ремонт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/remont/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 19:11:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ремонт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/remont/ 32 32 Пендаровски: М- НАВ е зрела институција за генерален ремонт, имавме реакција од НАТО за инцидентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-m-nav-e-zrela-institutsija-za-generalen-remont-imavme-reaktsija-od-nato-za-intsidentot/ Tue, 09 Jan 2024 19:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=731284

Во вечерашното интервју за „Тема на денот“ на Телевизија Сител, зборувајќи за последните случувања во М-НАВ, претседателот Стево Пендаровски потенцираше дека незадоволството на контролорите на летање трае подолго време и потсети дека нивниот синдикат реагираше и пред година – две, кога имаше обиди на данскиот конкурс да се примат неквалификувани кадри.

Се работи за дел од критичната инфраструктура. На неа се гледа со посебно внимание. Постои посебен закон за таа критична инфраструктура. Ние сме членка на НАТО и не смееше да се дозволи таков скандал. Во просториите на тој дел од критичната инфраструктура, да се пресметуваат физички луѓето како да е кафеана. Мислам дека од тука треба да тргнеме и извршните органи, пред сѐ Владата да влезе во процес на расчистување. Едно е обвинителство, друго е дисциплинска постапка, трето е кадровска политика. Мислам дека таа институција е зрела за генерален ремонт, потенцираше Пендаровски.

Во оваа насока, како што истакна претседателот Пендаровски, кога се случи инцидентот, покрај од амбасадите добил реакции и од високи претставници на НАТО, чии прашања биле во насока на тоа дали е безбедно македонското небо и за авионите на НАТО.

 

The post Пендаровски: М- НАВ е зрела институција за генерален ремонт, имавме реакција од НАТО за инцидентот appeared first on Република.

]]>

Во вечерашното интервју за „Тема на денот“ на Телевизија Сител, зборувајќи за последните случувања во М-НАВ, претседателот Стево Пендаровски потенцираше дека незадоволството на контролорите на летање трае подолго време и потсети дека нивниот синдикат реагираше и пред година – две, кога имаше обиди на данскиот конкурс да се примат неквалификувани кадри.
Се работи за дел од критичната инфраструктура. На неа се гледа со посебно внимание. Постои посебен закон за таа критична инфраструктура. Ние сме членка на НАТО и не смееше да се дозволи таков скандал. Во просториите на тој дел од критичната инфраструктура, да се пресметуваат физички луѓето како да е кафеана. Мислам дека од тука треба да тргнеме и извршните органи, пред сѐ Владата да влезе во процес на расчистување. Едно е обвинителство, друго е дисциплинска постапка, трето е кадровска политика. Мислам дека таа институција е зрела за генерален ремонт, потенцираше Пендаровски.
Во оваа насока, како што истакна претседателот Пендаровски, кога се случи инцидентот, покрај од амбасадите добил реакции и од високи претставници на НАТО, чии прашања биле во насока на тоа дали е безбедно македонското небо и за авионите на НАТО.  

The post Пендаровски: М- НАВ е зрела институција за генерален ремонт, имавме реакција од НАТО за инцидентот appeared first on Република.

]]>
Заврши мини ремонтот, Блок 2 на РЕК Битола вратен на мрежа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zavrshi-mini-remontot-blok-2-na-rek-bitola-vraten-na-mrezha/ Fri, 03 Mar 2023 09:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=615421

Блок 2 на РЕК Битола е вратен на мрежа утрово во 9:53 часот.

Постројката е повторно ставена во функција по завршувањето на активностите за нега и санација.

Согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола продолжува со работа со полн капацитет, односно со трите блока.

The post Заврши мини ремонтот, Блок 2 на РЕК Битола вратен на мрежа appeared first on Република.

]]>

Блок 2 на РЕК Битола е вратен на мрежа утрово во 9:53 часот. Постројката е повторно ставена во функција по завршувањето на активностите за нега и санација. Согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола продолжува со работа со полн капацитет, односно со трите блока.

The post Заврши мини ремонтот, Блок 2 на РЕК Битола вратен на мрежа appeared first on Република.

]]>
РЕК „Битола“ почна со мини ремонт на Блок 2 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rek-bitola-pochna-so-mini-remont-na-blok-2/ Thu, 16 Feb 2023 09:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=609606

Во РЕК „Битола“ започнаа активностите за нега и санација на Блок 2, соопштија од енергетскиот комбинат.

Мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели. Во овој период планирани се повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот. посочуваат од РЕК „Битола“.

Блок 2 до исклучувањето синоќа во 2 часот по полноќ, беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блок 2 произведе 1.382.666 MWh електрична енергија што претставува рекорд во последните осум години. Мини ремонтот кој започна треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона, на оваа 39 години стара постројка, се вели во соопштението до медиумите.

Од РЕК „Битола“ додаваат дека согласно планот за производство, во АД ЕСМ продолжуваат со работа сите останати капацитети и потребата за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања се обезбедува исклучиво од домашно производство.

