рек осломеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rek-oslomej/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Jun 2023 20:30:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рек осломеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rek-oslomej/ 32 32 Поранешниот рудник за јаглен Осломеј стана фотонапонска централа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poraneshniot-rudnik-za-jaglen-oslomej-stana-fotonaponska-tsentrala/ Fri, 30 Jun 2023 20:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=657013

АД Електрани на Северна Македнонија денес потпиша договор за инвестициски грант за проектот „Фотонапонска електрана Осломеј I“ со Европска банка за обнова и развој, добиен преку Инвестициската Рамка за Западен Балкан.

- Инвестицискиот грант во вредност од над 1.5 милиони евра, предвидено е да биде искористен за финансирање на ставките од грантот, согласно Договорот за набавка и поставување на Фотонапонска електрана Осломеј 10 MW, склучен помеѓу АД ЕСМ – Скопје и реномираната турска компанија „Гиришим електрик“ потпишан во ноеври 2019 година“, изјави во денешното обраќање генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов.

Целта на инвестицискиот грант, додаде Стефанов, е да обезбеди поддршка во финансирањето на трошоците за фотонапонската електрана, коишто вклучуваат набавка на опрема, градежни работи и работи поврзани со инсталација на опремата.

Во продолжение Стефанов нагласи дека поддршката и соработката со институции како ЕБОР е од клучно значење и ќе придонесе за побрза и полесна транзиција кон Зелената агенда за Западен Балкан, со заложбата за транзиција кон чиста енергија, која има цел намалување на емисиите на стакленички гасови за 61 проценти.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, порача дека Македонија е земја на сонцето и оттука, изградбата на соларниот фотоволтаичен проект од 10 MW на местото на поранешниот рудник за јаглен во Осломеј е природен и логичен чекор за енергетскиот премин на земјата од фосилни горива кон обновливи извори.

- Со користење на сончевата енергија за создавање чиста енергија, овој проект ќе и помогне на Македонија да обезбеди бројни придобивки, вклучувајќи почист воздух и поголема енергетска безбедност, независност и отпорност. Ние во ЕУ сме горди што ја поддржуваме оваа земја на нејзиното многу важно патување кон почисто и побезбедно снабдување со енергија, заедно со ЕБОР и другите развојни партнери, изјави Гир.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, рече дека денешното потпишување на Договорот помеѓу ЕСМ и ЕБОР, за инвестициски грант од 1,5 милиони евра наменет  за поставување фотонапонска електрана во ТЕЦ Осломеј, е во насока на имплементација на зелената агенда и енергетската транзиција.

-Проектот е успешно поставен и тоа е препознаено од ЕУ, која ги доделува овие грант средства, кои се средства од даноците на граѓаните на ЕУ, а со кој се намалува заемот обезбеден за реализација на проектот од ЕБОР. Проектот, чија вредност е 5,9 милиони евра, значи генерирање енергија со трансформација на постојните технологии на јаглен во обновливи извори на енергија. Користење на природната сончева енергија за производство на електрична енергија, создавање одржлив раст и развој и постигнување поквалитетен живот за нас и идните генерации. Тоа е дел од нашата европска индина, која не значи само носење закони, туку правење реални промени на условите за живот. Ова е чин што ја одбележува солидарноста на ЕУ, на вредностите што ги споделуваме со земјите од ЕУ и граѓаните од ЕУ, а каде припаѓа и нашата земја, истакна министерот Бесими.

Директорот на Европската банка за обнова и развој за Република Македонија, Анди Аранитаси, посочи дека тие се заинтересирани да продолжат да работат со Македонија на намалување на нејзината зависност од застарената инфраструктура на јаглен.

-По успешното завршување на фотонапонската електрана Осломеј 1, возбудени сме што гледаме дека владата продолжува со инвестиции во соларна енергија и остануваме подготвени да обезбедиме дополнителна поддршка доколку е потребно, изјави Аранитаси.

Фотонапонската електрана „Осломеј 1“ со моќност од 10 MW , во април минатата година почна да ги произведува првите количини чиста и зелена електрична енергија од сонце.

