реконструкција на владата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rekonstrukcija-na-vladata/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 08:03:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реконструкција на владата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rekonstrukcija-na-vladata/ 32 32 Продолжува собраниската расправа за разрешување на заменик-министрите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-sobraniskata-rasprava-za-razreshuvane-na-zamenik-ministrite/ Tue, 28 Feb 2023 08:03:57 +0000 https://republika.mk/?p=614001

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 104. седница со расправата за разрешувања на заменик-министрите за одбрана, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу.

Расправата почна доцна синоќа со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, а за збор се пријавени 40 пратеници.

Ковачевски од Собранието побара конструктивна дискусија и повтори дека владината реконструкција не е партиски мотивирана, туку е за европска иднина на државата.

Претходно, во рамки на 104. седница беа избрани четирите нови министри во Владата - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање. 

The post Продолжува собраниската расправа за разрешување на заменик-министрите appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 104. седница со расправата за разрешувања на заменик-министрите за одбрана, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу. Расправата почна доцна синоќа со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, а за збор се пријавени 40 пратеници. Ковачевски од Собранието побара конструктивна дискусија и повтори дека владината реконструкција не е партиски мотивирана, туку е за европска иднина на државата. Претходно, во рамки на 104. седница беа избрани четирите нови министри во Владата - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање. 

The post Продолжува собраниската расправа за разрешување на заменик-министрите appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Додека сум премиер, вратата ќе му биде отворена на секој кој сака да создадеме европска Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-dodeka-sum-premier-vratata-ke-mu-bide-otvorena-na-sekoj-koj-saka-da-sozdademe-evropska-makedonija/ Tue, 28 Feb 2023 07:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=613977

По изборот на новите министри премиерот Димитар Ковачевски рече дека реконструкцијата не е мотивирана од имиња и презимиња, од партиски интереси, туку поради зајакнување на позиците на државата на меѓународен план, заштита на националните интереси и окрупнување на чинителите кои се проевропски ориентирани.

Вие почитувани пратеници, владата, сите ние имаме должност кон граѓаните да градиме општество кое доликува на современите демократии, општество интегрирано во Европската унија. За подобар и попросперитетен живот на сите наши граѓани. Затоа, сѐ додека сум премиер во владата, вратата ќе остане отворена за секој пратеник, за секоја политичка партија, поединци со кои за Македонија ќе создаваме европска Македонија, затоа што нашите граѓани заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, рече Ковачевски.

Според него, власта мора да се залага за забрзан економски раст на државата.

Граѓаните овде имаат капацитет, имаат вештини и знаење. Затоа на нас е да им го овозможиме сето тоа. Пред вас, пред нас има голема работа што допрва претстои. Одговорноста што ни ја доверија граѓаните нѐ обврзува уште поодговорно да работиме на реформските процеси во државата, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Додека сум премиер, вратата ќе му биде отворена на секој кој сака да создадеме европска Македонија appeared first on Република.

Коцевски до Ковачевски: Образот е многу важен, чистиот образ, а вашиот е многу валкан и многу криминален https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotsevski-do-kovachevski-obrazot-e-mnogu-vazhen-chistiot-obraz-a-vashiot-e-mnogu-valkan-i-mnogu-kriminalen/ Mon, 27 Feb 2023 12:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=613725

„Еден многу небитен, трајно неспособен и в.д. премиер минатата недела искажа нешто што јас овде не можам да го повторам, не ми доликува. Името на тој в.д. премиер е Димитар, а презимето е Ковачевски. Господине Ковачевски образот е многу важен, чистиот образ. А, Вашиот е многу валкан и многу криминален“, истакна Зоран Коцевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Коцевски додаде дека денес во Македонија има „Пазар 3“ коалиција на чело со Артан Груби.

„Да се вратиме сега на маркетот, драгсторот, пазарот и пазарџиите, и на „Пазар 3“ коалицијата на оваа Влада на чело со Груби и Ковачевски. Верглаат веќе цела недела дека коалицијата им се зголемува, а таа остана барем кога беа разрешени министрите на 64. Меѓутоа тие имаат еден премиер, бивш премиер кој по три часа имал само математика, а овој сегашниот премиер изгледа и бегал од часови“, рече пратеникот.

Тој ја потсети јавноста дека и Ковачевски има дезартирано од Армијата во 2001 година.

„Како и досега ова е една од многуте чудни ситуации приредени од Груби и Ковачевски, каде се поднесува предлог за нови четири министри. А, ниту збор за некој од нив. Како што немаше збор ниту за разрешените министри од страна на предлагачот, господинот Ковачевски. Напротив, со еден пишан текст составен од Артан Груби, извршителот Ковачевски се обиде неуспешно да ја објасни целата ситуација околу овој предлог за министри во Владата“, нагласи Коцевски.

Пратеникот укажа дека Ковачевски ист пишан текст неколку пати излегува на говорница и го чита.

„Слободно можам да констатирам дека целата оваа ситуација е пазар за спас на Артан Груби, за спас на Ковачевски и најблиските луѓе околу Груби и Ковачевски. Ете тоа е вашиот европски пат и ништо друго“, рече пратеникот.

The post Коцевски до Ковачевски: Образот е многу важен, чистиот образ, а вашиот е многу валкан и многу криминален appeared first on Република.

Продолжува собраниската расправа за избор на нови министри во Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-sobraniskata-rasprava-za-izbor-na-novi-ministri-vo-vladata/ Mon, 27 Feb 2023 07:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=613535

Започнува третата работна недела на 104. собраниска седница за реконструкција на Владата. Пратениците денеска ќе ја продолжат расправата за Предлогот за избор на членови на Владата да бидат Кренар Лога, за министер за правда, Фатмир Меџити, за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество и администрација и Каја Шукова, министер за животна средина и просторно планирање.

Во петокот расправата за избор на новите министри беше прекината во вечерните часови, а претседателот на Собранието најави дека таа ќе продолжи денеска напладне.

Во текот на дебатата пратеникот Борислав Крмов од Левица се осврна на експозето од премиерот Димитар Ковачевски, при што меѓу другото, оцени дека не го разбира оправдувањето зошто се случува ротацијата на Алтернатива со Алијанса за Албаниците во владината коалиција. Според него, не држи наводното образложение дека целта е европска коалиција и тн. окрупнување, туку се работи за класично купување „ден за ден влада“, и како што рече, за целосно заложништво на СДСМ од страна на ДУИ.

Според него и, „СДСМ дефакто е веќе малцински партнер“, бројот на пратениците не е релевантен и најголем дел од министерствата не се во нивни раце.

-Над 90 отсто од клучните институции ги држи ДУИ, за СДСМ се само трошките, очигледно единствена мотивација е само да продолжат бизнисите, вели Крмов.

ДУИ, пак, според него, сега има два проблеми, првиот да спречи обединување на албанската опозиција, а вториот е внатрешната фракција. Влезот на АА во Владата, вели е за една година и потоа таа партија ќе биде делигитимирана.

Арта Биљали Зендели од ДУИ му реплицираше на искажаните ставови за проблемите во партијата.

-ДУИ може да има не два, илјада проблеми, но се додека вие се занимавате со ДУИ рејтингот на партијата само ќе расте. А на крај ќе дојдат избори каде сите ќе го земеме тоа што сме го заслужиле, рече Биљали Зендели.

Расправата за изборот на новите министри продолжува, откако по десетдневна дебата беа разрешени министрите од Алтернатива, за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи.

На 104. седница по изборот на министрите треба да се расправа и гласа за разрешување на пет заменици министри и да бидат именувани нови.

The post Продолжува собраниската расправа за избор на нови министри во Владата appeared first on Република.

]]>

Започнува третата работна недела на 104. собраниска седница за реконструкција на Владата. Пратениците денеска ќе ја продолжат расправата за Предлогот за избор на членови на Владата да бидат Кренар Лога, за министер за правда, Фатмир Меџити, за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество и администрација и Каја Шукова, министер за животна средина и просторно планирање. Во петокот расправата за избор на новите министри беше прекината во вечерните часови, а претседателот на Собранието најави дека таа ќе продолжи денеска напладне. Во текот на дебатата пратеникот Борислав Крмов од Левица се осврна на експозето од премиерот Димитар Ковачевски, при што меѓу другото, оцени дека не го разбира оправдувањето зошто се случува ротацијата на Алтернатива со Алијанса за Албаниците во владината коалиција. Според него, не држи наводното образложение дека целта е европска коалиција и тн. окрупнување, туку се работи за класично купување „ден за ден влада“, и како што рече, за целосно заложништво на СДСМ од страна на ДУИ. Според него и, „СДСМ дефакто е веќе малцински партнер“, бројот на пратениците не е релевантен и најголем дел од министерствата не се во нивни раце.
-Над 90 отсто од клучните институции ги држи ДУИ, за СДСМ се само трошките, очигледно единствена мотивација е само да продолжат бизнисите, вели Крмов.
ДУИ, пак, според него, сега има два проблеми, првиот да спречи обединување на албанската опозиција, а вториот е внатрешната фракција. Влезот на АА во Владата, вели е за една година и потоа таа партија ќе биде делигитимирана. Арта Биљали Зендели од ДУИ му реплицираше на искажаните ставови за проблемите во партијата.
-ДУИ може да има не два, илјада проблеми, но се додека вие се занимавате со ДУИ рејтингот на партијата само ќе расте. А на крај ќе дојдат избори каде сите ќе го земеме тоа што сме го заслужиле, рече Биљали Зендели.
Расправата за изборот на новите министри продолжува, откако по десетдневна дебата беа разрешени министрите од Алтернатива, за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи. На 104. седница по изборот на министрите треба да се расправа и гласа за разрешување на пет заменици министри и да бидат именувани нови.

