниот, или барем да покажува дека има одреден напредок, дека нема застој во реформите, дека одиме напред. За жал, тоа не е случај во делот на судството, коментира Дескоска. Таа предлага власта да ги мобилизира интелектуалните потенцијали во земјата за што побргу да се излезе од затекнатата ситуација. И барањето на решенијата не треба да биде во стилот на “префрлање на топката на одговорност”. Таа веќе падна пред нив и направи толкав кратер во кој може да се излизга целата земја. Извештајот на ЕУ за (не)напредокот Ви ја покажа вистинската, грдата “слика на Доријан Греј”. Не вртете го погледот од неа, со тоа таа нема да исчезне. Наместо тоа, наместо префрлање на одговорност и негирање на реалноста, оставете ги суетите на страна, бидете свесни дека во оваа област “битката за ситни политички поени” собрани преку јавни препукувања и надмудрувања може да биде фатална (како што и веќе се покажува дека е) и соберете ги сите интелектуални капацитети за да се најде излез од оваа ситуација. Граѓаните го очекуваат тоа!, пишува Дескоска.

The post Седи кец: За прв пат нема напредок, оставете ги суетите на страна, повикува Дескоска appeared first on Република.

]]>
Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deskoska-grafata-za-natsionalnost-vo-izvodot-ne-e-zakonska/ Tue, 04 Jul 2023 08:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=657935

Поранешната министерка за правда и професорката по уставно право и политички систем, Рената Дескоска вели дека одлуката на Уставниот суд да го преиспитува новото Упатство за матични книги во кое има графа за националност, а кое го потпиша новиот министер за правда, Кренар Лога, е добра вест и таа очекува тоа да биде поништено.

Професорката објаснува дека сензитивните податоци за етничката припадност, религијата, политичката припадност, сексуалната ориентација не смеат да се најдат во документ, туку само во матичната книга, затоа што Македонија е потписник на неколку меѓународни документи за заштита на податоците.

Етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци. Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас, пишува Дескоска.

Професорката сметка дека според уставните одредби, меѓународните договори што се ратификувани согласно со уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, а уште помалку со упатство.

Значи нашиот устав ги става меѓународните договори под уставот, но над законите. Согласно ова, јас очекував дека надлежното министерство ќе предложи измена на Законот за матична евиденција, заради усогласување со меѓународните обврски, а не измена на упатството за примена на законот. Ова што се случува во моментот е ретрограден процес и непочитување на меѓународните обврски кои сме ги презеле како држава.

Законот за матична евиденција, кој е донесен во 1995 година предвидува во матичната книга да се води податок за националност на родителите. Првото упатство за примена на законот е донесено во 2010 година и со него е предвидено во матичната книга да се води графа за националност, но во образецот за извод од матичната книга не е предвидена оваа графа. Со тоа законот е испочитуван, без да се споделуваат сензитивни податоци пред поширок круг на луѓе, каде ќе се користи изводот. Изгледа дека во 2010, тогашниот министер имал повеќе сенс за меѓународните трендови на заштита на човековите права, од денес во 2023 година. Значи со упатството од 2010 кое е изменето и дополнето во 2015 година, беше предвидено решение, законската одредба да се примени на матичната книга, а со оглед на тоа што законот не предвидува што содржи изводот, во изводот кој е во поширока употреба, да не се споделуваат сензитивни податоци, како што е етничката припадност.

Исто така сакам да потсетам дека ние сме и потписник на Рамковната конвенција за национални малцинства и нашето Собрание ја има ратификувано во 1997 година. Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за национални малцинства, го критикува задолжителното назначување на етничката припадност во личните документи, или во внатрешните записи кои ги води администрацијата, вклучувајќи ја полицијата и здравствените власти, како спротивни на правото на самоидентификација и тоа може да се прочита во нивните толкувања на Конвенцијата“, вели таа.

Ова доаѓа откако министерот за правда Кренар Лога на крајот на мај го потпиша упатството за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати во кои веќе се наоѓа и изјаснувањето по етничката припадност. Објаснувањето на Лога тогаш беше дека на овој начин Министерството за правда сака да му стави крај на проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување и злоупотреба на балансерот за правична етничка застапеност во одредени институции.

