реформи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reformi/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 17:16:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реформи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reformi/ 32 32 Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-rabotite-vo-sudstvoto-se-katastrofalno-loshi-potrebni-se-ostavki-vo-sudski-sovet-generalen-remont-i-reizbor/ Thu, 03 Oct 2024 16:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=822296

Работите во судството ни се лоши, катастрофално лоши и тоа е оценка на сите од надвор и од внатре, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тој посочи дека поради нула ажурност на судовите резултатите се катастрофални.

Резултатите се катастрофални со ажурност нула на судовите. Од одредени судови се праќаат по други, од едни апелациони подрачја во други се праќаат на испомош затоа што нема судии, вели Ковачки.

Тој продолжи и додаде:

Правдата генерално во Република Македонија ја нема тоа правосудство, судство, обвинителство таа спрега е скапана и тука ние не може да направиме исчекор без генерален ремонт. Мора да имаме генерален ремонт и реизбор, потенцираше Ковачки.

Тој е дециден дека сите во судскиот совет треба да си дадат оставки.

Судски совет како што сега е поставен треба да си дадат оставки затоа што доведоа до тие 2% доверба, додаде Ковачки.

The post Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор appeared first on Република.

]]>

Работите во судството ни се лоши, катастрофално лоши и тоа е оценка на сите од надвор и од внатре, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Тој посочи дека поради нула ажурност на судовите резултатите се катастрофални. Резултатите се катастрофални со ажурност нула на судовите. Од одредени судови се праќаат по други, од едни апелациони подрачја во други се праќаат на испомош затоа што нема судии, вели Ковачки. Тој продолжи и додаде: Правдата генерално во Република Македонија ја нема тоа правосудство, судство, обвинителство таа спрега е скапана и тука ние не може да направиме исчекор без генерален ремонт. Мора да имаме генерален ремонт и реизбор, потенцираше Ковачки. Тој е дециден дека сите во судскиот совет треба да си дадат оставки. Судски совет како што сега е поставен треба да си дадат оставки затоа што доведоа до тие 2% доверба, додаде Ковачки.

The post Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор appeared first on Република.

]]>
Системот за менаџирање на кризи ќе подлежи на реформи: Земјава и натаму се соочува со пожари и екстремно високи температури https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sistemot-za-menadhirane-na-krizi-ke-podlezhi-na-reformi-zemjava-i-natamu-se-soochuva-so-pozhari-i-ekstremno-visoki-temperaturi/ Wed, 14 Aug 2024 08:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=806373

Системот за управување со кризи ќе се реформира, одлучи Владата, а тоа ќе се направи преку спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Нешто, кое, според Владата, ќе придонесе кон поефикасен кризен менаџмент во иднина. Во меѓувреме, пожарите не стивнуваат, а температурите и натаму се екстремно високи.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера информираше дека на седница на Владата е донесена одлука за спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи со цел поефикасно функционирање на системот за справување со кризи.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека е неопходна реформа во системот за менаџирање со кризи.

– Прв чекор што направивме е донесовме одлука да ДЗС и ЦУК да отпочнат процес на фузионирање, оптимирање прво на кадарот, а второ да имаме една институција која во услови на кризен менаџмент ќе знае како да делува по определени протоколи, рече премиерот по вчерашната посета на започнувањето на градежни активности за доградба на објектот „Изворче“ во детската градинка Срничка во Аеродром.

Дополни дека реформите ќе бидат направени откако ќе се изборат со огнената стихија, кога, како што рече „ќе седнеме и сериозно ќе се занимаваме со оваа тема за в година ова да не ни се случи“.

Информираше дека на владината седница одобриле повеќе средства за ЦУК и ДЗС кои се потребни за справување со пожарите.

Премиерот се осврна и на ситуацијата со пожарите при што посочи дека се соочиле со состојба да немаат летала да се справуваат со огнената стихија, додека, во меѓувреме, и пилотите се во пензија.

