реконструкција на влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rekonstrukcija-na-vlada/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 13:57:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реконструкција на влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rekonstrukcija-na-vlada/ 32 32 Рама објави реконструкција на Владата, Спиропали ќе биде нова претседателка на Парламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-objavi-rekonstruktsija-na-vladata-spiropali-ke-bide-nova-pretsedatelka-na-parlamentot/ Sun, 28 Jul 2024 13:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=801073

Албанскиот премиер Еди Рама објави реконструкција на владиниот кабинет во четири клучни сектори, а кажа и кој ќе биде првиот парламентарец.

Од функцијата министер за внатрешни работи заминува Таулант Бала, а на негово место доаѓа Ервин Хоџа, генерален директор на Националниот инспекторат за заштита на територијата.

Бала ќе биде државен министер за односи со Парламентот, функција на која до сега беше Елиса Спиропали, која, пак, ќе биде нова претседателка на законодавниот дом, по повлекувањето пред два дена на Линдита Никола, поради здравствени причини.

The post Рама објави реконструкција на Владата, Спиропали ќе биде нова претседателка на Парламентот appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама објави реконструкција на владиниот кабинет во четири клучни сектори, а кажа и кој ќе биде првиот парламентарец. Од функцијата министер за внатрешни работи заминува Таулант Бала, а на негово место доаѓа Ервин Хоџа, генерален директор на Националниот инспекторат за заштита на територијата. Бала ќе биде државен министер за односи со Парламентот, функција на која до сега беше Елиса Спиропали, која, пак, ќе биде нова претседателка на законодавниот дом, по повлекувањето пред два дена на Линдита Никола, поради здравствени причини.

The post Рама објави реконструкција на Владата, Спиропали ќе биде нова претседателка на Парламентот appeared first on Република.

]]>
Славески: Реконструцијата на Владата ја чини државата 18 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-rekonstrutsijata-na-vladata-ja-chini-drzhavata-18-milioni-evra/ Mon, 06 Mar 2023 21:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=616635

Владата ќе се обидува ситуацијата во државата да ја претставува во розово светло но инфалацијата во државата воопшто не е розова. Спроед нашите првични пресметки пропустот со еврообрзница не чинеше најмалку 18 милиони евра и е предизвикана дирекна штета на државата, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Додаде дека платена е превисока цена поради некоординираноста на владините ресори за еврообрзницата. Реконструцијата на оваа Влада првично не чини 18 милони евра.

„Кога беше издадена еврообрзницата на само 175 милиони евра што го стабилизираше пазарот во услови на замрзнати финанисиски пазари по 2008-та година каматната стапка на НБРМ беше 9% а сега е 5,25% тоа е основен репер со што треба да се споредуваме. Понатаму цената на нашите претходни лимитирани еврообрзници на лимитираните пазари беше над 10%“, рече Славески.

Славески е дециден дека поради пропуст или несогласување на министерот за правда со неговото разрешување па не ја потпиша навреме дозволата за еврообрзница направена е голема штета.

„Во блиска иднина некој ќе понесе одговорноста за оваа штета од десетици милиони евра заради пропустот со еврообрзницата, бидејќи е направена штета на државата“, изјави Славески.

The post Славески: Реконструцијата на Владата ја чини државата 18 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Владата ќе се обидува ситуацијата во државата да ја претставува во розово светло но инфалацијата во државата воопшто не е розова. Спроед нашите првични пресметки пропустот со еврообрзница не чинеше најмалку 18 милиони евра и е предизвикана дирекна штета на државата, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24. Додаде дека платена е превисока цена поради некоординираноста на владините ресори за еврообрзницата. Реконструцијата на оваа Влада првично не чини 18 милони евра. „Кога беше издадена еврообрзницата на само 175 милиони евра што го стабилизираше пазарот во услови на замрзнати финанисиски пазари по 2008-та година каматната стапка на НБРМ беше 9% а сега е 5,25% тоа е основен репер со што треба да се споредуваме. Понатаму цената на нашите претходни лимитирани еврообрзници на лимитираните пазари беше над 10%“, рече Славески. Славески е дециден дека поради пропуст или несогласување на министерот за правда со неговото разрешување па не ја потпиша навреме дозволата за еврообрзница направена е голема штета. „Во блиска иднина некој ќе понесе одговорноста за оваа штета од десетици милиони евра заради пропустот со еврообрзницата, бидејќи е направена штета на државата“, изјави Славески.

The post Славески: Реконструцијата на Владата ја чини државата 18 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Владата пред и по реконструкцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-pred-i-po-rekonstruktsijata/ Fri, 24 Feb 2023 21:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=612958

Извесен Арменд од Скопје на свој начин ја коментира реконструкцијата на Владата која
од 64 пратеници, предходно со Алтернатива, сега доаѓа на 64 пратеници со Алијанса, а со
тенденција и тие да се намалат.

Арменд ја споредува Владата со куќа која била опасна за живеење, но станала уште
поопасна откако сопственикот направил доградба.

The post Владата пред и по реконструкцијата appeared first on Република.

]]>

Извесен Арменд од Скопје на свој начин ја коментира реконструкцијата на Владата која од 64 пратеници, предходно со Алтернатива, сега доаѓа на 64 пратеници со Алијанса, а со тенденција и тие да се намалат. Арменд ја споредува Владата со куќа која била опасна за живеење, но станала уште поопасна откако сопственикот направил доградба.

The post Владата пред и по реконструкцијата appeared first on Република.

