рејтинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rejting/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 07:42:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рејтинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rejting/ 32 32 Спасов и „Рејтинг“ ги одработуваат милионските бизниси на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasov-i-rejting-gi-odrabotuvaat-milionskite-biznisi-na-sdsm/ Mon, 29 Jul 2024 07:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=801205

Добиените милиони, тендери, и проценти на агенцијата Рејтинг на Спасов се олицетворение за тоа како функционира СДС, и зошто СДС шири лаги, дезинформации, креира лажни вести, навреди и црн пи-ар, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Спасов кој во ек на владеењето на СДС и ДУИ доби 10 милионски бизнис, како и над половина милион евра тендери од разни институции водени од СДС кои изминатите години се слеаја кон агенцијата Рејтинг на Спасов  сега ја има главната улога да ги одработи тие пари преку црн пи-ар.

Македонија го имаше најлошото искуство со СДС во изминатите години кога на дело се покажа како аздисано се трошат народните пари, како се делат тендери во четири очи, како бескрупулозно се празни државната каса.

Нема веќе затајување на данок, нема веќе „Евро за црквата, евро за Вицето“, нема веќе купување на златни чинии и луксузирање на државна сметка, времето на недопирливите заврши, како што заврши и времето на не наменски трошења 10-тици и 100-ци милиони евра  како оние на Мила Царовска за дигитализација на училиштата, а учениците да немаат ниту книги.

СДС направи историски грабеж и ја потона земјата во криминал и корупција и токму поради стравот од одговорност сега преку агенцијата Рејтинг ја трујат и манипулираат јавноста, а Спасов си ги одработува милионските бизниси.

СДС треба да се реформира, СДС треба да знае дека нема јака опозиција со вакви репрезенти и да расчисти со криминалците и бандитите во сопствените редови за кончено да биде здрава и конструктивна опозиција.

The post Спасов и „Рејтинг“ ги одработуваат милионските бизниси на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Добиените милиони, тендери, и проценти на агенцијата Рејтинг на Спасов се олицетворение за тоа како функционира СДС, и зошто СДС шири лаги, дезинформации, креира лажни вести, навреди и црн пи-ар, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Спасов кој во ек на владеењето на СДС и ДУИ доби 10 милионски бизнис, како и над половина милион евра тендери од разни институции водени од СДС кои изминатите години се слеаја кон агенцијата Рејтинг на Спасов  сега ја има главната улога да ги одработи тие пари преку црн пи-ар.
Македонија го имаше најлошото искуство со СДС во изминатите години кога на дело се покажа како аздисано се трошат народните пари, како се делат тендери во четири очи, како бескрупулозно се празни државната каса. Нема веќе затајување на данок, нема веќе „Евро за црквата, евро за Вицето“, нема веќе купување на златни чинии и луксузирање на државна сметка, времето на недопирливите заврши, како што заврши и времето на не наменски трошења 10-тици и 100-ци милиони евра  како оние на Мила Царовска за дигитализација на училиштата, а учениците да немаат ниту книги.
СДС направи историски грабеж и ја потона земјата во криминал и корупција и токму поради стравот од одговорност сега преку агенцијата Рејтинг ја трујат и манипулираат јавноста, а Спасов си ги одработува милионските бизниси.
СДС треба да се реформира, СДС треба да знае дека нема јака опозиција со вакви репрезенти и да расчисти со криминалците и бандитите во сопствените редови за кончено да биде здрава и конструктивна опозиција.

The post Спасов и „Рејтинг“ ги одработуваат милионските бизниси на СДСМ appeared first on Република.

]]>
„Рејтинг“ на Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди со 10 милиони евра од власта на СДС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rejting-na-spasov-pravi-pr-za-sds-temelen-na-lazhni-vesti-i-navredi-so-10-milioni-evra-od-vlasta-na-sds/ Sun, 28 Jul 2024 07:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=800931

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека агенцијата за испитување на јавното мислење „Рејтинг“ на Никола Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди со милион евра во тендери и бизнис од 10 милиони евра од власта на СДС.

„Рејтинг“ на Спасов беше единствена агенција според која СДС водеше, дури и кога катастрофално губеше, сега гледаме и зошто. Нема друга агенција за мерење на јавно мислење која толку длабоко била влезена во бизниси со поранешната власт. Добиените милиони очигледно се мотив плус да се води ПР-от на СДС, кој се темели на лажни вести и клевети. СДС одамна го испушти кормилото, па мора да препушта ПР да им водат агенции како Рејтинг кои ги чинеа милиони додека беа на власт. Очигледно е дека ништо не е сменето во таа партија, велат од владејачката партија.

The post „Рејтинг“ на Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди со 10 милиони евра од власта на СДС appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека агенцијата за испитување на јавното мислење „Рејтинг“ на Никола Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди со милион евра во тендери и бизнис од 10 милиони евра од власта на СДС.
„Рејтинг“ на Спасов беше единствена агенција според која СДС водеше, дури и кога катастрофално губеше, сега гледаме и зошто. Нема друга агенција за мерење на јавно мислење која толку длабоко била влезена во бизниси со поранешната власт. Добиените милиони очигледно се мотив плус да се води ПР-от на СДС, кој се темели на лажни вести и клевети. СДС одамна го испушти кормилото, па мора да препушта ПР да им водат агенции како Рејтинг кои ги чинеа милиони додека беа на власт. Очигледно е дека ништо не е сменето во таа партија, велат од владејачката партија.

The post „Рејтинг“ на Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди со 10 милиони евра од власта на СДС appeared first on Република.

]]>
Никола Спасов од „Рејтинг“ демантира дека по експресна постапка добила дозвола за на фотоволтаична централа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikola-spasov-od-rejting-demantira-deka-po-ekspresna-postapka-dobila-dozvola-za-na-fotovoltaichna-tsentrala/ Mon, 22 Jul 2024 12:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=799190

Агенција Рејтинг е професионална компанија за истражувања и комуникации која 15 години успешно работи на пазарот во Македонија, регионот и Европа. Секојдневните прес-конференции и соопштенија на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, со кои се оцрнува агенцијата без никаква основа, се срамен и недозволив чин за политичка хајка врз приватна компанија,реагираат од компанијата.

Агенција Рејтинг во своето петнаесет годишно искуство, има соработувано на проекти со политички партии и институции, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ. Сите проекти кои ги има реализирано се спроведени на професионален начин во целосно транспарентни постапки.

Оттука, оваа хајка за нас е неразбирлива и недозволива, за што правниот тим на компанијата ќе ги преземе сите правни дејствија да го заштити сопствениот углед.

Во соопштенијата и прес-конференциите се изнесени лаги и неточни информации за компаниите во сопственост на извршниот директор на Агенција Рејтинг, Никола Спасов.

Сакајќи намерно да го оцрни личниот углед на Спасов, ВМРО-ДПМНЕ пласира дезинформации за компанијата Гама Солар, каде Спасов има малцинско учество во капиталот на компанијата, а не доминантна сопственост. Компанијата Гама Солар, преку кредитирање на инвестицијата вложува во приватниот сектор, како и секоја друга компанија, а ваквото оцрнување нанесува штети и по угледот на останатите сопственици.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-nikola-spasov-od-rejting-mu-e-lichno-dolzhen-na-filipche/

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ лаже дека по експресни постапки се добиени дозволи, нешто што беше демантирано од Агенцијата за енергетика во чија надлежност е издавањето на лиценци.

ВМРО-ДПМНЕ на крајно перфиден начин, со лаги и манипулации, се обидува да создаде впечаток дека агенцијата и директорот Спасов се стекнале со некаков милионски имот или бизнис на нелегален начин, што е бесрамна лага и манипулација. Ниту агенцијата, ниту сопственикот Спасов, не располагаат со милионски бизнис, а сите приходи и работењето на агенцијата е целосно согласно законот.

Со оглед на фактот дека „правната заштита на сопственоста и слободата на пазарот и претприемништвото” се уставно загарантирани темелни вредности, со ваквите прес-конференции ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт со умисла упатува суптилни закани врз приватно правно лице.

The post Никола Спасов од „Рејтинг“ демантира дека по експресна постапка добила дозвола за на фотоволтаична централа appeared first on Република.

]]>

Агенција Рејтинг е професионална компанија за истражувања и комуникации која 15 години успешно работи на пазарот во Македонија, регионот и Европа. Секојдневните прес-конференции и соопштенија на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, со кои се оцрнува агенцијата без никаква основа, се срамен и недозволив чин за политичка хајка врз приватна компанија,реагираат од компанијата.

Агенција Рејтинг во своето петнаесет годишно искуство, има соработувано на проекти со политички партии и институции, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ. Сите проекти кои ги има реализирано се спроведени на професионален начин во целосно транспарентни постапки.

Оттука, оваа хајка за нас е неразбирлива и недозволива, за што правниот тим на компанијата ќе ги преземе сите правни дејствија да го заштити сопствениот углед.

Во соопштенијата и прес-конференциите се изнесени лаги и неточни информации за компаниите во сопственост на извршниот директор на Агенција Рејтинг, Никола Спасов.

Сакајќи намерно да го оцрни личниот углед на Спасов, ВМРО-ДПМНЕ пласира дезинформации за компанијата Гама Солар, каде Спасов има малцинско учество во капиталот на компанијата, а не доминантна сопственост. Компанијата Гама Солар, преку кредитирање на инвестицијата вложува во приватниот сектор, како и секоја друга компанија, а ваквото оцрнување нанесува штети и по угледот на останатите сопственици.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-nikola-spasov-od-rejting-mu-e-lichno-dolzhen-na-filipche/

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ лаже дека по експресни постапки се добиени дозволи, нешто што беше демантирано од Агенцијата за енергетика во чија надлежност е издавањето на лиценци.

ВМРО-ДПМНЕ на крајно перфиден начин, со лаги и манипулации, се обидува да создаде впечаток дека агенцијата и директорот Спасов се стекнале со некаков милионски имот или бизнис на нелегален начин, што е бесрамна лага и манипулација. Ниту агенцијата, ниту сопственикот Спасов, не располагаат со милионски бизнис, а сите приходи и работењето на агенцијата е целосно согласно законот.

Со оглед на фактот дека „правната заштита на сопственоста и слободата на пазарот и претприемништвото” се уставно загарантирани темелни вредности, со ваквите прес-конференции ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт со умисла упатува суптилни закани врз приватно правно лице.

The post Никола Спасов од „Рејтинг“ демантира дека по експресна постапка добила дозвола за на фотоволтаична централа appeared first on Република.

