реформска агенда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reformska-agenda/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 16:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реформска агенда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reformska-agenda/ 32 32 Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената – се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-makedonskata-reformska-agenda-e-najdobro-otsenata-se-doblizhuvame-do-evropskite-kriteriumi-a-so-toa-i-do-vlezot-vo-eu/ Fri, 08 Nov 2024 16:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=835678

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која беше презентирана Реформската агенда на Владата (2024-2027), којашто се однесува на Планот за раст на Европската Комисија.

Во своето обраќање, Претседателката порача дека е неопходна поголема соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции и дека Комисијата треба да се отвори и да ја зајакне соработката со сите инволвирани во процесот на евроинтеграциите, вклучувајќи го невладиниот сектор, експертската јавност и претставници од ЕУ.

Претседателката нагласи дека македонската реформска агенда е најдобро оценета од Комисијата, што претставува добар влог и дека се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ.

„Мислам дека вреди да се биде оптимист. Зошто вреди да се биде биде оптимист? Вие знаете колкупати јас сум ја критикувала Европската Унија дека немала, после Солун, вистинска стратегија за Западен Балкан, дека доцнела, дека не преземала одговорност. Ова е мислам еден исчекор. Значи имаме агенда. Агендата, односно нејзиното спроведување, велиме дека не е невозможно, разбрани сме, нè поддржуваат“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи увереност дека Планот за раст и реформската агенда ќе можеме да ги направиме реалност, што особено позитивно ќе влијае на довербата кај граѓаните.

Претседателката порача дека Планот за раст е за поздравување бидејќи претставува своевидно содружништво, односно партнерство помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, учење во од, со финансиска помош, со советување и со оценување, каде резултатите ќе бидат заеднички, но и одговорноста споделена.

Во тој контекст таа посочи дека ова е можност да бидеме дел и од заедничкиот европски пазар. Во контекст на финансирањето, Претседателката потенцираше дека тоа мотивира, но домаќински е да не биде авансно, туку врзано со постигнатите резултати.

Во таа насока таа ја истакна улогата на Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, важноста на постоењето на интегриран систем на мониторинг, односно контрола врз трошењето на финансиските средства и ревизија врз внатрешниот систем на контрола.

Осврнувајќи се на роковите, Претседателката посочи дека роковите се строги, но дека тоа значи дека ЕУ верува во нашата способност. Според неа е логично до Нова Година да се донесат двата закони, за буџети и Закон за јавна контрола врз внатрешната контрола, што е услов за ослободување на средствата за претфинасирањето.

Говорејќи за начинот на плаќање 1/3 грант и  2/3 кредит, Претседателката посочи дека ова е секогаш најважно за опозицијата и во овој контекст ги охрабри да критикуваат.

Во обраќањето таа истакна и дека мора да се стави крај на злоупотребата на европското знаменце и ја нагласи хармонизацијата со директивите и регулативите на ЕУ.

The post Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената – се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која беше презентирана Реформската агенда на Владата (2024-2027), којашто се однесува на Планот за раст на Европската Комисија. Во своето обраќање, Претседателката порача дека е неопходна поголема соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции и дека Комисијата треба да се отвори и да ја зајакне соработката со сите инволвирани во процесот на евроинтеграциите, вклучувајќи го невладиниот сектор, експертската јавност и претставници од ЕУ. Претседателката нагласи дека македонската реформска агенда е најдобро оценета од Комисијата, што претставува добар влог и дека се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ.
„Мислам дека вреди да се биде оптимист. Зошто вреди да се биде биде оптимист? Вие знаете колкупати јас сум ја критикувала Европската Унија дека немала, после Солун, вистинска стратегија за Западен Балкан, дека доцнела, дека не преземала одговорност. Ова е мислам еден исчекор. Значи имаме агенда. Агендата, односно нејзиното спроведување, велиме дека не е невозможно, разбрани сме, нè поддржуваат“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи увереност дека Планот за раст и реформската агенда ќе можеме да ги направиме реалност, што особено позитивно ќе влијае на довербата кај граѓаните.
Претседателката порача дека Планот за раст е за поздравување бидејќи претставува своевидно содружништво, односно партнерство помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, учење во од, со финансиска помош, со советување и со оценување, каде резултатите ќе бидат заеднички, но и одговорноста споделена. Во тој контекст таа посочи дека ова е можност да бидеме дел и од заедничкиот европски пазар. Во контекст на финансирањето, Претседателката потенцираше дека тоа мотивира, но домаќински е да не биде авансно, туку врзано со постигнатите резултати. Во таа насока таа ја истакна улогата на Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, важноста на постоењето на интегриран систем на мониторинг, односно контрола врз трошењето на финансиските средства и ревизија врз внатрешниот систем на контрола. Осврнувајќи се на роковите, Претседателката посочи дека роковите се строги, но дека тоа значи дека ЕУ верува во нашата способност. Според неа е логично до Нова Година да се донесат двата закони, за буџети и Закон за јавна контрола врз внатрешната контрола, што е услов за ослободување на средствата за претфинасирањето. Говорејќи за начинот на плаќање 1/3 грант и  2/3 кредит, Претседателката посочи дека ова е секогаш најважно за опозицијата и во овој контекст ги охрабри да критикуваат. Во обраќањето таа истакна и дека мора да се стави крај на злоупотребата на европското знаменце и ја нагласи хармонизацијата со директивите и регулативите на ЕУ.