]]>
Јаулески: Таравари ги продаде Албанците за шака директорски места кои ќе траат 10 месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jauleski-taravari-gi-prodade-albantsite-za-shaka-direktorski-mesta-koi-ke-traat-10-mesetsi/ Tue, 14 Feb 2023 13:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=608920

Денес на дневен ред уште една трагикомична претстава на театарот на СДСМ и ДУИ, а тоа е неуспехот да го престави како успех. Па така, се прави реконструкција на Влада со влез на нова партија од албанскиот блок и тоа замислете не било која, туку онаа на која што му беше полна устата дека ДУИ конечно треба да замине во опозиција. Се преставуваа како спасители на на албанскиот народ во наводници од злобните ДУИ, па Алијанса на Таравари ќе биде таа која што ќе го спаси народот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

Тој од денешната собраниска седница за за рекоснтрукција на владата, Јаулески рече дека се испостави дека Алијанса за Албанците не се ништо друго освен соработници на ДУИ и Арбен Таравари кој ја продаде битката на сограѓаните Албанци, за шака директорски места кои ќе му траат десет месеци, а сите говори и обвинувања од минатото биле само една маска во лов на гласовите на нашите сограѓани Албанци.

Не знам дали стигнуваат до тебе чарсиските муабети, конкретно од Струга, каде што уживаше голема поддршка, дека не си баш толку омилен после оваа коалиција со ДУИ. Пред само година ипол, две со чесните Албанци кои имаа искрени намери, истите оние кои децата им се иселуваат, истите оние кои што се разочарани од криминалот и корупцијата, водевме заедничка битка во Струга за да се случат промени. Вие, нивните очекувања ги изневеривте и ги излажавте вашите сопствени гасачи. Сега ќе ги лажете дека ова е само десет месеци за да ви зајакне партијата. И да ви поверуваат за момент дека е така, после извесни време ќе се види дека не е така, затоа што вие ќе станете учесници во криминалот, ќе станите соочесници во корупцијата и само пар неколку функционери назначени од Алијанса за Албанците ќе се богатат заедно со функционерите на ДУИ, на грпот на оние кои што ве избраа. Господине Таравари, ја продаде битката на нашите сограѓани Албанци, за шака директорски места кои ќе ти траат десет месеци. После што ќе правиш? Партијата ќе ти се претопи во ДУИ и ќе треба да ставиш катанец на врата, поточно ќе настане пасокизација на Алијанса, истакна пратеникот Јаулески од собраниската говорница.

Јаулески го потсети Таравари, како ревносно го обвинуваше Али Ахмети, Зоран Заев и целата оваа власт и дека Алијанса и ДУИ не можат да бидат во коалиција, а сега не само што ќе бидат во коалиција, туку ќе бидат и партнери во криминалот.

На 11.06.2018 година лично Алијанса обвинуваше дека има закани по живот, но тогаш Генералниот секретар, сега лидер на Алијансата, Арбен Таравари од страна на ДУИ. Потоа со неколку последователни пресови ја обвинуваше истата ДУИ за криминал, корипција и партски вработувања, се до денс кога им седна во скутот. Даде интервју посветено на тоа де ДУИ и Алијанса никогаш не мпже да се најдат во иста коалиција. Еве денес, не само што сте коалиција туку ќе станете и партнери во криминалот, рече Јаулески.

Јаулески исто така го запраша Таравари како не му е срам да поттикнува меѓуетнички тензии и да ја заплашува македонскста јавност радикализирање на нашите сограѓани Албанци ако во Собранието не поминеле устаните измени.

Нели ти е срам господине Таравари да плашиш мали деца дека доколку не се промени уставот, Албанците ќе се радикализираат? Ти, сакаш ли да го глумиш Али Ахмети, кај него одеше ли на спремање? Нели ти е срам господине Таравари да зборуваш за радикализирање и да подгреваш меѓуетнички тензии? Па, мене ли ме плашиш кој сум родум од Струга, кој израснал во град со Албанците и ден денеска имам другари со кој секојдневно пијам кафе, си одиме на слави, си одиме на родендени, на прослави. Мене ли најде да ме плашиш, господине Таравари, запраша Јаулески.

The post Јаулески: Таравари ги продаде Албанците за шака директорски места кои ќе траат 10 месеци appeared first on Република.

]]>

Денес на дневен ред уште една трагикомична претстава на театарот на СДСМ и ДУИ, а тоа е неуспехот да го престави како успех. Па така, се прави реконструкција на Влада со влез на нова партија од албанскиот блок и тоа замислете не било која, туку онаа на која што му беше полна устата дека ДУИ конечно треба да замине во опозиција. Се преставуваа како спасители на на албанскиот народ во наводници од злобните ДУИ, па Алијанса на Таравари ќе биде таа која што ќе го спаси народот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Тој од денешната собраниска седница за за рекоснтрукција на владата, Јаулески рече дека се испостави дека Алијанса за Албанците не се ништо друго освен соработници на ДУИ и Арбен Таравари кој ја продаде битката на сограѓаните Албанци, за шака директорски места кои ќе му траат десет месеци, а сите говори и обвинувања од минатото биле само една маска во лов на гласовите на нашите сограѓани Албанци.
Не знам дали стигнуваат до тебе чарсиските муабети, конкретно од Струга, каде што уживаше голема поддршка, дека не си баш толку омилен после оваа коалиција со ДУИ. Пред само година ипол, две со чесните Албанци кои имаа искрени намери, истите оние кои децата им се иселуваат, истите оние кои што се разочарани од криминалот и корупцијата, водевме заедничка битка во Струга за да се случат промени. Вие, нивните очекувања ги изневеривте и ги излажавте вашите сопствени гасачи. Сега ќе ги лажете дека ова е само десет месеци за да ви зајакне партијата. И да ви поверуваат за момент дека е така, после извесни време ќе се види дека не е така, затоа што вие ќе станете учесници во криминалот, ќе станите соочесници во корупцијата и само пар неколку функционери назначени од Алијанса за Албанците ќе се богатат заедно со функционерите на ДУИ, на грпот на оние кои што ве избраа. Господине Таравари, ја продаде битката на нашите сограѓани Албанци, за шака директорски места кои ќе ти траат десет месеци. После што ќе правиш? Партијата ќе ти се претопи во ДУИ и ќе треба да ставиш катанец на врата, поточно ќе настане пасокизација на Алијанса, истакна пратеникот Јаулески од собраниската говорница.
Јаулески го потсети Таравари, како ревносно го обвинуваше Али Ахмети, Зоран Заев и целата оваа власт и дека Алијанса и ДУИ не можат да бидат во коалиција, а сега не само што ќе бидат во коалиција, туку ќе бидат и партнери во криминалот.
На 11.06.2018 година лично Алијанса обвинуваше дека има закани по живот, но тогаш Генералниот секретар, сега лидер на Алијансата, Арбен Таравари од страна на ДУИ. Потоа со неколку последователни пресови ја обвинуваше истата ДУИ за криминал, корипција и партски вработувања, се до денс кога им седна во скутот. Даде интервју посветено на тоа де ДУИ и Алијанса никогаш не мпже да се најдат во иста коалиција. Еве денес, не само што сте коалиција туку ќе станете и партнери во криминалот, рече Јаулески.
Јаулески исто така го запраша Таравари како не му е срам да поттикнува меѓуетнички тензии и да ја заплашува македонскста јавност радикализирање на нашите сограѓани Албанци ако во Собранието не поминеле устаните измени.
Нели ти е срам господине Таравари да плашиш мали деца дека доколку не се промени уставот, Албанците ќе се радикализираат? Ти, сакаш ли да го глумиш Али Ахмети, кај него одеше ли на спремање? Нели ти е срам господине Таравари да зборуваш за радикализирање и да подгреваш меѓуетнички тензии? Па, мене ли ме плашиш кој сум родум од Струга, кој израснал во град со Албанците и ден денеска имам другари со кој секојдневно пијам кафе, си одиме на слави, си одиме на родендени, на прослави. Мене ли најде да ме плашиш, господине Таравари, запраша Јаулески.