Немавме летала за да се справуваме со пожарите со кои што почнаа на 10 јули, освен тоа, пилотите беа во пензија. Армиските полициски хеликоптери беа на сервис. Практично, ние голораки, заедно со пожарникарите, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, со доброволците се бориме дневно со повеќе од 40 огнени стихии, секој ден, на целата територија на државава, рече тој, заблагодарувајќи им се на сите кои што учествуваат во гаснењето на пожарите.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели дека бројот на пожарите не се намалува и според досегашното искуство, се очекуваат и нови. Тој апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не предизвикуваат пожари, а доколку забележат пожар веднаш да го пријават.

The post Системот за менаџирање на кризи ќе подлежи на реформи: Земјава и натаму се соочува со пожари и екстремно високи температури appeared first on Република.

]]>

Системот за управување со кризи ќе се реформира, одлучи Владата, а тоа ќе се направи преку спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Нешто, кое, според Владата, ќе придонесе кон поефикасен кризен менаџмент во иднина. Во меѓувреме, пожарите не стивнуваат, а температурите и натаму се екстремно високи. Премиерот Христијан Мицкоски вчера информираше дека на седница на Владата е донесена одлука за спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи со цел поефикасно функционирање на системот за справување со кризи. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека е неопходна реформа во системот за менаџирање со кризи.
– Прв чекор што направивме е донесовме одлука да ДЗС и ЦУК да отпочнат процес на фузионирање, оптимирање прво на кадарот, а второ да имаме една институција која во услови на кризен менаџмент ќе знае како да делува по определени протоколи, рече премиерот по вчерашната посета на започнувањето на градежни активности за доградба на објектот „Изворче“ во детската градинка Срничка во Аеродром.
Дополни дека реформите ќе бидат направени откако ќе се изборат со огнената стихија, кога, како што рече „ќе седнеме и сериозно ќе се занимаваме со оваа тема за в година ова да не ни се случи“. Информираше дека на владината седница одобриле повеќе средства за ЦУК и ДЗС кои се потребни за справување со пожарите. Премиерот се осврна и на ситуацијата со пожарите при што посочи дека се соочиле со состојба да немаат летала да се справуваат со огнената стихија, додека, во меѓувреме, и пилотите се во пензија.
Немавме летала за да се справуваме со пожарите со кои што почнаа на 10 јули, освен тоа, пилотите беа во пензија. Армиските полициски хеликоптери беа на сервис. Практично, ние голораки, заедно со пожарникарите, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, со доброволците се бориме дневно со повеќе од 40 огнени стихии, секој ден, на целата територија на државава, рече тој, заблагодарувајќи им се на сите кои што учествуваат во гаснењето на пожарите.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели дека бројот на пожарите не се намалува и според досегашното искуство, се очекуваат и нови. Тој апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не предизвикуваат пожари, а доколку забележат пожар веднаш да го пријават.  

The post Системот за менаџирање на кризи ќе подлежи на реформи: Земјава и натаму се соочува со пожари и екстремно високи температури appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Основа на функционирање на оваа Влада е владеење на правото, ниту сум се откажал, ниту пак ќе се откажам од реформи во правосудството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-osnova-na-funktsionirane-na-ovaa-vlada-e-vladeene-na-pravoto-nitu-sum-se-otkazhal-nitu-pak-ke-se-otkazham-od-reformi-vo-pravosudstvoto/ Tue, 13 Aug 2024 15:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=806239

Не сум се откажал, нити ќе се откажам се додека правосудството кај граѓаните ужива доверба од 2 проценти, се ќе направам, буквално се ќе направам што е во моја моќ да тие 2 проценти бидат барем во една година 12. Се ќе направам. Но тоа што е наш одговор во тој документ којшто вие го кажувате е одговор врз основа на важечките закони и Устав. Ние како Влада не можеме да излеземе надвор од важечкото законодавство и Устав - изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски апелираше до експертската јавност да достават предлог за да се врати довербата на граѓаните во правосудството.