Фотонапонската електрана изградена во кругот на РЕК „Осломеј“ e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа каде што електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени на просторот врз стариот и исцрпен рудник за јаглен. Таа е прва во низата електрани што треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК „Осломеј“.

Фотонапонска електрана „Осломеј“ предвидено е да има годишно производство од 15 до 17 гигават-часа електрична енергија, да исфрли 13.000 тони емисии на CO2 годишно и да ги обезбеди потребите за струја на околу 2.800 домаќинства, но истовремено се прави рекултивација и облагородување на 19 хектари површина необработливо земјиште.

The post Поранешниот рудник за јаглен Осломеј стана фотонапонска централа appeared first on Република.

]]>

АД Електрани на Северна Македнонија денес потпиша договор за инвестициски грант за проектот „Фотонапонска електрана Осломеј I“ со Европска банка за обнова и развој, добиен преку Инвестициската Рамка за Западен Балкан.
- Инвестицискиот грант во вредност од над 1.5 милиони евра, предвидено е да биде искористен за финансирање на ставките од грантот, согласно Договорот за набавка и поставување на Фотонапонска електрана Осломеј 10 MW, склучен помеѓу АД ЕСМ – Скопје и реномираната турска компанија „Гиришим електрик“ потпишан во ноеври 2019 година“, изјави во денешното обраќање генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов.
Целта на инвестицискиот грант, додаде Стефанов, е да обезбеди поддршка во финансирањето на трошоците за фотонапонската електрана, коишто вклучуваат набавка на опрема, градежни работи и работи поврзани со инсталација на опремата. Во продолжение Стефанов нагласи дека поддршката и соработката со институции како ЕБОР е од клучно значење и ќе придонесе за побрза и полесна транзиција кон Зелената агенда за Западен Балкан, со заложбата за транзиција кон чиста енергија, која има цел намалување на емисиите на стакленички гасови за 61 проценти. Евроамбасадорот Дејвид Гир, порача дека Македонија е земја на сонцето и оттука, изградбата на соларниот фотоволтаичен проект од 10 MW на местото на поранешниот рудник за јаглен во Осломеј е природен и логичен чекор за енергетскиот премин на земјата од фосилни горива кон обновливи извори.
- Со користење на сончевата енергија за создавање чиста енергија, овој проект ќе и помогне на Македонија да обезбеди бројни придобивки, вклучувајќи почист воздух и поголема енергетска безбедност, независност и отпорност. Ние во ЕУ сме горди што ја поддржуваме оваа земја на нејзиното многу важно патување кон почисто и побезбедно снабдување со енергија, заедно со ЕБОР и другите развојни партнери, изјави Гир.
Министерот за финансии Фатмир Бесими, рече дека денешното потпишување на Договорот помеѓу ЕСМ и ЕБОР, за инвестициски грант од 1,5 милиони евра наменет  за поставување фотонапонска електрана во ТЕЦ Осломеј, е во насока на имплементација на зелената агенда и енергетската транзиција.
-Проектот е успешно поставен и тоа е препознаено од ЕУ, која ги доделува овие грант средства, кои се средства од даноците на граѓаните на ЕУ, а со кој се намалува заемот обезбеден за реализација на проектот од ЕБОР. Проектот, чија вредност е 5,9 милиони евра, значи генерирање енергија со трансформација на постојните технологии на јаглен во обновливи извори на енергија. Користење на природната сончева енергија за производство на електрична енергија, создавање одржлив раст и развој и постигнување поквалитетен живот за нас и идните генерации. Тоа е дел од нашата европска индина, која не значи само носење закони, туку правење реални промени на условите за живот. Ова е чин што ја одбележува солидарноста на ЕУ, на вредностите што ги споделуваме со земјите од ЕУ и граѓаните од ЕУ, а каде припаѓа и нашата земја, истакна министерот Бесими.
Директорот на Европската банка за обнова и развој за Република Македонија, Анди Аранитаси, посочи дека тие се заинтересирани да продолжат да работат со Македонија на намалување на нејзината зависност од застарената инфраструктура на јаглен.
-По успешното завршување на фотонапонската електрана Осломеј 1, возбудени сме што гледаме дека владата продолжува со инвестиции во соларна енергија и остануваме подготвени да обезбедиме дополнителна поддршка доколку е потребно, изјави Аранитаси.
Фотонапонската електрана „Осломеј 1“ со моќност од 10 MW , во април минатата година почна да ги произведува првите количини чиста и зелена електрична енергија од сонце. Фотонапонската електрана изградена во кругот на РЕК „Осломеј“ e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа каде што електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени на просторот врз стариот и исцрпен рудник за јаглен. Таа е прва во низата електрани што треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК „Осломеј“. Фотонапонска електрана „Осломеј“ предвидено е да има годишно производство од 15 до 17 гигават-часа електрична енергија, да исфрли 13.000 тони емисии на CO2 годишно и да ги обезбеди потребите за струја на околу 2.800 домаќинства, но истовремено се прави рекултивација и облагородување на 19 хектари површина необработливо земјиште.