The post Продолжува собраниската расправа за избор на нови министри во Владата appeared first on Република.

]]>
Собранието ја почна расправата за разрешување на министерот за дијаспора Чупи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ja-pochna-raspravata-za-razreshuvane-na-ministerot-za-dijaspora-chupi/ Mon, 20 Feb 2023 22:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=611290

Собранието доцна вечерва во рамки на 104-тата седница го започна претресот по предлогот за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. Нешто пред 23 часот, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина седницата, а за нејзиното продолжение, како што кажа, пратениците дополнително ќе бидат известени. За збор пријавени се вкупно 39 пратеници.

Пратеникот Хусни Исмаили од Алтернатива во своето обраќање рече дека се плаши оти во блиска иднина и пратениците од Алијанса за Албанците ќе бидат разочарани од власта како што се сега тие зашто зборот на премиерот, како што рече, ништо не вреди, а неговата политика се сведува на математика.

-Пред една година искрено влеговме во Владата за да им помогнеме да опстане, а тие ни два дена не почекаа да одлучиме што ќе правиме и донесоа одлука за разрешување на нашите министри и нивно заменување со кадри од Алијанса за Албанците. Сега, според тврдењето на владејачкото мнозинство сите оние што се за евроатланските интеграции на земјава се со нив, а тие што се во опозиција се против европската перспектива. Плановите излегоа на виделина и сега ниту се спомнува оваа тема и сакаат што побрзо да се заборави, рече Исмаили.

По неговото излагање следеше серија реплики од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во кои ја обвинија власта за негрижа за државата и дека е целосно хакирана. Зголемувањето на мнозинството, како што посочија, е за три месечно спокојно објавување тендери и за заштита на еден висок коалициски функционер.

На дневниот ред на 104-тата седница се и назначувањата на новите министри - Фатмир Меџити за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество, Кренар Лога за министер за правда и Каја Шукова за министер за животна средина.

Разрешени треба да бидат и заменик–министрите за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу, додека за нови заменици-министри во Владата се предлагаат Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска – Мадиќ за правда, Маја Манолева за здравство, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука.

Седницата почна на 13 февруари, а Собранието претходно ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

The post Собранието ја почна расправата за разрешување на министерот за дијаспора Чупи appeared first on Република.

]]>

Собранието доцна вечерва во рамки на 104-тата седница го започна претресот по предлогот за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. Нешто пред 23 часот, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина седницата, а за нејзиното продолжение, како што кажа, пратениците дополнително ќе бидат известени. За збор пријавени се вкупно 39 пратеници. Пратеникот Хусни Исмаили од Алтернатива во своето обраќање рече дека се плаши оти во блиска иднина и пратениците од Алијанса за Албанците ќе бидат разочарани од власта како што се сега тие зашто зборот на премиерот, како што рече, ништо не вреди, а неговата политика се сведува на математика. -Пред една година искрено влеговме во Владата за да им помогнеме да опстане, а тие ни два дена не почекаа да одлучиме што ќе правиме и донесоа одлука за разрешување на нашите министри и нивно заменување со кадри од Алијанса за Албанците. Сега, според тврдењето на владејачкото мнозинство сите оние што се за евроатланските интеграции на земјава се со нив, а тие што се во опозиција се против европската перспектива. Плановите излегоа на виделина и сега ниту се спомнува оваа тема и сакаат што побрзо да се заборави, рече Исмаили. По неговото излагање следеше серија реплики од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во кои ја обвинија власта за негрижа за државата и дека е целосно хакирана. Зголемувањето на мнозинството, како што посочија, е за три месечно спокојно објавување тендери и за заштита на еден висок коалициски функционер. На дневниот ред на 104-тата седница се и назначувањата на новите министри - Фатмир Меџити за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество, Кренар Лога за министер за правда и Каја Шукова за министер за животна средина. Разрешени треба да бидат и заменик–министрите за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу, додека за нови заменици-министри во Владата се предлагаат Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска – Мадиќ за правда, Маја Манолева за здравство, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука. Седницата почна на 13 февруари, а Собранието претходно ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

The post Собранието ја почна расправата за разрешување на министерот за дијаспора Чупи appeared first on Република.

]]>
Нема европска иднина со премиер кој не знае да одговори на новинарско прашање ако одговорот не му е напишан на хартија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-evropska-idnina-so-premier-koj-ne-znae-da-odgovori-na-novinarsko-prashane-ako-odgovorot-ne-mu-e-napishan-na-hartija/ Mon, 20 Feb 2023 21:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=611234

Брзајќи да ја изведете оваа принудена постапка за некаква си реконструкција, направивте грешка во чекори и антидатиравте документи, ама кај се видело човек од актуелна власт да одговара, барем да признае грешка, кај смее некој од соодветна институција да постапи по закон ако законот го прекршил неговиот надлежен. Барем во Македонија, барем до сега ова не се случило, му посочи на премиерот Димитар Ковачевски, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница каде што на дневен ред е разрешувањето на министерот за информатичко општество, Адмирим Алити.

Стојаноска посочи дека единствен кој изрази свој став, по однос на изјавата на министерот за надворешни работи беше господинот Тупанчески додавајќи, каков апсурд, наместо денес да предложевте разрешување на Бујар Османи, вие ни предлагате нов министер за правда.

„Ова е награда за универзитетски професор кој имаше храброст вашата реконструкција да ја нарече „Пазар 3“. Жалам само што не ве остави и него да го разрешувате, туку како партиски послушник си поднесе оставка“, рече Стојаноска.

Стојаноска на Ковачевски му рече дека треба да се засрами од предлозите за разрешување на министри, но и од предлозите за именување на министри, затоа што нема предложено ниту еден експерт од соодветната областа.

„Треба да се засрамите господине премиер од вашите предложи за разрешување и назначување. Да се засрамите од начинот, но и од изборот. Немате ниту еден врвен експерт од соодветна област или поточно би било да се констатира дека сите ви бегаат од бродот кој се посигурно ви тоне, останувате капетан ама кормилото ви е во други раце. Вие најдобро си знаете која е причината до толку да сте понизни и потчинети и затоа немојте да говорите дека ова го правите заради европската иднина на Македонија. Тоа е најсмешното и најконтрадикторното образложение кое сте го кажале, а без да згрешите“, рече Стојаноска,

Македонија, вели Стојаноска, не може да има европска иднина со премиер кој антидатира документи, кој не знае да даде одговор на новинарско прашање, ако истиот не му е напишан на хартија, Македонија нема и не може да има европска иднина со 4% доверба во судството и со корупција во секој сегмент.

Во однос на министерот кој е на дневен ред за разрешување, Адмирим Алити, Стојаноска посочи дека нема што да каже затоа што во измината година, колку што е министер нема направено ништо, наместо да иницирал и почнел реформа, тој се изгубил во административните лавиринти на зградата на министерството.

За Адмирим Алити како министер за информатичко општество и администрација изминатава година немам што да кажам, затоа што речиси нема ништо направено. Се изгуби во административните лавиринти на зградата на министерството, наместо да покренеше една огромна и итна неопходна реформа. Адмирим Алити денес или утре заминува, ама зад себе остава континуитет на руинирана администрација и на незадоволни граѓани“, посочи меѓу другото Стојаноска.

The post Нема европска иднина со премиер кој не знае да одговори на новинарско прашање ако одговорот не му е напишан на хартија appeared first on Република.