Дали сум се откажал? Ако добиеме подобар предлог за којшто, апелирам, молам еве ја користам оваа прилика, сите тие што беа против и од ЕУ и од експертската јавност, еве ве молам доставете, поминаа месеци ако не доставите тогаш доаѓаме до заклучокот дека вие намерно штитите институции коишто не се способни да обезбедат поддршка кај граѓаните поголема од 2 проценти, институции коишто не гарантираат владеење на правото, бидејќи 2 проценти кај граѓаните не е владеење на правото и институции коишто му служат некому, а не граѓаните. Како премиер, како претседател на Владата којшто добил, излегувајќи напред на чело на коалицијата, 450.000 граѓани на избори на оваа програма, ако не добијам подобар предлог не ми преостанува ништо друго освен тоа да тој предлог што погласно го промовирам и да ја вратиме довербата кај граѓаните - подвлече премиерот.

Претседателот на Владата Мицкоски објасни дека доколку нема доверба во правосудството нема да има странски инвестиции, што ќе има големо влијание врз Буџетот на државата и животниот стандард на граѓаните.

Основа на функционирање на оваа Влада е владеење на правото, тоа значи судии и обвинители коишто судат и обвинуваат согласно Закон и Устав, а не согласно партиски нарачки, од партиски штабови или други центри на моќ. Судии и обвинители коишто ќе гарантираат владеење на право и доверба кај граѓаните. Зашто? Затоа што ако немаме правна држава, нема да имаме ниту инвестиции, никој нема да сака да инвестира, ако немаме инвестиции ќе немаме пари во Буџетот, ако немаме пари во Буџет, многу едноставно, ќе нема пари ниту за реформи во образованието, ниту за реформи во здравството, ниту за повисоки плати, ниту за субвенции, ниту за оброк за младите, ниту за стипендии, ниту за нови студентски домови, ниту за медиумите, ниту за никого - рече премиерот.

Нема да штитам никого, немам концесија кон никого, треба тоа да го разберат сите и не се откажувам од ништо, само во случај ако добиеме подобар предлог, соопшти премиерот и додаде:

Ги повикувам нека не се кријат, позади комфорот на позициите коишто ги имаат, без разлика од каде доаѓаат, без разлика дали се претставници на меѓународна заедница, дали се домашни експерти. Дојдете подготвен сум да разговарам со сите вас, дајте предлог вака не иде, 2 проценти доверба кај граѓаните. А тезата еве му ја свиткаа раката на Мицкоски па сега попушти е глупава теза. Ми ја виткаат раката 6 години, не сме имале ваков капацитет, таков капацитет па гледате дека се што кажаа ништо не излезе така. Доста од политиканство, народот од нас очекува дејства, да го направиме животот подобар, да правиме вакви објекти, да нема деца на листа на чекање, да има подобар стандард, да живеат подобро тоа го очекуваат. Сега дали ми ја свиткале, не ми ја свиткале, никој не може да ми ја свитка раката, голем сум фала му на Бога.

The post Мицкоски: Основа на функционирање на оваа Влада е владеење на правото, ниту сум се откажал, ниту пак ќе се откажам од реформи во правосудството appeared first on Република.

Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-dhaferi-begaj-protsesot-na-evrointegratsii-da-se-zaokruzhi-so-uspeh/ Thu, 13 Jun 2024 14:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=787258

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери,  денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој што е  во земјава  во рамките на учеството на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Собранието на Република Македонија.

На средбата, премиерот Џафери му посака топло добредојде на претседателот Бегај, изразувајќи задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателски и братски однос кој е повеќе од само добрососедски однос. Единствено економската размена  со Република Албанија не го рефлектира  тој одличен однос и затоа соговорниците се согласија дека таа треба да биде приоритет и за актуелните Влади на двете земји, и секако имајќи го предвид очекуваниот избор на новиот владин состав во земјава по одржаните парламентарни избори, и за идната Влада на Република Македонија.  Премиерот Џафери истакна дека е важно да се продолжи со реформи за исполнување на зацртаниот пат на двете земји, кои веќе се сојузници во НАТО, со надеж дека и процесот на евроинтеграции ќе  се заокружи со успех.