The post Јаулески: Таравари ги продаде Албанците за шака директорски места кои ќе траат 10 месеци appeared first on Република.

]]>
Дворски игри во Владата: Ковачевски ќе ги разрешува министрите од Алтернатива и ги заменува со кадри на Алијанса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvorski-igri-vo-vladata-kovachevski-ke-gi-razreshuva-ministrite-od-alternativa-i-gi-zamenuva-so-kadri-na-alijansa/ Sun, 12 Feb 2023 10:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=607941

Политичката партија Алтернатива попладнево, во партиското седиште во Тетово, ќе одржи седница на Централното собрание, по која се очекува став за натамошното делување откако со Предлогот за реконструкција на Владата, што беше испратен вчера во Собранието, премиерот побара разрешување на нивните министри.

На министерските места за здравство, за информатичко општество и администрација и ресорот за дијаспора со кои раководеа се предложени кадри од Алијанса за Албанците, со којашто завчера беа заокружени преговорите за приклучување во влдината коалиција.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа седницата  за Предлогот за реконструкција на владиниот кабинет за нови четворица министри и пет заменици министри.

Кренар Лога е предложен за министер за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу  за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, додека за нов министер за животна средина и просторно планирање е предложена Каја Шукова од СДСМ, на местото на досегашниот Насер Нуредини од ДУИ. Лога ќе го замени Никола Тупанчевски од СДСМ, Меџити треба да биде на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива.

Со реконструкцијата се опфатени и заменици министри во ресорите одбрана, правда, земјоделство, образование и здравство. За заменик министер за одбрана  е предложен Тирон Јајага од Алијанса за Албанците, а од редовите на оваа партија е и Вјолца Бериша за заменичкото место во земјоделство, шумарство и водостопанство. Предлог на Ковачевски за заменик министер за правда  е Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ, за здравство Маја Манолева, а за образование и наука - Агим Нихиу од ДУИ. На седницата треба да се гласа за разрешување на Башким Хасани од функцијата заменик министер за одбрана, Абдулќушур Абедини од заменик министер за земјоделство и Лулзим Алиу од заменик образование.

Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски вчера на прес-конференција рече дека на Алтернатива и била понудена опција за продолжување на соработката и дека СДСМ јавно соопштил оти има намера соработката да продолжи.

Алтернатива е добредојдена и нашата врата е отворена за некаква наредна соработка, не само кон оваа, туку и кон сите политички партии или пратеници што и мислат добро на државата и коишто ќе застанат зад европскиот пат на државата како наша стратешка заложба, рече Каевски одговарајќи на прашање дали очекуваат Алтернатива да остане во Владата.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, новите измени на составот на Владата се резултат на „Пазар 3 коалицијата“, а не последица на стабилен договор за развој на државата.

Новите измени се да се одржи историски најнеспособната влада во вештачка кома, на апарати, и да се спасат бизнисите и тендерите за уште некој месец повеќе, а не да се подобри очајната состојба во која се наоѓа земјата поради неспособноста и криминалот на дуото Ахмети-Ковачевски. Додека со месеци се договараат, луѓе умираат поради недостиг на лекови, инфлацијата се зголемува, имаме студена војна со Бугарија, по предложениот состав јасно е дека не договарале квалитет, туку договарале бизниси и тендери, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, упатувајќи критики за предложените нови кадри во ресорот правда.

Демократскиот сојуз бара Собранието да одржи седница на која ќе се расправа за студентскиот стандард и другите проблеми со кои се соочуваат студентите и да се донесат конкретни решенија преку

Од Демократски сојуз, еден од коалициските партнери во власта, соопштија дека не се подготвени да поддржат нов партнер во Владата доколку, како што велат, се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија, делејќи ги граѓаните по етничка основа околу најавените уставни промени.

Освен персоналниот состав на Владата, за Демократскиот сојуз и пошироко за јавноста се клучни програмските определби, поради што бараме со програмските барања на АА да се информираат партиите и јавноста, наведоа во соопштение од Демократски сојуз.