The post Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената – се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Рокас: Планот за раст јасен доказ за посветеноста на ЕУ кон партнерите од ЗБ и кредибилен пат кон пристапувањето во Унијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rokas-planot-za-rast-jasen-dokaz-za-posvetenosta-na-eu-kon-partnerite-od-zb-i-kredibilen-pat-kon-pristapuvaneto-vo-unijata/ Fri, 08 Nov 2024 16:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=835659

Планот за раст е јасен доказ за посветеноста на ЕУ кон нашите партнери од Западен Балкан дека има кредибилен начин и пат кон пристапувањето во Унијата. Ова е пат кој нуди предности пред самото пристљпување, но кој исто така придонесува кон забрзување на пристапниот процес под услов да се случат фундаменталните реформи. Важно е да се нагласи дека Планот за раст не е алтернатива на проширувањето на ЕУ, тоа е понуда која ќе го надополни и забрза процесот на пристапувањето.

Ова го истакна евроамбасадорот Михалис Рокас на презентацијата на Реформската агенда на Владата (2024-2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, на денешната седница на Комисијата за европски прашања која се одржа во Собранието на Република Македонија. Тој пред членовите на оваа Комисија истакна дека Инструментот за реформи и раст е суштински дел од Планот за раст и е дополнување на ИПА - инструментот за претпристапна помош и останатите механизми.

-Реформската агенда која ја претставува Министерството за европски прашања е одраз на најважните приорети за кои Северна Македонмија доби индикативна распределба на 750 милиони евра.  ЕК веќе ја прифати реформската агенда која има високо ниво на амбиција...Ослободувањето на овие средства ќе биде условено со успешна имплементација на реформските агенди за нашите партнери од ЗБ покривајќи ги и реформите во областа фундаменти и социо-економските реформи во тесна соработка со ЕК. Собранието има навистина важна улога во овој процес. Следниот чекор е ратификацијата на Инструментот и Договорот за заемот од страна на Собранието. Ова ќе и овозможи на земјата да го побара претходното финансирање за реформите, кое изнесува 7 отсто, односно околу 52,5 милиони евра за вашата земја, рече Рокас.

Тој истакна дека предизвиците кои престојат се поврани со воспоставување на национални структури за имплементација, мониторинг и известување, а знаејќи ги слабите административни капацитети во земјата, соработката и координацијата со Министерството за европски нпрашања и со Министерството за финансии, рече, ќе биде од суштинско значење за да се постигнат соодветни резултати. Ја истакна и коорднацијата меѓу донорите и комуникацијата со сите чинители ќе биде важна за да нема загуба на доспеаните средства ниту удвојувања.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на седницата истакна дека реформите предвидени во, сега веќе одобрената Реформска агенда од страна на ЕК, имаат за цел да го забрзаат процесот на интеграција и истовремено да ја унапредат нашата економија, правниот систем, јавната администрација, како и да ги зајакнат правата на граѓаните, особено во однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

- Имплементацијата на оваа агенда ќе биде внимателно следена, при што ќе се воспостави национална структура за надзор на известувањето, оценувањето и механизмите за ревизија согласно барањата утврдени во Регулативата за инструмент за реформи и раст. Посветеноста на Владата и Министерството за европски прашања за ефикасно следење и отчетност ќе обезбеди услови за да ги постигнеме поставените амбициозни цели, односно дека напредокот на реформите ќе биде транспарентен и опиплив, рече Муртезани.

Тој изрази увереност дека спроведувањето на Реформската агенда, заедно со континуираното усогласување на нашиот правен и институционален систем со оној на ЕУ, ќе обезбеди неопходна основа за забрзана, суштинска интеграција во Европската Унија.