Претседателот Бегај, изрази задоволство од можноста да се сретне  со Премиерот Џафери, на кого му се заблагодари за ангажманот, професионалноста, гордоста и достоинството со кое ја исполни уставната надлежност на Премиер на земјава, а што претставува додадена вредност за него и за Република Македонија. Важно е, истакна тој, „да се задржи и надгради уште повеќе тоа што е постигнато во Република Македонија, а  што е во однос на однос на правата и обврските на заедниците.“  Се согласи со констатациите на премиерот Џафери во однос на тоа дека евроинтеграциите се приоритет за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница во регионот, и дека е добро што и двете држави се на иста линија со Европската Унија што се однесува на надворешната и безбедносната политика на Унијата.

Соговорниците се согласија дека ќе продолжат да ја интензивираат и збогатуваат взаемната соработка во сите полиња од взаемен интерес и во полза на граѓаните на двете земји.

The post Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери,  денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој што е  во земјава  во рамките на учеството на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Собранието на Република Македонија. На средбата, премиерот Џафери му посака топло добредојде на претседателот Бегај, изразувајќи задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателски и братски однос кој е повеќе од само добрососедски однос. Единствено економската размена  со Република Албанија не го рефлектира  тој одличен однос и затоа соговорниците се согласија дека таа треба да биде приоритет и за актуелните Влади на двете земји, и секако имајќи го предвид очекуваниот избор на новиот владин состав во земјава по одржаните парламентарни избори, и за идната Влада на Република Македонија.  Премиерот Џафери истакна дека е важно да се продолжи со реформи за исполнување на зацртаниот пат на двете земји, кои веќе се сојузници во НАТО, со надеж дека и процесот на евроинтеграции ќе  се заокружи со успех. Претседателот Бегај, изрази задоволство од можноста да се сретне  со Премиерот Џафери, на кого му се заблагодари за ангажманот, професионалноста, гордоста и достоинството со кое ја исполни уставната надлежност на Премиер на земјава, а што претставува додадена вредност за него и за Република Македонија. Важно е, истакна тој, „да се задржи и надгради уште повеќе тоа што е постигнато во Република Македонија, а  што е во однос на однос на правата и обврските на заедниците.“  Се согласи со констатациите на премиерот Џафери во однос на тоа дека евроинтеграциите се приоритет за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница во регионот, и дека е добро што и двете држави се на иста линија со Европската Унија што се однесува на надворешната и безбедносната политика на Унијата. Соговорниците се согласија дека ќе продолжат да ја интензивираат и збогатуваат взаемната соработка во сите полиња од взаемен интерес и во полза на граѓаните на двете земји.

The post Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Сите оние кои се богатеа на маката и здравјето на пациентите ќе бидат изведени пред лицето на правдата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-site-onie-koi-se-bogatea-na-makata-i-zdravjeto-na-patsientite-ke-bidat-izvedeni-pred-litseto-na-pravdata/ Thu, 01 Feb 2024 16:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=739476

Можеби и како во сите области, така и во здравството не ни треба рестарт, туку ни треба една трансформација. Целосна трансформација затоа што времето како да не го следиме, и сега сето тоа кога ќе му при додадеме лошо менаџирање посебно последните 6 години од владата на СДСМ и ДУИ, тогаш рестартирањето не би било соодветна мерка која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ би требало да го направи. Нас ни треба целосна трансформација, дециден е претседателот Христијан Мицкоски во неговото обраќање на денешната дебата Здравствена платформа за иднина на тема Концепт за здравство.

Мицкоски се наврти од самиот почеток на владата на СДСМ и ДУИ и рече дека ветуваа живот, а донесоа смрт.

