регрути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/regruti/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 07:59:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png регрути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/regruti/ 32 32 Со указ од Зеленски воените регрути ќе бидат префрлени во резерва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-ukaz-od-zelenski-voenite-regruti-ke-bidat-prefrleni-vo-rezerva/ Fri, 08 Mar 2024 07:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=752493

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се предвидува воените регрути, кои служат во двегодишната војна против Русија, да бидат префрлени во резерва во следните два месеци.

Со тоа ќе им се овозможи одреден одмор за воениот персонал кој бил ангажиран во армијата и пред руската инвазија во февруари 2022 година.

Според Зеленски потребни се неколку недели за подготвителни процедури, за замена на поединци во одбранбените задачи, а од април регрутите ќе бидат префрлени во резерва.

The post Со указ од Зеленски воените регрути ќе бидат префрлени во резерва appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се предвидува воените регрути, кои служат во двегодишната војна против Русија, да бидат префрлени во резерва во следните два месеци. Со тоа ќе им се овозможи одреден одмор за воениот персонал кој бил ангажиран во армијата и пред руската инвазија во февруари 2022 година. Според Зеленски потребни се неколку недели за подготвителни процедури, за замена на поединци во одбранбените задачи, а од април регрутите ќе бидат префрлени во резерва.

The post Со указ од Зеленски воените регрути ќе бидат префрлени во резерва appeared first on Република.

]]>
Падот на бројот на бели регрути ја предизвикува најтешката кадровска криза на американската војска последниов половина век https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/padot-na-brojot-na-beli-regruti-ja-predizvikuva-najteshkata-kadrovska-kriza-na-amerikanskata-vojska-posledniov-polovina-vek/ Sat, 24 Feb 2024 19:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=747600

Падот на бројот на бели регрути ја предизвика најтешката кадровска криза во американската војска во последните 50 години, пишуваат западните медиуми повикувајќи се на податоци на Пентагон.

Во 2018 година, 56,4% од регрутите биле белци. Во 2023 година таа бројка паднала на минимум од 44%. Процентот на Афроамериканците и Хиспаноамериканците се зголемила, но вкупниот број на регрути нагло паднал.

Бројките објавени од Пентагон покажуваат дека само 23 отсто од Американците на возраст од 17 до 24 години ги исполнуваат минималните стандарди за да се приклучат на војската без отфрлање. Само 10% сакаат да служат. Според истражување од 2022 година, младите не го сакаат стресот на војската и веруваат дека службата одзема време од другите професии.

Министерството за одбрана на САД ја нарекува 2023 година најтешка година за регрутирање - процес кој е исполнет со само 76,6 отсто, се наведува во публикацијата.

The post Падот на бројот на бели регрути ја предизвикува најтешката кадровска криза на американската војска последниов половина век appeared first on Република.

]]>

Падот на бројот на бели регрути ја предизвика најтешката кадровска криза во американската војска во последните 50 години, пишуваат западните медиуми повикувајќи се на податоци на Пентагон. Во 2018 година, 56,4% од регрутите биле белци. Во 2023 година таа бројка паднала на минимум од 44%. Процентот на Афроамериканците и Хиспаноамериканците се зголемила, но вкупниот број на регрути нагло паднал. Бројките објавени од Пентагон покажуваат дека само 23 отсто од Американците на возраст од 17 до 24 години ги исполнуваат минималните стандарди за да се приклучат на војската без отфрлање. Само 10% сакаат да служат. Според истражување од 2022 година, младите не го сакаат стресот на војската и веруваат дека службата одзема време од другите професии. Министерството за одбрана на САД ја нарекува 2023 година најтешка година за регрутирање - процес кој е исполнет со само 76,6 отсто, се наведува во публикацијата.

The post Падот на бројот на бели регрути ја предизвикува најтешката кадровска криза на американската војска последниов половина век appeared first on Република.

]]>
Регрути за украинската војска влечат маж кој бара спас во знак, други насилно ги пикаат во комбе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/regruti-za-ukrainskata-vojska-vlechat-mazh-koj-bara-spas-vo-znak-drugi-nasilno-gi-pikaat-vo-kombe/ Fri, 10 Mar 2023 12:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=618123

На социјални мрежи се појавија видеа како украински офицери за регрутација се борат со Украинци во цивил и ги внесуваат во возила. Властите велат дека тоа се изолирани инциденти, но адвокат од Хелсиншкиот комитет тврди дека не е така и оти има голем број поплаки, пренесува „Радио слободна Европа“.