-Реформската агенда за периодот 2024-2027, заедно со деталните скрининг извештаи за сите кластери и Патоказот за владеењето на правото и реформата за јавната администрација, поставуваат јасни приоритети за Владата, Собранието и сите засегнати страни во нашиот процес на пристапување во ЕУ. Имплементацијата на овие реформи ќе бара колективни напори, не само од Владата и Собранието, туку и од граѓанското општество, приватниот сектор и пошироката јавност, порача министерот Муртезани.

На седницата пред присутните се обрати и претседателката Гордана Сиљаноска – Давкова која оцени дека Планот за раст е чекор за поздравување оти вели не сме имале досега ЕУ-ЗБ партнерство кое ќе овозможи учење во од, со финансиска помош која ни е потребна, а кој од води до единствениот европски пазар. Според неа тоа е многу важно оти резултатите ќе бидат заеднички, а и одговорноста ќе биде сподлена. Таа е оптимист дека Реформската агенда е остварлива.

-Мислам дека вреди да се биде оптимист. Знаете колку пати сум ја критикувала ЕУ дека после Солун немала вистинска стратегија за ЗБ, дека доцнела, дека некогаш не преземала одговорност, ова е мислам едфен исчекор. Значи имаме агенда, нејзиното спроведување велиме дека не е невозможно, разбрани сме, не поддржуваат. Тоа е веќе европско-балкански чекор и мислам дека од успехот или неуспехот на овие процеси, а јас верувам дека ќе бидеме успешни, тоа и денес ми се докаќжува, дека навистина Планот за раст и реформската агенмда ќе можеме да ги направиме реалност. Тоа ќе биде инспиративно и за сите други, но, најинспиративно ќе биде за довербата кај граѓаните, бидејќи се надевам дека кога ќе се видат првите резултати на европеизација, хомо балканикус ќе си се почувствува дека е хомо политикус, а граѓаните ќе почувствуваат дека имаат евтропска иднина, но не како цел туку како нешто што се остварува, рече Сиљановска Давкова.

Во дебата таа укажа дека најважен е капацитетот на тие 20 институции вклучени во имплементацијата на реформите, а во Владата најважна е, вели, соработката и капацитетот на министерствата за европски прашања и за финансии. Во однос на трошењето пари, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека не смееме да заборавиме дека сега постои механизам според кој мора да ги вратиме парите ако се утврдат неправилности со мерките.

-Значи од една страна внатрешната конотрола е многу битна по мене, а од друга страна можеби најбитна е контролата од страна на ревизорите или ние имаме убаво мислење, со право, за Државниот завод за ревизија, ама сега тој добива дополнителни надлежности за контрола. По мене тоа се тие клучни мерки на кои треба да се концентрираме. Министерството за финансии е надлежно за Договорот за заем, парите ни требаат за реформи, значи треба во целиот процес да има интегриран систем на мониториг за да може да не ги трошиме парите како што сме знаеле да ги трошиме бидејќи ќе треба да ги враќаме. И затоа надзорната улога на Парламентот, на Националниот совет, на оваа Комисија овде, постојано да ги држите под контрола, ќе биде важна оти ќе овозможи транспарентост, појасни Сиљановска-Давкова.

Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, кој претседаваше со седницата, во своето обраќање истакна дека она што е важно е што Планот за раст како политички инструмент е таков што не може да биде блокиран од која било земја членка заради одрдени политички несогласувања или некакви нерационални спорови. Оставарувањето на Планот за раст на ЕК зависи, рече тој, исклучиво од капацитетот на земјата да реализира што повеќе реформи во овие шест области.

-Ваквиот мерлив и транспарентен модел на поддршка за државите од регионот е гарант дека секоја земја ќе може да напредува и да добие поддршка според остварените реформи. Овие принципи, владеачкото мнозинство ги поддржува, но сигурен сум дека ќе имаме и поширока политичка поддршка во македонското собрание бидејќи се работи за заедничка цел, рече Милошоски и апелираше до сите чинители добро да ја разгледаат оваа прилично амбициозна реформска агенда и да дадат поддршка за неа.

Реформската агенда е подготвена во тесна соработка со ЕК и ќе опфати приоритетни области како реформи на јавната администрација, енергетската транзиција, сајбер безбедноста, дигитализацијата, развојот на човечкиот капитал и подобрувањето на деловното опкружување кои се клучни за подобрување на стандардот на граѓаните и обезбедување долгорочна стабилност и напредок за државата. Инаку, денешната седница на Комисијата за европски прашања е воведна расправа за Реформската агенда усвоена од Владата, а вакви расправи, претседателот на Комисијата најави дека ќе има на секои шест месеци, по потреба и поскоро за да се врши надзор на динамиката на реформите што власта ги предвидела со ЕК. Се очекува наскоро да се формира и составот на Националниот совет за европски прашања, со кој ќе претседава опозицијата. 