Тие ветуваа живот. Но, за жал донесоа се само не живот. Ќе ве вратам во периодот на почетоците нив кога беа избрани за влада, од оние политички гимнастики не ваков Клинички центар, туку таков, па поништува договори, па го префрлаа на една локација, па на друга локација итн. И се до денеска ќе видите дека имаат еден континуитет, а тоа е да не ја говорат вистината. Тие не ја говорат вистината, односно манипулираат и лажат. Од тој почеток , па потоа периодот кога се случи онаа пандемија со ковидот сите недостатоци и сето незнаење и неорганизираност на владата испливаа на површина. За жал, тоа македонските граѓани го плаќаа најмногу во Европа и најмногу во свет со живот. Не беа подготвени за ништо и тоа беше една системска слабост која што беше јасно воочлива. Нивната неспособност и не знаење изминатите 6 години наместо живот, донесоа смрт за жал за најголем дел за нашите сограѓани, а здравството за жал ни се наоѓа во една коматозна состојба, на апарати - рече тој.

Мицкоски истакна дека според сите истражувања здравството е втора тема само во Македонија која ги мачи граѓаните и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи сите граѓани да добијат соодветна здравствена нега и услуга која што ја заслужуваат онака како што треба.

Само во Македонија здравството е втора тема која што ги мачи граѓаните како проблем и тоа да ни биде нас своевиден мотив како политичка гарнитура како тоа воопшто да не биде тема, односно сите граѓани да добијат соодветна здравствена нега и услуга која што ја заслужуваат онака како што треба - објасни тој.

Мојата суштинска порака е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже поинаков пристап со здравството, вели Мицкоски и најави дека оние кои што на маката и здравјето на пациентите ќе се богатат ќе бидат санкционирани и ќе бидат изведени пред лицето на правдата со докази.

Оние малкумина кои што го злоупотребуваат здравствениот денар, оние малкумина кои што мислат дека на здравјето на пациентите ќе злоупотребуваат и лично ќе се богатат, јас ви ветувам дека ќе бидат санкционирани и ќе бидат изведени пред лицето на правдата со докази. Се разбира нема тоа да биде политичка хајка бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема намера да организира спектакуларни холивудски апсења како што тоа беше одлика на некои минати времиња. напротив со јасни аргументи и докази имаме веќе индиции и ќе кажеме кои се тие малкумина, за да не го валкаат името на многумината чесни кои се грижат за нашите пациенти. И ќе покажеме дека не се сите исти бидејќи тоа е нашата максима, дека не се сите исти. И тоа мора да го направиме веднаш, офанзивно уште во првите неколку месеци од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: Сите оние кои се богатеа на маката и здравјето на пациентите ќе бидат изведени пред лицето на правдата appeared first on Република.