]]>
Дали Никола Спасов од „Рејтинг“ му е лично должен на Филипче? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-nikola-spasov-od-rejting-mu-e-lichno-dolzhen-na-filipche/ Mon, 22 Jul 2024 10:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=799152

Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта, Спасов од „Рејтинг“ добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1. Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата.

Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?“, праша портпартолката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Според неа, фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра.

Фотоволтаична централа на Спасов годишно, како што истакнува Митева, може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.

„Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?

Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле“, додава портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Дали Никола Спасов од „Рејтинг“ му е лично должен на Филипче? appeared first on Република.

]]>

Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта, Спасов од „Рејтинг“ добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1. Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата.
Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?“, праша портпартолката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Според неа, фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра. Фотоволтаична централа на Спасов годишно, како што истакнува Митева, може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.
„Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?
Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле“, додава портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Дали Никола Спасов од „Рејтинг“ му е лично должен на Филипче? appeared first on Република.

]]>
Додека СДСМ беше на власт, „Рејтинг“ на Спасов има добиено тендери од над 900.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-sdsm-beshe-na-vlast-rejting-na-spasov-ima-dobieno-tenderi-od-nad-900-000-evra/ Sun, 21 Jul 2024 10:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=798905

Наместо грижа за сопствената катастрофа, СДС со наталожени лаги и измислици сакаат да ги манипулираат граѓаните преку скапо платениот ПР.Додека ја уништуваа државата, на агенцијата Рејтинг, во сопственост на Никола Спасов во периодот додека СДС беше власт оваа агенција има добиено тендери во вкупна вредност од над 900.000 евра, вели Марија Митева.

Имено, Во 2020-та, година од Град Скопје, Рејтинг на Спасов добила над 16.000 евра, но исто така и 4.500 евра од Општина Карпош. Во 2021-ва од Општина Охрид, добил 15.000 евра, сите тендери во период кога градоначалници се од редовите на СДС. Истата година, Рејтинг на Спасов добила 60.000 евра од Министерството за здравство, предводено од неговиот сегашен шеф, Венко Филипче. Понатаму, во истата година, во месец август Спасов, од Владата добил тендер вреден цели 300 илјади евра. Во 2022-рата година пак исто од Владата добил над 420.000 евра, за промоција на македонското вино во Белград. Истата година во декември, Спасов добил тендер од 50 илјади евра од Министерството за финансии и уште еден од 100.000 од Министерството за надворешни работи.

https://www.youtube.com/watch?v=rz8vJFdJf1k&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

Во 2023-та година, Спасов пак стана сопственик на нова компанија за производство на електрична енергија „Гама Солар“, а да ја потсетиме јавноста дека само после три дена Регулаторна комисија за енергетика, со одлука одобри и лиценца за изградба на фотоцентрала, под име „Гама Солар1“.

Заради ваквото бесрамно трошење на народните средства, немаше пари за граѓаните, немаше пари за земјоделците, немаше пари за стопанството. Додека агенцијата Рејтинг си измислуваше фестивали за дебели хонорари, народот тонеше во сиромаштија.

Па сосема логично е денес истата оваа агенција Рејтинг, која беше добро исплатена преку милионски тендери од власта, да мисли дека ќе и се оддолжи на СДС преку опозиција. Но, залудни се обидите преку низок ПР СДС да се надева дека ќе успее да го поткрене сопственото реноме.

Филипче мисли дека со креирани лаги ќе избега од одговори за сите катастрофи изминативе 7 години, но одговори и одговорност кора да има!

The post Додека СДСМ беше на власт, „Рејтинг“ на Спасов има добиено тендери од над 900.000 евра appeared first on Република.

]]>

Наместо грижа за сопствената катастрофа, СДС со наталожени лаги и измислици сакаат да ги манипулираат граѓаните преку скапо платениот ПР.Додека ја уништуваа државата, на агенцијата Рејтинг, во сопственост на Никола Спасов во периодот додека СДС беше власт оваа агенција има добиено тендери во вкупна вредност од над 900.000 евра, вели Марија Митева. Имено, Во 2020-та, година од Град Скопје, Рејтинг на Спасов добила над 16.000 евра, но исто така и 4.500 евра од Општина Карпош. Во 2021-ва од Општина Охрид, добил 15.000 евра, сите тендери во период кога градоначалници се од редовите на СДС. Истата година, Рејтинг на Спасов добила 60.000 евра од Министерството за здравство, предводено од неговиот сегашен шеф, Венко Филипче. Понатаму, во истата година, во месец август Спасов, од Владата добил тендер вреден цели 300 илјади евра. Во 2022-рата година пак исто од Владата добил над 420.000 евра, за промоција на македонското вино во Белград. Истата година во декември, Спасов добил тендер од 50 илјади евра од Министерството за финансии и уште еден од 100.000 од Министерството за надворешни работи. https://www.youtube.com/watch?v=rz8vJFdJf1k&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE
Во 2023-та година, Спасов пак стана сопственик на нова компанија за производство на електрична енергија „Гама Солар“, а да ја потсетиме јавноста дека само после три дена Регулаторна комисија за енергетика, со одлука одобри и лиценца за изградба на фотоцентрала, под име „Гама Солар1“.
Заради ваквото бесрамно трошење на народните средства, немаше пари за граѓаните, немаше пари за земјоделците, немаше пари за стопанството. Додека агенцијата Рејтинг си измислуваше фестивали за дебели хонорари, народот тонеше во сиромаштија. Па сосема логично е денес истата оваа агенција Рејтинг, која беше добро исплатена преку милионски тендери од власта, да мисли дека ќе и се оддолжи на СДС преку опозиција. Но, залудни се обидите преку низок ПР СДС да се надева дека ќе успее да го поткрене сопственото реноме. Филипче мисли дека со креирани лаги ќе избега од одговори за сите катастрофи изминативе 7 години, но одговори и одговорност кора да има!

The post Додека СДСМ беше на власт, „Рејтинг“ на Спасов има добиено тендери од над 900.000 евра appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Мицкоски во убедливо водство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-liderot-na-partijata-mitskoski-vo-ubedlivo-vodstvo/ Sun, 31 Mar 2024 07:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=760554

Сè поголем е бројот на граѓаните кои се незадоволни од работата на оваа влада, се зголемува и процентот на определените гласачи кои би излегле на гласање, расте рејтингот и на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски. Она што е интересно е и растот на популарноста на новата политичка партија ЗНАМ и нејзиниот лидер Максим Димитриевски. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Дури 70 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека работите во Македонија се движат во погрешна насока. Само 16,5 отсто од испитаниците одговориле дека насоката е правилна.

И натаму, како и на претходната анкета од декември минатата година, за граѓаните најголемиот проблем е криминалот и корупцијата во државата (29,2%), на второ место е инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот (17,6%), невработеноста 14,2 отсто, емиграцијата, отселувањето на младите 7,8 отсто…

Дека Владата неуспешно се справува со овие проблеми сметаат 66,6 отсто од испитаниците во анкетата, а само 5,7 отсто од нив велат дека власта тоа го прави успешно.

Ако се оценува успешноста на Владата од 1 до 10, тогаш средната добиена оценка би била тројка – 3,03.

Токму затоа 71,4 отсто од анкетираните одговориле негативно на прашањето дали Владата заслужува уште еден мандат. Дека власта заслужува уште еден мандат сметаат 17,1 отсто од испитаниците.

На прашањата за тоа во кој политичар веруваат и во кој лидер на политичките партии имаат најголема доверба, според одговорите на испитаниците на двете листи на прво место е Христијан Мицкоски (25,1 % и 16,6 %). На овие прашања интересен е резултатот на Максим Димитриевски, претседателот на ЗНАМ, кој покажува поголема популарност и од Стево Пендаровски.

Во албанскиот блок Али Ахмети е убедливо прв (11,6% и 6,9%), а на второ место меѓу Албанците и како политичар и како лидер на партија е Арбен Таравари (7,9% и 4,2%). Оваа анкета покажува пад на популарноста на Димитар Апасиев и на неговата партија Левица.

Популарноста на досегашниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и како политичар и како лидер на партија е 5,6% и 4,9 %. Висок процент од 49,2 отсто немаат доверба во ниту еден лидер на политичките партии во Македонија.

Процентот на излезноста на граѓаните за гласање на претстојните парламентарни избори, во споредба со анкетата на МКД.мк лани во декември е во пораст. Дека на изборите на 8 мај ќе излезат на гласање одговориле 66,6 отсто од испитаниците (во декември овој процент беше 60%), сè уште не одлучиле 7,6 отсто од анкетираните, а со „не“ одговориле 25,7 отсто.

Според рејтингот на политичките партии, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство – 27,2 %. Коалиција предводена од СДСМ би освоиле 10,7 отсто од гласачите, ДУИ – 8,7%, коалицијата Вреди 7,7%, ЗНАМ 5,5%, Левица 5,3%…

Анкетирањето е спроведено од 15 до 24 март со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Извор: МКД.мк

The post ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Мицкоски во убедливо водство appeared first on Република.