The post Рокас: Планот за раст јасен доказ за посветеноста на ЕУ кон партнерите од ЗБ и кредибилен пат кон пристапувањето во Унијата appeared first on Република.

]]>

Планот за раст е јасен доказ за посветеноста на ЕУ кон нашите партнери од Западен Балкан дека има кредибилен начин и пат кон пристапувањето во Унијата. Ова е пат кој нуди предности пред самото пристљпување, но кој исто така придонесува кон забрзување на пристапниот процес под услов да се случат фундаменталните реформи. Важно е да се нагласи дека Планот за раст не е алтернатива на проширувањето на ЕУ, тоа е понуда која ќе го надополни и забрза процесот на пристапувањето. Ова го истакна евроамбасадорот Михалис Рокас на презентацијата на Реформската агенда на Владата (2024-2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, на денешната седница на Комисијата за европски прашања која се одржа во Собранието на Република Македонија. Тој пред членовите на оваа Комисија истакна дека Инструментот за реформи и раст е суштински дел од Планот за раст и е дополнување на ИПА - инструментот за претпристапна помош и останатите механизми.
-Реформската агенда која ја претставува Министерството за европски прашања е одраз на најважните приорети за кои Северна Македонмија доби индикативна распределба на 750 милиони евра.  ЕК веќе ја прифати реформската агенда која има високо ниво на амбиција...Ослободувањето на овие средства ќе биде условено со успешна имплементација на реформските агенди за нашите партнери од ЗБ покривајќи ги и реформите во областа фундаменти и социо-економските реформи во тесна соработка со ЕК. Собранието има навистина важна улога во овој процес. Следниот чекор е ратификацијата на Инструментот и Договорот за заемот од страна на Собранието. Ова ќе и овозможи на земјата да го побара претходното финансирање за реформите, кое изнесува 7 отсто, односно околу 52,5 милиони евра за вашата земја, рече Рокас.
Тој истакна дека предизвиците кои престојат се поврани со воспоставување на национални структури за имплементација, мониторинг и известување, а знаејќи ги слабите административни капацитети во земјата, соработката и координацијата со Министерството за европски нпрашања и со Министерството за финансии, рече, ќе биде од суштинско значење за да се постигнат соодветни резултати. Ја истакна и коорднацијата меѓу донорите и комуникацијата со сите чинители ќе биде важна за да нема загуба на доспеаните средства ниту удвојувања. Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на седницата истакна дека реформите предвидени во, сега веќе одобрената Реформска агенда од страна на ЕК, имаат за цел да го забрзаат процесот на интеграција и истовремено да ја унапредат нашата економија, правниот систем, јавната администрација, како и да ги зајакнат правата на граѓаните, особено во однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
- Имплементацијата на оваа агенда ќе биде внимателно следена, при што ќе се воспостави национална структура за надзор на известувањето, оценувањето и механизмите за ревизија согласно барањата утврдени во Регулативата за инструмент за реформи и раст. Посветеноста на Владата и Министерството за европски прашања за ефикасно следење и отчетност ќе обезбеди услови за да ги постигнеме поставените амбициозни цели, односно дека напредокот на реформите ќе биде транспарентен и опиплив, рече Муртезани.
Тој изрази увереност дека спроведувањето на Реформската агенда, заедно со континуираното усогласување на нашиот правен и институционален систем со оној на ЕУ, ќе обезбеди неопходна основа за забрзана, суштинска интеграција во Европската Унија.
-Реформската агенда за периодот 2024-2027, заедно со деталните скрининг извештаи за сите кластери и Патоказот за владеењето на правото и реформата за јавната администрација, поставуваат јасни приоритети за Владата, Собранието и сите засегнати страни во нашиот процес на пристапување во ЕУ. Имплементацијата на овие реформи ќе бара колективни напори, не само од Владата и Собранието, туку и од граѓанското општество, приватниот сектор и пошироката јавност, порача министерот Муртезани.
На седницата пред присутните се обрати и претседателката Гордана Сиљаноска – Давкова која оцени дека Планот за раст е чекор за поздравување оти вели не сме имале досега ЕУ-ЗБ партнерство кое ќе овозможи учење во од, со финансиска помош која ни е потребна, а кој од води до единствениот европски пазар. Според неа тоа е многу важно оти резултатите ќе бидат заеднички, а и одговорноста ќе биде сподлена. Таа е оптимист дека Реформската агенда е остварлива.
