Рејчел Галовеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rejchel-galovej/ За подобро да се разбереме Fri, 27 May 2022 09:56:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рејчел Галовеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rejchel-galovej/ 32 32 Билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, рече амбасадорката Галовеј на Денот на кралицата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bilateralni-odnosi-megju-obedinetoto-kralstvo-i-makedonija-gi-odrazuvaat-nashite-zaednichki-vrednosti-i-celi-reche-ambasadorkata-galovej-na-denot-na-kralicata/ Fri, 27 May 2022 09:56:53 +0000 https://republika.mk/?p=507536

Британската амбасада Скопје беше домаќин на прославата која се одржа во градината на Кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на која се одбележуваше Платиниумскиот јубилеј – 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора.

Кралицата Елизабета владее подолго од кој било друг монарх во британската историја и е најистакнатиот дипломат во Обединетото Кралство, кој ги зацврстува старите односи и гради нови врски.

Оваа година се одбележуваат 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Кралицата владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, и стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј во својот говор ги поздрави претседателот, премиерот и заменик-претседателот на Собранието, како и гостите и пријателите на Обединетото Кралство и Македонија.

Долгогодишните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија продолжија да ги зајакнуваат и ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, како и соработката меѓу нашите институции, нашите парламенти, нашата војска и нашиот народ.

Посведочив и на зајакнувањето на нашите трговски односи со новиот Договор за партнерство за трговија и соработка. Обединетото Кралство останува еден од главните странски директни инвеститори во земјата благодарение на инвестициите на британските компании како Џонсон Мети. Македонија во моментов е домаќин на најголемата фабрика на Џонсон Мети во Европа, најуспешната директна странска инвестиција во земјата, кажа амбасадорката Галовеј која за еден месец ќе ја напушти земјава.

The post Билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, рече амбасадорката Галовеј на Денот на кралицата appeared first on Република.

]]>

Британската амбасада Скопје беше домаќин на прославата која се одржа во градината на Кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на која се одбележуваше Платиниумскиот јубилеј – 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Кралицата Елизабета владее подолго од кој било друг монарх во британската историја и е најистакнатиот дипломат во Обединетото Кралство, кој ги зацврстува старите односи и гради нови врски. Оваа година се одбележуваат 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Кралицата владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, и стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет. Британската амбасадорка Рејчел Галовеј во својот говор ги поздрави претседателот, премиерот и заменик-претседателот на Собранието, како и гостите и пријателите на Обединетото Кралство и Македонија.
Долгогодишните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија продолжија да ги зајакнуваат и ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, како и соработката меѓу нашите институции, нашите парламенти, нашата војска и нашиот народ. Посведочив и на зајакнувањето на нашите трговски односи со новиот Договор за партнерство за трговија и соработка. Обединетото Кралство останува еден од главните странски директни инвеститори во земјата благодарение на инвестициите на британските компании како Џонсон Мети. Македонија во моментов е домаќин на најголемата фабрика на Џонсон Мети во Европа, најуспешната директна странска инвестиција во земјата, кажа амбасадорката Галовеј која за еден месец ќе ја напушти земјава.
 
The post Билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, рече амбасадорката Галовеј на Денот на кралицата appeared first on Република.

]]>
Амбасадорката Галовеј ја цитираше „Елегии за тебе“ од Кочо Рацин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorkata-galovej-ja-citirashe-elegii-za-tebe-od-kocho-racin/ Thu, 05 May 2022 13:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=498105

Амбасадорката на Велика Британија во Македонија, Рејчел Галовеј денеска по повод Денот на македонскиот јазик ја цитираше „Елегии за тебе“ од Кочо Рацин.

Денес го одбележуваме Денот на македонскиот јазик. Во чест на одбележувањето се потсетуваме на мојата посета во Велес каде што ја цитирав „Елегии за тебе” од Кочо Рацин, напиша таа на својот Твитер профил.