Алијансата за Албанците, пак, во Декларација што ја објави вчера за приклучувањето во владината коалиција, наведе дека се заснова на принципите на внатрешна демократија и демократизација на општеството, во време кога, како што велат, Македонија се соочува со голем број кризи, кои што сите ја одредуваат прозападната ориентација на земјата.

Алијанса за Албанците ја презема одговорноста како државотворна партија, убедена дека со искреност и чистота, со транспарентност и демократија ќе произведеме вредности и резултати, за доброто на граѓаните и за доброто на економијата, демократијата и правдата во Македонија, се вели во Декларацијата, во која се потенцира и дека ги избрале најдобрите кадри за учество во власта.

The post Дворски игри во Владата: Ковачевски ќе ги разрешува министрите од Алтернатива и ги заменува со кадри на Алијанса appeared first on Република.

]]>

Политичката партија Алтернатива попладнево, во партиското седиште во Тетово, ќе одржи седница на Централното собрание, по која се очекува став за натамошното делување откако со Предлогот за реконструкција на Владата, што беше испратен вчера во Собранието, премиерот побара разрешување на нивните министри. На министерските места за здравство, за информатичко општество и администрација и ресорот за дијаспора со кои раководеа се предложени кадри од Алијанса за Албанците, со којашто завчера беа заокружени преговорите за приклучување во влдината коалиција. Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа седницата  за Предлогот за реконструкција на владиниот кабинет за нови четворица министри и пет заменици министри. Кренар Лога е предложен за министер за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу  за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, додека за нов министер за животна средина и просторно планирање е предложена Каја Шукова од СДСМ, на местото на досегашниот Насер Нуредини од ДУИ. Лога ќе го замени Никола Тупанчевски од СДСМ, Меџити треба да биде на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива. Со реконструкцијата се опфатени и заменици министри во ресорите одбрана, правда, земјоделство, образование и здравство. За заменик министер за одбрана  е предложен Тирон Јајага од Алијанса за Албанците, а од редовите на оваа партија е и Вјолца Бериша за заменичкото место во земјоделство, шумарство и водостопанство. Предлог на Ковачевски за заменик министер за правда  е Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ, за здравство Маја Манолева, а за образование и наука - Агим Нихиу од ДУИ. На седницата треба да се гласа за разрешување на Башким Хасани од функцијата заменик министер за одбрана, Абдулќушур Абедини од заменик министер за земјоделство и Лулзим Алиу од заменик образование.

Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски вчера на прес-конференција рече дека на Алтернатива и била понудена опција за продолжување на соработката и дека СДСМ јавно соопштил оти има намера соработката да продолжи.

Алтернатива е добредојдена и нашата врата е отворена за некаква наредна соработка, не само кон оваа, туку и кон сите политички партии или пратеници што и мислат добро на државата и коишто ќе застанат зад европскиот пат на државата како наша стратешка заложба, рече Каевски одговарајќи на прашање дали очекуваат Алтернатива да остане во Владата.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, новите измени на составот на Владата се резултат на „Пазар 3 коалицијата“, а не последица на стабилен договор за развој на државата.

Новите измени се да се одржи историски најнеспособната влада во вештачка кома, на апарати, и да се спасат бизнисите и тендерите за уште некој месец повеќе, а не да се подобри очајната состојба во која се наоѓа земјата поради неспособноста и криминалот на дуото Ахмети-Ковачевски. Додека со месеци се договараат, луѓе умираат поради недостиг на лекови, инфлацијата се зголемува, имаме студена војна со Бугарија, по предложениот состав јасно е дека не договарале квалитет, туку договарале бизниси и тендери, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, упатувајќи критики за предложените нови кадри во ресорот правда.

Демократскиот сојуз бара Собранието да одржи седница на која ќе се расправа за студентскиот стандард и другите проблеми со кои се соочуваат студентите и да се донесат конкретни решенија преку

Од Демократски сојуз, еден од коалициските партнери во власта, соопштија дека не се подготвени да поддржат нов партнер во Владата доколку, како што велат, се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија, делејќи ги граѓаните по етничка основа околу најавените уставни промени.

Освен персоналниот состав на Владата, за Демократскиот сојуз и пошироко за јавноста се клучни програмските определби, поради што бараме со програмските барања на АА да се информираат партиите и јавноста, наведоа во соопштение од Демократски сојуз.
Алијансата за Албанците, пак, во Декларација што ја објави вчера за приклучувањето во владината коалиција, наведе дека се заснова на принципите на внатрешна демократија и демократизација на општеството, во време кога, како што велат, Македонија се соочува со голем број кризи, кои што сите ја одредуваат прозападната ориентација на земјата.
Алијанса за Албанците ја презема одговорноста како државотворна партија, убедена дека со искреност и чистота, со транспарентност и демократија ќе произведеме вредности и резултати, за доброто на граѓаните и за доброто на економијата, демократијата и правдата во Македонија, се вели во Декларацијата, во која се потенцира и дека ги избрале најдобрите кадри за учество во власта.

The post Дворски игри во Владата: Ковачевски ќе ги разрешува министрите од Алтернатива и ги заменува со кадри на Алијанса appeared first on Република.

]]>
Ковачевски го крши законот: Премиерот не може да назначи нови министри пред старите да бидат разрешени или да поднесат оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-krshi-zakonot-premierot-ne-mozhe-da-naznachi-novi-ministri-pred-starite-da-bidat-razresheni-ili-da-podnesat-ostavka/ Sat, 11 Feb 2023 14:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=607754

Премиерот Димитар Ковачевски ги прекршува Законот за влада и Деловникот за работа на собранието со тоа што достави предлог до Собранието за реконструкција на Владата, без досегашните министри и заменици министри да поднесат оставки, ниту пак, тие да оставки да бидат констатирани.

Според тие два документи, премиерот може да предложи нови министри или заменици министри само во случај ако актуелен функционер претходно поднел оставка, ако оставката е констатирана, ако е разрешен од Собранието или ако истиот починал. Такво нешто во овој случај не е направено.

