регионална депонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/regionalna-deponija/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 06:15:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png регионална депонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/regionalna-deponija/ 32 32 Одобрен е тендерот за првата регионална депонија по европски стандарди во Свети Николе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odobren-e-tenderot-za-prvata-regionalna-deponija-po-evropski-standardi-vo-sveti-nikole/ Sun, 20 Oct 2024 06:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=828952

Одобрен е тендерот за избор на фирма која ќе ја гради првата регионална депонија во земјава што ќе работи по европски стандарди. Станува збор за депонијата во селото Мечкуевци, во Општина Свети Николе, која треба да ги покрие потребите на жителите на Источниот и Североисточниот регион.

поред најавите од Министерството за животна средина, крајниот рок за објавување на тендерот е до крајот на годинава, но може да се распише и порано, односно кога ќе заврши преведувањето на тендерската документација на јазиците на сите земји членки на Европската Унија.

Освен централната постројка за управување со отпадот, која ќе биде лоцирана во селото Мечкуевци, фирмата што ќе се бара на тендерот ќе треба да изгради и шест претоварни станици во Куманово, Ранковце, Штип, Виница, Македонска Каменица и во Берово. Изградбата на претоварните станици и регионалната депонија ќе се одвива паралелно, а додека не се изгради целиот систем нема да се пушти во работа централната инсталација за управување со отпад, односно самата депонија, постројката за механичко биолошки третман, пречистителната станица и линијата за селекција.

Како што информираат од Министерството за животна средина, во овие два региона веќе се спроведуваат активности за затворање на нестандардните депонии и ѓубришта, кои во зависност од количината на отпадот, ќе подлежат на различни начини на ремедијација.

Најмалите ѓубришта ќе бидат едноставно исчистени и отпадот ќе биде однесен на друга поголема блиска непрописна депонија. Одредени непрописни депонии ќе бидат преобликувани во своето депониско тело, отпадот ќе се компактира, ќе бидат прекриени со одредени слоеви кои ќе ја вршат улогата на собирање на депониски гас, ќе се собира депонискиот исцедок, ќе се изгради систем за собирање на површинските води и дренажен систем, финално запечатување на депонијата, како и раззеленување на последниот слој, ќе биде поставена ограда и влезна капија, ќе бидат изведени сервисни сообраќајници, мерни места за земање примероци за мониторинг на квалитетот на водите и гасот и сл, велат од Министерството.

Што се однесува до непрописните депонии кои ќе го примаат отпадот сè до започнување со функционирање на меѓурегионалниот систем за управување со отпад, тие засега ќе останат во функција, а ќе се затворат веднаш штом проработи регионалната депонија преку проект финансиран од ИПА III фондовите.

Од Министерството нагласуваат дека сите општини ќе добијат обврска сите локации кои ќе се исчистат да ги одржуваат и да се грижат да не станат повторно депонии. Посочуваат дека регионалниот пристап на третман на отпадот ќе се спроведува и во другите делови од земјата.

„Справувањето со отпадот како едно од најактуелните прашања е возможно исклучиво со поставување и профункционирање на регионалениот систем за управување со отпад. Според стручните пресметки и анализи, најекономично и најисплатливо се покажа групирањето на општините и регионите во државата во пет регионални системи, со пет регионални санитарни депонии. Освен таа во Свети Николе, такви се и депонијата Русино за Полошкиот регион, депонијата Мегленци во Општина Новаци за Пелагонискиот и Југозападниот регион, депонијата Доброшинци за Вардарскиот и Југоисточниот регион и скопската Дрисла“, велат од Министерството.

The post Одобрен е тендерот за првата регионална депонија по европски стандарди во Свети Николе appeared first on Република.