The post Поранешниот рудник за јаглен Осломеј стана фотонапонска централа appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: По еден месец непрекината работа, РЕК Осломеј плански исклучен од мрежа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-po-eden-mesets-neprekinata-rabota-rek-oslomej-planski-iskluchen-od-mrezha/ Mon, 06 Mar 2023 09:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=616332

По еден месец непрекината работа, утрово од електроенергетскиот систем е исклучен РЕК Осломеј. Поволните временски услови и добрата кондиција во која се наоѓаат производствените капацитети на АД ЕСМ, особено РЕК Битола, овозможија исклучување на РЕК Осломеј со цел да се интервенира на неколку позиции во термоицентралата.

Во следните неколку недели во РЕК Осломеј планирани се активности за санација на млинови, на кондензатор, издувни канали. Останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата.

Во меѓуврeме, со работа продолжуваат сите останати капацитети на АД ЕСМ со цел до крајот на грејната сезона да се обезбедат сите потребни количини на електрична енергија исклучиво од домашно производство, стои во соопштението на ЕСМ.

The post ЕСМ: По еден месец непрекината работа, РЕК Осломеј плански исклучен од мрежа appeared first on Република.

]]>

По еден месец непрекината работа, утрово од електроенергетскиот систем е исклучен РЕК Осломеј. Поволните временски услови и добрата кондиција во која се наоѓаат производствените капацитети на АД ЕСМ, особено РЕК Битола, овозможија исклучување на РЕК Осломеј со цел да се интервенира на неколку позиции во термоицентралата. Во следните неколку недели во РЕК Осломеј планирани се активности за санација на млинови, на кондензатор, издувни канали. Останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата. Во меѓуврeме, со работа продолжуваат сите останати капацитети на АД ЕСМ со цел до крајот на грејната сезона да се обезбедат сите потребни количини на електрична енергија исклучиво од домашно производство, стои во соопштението на ЕСМ.

The post ЕСМ: По еден месец непрекината работа, РЕК Осломеј плански исклучен од мрежа appeared first on Република.

]]>
Талевски: За пониски цени треба да се произведува повеќе струја, владата е со розови наочари, најлошо се справуваат со кризата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/talevski-za-poniski-tseni-treba-da-se-proizveduva-poveke-struja-vladata-e-so-rozovi-naochari-najlosho-se-spravuvaat-so-krizata/ Sun, 22 Jan 2023 20:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=599697

Владата со розови наочари, цело време кажуваат дека се е во ред, дека сите блокови се на мрежа и не поминува цела недела да не испадне блок во РЕК Битола, РЕК Осломеј кога работи, кога не работи, дали 50 дена годишно работи. Сега се фалат за три дена. Три блока во РЕК Битола до 2017 година беше нормално да работат во грејна сезона, изјави за Детектор на Сител, Владо Талевски од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцираше дека Владата дека се справува лошо со кризата чувствуваат и граѓаните и стопанството.

- Како директен резултат на оваа криза се затворени над 5.000 компании. Уште еден податок дека сме во најголема криза, имаме најголема инфлација и тоа го кажуваат ММФ и Светска банка завршија со 19,8. Споредено со Балканот сме најлоши, истакна Талевски.