]]>

Сè поголем е бројот на граѓаните кои се незадоволни од работата на оваа влада, се зголемува и процентот на определените гласачи кои би излегле на гласање, расте рејтингот и на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски. Она што е интересно е и растот на популарноста на новата политичка партија ЗНАМ и нејзиниот лидер Максим Димитриевски. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, по нарачка на редакцијата на МКД.мк. Дури 70 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека работите во Македонија се движат во погрешна насока. Само 16,5 отсто од испитаниците одговориле дека насоката е правилна. И натаму, како и на претходната анкета од декември минатата година, за граѓаните најголемиот проблем е криминалот и корупцијата во државата (29,2%), на второ место е инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот (17,6%), невработеноста 14,2 отсто, емиграцијата, отселувањето на младите 7,8 отсто… Дека Владата неуспешно се справува со овие проблеми сметаат 66,6 отсто од испитаниците во анкетата, а само 5,7 отсто од нив велат дека власта тоа го прави успешно. Ако се оценува успешноста на Владата од 1 до 10, тогаш средната добиена оценка би била тројка – 3,03. Токму затоа 71,4 отсто од анкетираните одговориле негативно на прашањето дали Владата заслужува уште еден мандат. Дека власта заслужува уште еден мандат сметаат 17,1 отсто од испитаниците. На прашањата за тоа во кој политичар веруваат и во кој лидер на политичките партии имаат најголема доверба, според одговорите на испитаниците на двете листи на прво место е Христијан Мицкоски (25,1 % и 16,6 %). На овие прашања интересен е резултатот на Максим Димитриевски, претседателот на ЗНАМ, кој покажува поголема популарност и од Стево Пендаровски. Во албанскиот блок Али Ахмети е убедливо прв (11,6% и 6,9%), а на второ место меѓу Албанците и како политичар и како лидер на партија е Арбен Таравари (7,9% и 4,2%). Оваа анкета покажува пад на популарноста на Димитар Апасиев и на неговата партија Левица. Популарноста на досегашниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и како политичар и како лидер на партија е 5,6% и 4,9 %. Висок процент од 49,2 отсто немаат доверба во ниту еден лидер на политичките партии во Македонија. Процентот на излезноста на граѓаните за гласање на претстојните парламентарни избори, во споредба со анкетата на МКД.мк лани во декември е во пораст. Дека на изборите на 8 мај ќе излезат на гласање одговориле 66,6 отсто од испитаниците (во декември овој процент беше 60%), сè уште не одлучиле 7,6 отсто од анкетираните, а со „не“ одговориле 25,7 отсто. Според рејтингот на политичките партии, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство – 27,2 %. Коалиција предводена од СДСМ би освоиле 10,7 отсто од гласачите, ДУИ – 8,7%, коалицијата Вреди 7,7%, ЗНАМ 5,5%, Левица 5,3%… Анкетирањето е спроведено од 15 до 24 март со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година. Извор: МКД.мк

The post ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Мицкоски во убедливо водство appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ужива само 4% рејтинг, тоа покажува дека во Македонија никогаш не се живеело полошо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-uzhiva-samo-4-rejting-toa-pokazhuva-deka-vo-makedonija-nikogash-ne-se-zhiveelo-polosho/ Sun, 24 Dec 2023 08:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=726090

Последните мерења на јавното мислење покажуваат дека рејтингот на СДС не опаѓа, туку забрзано пропаѓа. Тие веќе неколку месеци по ред се трета партија според довербата кај граѓаните, а незапирливо итаат и кон четвртата позиција. Она кое што е најевидентно од анкетата на агенцијата Маркет Вижн е дека Ковачевски има само 4% доверба кај граѓаните, што е единствен случај во Македонија некој премиер да има толку мал рејтинг меѓу населението, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Исто така од испитувањата на јавното мислење може да се види дека во декември 2023 во споредба со февруари 2023 година разликата во рејтингот помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ се зголемила за 8,1% во корист на ВМРО-ДПМНЕ, поради катастрофалните и анационални политики на оваа влада предводена од Димитар Ковачевски. Односно, од февруари до декември 2023, СДС со Ковачевски изгубиле 3,2% од својот рејтинг, а ВМРО-ДПМНЕ ја зголемило довербата кај граѓаните кај нови 4,9% од избирачите кои се одлучиле да излезат на гласање, велат од партијата.

„Граѓаните гледаат дека со власта на СДС и ДУИ се живее полошо од било кога во Македонија.

Оваа власт е одговорна за растечката сиромаштија, растечките криминал и корупција, инфлација, тонењето на економијата, распадот на системот на образование, здравство, судство, итн.

Оваа власт мора да се промени. Оваа криминогена власт мора да се победи“ – истакнуваат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ужива само 4% рејтинг, тоа покажува дека во Македонија никогаш не се живеело полошо appeared first on Република.

]]>

Последните мерења на јавното мислење покажуваат дека рејтингот на СДС не опаѓа, туку забрзано пропаѓа. Тие веќе неколку месеци по ред се трета партија според довербата кај граѓаните, а незапирливо итаат и кон четвртата позиција. Она кое што е најевидентно од анкетата на агенцијата Маркет Вижн е дека Ковачевски има само 4% доверба кај граѓаните, што е единствен случај во Македонија некој премиер да има толку мал рејтинг меѓу населението, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Исто така од испитувањата на јавното мислење може да се види дека во декември 2023 во споредба со февруари 2023 година разликата во рејтингот помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ се зголемила за 8,1% во корист на ВМРО-ДПМНЕ, поради катастрофалните и анационални политики на оваа влада предводена од Димитар Ковачевски. Односно, од февруари до декември 2023, СДС со Ковачевски изгубиле 3,2% од својот рејтинг, а ВМРО-ДПМНЕ ја зголемило довербата кај граѓаните кај нови 4,9% од избирачите кои се одлучиле да излезат на гласање, велат од партијата. „Граѓаните гледаат дека со власта на СДС и ДУИ се живее полошо од било кога во Македонија. Оваа власт е одговорна за растечката сиромаштија, растечките криминал и корупција, инфлација, тонењето на економијата, распадот на системот на образование, здравство, судство, итн. Оваа власт мора да се промени. Оваа криминогена власт мора да се победи“ – истакнуваат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ужива само 4% рејтинг, тоа покажува дека во Македонија никогаш не се живеело полошо appeared first on Република.

]]>
„Црн петок“ за рејтингот на СДСМ, тој е преполовен, партијата е на минимум https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsrn-petok-za-rejtingot-na-sdsm-toj-e-prepoloven-partijata-e-na-minimum/ Fri, 24 Nov 2023 19:50:08 +0000 https://republika.mk/?p=716039

Рејтингот на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски е во слободен пад, а тоа се забележува и од атмосферата која владее во јавноста, но и од последните анкети кои потврдуваат дека ниту една влада досега немала понизок рејтинг од актуелната.

Ваквиот катастрофален рејтинг се должи пред се на разочараноста кај граѓаните која е толку голема колку што беа и ветувањата и големите очекувања од СДСМ од самиот момент кога дојде на власт во 2017 година.

Во тој период, СДСМ иако немаше најголем број на пратеници во Собранието ги живееше своите најдобри денови, а сето тоа се должеше на повеќе фактори меѓу кои и злоупотребувањето на судски случаи за кои се потврди дека не така како се тврдеше, големите ветувања за подобрување на економската состојба и подобар живот што се покажа сосема спротивното и во Македонија владее сиромаштија и само платите на функционерите беа покачени за 78%, фамозната парола „Нема правда, нема мир“ со што се очекуваше СДСМ да спроведе суштински реформи во судството, но судството го допре дното по најниска доверба досега 3% и ред други ветувања кои се помалку се зборуваше како што одминуваше времето.

Покрај овие фактори за падот на рејтингот на СДСМ се и лошите надворешни политики од коишто државата секогаш излегуваше како губитник.

И покрај тоа што тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев од позиција на опозиција, па и како премиер, се колнеше дека нема да го чепка името на државата, не само што го направи тоа, туку и го направи без да обезбеди никакви гаранции дека државата повеќе нема да биде блокирана на патот кон ЕУ. Тој без многу да се двоуми го потпиша и договорот за добрососедство со Бугарија и гордо тврдеше дека сите прашања со соседите се затворени, но Македонија повторно беше блокирана од Бугарија. Со ова се потврди дека не само што со ваквите штетни политики СДСМ не постигна ништо, туку и ја втурна државата во една негативна спирала која се запечати и со прифаќањето на таканаречениот „француски предлог“ со кој билатералниот проблем со Бугарија влезе во преговарачката рамка со ЕУ, а со ова Македонија е осудена на тоа докрај да ги исполнува непринципиелните и хегемонистички желби на Бугарија.

Ситуацијата со рејтингот на партијата и можеби немаше да биде толку лоша, доколку после дебаклот на локалните избори, наместо Заев да ја крпи коалицијата по секоја цена и да наметнува премиер без легитимитет, се одеше на предвремени парламентарни избори. Крпењето на коалицијата за по секоја цена да се остане на власт преку задоволување на желбите на тие што требаше да влезат во владата не само што ги иритираше граѓаните општо, туку и се појави огромно незадоволство и поделби во самата партија, бидејќи оној кој го избрале да води всушност правеше се што ќе кажат коалиционите партнери.

Ваквата состојба на немање карактер очигледно им сметаше и на многу високи функционери во СДСМ кои свесно и смирено го чекаат поразот на нивната партија на претстојните избори за после тоа да ја преземат истата и да се обидат да ја консолидираат.

Желбата за власт од страна на премиерот Ковачевски по секоја цена и трошењето најмногу енергија за крпење на коалицијата, слабите економски резултати и највисоката инфлација во регионот, коруптивните афери кои секојдневно испливуваат на површина, најнизок рејтинг во судството и обвинителството потврдени и со најнегативниот извештај за напредок на ЕК, докажуваат дека оваа власт повеќе наштетила отколку што направила нешто добро за државата, па во таа насока е и одговорот на граѓаните на анкетите.

The post „Црн петок“ за рејтингот на СДСМ, тој е преполовен, партијата е на минимум appeared first on Република.

]]>

Рејтингот на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски е во слободен пад, а тоа се забележува и од атмосферата која владее во јавноста, но и од последните анкети кои потврдуваат дека ниту една влада досега немала понизок рејтинг од актуелната. Ваквиот катастрофален рејтинг се должи пред се на разочараноста кај граѓаните која е толку голема колку што беа и ветувањата и големите очекувања од СДСМ од самиот момент кога дојде на власт во 2017 година. Во тој период, СДСМ иако немаше најголем број на пратеници во Собранието ги живееше своите најдобри денови, а сето тоа се должеше на повеќе фактори меѓу кои и злоупотребувањето на судски случаи за кои се потврди дека не така како се тврдеше, големите ветувања за подобрување на економската состојба и подобар живот што се покажа сосема спротивното и во Македонија владее сиромаштија и само платите на функционерите беа покачени за 78%, фамозната парола „Нема правда, нема мир“ со што се очекуваше СДСМ да спроведе суштински реформи во судството, но судството го допре дното по најниска доверба досега 3% и ред други ветувања кои се помалку се зборуваше како што одминуваше времето. Покрај овие фактори за падот на рејтингот на СДСМ се и лошите надворешни политики од коишто државата секогаш излегуваше како губитник. И покрај тоа што тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев од позиција на опозиција, па и како премиер, се колнеше дека нема да го чепка името на државата, не само што го направи тоа, туку и го направи без да обезбеди никакви гаранции дека државата повеќе нема да биде блокирана на патот кон ЕУ. Тој без многу да се двоуми го потпиша и договорот за добрососедство со Бугарија и гордо тврдеше дека сите прашања со соседите се затворени, но Македонија повторно беше блокирана од Бугарија. Со ова се потврди дека не само што со ваквите штетни политики СДСМ не постигна ништо, туку и ја втурна државата во една негативна спирала која се запечати и со прифаќањето на таканаречениот „француски предлог“ со кој билатералниот проблем со Бугарија влезе во преговарачката рамка со ЕУ, а со ова Македонија е осудена на тоа докрај да ги исполнува непринципиелните и хегемонистички желби на Бугарија. Ситуацијата со рејтингот на партијата и можеби немаше да биде толку лоша, доколку после дебаклот на локалните избори, наместо Заев да ја крпи коалицијата по секоја цена и да наметнува премиер без легитимитет, се одеше на предвремени парламентарни избори. Крпењето на коалицијата за по секоја цена да се остане на власт преку задоволување на желбите на тие што требаше да влезат во владата не само што ги иритираше граѓаните општо, туку и се појави огромно незадоволство и поделби во самата партија, бидејќи оној кој го избрале да води всушност правеше се што ќе кажат коалиционите партнери. Ваквата состојба на немање карактер очигледно им сметаше и на многу високи функционери во СДСМ кои свесно и смирено го чекаат поразот на нивната партија на претстојните избори за после тоа да ја преземат истата и да се обидат да ја консолидираат. Желбата за власт од страна на премиерот Ковачевски по секоја цена и трошењето најмногу енергија за крпење на коалицијата, слабите економски резултати и највисоката инфлација во регионот, коруптивните афери кои секојдневно испливуваат на површина, најнизок рејтинг во судството и обвинителството потврдени и со најнегативниот извештај за напредок на ЕК, докажуваат дека оваа власт повеќе наштетила отколку што направила нешто добро за државата, па во таа насока е и одговорот на граѓаните на анкетите.

