регостарски таблички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/regostarski-tablichki/ За подобро да се разбереме Mon, 31 Oct 2022 16:56:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png регостарски таблички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/regostarski-tablichki/ 32 32 По 21 ноември, глоба од 150 евра за српските регистарски таблички во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-21-noemvri-globa-od-150-evra-za-srpskite-registarski-tablichki-vo-kosovo/ Mon, 31 Oct 2022 20:39:04 +0000 https://republika.mk/?p=567953

На сите сопственици на автомобили со српски регистерски таблички на Косово од 1 ноември ќе им биде издадено предупредување со барање да одат во Центарот за регистрација на возила, изјави за балканскиот сервис на Радио Слободна Европа Нора Фетоши, портпаролка на Министерството за внатрешни работи на Косово.

Од 21 ноември до 21 јануари сопствениците на автомобили кои се уште имаат српски регистарски таблички на Косово ќе бидат казнети со 150 евра.

Владата првично имаше рок до 31 октомври за пререгистрација на автомобилите со српски регистарски таблички во Република Косово.

Според новиот план, од 1 ноември до 21 ноември ќе се опоменуваат сопствениците на автомобили со српски регистарски таблички, а од 21 ноември до 21 јануари ќе се казнуваат.

Според одлуката на Владата, подоцна ќе се користат пробни регистарски таблички, а по 21 април автомобилите со овие таблички нема да можат да се движат на Косово.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија изразија разочарување зошто Владата на Косово не ги исполнила барањата на меѓународните партнери.

ЕУ го повика Косово да даде повеќе време за укинување на српските регистарски таблички

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека САД заедно со европските партнери побарале од Владата на Косово десетмесечно одложување на одлуката за регистарските таблички, иако сметаат дека Косово има право да ја спроведе одлуката.

Во 2011 година Косово и Србија започнаа преговори за нормализација на односите со посредство на Европската унија.

Се очекува преговарачкиот процес да заврши со правно обврзувачки договори.

Иако Косово наведува дека овој договор треба да вклучува и меѓусебно признавање, Србија тоа не го прифаќа, инсистирајќи на „компромисно решение“.

The post По 21 ноември, глоба од 150 евра за српските регистарски таблички во Косово appeared first on Република.

]]>

На сите сопственици на автомобили со српски регистерски таблички на Косово од 1 ноември ќе им биде издадено предупредување со барање да одат во Центарот за регистрација на возила, изјави за балканскиот сервис на Радио Слободна Европа Нора Фетоши, портпаролка на Министерството за внатрешни работи на Косово. Од 21 ноември до 21 јануари сопствениците на автомобили кои се уште имаат српски регистарски таблички на Косово ќе бидат казнети со 150 евра. Владата првично имаше рок до 31 октомври за пререгистрација на автомобилите со српски регистарски таблички во Република Косово. Според новиот план, од 1 ноември до 21 ноември ќе се опоменуваат сопствениците на автомобили со српски регистарски таблички, а од 21 ноември до 21 јануари ќе се казнуваат. Според одлуката на Владата, подоцна ќе се користат пробни регистарски таблички, а по 21 април автомобилите со овие таблички нема да можат да се движат на Косово. Соединетите Американски Држави и Европската Унија изразија разочарување зошто Владата на Косово не ги исполнила барањата на меѓународните партнери. ЕУ го повика Косово да даде повеќе време за укинување на српските регистарски таблички Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека САД заедно со европските партнери побарале од Владата на Косово десетмесечно одложување на одлуката за регистарските таблички, иако сметаат дека Косово има право да ја спроведе одлуката. Во 2011 година Косово и Србија започнаа преговори за нормализација на односите со посредство на Европската унија. Се очекува преговарачкиот процес да заврши со правно обврзувачки договори. Иако Косово наведува дека овој договор треба да вклучува и меѓусебно признавање, Србија тоа не го прифаќа, инсистирајќи на „компромисно решение“.

The post По 21 ноември, глоба од 150 евра за српските регистарски таблички во Косово appeared first on Република.

]]>