регулиран пазар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reguliran-pazar/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Oct 2022 08:02:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png регулиран пазар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reguliran-pazar/ 32 32 Дел од компаниите ќе се вратат на регулираниот пазар на електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/del-od-kompaniite-kje-se-vratat-na-reguliraniot-pazar-na-elektrichna-energija/ Tue, 18 Oct 2022 06:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=562323

Владата се обидува да најде начин дел од компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија да бидат вретени на регулираниот, но тоа да не предизвика дополнителни трошоци кои би влијаеле на зголемување на цената на електричната енергија од 1 јануари идната година за домаќинствата и 72-те илјади компании кои се веќе на регулираниот пазар. Во текот на оваа недела се очекува да бидат доставени и понудите за набавка на потребните количини природен гас за наредниот месец. Се прават и напори за обезбедување помош на најзагрозените од енергетската криза.

Министерството за економија во комуникација со компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија веќе изработи предлог дел од нив да бидат вратени на регулираниот пазар и да бидат снабдувани директно преку ЕСМ продажба со цена пониска од берзанската.

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе биде понудено решение откако Регулаторната комисија за енергетика ќе ги финализира пресметките.

-Овој предлог го разгледувавме и со стопанските комори, компаниите од прехранбената индустрија и индустриите кои имаат производство наменето за широка потрошувачка за граѓаните со цел да го намалиме ценовниот притисок. За ова веќе е разговарано и со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и штом РКЕ ќе ги финализира своите пресметки во однос на можностите на регулираниот пазар ќе биде понудено решение,  изјави вчера Ковачевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на вториот капацитет на „Кемет електроникс“ во ТИРЗ Скопје 1.

Потенцира дека разговорите ќе продолжат и во текот на оваа недела со цел да се изнајде најдобро можно решение за индустријата, особено за индустријата која го снабдува населението со основни прехранбени продукти.

-Преку ЕСМ продажба може да им се продаде електрична енергија која е на ниво или под берзанската цена која ќе им овозможи на компаниите да имаат стабилно снабдување со електрична енергија и да може да ја планираат цената на енергијата, рече Ковачевски и додаде дека еден од проблемите на светските берзи на електричната енергија е што никој во моментов не може да предвиди каква ќе биде цената на електричната енергија во текот на наредниот период.

Како што кажа, има огромни флуктуации и зголемувања во текот на еден месец, но и во текот на еден

The post Дел од компаниите ќе се вратат на регулираниот пазар на електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Владата се обидува да најде начин дел од компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија да бидат вретени на регулираниот, но тоа да не предизвика дополнителни трошоци кои би влијаеле на зголемување на цената на електричната енергија од 1 јануари идната година за домаќинствата и 72-те илјади компании кои се веќе на регулираниот пазар. Во текот на оваа недела се очекува да бидат доставени и понудите за набавка на потребните количини природен гас за наредниот месец. Се прават и напори за обезбедување помош на најзагрозените од енергетската криза. Министерството за економија во комуникација со компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија веќе изработи предлог дел од нив да бидат вратени на регулираниот пазар и да бидат снабдувани директно преку ЕСМ продажба со цена пониска од берзанската. Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе биде понудено решение откако Регулаторната комисија за енергетика ќе ги финализира пресметките. -Овој предлог го разгледувавме и со стопанските комори, компаниите од прехранбената индустрија и индустриите кои имаат производство наменето за широка потрошувачка за граѓаните со цел да го намалиме ценовниот притисок. За ова веќе е разговарано и со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и штом РКЕ ќе ги финализира своите пресметки во однос на можностите на регулираниот пазар ќе биде понудено решение,  изјави вчера Ковачевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на вториот капацитет на „Кемет електроникс“ во ТИРЗ Скопје 1. Потенцира дека разговорите ќе продолжат и во текот на оваа недела со цел да се изнајде најдобро можно решение за индустријата, особено за индустријата која го снабдува населението со основни прехранбени продукти. -Преку ЕСМ продажба може да им се продаде електрична енергија која е на ниво или под берзанската цена која ќе им овозможи на компаниите да имаат стабилно снабдување со електрична енергија и да може да ја планираат цената на енергијата, рече Ковачевски и додаде дека еден од проблемите на светските берзи на електричната енергија е што никој во моментов не може да предвиди каква ќе биде цената на електричната енергија во текот на наредниот период. Како што кажа, има огромни флуктуации и зголемувања во текот на еден месец, но и во текот на еден

The post Дел од компаниите ќе се вратат на регулираниот пазар на електрична енергија appeared first on Република.

]]>