The post Регрути за украинската војска влечат маж кој бара спас во знак, други насилно ги пикаат во комбе appeared first on Република.

Половина од мобилизираните во Хабаровск не ги исполнувале критериумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polovina-od-mobiliziranite-vo-habarovsk-ne-gi-ispolnuvale-kriteriumite/ Mon, 03 Oct 2022 06:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=556655

Воениот комесар на руската област Хабаровск, Јуриј Лаик е сменет од функцијата откако половина од ново мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги исполнувале критериумите за мобилизација, изјави регионалниот гувернер Михаил Дегтјарев.

Првата руска мобилизација по Втората светска војна, објавена од претседателот Владимир Путин на 21 септември, предизвика големо незадоволство меѓу официјалните лица и граѓаните поради начинот на кој се спроведува. Меѓу реакциите имало и поплаки дека службениците за регрутирање испраќале покани до мажи кои не ги исполнуваат критериумите.

За 10 дена, неколку илјади наши сонародници добија покани и пристигнаа во воените канцеларии. Околу половина од нив ги вративме дома бидејќи не ги исполнуваа критериумите за воена служба - изјави Дегтјарев.

Тој додаде дека смената на Лаик нема да влијае на планот за мобилизација.

The post Половина од мобилизираните во Хабаровск не ги исполнувале критериумите appeared first on Република.

]]>

Воениот комесар на руската област Хабаровск, Јуриј Лаик е сменет од функцијата откако половина од ново мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги исполнувале критериумите за мобилизација, изјави регионалниот гувернер Михаил Дегтјарев. Првата руска мобилизација по Втората светска војна, објавена од претседателот Владимир Путин на 21 септември, предизвика големо незадоволство меѓу официјалните лица и граѓаните поради начинот на кој се спроведува. Меѓу реакциите имало и поплаки дека службениците за регрутирање испраќале покани до мажи кои не ги исполнуваат критериумите.
За 10 дена, неколку илјади наши сонародници добија покани и пристигнаа во воените канцеларии. Околу половина од нив ги вративме дома бидејќи не ги исполнуваа критериумите за воена служба - изјави Дегтјарев.
Тој додаде дека смената на Лаик нема да влијае на планот за мобилизација.

The post Половина од мобилизираните во Хабаровск не ги исполнувале критериумите appeared first on Република.

]]>
Британски разузнавачи: Зголемувањето на бројот на руската армија нема значајно да и помогне во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanski-razuznavachi-zgolemuvanjeto-na-brojot-na-ruskata-armija-nema-znachajno-da-i-pomogne-vo-ukraina/ Sun, 28 Aug 2022 19:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=545045

Британското Министерство за одбрана соопшти дека сè уште не е јасно како Русија ќе го постигне најавеното големо зголемување на своите вооружени сили, но истовремено, Британците порачуваат дека дури и да има такво зголемување тоа нема значително да ја зголеми руската борбена моќ во Украина.

Рускиот претседател, Владимир Путин, минатата недела потпиша декрет за зголемување на бројот на руските вооружени сили од 1,9 на 2,04 милиони припадници, во време кога војната во Украина влегува во седмиот месец.

Британското Министерство за одбрана во својот редовен извештај за состојбата во Украина оценува дека не е јасно дали тоа ќе се постигне со регрутирање на повеќе доброволци или со зголемување на регрутирањето.

Во секој случај, веројатно нема да има големо влијание врз војната во Украина имајќи предвид дека Русија загуби десетици илјади војници; многу малку нови војници со договор се регрутираат; а на редовните регрутите не им е дозволено да служат надвор од руската територија - објави британското министерство на Твитер.

https://twitter.com/DefenceHQ/status/1563766493992685571?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1563766493992685571%7Ctwgr%5E810ba5906932ee90d26547e42fe66da51b1787d3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F665808%2Fbritanski-obavestajci-ukrajina-rat%2Fvest

The post Британски разузнавачи: Зголемувањето на бројот на руската армија нема значајно да и помогне во Украина appeared first on Република.