The post Амбасадорката Галовеј ја цитираше „Елегии за тебе“ од Кочо Рацин appeared first on Република.

Притвор за маж кој се јавил во британската амбасада и предупредил дека ќе биде пукано во Галовеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-maz-koj-se-javil-vo-britanskata-ambasada-i-predupredil-deka-kje-bide-pukano-vo-galovej/ Tue, 26 Apr 2022 11:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=493763

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, Општина Дебрца, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, осомничениот на 14 април се јавил на официјалниот телефонски број на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, каде се вклучил автоматскиот оператор на централата. На говорниот апарат осомничениот оставил порака со заканувачка содржина:

„Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“.

По ова, повикот го прекинал, но пораката била сочувана во системот.

Со ова, осомничениот ја загрозил сигурноста на британската амбасадорка во Скопје. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, пред се ако се има предвид видот и карактерот на стореното кривично дело и последиците од него, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО.

The post Притвор за маж кој се јавил во британската амбасада и предупредил дека ќе биде пукано во Галовеј appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, Општина Дебрца, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, осомничениот на 14 април се јавил на официјалниот телефонски број на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, каде се вклучил автоматскиот оператор на централата. На говорниот апарат осомничениот оставил порака со заканувачка содржина:
„Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“.
По ова, повикот го прекинал, но пораката била сочувана во системот.
Со ова, осомничениот ја загрозил сигурноста на британската амбасадорка во Скопје. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, пред се ако се има предвид видот и карактерот на стореното кривично дело и последиците од него, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО.

The post Притвор за маж кој се јавил во британската амбасада и предупредил дека ќе биде пукано во Галовеј appeared first on Република.

]]>
Петровска и Галовеј го поздравија единството на сојузниците во НАТО околу Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-i-galovej-go-pozdravija-edinstvoto-na-sojuznicite-vo-nato-okolu-ukraina/ Thu, 27 Jan 2022 12:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=450245

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на средба со амбасадорката на Велика Британија во земјава, Рејчел Галовеј, изјави дека Македонија и Обединетото Кралство имаат исклучително интензивна соработка во одбраната и дека намерата на двете земји е таа соработка да продолжи да се развива.

Заедно постигнавме многу, но ќе продолжиме да бидеме амбициозни и да наоѓаме начини за уште поголем број на заеднички активности, вежби, обуки, школувања и убедена сум дека тоа ќе го постигнеме зашто постои искрена волја за соработка и поддршка од двете страни - изјави Петровска.

Амбасадорката Галовеј порача дека Обединетото Кралство силно ја поддржувало Македонија на патот кон НАТО, а по зачленувањето во Алијансата, соработката меѓу двете земји во повеќе области, а особено во областа на одбраната, се продлабочила.

Таа соработка во иднина нема да загуби од своето темпо - порача Галовеј.

Петровска и Галовеј разговараа и за ситуацијата во и околу Украина, при што го поздравија единството на сојузниците во НАТО во овој контекст, како и напорите за изнаоѓање на дипломатско решение на комплексната ситуација.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Македонија и Обединетото Кралство соработуваат во областа на обуките и во таа насока е воспоставената Координативна ќелија составена од британски офицери со кои соработуваме во развојот на полигонот Криволак како корисен национален и НАТО капацитет. Британски војници ќе бидат дел и од вежбата „Одлучен Одговор 22“, која е и најголемата воена вежба која годинава ќе се одржи на армискиот полигон Криволак.

Обединетото Кралство ја помага и поддржува и трансформацијата на Армијата согласно стандардите на Алијансата и тоа преку британскиот советник, бригадниот генерал Џон Баурон стациониран во Министерството за одбрана - се додава во соопштението.

