Рембрант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rembrant/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 11:46:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рембрант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rembrant/ 32 32 Во тек е најголемата реставрација на ремек-делото на барокниот сликар Рембрант Херменсон ван Рајн – „Ноќна стража“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-tek-e-najgolemata-restavratsija-na-remek-deloto-na-barokniot-slikar-rembrant-hermenson-van-rajn-nokna-strazha/ Wed, 13 Nov 2024 11:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=837164

Во холандскиот Националeн музеј во Амстердам во тек е најголемата реставрација на ремек-делото на барокниот сликар Рембрант Херменсон ван Рајн – „Ноќна стража“. По пет години истражување, осум реставратори почнаа да користат техники како дигитална фотографија и вештачка интелигенција заради обновувањето.

„Ноќна стража“ е реставрирана најмалку 25 пати, а овој нов проект за истражување и обновување е најобемниот досега. Генералниот директор на Музејот, Тако Дибитс истакна дека јавноста сега ќе може да го следи самиот процес на реставрација, што, според него, ќе биде уникатно искуство.

Реставрацијата почнува со отстранување на лакот од сликата ќе ја открие богатата историја на уметничкото дело на легендарниот холандски сликар. Лакот нанесен при реставрацијата од 1975 до 1976 година ќе биде отстранет со микрофибер крпи и памук.

„Ноќната стража“ на Рембрант од 1642 година е слика во маслена техника и е една од најраните слики што ја прикажува групата во акција.

Сликата првично е обложена со темен лак и, со годините, тука се наобрало прашина, така што остава впечаток дека прикажува ноќна случка, поради што во 18. век го добила името „Ноќна стража“. Изворниот наслов, според некои истражувачи, гласел: „Градските чувари на Вториот округ под команда на капетанот Франс Банинк Кок“. Називот „Ноќна стража“ првпат е употребен во запис од 1797 година.

Сликата била оштетена со нож двапати – во 1911. и во 1975 година, кога напаѓачот направил 12 резови на платното. Во 1990, друг напаѓач ја испрскал сликата со киселина, па благодарение на брзата интервенција на чуварот, само лакот е оштетен.

Повеќе од два милиони посетители годишно доаѓаат да ја видат оваа слика во Националниот музеј.

https://www.youtube.com/shorts/vlfdaNByxDk

The post Во тек е најголемата реставрација на ремек-делото на барокниот сликар Рембрант Херменсон ван Рајн – „Ноќна стража“ appeared first on Република.

]]>

Во холандскиот Националeн музеј во Амстердам во тек е најголемата реставрација на ремек-делото на барокниот сликар Рембрант Херменсон ван Рајн – „Ноќна стража“. По пет години истражување, осум реставратори почнаа да користат техники како дигитална фотографија и вештачка интелигенција заради обновувањето. „Ноќна стража“ е реставрирана најмалку 25 пати, а овој нов проект за истражување и обновување е најобемниот досега. Генералниот директор на Музејот, Тако Дибитс истакна дека јавноста сега ќе може да го следи самиот процес на реставрација, што, според него, ќе биде уникатно искуство. Реставрацијата почнува со отстранување на лакот од сликата ќе ја открие богатата историја на уметничкото дело на легендарниот холандски сликар. Лакот нанесен при реставрацијата од 1975 до 1976 година ќе биде отстранет со микрофибер крпи и памук. „Ноќната стража“ на Рембрант од 1642 година е слика во маслена техника и е една од најраните слики што ја прикажува групата во акција. Сликата првично е обложена со темен лак и, со годините, тука се наобрало прашина, така што остава впечаток дека прикажува ноќна случка, поради што во 18. век го добила името „Ноќна стража“. Изворниот наслов, според некои истражувачи, гласел: „Градските чувари на Вториот округ под команда на капетанот Франс Банинк Кок“. Називот „Ноќна стража“ првпат е употребен во запис од 1797 година. Сликата била оштетена со нож двапати – во 1911. и во 1975 година, кога напаѓачот направил 12 резови на платното. Во 1990, друг напаѓач ја испрскал сликата со киселина, па благодарение на брзата интервенција на чуварот, само лакот е оштетен. Повеќе од два милиони посетители годишно доаѓаат да ја видат оваа слика во Националниот музеј. https://www.youtube.com/shorts/vlfdaNByxDk

The post Во тек е најголемата реставрација на ремек-делото на барокниот сликар Рембрант Херменсон ван Рајн – „Ноќна стража“ appeared first on Република.

]]>
Откриени две досега непознати слики на Рембрант https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otkrieni-dve-dosega-nepoznati-sliki-na-rembrant/ Mon, 22 May 2023 11:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=643566

Досега непознати два портрета на светски познатиот сликар Рембрант се откриени по 200 години, во приватна колекција на едно британско семејство. Според лондонската аукциска куќа „Кристи“, стручњаците наишле на сликите на холандскиот уметник при „рутинска проценка“ на сликарската колекција.

Не знаев што ќе најдам... Се осмелив да сонувам. Но, за мене беше изненадувачки што овие слики никогаш порано не биле проучувани. Тие беа целосно отсутни од литературата за Рембрант, забележа проценителот Хенри Патифер.

Автентичноста на сликите е потврдена и во аукциската куќа и во Ријксмузејот - уметничкиот музеј во Амстердам, Холандија, каде што се специјализирани за делото на Рембрант. Забележано е дека сликите прикажуваат двојка „семејно поврзана со уметникот“ - Јан Вилемс ван дер Плуим и неговата сопруга Јапген Карелс.

„Кристи“ ќе ги понуди портретите на наддавање во Лондон во јули. Пред тоа ќе бидат прикажани во Њујорк и Амстердам. Проценетата вредност на двете слики, засега е 5 - 8 милиони фунти.

 

The post Откриени две досега непознати слики на Рембрант appeared first on Република.

]]>

Досега непознати два портрета на светски познатиот сликар Рембрант се откриени по 200 години, во приватна колекција на едно британско семејство. Според лондонската аукциска куќа „Кристи“, стручњаците наишле на сликите на холандскиот уметник при „рутинска проценка“ на сликарската колекција.
Не знаев што ќе најдам... Се осмелив да сонувам. Но, за мене беше изненадувачки што овие слики никогаш порано не биле проучувани. Тие беа целосно отсутни од литературата за Рембрант, забележа проценителот Хенри Патифер.
Автентичноста на сликите е потврдена и во аукциската куќа и во Ријксмузејот - уметничкиот музеј во Амстердам, Холандија, каде што се специјализирани за делото на Рембрант. Забележано е дека сликите прикажуваат двојка „семејно поврзана со уметникот“ - Јан Вилемс ван дер Плуим и неговата сопруга Јапген Карелс. „Кристи“ ќе ги понуди портретите на наддавање во Лондон во јули. Пред тоа ќе бидат прикажани во Њујорк и Амстердам. Проценетата вредност на двете слики, засега е 5 - 8 милиони фунти.  

The post Откриени две досега непознати слики на Рембрант appeared first on Република.

]]>