]]>

Брзајќи да ја изведете оваа принудена постапка за некаква си реконструкција, направивте грешка во чекори и антидатиравте документи, ама кај се видело човек од актуелна власт да одговара, барем да признае грешка, кај смее некој од соодветна институција да постапи по закон ако законот го прекршил неговиот надлежен. Барем во Македонија, барем до сега ова не се случило, му посочи на премиерот Димитар Ковачевски, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница каде што на дневен ред е разрешувањето на министерот за информатичко општество, Адмирим Алити. Стојаноска посочи дека единствен кој изрази свој став, по однос на изјавата на министерот за надворешни работи беше господинот Тупанчески додавајќи, каков апсурд, наместо денес да предложевте разрешување на Бујар Османи, вие ни предлагате нов министер за правда.
„Ова е награда за универзитетски професор кој имаше храброст вашата реконструкција да ја нарече „Пазар 3“. Жалам само што не ве остави и него да го разрешувате, туку како партиски послушник си поднесе оставка“, рече Стојаноска.
Стојаноска на Ковачевски му рече дека треба да се засрами од предлозите за разрешување на министри, но и од предлозите за именување на министри, затоа што нема предложено ниту еден експерт од соодветната областа.
„Треба да се засрамите господине премиер од вашите предложи за разрешување и назначување. Да се засрамите од начинот, но и од изборот. Немате ниту еден врвен експерт од соодветна област или поточно би било да се констатира дека сите ви бегаат од бродот кој се посигурно ви тоне, останувате капетан ама кормилото ви е во други раце. Вие најдобро си знаете која е причината до толку да сте понизни и потчинети и затоа немојте да говорите дека ова го правите заради европската иднина на Македонија. Тоа е најсмешното и најконтрадикторното образложение кое сте го кажале, а без да згрешите“, рече Стојаноска,
Македонија, вели Стојаноска, не може да има европска иднина со премиер кој антидатира документи, кој не знае да даде одговор на новинарско прашање, ако истиот не му е напишан на хартија, Македонија нема и не може да има европска иднина со 4% доверба во судството и со корупција во секој сегмент. Во однос на министерот кој е на дневен ред за разрешување, Адмирим Алити, Стојаноска посочи дека нема што да каже затоа што во измината година, колку што е министер нема направено ништо, наместо да иницирал и почнел реформа, тој се изгубил во административните лавиринти на зградата на министерството.
За Адмирим Алити како министер за информатичко општество и администрација изминатава година немам што да кажам, затоа што речиси нема ништо направено. Се изгуби во административните лавиринти на зградата на министерството, наместо да покренеше една огромна и итна неопходна реформа. Адмирим Алити денес или утре заминува, ама зад себе остава континуитет на руинирана администрација и на незадоволни граѓани“, посочи меѓу другото Стојаноска.

The post Нема европска иднина со премиер кој не знае да одговори на новинарско прашање ако одговорот не му е напишан на хартија appeared first on Република.

]]>
Шкриељ: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието се на штета на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shkriel-blokadite-na-vmro-dpmne-na-sobranieto-se-na-shteta-na-graganite/ Mon, 20 Feb 2023 20:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=611247

Пратеничката Санела Шкријељ при реплика на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски посочи дека ВМРО - ДПМНЕ во собранието прави кворум за граѓаните, а не за СДСМ.

Овде не ни правите кворум нам, овде сте платени од граѓаните, за да правите кворум за да се носат закони и политики за граѓаните. Не е ВМРО рак рана на СДСМ, ВМРО е рак рана на граѓаните со ваков став и со вакво размислување дека кворум обезбедувате на СДСМ, нагласи пратеничката Шкријељ.

Директно ќе ве прашам, бидејќи сте најдиректно одговорен и нема да престанам да ве прашувам дали нас ни обезбедувавте кворум кога им наредивте на пратениците да не влезат да гласаат за стратегијата за родова еднаквост, којашто патем кажано на комисија којашто ја води ваша членка помина со најпофални зборови. Дали нас или на граѓаните им обезбедувавте кворум кога вие им наредивте на членовите на вашата пратеничка група да не влезат и да не гласаат за кривичниот закон. Дали нас или на граѓаните им обезбедувавте кворум кога му наредувате на претседателот на комисијата за финансирање и буџет да не закажува седници за законот, за кој и вие како мажи бевте многу загрижени, за намалување на ДДВ за менструалните продукти од 18 на 5 проценти, уште чекаме ваш член да ја закаже таа комисија, а месеци поминаа, го запраша пратеничката Шкријељ, Никола Мицевски.

Шкријељ потсети дека една собраниска седница чини најмалку 20.000 евра.

Не се тоа за вас пари, кои во време на кризатa се трошат буквално да одолговлекувате и да блокирате нешто што ќе биде од корист на граѓаните, запраша пратеничката Санела Шкријељ.

The post Шкриељ: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието се на штета на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Пратеничката Санела Шкријељ при реплика на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски посочи дека ВМРО - ДПМНЕ во собранието прави кворум за граѓаните, а не за СДСМ.
Овде не ни правите кворум нам, овде сте платени од граѓаните, за да правите кворум за да се носат закони и политики за граѓаните. Не е ВМРО рак рана на СДСМ, ВМРО е рак рана на граѓаните со ваков став и со вакво размислување дека кворум обезбедувате на СДСМ, нагласи пратеничката Шкријељ. Директно ќе ве прашам, бидејќи сте најдиректно одговорен и нема да престанам да ве прашувам дали нас ни обезбедувавте кворум кога им наредивте на пратениците да не влезат да гласаат за стратегијата за родова еднаквост, којашто патем кажано на комисија којашто ја води ваша членка помина со најпофални зборови. Дали нас или на граѓаните им обезбедувавте кворум кога вие им наредивте на членовите на вашата пратеничка група да не влезат и да не гласаат за кривичниот закон. Дали нас или на граѓаните им обезбедувавте кворум кога му наредувате на претседателот на комисијата за финансирање и буџет да не закажува седници за законот, за кој и вие како мажи бевте многу загрижени, за намалување на ДДВ за менструалните продукти од 18 на 5 проценти, уште чекаме ваш член да ја закаже таа комисија, а месеци поминаа, го запраша пратеничката Шкријељ, Никола Мицевски.
Шкријељ потсети дека една собраниска седница чини најмалку 20.000 евра.
Не се тоа за вас пари, кои во време на кризатa се трошат буквално да одолговлекувате и да блокирате нешто што ќе биде од корист на граѓаните, запраша пратеничката Санела Шкријељ.

The post Шкриељ: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието се на штета на граѓаните appeared first on Република.

]]>
АА ќе влезат во владата за да делуваат опозициски: Уште опозиција во власта немавме видено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aa-ke-vlezat-vo-vladata-za-da-deluvaat-opozitsiski-ushte-opozitsija-vo-vlasta-nemavme-videno/ Mon, 20 Feb 2023 20:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=611223

Денес продолжуваме со циркусот што го приредува ова парламентарно мнозинство со разрешувањето и избор на нови министри во владата. Денес на ред е разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити човек што ретко кој од нас во видел или го познава и е запознат со тоа што го сработил во оваа измината година, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски на денешната собраниска седница за разрешување на министерот за за информатичко општество и администрација.

Аџиоски им посочи на власта, министрите ги менувате секоја година и затоа ништо не е направено, конкретно ниту во оваа министерство, немате ниту план, ниту стратегија.

„Единствено што знаете е да ги трампате овие министри на „Пазар 3“. Најголем успех од она што може да се најде за овој министер, доколку прогуглате за него, ќе видите дека најголемиот успех за овој министер било тоа што во балансерот успеал да вметне 31,5% Албанци, наместо 24,3 колку што по пописот излегоа. Најважно му било тоа наместо стручноста и компетентноста. Не 31,5% и 55% нека се, но ако се стручни и компетентни, никој нема против со тоа. Но, не може да се водите само од процентите, а не од нивниот личен и стручен потенцијал“, истакна Аџиоски.

Посочи дека затоа ни се иселуваат младите, затоа што државата ја водите со проценти, а младите не можат да прифатат да се проценти, за оваа Влада и за функционерите од оваа Влада, најважно е да отворат фирми за производство на струја или за производство и одгледување на марихуана, па, така сите наеднаш станаа инвеститори, наместо министри и премиери и водат сметка само за нивните лични бизниси, наместо да водат сметка за интересот на граѓаните.

„Она што најмногу е симптоматично и што го слушавме од колегите од Алијанса е тоа дека нивното влегување во оваа Влада немало да го нарушело опозициското делување на Алијанса. Како е можно тоа, почитувани колеги? Не може да сте и риба и девојка, треба да се одлучите дали сте власт или опозиција. Од една страна го спасувате криминалот на Ковачевски и Груби и седнувате на иста маса и во иста влада со нив, а од друга страна велите дека не прекинувало вашето опозициско делување. Сакате да кажете дека вие ќе сте опозиција во власта? Уште ова се немаше случено на македонската политичка сцена“, истакна пратеникот Аџиоски.

Аџиоски додаде дека од ДУИ и СДСМ, кажуваат дека ова било за проширување на европскиот фронт, но почитувани, ова не е проширување на европскиот фронт, туку ова е за продолжување на криминалниот фронт на ДУИ и на СДСМ за продолжување на крадењето, за продолжување на пустошењето на Република Македонија, за продолжување на провизиите и тендерите, за продолжување на криминалот.

И кога некој јавно ќе им го каже ова, одма од страна на ДУИ ќе го окарактеризираат како антиалбанец, затоа што и нема друго што да кажат. Почитувани, најголеми антиалбанци сте вие од ДУИ и од СДСМ затоа што ви сте виновни најмногу, како ДУИ, што Албанците се селат од Република Македонија затоа што 20 години сте на власт ништо не сте направиле да им ги подобрите условите на Албанците во Македонија за да не заминуваат. Заедно со СДСМ ви сте најголеми анти Албанци и анти Македонци, анти Турци, анти Роми, анти сите што живеат во оваа држава, затоа што ги влошувате условите за живот и така ги терате луѓето да заминуваат од оваа држава“, посочи Аџиоски.