]]>

Британското Министерство за одбрана соопшти дека сè уште не е јасно како Русија ќе го постигне најавеното големо зголемување на своите вооружени сили, но истовремено, Британците порачуваат дека дури и да има такво зголемување тоа нема значително да ја зголеми руската борбена моќ во Украина. Рускиот претседател, Владимир Путин, минатата недела потпиша декрет за зголемување на бројот на руските вооружени сили од 1,9 на 2,04 милиони припадници, во време кога војната во Украина влегува во седмиот месец. Британското Министерство за одбрана во својот редовен извештај за состојбата во Украина оценува дека не е јасно дали тоа ќе се постигне со регрутирање на повеќе доброволци или со зголемување на регрутирањето.
Во секој случај, веројатно нема да има големо влијание врз војната во Украина имајќи предвид дека Русија загуби десетици илјади војници; многу малку нови војници со договор се регрутираат; а на редовните регрутите не им е дозволено да служат надвор од руската територија - објави британското министерство на Твитер.
https://twitter.com/DefenceHQ/status/1563766493992685571?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1563766493992685571%7Ctwgr%5E810ba5906932ee90d26547e42fe66da51b1787d3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F665808%2Fbritanski-obavestajci-ukrajina-rat%2Fvest

The post Британски разузнавачи: Зголемувањето на бројот на руската армија нема значајно да и помогне во Украина appeared first on Република.

]]>
Киев почна да ги вика Украинките на воена служба од 1 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kiev-pochna-da-gi-vika-ukrainkite-na-voena-sluzba-od-1-oktomvri/ Thu, 18 Aug 2022 11:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=541660

Украински медиуми објавија дека властите во Киев донеле одлука дека Украинките кои исполнуваат услови да бидат регрути, мора да се пријават за воена служба од 1 октомври.

Во извештаите се додава дека, сепак, нема веднаш да се применуваат казнени мерки за оние кои нема да го сторат тоа.

Жените регрути ќе треба да се пријават за воена служба од 1 октомври. Тоа се државјани на Украина чии специјалности се вклучени во списокот на регрути. Строги санкции нема веднаш да се применат за жените кои не се пријавиле - објави агенцијата УНИАН, повикувајќи се на на Фјодор Вениславски, член на Комитетот за национална безбедност на Врховната Рада на Украина.

The post Киев почна да ги вика Украинките на воена служба од 1 октомври appeared first on Република.

]]>

Украински медиуми објавија дека властите во Киев донеле одлука дека Украинките кои исполнуваат услови да бидат регрути, мора да се пријават за воена служба од 1 октомври. Во извештаите се додава дека, сепак, нема веднаш да се применуваат казнени мерки за оние кои нема да го сторат тоа.
Жените регрути ќе треба да се пријават за воена служба од 1 октомври. Тоа се државјани на Украина чии специјалности се вклучени во списокот на регрути. Строги санкции нема веднаш да се применат за жените кои не се пријавиле - објави агенцијата УНИАН, повикувајќи се на на Фјодор Вениславски, член на Комитетот за национална безбедност на Врховната Рада на Украина.

The post Киев почна да ги вика Украинките на воена служба од 1 октомври appeared first on Република.

]]>
Украинците добиваат повик за мобилизација на секој чекор, за избегнување следува робија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraincite-dobivaat-povik-za-mobilizacija-na-sekoj-chekor-za-izbegnuvanje-sleduva-robija/ Thu, 09 Jun 2022 11:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=513125

Законот во Украина дозволува повик за мобилизација да биде доставен до граѓанинот на кое било место, на пример во метрото, објави прес-службата на украинската армија.

Поканите се доставуваат преку надлежните органи на локалната самоуправа, раководители на фирми, институции, организации. Дополнително, на вработените во територијалните центри може да им се делат покани за кадровска и социјална поддршка во местото на живеење, работното место, како и на улица, на контролни пунктови и слично. Законот никаде не забранува доставување покани по легитимирање - се наведува во соопштението.

Како што се наведува, граѓанинот кој нема да одговори на повикот во време на војна може да биде казнет. Тој се соочува со парична казна од 1.700 до 3.400 гривни (од 57 до 114 американски долари). За избегнување на мобилизацијата, Кривичниот законик предвидува и затворска казна од три до пет години.

Националната полиција има право да приведува регрути во случај на прекршување на законот за мобилизациска обука и да ги префрли во територијални центри за регрутирање - нагласува прес-службата на украинската армија.

Во Украина на 24 февруари беше воведена воена состојба и беше продолжена на месечно ниво. Врховната Рада на 22 мај ја продолжи воената состојба и општа мобилизација до 23 август.

