РЕК Битолс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rek-bitols/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Mar 2023 16:53:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png РЕК Битолс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rek-bitols/ 32 32 ЕСМ ќе го исклучи Блок 3 на РЕК Битола од мрежата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-ke-go-iskluchi-blok-3-na-rek-bitola-od-mrezhata/ Thu, 09 Mar 2023 17:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=617837

АД ЕСМ информира дека Блок 3 на РЕК Битола ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката.

Како што велат од компанијата, санацијата треба да заврши до недела.

Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет, соопштуваат од ЕСМ.

The post ЕСМ ќе го исклучи Блок 3 на РЕК Битола од мрежата appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ информира дека Блок 3 на РЕК Битола ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката. Како што велат од компанијата, санацијата треба да заврши до недела.
Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет, соопштуваат од ЕСМ.

The post ЕСМ ќе го исклучи Блок 3 на РЕК Битола од мрежата appeared first on Република.

]]>
Во РЕК Битола протекла цевка, затоа сега ќе увезуваме струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-rek-bitola-protekla-cevka-zatoa-sega-kje-uvezuvame-struja/ Fri, 18 Nov 2022 13:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=575449

Фактот што сите информации се достапни за граѓаните на дневно ниво, бидејќи Владата на дневно ниво го објавува производството на електрична енергија и како функционираат сите производствени капацитети, покажува дека не треба да бидат загрижени. Сепак има денови како денеска или вчера кога се прави увоз на електрична енергија со цел да се задоволат потребите на регулираниот пазар што е обврска на ЕСМ, порача премиерот Димитар Ковачевски.

Тоа, како што рече, е поради малиот дефект на еден од блоковите во РЕК Битола.

-Во РЕК Битола имаше протекување на една цевка од еден од блоковите, но вработените работат на негова санација. Третиот блок не е во функција заради тоа што уште од минатата година беше изгорен трансформаторот. Тој трансформатор е направен и веќе се покажани слики дека е тргнат од фабриката во Турција, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на договор со турската компанија „Текнопанел“ за инвестиција во ТИРЗ Скопје.

Тој посочи дека транспортот од Турција е малку покомплициран бидејќи се работи за товар од 240 тони што не може да го помине мостот на граничниот премин Ипсала меѓу Турција и Грција.

-Од таа причина транспортот е комбиниран со специјално товарно возило, па со брод до Солун и од Солун повторно со возило кое е со 10 осовини и ќе стигне до РЕК Битола. Благодарение на добрите односи со грчката Влада веќе ги обезбедивме транспортните дозволи и се очекува до 22 ноември трансформаторот да пристигне до РЕК Битола и да се изврши монтажа и со тоа да се пушти и третиот блок во функција, појасни Ковачевски.

Нагласи дека во ТЕЦ Неготино се прави редовен ремонт на генераторот, но како што посочи, и поради високата цена на мазутот оваа електрана би произведувала струја со поскапа цена отколку што во моментов е на берзите.

-Сепак стручните екипи на ЕСМ, вклучително и сите експертски тимови кои ги има во државава и универзитетски професори се на терен и работат на ставање во потполна функција на сите капацитети во државата. Затоа граѓаните не треба да се грижат. Како што беше во целата измината година, така е и сега. Финансиски средства се обезбедени за набавка  на струја која недостасува во овие денови, рече Ковачевски.

The post Во РЕК Битола протекла цевка, затоа сега ќе увезуваме струја appeared first on Република.

]]>

Фактот што сите информации се достапни за граѓаните на дневно ниво, бидејќи Владата на дневно ниво го објавува производството на електрична енергија и како функционираат сите производствени капацитети, покажува дека не треба да бидат загрижени. Сепак има денови како денеска или вчера кога се прави увоз на електрична енергија со цел да се задоволат потребите на регулираниот пазар што е обврска на ЕСМ, порача премиерот Димитар Ковачевски. Тоа, како што рече, е поради малиот дефект на еден од блоковите во РЕК Битола.
-Во РЕК Битола имаше протекување на една цевка од еден од блоковите, но вработените работат на негова санација. Третиот блок не е во функција заради тоа што уште од минатата година беше изгорен трансформаторот. Тој трансформатор е направен и веќе се покажани слики дека е тргнат од фабриката во Турција, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на договор со турската компанија „Текнопанел“ за инвестиција во ТИРЗ Скопје.
Тој посочи дека транспортот од Турција е малку покомплициран бидејќи се работи за товар од 240 тони што не може да го помине мостот на граничниот премин Ипсала меѓу Турција и Грција. -Од таа причина транспортот е комбиниран со специјално товарно возило, па со брод до Солун и од Солун повторно со возило кое е со 10 осовини и ќе стигне до РЕК Битола. Благодарение на добрите односи со грчката Влада веќе ги обезбедивме транспортните дозволи и се очекува до 22 ноември трансформаторот да пристигне до РЕК Битола и да се изврши монтажа и со тоа да се пушти и третиот блок во функција, појасни Ковачевски. Нагласи дека во ТЕЦ Неготино се прави редовен ремонт на генераторот, но како што посочи, и поради високата цена на мазутот оваа електрана би произведувала струја со поскапа цена отколку што во моментов е на берзите.