The post АА ќе влезат во владата за да делуваат опозициски: Уште опозиција во власта немавме видено appeared first on Република.

]]>

Денес продолжуваме со циркусот што го приредува ова парламентарно мнозинство со разрешувањето и избор на нови министри во владата. Денес на ред е разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити човек што ретко кој од нас во видел или го познава и е запознат со тоа што го сработил во оваа измината година, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски на денешната собраниска седница за разрешување на министерот за за информатичко општество и администрација. Аџиоски им посочи на власта, министрите ги менувате секоја година и затоа ништо не е направено, конкретно ниту во оваа министерство, немате ниту план, ниту стратегија.
„Единствено што знаете е да ги трампате овие министри на „Пазар 3“. Најголем успех од она што може да се најде за овој министер, доколку прогуглате за него, ќе видите дека најголемиот успех за овој министер било тоа што во балансерот успеал да вметне 31,5% Албанци, наместо 24,3 колку што по пописот излегоа. Најважно му било тоа наместо стручноста и компетентноста. Не 31,5% и 55% нека се, но ако се стручни и компетентни, никој нема против со тоа. Но, не може да се водите само од процентите, а не од нивниот личен и стручен потенцијал“, истакна Аџиоски.
Посочи дека затоа ни се иселуваат младите, затоа што државата ја водите со проценти, а младите не можат да прифатат да се проценти, за оваа Влада и за функционерите од оваа Влада, најважно е да отворат фирми за производство на струја или за производство и одгледување на марихуана, па, така сите наеднаш станаа инвеститори, наместо министри и премиери и водат сметка само за нивните лични бизниси, наместо да водат сметка за интересот на граѓаните.
„Она што најмногу е симптоматично и што го слушавме од колегите од Алијанса е тоа дека нивното влегување во оваа Влада немало да го нарушело опозициското делување на Алијанса. Како е можно тоа, почитувани колеги? Не може да сте и риба и девојка, треба да се одлучите дали сте власт или опозиција. Од една страна го спасувате криминалот на Ковачевски и Груби и седнувате на иста маса и во иста влада со нив, а од друга страна велите дека не прекинувало вашето опозициско делување. Сакате да кажете дека вие ќе сте опозиција во власта? Уште ова се немаше случено на македонската политичка сцена“, истакна пратеникот Аџиоски.
Аџиоски додаде дека од ДУИ и СДСМ, кажуваат дека ова било за проширување на европскиот фронт, но почитувани, ова не е проширување на европскиот фронт, туку ова е за продолжување на криминалниот фронт на ДУИ и на СДСМ за продолжување на крадењето, за продолжување на пустошењето на Република Македонија, за продолжување на провизиите и тендерите, за продолжување на криминалот.
И кога некој јавно ќе им го каже ова, одма од страна на ДУИ ќе го окарактеризираат како антиалбанец, затоа што и нема друго што да кажат. Почитувани, најголеми антиалбанци сте вие од ДУИ и од СДСМ затоа што ви сте виновни најмногу, како ДУИ, што Албанците се селат од Република Македонија затоа што 20 години сте на власт ништо не сте направиле да им ги подобрите условите на Албанците во Македонија за да не заминуваат. Заедно со СДСМ ви сте најголеми анти Албанци и анти Македонци, анти Турци, анти Роми, анти сите што живеат во оваа држава, затоа што ги влошувате условите за живот и така ги терате луѓето да заминуваат од оваа држава“, посочи Аџиоски.

The post АА ќе влезат во владата за да делуваат опозициски: Уште опозиција во власта немавме видено appeared first on Република.

]]>
Заврши расправата за разрешувањето на министерот Алити, ќе се гласа дополнително https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-raspravata-za-razreshuvaneto-na-ministerot-aliti-ke-se-glasa-dopolnitelno/ Mon, 20 Feb 2023 19:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=611246

Собранието вечерва го заврши претресот по предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Гласањето ќе биде дополнително закажано.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека 104-тата седница ќе продолжи во 20:30 часот со расправа за разрешувањето на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи за која се пријавени 39 пратеници.

Попладневниот дел од денешното продолжение на седницата помина во дебати и обвинувања за хакерскиот напад врз Фондот за здравство и врз другите државни институции наместо да се расправа за разрешувањето на министерот Алити.

Како што посочија пратениците од опозицијата има две можности зошто се прават хакерските напади – или хакерите разбрале дека од власта воопшто не знаат да го заштитат системот и им бараат пари за да им ги вратат податоците или власта намерно ги брише базите на податоци со нејзините криминали. Во реплики, пак, пратениците од владејачкото мнозинство посочија дека ВМРО-ДПМНЕ постојано блокира и потсетија се што правеле кога биле на власт.

Владата беше обвинета од опозицијата дека не ги следи извештаите од државните институции. Како што посочи Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Владата била навреме предупредена од Државниот завод за ревизија дека има слабост во функционирањето на ИТ системот на Фондот за здравствено осигурување.

-Доколку го виделе ревизорскиот извештај немаше да имаме вакви проблеми како што сега имаме, рече Милошоски.

Од опозицијата го обвинија и премиерот Димитар Ковачевски дека на собраниската седница чита книги со слушалки на уши и воопшто не ги слуша пратениците што говорат. Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ дури рече дека е и полош од неговиот претходник Зоран Заев.

-Многу внимателно ве слушам сите кога зборувате. Ме испровоцираа за реплика неколку работи кои ги слушнав во текот на денешната расправа. За она што се случува во Фондот за здравство вчера во интервју за МИА им се заблагодарив на сите ИТ инженери кои 24 часа работат на справување со овој проблем кој произлегува од хибриден напад  што се случува во ФЗО. Исти такви хибридни напади се случуваа и во други институции и се случуваат и во други земи членки на НАТО и земји членки на ЕУ во соседството и пошироко. Тие луѓе кои работат на отстранување на овој проблем денес успеаја да го решат најголемиот дел од проблемот и веќе почна исплатата на боледувањата и другите обврски на ФЗО и на 30-тина клиники почна исплатата на сите други редовни исплати. Сите лаги кои беа изнесени дека базите на податоци биле ставени во опасност и дека таму никој ништо не работи се покажаа како неточни, рече Ковачевски од собраниската говорница.

Кога сакате да навредувате некого тоа е ваше право, рече Ковачевски, но, не можете да кажете изјава која тој не ја кажал.

-Секогаш со највисоко ниво на почит сум се однесувал кон сите пратеници и кон сите пратенички во Собранието и се што сум имал да кажам сум го кажувал од оваа говорница, потенцира Ковачевски.

Расправата за разрешување на министерот Алити почна во петокот, откако во четвртокот вечерта заврши дебатата за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали.

The post Заврши расправата за разрешувањето на министерот Алити, ќе се гласа дополнително appeared first on Република.

]]>

Собранието вечерва го заврши претресот по предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Гласањето ќе биде дополнително закажано. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека 104-тата седница ќе продолжи во 20:30 часот со расправа за разрешувањето на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи за која се пријавени 39 пратеници. Попладневниот дел од денешното продолжение на седницата помина во дебати и обвинувања за хакерскиот напад врз Фондот за здравство и врз другите државни институции наместо да се расправа за разрешувањето на министерот Алити. Како што посочија пратениците од опозицијата има две можности зошто се прават хакерските напади – или хакерите разбрале дека од власта воопшто не знаат да го заштитат системот и им бараат пари за да им ги вратат податоците или власта намерно ги брише базите на податоци со нејзините криминали. Во реплики, пак, пратениците од владејачкото мнозинство посочија дека ВМРО-ДПМНЕ постојано блокира и потсетија се што правеле кога биле на власт. Владата беше обвинета од опозицијата дека не ги следи извештаите од државните институции. Како што посочи Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Владата била навреме предупредена од Државниот завод за ревизија дека има слабост во функционирањето на ИТ системот на Фондот за здравствено осигурување.
-Доколку го виделе ревизорскиот извештај немаше да имаме вакви проблеми како што сега имаме, рече Милошоски.
Од опозицијата го обвинија и премиерот Димитар Ковачевски дека на собраниската седница чита книги со слушалки на уши и воопшто не ги слуша пратениците што говорат. Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ дури рече дека е и полош од неговиот претходник Зоран Заев.
-Многу внимателно ве слушам сите кога зборувате. Ме испровоцираа за реплика неколку работи кои ги слушнав во текот на денешната расправа. За она што се случува во Фондот за здравство вчера во интервју за МИА им се заблагодарив на сите ИТ инженери кои 24 часа работат на справување со овој проблем кој произлегува од хибриден напад  што се случува во ФЗО. Исти такви хибридни напади се случуваа и во други институции и се случуваат и во други земи членки на НАТО и земји членки на ЕУ во соседството и пошироко. Тие луѓе кои работат на отстранување на овој проблем денес успеаја да го решат најголемиот дел од проблемот и веќе почна исплатата на боледувањата и другите обврски на ФЗО и на 30-тина клиники почна исплатата на сите други редовни исплати. Сите лаги кои беа изнесени дека базите на податоци биле ставени во опасност и дека таму никој ништо не работи се покажаа како неточни, рече Ковачевски од собраниската говорница.
Кога сакате да навредувате некого тоа е ваше право, рече Ковачевски, но, не можете да кажете изјава која тој не ја кажал.
-Секогаш со највисоко ниво на почит сум се однесувал кон сите пратеници и кон сите пратенички во Собранието и се што сум имал да кажам сум го кажувал од оваа говорница, потенцира Ковачевски.
Расправата за разрешување на министерот Алити почна во петокот, откако во четвртокот вечерта заврши дебатата за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали.