The post Украинците добиваат повик за мобилизација на секој чекор, за избегнување следува робија appeared first on Република.

Путин потпиша указ за регрутирање на 134.500 млади мажи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-potpisha-ukaz-za-regrutiranje-na-134-500-mladi-mazi/ Fri, 01 Apr 2022 06:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=481679

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетно регрутирање, во кое се вклучени 134.500 млади мажи, нови регрути, пренесе Бета.

Путин и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјавија дека овие регрути нема да учествуваат во војната во Украина.

Меѓутоа, овој месец руската војска призна дека голем број регрути завршиле во Украина, па дури и биле заробени таму, потсетува агенцијата.

Во уредбата се наведува дека регрутирањето ќе започне на 1 април и ќе трае до 15 јули.

The post Путин потпиша указ за регрутирање на 134.500 млади мажи appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетно регрутирање, во кое се вклучени 134.500 млади мажи, нови регрути, пренесе Бета. Путин и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјавија дека овие регрути нема да учествуваат во војната во Украина. Меѓутоа, овој месец руската војска призна дека голем број регрути завршиле во Украина, па дури и биле заробени таму, потсетува агенцијата. Во уредбата се наведува дека регрутирањето ќе започне на 1 април и ќе трае до 15 јули.

The post Путин потпиша указ за регрутирање на 134.500 млади мажи appeared first on Република.

]]>
Армијата на САД ќе плаќа до 50.000 долари бонус за да најде нови регрути https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/armijata-na-sad-kje-plakja-do-50-000-dolari-bonus-za-da-najde-novi-regruti/ Thu, 13 Jan 2022 15:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=444213

Војската на САД го зголеми својот максимален бонус за пријава на нови регрути за 25 отсто со цел да привлече нови кандидати и да ги пополни клучните позиции.

Максималниот бонус е зголемен од 40.000 на 50.000 американски долари, а само обучените регрути кои се обврзуваат на шестгодишен период во одредени области имаат право на оваа максимална исплата.

Генерал-мајор Кевин Верин изјави дека заклучувањето ги наруши напорите за регрутирање во училиштата и другите јавни места, а војската се соочува со силна конкуренција кога станува збор за бонусите за новите вработени.

Сè уште ги чувствуваме ефектите од коронавирусот во 2020 година, кога училишните системи беа практично затворени. Изгубивме цела класа млади мажи и жени со кои немавме контакт лице в лице - изјави Верин.

Тој не прецизира работни места кои овозможуваат да се добие максималниот бонус.

Бонусите за воено регрутирање изнесуваа повеќе од 233 милиони долари во фискалната година што заврши на 30 септември, што е помалку од 485 милиони долари колку што беа во 2018 година, кога најголемиот огранок на американската армија не ги исполни целите за вработување. Минатогодишниот просек на бонуси за 16.500 нови вработени беше нешто повеќе од 14.000 долари.

The post Армијата на САД ќе плаќа до 50.000 долари бонус за да најде нови регрути appeared first on Република.

]]>

Војската на САД го зголеми својот максимален бонус за пријава на нови регрути за 25 отсто со цел да привлече нови кандидати и да ги пополни клучните позиции. Максималниот бонус е зголемен од 40.000 на 50.000 американски долари, а само обучените регрути кои се обврзуваат на шестгодишен период во одредени области имаат право на оваа максимална исплата. Генерал-мајор Кевин Верин изјави дека заклучувањето ги наруши напорите за регрутирање во училиштата и другите јавни места, а војската се соочува со силна конкуренција кога станува збор за бонусите за новите вработени.
Сè уште ги чувствуваме ефектите од коронавирусот во 2020 година, кога училишните системи беа практично затворени. Изгубивме цела класа млади мажи и жени со кои немавме контакт лице в лице - изјави Верин.
Тој не прецизира работни места кои овозможуваат да се добие максималниот бонус. Бонусите за воено регрутирање изнесуваа повеќе од 233 милиони долари во фискалната година што заврши на 30 септември, што е помалку од 485 милиони долари колку што беа во 2018 година, кога најголемиот огранок на американската армија не ги исполни целите за вработување. Минатогодишниот просек на бонуси за 16.500 нови вработени беше нешто повеќе од 14.000 долари.

The post Армијата на САД ќе плаќа до 50.000 долари бонус за да најде нови регрути appeared first on Република.

]]>