The post „Црн петок“ за рејтингот на СДСМ, тој е преполовен, партијата е на минимум appeared first on Република.

]]>
Нема да се офајди само внукот на Адеми: За декемврискиот совет на ОБСЕ, „солена“ сума на пари ќе одат и кај омилената ПИ-АР агенција на власта – „Рејтинг“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-se-ofajdi-samo-vnukot-na-ademi-za-dekemvriskiot-sovet-na-obse-solena-suma-na-pari-ke-odat-i-kaj-omilenata-pi-ar-agentsija-na-vlasta-rejting/ Sat, 26 Aug 2023 17:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=676149

Поставување на знамиња и опрема, мајстори кои иако е сабота се во и околу ВИП Арената Борис Трајковски… Работна атмосфера за подготовка за декемврискиот министерски совет на ОБСЕ што таму ќе се одржи, а за што се искеширани 1,8 милиони евра народни пари. И покрај скандалозните информации дека овие пари легнуваат на сметката на фирма во сопственост на внукот на поранешниот министер од ДУИ Абдулаким Адеми, Елмедин, очигледно е дека Адеми не го засега, а исто така ниту некој од владата. Нема реакција ни од СДСМ ниту од Ковачевски, објавува „Алфа“.

Во меѓувреме, се појави и договор што го склучило Министерството за надворешни работи со пиар агенцијата, омилена на власта, „Рејтинг“. Таа добива 100 илјади евра за да ја организира и ја промовира конференцијата. Нејасно е зошто кога во и во Министерството има служба за односи со јавност, но и Владата има вработени и ангажирани лица за пиар, фотографи и сниматели.

Улогата на Македнија како претседавач на министерскиот совет на ОБСЕ за 2023 ќе ја чини државата фрапантни пет милиони евра пари на народот. За овие пари одлука донела Владата на седница. Претходно, како што информираше министерот на Османи на почетокот на годинава, од Министерството за надворешни биле побарани и повеќе, дури осум милиони евра.

Од доделените пет милиони, речиси два милиона одат за маси, столчиња, опрема и ентериер кои се потребни за еднодневната конференција. Никој не открива што ќе се случи со оваа опрема откако нема да биде потребна.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/vnukot-na-ademi-dobi-nad-112-milioni-denari-od-mnr-za-adaptatsija-na-sala-za-nastan-na-obse/

Се уште не е познати за што се потребни останатите три милиони евра. Од најавите на министерот Бујар Османи познато е дека Министерството за надворешни работи треба да обезбеди и 70 возила за превоз на учесниците на конференцијата во државава. Сепак станува збор за организирање на возила, а не на авиони, ако судиме според сумата што ја извлекло министерството.

The post Нема да се офајди само внукот на Адеми: За декемврискиот совет на ОБСЕ, „солена“ сума на пари ќе одат и кај омилената ПИ-АР агенција на власта – „Рејтинг“ appeared first on Република.

]]>

Поставување на знамиња и опрема, мајстори кои иако е сабота се во и околу ВИП Арената Борис Трајковски… Работна атмосфера за подготовка за декемврискиот министерски совет на ОБСЕ што таму ќе се одржи, а за што се искеширани 1,8 милиони евра народни пари. И покрај скандалозните информации дека овие пари легнуваат на сметката на фирма во сопственост на внукот на поранешниот министер од ДУИ Абдулаким Адеми, Елмедин, очигледно е дека Адеми не го засега, а исто така ниту некој од владата. Нема реакција ни од СДСМ ниту од Ковачевски, објавува „Алфа“. Во меѓувреме, се појави и договор што го склучило Министерството за надворешни работи со пиар агенцијата, омилена на власта, „Рејтинг“. Таа добива 100 илјади евра за да ја организира и ја промовира конференцијата. Нејасно е зошто кога во и во Министерството има служба за односи со јавност, но и Владата има вработени и ангажирани лица за пиар, фотографи и сниматели. Улогата на Македнија како претседавач на министерскиот совет на ОБСЕ за 2023 ќе ја чини државата фрапантни пет милиони евра пари на народот. За овие пари одлука донела Владата на седница. Претходно, како што информираше министерот на Османи на почетокот на годинава, од Министерството за надворешни биле побарани и повеќе, дури осум милиони евра. Од доделените пет милиони, речиси два милиона одат за маси, столчиња, опрема и ентериер кои се потребни за еднодневната конференција. Никој не открива што ќе се случи со оваа опрема откако нема да биде потребна. https://republika.mk/vesti/ekonomija/vnukot-na-ademi-dobi-nad-112-milioni-denari-od-mnr-za-adaptatsija-na-sala-za-nastan-na-obse/ Се уште не е познати за што се потребни останатите три милиони евра. Од најавите на министерот Бујар Османи познато е дека Министерството за надворешни работи треба да обезбеди и 70 возила за превоз на учесниците на конференцијата во државава. Сепак станува збор за организирање на возила, а не на авиони, ако судиме според сумата што ја извлекло министерството.

The post Нема да се офајди само внукот на Адеми: За декемврискиот совет на ОБСЕ, „солена“ сума на пари ќе одат и кај омилената ПИ-АР агенција на власта – „Рејтинг“ appeared first on Република.

]]>
Анкета на ИПИС: ВМРО ДПМНЕ има 25% поголем рејтинг од СДСМ и ДУИ заедно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-ipis-vmro-dpmne-ima-25-pogolem-rejting-od-sdsm-i-dui-zaedno/ Sun, 26 Mar 2023 11:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=623801

Македонија е доминантно подготвена за избори, со јасни ставови во однос на власта и опозицијата и незадоволна од сегашната власт без оглед на етничката припадност на анкетираните, и јавноста.

По нарачка на порталот Вечер.мк анкетата ја спроведе ИПИС Скопје, стручна институција која ги спроведува повеќето анкети во Македонија со респективна точност, покажува дека продолжува падот на рејтингот на владеачките партии СДСМ и ДУИ.

Најавената опција дека, заради пад на рејтингот, СДСМ и ДУИ би можеле на наредните избори да настапат во предизборна коалиција според граѓаните на Македонија не е добитна комбинација за нив. Напротив, и да настапат заедно опозициската ВМРО ДПМНЕ има речиси 25% поголем рејтинг од владеачката коалиција.

Дали претседателските избори треба да се одржат заедно со парламентарните, бидејќи се блиску до редовните термини, или треба да се гласа одделно за собранието и претседател на државата како што планираат СДСМ и ДУИ? Анкетата со убедливо мнозинство вели – треба двете гласања да се одржат во ист ден:

Колку граѓаните се задоволни од сегашната власт? Клучно прашање за утврдување на јавниот став во однос на власта која располага со нивнит пари и интереси. Меѓународните извештаи ја потврдуваат перцепцијата на јавноста за голема корупција во власта, контрола над судството, етничките тензии и пад на безбедноста, како и сигурноста и стандардот на граѓаните и компаниите.

Резултатите од анкетата на ова прашање велат дека над половина, или 50,9% сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, а дополнителни 13,7 сметаат дека државата оди во донекаде погрешна насока што, заедно, значи дека скоро две третини, или 64,6% од граѓаните сметаат дека Македонија има погрешна политика на власта.

Во таква состојба, кого јавноста смета како решение за промена на владеачката политика и враќање на Македонија на пат кој е стабилен, демократски, пат кон правна држава и економска перспектива. Јавноста покажува убедливо најголема доверба во опозициската ВМРО ДПМНЕ со поддршка од 21,7%.

СДСМ и ДУИ, партии кои ја сочинуваат власта во Македонија, поддржани од неколку мали партии за да се обезбеди какво-такво мнозинство во парламанетот, по две години перманентен пад на рејтингот најавувја можност предизборна коалиција како, заедно, би се спротиставиле на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Но, јавноста смета дека и заедно се далеку од поддршката која ја има најголемата опозициска партија, па и во таква комбинација би биле убедливо поразени на следните парламентарни избори со голема разлика од 60-70.000 гласови во полза на ВМРО ДПМНЕ.

Интресена е и споредбата на две помали партии кои атакуваат на гласовите на СДСМ и на неопределените: Левица и Граѓанското движење на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевки колоквијално во медиумите спомнувано како движење За наша Македонија.

Имено, Максим Димитриевски е за нијанса со поголема поддршка во Јавноста од Димитар Апасиев и Левица, што е резултат на искуството кое јавноста го има од резултатите како градончалник на Куманово и теренската работа на ова Граѓанско движење низ Македонија, наспроти активноста на Левица доминантно на социјалните мрежи а без конкретни резултати на терен и низ општините каде имаат советници.

Максим Димитриевски веќе има рејтинг над 5% во анкетите а активностите на терен меѓу граѓаните допрва следат. Левица активна само на Фејсбук и Твитер очигледно не може да ја помине таа граница од 5%, а политиката им е се повеќе радикална. Зближувањето на Левица со ДУИ и СДСМ низ повеќе општини, пред се во Скопје, покажува пад на нивниот рејтинг.