The post Заврши расправата за разрешувањето на министерот Алити, ќе се гласа дополнително appeared first on Република.

]]>
Поради стопанот ДУИ не се гласа разрешувањето заменик-министрите, ВМРО-ДПМНЕ не е проблем, реагираше Мицевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-stopanot-dui-ne-se-glasa-razreshuvaneto-zamenik-ministrite-vmro-dpmne-ne-e-problem-reagirashe-mitsevski/ Mon, 20 Feb 2023 19:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=611232

Координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски посочува дека ДУИ го блокираат гласање за разрешување на министрите, а со тоа и влезот на Алијанса на Албанците во Влада. Тој од собраниската говорница посочи дека пратениците на Али Ахмети не се во салата, па затоа не може да се гласа.

„Потпретседателе, барам јавно сега да кажете дали има повеќе од 61 пратеник во салата? Исполнети се условите за точката да се стави на дневен ред, ама нашиот стопан ДУИ не е тука и не ни дозволува да гласаме, затоа ќе почекаме кога ќе дојдат тие и кога ќе се одважат, тогаш ќе ставиме на гласање ова што треба да се случи. Од сега натаму да не ве слушнам дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира изборот на Владата“, кажа Мицевски.

Тој повика да се стави точката за разрешување на министерот за информатичко општество на гласање. Но, Горан Мисовски продолжи со отворање на претрес по третата точка.

„Ајде и ние зборуваме дека оваа Влада во континуитет се што има сработено не чини, имаме доволен број на пратеници, да се стави на гласање, да се изгласа разрешување на министерот, белким новиот министер кој ќе дојде ќе покаже подобри квалитети и ова хакирање и ненавремените рекации кои ги прави Министерството за информатичко општество, ќе бидат решение. Ама вие не сакате да оставите бидејќи утре сабајле сакате да продолжите со пресовите дека ВМРО-ДПМНЕ блокира и дека не дозволуваме да се избере Влада“, додаде Мицевски.

Собраниската седница продолжува со дебата за разрешувањето на Џемаил Чупи кој е министер без ресор. Пратениците ќе работат и по 19 часот.

The post Поради стопанот ДУИ не се гласа разрешувањето заменик-министрите, ВМРО-ДПМНЕ не е проблем, реагираше Мицевски appeared first on Република.

Премиерот држеше сосема неточен говор, вели пратеничката Стаменкоска-Трајкоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-drzheshe-sosema-netochen-govor-veli-pratenichkata-stamenkoska-trajkoska/ Mon, 20 Feb 2023 18:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=611212

Бети Стаменкоска-Трајкоска, пратеничка на денешната собраниска седница зборуваше за разрешувањето на министрите каде укажа дека премиерот Ковачевски во неговиот говор ниту еднаш не го споменал зборот разрешување.

Денес повторно зборуваме за разрешување, а да ве потсетам премиерот не зборуваше за разрешување  бидејќи тој во неговиот говор ни еднаш не го спомна зборот разрешување и држеше сосема неточен говор. Премиере, додека сме на оваа тема разрешување ајде направите едно антидатирање какво што направивте претходно за оваа тема и дополнително да го вклучиме и министерот Оливер Спасовски. Бидејќи зборувавме деновиве за се кога е поврзано со разрешување, па јас да дадам неколку причини и зошто Оливер Спасовски треба да биде на оваа тема за разрешување, исто како што и останатите министри од оваа влада вклучувајќи го и премиерот треба да бидат разрешени  т.е да си поднесат оставка, рече таа.

Стаменкоска - Трајковска во текот на своето обраќање  се осврна на изјавата на Спасовски кој пред неколку месеци најавил разрешување на истрагата поврзана со лажните дојави за бомби и укажа дека и по една година од дојавите сеуште нема  изнаоѓање на решение.

Изјава на 16 ноември министерот Спасовски тврди дека истрагата е при крај и многу набрзо тогаш ветува дека ќе се дознае кој стои зад лажните дојави за бомби како и дека се вклучени сите капацитети на министерството за внатрешни работи. Тогаш министерот во 2022 година ветувал дека ќе се изнајди набрзо решение за лажните дојави, дека ќе има услови за овозможување на образовниот процес, но еве сведоци сме скоро една година дека никој не може да се справи со ова. Сведоци сме дека против тие напади и закани што се случуваа поврзани со образованието се случуваат и многу други поврзани во други сфери од нашето општество, кажаа таа.

Стаменкоска-Трајкоска говореше за партизацијата во институциите кои ја прават властите.

Да надополнам зошто сакам да ве замолам да ме слушате, сопругата и синот на Зекир Рамчиловиќ ги вработи во МВР, дали тоа не е причина за разрешување кога вие колеги во вашата програма имавте слоган дека нема партизација на институциите. Дали овде вредат да се надополнат дополнително Бочварски, сопругата што си ја вработи и сопругата и сестрата на сопругата, Бухова, која си го вработи својот син, Бектеши, кој си ја вработи сопругата.... Дали ова не е партизација, запраша таа.

The post Премиерот држеше сосема неточен говор, вели пратеничката Стаменкоска-Трајкоска appeared first on Република.

Собранието ја продолжи 104 седница со расправа за разрешување на министерот Адмирим Алити https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ja-prodolzhi-104-sednitsa-so-rasprava-za-razreshuvane-na-ministerot-admirim-aliti/ Fri, 17 Feb 2023 11:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=610121

Собранието ја продолжи 104-тата седница на чиј дневен ред е разрешување на тројцата министри од Алтернатива, која излезе од владината коалиција.

На петтиот ден од оваа седница, почна расправа за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Расправата за разрешување на министерот за здравство Беким Сали е исцрпена вчера, но поради немање кворум доцна синоќа беше соопштено дека ќе се гласа дополнително.

Денешното продолжение на седницата повторно почна без доволен број пратеници за да се гласа за разрешувањето на Сали.

Покрај Сали и Алити, на дневен ред на оваа седница е разрешувањето на уште еден нивни сопартиец од Алтернатива – Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.

The post Собранието ја продолжи 104 седница со расправа за разрешување на министерот Адмирим Алити appeared first on Република.

]]>

Собранието ја продолжи 104-тата седница на чиј дневен ред е разрешување на тројцата министри од Алтернатива, која излезе од владината коалиција. На петтиот ден од оваа седница, почна расправа за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Расправата за разрешување на министерот за здравство Беким Сали е исцрпена вчера, но поради немање кворум доцна синоќа беше соопштено дека ќе се гласа дополнително. Денешното продолжение на седницата повторно почна без доволен број пратеници за да се гласа за разрешувањето на Сали. Покрај Сали и Алити, на дневен ред на оваа седница е разрешувањето на уште еден нивни сопартиец од Алтернатива – Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.

The post Собранието ја продолжи 104 седница со расправа за разрешување на министерот Адмирим Алити appeared first on Република.

]]>
Богоев: ВМРО-ДПМНЕ намерно ја пролонгира дебата во Собрание затоа што нема мнозинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-vmro-dpmne-namerno-ja-prolongira-debata-vo-sobranie-zatoa-shto-nema-mnozinstvo/ Fri, 17 Feb 2023 10:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=610108

Парламентарното мнозинство е стабилизирано и зголемено и тоа во Собранието ќе се види многу брзо, порача потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата Студио 10 на Телевизија 24.

„Многу брзо тоа ново зголемено парламентарно мнозинство ќе почне да функционира и да испорачува резултати“ истакна Богоев.

Во однос на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и расправата за реконструкција на Владата, Богоев посочи дека расправата намерно се пролонгира затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство.

„ВМРО-ДПМНЕ одолговлекува со дискусии во Собрание, за да се сокрие тоа дека тие немаат ново мнозинство. А тоа го прават затоа што Христијан Мицкоски две години вели дека ќе имало ново мнозинство и предвремени избори. Сето ова се прави само за Мицкоски да се обиде уште некое време внатре во партијата и пред јавноста да го крие фактот дека тој нема мнозинство. Сите знаеме дека велеше дека сега во текот на февруари ќе има распуштање на Собранието и техничка влада и во мај ќе има избори. Од тоа нема ништо. Некоректно е во заложништво да е цела држава само затоа што еден човек дал погрешна изјава или погрешна проценка“ порача Богоев.

