регионален центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/regionalen-centar/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 12:06:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png регионален центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/regionalen-centar/ 32 32 Отворен нов регионален К9 центар за обука и серификација на кучиња за откривање оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otvoren-nov-regionalen-k9-tsentar-za-obuka-i-serifikatsija-na-kuchina-za-otkrivane-oruzhje/ Mon, 30 Sep 2024 13:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=821036

Во рамки на Министерството за внатрешни работи денеска беше отворен Регионален центар К9 за обука и сертификација на кучиња, со поддршка од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, каде свои обраќања имаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сузан Пенкса.

Според Тошковски, Регионалниот центар е од исклучително значење за земјава, како од аспект на стратешко делување, така од аспект и на оперативно делување во рамки на МВР.

Со овој нов објект којшто го имаме овде, освен што достоинствен третман имаат едни од главните соработници на полицајците во рамки на одредени оперативно-тактички задачи, а тоа се кучињата, имаме подостоинствени услови за функционирање и на сето она што значи спроведување на соодветни оперативни мерки од страна на полициските службеници во овој дел. Колку што бев информиран, во рамки на овој проект овде, се вложени негде од прилика околу 2 милиони евра, кои што се поврзани со овој комплекс, рече Тошковски.

Соработката со ОБСЕ, додаде, е круцијална во насока на подобрување и зголемување на професионалните капацитети на Министерството.

Се надевам дека сите оние планирани средства, кои што се обезбедени од страна на ОБСЕ ќе можеме да ги ефектираме соодветно, се со цел да може да се поткрене капацитетот и професионалното функционирање на сите полициски службеници во рамки на Министерството за внатрешни работи, додаде Тошковски.

 

Заменик шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја нагласи заедничката посветеност во справувањето со недозволената трговија на мало и лесно оружје во регионот.

Денеска сме собрани овде поради нашата заедничка посветеност за справување со недозволената трговија со мало и лесно оружје во регионот, преку финансиската поддршка на нашата донаторска заедница, односно САД, Германија, Европската унија, Франција, Белгија, Норвешка и Словачка. Мисијата на ОБСЕ во Скопје со проектот за мало и лесно вооружување ја покажува нашата цврста посветеност во зајакнувањето на оперативните капацитети на полициската кучешка единица за откривање оружје. Од надградба на опремата и инфраструктурата за кучешките единици, до развивање на нови стандардни оперативни процедури и програми за обука, рече Пенкса

https://youtu.be/rSnwZH0_qrg?si=nhLK-tnVD5sMdVnq

The post Отворен нов регионален К9 центар за обука и серификација на кучиња за откривање оружје appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Министерството за внатрешни работи денеска беше отворен Регионален центар К9 за обука и сертификација на кучиња, со поддршка од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, каде свои обраќања имаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сузан Пенкса. Според Тошковски, Регионалниот центар е од исклучително значење за земјава, како од аспект на стратешко делување, така од аспект и на оперативно делување во рамки на МВР.
Со овој нов објект којшто го имаме овде, освен што достоинствен третман имаат едни од главните соработници на полицајците во рамки на одредени оперативно-тактички задачи, а тоа се кучињата, имаме подостоинствени услови за функционирање и на сето она што значи спроведување на соодветни оперативни мерки од страна на полициските службеници во овој дел. Колку што бев информиран, во рамки на овој проект овде, се вложени негде од прилика околу 2 милиони евра, кои што се поврзани со овој комплекс, рече Тошковски.
Соработката со ОБСЕ, додаде, е круцијална во насока на подобрување и зголемување на професионалните капацитети на Министерството.
Се надевам дека сите оние планирани средства, кои што се обезбедени од страна на ОБСЕ ќе можеме да ги ефектираме соодветно, се со цел да може да се поткрене капацитетот и професионалното функционирање на сите полициски службеници во рамки на Министерството за внатрешни работи, додаде Тошковски.
  Заменик шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја нагласи заедничката посветеност во справувањето со недозволената трговија на мало и лесно оружје во регионот.
Денеска сме собрани овде поради нашата заедничка посветеност за справување со недозволената трговија со мало и лесно оружје во регионот, преку финансиската поддршка на нашата донаторска заедница, односно САД, Германија, Европската унија, Франција, Белгија, Норвешка и Словачка. Мисијата на ОБСЕ во Скопје со проектот за мало и лесно вооружување ја покажува нашата цврста посветеност во зајакнувањето на оперативните капацитети на полициската кучешка единица за откривање оружје. Од надградба на опремата и инфраструктурата за кучешките единици, до развивање на нови стандардни оперативни процедури и програми за обука, рече Пенкса
https://youtu.be/rSnwZH0_qrg?si=nhLK-tnVD5sMdVnq

The post Отворен нов регионален К9 центар за обука и серификација на кучиња за откривање оружје appeared first on Република.

]]>
Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srednoto-uchilishte-nikola-karev-od-strumitsa-i-kole-nedelkovski-od-veles-ke-prerasnat-vo-regionalni-tsentri-za-struchno-obrazovanie/ Tue, 19 Dec 2023 14:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=724574

Владата на Република Македонија, во соработка со проектот на Европската Унија „Зголемување на атрактивноста инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“ (ИАИР), донесе одлука две средни општински училишта од Струмица и Велес да прераснат во регионални центри за стручно образование (СО).