Дали граѓаните бараат нови лица во политиката. Ставовите се поделени, но расне трендот на понуда на нови лица во политичкиот живот, согласно интересот на јавноста за нив.

Анкетата по нарачка на порталот Вечер.мк ја спроведе ИПИС Скопје, во март 2023 година, на 1114 испитаници пропорционално на старосниот, етнички и полов состав на населението во Македонија.

Графика: Вечер.мк

The post Анкета на ИПИС: ВМРО ДПМНЕ има 25% поголем рејтинг од СДСМ и ДУИ заедно appeared first on Република.

]]>

Македонија е доминантно подготвена за избори, со јасни ставови во однос на власта и опозицијата и незадоволна од сегашната власт без оглед на етничката припадност на анкетираните, и јавноста. По нарачка на порталот Вечер.мк анкетата ја спроведе ИПИС Скопје, стручна институција која ги спроведува повеќето анкети во Македонија со респективна точност, покажува дека продолжува падот на рејтингот на владеачките партии СДСМ и ДУИ. Најавената опција дека, заради пад на рејтингот, СДСМ и ДУИ би можеле на наредните избори да настапат во предизборна коалиција според граѓаните на Македонија не е добитна комбинација за нив. Напротив, и да настапат заедно опозициската ВМРО ДПМНЕ има речиси 25% поголем рејтинг од владеачката коалиција. Дали претседателските избори треба да се одржат заедно со парламентарните, бидејќи се блиску до редовните термини, или треба да се гласа одделно за собранието и претседател на државата како што планираат СДСМ и ДУИ? Анкетата со убедливо мнозинство вели – треба двете гласања да се одржат во ист ден: Колку граѓаните се задоволни од сегашната власт? Клучно прашање за утврдување на јавниот став во однос на власта која располага со нивнит пари и интереси. Меѓународните извештаи ја потврдуваат перцепцијата на јавноста за голема корупција во власта, контрола над судството, етничките тензии и пад на безбедноста, како и сигурноста и стандардот на граѓаните и компаниите. Резултатите од анкетата на ова прашање велат дека над половина, или 50,9% сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, а дополнителни 13,7 сметаат дека државата оди во донекаде погрешна насока што, заедно, значи дека скоро две третини, или 64,6% од граѓаните сметаат дека Македонија има погрешна политика на власта. Во таква состојба, кого јавноста смета како решение за промена на владеачката политика и враќање на Македонија на пат кој е стабилен, демократски, пат кон правна држава и економска перспектива. Јавноста покажува убедливо најголема доверба во опозициската ВМРО ДПМНЕ со поддршка од 21,7%. СДСМ и ДУИ, партии кои ја сочинуваат власта во Македонија, поддржани од неколку мали партии за да се обезбеди какво-такво мнозинство во парламанетот, по две години перманентен пад на рејтингот најавувја можност предизборна коалиција како, заедно, би се спротиставиле на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Но, јавноста смета дека и заедно се далеку од поддршката која ја има најголемата опозициска партија, па и во таква комбинација би биле убедливо поразени на следните парламентарни избори со голема разлика од 60-70.000 гласови во полза на ВМРО ДПМНЕ. Интресена е и споредбата на две помали партии кои атакуваат на гласовите на СДСМ и на неопределените: Левица и Граѓанското движење на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевки колоквијално во медиумите спомнувано како движење За наша Македонија. Имено, Максим Димитриевски е за нијанса со поголема поддршка во Јавноста од Димитар Апасиев и Левица, што е резултат на искуството кое јавноста го има од резултатите како градончалник на Куманово и теренската работа на ова Граѓанско движење низ Македонија, наспроти активноста на Левица доминантно на социјалните мрежи а без конкретни резултати на терен и низ општините каде имаат советници. Максим Димитриевски веќе има рејтинг над 5% во анкетите а активностите на терен меѓу граѓаните допрва следат. Левица активна само на Фејсбук и Твитер очигледно не може да ја помине таа граница од 5%, а политиката им е се повеќе радикална. Зближувањето на Левица со ДУИ и СДСМ низ повеќе општини, пред се во Скопје, покажува пад на нивниот рејтинг. Дали граѓаните бараат нови лица во политиката. Ставовите се поделени, но расне трендот на понуда на нови лица во политичкиот живот, согласно интересот на јавноста за нив. Анкетата по нарачка на порталот Вечер.мк ја спроведе ИПИС Скопје, во март 2023 година, на 1114 испитаници пропорционално на старосниот, етнички и полов состав на населението во Македонија. Графика: Вечер.мк

The post Анкета на ИПИС: ВМРО ДПМНЕ има 25% поголем рејтинг од СДСМ и ДУИ заедно appeared first on Република.

]]>
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ двојно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-mkd-mk-vmro-dpmne-vodi-pred-sdsm-dvojno/ Sun, 26 Feb 2023 08:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=613254

Околу половина или 54,2% од испитаниците сметаат дека изборите треба да се одржат во редовен рок во 2024 година. Речиси две третини или 61,3% од испитаниците би излегле да гласаат доколку утре се одржат избори. Според рејтингот на политичките партии и на нивните лидери останува водството на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски, покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Ова истражување покажа дека јавноста сѐ помалку верува дека политичките партии се способни да спроведат економски напредок и развој или пак да водат добра надворешна политика. На прашањето која политичка партија има капацитет да креира и реализира најдобра економска програма за Македонија, 12,9 отсто од испитаниците предност дадоа за ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ му веруваат 9,9 отсто, а на Левица 3,4 %.

Во однос на надворешната политика разликата е помала: 14,8% за ВМРО-ДПМНЕ и 13% за СДСМ.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е политичарот во кого гласачите имаат најголема доверба. После него се Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Димитар Апасиев и Никола Груевски.

Повеќе од половина од граѓаните немаат доверба во ниту еден лидер на политичките партии на македонската политичка сцена.

Најголем дел од јавноста смета дека следните парламентарни избори треба да се одржат во редовен рок во 2024 година. За предвремени избори се 33,5 % од испитаниците.

Оваа анкета покажа зголемување на интересот на гласачите за излегување на избори – 61,3 отсто од испитаниците одговориле дека би излегле на гласање на следните парламентарни избори. На претходното истражување на јавното мислење од ноември минатата година овој процент беше 56,6%.

И оваа анкета покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност во однос на другите политички партии. На прашањето за која партија ќе гласате на наредните избори, 21,8 отсто од испитаниците се за ВМРО-ДПМНЕ, 12,4 % за СДСМ, 8,2 % за ДУИ, за Левица би гласале 4,5 %, за Алијанса за Албанците 3,7 %, за Беса 2,3 отсто... Повеќе од 40 отсто одговориле со „не знам“, „не сакам да откријам“ или „ќе го поништам ливчето“.

Анкетирањето беше спроведено од 6 до 16 февруари со употреба на CATI метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.067 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

The post Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ двојно appeared first on Република.

]]>

Околу половина или 54,2% од испитаниците сметаат дека изборите треба да се одржат во редовен рок во 2024 година. Речиси две третини или 61,3% од испитаниците би излегле да гласаат доколку утре се одржат избори. Според рејтингот на политичките партии и на нивните лидери останува водството на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски, покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн. Ова истражување покажа дека јавноста сѐ помалку верува дека политичките партии се способни да спроведат економски напредок и развој или пак да водат добра надворешна политика. На прашањето која политичка партија има капацитет да креира и реализира најдобра економска програма за Македонија, 12,9 отсто од испитаниците предност дадоа за ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ му веруваат 9,9 отсто, а на Левица 3,4 %. Во однос на надворешната политика разликата е помала: 14,8% за ВМРО-ДПМНЕ и 13% за СДСМ. Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е политичарот во кого гласачите имаат најголема доверба. После него се Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Димитар Апасиев и Никола Груевски. Повеќе од половина од граѓаните немаат доверба во ниту еден лидер на политичките партии на македонската политичка сцена. Најголем дел од јавноста смета дека следните парламентарни избори треба да се одржат во редовен рок во 2024 година. За предвремени избори се 33,5 % од испитаниците. Оваа анкета покажа зголемување на интересот на гласачите за излегување на избори – 61,3 отсто од испитаниците одговориле дека би излегле на гласање на следните парламентарни избори. На претходното истражување на јавното мислење од ноември минатата година овој процент беше 56,6%. И оваа анкета покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност во однос на другите политички партии. На прашањето за која партија ќе гласате на наредните избори, 21,8 отсто од испитаниците се за ВМРО-ДПМНЕ, 12,4 % за СДСМ, 8,2 % за ДУИ, за Левица би гласале 4,5 %, за Алијанса за Албанците 3,7 %, за Беса 2,3 отсто... Повеќе од 40 отсто одговориле со „не знам“, „не сакам да откријам“ или „ќе го поништам ливчето“. Анкетирањето беше спроведено од 6 до 16 февруари со употреба на CATI метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.067 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

The post Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ двојно appeared first on Република.

]]>
АВМУ: Одлуката на МНР преку кампања во медиумите да го промовира претседавањето со ОБСЕ е спротивна на Законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-odlukata-na-mnr-preku-kampana-vo-mediumite-da-go-promovira-pretsedavaneto-so-obse-e-sprotivna-na-zakonot/ Thu, 05 Jan 2023 13:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=593887

Одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР) да потроши 100.000 евра за кампањи со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ е спротивна на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, порачуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и потенцираат дека тоа е во спротивност со член 102 од Законот во кој се посочува дека дека е забрането користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите.

За вакви и слични настани кои се од голема важност за државата, граѓаните не само што имаат право, туку и треба да бидат информирани, но на други начини, а не преку трошење на буџетски средства, велат од АВМУ.

Користењето средства на даночните обврзници за рекламирање на власта преку комерцијалните радиодифузери, нагласуваат, може да предизвика нарушување на независноста и на уредувачката самостојност и истовремено може да создаде клиентелистички однос на медиумите кон власта.

The post АВМУ: Одлуката на МНР преку кампања во медиумите да го промовира претседавањето со ОБСЕ е спротивна на Законот appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР) да потроши 100.000 евра за кампањи со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ е спротивна на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, порачуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и потенцираат дека тоа е во спротивност со член 102 од Законот во кој се посочува дека дека е забрането користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите.
За вакви и слични настани кои се од голема важност за државата, граѓаните не само што имаат право, туку и треба да бидат информирани, но на други начини, а не преку трошење на буџетски средства, велат од АВМУ.
Користењето средства на даночните обврзници за рекламирање на власта преку комерцијалните радиодифузери, нагласуваат, може да предизвика нарушување на независноста и на уредувачката самостојност и истовремено може да создаде клиентелистички однос на медиумите кон власта.