The post Богоев: ВМРО-ДПМНЕ намерно ја пролонгира дебата во Собрание затоа што нема мнозинство appeared first on Република.

Ахмети ја бира новата Влада на Македонија, а никој нема од новото „зголемено“ мнозинство да го брани неговиот предлог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-ja-bira-novata-vlada-na-makedonija-a-nikoj-nema-od-novoto-zgolemeno-mnozinstvo-da-go-brani-negoviot-predlog/ Thu, 16 Feb 2023 22:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=609949

Собраниската седница на која се расправа за владината реконструкција ќе продолжи во 23 часот, на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, објавија дека во собраниската сала пратеници од власта речиси и да нема.

Почитуван потпретседателе закажавте почеток на седницата за 21:30 часот а касните 15 минути. Потоа излегува секретарот за меѓународни односи на СДС и вицепремиер Маричиќ и обвинува дека опозицијата нема аргументи и го блокира Сонранието за да не може да се избере влада”, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Мицевски посочи дека од една страна обвинувате за блокада од опозицијата а од друга страна пред 10 дена на една национална телевизија велевте дека Собранието работи и дека сме донеле 374 закони, 140 одлуки и 20 ратификации.

Па како ќе се издбере Влада кога има 3 пратеници од СДС во Собрание присутни од партијата од која доаѓа вицепремиерот и меѓународен секретар и обвинува дека без аргументи зборувала опозицијата, рече Мицевски.

Мицевски запраша за тоа кој да ги слушне аргументите? Скапиот ПР што го промовирате и што кажува она што сакате да го слушнете вие? А од друга страна анкетите кажуваат сосема друга работа.

За жал пратениците од власта од срам бегаат затоа што цел ден треба да слушаат што се не изработила оваа ненародна власт во државата, посочи Мицевски.

Маричиќ дојди во Собрание да ги слушнеш аргументите на опозицијата. Во 21:45 нема никој од вашите пратеници, нема никој од вашата Владата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се во сала, но нема со кој да дебатираме. Очигледно на пратениците од СДС им проработе срамот од дебаклите на Таче, па избегаа од седницата за реконструкција на Владата, објави на Фејсбук пратеникот Бране Петрушевски.

И пратеникот Драган Ковачки ѝ забележува на владејачката гарнитура што никој од пратениците не е во салата за да го брани „новото зголемено мноизнство„ на Ахмети.

Ахмети ја бира новата Влада на Македонија, а од новото "зголемено" мнозинство нема никој да го брани неговиот предлог.
Ковачевски-слугата на Ахмети и на Еди Рама не е свесен што и' прави на својата држава, пишува Ковачки.

The post Ахмети ја бира новата Влада на Македонија, а никој нема од новото „зголемено“ мнозинство да го брани неговиот предлог appeared first on Република.

]]>

Собраниската седница на која се расправа за владината реконструкција ќе продолжи во 23 часот, на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, објавија дека во собраниската сала пратеници од власта речиси и да нема.
Почитуван потпретседателе закажавте почеток на седницата за 21:30 часот а касните 15 минути. Потоа излегува секретарот за меѓународни односи на СДС и вицепремиер Маричиќ и обвинува дека опозицијата нема аргументи и го блокира Сонранието за да не може да се избере влада”, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница.
Мицевски посочи дека од една страна обвинувате за блокада од опозицијата а од друга страна пред 10 дена на една национална телевизија велевте дека Собранието работи и дека сме донеле 374 закони, 140 одлуки и 20 ратификации.
Па како ќе се издбере Влада кога има 3 пратеници од СДС во Собрание присутни од партијата од која доаѓа вицепремиерот и меѓународен секретар и обвинува дека без аргументи зборувала опозицијата, рече Мицевски.
Мицевски запраша за тоа кој да ги слушне аргументите? Скапиот ПР што го промовирате и што кажува она што сакате да го слушнете вие? А од друга страна анкетите кажуваат сосема друга работа.
За жал пратениците од власта од срам бегаат затоа што цел ден треба да слушаат што се не изработила оваа ненародна власт во државата, посочи Мицевски. Маричиќ дојди во Собрание да ги слушнеш аргументите на опозицијата. Во 21:45 нема никој од вашите пратеници, нема никој од вашата Владата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се во сала, но нема со кој да дебатираме. Очигледно на пратениците од СДС им проработе срамот од дебаклите на Таче, па избегаа од седницата за реконструкција на Владата, објави на Фејсбук пратеникот Бране Петрушевски.
И пратеникот Драган Ковачки ѝ забележува на владејачката гарнитура што никој од пратениците не е во салата за да го брани „новото зголемено мноизнство„ на Ахмети. Ахмети ја бира новата Влада на Македонија, а од новото "зголемено" мнозинство нема никој да го брани неговиот предлог. Ковачевски-слугата на Ахмети и на Еди Рама не е свесен што и' прави на својата држава, пишува Ковачки.

The post Ахмети ја бира новата Влада на Македонија, а никој нема од новото „зголемено“ мнозинство да го брани неговиот предлог appeared first on Република.

]]>
Собранието продолжи со работа и по 19 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ke-prodolzhi-so-rabota-i-po-19-chasot/ Thu, 16 Feb 2023 19:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=609927

Собранието вечерва по 19 часот продолжи со работа во рамки на 104. седница за реконструкцијата на Владата, за која се дебатира веќе четири дена. По расправа од час и половина во рамки на попладневното продолжение на седницата, потпретседателот на законодавниот дом Горан Мисевски објави пауза и најави работа и по 19 часот.

На стартот на вечерашното продолжение на седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во процедурална реакција го обвини Мисевски за  самоволие и злоупотреба на Собранискиот деловник.

Според Мицевски, Мисовски во отуство на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е на службено патување во Словенија, немал право усно да објави продолжување на работата на Собранието.

Мицевски праша по кој член од Деловникот Мисевски ја продолжил работата на законодавниот дом и посочи дека така можел да постапи само со писмен документ од  Џафери.

-Да имавте писмен документ од Џафери со факсимил и тоа е прифатливо. Не сте вие тие што можете после 18 часот да продолжите седница усно. Го кршите Деловникот по милијардити пат, рече Мицевски.

Неговата сопартијка Ели Панова побара Мисовски да ја прекине седницата, а одлуката на потпретседателот на Собранието ја критикуваше и Драган Ковачки.

Мисовски оцени дека тврдењата на Мицевски се неиздржани. Образложи дека постапил според член 71 став 2 од Деловникот според кој  „во случај на спреченост или отсуство на претседателот, него го менува потпретседателот“.

-Претседателот ја прекинува седницата на барање на координатор, кога бараш пауза го бараш претседателот или мене?, рече Мисовски,  посочувајќи му на Мицевски дека, како што рече, кога прд некој ден побарал порано да биде прекината седница поради обврска на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не го побарал претседателот на Собранието.

Пратениците се уште расправаат по првата точка на дневниот ред - предлогот за разрешување на членови на Влада, на досегашните министри за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. Тие се кадри  на Алтернатива која ја напушти владината коалиција и ќе бидат заманети со министри од Алијанса за Албанците, новиот коалициски партнер во Владата.

The post Собранието продолжи со работа и по 19 часот appeared first on Република.

]]>

Собранието вечерва по 19 часот продолжи со работа во рамки на 104. седница за реконструкцијата на Владата, за која се дебатира веќе четири дена. По расправа од час и половина во рамки на попладневното продолжение на седницата, потпретседателот на законодавниот дом Горан Мисевски објави пауза и најави работа и по 19 часот. На стартот на вечерашното продолжение на седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во процедурална реакција го обвини Мисевски за  самоволие и злоупотреба на Собранискиот деловник. Според Мицевски, Мисовски во отуство на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е на службено патување во Словенија, немал право усно да објави продолжување на работата на Собранието. Мицевски праша по кој член од Деловникот Мисевски ја продолжил работата на законодавниот дом и посочи дека така можел да постапи само со писмен документ од  Џафери.
-Да имавте писмен документ од Џафери со факсимил и тоа е прифатливо. Не сте вие тие што можете после 18 часот да продолжите седница усно. Го кршите Деловникот по милијардити пат, рече Мицевски.
Неговата сопартијка Ели Панова побара Мисовски да ја прекине седницата, а одлуката на потпретседателот на Собранието ја критикуваше и Драган Ковачки. Мисовски оцени дека тврдењата на Мицевски се неиздржани. Образложи дека постапил според член 71 став 2 од Деловникот според кој  „во случај на спреченост или отсуство на претседателот, него го менува потпретседателот“.
-Претседателот ја прекинува седницата на барање на координатор, кога бараш пауза го бараш претседателот или мене?, рече Мисовски,  посочувајќи му на Мицевски дека, како што рече, кога прд некој ден побарал порано да биде прекината седница поради обврска на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не го побарал претседателот на Собранието.
Пратениците се уште расправаат по првата точка на дневниот ред - предлогот за разрешување на членови на Влада, на досегашните министри за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. Тие се кадри  на Алтернатива која ја напушти владината коалиција и ќе бидат заманети со министри од Алијанса за Албанците, новиот коалициски партнер во Владата.