The post Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за правда и професорката по уставно право и политички систем, Рената Дескоска вели дека одлуката на Уставниот суд да го преиспитува новото Упатство за матични книги во кое има графа за националност, а кое го потпиша новиот министер за правда, Кренар Лога, е добра вест и таа очекува тоа да биде поништено. Професорката објаснува дека сензитивните податоци за етничката припадност, религијата, политичката припадност, сексуалната ориентација не смеат да се најдат во документ, туку само во матичната книга, затоа што Македонија е потписник на неколку меѓународни документи за заштита на податоците. Етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци. Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас, пишува Дескоска. Професорката сметка дека според уставните одредби, меѓународните договори што се ратификувани согласно со уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, а уште помалку со упатство. Значи нашиот устав ги става меѓународните договори под уставот, но над законите. Согласно ова, јас очекував дека надлежното министерство ќе предложи измена на Законот за матична евиденција, заради усогласување со меѓународните обврски, а не измена на упатството за примена на законот. Ова што се случува во моментот е ретрограден процес и непочитување на меѓународните обврски кои сме ги презеле како држава. Законот за матична евиденција, кој е донесен во 1995 година предвидува во матичната книга да се води податок за националност на родителите. Првото упатство за примена на законот е донесено во 2010 година и со него е предвидено во матичната книга да се води графа за националност, но во образецот за извод од матичната книга не е предвидена оваа графа. Со тоа законот е испочитуван, без да се споделуваат сензитивни податоци пред поширок круг на луѓе, каде ќе се користи изводот. Изгледа дека во 2010, тогашниот министер имал повеќе сенс за меѓународните трендови на заштита на човековите права, од денес во 2023 година. Значи со упатството од 2010 кое е изменето и дополнето во 2015 година, беше предвидено решение, законската одредба да се примени на матичната книга, а со оглед на тоа што законот не предвидува што содржи изводот, во изводот кој е во поширока употреба, да не се споделуваат сензитивни податоци, како што е етничката припадност. Исто така сакам да потсетам дека ние сме и потписник на Рамковната конвенција за национални малцинства и нашето Собрание ја има ратификувано во 1997 година. Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за национални малцинства, го критикува задолжителното назначување на етничката припадност во личните документи, или во внатрешните записи кои ги води администрацијата, вклучувајќи ја полицијата и здравствените власти, како спротивни на правото на самоидентификација и тоа може да се прочита во нивните толкувања на Конвенцијата“, вели таа. Ова доаѓа откако министерот за правда Кренар Лога на крајот на мај го потпиша упатството за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати во кои веќе се наоѓа и изјаснувањето по етничката припадност. Објаснувањето на Лога тогаш беше дека на овој начин Министерството за правда сака да му стави крај на проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување и злоупотреба на балансерот за правична етничка застапеност во одредени институции.

The post Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска appeared first on Република.

]]>
Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-dozvolil-da-se-formira-vancho-mihajlov-deskoska-tvrdi-deka-pravda-ne-dala-soglasnost-da-se-formira-zdruzenieto/ Mon, 18 Apr 2022 16:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=490182

Универзитетската професорка и министерка за правда во времето кога било регистрирано здружението „Иван Михајлов“ во Битола, Рената Десковска, вели дека јавноста со право реагира, но исто така посочува дека министерството не издало такво одобрение.

Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов, вели Десковска, која го објави документот-одговор на барањето во министерството.

„Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на Законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, додава професорката.

Државата не смее да се однесува како село без кучиња и треба да одговори кој дозволил да се регистрира бугарскиот културен клуб со име на контраверзна личност за македонската историја, рече историчарот Тодор Чепреганов во Студио 10 на ТВ24, кој праша и зошто клубот е отворен токму во Битола и дали пробугарската струја е најсилна во Битола.

https://republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-drzavata-da-odgovori-koj-dozvolil-registracija-na-bugarskiot-kulturen-klub-vancho-mihajlov/?fbclid=IwAR2_W0dCLqZuxBRTpSnGiM7JGzA_-zoavJcjzMD7iczf0KldhdqjLkOWMD0

 

 

The post Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението appeared first on Република.

]]>

Универзитетската професорка и министерка за правда во времето кога било регистрирано здружението „Иван Михајлов“ во Битола, Рената Десковска, вели дека јавноста со право реагира, но исто така посочува дека министерството не издало такво одобрение.
Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов, вели Десковска, која го објави документот-одговор на барањето во министерството.
„Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на Законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, додава професорката. Државата не смее да се однесува како село без кучиња и треба да одговори кој дозволил да се регистрира бугарскиот културен клуб со име на контраверзна личност за македонската историја, рече историчарот Тодор Чепреганов во Студио 10 на ТВ24, кој праша и зошто клубот е отворен токму во Битола и дали пробугарската струја е најсилна во Битола. https://republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-drzavata-da-odgovori-koj-dozvolil-registracija-na-bugarskiot-kulturen-klub-vancho-mihajlov/?fbclid=IwAR2_W0dCLqZuxBRTpSnGiM7JGzA_-zoavJcjzMD7iczf0KldhdqjLkOWMD0    

The post Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението appeared first on Република.

]]>