The post Петровска и Галовеј го поздравија единството на сојузниците во НАТО околу Украина appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на средба со амбасадорката на Велика Британија во земјава, Рејчел Галовеј, изјави дека Македонија и Обединетото Кралство имаат исклучително интензивна соработка во одбраната и дека намерата на двете земји е таа соработка да продолжи да се развива.
Заедно постигнавме многу, но ќе продолжиме да бидеме амбициозни и да наоѓаме начини за уште поголем број на заеднички активности, вежби, обуки, школувања и убедена сум дека тоа ќе го постигнеме зашто постои искрена волја за соработка и поддршка од двете страни - изјави Петровска.
Амбасадорката Галовеј порача дека Обединетото Кралство силно ја поддржувало Македонија на патот кон НАТО, а по зачленувањето во Алијансата, соработката меѓу двете земји во повеќе области, а особено во областа на одбраната, се продлабочила.
Таа соработка во иднина нема да загуби од своето темпо - порача Галовеј.
Петровска и Галовеј разговараа и за ситуацијата во и околу Украина, при што го поздравија единството на сојузниците во НАТО во овој контекст, како и напорите за изнаоѓање на дипломатско решение на комплексната ситуација. Како што соопшти Министерството за одбрана, Македонија и Обединетото Кралство соработуваат во областа на обуките и во таа насока е воспоставената Координативна ќелија составена од британски офицери со кои соработуваме во развојот на полигонот Криволак како корисен национален и НАТО капацитет. Британски војници ќе бидат дел и од вежбата „Одлучен Одговор 22“, која е и најголемата воена вежба која годинава ќе се одржи на армискиот полигон Криволак.
Обединетото Кралство ја помага и поддржува и трансформацијата на Армијата согласно стандардите на Алијансата и тоа преку британскиот советник, бригадниот генерал Џон Баурон стациониран во Министерството за одбрана - се додава во соопштението.

The post Петровска и Галовеј го поздравија единството на сојузниците во НАТО околу Украина appeared first on Република.

]]>
Грковска – Галовеј: Велика Британија останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-galovej-velika-britanija-ostanuva-silen-poddrzuvach-na-kluchnite-reformski-procesi-vo-makedonija/ Wed, 26 Jan 2022 14:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=449829

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј, која потврдила дека Велика Британија останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Македонија и нагласила дека двете страни ќе продолжат да работат заедно во правец на просперитет на земјата, со акцент на засилена соработка на полето на дигитализацијата, владеење на правото и професионализација на институциите.

Вицепремиерката Грковска, ја изразила својата цврста решеност и посветеност на досега зацртаните стратешки цели за добро владеење во државата, со фокус на владеењето на правото, дигитализацијата и решителна борба со корупцијата.

Како Влада имаме динамичен старт, дефиниравме остварливи приоритети и долгорочни решенија кои се однесуваат на стратешките интереси на државата. Нашиот фокус е на борбата со корупцијата во која ќе се вклучат сите институции на државата, додека Владата на Република Македонија ќе ја обезбеди легалната основа за спроведување на овој процес. Еден од клучните приоритети ни е и дигитализацијата која е всушност база за спроведување на политиките на добро владеење - изјавила Грковска.

Таа подвлекла дека во овој процес клучно ќе биде и интензивирањето на соработката со невладиниот сектор.

Вицепремиерката го подвлекла значењето на донесување на Законот за конфискација на сопственоста кој е во драфт верзија и ја истакна важноста од неговата посветена имплементација како и подобрениот системски пристап во процесот јавни набавки.

На средбата, амбасадорката Галовеј ја нагласила подготвеноста на Велика Британија да ги споделува своите искуства во таргетираните области и да ги поддржува клучните реформски процеси.

Вицепремиерката Грковска и aмбасадорката Галовеј се согласиле дека ќе продолжат со плодната соработка во насока на остварување на стратешката цел на Владата за добро владеење со цел државата да има професионални институции кои работат во полза на граѓаните.