The post Собранието продолжи со работа и по 19 часот appeared first on Република.

]]>
Дел ќе бидете заборавени, а дел ќе завршите по затворите, им порача Јанушев на колегите од власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/del-ke-bidete-zaboraveni-a-del-ke-zavrshite-po-zatvorite-im-poracha-janushev-na-kolegite-od-vlasta/ Thu, 16 Feb 2023 18:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=609903

Одлуката за новата в.д. влада нема да биде поврзана со желбите мотивите и барања на било кое партиско раководство. Одлуката била мотивирана за тоа дали и како ќе сме опстанеле како држава. Стани Таче, стани да те види цела сала и кажи дека одлуката за нова Влада е само од личните желби за останување на власт за да продолжите со крадење нема никаков друг мотив и да завршиме со циркусот. Единствените кочничари кон ЕУ интегративните процеси сте вие и никој друг. Затоа памет во глава и престанете со празното дробење слама за ЕУ бидејќи Европската Унија е вредности и мерит систем а не ова што вие го правите“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната собраниска седница.

Јанушев додаде дека Европската Унија не е политика не желби, туку Европската Унија е политика на вредности и политика на мерит систем.

Покрај евроскепцитизмот кој го создавате кај граѓаните во Република Македонија кој патем е најголем во историјата на Македонија граѓаните сакаат да го продолжат патот кон Европската Унија, но не со вас бидејќи граѓаните знаат дека тоа е невозможна мисија и затоа сакаат вистински промени. Потребно е еднаш и засекогаш да разберете дека во политиката не се влегува за да ве сакаат туку за да ве почитуваат. Работењето за народот и државата значат многу работи, посета на многу места, познавање со проблемите на многу луѓе, а некогаш има победи, а некогаш падови и тоа е нормално“, кажа Јанушев.

Јанушев потенцираше дека колегите од власта паѓаат и крајот им е блиску а тогаш дел ќе останат запаметени како најнсепсообните, дел како соработниците, а најголем дел заборавени. Еден добар дел ќе завршите, по затворите за криминалите и предавството кое го правите.

The post Дел ќе бидете заборавени, а дел ќе завршите по затворите, им порача Јанушев на колегите од власта appeared first on Република.

Мисајловски: Ништо нема да се подобри со влегување на Алијанса во владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-nishto-nema-da-se-podobri-so-vleguvane-na-alijansa-vo-vladata/ Wed, 15 Feb 2023 20:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=609485

Слушнавме од нелегитимниот премиер дека има разрешување но зошто, никој не знае, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешната собраниска седница.

Мисајловски рече дека со оваа реконструкција нема воопшто да го подобри животот на граѓаните во Македонија.

Дали нешто ќе донесе подобро во овие 10 месеци ако влезе Алијанса, апсолутно ништо. Но се работи за една интересна работа која што ја слушнавме од пратеничката од Алтернатива дека изминатиот период кога се состанувала владата на СДСМ, замислете премиер од друга држава помагал да се состави. И тоа е директно мешање во внатрешните работи на една држава и се поставува прашањето дали од други центри се контролира и самата политика во Македонија, праша тој.

Дали во Македонија подобро? Дали во Македонија оди во подобра насока? Преку 74 проценти од граѓаните сметаат дека Македонија се грижи во погрешна насока и тоа го направија сите политики изминатите години. Дали сите министри што беа подобрија нешто? Не. Дали оваа влада ќе донесе реформи? Не, дециден е Мисајловски.

Мисајловски кажа дека има еден куп изјави од страна на Алијанса на Албанците кога изјавуваа дека ДУИ се канцерот на општеството, а сега кога влегуваат во коалиција со нив, ништо од тоа не им смета.

Кога се збори за криминал многу е важно да се потсети Алијанса, Алтернатива дека секој ден збореа против ДУИ. Има еден куп изјави каде што изјавуваа дека се канцерот, сега тоа воопшто не им смета, додаде тој.

The post Мисајловски: Ништо нема да се подобри со влегување на Алијанса во владата appeared first on Република.

]]>

Слушнавме од нелегитимниот премиер дека има разрешување но зошто, никој не знае, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешната собраниска седница. Мисајловски рече дека со оваа реконструкција нема воопшто да го подобри животот на граѓаните во Македонија.
Дали нешто ќе донесе подобро во овие 10 месеци ако влезе Алијанса, апсолутно ништо. Но се работи за една интересна работа која што ја слушнавме од пратеничката од Алтернатива дека изминатиот период кога се состанувала владата на СДСМ, замислете премиер од друга држава помагал да се состави. И тоа е директно мешање во внатрешните работи на една држава и се поставува прашањето дали од други центри се контролира и самата политика во Македонија, праша тој.
Дали во Македонија подобро? Дали во Македонија оди во подобра насока? Преку 74 проценти од граѓаните сметаат дека Македонија се грижи во погрешна насока и тоа го направија сите политики изминатите години. Дали сите министри што беа подобрија нешто? Не. Дали оваа влада ќе донесе реформи? Не, дециден е Мисајловски. Мисајловски кажа дека има еден куп изјави од страна на Алијанса на Албанците кога изјавуваа дека ДУИ се канцерот на општеството, а сега кога влегуваат во коалиција со нив, ништо од тоа не им смета.
Кога се збори за криминал многу е важно да се потсети Алијанса, Алтернатива дека секој ден збореа против ДУИ. Има еден куп изјави каде што изјавуваа дека се канцерот, сега тоа воопшто не им смета, додаде тој.

The post Мисајловски: Ништо нема да се подобри со влегување на Алијанса во владата appeared first on Република.

]]>
Пред точно една година истиот овој премиер имаше толку пофални зборови за министрите за кои сега бара разрешување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pred-tochno-edna-godina-istiot-ovoj-premier-imashe-tolku-pofalni-zborovi-za-ministrite-za-koi-sega-bara-razreshuvane/ Wed, 15 Feb 2023 18:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=609456

Денес расправаме за разрешување на министри во една влада која треба што поскоро целата да се разреши а не да разрешуваме парцијално министри во зависност од тоа каков коалициски пазар постигнал премиерот Ковачевски за да купи уште некој ден за да остане на власт, уште некој месец, и да продолжат заедно со ДУИ да ја пустошат република Македонија. Денес на предлог на премиерот се бара да се разрешат министрите за здравство, за информатичко општество и администрација и министерот без ресор задолжен за дијаспора. Морам да констатирам дека пред точно една година истиот овој премиер имаше толку пофални зборови дека овие тогашни кандидати за министри се вистинскиот избор и дека тие ќе донесат добробит за граѓаните за сега после една година да бара разрешување на овие министри и уште неколку оставки од кадрите што доаѓаа од ДУИ и од СДСМ меѓу кои и министерот за правда Тупанчевски кој можеби најдобро ја опиша оваа влада и од какви принципи се води. Тој точно кажа дека ова е „Пазар3“ влада односно со други зборови купи продај влада од денес за утре, влада без капацитет, влада без визија за економски развој, влада без морал и морални вредности, влада која треба само да ја продолжи агонијата во која се наоѓа Република Македонија, истакна на денешната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски.

Тој исто така го запраша премиерот Димитар Ковачевски за тоа што се смени кај овие министри кои бара да бидат разрешени кога пред само една година самиот тој ги предложил и за нив имаше само пофални зборови.

Затоа би го прашал премиерот што се смени кај овие луѓе за после една година да барате да се разрешат. Овие се истите луѓе кои пред една година, односно нивната партија гласаше за вас и ве направија премиер. Тоа треба да им го одговорите на македонските граѓани, а не тука само без никакво образложение да барате нивно разрешување. Овој министер за здравство е истиот оној министер кој го фалевте пред точно една година и истиот оној министер што ве информирал и барал од вас уште пред два месеци да донесете одлука на влада за да се обезбедат средствата и да се набави лекот за болните од цистична фиброза, но вас ви текна дека сте премиер и дека кај вас е клучот за решавање на овој проблем, за жал откако почина тој на кој што му беше најпотребен лекот, за без срам и грам човечност одма после тоа и оваа несреќа да ја искористите и да барате одговорност од сите, но не и од самиот себеси, рече Аџиоски и додаде:

Треба јавно да кажете дека сиот овој циркус е за продолжување на криминалот што го правите заедно со ДУИ и дека сето ова е со цел да продолжите да крадете, уште некој месец, да продолжат бизнисите уште некој месец. Треба да кажете дека им помина употребната вредност на овие министри од Алтернатива затоа што ДУИ си најде други другарчиња за да бидат министри кои исто така се со употребна вредност, но моментално се како пратеничка група бројчано повеќе и затоа се по атрактивни за политички пазарења.