]]>

Одобрен е тендерот за избор на фирма која ќе ја гради првата регионална депонија во земјава што ќе работи по европски стандарди. Станува збор за депонијата во селото Мечкуевци, во Општина Свети Николе, која треба да ги покрие потребите на жителите на Источниот и Североисточниот регион. поред најавите од Министерството за животна средина, крајниот рок за објавување на тендерот е до крајот на годинава, но може да се распише и порано, односно кога ќе заврши преведувањето на тендерската документација на јазиците на сите земји членки на Европската Унија. Освен централната постројка за управување со отпадот, која ќе биде лоцирана во селото Мечкуевци, фирмата што ќе се бара на тендерот ќе треба да изгради и шест претоварни станици во Куманово, Ранковце, Штип, Виница, Македонска Каменица и во Берово. Изградбата на претоварните станици и регионалната депонија ќе се одвива паралелно, а додека не се изгради целиот систем нема да се пушти во работа централната инсталација за управување со отпад, односно самата депонија, постројката за механичко биолошки третман, пречистителната станица и линијата за селекција. Како што информираат од Министерството за животна средина, во овие два региона веќе се спроведуваат активности за затворање на нестандардните депонии и ѓубришта, кои во зависност од количината на отпадот, ќе подлежат на различни начини на ремедијација.
Најмалите ѓубришта ќе бидат едноставно исчистени и отпадот ќе биде однесен на друга поголема блиска непрописна депонија. Одредени непрописни депонии ќе бидат преобликувани во своето депониско тело, отпадот ќе се компактира, ќе бидат прекриени со одредени слоеви кои ќе ја вршат улогата на собирање на депониски гас, ќе се собира депонискиот исцедок, ќе се изгради систем за собирање на површинските води и дренажен систем, финално запечатување на депонијата, како и раззеленување на последниот слој, ќе биде поставена ограда и влезна капија, ќе бидат изведени сервисни сообраќајници, мерни места за земање примероци за мониторинг на квалитетот на водите и гасот и сл, велат од Министерството.
Што се однесува до непрописните депонии кои ќе го примаат отпадот сè до започнување со функционирање на меѓурегионалниот систем за управување со отпад, тие засега ќе останат во функција, а ќе се затворат веднаш штом проработи регионалната депонија преку проект финансиран од ИПА III фондовите. Од Министерството нагласуваат дека сите општини ќе добијат обврска сите локации кои ќе се исчистат да ги одржуваат и да се грижат да не станат повторно депонии. Посочуваат дека регионалниот пристап на третман на отпадот ќе се спроведува и во другите делови од земјата.
„Справувањето со отпадот како едно од најактуелните прашања е возможно исклучиво со поставување и профункционирање на регионалениот систем за управување со отпад. Според стручните пресметки и анализи, најекономично и најисплатливо се покажа групирањето на општините и регионите во државата во пет регионални системи, со пет регионални санитарни депонии. Освен таа во Свети Николе, такви се и депонијата Русино за Полошкиот регион, депонијата Мегленци во Општина Новаци за Пелагонискиот и Југозападниот регион, депонијата Доброшинци за Вардарскиот и Југоисточниот регион и скопската Дрисла“, велат од Министерството.

The post Одобрен е тендерот за првата регионална депонија по европски стандарди во Свети Николе appeared first on Република.

]]>
„Сакам – не сакам депонија во мојата општина“ ќе заврши со одземање на ингеренциите на Свети Николе, рече министерката Шукова https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sakam-ne-sakam-deponija-vo-mojata-opshtina-ke-zavrshi-so-odzemane-na-ingerentsiite-na-sveti-nikole-reche-ministerkata-shukova/ Tue, 14 Mar 2023 07:50:26 +0000 https://republika.mk/?p=619361

Новиот Закон за управување со отпад предвидува нова методологија за пресметка на услугата за отпад. Наместо да се наплаќа по основ на површина, односно по метар квадратен како досега, сега цената за услугата ќе се плаќа за произведено количество отпад, информира вечерва министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Таа појасни дека само тоа што ќе треба да се депонира на депонијата ќе биде финално што ќе се наплаќа, а се друго ќе може да се преработува, односно да се рециклира. Цената, како што додаде, ќе ја утврдува Регулаторната комисија.

Ќе одиме со претселекција, а не со класично собирање и депонирање на отпадот, тоа ќе се прави или на нивото на општините во зависност од тоа колку им се јаки комуналните претпријатија или ќе се прави во претоварните станици. Во рамки на секој регион ќе имаме неколку претоварни станици. Начелно ќе се обидеме да го намалиме количеството отпад кое ќе го депонираме во централните депонии, рече Шукова во „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Според Шукова, користењето отпад за енергија е табу тема во државава, а, како што соопшти, имало неколку иницијативи за инсталации за третман на отпад преку согорување.

Реакцијата на граѓаните е лоша и имаат недоверба кон ова прашање заради тоа што мислат дека ќе се увезува отпад од надвор и ќе се гори во Македонија. Не е точно, бидејќи новиот Закон за управување со отпад кој е усогласен со директивите на ЕУ, забранува увоз на отпад за производство на енергија. Не може да увезете и да произведете енергија. Нашата земја не произведува големи количини на отпад, можеби заради тоа што сме по малку сите несовесни па е расфрлан отпадот и мислиме дека имаме големи количини, но за да имате економска оправданост за да горите ѓубре за производство на енергија требаат посериозни количини отпад, рече Шукова.