The post АВМУ: Одлуката на МНР преку кампања во медиумите да го промовира претседавањето со ОБСЕ е спротивна на Законот appeared first on Република.

]]>
ЗНМ: Медиумската промоција на МНР со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-mediumskata-promotsija-na-mnr-so-javni-pari-e-sprotivna-na-zabranata-za-vladini-kampani/ Thu, 05 Jan 2023 10:36:36 +0000 https://republika.mk/?p=593828

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на постапката на Министерството за надворешни работи, кое преку претходно спроведена јавна набавка, инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни медиуми за промоција на претседавањето со ОБСЕ.

Како што посочуваат од ЗНМ, според јавно достапните информации МНР ќе потроши околу 100.000 евра за промотивни активности поврзани со претседавањето со ОБСЕ, за што е склучен е договор со приватна маркетинг компанија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-100-000-evra-za-omilenata-agentsija-na-vladata-rejting-oti-vo-mnr-takov-kadar-nemalo/

Потсетуваме дека ваквата постапка од страна на МНР директно е во спротивност со претходна владина одлука од 22 август 2017 година со која практично се става мораториум на владините реклами во приватните медиуми. Оваа одлука, која ја надополнува активната законската забрана за владини кампањи, им укажува на сите органи на државната управа како и на единиците на локалната самоуправа да престанат да се рекламираат во комерцијални телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали и сл., наведуваат од ЗНМ.

Оттаму алармираат дека праксата за плаќање на владини кампањи во медиумите со пари на граѓаните, освен што е незаконска и во спротивност со претходни владини одлуки, истата може да ги поттикне и останатите јавни институции да ја применуваат, со што дополнително би се нарушил кревкиот медиумски пазар.

Оваа пракса на скап и селективен начин на откупување на медиумски простор преку владини кампањи не може да се смета како поддршка на медиумите, туку како обид за нивно корумпирање и истовремено за промоција на политичка пропаганда на штета на јавниот интерес, се вели во соопштението.

The post ЗНМ: Медиумската промоција на МНР со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на постапката на Министерството за надворешни работи, кое преку претходно спроведена јавна набавка, инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни медиуми за промоција на претседавањето со ОБСЕ. Како што посочуваат од ЗНМ, според јавно достапните информации МНР ќе потроши околу 100.000 евра за промотивни активности поврзани со претседавањето со ОБСЕ, за што е склучен е договор со приватна маркетинг компанија. https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-100-000-evra-za-omilenata-agentsija-na-vladata-rejting-oti-vo-mnr-takov-kadar-nemalo/
Потсетуваме дека ваквата постапка од страна на МНР директно е во спротивност со претходна владина одлука од 22 август 2017 година со која практично се става мораториум на владините реклами во приватните медиуми. Оваа одлука, која ја надополнува активната законската забрана за владини кампањи, им укажува на сите органи на државната управа како и на единиците на локалната самоуправа да престанат да се рекламираат во комерцијални телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали и сл., наведуваат од ЗНМ.
Оттаму алармираат дека праксата за плаќање на владини кампањи во медиумите со пари на граѓаните, освен што е незаконска и во спротивност со претходни владини одлуки, истата може да ги поттикне и останатите јавни институции да ја применуваат, со што дополнително би се нарушил кревкиот медиумски пазар.
Оваа пракса на скап и селективен начин на откупување на медиумски простор преку владини кампањи не може да се смета како поддршка на медиумите, туку како обид за нивно корумпирање и истовремено за промоција на политичка пропаганда на штета на јавниот интерес, се вели во соопштението.

The post ЗНМ: Медиумската промоција на МНР со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи appeared first on Република.

]]>
Нови 100.000 евра за омилената агенција на владата „Рејтинг“, оти во МНР таков кадар немало https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-100-000-evra-za-omilenata-agentsija-na-vladata-rejting-oti-vo-mnr-takov-kadar-nemalo/ Wed, 04 Jan 2023 17:40:01 +0000 https://republika.mk/?p=593680

Нови државни 100.000 евра за омилената владина агенција „Рејтинг“, овојпат од сметката на Министерството за надворешни работи, за рекламирање на претседавањето на Македонија со ОБСЕ.

Министерот за надворешни работи потврди дека агенцијата на Никола Спасов го добила тендерот, но се правда не била ангажирана за пи-ар, што е нејзината специјалност, туку за организација на целата завршна конференција.

Пред некој ден дојдоа од ОБСЕ од Виена за да проверат точно дали „Борис Трајковски“ ги исполнува стандардите. Очигледно ќе треба одредени доградувања за да се создадат нови простории, меѓутоа конечна одлука е дека ќе биде во „Борис Трајковски“. Сето тоа ќе треба да се организира, брендира според стандардите на ОБСЕ. Тоа е најизискувачка операција која оваа држава ја имала и има едно меѓуресорско работно време кое од минатата година работи и во кое се претставници од МВР, аеродромите на ТАВ затоа што во еден час треба да слетаат 70 министри за надворешни работи. Најголемата ставка ќе биде министерскиот состанок, со што трошоците тука ќе зависат од тоа како ќе се среди просторот и во однос на возилата. На пример, засега е многу тешко да најдеме 70 возила што ги исполнуваат стандардите. Бараме начини како да најдеме спонзори по однос на возилата за да немаме трошоци. Некои трошоци ќе зависат од тоа дали ќе најдеме спонзори или не, меѓутоа ќе бидеме транспарентни во текот на целата година во однос на трошоците, рече Османи кој спомена и опција да се позајмат возила од земјите од регионот.

Во однос на обвинувањата дека МНР за 100 илјади евра ангажирало пи-ар агенција да работи на промоција на претседавањето со ОБСЕ и троши народни пари и покрај тоа што и министерството и Владата имаат своја служба за односи со јавност, шефот на дипломатијата појасни дека со тие пари ќе се платат трошоци за организирање на Министерскиот совет, што не можат да го прават кадри на МНР.

Агенцијата е „Рејтинг“, набавката е шест милиони денари (околу 100 000 евра) и се одлучивме за тоа затоа што нема таков кадар во Министерството во однос на дизајнери, брендирање, стратегиски комуникации со надвор во однос на промовирање со државата. Претседавањето со ОБСЕ ќе биде многу поскапо од тие шест милиони денари, но сметаме дека придобивките ќе бидат многу, многу поголеми отколку трошоците што ќе ги имаме, а верувајте трошоци имаме секојдневно, имаме голема мисија во Виена со над 11 луѓе, можеби секој од нив троши по толку годишно во смисла на станови, плати. Меѓутоа, ова е инвестиција во која свесно сме влегле и ова е престиж и големо признание за државата. 56 земји да ве изберат со консензус и вие да претседавате во најтешката година за организацијата е голема привилегија и можност. Така што, да ќе има одредени трошоци, ќе се обидеме да бидат минимални, рече Османи.

Османи верува дека придобивките од претседавањето се поголеми од овие трошоци и рече дека во оваа голема инвестиција сме влегле свесно бидејќи е голема промоција за државата. Покрај најгомеиот трошок за организирање на завршната конференција, Османи наброја дека пари ќе се трошат и за организирање на други настани како голема конференција за антисемитизам што ќе се одржи во Скопје на 6 февруари со 200-300 учесници, платите и престојот на членовите на нашиот тим во мисијата во Виена и патувања.

The post Нови 100.000 евра за омилената агенција на владата „Рејтинг“, оти во МНР таков кадар немало appeared first on Република.

]]>

Нови државни 100.000 евра за омилената владина агенција „Рејтинг“, овојпат од сметката на Министерството за надворешни работи, за рекламирање на претседавањето на Македонија со ОБСЕ. Министерот за надворешни работи потврди дека агенцијата на Никола Спасов го добила тендерот, но се правда не била ангажирана за пи-ар, што е нејзината специјалност, туку за организација на целата завршна конференција.
Пред некој ден дојдоа од ОБСЕ од Виена за да проверат точно дали „Борис Трајковски“ ги исполнува стандардите. Очигледно ќе треба одредени доградувања за да се создадат нови простории, меѓутоа конечна одлука е дека ќе биде во „Борис Трајковски“. Сето тоа ќе треба да се организира, брендира според стандардите на ОБСЕ. Тоа е најизискувачка операција која оваа држава ја имала и има едно меѓуресорско работно време кое од минатата година работи и во кое се претставници од МВР, аеродромите на ТАВ затоа што во еден час треба да слетаат 70 министри за надворешни работи. Најголемата ставка ќе биде министерскиот состанок, со што трошоците тука ќе зависат од тоа како ќе се среди просторот и во однос на возилата. На пример, засега е многу тешко да најдеме 70 возила што ги исполнуваат стандардите. Бараме начини како да најдеме спонзори по однос на возилата за да немаме трошоци. Некои трошоци ќе зависат од тоа дали ќе најдеме спонзори или не, меѓутоа ќе бидеме транспарентни во текот на целата година во однос на трошоците, рече Османи кој спомена и опција да се позајмат возила од земјите од регионот.
Во однос на обвинувањата дека МНР за 100 илјади евра ангажирало пи-ар агенција да работи на промоција на претседавањето со ОБСЕ и троши народни пари и покрај тоа што и министерството и Владата имаат своја служба за односи со јавност, шефот на дипломатијата појасни дека со тие пари ќе се платат трошоци за организирање на Министерскиот совет, што не можат да го прават кадри на МНР.
Агенцијата е „Рејтинг“, набавката е шест милиони денари (околу 100 000 евра) и се одлучивме за тоа затоа што нема таков кадар во Министерството во однос на дизајнери, брендирање, стратегиски комуникации со надвор во однос на промовирање со државата. Претседавањето со ОБСЕ ќе биде многу поскапо од тие шест милиони денари, но сметаме дека придобивките ќе бидат многу, многу поголеми отколку трошоците што ќе ги имаме, а верувајте трошоци имаме секојдневно, имаме голема мисија во Виена со над 11 луѓе, можеби секој од нив троши по толку годишно во смисла на станови, плати. Меѓутоа, ова е инвестиција во која свесно сме влегле и ова е престиж и големо признание за државата. 56 земји да ве изберат со консензус и вие да претседавате во најтешката година за организацијата е голема привилегија и можност. Така што, да ќе има одредени трошоци, ќе се обидеме да бидат минимални, рече Османи.
Османи верува дека придобивките од претседавањето се поголеми од овие трошоци и рече дека во оваа голема инвестиција сме влегле свесно бидејќи е голема промоција за државата. Покрај најгомеиот трошок за организирање на завршната конференција, Османи наброја дека пари ќе се трошат и за организирање на други настани како голема конференција за антисемитизам што ќе се одржи во Скопје на 6 февруари со 200-300 учесници, платите и престојот на членовите на нашиот тим во мисијата во Виена и патувања.