Талевски исто така посочи дека ЕСМ не произведуваше електрична енергија и 2021 е најкатастрофална година во производство на енергија за ЕСМ, а за да се намалат цените треба да се произведува електрична енергија.

- Во 2019, во нивното владеење, ЕСМ произвело 4250 гигават часови, во 2020 има пад 3642 гигават, во 2021, 3170 гигавати вкупно произвела ЕСМ со сите капацитети и хидро капацитетите. Овде се случи еколошка катастрофа на хидро електраните. РЕК Битола произведе неверојатно црни 1900 гигават часови. Во РЕК Битола има 3 турбини по 230 мегавати. РЕК просечно годишно работел со 200 мегавати на мрежа. Значи тоа е помалку од 100% на еден блок. Значи РЕК Битола работел со само 27% на мрежа од инсталираниот капацитет, нагласи Талевски.

The post Талевски: За пониски цени треба да се произведува повеќе струја, владата е со розови наочари, најлошо се справуваат со кризата appeared first on Република.

РЕК Осломеј утрово вратен на мрежа, термоелектраната е ставена во функција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rek-oslomej-utrovo-vraten-na-mrezha-termoelektranata-e-stavena-vo-funktsija/ Sat, 31 Dec 2022 09:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=592223

РЕК Осломеј од утрово е повторно на мрежа. Термоелектраната е во функција и произведува електрична енергија.

Во моментов, сите функционални капацитети на АД ЕСМ се во погон и испорачуваат електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.

Стручни лица од производителот од Турција, се во РЕК Битола и заедно со вработени во комбинатот интензивно работат на монтажа на трансформаторот на Блок 3.

Производената електрична енергија во АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, велат од компанијата.

The post РЕК Осломеј утрово вратен на мрежа, термоелектраната е ставена во функција appeared first on Република.

]]>

РЕК Осломеј од утрово е повторно на мрежа. Термоелектраната е во функција и произведува електрична енергија. Во моментов, сите функционални капацитети на АД ЕСМ се во погон и испорачуваат електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем. Стручни лица од производителот од Турција, се во РЕК Битола и заедно со вработени во комбинатот интензивно работат на монтажа на трансформаторот на Блок 3.
Производената електрична енергија во АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, велат од компанијата.

The post РЕК Осломеј утрово вратен на мрежа, термоелектраната е ставена во функција appeared first on Република.

]]>
Ковачевски потврди дека услов за заемот од 100 милиони евра бил клучот на РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-potvrdi-deka-uslov-za-zaemot-od-100-milioni-evra-bil-kluchot-na-rek-bitola-oslomej-i-tec-negotino/ Wed, 09 Nov 2022 11:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=571784

Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција во Влада, истакна дека не е во ќорсокак ниту државата, ниту граѓаните, ниту Владата, единствен кој што е во ќорсокак е опозицијата, затоа што Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза.

„Вие знаете дека на почетокот на оваа енергетска криза прво му дадовме задача на ЕСМ да го зголеми производството за 20% од минатата година, ЕСМ тоа и го оствари и производството на ЕСМ е зголемено за 25% и не само толку, туку за неколку проценти над тоа и доколку ги погледнете бројките кои редовно се објавуваат на сајтот и на ЕСМ, се објавуваат и кај мене на мојата страна, се објавуваат и преку соопштенија и на Владата и на ЕСМ, тогаш забележувате дека на регулираниот пазар, на сите мали потрошувачи и на сите домаќинства се задоволени потребите за електрична енергија 100 процентно од ЕСМ. Притоа иако заради тоа што ЕСМ работи со многу стара технологија, со РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино кои што навистина се од времето на Југославија во случај на испад на некој од тие капацитети, на некој од блоковите или на некој од централите, треба да се направи и увоз на електрична енергија заради исполнувањето на планот на производство. До сега во текот на изминатите неколку месеци увоз на електрична енергија за регулираниот пазар немаше. Тоа значи дека она што Владата го постави како план, тоа и го остварува“, рече премиерот Ковачевски и додаде дека досега ние немавме ниту еден ден без електрична енергија во државата, иако во регионот имаше држави кои што имаа по 6 часа рестрикции во текот на денот.