Државата, како што појасни, има добиено заеми за изградба на депонии во пет региони – Полог, Југозападен дел, Пелагонија, Југоисток и Вардарски регион. Министерството за животна средина веќе има подготвено документација според ЕУ стандарди за Полошкиот регион, каде централна депонија ќе биде Русино, но само за следните пет години, затоа што, како што истакна, оваа депонија нема капацитет да собира повеќе отпад над пет години.

Додаде дека со истиот тој заем ќе се работи паралелно и на депонии во Пелагонија и Југозападниот дел, каде централна ќе биде во општина Новаци, додека за југоисточниот и вардарскиот регион се уште немаат подготвена соодветна документација и на тоа се работи.

Она што најпрво ќе се обезбеди е основна инфраструктура, односно трансфер станици, централна депонија и опрема за општштините.

Проблемот со регионалните депонии, вели, е „сакам-не сакам во мојата општина“, конкретно за Источниот и Североисточниот регион.

Имаме негодување од Општина Свети Николе, и тој проблем мора да го решиме, последниот правен лек е одземање на надлежноста на општината. Ако општината не сака да учествува во процесот, државата ќе и ги одземе надлежностите, процесот мора да продолжи, зборуваме за проекти од јавен интерес и локацијата е избрана врз основа на студија која правела истражување на повеќе локации, рече Шукова.

The post „Сакам – не сакам депонија во мојата општина“ ќе заврши со одземање на ингеренциите на Свети Николе, рече министерката Шукова appeared first on Република.

]]>

Новиот Закон за управување со отпад предвидува нова методологија за пресметка на услугата за отпад. Наместо да се наплаќа по основ на површина, односно по метар квадратен како досега, сега цената за услугата ќе се плаќа за произведено количество отпад, информира вечерва министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа појасни дека само тоа што ќе треба да се депонира на депонијата ќе биде финално што ќе се наплаќа, а се друго ќе може да се преработува, односно да се рециклира. Цената, како што додаде, ќе ја утврдува Регулаторната комисија.
Ќе одиме со претселекција, а не со класично собирање и депонирање на отпадот, тоа ќе се прави или на нивото на општините во зависност од тоа колку им се јаки комуналните претпријатија или ќе се прави во претоварните станици. Во рамки на секој регион ќе имаме неколку претоварни станици. Начелно ќе се обидеме да го намалиме количеството отпад кое ќе го депонираме во централните депонии, рече Шукова во „Топ Тема“ на телевизија Телма.
Според Шукова, користењето отпад за енергија е табу тема во државава, а, како што соопшти, имало неколку иницијативи за инсталации за третман на отпад преку согорување.
Реакцијата на граѓаните е лоша и имаат недоверба кон ова прашање заради тоа што мислат дека ќе се увезува отпад од надвор и ќе се гори во Македонија. Не е точно, бидејќи новиот Закон за управување со отпад кој е усогласен со директивите на ЕУ, забранува увоз на отпад за производство на енергија. Не може да увезете и да произведете енергија. Нашата земја не произведува големи количини на отпад, можеби заради тоа што сме по малку сите несовесни па е расфрлан отпадот и мислиме дека имаме големи количини, но за да имате економска оправданост за да горите ѓубре за производство на енергија требаат посериозни количини отпад, рече Шукова.
Државата, како што појасни, има добиено заеми за изградба на депонии во пет региони – Полог, Југозападен дел, Пелагонија, Југоисток и Вардарски регион. Министерството за животна средина веќе има подготвено документација според ЕУ стандарди за Полошкиот регион, каде централна депонија ќе биде Русино, но само за следните пет години, затоа што, како што истакна, оваа депонија нема капацитет да собира повеќе отпад над пет години. Додаде дека со истиот тој заем ќе се работи паралелно и на депонии во Пелагонија и Југозападниот дел, каде централна ќе биде во општина Новаци, додека за југоисточниот и вардарскиот регион се уште немаат подготвена соодветна документација и на тоа се работи. Она што најпрво ќе се обезбеди е основна инфраструктура, односно трансфер станици, централна депонија и опрема за општштините. Проблемот со регионалните депонии, вели, е „сакам-не сакам во мојата општина“, конкретно за Источниот и Североисточниот регион.