The post Грковска – Галовеј: Велика Британија останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Македонија appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј, која потврдила дека Велика Британија останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Македонија и нагласила дека двете страни ќе продолжат да работат заедно во правец на просперитет на земјата, со акцент на засилена соработка на полето на дигитализацијата, владеење на правото и професионализација на институциите. Вицепремиерката Грковска, ја изразила својата цврста решеност и посветеност на досега зацртаните стратешки цели за добро владеење во државата, со фокус на владеењето на правото, дигитализацијата и решителна борба со корупцијата.
Како Влада имаме динамичен старт, дефиниравме остварливи приоритети и долгорочни решенија кои се однесуваат на стратешките интереси на државата. Нашиот фокус е на борбата со корупцијата во која ќе се вклучат сите институции на државата, додека Владата на Република Македонија ќе ја обезбеди легалната основа за спроведување на овој процес. Еден од клучните приоритети ни е и дигитализацијата која е всушност база за спроведување на политиките на добро владеење - изјавила Грковска.
Таа подвлекла дека во овој процес клучно ќе биде и интензивирањето на соработката со невладиниот сектор. Вицепремиерката го подвлекла значењето на донесување на Законот за конфискација на сопственоста кој е во драфт верзија и ја истакна важноста од неговата посветена имплементација како и подобрениот системски пристап во процесот јавни набавки. На средбата, амбасадорката Галовеј ја нагласила подготвеноста на Велика Британија да ги споделува своите искуства во таргетираните области и да ги поддржува клучните реформски процеси. Вицепремиерката Грковска и aмбасадорката Галовеј се согласиле дека ќе продолжат со плодната соработка во насока на остварување на стратешката цел на Владата за добро владеење со цел државата да има професионални институции кои работат во полза на граѓаните.

The post Грковска – Галовеј: Велика Британија останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со амбасадорката Рејчел Галовеј: Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sredba-so-ambasadorkata-rejchel-galovej-obedinetoto-kralstvo-na-velika-britanija-i-ponatamu-ostanuva-eden-od-strateshkite-partneri-i-interesi-na-vmro-dpmne/ Wed, 12 Jan 2022 15:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=443841

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска 12.01.2022 година остварија средба со Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, економија и енергетската криза со која се соочува државата и граѓаните.

Претседателот Мицкоски посочи дека новиот состав на владата на СДСМ нема легитимитет од страна на граѓаните да владее, укажувајќи дека немањето на стратегија, визија и план од страна на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и поставување на стари истрошени кадри на позиции лошо ќе се одрази врз реформите за кои како што рече се неопходни се со цел Македонија да се придвижи напред.

Од страна на претседателот Мицкоски беа посочени и предизвиците со кои дополнително се соочуваат граѓаните во однос на економската криза, а воедно информираше дека поради задоцнето постапување и лошо менаџирање со државата и институциите Македонија се соочува со енергетска криза која пак негативно влијае на животниот стандард на граѓаните.

Мицкоски се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија, посочувајќи дека Обединетото Кралство на Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери и интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателскиот однос.

The post Мицкоски на средба со амбасадорката Рејчел Галовеј: Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска 12.01.2022 година остварија средба со Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, економија и енергетската криза со која се соочува државата и граѓаните. Претседателот Мицкоски посочи дека новиот состав на владата на СДСМ нема легитимитет од страна на граѓаните да владее, укажувајќи дека немањето на стратегија, визија и план од страна на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и поставување на стари истрошени кадри на позиции лошо ќе се одрази врз реформите за кои како што рече се неопходни се со цел Македонија да се придвижи напред. Од страна на претседателот Мицкоски беа посочени и предизвиците со кои дополнително се соочуваат граѓаните во однос на економската криза, а воедно информираше дека поради задоцнето постапување и лошо менаџирање со државата и институциите Македонија се соочува со енергетска криза која пак негативно влијае на животниот стандард на граѓаните. Мицкоски се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија, посочувајќи дека Обединетото Кралство на Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери и интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателскиот однос.

The post Мицкоски на средба со амбасадорката Рејчел Галовеј: Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>