]]>

Можеби и како во сите области, така и во здравството не ни треба рестарт, туку ни треба една трансформација. Целосна трансформација затоа што времето како да не го следиме, и сега сето тоа кога ќе му при додадеме лошо менаџирање посебно последните 6 години од владата на СДСМ и ДУИ, тогаш рестартирањето не би било соодветна мерка која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ би требало да го направи. Нас ни треба целосна трансформација, дециден е претседателот Христијан Мицкоски во неговото обраќање на денешната дебата Здравствена платформа за иднина на тема Концепт за здравство. Мицкоски се наврти од самиот почеток на владата на СДСМ и ДУИ и рече дека ветуваа живот, а донесоа смрт.
Тие ветуваа живот. Но, за жал донесоа се само не живот. Ќе ве вратам во периодот на почетоците нив кога беа избрани за влада, од оние политички гимнастики не ваков Клинички центар, туку таков, па поништува договори, па го префрлаа на една локација, па на друга локација итн. И се до денеска ќе видите дека имаат еден континуитет, а тоа е да не ја говорат вистината. Тие не ја говорат вистината, односно манипулираат и лажат. Од тој почеток , па потоа периодот кога се случи онаа пандемија со ковидот сите недостатоци и сето незнаење и неорганизираност на владата испливаа на површина. За жал, тоа македонските граѓани го плаќаа најмногу во Европа и најмногу во свет со живот. Не беа подготвени за ништо и тоа беше една системска слабост која што беше јасно воочлива. Нивната неспособност и не знаење изминатите 6 години наместо живот, донесоа смрт за жал за најголем дел за нашите сограѓани, а здравството за жал ни се наоѓа во една коматозна состојба, на апарати - рече тој.
Мицкоски истакна дека според сите истражувања здравството е втора тема само во Македонија која ги мачи граѓаните и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи сите граѓани да добијат соодветна здравствена нега и услуга која што ја заслужуваат онака како што треба.
Само во Македонија здравството е втора тема која што ги мачи граѓаните како проблем и тоа да ни биде нас своевиден мотив како политичка гарнитура како тоа воопшто да не биде тема, односно сите граѓани да добијат соодветна здравствена нега и услуга која што ја заслужуваат онака како што треба - објасни тој.
Мојата суштинска порака е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже поинаков пристап со здравството, вели Мицкоски и најави дека оние кои што на маката и здравјето на пациентите ќе се богатат ќе бидат санкционирани и ќе бидат изведени пред лицето на правдата со докази. Оние малкумина кои што го злоупотребуваат здравствениот денар, оние малкумина кои што мислат дека на здравјето на пациентите ќе злоупотребуваат и лично ќе се богатат, јас ви ветувам дека ќе бидат санкционирани и ќе бидат изведени пред лицето на правдата со докази. Се разбира нема тоа да биде политичка хајка бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема намера да организира спектакуларни холивудски апсења како што тоа беше одлика на некои минати времиња. напротив со јасни аргументи и докази имаме веќе индиции и ќе кажеме кои се тие малкумина, за да не го валкаат името на многумината чесни кои се грижат за нашите пациенти. И ќе покажеме дека не се сите исти бидејќи тоа е нашата максима, дека не се сите исти. И тоа мора да го направиме веднаш, офанзивно уште во првите неколку месеци од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: Сите оние кои се богатеа на маката и здравјето на пациентите ќе бидат изведени пред лицето на правдата appeared first on Република.

]]>
Стејт Департмент: Да се реформира судскиот, здравствениот и образовниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-department-da-se-reformira-sudskiot-zdravstveniot-i-obrazovniot-sektor/ Thu, 21 Dec 2023 08:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=725155

САД ја охрабруваат Владата на Македонија да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата, изјавија од Стејт департментот за МИА.

„Ова вклучува реформи во судскиот, здравствениот и образовниот сектор, со што ќе се поплочи патот за целосна интеграција во ЕУ“, вели портпарол на Стејт департментот.

На прашањето дали дипломатијата на САД помага во надминување на ќор-сокакот со неможноста да се изгласаат уставните измени како предуслов за напредок во претпристапните преговори со ЕУ, портпаролот вели дека одговорот за тоа треба да се бара на претстојните избори.

„Се надеваме дека на претстојните избори гласачите ќе бараат транспарентност и одговорност од избраните лица и ќе побараат посилна, подобра и попросперитена земја која ја заслужуваат“, изјави портпаролот.

Тој потсетува дека државниот секретар Ентони Блинкен и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан при неодамнешната посета на земјата укажале на тоа кој е патот за напредок на Македонија.

The post Стејт Департмент: Да се реформира судскиот, здравствениот и образовниот сектор appeared first on Република.

Маричиќ: Судските реформи преку дигитализацијата на правосудството мора да бидат во корист на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-sudskite-reformi-preku-digitalizatsijata-na-pravosudstvoto-mora-da-bidat-vo-korist-na-graganite/ Tue, 31 Oct 2023 15:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=696769

Вицепремиерот Маричиќ на денешниот настан TAIEX Самит за пристап до правдата -современи достигнувања во дигитализацијата на правосудството се обрати преку видео порака истакнувајќи ја важноста на “Дигитализацијата на правосудството“ како тема која датира од неговиот претходен мандат во Владата, како министер за правда, започнувајќи го процесот на дигитализацијата на судскиот систем, во рамки на Стратегијата за реформа во правосудството 2017-2022, која продолжува и во периодот од 2023 до 2027 година.