-Мислам дека вреди да се биде оптимист. Знаете колку пати сум ја критикувала ЕУ дека после Солун немала вистинска стратегија за ЗБ, дека доцнела, дека некогаш не преземала одговорност, ова е мислам едфен исчекор. Значи имаме агенда, нејзиното спроведување велиме дека не е невозможно, разбрани сме, не поддржуваат. Тоа е веќе европско-балкански чекор и мислам дека од успехот или неуспехот на овие процеси, а јас верувам дека ќе бидеме успешни, тоа и денес ми се докаќжува, дека навистина Планот за раст и реформската агенмда ќе можеме да ги направиме реалност. Тоа ќе биде инспиративно и за сите други, но, најинспиративно ќе биде за довербата кај граѓаните, бидејќи се надевам дека кога ќе се видат првите резултати на европеизација, хомо балканикус ќе си се почувствува дека е хомо политикус, а граѓаните ќе почувствуваат дека имаат евтропска иднина, но не како цел туку како нешто што се остварува, рече Сиљановска Давкова.
Во дебата таа укажа дека најважен е капацитетот на тие 20 институции вклучени во имплементацијата на реформите, а во Владата најважна е, вели, соработката и капацитетот на министерствата за европски прашања и за финансии. Во однос на трошењето пари, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека не смееме да заборавиме дека сега постои механизам според кој мора да ги вратиме парите ако се утврдат неправилности со мерките.
-Значи од една страна внатрешната конотрола е многу битна по мене, а од друга страна можеби најбитна е контролата од страна на ревизорите или ние имаме убаво мислење, со право, за Државниот завод за ревизија, ама сега тој добива дополнителни надлежности за контрола. По мене тоа се тие клучни мерки на кои треба да се концентрираме. Министерството за финансии е надлежно за Договорот за заем, парите ни требаат за реформи, значи треба во целиот процес да има интегриран систем на мониториг за да може да не ги трошиме парите како што сме знаеле да ги трошиме бидејќи ќе треба да ги враќаме. И затоа надзорната улога на Парламентот, на Националниот совет, на оваа Комисија овде, постојано да ги држите под контрола, ќе биде важна оти ќе овозможи транспарентост, појасни Сиљановска-Давкова.
Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, кој претседаваше со седницата, во своето обраќање истакна дека она што е важно е што Планот за раст како политички инструмент е таков што не може да биде блокиран од која било земја членка заради одрдени политички несогласувања или некакви нерационални спорови. Оставарувањето на Планот за раст на ЕК зависи, рече тој, исклучиво од капацитетот на земјата да реализира што повеќе реформи во овие шест области.
-Ваквиот мерлив и транспарентен модел на поддршка за државите од регионот е гарант дека секоја земја ќе може да напредува и да добие поддршка според остварените реформи. Овие принципи, владеачкото мнозинство ги поддржува, но сигурен сум дека ќе имаме и поширока политичка поддршка во македонското собрание бидејќи се работи за заедничка цел, рече Милошоски и апелираше до сите чинители добро да ја разгледаат оваа прилично амбициозна реформска агенда и да дадат поддршка за неа.
Реформската агенда е подготвена во тесна соработка со ЕК и ќе опфати приоритетни области како реформи на јавната администрација, енергетската транзиција, сајбер безбедноста, дигитализацијата, развојот на човечкиот капитал и подобрувањето на деловното опкружување кои се клучни за подобрување на стандардот на граѓаните и обезбедување долгорочна стабилност и напредок за државата. Инаку, денешната седница на Комисијата за европски прашања е воведна расправа за Реформската агенда усвоена од Владата, а вакви расправи, претседателот на Комисијата најави дека ќе има на секои шест месеци, по потреба и поскоро за да се врши надзор на динамиката на реформите што власта ги предвидела со ЕК. Се очекува наскоро да се формира и составот на Националниот совет за европски прашања, со кој ќе претседава опозицијата. 

The post Рокас: Планот за раст јасен доказ за посветеноста на ЕУ кон партнерите од ЗБ и кредибилен пат кон пристапувањето во Унијата appeared first on Република.