The post РЕК „Битола“ почна со мини ремонт на Блок 2 appeared first on Република.

]]>

Во РЕК „Битола“ започнаа активностите за нега и санација на Блок 2, соопштија од енергетскиот комбинат. Мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели. Во овој период планирани се повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот. посочуваат од РЕК „Битола“. Блок 2 до исклучувањето синоќа во 2 часот по полноќ, беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блок 2 произведе 1.382.666 MWh електрична енергија што претставува рекорд во последните осум години. Мини ремонтот кој започна треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона, на оваа 39 години стара постројка, се вели во соопштението до медиумите. Од РЕК „Битола“ додаваат дека согласно планот за производство, во АД ЕСМ продолжуваат со работа сите останати капацитети и потребата за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања се обезбедува исклучиво од домашно производство.

The post РЕК „Битола“ почна со мини ремонт на Блок 2 appeared first on Република.

]]>
Поради војната во Украина, Македонија ги испраќа своите советски хеликоптери на ремонт во Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-vojnata-vo-ukraina-makedonija-gi-ispraka-svoite-sovetski-helikopteri-na-remont-vo-cheshka/ Wed, 15 Feb 2023 10:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=609233

Војната во Украина предизвика повеќето армии во НАТО меѓу кои и АРСМ кои поседуваат авиони но и други летала од советско или руско потекло да се соочуваат со потешкотии за нивно редовно сервисирање но и набавка на резервни делови и ремонти. Главна причина за потешкотиите се секако санкциите кон Русија кои ги прекинаа механизмите за редовна поддршка при набавка на резервни делови и ремонт.

Во тој контекст среде војна во Украина и неможност да се обави ремонт на македонските летала, два хеликоптера Ми-8МТ од руско потекло кои се во редовите на македонската армија поради истек на временскиот ресурс за летање заминуваат на ремонт во чешкиот завод ЛОМ во Прага, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“.

По долго задоцнување, потпишан е меѓудржавен договор според кој во рок од 13 месеци ќе се вратат во употреба два Ми-8МТ, регистарски броеви 305 и 306, со временски ресурс од осум години. Цената на работите е блиску до шест милиони евра, се додава во текстот.

Порталот наведува дека контроверзното прашање околу ремонтот на тие хеликоптери од 1985 година е набавката на резервни делови кои ги прави само руската авијација и до кои Македонија, како членка на НАТО, не може да пристапи поради војната во Украина.

Во таа конотација некаде пред крајот на минатата година министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји. Договорот, кој е по принципот „Влада со Влада“, како што соопштија тогаш од Министерството за одбрана, е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци.

Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор „Влада со Влада“ (Г2Г) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците – информираа во соопштението од МО.

Инаку, Македонија претходно главно се потпираше на украинската поддршка за ремонт, од каде ги набави сите Ми-8 и Ми-17, како и борбените Ми-24В што ги има во својот инвентар. Сега има по два Ми-17, Ми-8МТ и Ми-24В, за кои се вели дека се „во ресурс“ и ќе можат да летаат до средината на оваа деценија, во зависност од времето на завршување на последниот ремонт.

Во исто време, двата Ми-24В ремонтирани во Украина во 2018 година ќе летаат до 2025 година. Двата Ми-17 за македонската воена авијација се набавени во 1994 година од Украина, а се произведени во фабриката во Казан, Русија. И двата беа ремонтирани во Литванија и вратени во март 2017 година и на нив се смета до 2024 година.

Македонски воени ознаки носат четири примероци на Ми-8МТ, од кои три се произведени во 1985 година, а еден во 1986 година. Првично летаа во советската авијација, а во 1992 година, по поделбата на државата и имотот, ѝ припаднаа на Украина. Тие беа испратени во базата „Бондстил“ на Косово како дел од украинскиот контингент во КФОР, а во 2001 година Македонија ги купи од Украина за да ги користи во војната со ОНА.

Според планот за развој на вооружените сили на Македонија за периодот од 2019 до 2028 година, планиран е ремонт на два Ми-8МТ, кои сега ќе се реализира, како и набавка на нови летала. Според тој документ, тоа е програма што треба да биде покрената во 2024 година. Предвидениот буџет е 216 милиони евра, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“.