Во делот на топлинската енергија, подвлече премиерот Ковачевски, исто како и минатата грејна сезона со оглед на тоа дека опозицијата на државно ниво, а која што е власт на локално ниво и во градот Скопје одби да управува со затоплувањето на граѓаните на град Скопје, истото тоа го направи Владата.

„Како што кажавме дека ќе бидеме први во регионот кои што ќе ја започнат грејната сезона, тоа и го направивме. Гледате дека радијаторите во Скопје се топли со цена на топлинска енергија која што исто така е субвенционирана од страна на државата. Што се однесува до кредитот од 100 милиони евра, тој кредит е обезбеден по најдобри можни услови кои што можат да се најдат во моментов на финансиските пазари. За нас врз основа на одличната соработка која што ја имаме и со Европската банка, меѓутоа и со другите банки беше обезбеден кредит само со ниво на ЛИБОР каматна стапка и тој кредит беше блокиран во Собранието од страна на опозицијата. Јас информирав и на лидерската средба и неколку дена пред тоа и на седница на Влада, министерот за финансии информираше дека заради неодговорното однесување на опозицијата тие финансиски средства бидејќи стоеја на сметката на банката, веќе ги имаат пренаменето за други намени со што на нашата земја и се ускрати од страна на опозицијата да користи исклучително поволни финансиски средства“, рече Ковачевски и додаде дека причината која што ја наведува опозицијата апсолутно е бидејќи наведуваат дека согласно со националната стратегија за енергетика која што е важечка треба сукцесивно да се затвораат капацитети за производство на електрична енергија од лигнит и јаглен какви што национални стратегии за енергетика имаат сите европски држави.

Премиерот Ковачевски рече дека тоа е дел од зелениот договор и од стратегијата на ЕУ, но тие национални стратегии се правени во време кога немаше војна во Украина и кога немаше енергетска и економска криза.

„Затоа со писмо од министерот за економија кое што исто така е наведено и во документите кои се доставени во Собранието е јасно наведено дека и РЕК Битола и Осломеј и ТЕЦ Неготино ќе бидат дел од ревидирана Национална стратегија која што Владата веднаш ќе почне да ја подготвува заедно со експерти. Во истата како и во сите други држави во Европа работниот век и користењето на овие капацитети ќе биде продолжен“, рече Ковачевски.

The post Ковачевски потврди дека услов за заемот од 100 милиони евра бил клучот на РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино appeared first on Република.

РЕК Осломеј со најголемо производство на електрична енергија во последните 10 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rek-oslomej-so-najgolemo-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-vo-poslednite-10-godini/ Wed, 02 Nov 2022 15:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=568883

 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше во посета на РЕК Осломеј, каде заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ги посетија производните единици на термоелектраната и новото рудно наоѓалиште во рамките на РЕК Осломеј.

Министерот Бектеши се заблагодари на напорите на менаџментот на ЕСМ и сите вработени во термоелектраната Осломеј за да произведат доволни количини на електрична енергија се со цел непречена испорака на струја за домаќинствата и малите потрошувачи.

Денеска заедно со директорот Ковачевски сме на терен да видиме како се одвива производството на електрична енергија во термоелектраната Осломеј во Кичево. Како Влада правиме големи напори од почетокот на енергетската криза, посебно со почетокот на грејната сезона да дадеме максимална финансиска поддршка за ЕСМ, да го зголеми домашното производство на електрична енергија за да не бидеме зависни од увоз, како и за субвенционирање на цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи , кажа министерот Бектеши.

Министерот додаде дека Владата донесе одлука за фиксна цена на електрична енергија за прехранбената индустрија, уччилиштата и водоснабдителните станици која ќе биде снабдена од ЕСМ.

Донесовме одлука за дополнителна обврска на ЕСМ каде што основните и средните училишта, преработувачката индустрија, односно производителите на основни прехранбени производи, водоснабдителните станици да бидат снабдени со фиксни цени од 80 до 95 евра по мегават час и директно преку ЕСМ и на тој начин да влијаеме за справување со инфлацијата и намалување на цените на основните прехранбени производи, кажа министерот.