Од Собранието нема информации кога ќе биде закажана седница, а само потврдуваат дека го примиле предлогот на премиерот.

Во моментов најважно за државата е што се окрупнува проевропскиот блок со тоа што се зголемува мнозинството кое е цврсто определено за продолжување на суштинските реформи важни за европскиот пат на Македонија. Владата продолжува со реализација на политиката која обезбедува стабилност и сигурност во услови на економска и енергетска криза предизвикана од глобални трендови“, велат од Владата во одговор на прашања на МКД.мк дали и кога функционерите поднеле оставки и кога истите се констатирани.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-dostavi-do-sobranieto-predlogot-za-rekonstruktsija-na-vladata/

По објавувањето на одлуката за реконструкција на владата, од Демократскиот сојуз реагираат со отворено писмо до Ковачевски Ковачевски, во кое порачуваат дека тој треба да ги објави и програмските определби на Алијанса за Албанците, новиот член на владината коалиција.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ds-do-kovachevski-nema-da-poddrzhime-vlada-vo-koja-ima-partija-koja-se-zakanuva-so-destabilizatsija-i-radikalizatsija/

Реакција стигна и до ВМРО-ДПМНЕ, од каде истакнуваат дека во состојба кога Собранието се уште не знае дали постојните министри се разрешени или сами си даваат оставка, новиот предлог на Ковачевски е срам за Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-novite-izmeni-na-sostavot-na-vladata-se-rezultat-na-pazar-3-koalitsija-a-ne-posleditsa-na-stabilen-dogovor-za-razvoj-na-makedonija/

The post Ковачевски го крши законот: Премиерот не може да назначи нови министри пред старите да бидат разрешени или да поднесат оставка appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски ги прекршува Законот за влада и Деловникот за работа на собранието со тоа што достави предлог до Собранието за реконструкција на Владата, без досегашните министри и заменици министри да поднесат оставки, ниту пак, тие да оставки да бидат констатирани. Според тие два документи, премиерот може да предложи нови министри или заменици министри само во случај ако актуелен функционер претходно поднел оставка, ако оставката е констатирана, ако е разрешен од Собранието или ако истиот починал. Такво нешто во овој случај не е направено. Од Собранието нема информации кога ќе биде закажана седница, а само потврдуваат дека го примиле предлогот на премиерот.
Во моментов најважно за државата е што се окрупнува проевропскиот блок со тоа што се зголемува мнозинството кое е цврсто определено за продолжување на суштинските реформи важни за европскиот пат на Македонија. Владата продолжува со реализација на политиката која обезбедува стабилност и сигурност во услови на економска и енергетска криза предизвикана од глобални трендови“, велат од Владата во одговор на прашања на МКД.мк дали и кога функционерите поднеле оставки и кога истите се констатирани.
https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-dostavi-do-sobranieto-predlogot-za-rekonstruktsija-na-vladata/ По објавувањето на одлуката за реконструкција на владата, од Демократскиот сојуз реагираат со отворено писмо до Ковачевски Ковачевски, во кое порачуваат дека тој треба да ги објави и програмските определби на Алијанса за Албанците, новиот член на владината коалиција. https://republika.mk/vesti/makedonija/ds-do-kovachevski-nema-da-poddrzhime-vlada-vo-koja-ima-partija-koja-se-zakanuva-so-destabilizatsija-i-radikalizatsija/ Реакција стигна и до ВМРО-ДПМНЕ, од каде истакнуваат дека во состојба кога Собранието се уште не знае дали постојните министри се разрешени или сами си даваат оставка, новиот предлог на Ковачевски е срам за Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-novite-izmeni-na-sostavot-na-vladata-se-rezultat-na-pazar-3-koalitsija-a-ne-posleditsa-na-stabilen-dogovor-za-razvoj-na-makedonija/

The post Ковачевски го крши законот: Премиерот не може да назначи нови министри пред старите да бидат разрешени или да поднесат оставка appeared first on Република.

]]>
Правда и Здравство дадени, Алијанса ја бара и УЈП, како и „поситни“ места во Царина, МВР, Финансова… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pravda-i-zdravstvo-dadeni-alijansa-ja-bara-i-ujp-kako-i-positni-mesta-vo-tsarina-mvr-finansova/ Sun, 05 Feb 2023 16:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=605052

Министерските позиции во здравство и правда веќе се договорени меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците. Според изворите на МКД.мк на местото на Никола Тупанчески нов министер за правда ќе биде Кренар Лога, актуелен член на Државната изборна комисија од АА, инаку правник од Струга. Беким Сали од Алтернатива ќе биде заменет како министер за здравство од страна на д-р Фадил Цана, специјалистот инфектолог од Гостивар вработен на клиниката во Скопје.

Неофицијалните информации на порталот велат дека АА бара од СДСМ да го даде и директорското место во Управата за јавни приходи. Се бараат и други места – заменичко место во Министерството за труд и социјална политика, раководни позиции во царина, МВР, во финансиска полиција, инспекции...

СДСМ сметаат дека не губат ништо, велат изворите на „Телма“, затоа што отстапки ќе направеле помалите коалициони партнери, кои би дале позиции за СДСМ, а за таа сметка ќе добијат вработувања. Како што дознава телевизија, Алтернатива, освен Министерството за здравство, не отстапуваат директорски позиции.

МЕПСО останува кај Албанците, но не кај ДУИ, туку кај Алтернатива или Алијанса, зависно од договорот.

Секторските директорски места нема да се менуваат партиски, туку е можна смена на раководните лица. Се очекуваат многу рокади, во повеќе сектори.

Епилогот, кој се очекува да бидe соопштен утре, по средба меѓу Ковачевски и Таравари, ќе зависи од успехот на денешните раговори.

The post Правда и Здравство дадени, Алијанса ја бара и УЈП, како и „поситни“ места во Царина, МВР, Финансова… appeared first on Република.