The post Поради војната во Украина, Македонија ги испраќа своите советски хеликоптери на ремонт во Чешка appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина предизвика повеќето армии во НАТО меѓу кои и АРСМ кои поседуваат авиони но и други летала од советско или руско потекло да се соочуваат со потешкотии за нивно редовно сервисирање но и набавка на резервни делови и ремонти. Главна причина за потешкотиите се секако санкциите кон Русија кои ги прекинаа механизмите за редовна поддршка при набавка на резервни делови и ремонт. Во тој контекст среде војна во Украина и неможност да се обави ремонт на македонските летала, два хеликоптера Ми-8МТ од руско потекло кои се во редовите на македонската армија поради истек на временскиот ресурс за летање заминуваат на ремонт во чешкиот завод ЛОМ во Прага, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“. По долго задоцнување, потпишан е меѓудржавен договор според кој во рок од 13 месеци ќе се вратат во употреба два Ми-8МТ, регистарски броеви 305 и 306, со временски ресурс од осум години. Цената на работите е блиску до шест милиони евра, се додава во текстот. Порталот наведува дека контроверзното прашање околу ремонтот на тие хеликоптери од 1985 година е набавката на резервни делови кои ги прави само руската авијација и до кои Македонија, како членка на НАТО, не може да пристапи поради војната во Украина. Во таа конотација некаде пред крајот на минатата година министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји. Договорот, кој е по принципот „Влада со Влада“, како што соопштија тогаш од Министерството за одбрана, е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци. Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор „Влада со Влада“ (Г2Г) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците – информираа во соопштението од МО. Инаку, Македонија претходно главно се потпираше на украинската поддршка за ремонт, од каде ги набави сите Ми-8 и Ми-17, како и борбените Ми-24В што ги има во својот инвентар. Сега има по два Ми-17, Ми-8МТ и Ми-24В, за кои се вели дека се „во ресурс“ и ќе можат да летаат до средината на оваа деценија, во зависност од времето на завршување на последниот ремонт. Во исто време, двата Ми-24В ремонтирани во Украина во 2018 година ќе летаат до 2025 година. Двата Ми-17 за македонската воена авијација се набавени во 1994 година од Украина, а се произведени во фабриката во Казан, Русија. И двата беа ремонтирани во Литванија и вратени во март 2017 година и на нив се смета до 2024 година. Македонски воени ознаки носат четири примероци на Ми-8МТ, од кои три се произведени во 1985 година, а еден во 1986 година. Првично летаа во советската авијација, а во 1992 година, по поделбата на државата и имотот, ѝ припаднаа на Украина. Тие беа испратени во базата „Бондстил“ на Косово како дел од украинскиот контингент во КФОР, а во 2001 година Македонија ги купи од Украина за да ги користи во војната со ОНА. Според планот за развој на вооружените сили на Македонија за периодот од 2019 до 2028 година, планиран е ремонт на два Ми-8МТ, кои сега ќе се реализира, како и набавка на нови летала. Според тој документ, тоа е програма што треба да биде покрената во 2024 година. Предвидениот буџет е 216 милиони евра, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“.

The post Поради војната во Украина, Македонија ги испраќа своите советски хеликоптери на ремонт во Чешка appeared first on Република.

]]>
Во тек еднодневни сервисно-ремонтни активности на Блок 1 на РЕК „Битола“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-tek-ednodnevni-servisno-remontni-aktivnosti-na-blok-1-na-rek-bitola/ Tue, 27 Dec 2022 10:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=590465

Во РЕК „Битола“ утрово започнаа сервисно-ремонтни активности на Блокот 1, со цел подобрување на неговата стабилност и доверливост во работата. Застојот во производството од овој блок е предвидено да трае во наредните 24 часа, соопшти АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ).

Во меѓувреме, во функција останува Блокот 2 на комбинатот.

Од АД ЕСМ најавуваат дека постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден.

Снабдувањето со електрична енергија од останатите капацитети на АД ЕСМ продолжува непречено и компанијата не увезува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, наведува ЕСМ во соопштение.

The post Во тек еднодневни сервисно-ремонтни активности на Блок 1 на РЕК „Битола“ appeared first on Република.

]]>

Во РЕК „Битола“ утрово започнаа сервисно-ремонтни активности на Блокот 1, со цел подобрување на неговата стабилност и доверливост во работата. Застојот во производството од овој блок е предвидено да трае во наредните 24 часа, соопшти АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ). Во меѓувреме, во функција останува Блокот 2 на комбинатот. Од АД ЕСМ најавуваат дека постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден. Снабдувањето со електрична енергија од останатите капацитети на АД ЕСМ продолжува непречено и компанијата не увезува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, наведува ЕСМ во соопштение.

The post Во тек еднодневни сервисно-ремонтни активности на Блок 1 на РЕК „Битола“ appeared first on Република.

]]>
Ремонт на Блок 1 во РЕК Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/remont-na-blok-1-vo-rek-bitola/ Tue, 04 Oct 2022 07:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=557069

Во РЕК Битола во тек е ремонт на Блок 1 кој е предвидено да заврши до 15 октомври, соопшти денеска АД ЕСМ.

Поради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-тина дена, место вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството, стои во соопштението.

Од компанијата посочуваат дека ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола, како што се наведува, би продолжил со работа со полн капацитет.

The post Ремонт на Блок 1 во РЕК Битола appeared first on Република.

]]>

Во РЕК Битола во тек е ремонт на Блок 1 кој е предвидено да заврши до 15 октомври, соопшти денеска АД ЕСМ.
Поради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-тина дена, место вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството, стои во соопштението.
Од компанијата посочуваат дека ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола, како што се наведува, би продолжил со работа со полн капацитет.

The post Ремонт на Блок 1 во РЕК Битола appeared first on Република.

]]>