Станува збор за училиштата „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес, кои со помош на Европската Унија ќе бидат целосно реконструирани.

По тој повод, ќе се одржат и две регионални конференции „Улогата на регионалните СОО центри за подобрување на системот за СОО во источниот регион“.

На конференциите ќе присуствуваат претставници на повеќе владини институции, на Делегацијата на Европската Унија, градоначалниците на општините во регионот, како и претставници од тимот на проектот ИАИР.

Во име на Министерството за образование и наука ќе се обрати државниот секретар, Билјана Казанџиска.

The post Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија, во соработка со проектот на Европската Унија „Зголемување на атрактивноста инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“ (ИАИР), донесе одлука две средни општински училишта од Струмица и Велес да прераснат во регионални центри за стручно образование (СО). Станува збор за училиштата „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес, кои со помош на Европската Унија ќе бидат целосно реконструирани. По тој повод, ќе се одржат и две регионални конференции „Улогата на регионалните СОО центри за подобрување на системот за СОО во источниот регион“. На конференциите ќе присуствуваат претставници на повеќе владини институции, на Делегацијата на Европската Унија, градоначалниците на општините во регионот, како и претставници од тимот на проектот ИАИР. Во име на Министерството за образование и наука ќе се обрати државниот секретар, Билјана Казанџиска.

The post Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование appeared first on Република.

]]>
Бугарија ќе добие регионален центар за употреба и распределба на гасот за Југоисточна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-kje-dobie-regionalen-centar-za-upotreba-i-raspredelba-na-gasot-za-jugoistochna-evropa/ Fri, 29 Apr 2022 06:43:16 +0000 https://republika.mk/?p=495032

На средби во Брисел, бугарска делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев и министерот за енергетика Александар Николов ја разјасниле состојбата по прекинот на испораката на гас од „Газпром“.

Василев на брифингот за медиумите во Брисел изјави дека Бугарија добила силна поддршка од Европската комисија да биде домаќин на регионален координативен центар кој ќе управува со заедничката употреба на гасната и електричната инфраструктура во Југоисточна Европа и регионот како целина.

Според Василев, властите во земјата имаат план за испораки на Бугарија, а тој се спроведува со ЛНГ гас кој доаѓа од терминалот во Ривитуса, од каде се добиваат дополнителни количества од Грција.

Бугарската делегација побарала ова да биде одлука не само за неа, туку и за регионот. Сега, според Василев, Бугарија ќе ја координира инфраструктурата за трансфер на 20 милијарди кубни метри за регионот и Европа. Овој координативен центар ќе ги добие најдобрите предлози за заедничка набавка.

Василев изјави дека Бугарија нема да отвори сметка во руски рубљи, како што инсистираше Москва, за да може да го плати гасот од Русија.

Вицепремиерот Василев и министерот за енергетика Николов најавија дека Бугарија ќе го тужи „Газпром“ за еднострано раскинување на договорот за испорака на руски гас за Бугарија.

Василев тврди дека Бугарија нема да има проблем следната зима, бидејќи може да испорача не само три милијарди кубни метри гас, туку и уште 17-20 милијарди кубни метри гас за регионот на Југоисточна Европа, затоа што ќе биде домаќин на овој центар, кој ќе ги координира сите овие испораки во него.

Асен Василев и Александар Николов беа примени од потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.

The post Бугарија ќе добие регионален центар за употреба и распределба на гасот за Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

На средби во Брисел, бугарска делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев и министерот за енергетика Александар Николов ја разјасниле состојбата по прекинот на испораката на гас од „Газпром“. Василев на брифингот за медиумите во Брисел изјави дека Бугарија добила силна поддршка од Европската комисија да биде домаќин на регионален координативен центар кој ќе управува со заедничката употреба на гасната и електричната инфраструктура во Југоисточна Европа и регионот како целина. Според Василев, властите во земјата имаат план за испораки на Бугарија, а тој се спроведува со ЛНГ гас кој доаѓа од терминалот во Ривитуса, од каде се добиваат дополнителни количества од Грција. Бугарската делегација побарала ова да биде одлука не само за неа, туку и за регионот. Сега, според Василев, Бугарија ќе ја координира инфраструктурата за трансфер на 20 милијарди кубни метри за регионот и Европа. Овој координативен центар ќе ги добие најдобрите предлози за заедничка набавка. Василев изјави дека Бугарија нема да отвори сметка во руски рубљи, како што инсистираше Москва, за да може да го плати гасот од Русија. Вицепремиерот Василев и министерот за енергетика Николов најавија дека Бугарија ќе го тужи „Газпром“ за еднострано раскинување на договорот за испорака на руски гас за Бугарија. Василев тврди дека Бугарија нема да има проблем следната зима, бидејќи може да испорача не само три милијарди кубни метри гас, туку и уште 17-20 милијарди кубни метри гас за регионот на Југоисточна Европа, затоа што ќе биде домаќин на овој центар, кој ќе ги координира сите овие испораки во него. Асен Василев и Александар Николов беа примени од потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.

The post Бугарија ќе добие регионален центар за употреба и распределба на гасот за Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>