The post Пред точно една година истиот овој премиер имаше толку пофални зборови за министрите за кои сега бара разрешување appeared first on Република.

]]>

Денес расправаме за разрешување на министри во една влада која треба што поскоро целата да се разреши а не да разрешуваме парцијално министри во зависност од тоа каков коалициски пазар постигнал премиерот Ковачевски за да купи уште некој ден за да остане на власт, уште некој месец, и да продолжат заедно со ДУИ да ја пустошат република Македонија. Денес на предлог на премиерот се бара да се разрешат министрите за здравство, за информатичко општество и администрација и министерот без ресор задолжен за дијаспора. Морам да констатирам дека пред точно една година истиот овој премиер имаше толку пофални зборови дека овие тогашни кандидати за министри се вистинскиот избор и дека тие ќе донесат добробит за граѓаните за сега после една година да бара разрешување на овие министри и уште неколку оставки од кадрите што доаѓаа од ДУИ и од СДСМ меѓу кои и министерот за правда Тупанчевски кој можеби најдобро ја опиша оваа влада и од какви принципи се води. Тој точно кажа дека ова е „Пазар3“ влада односно со други зборови купи продај влада од денес за утре, влада без капацитет, влада без визија за економски развој, влада без морал и морални вредности, влада која треба само да ја продолжи агонијата во која се наоѓа Република Македонија, истакна на денешната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски. Тој исто така го запраша премиерот Димитар Ковачевски за тоа што се смени кај овие министри кои бара да бидат разрешени кога пред само една година самиот тој ги предложил и за нив имаше само пофални зборови.
Затоа би го прашал премиерот што се смени кај овие луѓе за после една година да барате да се разрешат. Овие се истите луѓе кои пред една година, односно нивната партија гласаше за вас и ве направија премиер. Тоа треба да им го одговорите на македонските граѓани, а не тука само без никакво образложение да барате нивно разрешување. Овој министер за здравство е истиот оној министер кој го фалевте пред точно една година и истиот оној министер што ве информирал и барал од вас уште пред два месеци да донесете одлука на влада за да се обезбедат средствата и да се набави лекот за болните од цистична фиброза, но вас ви текна дека сте премиер и дека кај вас е клучот за решавање на овој проблем, за жал откако почина тој на кој што му беше најпотребен лекот, за без срам и грам човечност одма после тоа и оваа несреќа да ја искористите и да барате одговорност од сите, но не и од самиот себеси, рече Аџиоски и додаде:
Треба јавно да кажете дека сиот овој циркус е за продолжување на криминалот што го правите заедно со ДУИ и дека сето ова е со цел да продолжите да крадете, уште некој месец, да продолжат бизнисите уште некој месец. Треба да кажете дека им помина употребната вредност на овие министри од Алтернатива затоа што ДУИ си најде други другарчиња за да бидат министри кои исто така се со употребна вредност, но моментално се како пратеничка група бројчано повеќе и затоа се по атрактивни за политички пазарења.

The post Пред точно една година истиот овој премиер имаше толку пофални зборови за министрите за кои сега бара разрешување appeared first on Република.

]]>
Јаревски: СДСМ само гази по народот и државата, нив ги бива само за корупција и криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jarevski-sdsm-samo-gazi-po-narodot-i-drzhavata-niv-gi-biva-samo-za-koruptsija-i-kriminal/ Wed, 15 Feb 2023 18:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=609453

Ова е неуспешна Влада која траеше 13 месеци, а за што предупредувавме при формирањето. За жал имаме 13 изгубени месеци, не не уверивте дека има некаква разлика, рече Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа за разрешување на министри.

Предупредувавме дека имаат ограничени можности, и не само овие до сега такви ќе бидат и следните месеци, посочи Јаревски укажувајќи дека ова резултира со пад на доверба во системот.

Не уверуваа дека станува збор за нова надеж, дека ќе има реформа во правосудниот систем и наместо пораст на довербата има намалување. И секако се случува Пазар3, класично пазарање, политичка корупција, има се само ништо за граѓаните и државата. Наместо подобра состојба со владеење на правото има само влошување. Оваа е влада на национална катастрофа, кажа Јаревски.

Власта вели ЕУ, посочи Јаревски, но дали некој гледа какво е расположението кај граѓаните.

Се колнеше оваа власт предводена од СДСМ во ЕУ, ама што им се случи. Како сега да поверуваме дека сега ќе има нешто ново, не може затоа што се ќе оди надолу со нив, ќе имаме повторно изгубен период. Период на газење по македонскиот народ, држава, заклучи Јаревски.

The post Јаревски: СДСМ само гази по народот и државата, нив ги бива само за корупција и криминал appeared first on Република.

]]>

Ова е неуспешна Влада која траеше 13 месеци, а за што предупредувавме при формирањето. За жал имаме 13 изгубени месеци, не не уверивте дека има некаква разлика, рече Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа за разрешување на министри. Предупредувавме дека имаат ограничени можности, и не само овие до сега такви ќе бидат и следните месеци, посочи Јаревски укажувајќи дека ова резултира со пад на доверба во системот.
Не уверуваа дека станува збор за нова надеж, дека ќе има реформа во правосудниот систем и наместо пораст на довербата има намалување. И секако се случува Пазар3, класично пазарање, политичка корупција, има се само ништо за граѓаните и државата. Наместо подобра состојба со владеење на правото има само влошување. Оваа е влада на национална катастрофа, кажа Јаревски.
Власта вели ЕУ, посочи Јаревски, но дали некој гледа какво е расположението кај граѓаните.
Се колнеше оваа власт предводена од СДСМ во ЕУ, ама што им се случи. Како сега да поверуваме дека сега ќе има нешто ново, не може затоа што се ќе оди надолу со нив, ќе имаме повторно изгубен период. Период на газење по македонскиот народ, држава, заклучи Јаревски.

The post Јаревски: СДСМ само гази по народот и државата, нив ги бива само за корупција и криминал appeared first on Република.

]]>
„Ќе ве пуштат и вас низ вода, верувајте“ им порача Трајанов на пратениците и функционерите од СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-ve-pushtat-i-vas-niz-voda-veruvajte-im-poracha-trajanov-na-pratenitsite-i-funktsionerite-od-sdsm/ Wed, 15 Feb 2023 18:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=609444

Собранието на Република Македонија и Владата почнаа да личат на „сточен пазар“. Па има ли поголемо дно од ова што денес се случува во државата. Нема никакво објаснување за министерот Беким Сали, за ресорот здравство, за програмските активности на СДСМ и Алтернатива за тоа дали беше таа добра или лоша политика. Едноставно министерот Беким Сали беше ставен на „Пазар 3“ или како некој „сточен пазар“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека сосема е разбирливо зошто ова се случува, затоа што бродот многу забрзано тоне. Но, загрижува тоа што на бродот кој тоне се наоѓа и македонскиот народ, и тоа ниту е фер ниту е чесно кон македонскиот народ. Затоа што ќе страдаат и Македонци, Албанци, Турци, Роми и сите останати.

Пред влезот на Алијанса на Албанците во Влада се изнаслушавме за инспекции во Гостивар и за кривични пријави против господинот Арбен Таравари. Ова е начинот на кој владее СДС со уцени и закани и кривични пријави и прогони. Ова не е ниту европска ниту било каква цивилизациска вредност, ова е се само не демократија, рече Трајанов.

Трајанов упати порака до СДСМ и нивните пратеници и функционери.

Уште една порака до СДСМ поточно до пратениците и функционерите на оваа партија. Верувајте ќе ве пуштат и вас низ вода, како што сите се пуштени кои гравитираат кон оваа Влада. Никој не сака да го штитите криминалот на СДС и немојте да бидете соучесници со луѓе кои не се заинтересирани ниту да присуствуваат на оваа седница ниту да бранат било што во политиката, нив ги интересира само криминал, вели Трајанов.

Трајанов потенцираше дека секој еден чесен време е да го напушти тој брод, затоа што нема спас. СДСМ на наредните избори покрај тоа што ќе доживее дебакл ќе се и распадне затоа што ова не е човечки и демократски. Ова е само интерес на криминалци кои се собрани и секојдневно продаваат различни приказни.

The post „Ќе ве пуштат и вас низ вода, верувајте“ им порача Трајанов на пратениците и функционерите од СДСМ appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република Македонија и Владата почнаа да личат на „сточен пазар“. Па има ли поголемо дно од ова што денес се случува во државата. Нема никакво објаснување за министерот Беким Сали, за ресорот здравство, за програмските активности на СДСМ и Алтернатива за тоа дали беше таа добра или лоша политика. Едноставно министерот Беким Сали беше ставен на „Пазар 3“ или како некој „сточен пазар“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов на денешната собраниска седница. Тој посочи дека сосема е разбирливо зошто ова се случува, затоа што бродот многу забрзано тоне. Но, загрижува тоа што на бродот кој тоне се наоѓа и македонскиот народ, и тоа ниту е фер ниту е чесно кон македонскиот народ. Затоа што ќе страдаат и Македонци, Албанци, Турци, Роми и сите останати.