The post Нови 100.000 евра за омилената агенција на владата „Рејтинг“, оти во МНР таков кадар немало appeared first on Република.

]]>
Само 40 отсто Американци ја одобруваат работата на Бајден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/samo-40-otsto-amerikanci-ja-odobruvaat-rabotata-na-bajden/ Wed, 19 Oct 2022 08:02:00 +0000 https://republika.mk/?p=562822

Три недели пред изборите на половина мандат во САД, рејтингот на претседателот Џо Бајден останува близу најниското ниво од почетокот на неговиот мандат, според анкетата на Ројтерс/Ипсос.

Дводневната национална анкета на 1.002 возрасни, вклучувајќи 446 демократи и 353 републиканци, покажа дека 40 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден.

Во последниве недели, Бајден се обиде да ги собере гласачите околу ветувањата на неговата партија за заштита на правата за абортус. Но, анкетите покажуваат дека гласачите се многу позагрижени за економијата, која под Бајден забележа највисоки стапки на инфлација од седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, период во кој нестабилната економија му помогна на републиканецот Роналд Реган да го собори демократскиот претседател Џими Картер на претседателските избори во 1980 година.

Секој трет испитаник на овонеделната анкета на Ројтерс/Ипсос ја посочил економијата како најголем проблем на САД. Само еден од десет укажал на ограничување на правото на абортус.

Рејтингот на Бајден падна на 36 отсто во мај и јуни.

 

The post Само 40 отсто Американци ја одобруваат работата на Бајден appeared first on Република.

]]>

Три недели пред изборите на половина мандат во САД, рејтингот на претседателот Џо Бајден останува близу најниското ниво од почетокот на неговиот мандат, според анкетата на Ројтерс/Ипсос. Дводневната национална анкета на 1.002 возрасни, вклучувајќи 446 демократи и 353 републиканци, покажа дека 40 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден. Во последниве недели, Бајден се обиде да ги собере гласачите околу ветувањата на неговата партија за заштита на правата за абортус. Но, анкетите покажуваат дека гласачите се многу позагрижени за економијата, која под Бајден забележа највисоки стапки на инфлација од седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, период во кој нестабилната економија му помогна на републиканецот Роналд Реган да го собори демократскиот претседател Џими Картер на претседателските избори во 1980 година. Секој трет испитаник на овонеделната анкета на Ројтерс/Ипсос ја посочил економијата како најголем проблем на САД. Само еден од десет укажал на ограничување на правото на абортус. Рејтингот на Бајден падна на 36 отсто во мај и јуни.  

The post Само 40 отсто Американци ја одобруваат работата на Бајден appeared first on Република.

]]>
За да не се протне „македонски“ на саемот во Белград, партиската агенција на СДСМ „Рејтинг“ добива по 100.000 евра на ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-da-ne-se-protne-makedonski-na-saemot-vo-belgrad-partiskata-agencija-na-sdsm-rejting-dobiva-po-100-000-evra-na-den/ Thu, 01 Sep 2022 10:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=546396

Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг, за да ја нема Македонија во рекламите, рече на прес-конференција Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не само што владата во ек на криза фрла 400 илјади евра за саемска промоција за 4 дена, односно по 100 илјади евра за еден ден, туку и со тие пари плаќа забранување на името Македонија во рекламите и промоцијата. Владата на антимакедонската СДС плаќа за да ја нема Македонија, а производите да не смеат да се ословуваат како македонски. Владата на Ковачевски со народни пари директно удира врз идентитетот и врз економската промоција на државата која треба да ползува од брендот македонски, кој е граден со децении, а за кој тврдеа дека е заштитен, за сега да сведочиме за спротивното. Имено од владата бараат сите производи кои ќе се презентираат да немаат национално лого, и дополнително се бара од компаниите производите кои ќе ги презентираат да одат на проверка во владата, за да можат да се осигураат дека нема да се спомнува Македонија и македонско. Ова почитувани, значи дека македонските вина, сирења, ајвар, кондиторски производи итн., нема да се презентираат како македонски. И сето ова бришење на Македонија и македонски го прави Ковачевски и неговата партиска анкетна агенција Рејтинг, која за еден ден саемска промоција и забрана на Македонија и македонски добива 100.000 евра на ден, истакна Томовски.

Ковачевски да одговори, дали владините служби за многу помалку пари не можеле да изготват целосна презентација и организација, или всушност се плаќа Рејтинг, за преку нив да оди бришењето на Македонија, а не директно преку владата? Или пак со ова де факто се плаќаат идните партиски услуги за СДС? Праша Томовски.

The post За да не се протне „македонски“ на саемот во Белград, партиската агенција на СДСМ „Рејтинг“ добива по 100.000 евра на ден appeared first on Република.

]]>

Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг, за да ја нема Македонија во рекламите, рече на прес-конференција Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Не само што владата во ек на криза фрла 400 илјади евра за саемска промоција за 4 дена, односно по 100 илјади евра за еден ден, туку и со тие пари плаќа забранување на името Македонија во рекламите и промоцијата. Владата на антимакедонската СДС плаќа за да ја нема Македонија, а производите да не смеат да се ословуваат како македонски. Владата на Ковачевски со народни пари директно удира врз идентитетот и врз економската промоција на државата која треба да ползува од брендот македонски, кој е граден со децении, а за кој тврдеа дека е заштитен, за сега да сведочиме за спротивното. Имено од владата бараат сите производи кои ќе се презентираат да немаат национално лого, и дополнително се бара од компаниите производите кои ќе ги презентираат да одат на проверка во владата, за да можат да се осигураат дека нема да се спомнува Македонија и македонско. Ова почитувани, значи дека македонските вина, сирења, ајвар, кондиторски производи итн., нема да се презентираат како македонски. И сето ова бришење на Македонија и македонски го прави Ковачевски и неговата партиска анкетна агенција Рејтинг, која за еден ден саемска промоција и забрана на Македонија и македонски добива 100.000 евра на ден, истакна Томовски.
Ковачевски да одговори, дали владините служби за многу помалку пари не можеле да изготват целосна презентација и организација, или всушност се плаќа Рејтинг, за преку нив да оди бришењето на Македонија, а не директно преку владата? Или пак со ова де факто се плаќаат идните партиски услуги за СДС? Праша Томовски.

The post За да не се протне „македонски“ на саемот во Белград, партиската агенција на СДСМ „Рејтинг“ добива по 100.000 евра на ден appeared first on Република.

]]>
Убедливо расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат четири анкети спроведени од релевантни истражувачки агенции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ubedlivo-raste-rejtingot-na-vmro-dpmne-pokazuvaat-chetiri-anketi-sprovedeni-od-relevantni-istrazuvachki-agencii/ Sat, 18 Jun 2022 14:41:21 +0000 https://republika.mk/?p=516713

Убедливо расте рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат изминатите четири анкети спроведени од релевантни истражувачки агенции.

Првата анкета на Американскиот институт ИРИ објавена на почетокот на месец март прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори. Анкетирани се 1226 испитаници преку интервјуа лице во лице, во период од 27 ноември до 23 декември минатата година, а според резултатите ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 20 проценти од граѓаните, додека владејачката има 17 проценти поддршка.

Од албанскиот блок ДУИ има доверба од 7 проценти, Алијанса на Албанците и БЕСА на Билал Касами по 4 проценти.

Убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ покажува и анкетата на Агенцијата ИПСОС објавена на петти април, а направена за потребите на партијата, на примерот од 1007 испитаници спроведена теренски од 2 до 6 март.

Според податоците од истражувањето, доколку утре се одржат парламентарни избори дури 18,2 проценти од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека 9,5 проценти за СДСМ.

Во однос на прашањето на кого од политичарите најмногу му верувате граѓаните најголема доверба има токму опозицискиот лидер Христијан Мицкоски со 9 проценти, а веднаш по него е шефот на државата Стево Пендаровски со 6 отсто, додека премиерот на владата на СДСМ Димитар Ковачевски има доверба само од 4 проценти.

Според анкетата претседателот на Левица, Димитар Апасиев, има само еден процент помалку од Ковачевски 3 отсто доверба, исто колку што има и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, додека пак лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, според оваа анкета се последни со 2 отсто доверба.

И анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје ја потврдува убедливата поддршка и доверба на граѓаните за претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Имено, според анкетата објавена на почетокот на месец мај годинава, а спроведена на 1111 полнолетни граѓани во телефонско истражување во период од 4 до 6 мај, стои дека 21,2 проценти од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори. Веднаш по неа е СДСМ со 16,2 проценти, за ниту една партија нема да гласаат 17,3 отсто од испитаниците, а „не знам“ одговориле 12,8 проценти.

Последна анкета објавена на почетокот на јуни направена од Агенцијата М Проспект за потребите на Меѓународниот центар за меѓународна соработка спроведена телефонски на 1005 испитаници во период од 3 до 13 мај јасно ја потврдува релевантноста на изминатите три анкети од ИРИ, ИПИС и ИПСОС.

Имено на анкетата на МЦМС дури 20,7 проценти од испитаниците одговориле дека ќе дадат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат избори, а СДСМ само 14,6 проценти. ДУИ има поддршка од 7,8%, Алијанса 2,9% а БЕСА 2,3%. Поддршката на Левица е 5,2%.

Најголем дел од испитаниците или 28,9 проценти од граѓаните владата ја оцениле со 2. Средната оценка која граѓаните и ја дале на владата е 2,44. Тројка добила од 26% а единица од 25,6%.

Дури 65,1 процент од испитаниците одговориле дека Владата не ги исполнила очекувањата во првите 100 дена, а само 33 проценти велат дека ги исполнила очекувањата. Но, оваа анкета покажува дека голем процент од 63,7 проценти немаат доверба во владата, додека само 34,2 имаат доверба. Повеќе од половина граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока, додека 16,8% велат дека насоката е правилна.