]]>

Министерските позиции во здравство и правда веќе се договорени меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците. Според изворите на МКД.мк на местото на Никола Тупанчески нов министер за правда ќе биде Кренар Лога, актуелен член на Државната изборна комисија од АА, инаку правник од Струга. Беким Сали од Алтернатива ќе биде заменет како министер за здравство од страна на д-р Фадил Цана, специјалистот инфектолог од Гостивар вработен на клиниката во Скопје. Неофицијалните информации на порталот велат дека АА бара од СДСМ да го даде и директорското место во Управата за јавни приходи. Се бараат и други места – заменичко место во Министерството за труд и социјална политика, раководни позиции во царина, МВР, во финансиска полиција, инспекции... СДСМ сметаат дека не губат ништо, велат изворите на „Телма“, затоа што отстапки ќе направеле помалите коалициони партнери, кои би дале позиции за СДСМ, а за таа сметка ќе добијат вработувања. Како што дознава телевизија, Алтернатива, освен Министерството за здравство, не отстапуваат директорски позиции. МЕПСО останува кај Албанците, но не кај ДУИ, туку кај Алтернатива или Алијанса, зависно од договорот. Секторските директорски места нема да се менуваат партиски, туку е можна смена на раководните лица. Се очекуваат многу рокади, во повеќе сектори. Епилогот, кој се очекува да бидe соопштен утре, по средба меѓу Ковачевски и Таравари, ќе зависи од успехот на денешните раговори.  

The post Правда и Здравство дадени, Алијанса ја бара и УЈП, како и „поситни“ места во Царина, МВР, Финансова… appeared first on Република.

]]>
Гаши: Компромис е можен, ама прво да видиме што ќе договорат СДСМ и АА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-kompromis-e-mozhen-ama-prvo-da-vidime-shto-ke-dogovorat-sdsm-i-aa/ Wed, 01 Feb 2023 20:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=603549

Откако ќе завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците ќе разговараме за останување или напуштање на владината коалиција. Ние сме за компромис и околу распределбата на ресорите. Оваа изјава ја даде Африм Гаши лидерот на Алтернатива на паузата од состанокот со членството во Гостивар.

Гаши напомена дека партиските органи ќе одлучат за останување или излегување од владата. Доколку Алијанса биде владин партнер и Алтернатива остане, според Гаши има начини и канали за комуникација и соработка, бидејќи како што нагласи, Алтернатива е кооперативна партија.

Во врска со шпекулациите дека има условувања за останување или напуштање на Владата на прашање на МИА да даде оценка или партиски став, лидерот на Алтернатива вели дека како партија се исправени пред тој предизвик, но, како што рече, за жал или за среќа ќе почекаат да видат како Алијанса за Албанците ќе ги води преговорите со СДСМ за влез во Влада.

Доколку се постигне договор помеѓу нив, ние ќе погледнеме дали е чепнат и дали тоа го засега нашиот договор за влез во Владата, истакна Гаши.

Од позиција на прв човек на партијата, тој нагласува дека Алтернативата засега нема црвени линии за коалициските партнери и дека е подготвен е на компромис за отстапување на некои министрски позции.

Партиското раководство на Алтернатива вечерва има состанок на кој меѓу другото се разговара и за натамошните чекори кои би се презеле при евентуален влез на Алијансата за Албанците во Владата.

Тој потсети дека нивното придружување во владината коалиција било поставено на два главни столбови: политичкиот договор од девет точки и преземање на одговорности и функциите кои требаше да ги преземат.

Појасни дека на овие состаноци со членството ги дискутираат можните импликации од останување или напуштање на коалициската Влада.

Гаши напомена дека во моментов нема никаква понуда за која би се разговарало во партијата за се донесе заклучок и да се разговара со идните коалициски партнери

Првиот човек на Алтернатива на прашањето зошто денеска го одбраа Гостивар и дали тоа има некоја посебна порака истакна дека ова се редовни партиски активности преку кои потесното раководство е во контакт со членството и ограноците и не се во корелација со актуелните политички збиднувања. Минатата недела, рече, бевме во Тетово, оваа недела сме во Гостивар, за наредната ќе се договориме.

The post Гаши: Компромис е можен, ама прво да видиме што ќе договорат СДСМ и АА appeared first on Република.

Ковачевски: Шпекулација е дека ќе има реконструкција на Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-shpekulacija-e-deka-kje-ima-rekonstrukcija-na-vlada/ Thu, 10 Nov 2022 10:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=572231

Владата во моментов функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална самоуправа. Се што се пишува за реконтрукција на Владата е во доменот на шпекулациите во овој момент, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски одговараше на новинарско прашање за медиумските написи за реконструкција на Владата до Нова година и за смена на министерот за здравство Беким Сали со кадар на Алијансата за Албанците.

Јас не сум ги видел утрово натписите за кои што зборувате. Во моментов, Владата функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална самоуправа. Јас не сум имал разговори како премиер бидејќи премиерот предлага министри во Владата во однос на реконструкција на Владата така што се тоа што се пишува е во рамките на шпекулации во овој момент, рече Ковачевски.

Премиерот заедно со Сали беа на настан во Градската општа болница „8 Септември“ на кој беше отворен нов дијагностички центар.

The post Ковачевски: Шпекулација е дека ќе има реконструкција на Влада appeared first on Република.

]]>

Владата во моментов функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална самоуправа. Се што се пишува за реконтрукција на Владата е во доменот на шпекулациите во овој момент, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски одговараше на новинарско прашање за медиумските написи за реконструкција на Владата до Нова година и за смена на министерот за здравство Беким Сали со кадар на Алијансата за Албанците.
Јас не сум ги видел утрово натписите за кои што зборувате. Во моментов, Владата функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална самоуправа. Јас не сум имал разговори како премиер бидејќи премиерот предлага министри во Владата во однос на реконструкција на Владата така што се тоа што се пишува е во рамките на шпекулации во овој момент, рече Ковачевски.
Премиерот заедно со Сали беа на настан во Градската општа болница „8 Септември“ на кој беше отворен нов дијагностички центар.