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кажа дека во изминатите години се направени значителни инвестиции во комбинатот со што е зголемен капацитетот на РЕК Осломеј и оваа година е остварено најголемо производство на електрична енергија во комбинатот споредено во последните 10 години.

За 10 месеци годинава има произведено 227 гигават часови, што во споредба со изминатите 10 години, најголем резултата што е постигнат. За споредба за истиот период во изминатите години производството било многу пониско, па така во 2015 година Осломеј произвел 81 GWh, во 2016 28 GWh, во 2017 30 GWh, во 2018 кога веќе влегуваме во одредени инвестиции и технички работи во термоелктраната, намерно го намаливме производството за да можат да се изведуваат тие работи, па така тогаш имаме 29 GWh, во 2019 -15 GWh, и 2020 -67 GWh, кажа Ковачевски.

Што се однесува на производството, како што појасни директорот Ковачевски,  намалена  оваа година 2022 имаме за производство на еден мегават час произведена енергија најмала потрошувачка на мегават час од страна на јаглен, што е намалување за три пати.

„Цената на произведена мегават час електрична енергија во 2021 годинаа изнесувала 173 евра, во 2016 цената била 661 евро мегават час. Во 2022 година со зголемено производство на електрична енергија се планира да биде цената под 200 евра за маегават час“ кажа директорот.

Директорот исто така информираше и за новото наоѓалиште за јаглен во рамки на комбинатот Осломеј каде што е утврдено дека има околу два милиони тони јаглен

Со концесијата за истражување од Министерството за економија постигнато е на терен да се ископа значајна количина земја со цел вршење на истражувањата, со тоа отскриени се околу 150 илјади тони јаглен, кој е наш и ни е на дофат и ќе биде искористен оваа грејна сезона. кажа директорот Ковачевски и додаде дека за РЕК Осломеј е предвидена негова постепена и социјални праведна супституција со обновливи извори, пред се фотонапонски електрани, и тоа и се прави.

The post РЕК Осломеј со најголемо производство на електрична енергија во последните 10 години appeared first on Република.

]]>

 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше во посета на РЕК Осломеј, каде заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ги посетија производните единици на термоелектраната и новото рудно наоѓалиште во рамките на РЕК Осломеј. Министерот Бектеши се заблагодари на напорите на менаџментот на ЕСМ и сите вработени во термоелектраната Осломеј за да произведат доволни количини на електрична енергија се со цел непречена испорака на струја за домаќинствата и малите потрошувачи.
Денеска заедно со директорот Ковачевски сме на терен да видиме како се одвива производството на електрична енергија во термоелектраната Осломеј во Кичево. Како Влада правиме големи напори од почетокот на енергетската криза, посебно со почетокот на грејната сезона да дадеме максимална финансиска поддршка за ЕСМ, да го зголеми домашното производство на електрична енергија за да не бидеме зависни од увоз, како и за субвенционирање на цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи , кажа министерот Бектеши.
Министерот додаде дека Владата донесе одлука за фиксна цена на електрична енергија за прехранбената индустрија, уччилиштата и водоснабдителните станици која ќе биде снабдена од ЕСМ.
Донесовме одлука за дополнителна обврска на ЕСМ каде што основните и средните училишта, преработувачката индустрија, односно производителите на основни прехранбени производи, водоснабдителните станици да бидат снабдени со фиксни цени од 80 до 95 евра по мегават час и директно преку ЕСМ и на тој начин да влијаеме за справување со инфлацијата и намалување на цените на основните прехранбени производи, кажа министерот.
Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кажа дека во изминатите години се направени значителни инвестиции во комбинатот со што е зголемен капацитетот на РЕК Осломеј и оваа година е остварено најголемо производство на електрична енергија во комбинатот споредено во последните 10 години.
За 10 месеци годинава има произведено 227 гигават часови, што во споредба со изминатите 10 години, најголем резултата што е постигнат. За споредба за истиот период во изминатите години производството било многу пониско, па така во 2015 година Осломеј произвел 81 GWh, во 2016 28 GWh, во 2017 30 GWh, во 2018 кога веќе влегуваме во одредени инвестиции и технички работи во термоелктраната, намерно го намаливме производството за да можат да се изведуваат тие работи, па така тогаш имаме 29 GWh, во 2019 -15 GWh, и 2020 -67 GWh, кажа Ковачевски.
Што се однесува на производството, како што појасни директорот Ковачевски,  намалена  оваа година 2022 имаме за производство на еден мегават час произведена енергија најмала потрошувачка на мегават час од страна на јаглен, што е намалување за три пати.
„Цената на произведена мегават час електрична енергија во 2021 годинаа изнесувала 173 евра, во 2016 цената била 661 евро мегават час. Во 2022 година со зголемено производство на електрична енергија се планира да биде цената под 200 евра за маегават час“ кажа директорот.
Директорот исто така информираше и за новото наоѓалиште за јаглен во рамки на комбинатот Осломеј каде што е утврдено дека има околу два милиони тони јаглен
Со концесијата за истражување од Министерството за економија постигнато е на терен да се ископа значајна количина земја со цел вршење на истражувањата, со тоа отскриени се околу 150 илјади тони јаглен, кој е наш и ни е на дофат и ќе биде искористен оваа грејна сезона. кажа директорот Ковачевски и додаде дека за РЕК Осломеј е предвидена негова постепена и социјални праведна супституција со обновливи извори, пред се фотонапонски електрани, и тоа и се прави.