]]>
Реформската агенда пред Комисијата за европски прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reformskata-agenda-pred-komisijata-za-evropski-prashana/ Fri, 08 Nov 2024 07:28:19 +0000 https://republika.mk/?p=835326

Реформската агенда на Владата (2024-2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, ќе биде презентирана денеска на третата седница на Комисијата за европски прашања која ќе се одржи во Собранието на Република Македонија со почеток во 14:30 часот.

Реформската агенда ги истакнува заложбите на државата за успешно спроведување на реформите неопходни за подобрување на стандардите во областите како владеење на правото, реформа на администрацијата и енергетската транзиција.

На седницата обраќања пред пратениците ќе имаат претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљаноска – Давкова, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Со седницата ќе претседава потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.

The post Реформската агенда пред Комисијата за европски прашања appeared first on Република.

]]>

Реформската агенда на Владата (2024-2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, ќе биде презентирана денеска на третата седница на Комисијата за европски прашања која ќе се одржи во Собранието на Република Македонија со почеток во 14:30 часот. Реформската агенда ги истакнува заложбите на државата за успешно спроведување на реформите неопходни за подобрување на стандардите во областите како владеење на правото, реформа на администрацијата и енергетската транзиција. На седницата обраќања пред пратениците ќе имаат претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљаноска – Давкова, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани. Со седницата ќе претседава потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.

The post Реформската агенда пред Комисијата за европски прашања appeared first on Република.

]]>
Презентирана реформската агенда: Со зелен, жолт и црвен картон ќе прави притисок врз министерствата да ги спроведуваат реформите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prezentirana-reformskata-agenda-so-zelen-zholt-i-tsrven-karton-ke-pravi-pritisok-vrz-ministerstvata-da-gi-sproveduvaat-reformite/ Fri, 25 Oct 2024 13:39:58 +0000 https://republika.mk/?p=830994

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска одржа брифинг со новинари, на кој ја презентираше Реформската агенда на  Македонија во период од 2024-2027 година, која вчера беше и официјално одобрена од страна на Европската комисија.

Реформската агенда е дел од Планот за раст на Западен Балкан од 6 милијарди евра, од кои земјава треба да добие 750 милиони евра, додека првата транша во износ од 52,5 милиони евра се очекува да стигне до крајот на годинава.

Тој појасни дека исплатите според Инструменот за реформи и раст се условени со исполнување на одредени критериуми, што значи дека реформата прво треба да биде спроведена врз основа на одредени стандарди и преку почитување на одредени квалитативни и квантитативни чекори за да можеме прво да побараме исплата и истата да се одобри.

Муртезани појасни дека исплатата може да се прави два пати годишно, бидејќи сите реформи се поврзани со датуми, јуни и декември во текот на една година. Нагласи дека во случај на негативна оценка од страна на ЕК, односно проценка на ЕК за неисполнување на одредени услови, според претходно утврдени индикатори, ослободувањето на средствата ќе биде блокирано односно предвидениот прајс таг за таа реформа нема да се исплати се додека не се исполнат реформите.

Министерот слабата алка ја гледа во имплементацијата на Реформската агенда, односно во апсорпциониот капацитет на средствата. Истакна дека некои од министерствата не се во соодветна кондиција, некаде недостига професионален кадар, некаде има недостиг на кадар, некаде не се усогласени или погрешно стуктуирани и сето ова, според него, може да предизвика проблеми при апсорпцијата на средствата.

- Најголемата главоболка е структурата за имплементирање на Реформската агенда. Како Министерство добивме одредени генерални насоки за тоа како треба да изгледа целата структура на следење, мониторинг, евалуација...Оваа структура претежно ќе биде во координација на МЕП, меѓутоа во соработка со МФ, заради финансиската компонента на целата Реформска агенда. Тоа што сега изгледа дека ќе биде структура, подразбира дека секое Минисерство ќе биде носител на одредена област. Засега точно се знае дека МП ќе биде носител на петтиот столб, бидејќи таму има реформи во надлежност само на Правда, додека кај другите области ќе мора да се договорат да бидат копретседавачи во зависност од тоа кои реформски чекори се предвидени, рече Муртезани.

Вториот предизвик, според него, е листата на проекти, бидејќи, како што кажа таа листа засега изгледа на листа на желби, која понатаму треба да се преточи во листа на проекти и тие проекти за да станат предмет на финансирање мора да станат зрели.

Додаде дека освен се ова што е предвидено како механизам, секогаш ЕК има право на дополнителни проверки и барања ако смета дека одреден чекор не е како што треба спроведен.