The post Ковачевски: Шпекулација е дека ќе има реконструкција на Влада appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Во Владата ќе се менува само министерот за локална самоуправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-vladata-kje-se-menuva-samo-ministerot-za-lokalna-samouprava/ Mon, 03 Oct 2022 12:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=556846

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

Ви кажав, смена ќе има во Министерство за локална самоуправа, со оглед на тоа дека имаме оставка на министерот. Нема друг план. Друго нема во план, рече премиерот Ковачевски, кој денеска присуствуваше на првиот академски час на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.

На забелешката дека функционери на СДСМ најавиле „мали промени“ во Владата, Ковачевски потенцира дека станува збор за „многу мали промени“.

Јас сметам дека ќе бидат многу мали, со оглед на тоа што Владата функционира во полн капацитет и ги извршува своите обврски и ја реализира Програмата така како што е договорено, рече премиерот.

За тоа кога ќе биде изборот на новиот министер за локална самоуправа, Ковачевски рече дека тоа треба да се координира со претседателот на Собранието и изрази задоволство што предлогот од Либерално демократската партија за оваа позиција е Ристо Пенов, бидејќи, како што рече, за него тој бил еден од најдобрите градоначалници не само на Скопје, туку воопшто во државата, „којшто зад себе има голем број успешни проекти на коишто и ден денес сите сме сведоци“.

Ковачевски нагласи дека прво мора да се потврди оставката на министерот за локална самоуправа, а дури потоа и изборот на нов министер на седница на Собрание.

Меѓутоа, тоа мора да се координира со претседателот на Собранието, во однос на дневниот ред на нови седници, како што се закажуваат, рече Ковачевски.

Премиерот соопшти дека го чул предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но рече дека се уште нема добиено официјален допис од ЛДП. Засега, рече Ковачевски, се се сведува на изјави коишто ги видовме.

The post Ковачевски: Во Владата ќе се менува само министерот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.
Ви кажав, смена ќе има во Министерство за локална самоуправа, со оглед на тоа дека имаме оставка на министерот. Нема друг план. Друго нема во план, рече премиерот Ковачевски, кој денеска присуствуваше на првиот академски час на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.
На забелешката дека функционери на СДСМ најавиле „мали промени“ во Владата, Ковачевски потенцира дека станува збор за „многу мали промени“.
Јас сметам дека ќе бидат многу мали, со оглед на тоа што Владата функционира во полн капацитет и ги извршува своите обврски и ја реализира Програмата така како што е договорено, рече премиерот.
За тоа кога ќе биде изборот на новиот министер за локална самоуправа, Ковачевски рече дека тоа треба да се координира со претседателот на Собранието и изрази задоволство што предлогот од Либерално демократската партија за оваа позиција е Ристо Пенов, бидејќи, како што рече, за него тој бил еден од најдобрите градоначалници не само на Скопје, туку воопшто во државата, „којшто зад себе има голем број успешни проекти на коишто и ден денес сите сме сведоци“. Ковачевски нагласи дека прво мора да се потврди оставката на министерот за локална самоуправа, а дури потоа и изборот на нов министер на седница на Собрание.
Меѓутоа, тоа мора да се координира со претседателот на Собранието, во однос на дневниот ред на нови седници, како што се закажуваат, рече Ковачевски.
Премиерот соопшти дека го чул предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но рече дека се уште нема добиено официјален допис од ЛДП. Засега, рече Ковачевски, се се сведува на изјави коишто ги видовме.

The post Ковачевски: Во Владата ќе се менува само министерот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Воопшто не се разговара за реконструкција на Владата, ќе се пополни само позицијата на Милевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-voopshto-ne-se-razgovara-za-rekonstrukcija-na-vladata-kje-se-popolni-samo-pozicijata-na-milevski/ Wed, 28 Sep 2022 11:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=555229

Владејачката СДСМ денеска демантира дека се разговара за реконструкција на Владата, посочувајќи дека единствената промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа.

СДСМ ги демантира написите во одредени медиуми за наводна реконструкција на Владата. Ниту партиското раководство, ниту највисоките партиски органи, досега воопшто не разговарале за реконструкција на Владата. Единствена промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа кој треба да дојде на местото на Горан Милевски кој се повлече од функцијата, се наведува во соопштението од СДСМ.

The post СДСМ: Воопшто не се разговара за реконструкција на Владата, ќе се пополни само позицијата на Милевски appeared first on Република.

Милевски ќе повлече нога: Од Владата си заминуваат и Сали и Бочварски? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milevski-kje-povleche-noga-od-vladata-si-zaminuvaat-i-sali-i-bochvarski/ Mon, 19 Sep 2022 13:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=552270

Оставката на Горан Милевски од позицијата министер за локална самоуправа може да повлече уште најмалку три измени во министерскиот тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски, дознава „Плусинфо.мк“.

Во политичките кругови веќе започнаа да кружат информации дека Владата сериозно размислува да му се заблагодари на актуелниот министер за здравство Беким Сали за досегашната соработка, а од игра најверојатно ќе излезат и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Како главни кандидати за местото на Сали досега се спомнуваа тројца познати доктори и директори на клиники и болници: Софија Пејкова, Милена Стевановиќ и Христијан Костов.

Неофицијално, како главна причина за смена на Алити од највисоката позиција во Министерството за информатичко општество и администрација се посочени новите проценти во „балансерот“ и кревањето на процентот на Албанците на 31,54 проценти и покрај укажувањата на Државниот завод за статистика (ДЗС) дека треба да се пресметуваат процентите само на резидентното население во земјава, а не и на дијаспората.