36,3 проценти од испитаниците сметаат дека предвремените парламентарни избори се најдобриот пат за Македонија, 30,4 проценти се на став дека е потребна целосна мобилизација за надминување на проблемите, додека само 23,3 проценти се на став дека сегашната влада има капацитет да продолжи успешно да се справи со кризата.

Воедно, овие резултатите од четири анкети од реномирани истражувачки агенции го покажуваат огромното незадоволство и револт на граѓаните кон владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, но исто така потврдуваат дека предводник на промените е токму ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски, кој покажува решителност во целта за обезбедување на подобра иднина и поквалитетен живот за сите граѓани.

Имено, за денеска опозицијата има најавено голем протест насловен Протест за промени – Премногу е! На кој како што соопштија од партијата предвидено е да има отворено студио на кое збор ќе земат високи партиски функционери, а Централниот настан почнува во 20:00 часот на кој свое обраќање ќе има и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Како што веќе се најавува на протестот се очекува да има над 80.000 граѓани кои се незадоволни од власта и бараат промени и излегување од кризите и сиромаштијата со која се соочуваат изминатите пет години како резултат на неспособноста на владата на СДСМ.

The post Убедливо расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат четири анкети спроведени од релевантни истражувачки агенции appeared first on Република.

]]>

Убедливо расте рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат изминатите четири анкети спроведени од релевантни истражувачки агенции. Првата анкета на Американскиот институт ИРИ објавена на почетокот на месец март прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори. Анкетирани се 1226 испитаници преку интервјуа лице во лице, во период од 27 ноември до 23 декември минатата година, а според резултатите ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 20 проценти од граѓаните, додека владејачката има 17 проценти поддршка. Од албанскиот блок ДУИ има доверба од 7 проценти, Алијанса на Албанците и БЕСА на Билал Касами по 4 проценти. Убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ покажува и анкетата на Агенцијата ИПСОС објавена на петти април, а направена за потребите на партијата, на примерот од 1007 испитаници спроведена теренски од 2 до 6 март. Според податоците од истражувањето, доколку утре се одржат парламентарни избори дури 18,2 проценти од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека 9,5 проценти за СДСМ. Во однос на прашањето на кого од политичарите најмногу му верувате граѓаните најголема доверба има токму опозицискиот лидер Христијан Мицкоски со 9 проценти, а веднаш по него е шефот на државата Стево Пендаровски со 6 отсто, додека премиерот на владата на СДСМ Димитар Ковачевски има доверба само од 4 проценти. Според анкетата претседателот на Левица, Димитар Апасиев, има само еден процент помалку од Ковачевски 3 отсто доверба, исто колку што има и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, додека пак лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, според оваа анкета се последни со 2 отсто доверба. И анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје ја потврдува убедливата поддршка и доверба на граѓаните за претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Имено, според анкетата објавена на почетокот на месец мај годинава, а спроведена на 1111 полнолетни граѓани во телефонско истражување во период од 4 до 6 мај, стои дека 21,2 проценти од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори. Веднаш по неа е СДСМ со 16,2 проценти, за ниту една партија нема да гласаат 17,3 отсто од испитаниците, а „не знам“ одговориле 12,8 проценти. Последна анкета објавена на почетокот на јуни направена од Агенцијата М Проспект за потребите на Меѓународниот центар за меѓународна соработка спроведена телефонски на 1005 испитаници во период од 3 до 13 мај јасно ја потврдува релевантноста на изминатите три анкети од ИРИ, ИПИС и ИПСОС. Имено на анкетата на МЦМС дури 20,7 проценти од испитаниците одговориле дека ќе дадат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат избори, а СДСМ само 14,6 проценти. ДУИ има поддршка од 7,8%, Алијанса 2,9% а БЕСА 2,3%. Поддршката на Левица е 5,2%. Најголем дел од испитаниците или 28,9 проценти од граѓаните владата ја оцениле со 2. Средната оценка која граѓаните и ја дале на владата е 2,44. Тројка добила од 26% а единица од 25,6%. Дури 65,1 процент од испитаниците одговориле дека Владата не ги исполнила очекувањата во првите 100 дена, а само 33 проценти велат дека ги исполнила очекувањата. Но, оваа анкета покажува дека голем процент од 63,7 проценти немаат доверба во владата, додека само 34,2 имаат доверба. Повеќе од половина граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока, додека 16,8% велат дека насоката е правилна. 36,3 проценти од испитаниците сметаат дека предвремените парламентарни избори се најдобриот пат за Македонија, 30,4 проценти се на став дека е потребна целосна мобилизација за надминување на проблемите, додека само 23,3 проценти се на став дека сегашната влада има капацитет да продолжи успешно да се справи со кризата. Воедно, овие резултатите од четири анкети од реномирани истражувачки агенции го покажуваат огромното незадоволство и револт на граѓаните кон владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, но исто така потврдуваат дека предводник на промените е токму ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски, кој покажува решителност во целта за обезбедување на подобра иднина и поквалитетен живот за сите граѓани. Имено, за денеска опозицијата има најавено голем протест насловен Протест за промени – Премногу е! На кој како што соопштија од партијата предвидено е да има отворено студио на кое збор ќе земат високи партиски функционери, а Централниот настан почнува во 20:00 часот на кој свое обраќање ќе има и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Како што веќе се најавува на протестот се очекува да има над 80.000 граѓани кои се незадоволни од власта и бараат промени и излегување од кризите и сиромаштијата со која се соочуваат изминатите пет години како резултат на неспособноста на владата на СДСМ.

The post Убедливо расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат четири анкети спроведени од релевантни истражувачки агенции appeared first on Република.

]]>
МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-standard-i-purs-go-potvrdi-kreditniot-rejting-na-zemjava/ Sat, 19 Feb 2022 12:34:35 +0000 https://republika.mk/?p=460787

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ-со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што се наведува во извештајот на кредитната Агенција, ги рефлектира очекувањата дека силните изгледи за економски раст на нашата држава ќе ги поддржат напорите на Владата за буџетска консолидација и ќе овозможат стабилизирање на државниот долг на среден рок.

Од Агенцијата соопштија дека кредитниот рејтинг ББ-со стабилен изглед нашата држава го има од 2013 година во континуитет и е значајно дека и во текот на 2020 и 2021 година, кога земјата се соочуваше со влијанието од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата од Ковид 19, не е променет.

Агенцијата исто така нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики.

Целта за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да придонесе за зајакнување на институционалната рамка, а новите влади на Македонија и Бугарија внесоа позитивна динамика во преговорите за пристапување кон ЕУ, се истакнува во извештајот на Агенцијата.

Според „Стандард и Пурс“ економијата на Македонија го достигна своето предпандемиско ниво. Двигатели на растот ќе останат силната приватна потрошувачка поддржана од приспособливата монетарна политика, растот на платите и приливот од дијаспората, како и инвестициите.

Со планот за забрзан економски раст, зголемувањето на инвестициите е еден од клучните приоритети на Владата, а ќе се опфатат различни сектори, вклучително образование, транспорт, енергија, патна и здравствена инфраструктура. Значајни проекти се Коридорот VIII и Интерконекторниот гасовод Македонија-Грција, се вели во извештајот.

Како што е наведено, и покрај контракцијата предизвикана од пандемијата извозот силно закрепна благодарение на големата надворешна побарувачка, особено од клучните трговски партнери во ЕУ.

Од Агенцијата посочуваат дека постепеното економско закрепнување и мерките на Владата помогнаа стапката на невработеност да се намали на 15,7 отсто во третиот квартал 2021 година од 16,5 проценти во истиот период претходната година.

Во однос на долгот, „Стандард и Пурс“ очекува истиот да се стабилизира на 56-57 проценти од БДП на среден рок. Буџетскиот дефицит се проценува дека изнесува 5,5 отсто од БДП во 2021 година, што е понизок од проектираниот од 6,5 отсто во Буџетот за 2021 година. Ова, како што соопштија од Агенцијата, се должи на повисокиот номинален раст на БДП, како и солидните перформанси на приходите.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки, се наведува во соопштението на Агенцијата.

The post МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ-со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што се наведува во извештајот на кредитната Агенција, ги рефлектира очекувањата дека силните изгледи за економски раст на нашата држава ќе ги поддржат напорите на Владата за буџетска консолидација и ќе овозможат стабилизирање на државниот долг на среден рок. Од Агенцијата соопштија дека кредитниот рејтинг ББ-со стабилен изглед нашата држава го има од 2013 година во континуитет и е значајно дека и во текот на 2020 и 2021 година, кога земјата се соочуваше со влијанието од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата од Ковид 19, не е променет. Агенцијата исто така нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики. Целта за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да придонесе за зајакнување на институционалната рамка, а новите влади на Македонија и Бугарија внесоа позитивна динамика во преговорите за пристапување кон ЕУ, се истакнува во извештајот на Агенцијата. Според „Стандард и Пурс“ економијата на Македонија го достигна своето предпандемиско ниво. Двигатели на растот ќе останат силната приватна потрошувачка поддржана од приспособливата монетарна политика, растот на платите и приливот од дијаспората, како и инвестициите. Со планот за забрзан економски раст, зголемувањето на инвестициите е еден од клучните приоритети на Владата, а ќе се опфатат различни сектори, вклучително образование, транспорт, енергија, патна и здравствена инфраструктура. Значајни проекти се Коридорот VIII и Интерконекторниот гасовод Македонија-Грција, се вели во извештајот. Како што е наведено, и покрај контракцијата предизвикана од пандемијата извозот силно закрепна благодарение на големата надворешна побарувачка, особено од клучните трговски партнери во ЕУ. Од Агенцијата посочуваат дека постепеното економско закрепнување и мерките на Владата помогнаа стапката на невработеност да се намали на 15,7 отсто во третиот квартал 2021 година од 16,5 проценти во истиот период претходната година. Во однос на долгот, „Стандард и Пурс“ очекува истиот да се стабилизира на 56-57 проценти од БДП на среден рок. Буџетскиот дефицит се проценува дека изнесува 5,5 отсто од БДП во 2021 година, што е понизок од проектираниот од 6,5 отсто во Буџетот за 2021 година. Ова, како што соопштија од Агенцијата, се должи на повисокиот номинален раст на БДП, како и солидните перформанси на приходите. Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки, се наведува во соопштението на Агенцијата.

The post МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава appeared first on Република.

]]>