регионална поврзаност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/regionalna-povrzanost/ За подобро да се разбереме Tue, 16 May 2023 11:26:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png регионална поврзаност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/regionalna-povrzanost/ 32 32 Бочварски: Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-so-izgradba-na-koridorot-8-stanuvame-neizbezhna-transportna-ruta-vo-regionot/ Tue, 16 May 2023 11:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=641332

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска престојува во работна посета на Црна Гора, каде учествува на министерската конференција посветена на поврзаност на земјите од Западен Балкан, а во организација на Секретаријатот на транспортната заедница и ЦЕФТА.

Во рамки на Конференцијата, министерот Бочварски го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија - „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Македонија“, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија.

Министерот Бочварски обраќајќи се пред присутните ја истакна важноста од регионалната поврзаност, со посебен акцент на патниот и железнички Коридор 8 и проектите што се реализираат на истиот.

„Денеска ја потпишав Спогодбата помеѓу Македонија и Европската Унија за впишување на овој многу значаен Коридор на оската исток - запад во мапата на главните европски коридори. Оттука наша е обврската да продолжиме со изградбата на патниот и железничкиот Коридор 8, да го доведеме до ниво на модерна, квалитетна и безбедна патна врска, со што и на дело ќе покажеме дека овие политики не се политики само за на хартија, туку политики кои ги реализираме на терен. За Република Македонија ова е стратешки важна одлука на Европската Унија со што веќе сме позиционирани централно како крстосница во регионот на два главни европски коридори, на Коридорите 8 и 10“, изјави министерот Бочварски.

„Развојот на Коридор 8 долж оската исток - запад е неопходен економски и политички инструмент кој на регионот ќе му помогне да ја подобри регионалната поврзаност и стабилност“, додаде министерот Бочварски.

Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи (ТЕН-Т) е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство.

Со геостратешката положба на Република Македонија и фактот дека Коридорите 8 и 10 се дел од главната транспортна мрежа, стануваме неизбежна транспортна рута не само во регионот, туку и пошироко.

Целта на транспортната политика на Македонија се Коридорите 8 и 10 како дел од основната мрежа до 2030 година односно до 2040 година за проширената главна мрежа да бидат изградени по ТЕН-Т ЕУ стандардите.

На Конференцијата, покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министри за транспорт и инфраструктура на земјите од регионот, како и претставници на Транспортната заедница и Европската комисија.

The post Бочварски: Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска престојува во работна посета на Црна Гора, каде учествува на министерската конференција посветена на поврзаност на земјите од Западен Балкан, а во организација на Секретаријатот на транспортната заедница и ЦЕФТА. Во рамки на Конференцијата, министерот Бочварски го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија - „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Македонија“, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија. Министерот Бочварски обраќајќи се пред присутните ја истакна важноста од регионалната поврзаност, со посебен акцент на патниот и железнички Коридор 8 и проектите што се реализираат на истиот. „Денеска ја потпишав Спогодбата помеѓу Македонија и Европската Унија за впишување на овој многу значаен Коридор на оската исток - запад во мапата на главните европски коридори. Оттука наша е обврската да продолжиме со изградбата на патниот и железничкиот Коридор 8, да го доведеме до ниво на модерна, квалитетна и безбедна патна врска, со што и на дело ќе покажеме дека овие политики не се политики само за на хартија, туку политики кои ги реализираме на терен. За Република Македонија ова е стратешки важна одлука на Европската Унија со што веќе сме позиционирани централно како крстосница во регионот на два главни европски коридори, на Коридорите 8 и 10“, изјави министерот Бочварски. „Развојот на Коридор 8 долж оската исток - запад е неопходен економски и политички инструмент кој на регионот ќе му помогне да ја подобри регионалната поврзаност и стабилност“, додаде министерот Бочварски. Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи (ТЕН-Т) е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство. Со геостратешката положба на Република Македонија и фактот дека Коридорите 8 и 10 се дел од главната транспортна мрежа, стануваме неизбежна транспортна рута не само во регионот, туку и пошироко. Целта на транспортната политика на Македонија се Коридорите 8 и 10 како дел од основната мрежа до 2030 година односно до 2040 година за проширената главна мрежа да бидат изградени по ТЕН-Т ЕУ стандардите. На Конференцијата, покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министри за транспорт и инфраструктура на земјите од регионот, како и претставници на Транспортната заедница и Европската комисија.

The post Бочварски: Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот appeared first on Република.

]]>