Премиерот Ковачевски наводно не е задоволен и од работата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, па очекувано е тој да биде симнат од позицијата главно поради проблемите со реализацијата на големите инвестициски проекти, автопатите Кичево-Охрид, Скопје-Блаце, како и железничката и патната инфраструктура со Бугарија.

Засега не се познати главните претенденти за позициите на Алити и на Бочварски, но затоа, пак, веќе гласно се зборува дека партиската и министерската позиција на Горан Милевски најверојатно ќе ги преземе пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова.

Повеќе на „Плусинфо.мк“

The post Милевски ќе повлече нога: Од Владата си заминуваат и Сали и Бочварски? appeared first on Република.

]]>

Оставката на Горан Милевски од позицијата министер за локална самоуправа може да повлече уште најмалку три измени во министерскиот тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски, дознава „Плусинфо.мк“. Во политичките кругови веќе започнаа да кружат информации дека Владата сериозно размислува да му се заблагодари на актуелниот министер за здравство Беким Сали за досегашната соработка, а од игра најверојатно ќе излезат и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Како главни кандидати за местото на Сали досега се спомнуваа тројца познати доктори и директори на клиники и болници: Софија Пејкова, Милена Стевановиќ и Христијан Костов. Неофицијално, како главна причина за смена на Алити од највисоката позиција во Министерството за информатичко општество и администрација се посочени новите проценти во „балансерот“ и кревањето на процентот на Албанците на 31,54 проценти и покрај укажувањата на Државниот завод за статистика (ДЗС) дека треба да се пресметуваат процентите само на резидентното население во земјава, а не и на дијаспората. Премиерот Ковачевски наводно не е задоволен и од работата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, па очекувано е тој да биде симнат од позицијата главно поради проблемите со реализацијата на големите инвестициски проекти, автопатите Кичево-Охрид, Скопје-Блаце, како и железничката и патната инфраструктура со Бугарија. Засега не се познати главните претенденти за позициите на Алити и на Бочварски, но затоа, пак, веќе гласно се зборува дека партиската и министерската позиција на Горан Милевски најверојатно ќе ги преземе пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова. Повеќе на „Плусинфо.мк“

The post Милевски ќе повлече нога: Од Владата си заминуваат и Сали и Бочварски? appeared first on Република.

]]>
Во септември најавена мини реконструкција во дел од владините сектори: Беким Сали си оди од министерската позиција? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-septemvri-najavena-mini-rekonstrukcija-vo-del-od-vladinite-sektori-bekim-sali-si-odi-od-ministerskata-pozicija/ Tue, 23 Aug 2022 08:21:23 +0000 https://republika.mk/?p=543138

Мини реконструкција во некои владини сектори како и промена на директорски места во дел од здравствените институции се најавува за во септември, објавува Фактор.

Изворите на Фактор посочуваат дека е можно СДСМ да го враќа ресорот здравство, а како можни имиња за министер повторно се споменуваат истите кога се случуваше последната промена во Министерството за здравство. Тоа се актуелните директорки на Клиниката за пластична хирургија и Инфективната клиника, односно д-р Софија Пејкова и д-р Милена Стевановиќ, како и актуелниот директор на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов.

-Се најавува мала реконструкција. Неофицијално, она што се зборува во овие кругови е дека министерот за здравство Беким Сали повеќе не ја сака функцијата. Дали СДСМ ќе го врати Министерството за здравство се уште е неизвесно, а имињата кои се споменуваат за евентуален наследник на Сали, доколку се случи таа мини реконструкција и доколку овој сектор припадне на СДСМ, се д-р Софија Пејкова, директорката на Клиниката за пластична хирургија, потоа д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести, и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов. Секако, сите овие информации се неофицијални и пред се зависат од разговорите меѓу највисоките раководства на коалициските партнери. Можно е да нема ништо од сето ова, зошто во здравството веќе се почнати низа проекти кои треба да се завршат и да бидат оставени на актуелниот министер да ги заврши. На пример, отворањето на поликлиниката Сарај, која е од огромно значење за пациентите во тој дел на градот, како и отворањето на низа амбуланти. Ќе видиме како ќе течат работите, септември е на прагот, вели изворот на Фактор.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

The post Во септември најавена мини реконструкција во дел од владините сектори: Беким Сали си оди од министерската позиција? appeared first on Република.

]]>

Мини реконструкција во некои владини сектори како и промена на директорски места во дел од здравствените институции се најавува за во септември, објавува Фактор. Изворите на Фактор посочуваат дека е можно СДСМ да го враќа ресорот здравство, а како можни имиња за министер повторно се споменуваат истите кога се случуваше последната промена во Министерството за здравство. Тоа се актуелните директорки на Клиниката за пластична хирургија и Инфективната клиника, односно д-р Софија Пејкова и д-р Милена Стевановиќ, како и актуелниот директор на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов. -Се најавува мала реконструкција. Неофицијално, она што се зборува во овие кругови е дека министерот за здравство Беким Сали повеќе не ја сака функцијата. Дали СДСМ ќе го врати Министерството за здравство се уште е неизвесно, а имињата кои се споменуваат за евентуален наследник на Сали, доколку се случи таа мини реконструкција и доколку овој сектор припадне на СДСМ, се д-р Софија Пејкова, директорката на Клиниката за пластична хирургија, потоа д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести, и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов. Секако, сите овие информации се неофицијални и пред се зависат од разговорите меѓу највисоките раководства на коалициските партнери. Можно е да нема ништо од сето ова, зошто во здравството веќе се почнати низа проекти кои треба да се завршат и да бидат оставени на актуелниот министер да ги заврши. На пример, отворањето на поликлиниката Сарај, која е од огромно значење за пациентите во тој дел на градот, како и отворањето на низа амбуланти. Ќе видиме како ќе течат работите, септември е на прагот, вели изворот на Фактор. Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

The post Во септември најавена мини реконструкција во дел од владините сектори: Беким Сали си оди од министерската позиција? appeared first on Република.

]]>