-Ако ние сме се обврзале на реформи, а сме добиле алокација на средства за нивно спроведување, јас секогаш ќе се држам до тоа што е преземено. Ако некои министри сметаат дека одреден проект треба да се направи различно, тоа е нивно право, но треба да најдат извор на финансирање. Овој процес е заокружен и затоа имаме список на потенцијални проекти.

Вели дека Реформската агенда е добра шанса на брза трака ние да направиме одредени реформи за кои во нормални услови би требале од седум до десет години.

-Целта на РА е нас брзо да не спреми да бидеме членки на ЕУ. Јас како министер за европски прашања ќе се залагам и тоа ќе го правам на секоја владина седница, ќе реферирам како тече процесот на реформи. Дури и на колегите од Министерството веќе купив три картони –  зелен, жолт и црвен и тие што ги спровеле реформите ќе им биде врачен зелен, тие што имаат проблеми жолт, а тие што доцнат – црвен. Нема да ми биде проблем овој механмизам да го направам и јавен бидејќи сакам министерствата да имаат и јавен притисок да ги спроведат реформите. Во политиката казната следува на избори. Ако ние не ги апсорбираме сите пари ако одредени министерства се неуспешни казната на некој начин ќе следи, нагласи Муртезани.

На брифингот беше посочено и дека во Регулативата за реформи и раст од мај 2024 постојат одредени правила и во однос на времетраењето во кое треба да ги исполниме реформите, односно ветувањата што сме ги дале и кои се втемелени во Реформската агенда.

-Во исполнувањето на реформите има т.н. грејс период од 24 месеци, што значи дека средствата што се таргетирани за тие реформи доколку не успееме да ги реализираме до дадениот период, имаме 24 месеци грејс период, а оттогаш натаму за другите години грејс периодот е до 12 месеци. Она што сакам да нагласам е дека динамиката треба да се следи и да се обидеме максимално да ја следиме така како што е предвидена, не сметајќи на овој грејс период. Треба можеби и да го заборавиме грејс периодот или само во исклучителни случаи, затоа што ако го користиме и се потпираме на него, тогаш ќе почнат да се таложат тие три години, односно ќе се зголемат обврските за следната година, и до 31 август 2027 година ќе се судрат премногу обврски кои можеби многу тешко ќе можат да се реализираат, рече државниот советник во МЕП Драган Тилев.

Со Реформската агенда ќе се спроведуваат 37 реформи во 136 чекори во областите Управување на јавни финансии и Реформи на јавна администрација, Зелена енергија, Дигитализација, Човечки капитал, ПСД и Деловно опкружување (развој на приватен сектор и деловно опкружување), Фундаментални вредности и владеење на правото

The post Презентирана реформската агенда: Со зелен, жолт и црвен картон ќе прави притисок врз министерствата да ги спроведуваат реформите appeared first on Република.