The post РЕК Осломеј со најголемо производство на електрична енергија во последните 10 години appeared first on Република.

]]>
Саниран дефектот, РЕК Осломеј вратен на мрежа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/saniran-defektot-rek-oslomej-vraten-na-mreza/ Fri, 28 Oct 2022 11:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=566790

АД ЕСМ на 27.10.2022 година произведе 10.986 MWh електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 7.587 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.399 MWh.

Производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) и понатаму се одвива непречено во двата блока на РЕК Битола и во Подружницата Енергетика. Во РЕК Осломеј заврши санацијата на дефектот во котелот и термоелектраната е вратена на мрежа денес, порано од што беше планирано.

The post Саниран дефектот, РЕК Осломеј вратен на мрежа appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ на 27.10.2022 година произведе 10.986 MWh електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи. Во Термоелектраните произведени се 7.587 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.399 MWh. Производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) и понатаму се одвива непречено во двата блока на РЕК Битола и во Подружницата Енергетика. Во РЕК Осломеј заврши санацијата на дефектот во котелот и термоелектраната е вратена на мрежа денес, порано од што беше планирано.

The post Саниран дефектот, РЕК Осломеј вратен на мрежа appeared first on Република.

]]>
ЕСМ најави краток прекин во работата на РЕК Осломеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-najavi-kratok-prekin-vo-rabotata-na-rek-oslomej/ Wed, 26 Oct 2022 09:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=565795

РЕК Осломеј е во 48-часовен прекин поради пукната цевка, како најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира, соопштија од АД ЕСМ.

Производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред се со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола.

Се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на мрежа од сабота, 29.10.2022г.

Напоменуваме дека РЕК Осломеј во последните години работи со исклучително зголемен капацитет, благодарение на силните инвестиции кои беа направени во комбинатот во периодот од 2018 до 2020г во однос на термоелектраната, опремата, човечките ресурси итн.

Како резултат на тоа се забележува зголемено производство, така што заклучно со вчерашниот ден, производството од Осломеј достигна 219 GWh.

Со тоа РЕК Осломеј го исполни и го надмина планот за производство за 2022, велат оттаму.

The post ЕСМ најави краток прекин во работата на РЕК Осломеј appeared first on Република.

]]>

РЕК Осломеј е во 48-часовен прекин поради пукната цевка, како најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира, соопштија од АД ЕСМ.
Производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред се со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола. Се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на мрежа од сабота, 29.10.2022г. Напоменуваме дека РЕК Осломеј во последните години работи со исклучително зголемен капацитет, благодарение на силните инвестиции кои беа направени во комбинатот во периодот од 2018 до 2020г во однос на термоелектраната, опремата, човечките ресурси итн. Како резултат на тоа се забележува зголемено производство, така што заклучно со вчерашниот ден, производството од Осломеј достигна 219 GWh. Со тоа РЕК Осломеј го исполни и го надмина планот за производство за 2022, велат оттаму.