]]>

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска одржа брифинг со новинари, на кој ја презентираше Реформската агенда на  Македонија во период од 2024-2027 година, која вчера беше и официјално одобрена од страна на Европската комисија. Реформската агенда е дел од Планот за раст на Западен Балкан од 6 милијарди евра, од кои земјава треба да добие 750 милиони евра, додека првата транша во износ од 52,5 милиони евра се очекува да стигне до крајот на годинава. Тој појасни дека исплатите според Инструменот за реформи и раст се условени со исполнување на одредени критериуми, што значи дека реформата прво треба да биде спроведена врз основа на одредени стандарди и преку почитување на одредени квалитативни и квантитативни чекори за да можеме прво да побараме исплата и истата да се одобри. Муртезани појасни дека исплатата може да се прави два пати годишно, бидејќи сите реформи се поврзани со датуми, јуни и декември во текот на една година. Нагласи дека во случај на негативна оценка од страна на ЕК, односно проценка на ЕК за неисполнување на одредени услови, според претходно утврдени индикатори, ослободувањето на средствата ќе биде блокирано односно предвидениот прајс таг за таа реформа нема да се исплати се додека не се исполнат реформите. Министерот слабата алка ја гледа во имплементацијата на Реформската агенда, односно во апсорпциониот капацитет на средствата. Истакна дека некои од министерствата не се во соодветна кондиција, некаде недостига професионален кадар, некаде има недостиг на кадар, некаде не се усогласени или погрешно стуктуирани и сето ова, според него, може да предизвика проблеми при апсорпцијата на средствата.
- Најголемата главоболка е структурата за имплементирање на Реформската агенда. Како Министерство добивме одредени генерални насоки за тоа како треба да изгледа целата структура на следење, мониторинг, евалуација...Оваа структура претежно ќе биде во координација на МЕП, меѓутоа во соработка со МФ, заради финансиската компонента на целата Реформска агенда. Тоа што сега изгледа дека ќе биде структура, подразбира дека секое Минисерство ќе биде носител на одредена област. Засега точно се знае дека МП ќе биде носител на петтиот столб, бидејќи таму има реформи во надлежност само на Правда, додека кај другите области ќе мора да се договорат да бидат копретседавачи во зависност од тоа кои реформски чекори се предвидени, рече Муртезани.
Вториот предизвик, според него, е листата на проекти, бидејќи, како што кажа таа листа засега изгледа на листа на желби, која понатаму треба да се преточи во листа на проекти и тие проекти за да станат предмет на финансирање мора да станат зрели. Додаде дека освен се ова што е предвидено како механизам, секогаш ЕК има право на дополнителни проверки и барања ако смета дека одреден чекор не е како што треба спроведен.  
-Ако ние сме се обврзале на реформи, а сме добиле алокација на средства за нивно спроведување, јас секогаш ќе се држам до тоа што е преземено. Ако некои министри сметаат дека одреден проект треба да се направи различно, тоа е нивно право, но треба да најдат извор на финансирање. Овој процес е заокружен и затоа имаме список на потенцијални проекти.
Вели дека Реформската агенда е добра шанса на брза трака ние да направиме одредени реформи за кои во нормални услови би требале од седум до десет години.
-Целта на РА е нас брзо да не спреми да бидеме членки на ЕУ. Јас како министер за европски прашања ќе се залагам и тоа ќе го правам на секоја владина седница, ќе реферирам како тече процесот на реформи. Дури и на колегите од Министерството веќе купив три картони –  зелен, жолт и црвен и тие што ги спровеле реформите ќе им биде врачен зелен, тие што имаат проблеми жолт, а тие што доцнат – црвен. Нема да ми биде проблем овој механмизам да го направам и јавен бидејќи сакам министерствата да имаат и јавен притисок да ги спроведат реформите. Во политиката казната следува на избори. Ако ние не ги апсорбираме сите пари ако одредени министерства се неуспешни казната на некој начин ќе следи, нагласи Муртезани.
На брифингот беше посочено и дека во Регулативата за реформи и раст од мај 2024 постојат одредени правила и во однос на времетраењето во кое треба да ги исполниме реформите, односно ветувањата што сме ги дале и кои се втемелени во Реформската агенда. -Во исполнувањето на реформите има т.н. грејс период од 24 месеци, што значи дека средствата што се таргетирани за тие реформи доколку не успееме да ги реализираме до дадениот период, имаме 24 месеци грејс период, а оттогаш натаму за другите години грејс периодот е до 12 месеци. Она што сакам да нагласам е дека динамиката треба да се следи и да се обидеме максимално да ја следиме така како што е предвидена, не сметајќи на овој грејс период. Треба можеби и да го заборавиме грејс периодот или само во исклучителни случаи, затоа што ако го користиме и се потпираме на него, тогаш ќе почнат да се таложат тие три години, односно ќе се зголемат обврските за следната година, и до 31 август 2027 година ќе се судрат премногу обврски кои можеби многу тешко ќе можат да се реализираат, рече државниот советник во МЕП Драган Тилев. Со Реформската агенда ќе се спроведуваат 37 реформи во 136 чекори во областите Управување на јавни финансии и Реформи на јавна администрација, Зелена енергија, Дигитализација, Човечки капитал, ПСД и Деловно опкружување (развој на приватен сектор и деловно опкружување), Фундаментални вредности и владеење на правото

The post Презентирана реформската агенда: Со зелен, жолт и црвен картон ќе прави притисок врз министерствата да ги спроведуваат реформите appeared first on Република.

]]>
ЕУ даде зелено светло за реформската агенда на Македонија: Вредност од шест милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-dade-zeleno-svetlo-za-reformskata-agenda-na-makedonija-vrednost-od-shest-milijardi-evra/ Fri, 11 Oct 2024 18:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=825714

Земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло на Реформската агенда на Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство, беше објавено денеска на официјалната сметка на Унгарија како претседавач со ЕУ на мрежата X.

„Реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија беа одобрени во согласност со новиот Инструмент за реформи и раст, вреден шест милијарди евра“, се наведува во соопштението.

Ова, се додава, го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство.

„Поддршката за интеграцијата на Западен Балкан останува клучен приоритет на унгарското претседателство“, се заклучува во соопштението.

The post ЕУ даде зелено светло за реформската агенда на Македонија: Вредност од шест милијарди евра appeared first on Република.