The post ЕСМ најави краток прекин во работата на РЕК Осломеј appeared first on Република.

]]>
ФЕ Осломеј 1 во Кичево е прва сончева електрана во Југоисточна Европа изградена врз стар рудник https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fe-oslomej-1-vo-kichevo-e-prva-soncheva-elektrana-vo-jugoistochna-evropa-izgradena-vrz-star-rudnik/ Fri, 08 Apr 2022 09:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=485205

Фотонапонската електрана (ФЕ) на АД ЕСМ изградена во кругот на РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа во кој електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени врз стар, исцрпен рудник за јаглен, информираат од компанијата.

Фотонапонската електрана во Осломеј, која е пуштена во пробно производство, е прва во низата електрани кои треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК Осломеј.

Крајната цел на овој проект е рударско-енергетскиот комбинат кој има инсталирана моќност од 120 мегавати да биде заменет со сончеви електрани со еднаква инсталирана моќност од 120 мегавати.

Европската енергетска заедница го препорачува овој пример во други земји во регионот каде се спроведува енергетска транзиција.

Фотонапонската електрана Осломеј 1 веќе ги дава првите киловати електрична енергија во системот и АД ЕСМ и официјалнио го прошири своето портфолио на обновливи извори, и сега покрај енергија од ветер произведуваме и електрична енергија од сонце.

Вкупното годишно производство на ФЕ Осломеј 1 ќе изнесува 15-17 гигават часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства.

ФЕ Осломеј 1 е во целосна сопственост на АД ЕСМ. Изградбата на електраната чинеше 7 милиони евра, од кои дел беа сопствени средства, а дел се кредитна линија од Европската банка за обнова и развој, кои со поволни услови поддржуваат инвестиции во обновливи извори.

Проектот на транзиција продолжува со фотонапонска електрана Осломеј 2 од 10 мегавати која е во фаза на подготовка на документација и со подготвителни работи за почеток на изградбата на две електрани по 50 мегавати со јавно-приватно партнество со компаниите Соларпро-Бугарија и Фортекс-Турција.

The post ФЕ Осломеј 1 во Кичево е прва сончева електрана во Југоисточна Европа изградена врз стар рудник appeared first on Република.

]]>

Фотонапонската електрана (ФЕ) на АД ЕСМ изградена во кругот на РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа во кој електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени врз стар, исцрпен рудник за јаглен, информираат од компанијата. Фотонапонската електрана во Осломеј, која е пуштена во пробно производство, е прва во низата електрани кои треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК Осломеј. Крајната цел на овој проект е рударско-енергетскиот комбинат кој има инсталирана моќност од 120 мегавати да биде заменет со сончеви електрани со еднаква инсталирана моќност од 120 мегавати. Европската енергетска заедница го препорачува овој пример во други земји во регионот каде се спроведува енергетска транзиција. Фотонапонската електрана Осломеј 1 веќе ги дава првите киловати електрична енергија во системот и АД ЕСМ и официјалнио го прошири своето портфолио на обновливи извори, и сега покрај енергија од ветер произведуваме и електрична енергија од сонце. Вкупното годишно производство на ФЕ Осломеј 1 ќе изнесува 15-17 гигават часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства. ФЕ Осломеј 1 е во целосна сопственост на АД ЕСМ. Изградбата на електраната чинеше 7 милиони евра, од кои дел беа сопствени средства, а дел се кредитна линија од Европската банка за обнова и развој, кои со поволни услови поддржуваат инвестиции во обновливи извори. Проектот на транзиција продолжува со фотонапонска електрана Осломеј 2 од 10 мегавати која е во фаза на подготовка на документација и со подготвителни работи за почеток на изградбата на две електрани по 50 мегавати со јавно-приватно партнество со компаниите Соларпро-Бугарија и Фортекс-Турција.