„Со првите опремени судници и овозможувањето судења на далечина, создадовме услови за сите учесници во судските спорови да комуницираат дигитално.“

Во продолжение порача дека Владата останува цврсто на ставот дека дигитализацијата на судството и употребата на вештачка интелигенција во судскиот систем не е веќе прашање на избор, туку на неминовност.

„Определбата за дигитализација на правосудтвото е во согласност и со приоритетот на актуелното шпанско претседателство со Европската Унија, за сеопфатно заокружување на процесот на дигитализација и внимателната апликација на регулативата за вештачка интелигенција. Тоа се исклучително значајни алатки за комуникација помеѓу земјите-членки и на агенцијата ЕВРОПРАВДА на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања“

За крај, Вицепремиерот Маричиќ истакна дека судските реформи мора да бидат во корист на граѓаните и дека неговите очекувања се фокусирани на интензивирање на реформите во правосудството, продолжување на соработката со ЕУ и со земјите членки на Унијата.

На настанот воведни обраќања имаа и заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, шефот на мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал, генералниот директор за дигитална трансформација на администрацијата на правдата, Министерство за правда, Шпанија - Аитор Кубо Контрерас, настанот за почеток го модерираше проф д-р и судија Лазар Нанев.

The post Маричиќ: Судските реформи преку дигитализацијата на правосудството мора да бидат во корист на граѓаните appeared first on Република.

Ангеловска-Бежоска: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-strukturni-reformi-i-pristap-do-megunarodno-finansirane-za-poddrshka-na-rastot-na-regionot/ Mon, 05 Jun 2023 11:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=647981

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање.

Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ.

-Пандемијата и последиците од војната во Украина се еден од најголемите стрес-тестови на повеќедеценискиот процес на глобализација. Според некои оценки процесот на глобализација во изминатите четири децении овозможи зголемување на глобалниот доход за околу 10% во изминатата декада. Деглобализацијата е особен ризик за земјите од регионот, кај кои поради евентуалното намалување на трговските текови, како и на тековите на капитал, труд и технолошки иновации, може значително да се намалат потенцијалот за раст и реалната конвергенција, посочи гувернерката во своето излагање.

Како што е наведено во соопштението од Народна банка, во овие економии во изминатите две декади, трговската интеграција значително се зголеми, достигнувајќи 113 отсто од БДП, а зголемување бележат и финансиските текови, особено преку странски директни инвестиции. Сето ова овозможи пренесување финансии, знаење и технологии од поразвиените економии, а со тоа и забрзана реална конвергенција, којашто во просек се зголеми за околу 30 п.п. Сепак, во земјите од Западен Балкан, овој процес е побавен, поради што ризикот од деглобализација е особено голем предизвик за оваа група земји.

Земјите од Западен Балкан, коишто воедно и не се дел од Европската Унија, имаат пониско ниво на доход, коешто е само околу 40 проценти од доходот на ЕУ, а поголеми потреби за инвестиции во инфраструктура. Ваквите состојби, како и новите предизвици коишто ги донесе енергетската криза и потребата за поголема дигитализација уште повеќе ја истакнуваат улогата на глобализацијата во развојот на овие економии. Оттука, неопходно е да им се посвети поголемо внимание на структурните реформи со кои ќе се намали ранливоста на овие економии и ќе се зголеми нивната отпорност на шокови, а воедно ќе се подигне и нивниот потенцијал за раст. Меѓународните институции можат да го поддржат овој процес преку дополнително финансирање, а особено за земјите коишто не се членки на ЕУ и немаат пристап до европските структурни фондови.

Конференцијата на која учествуваше гувернерката е од висок профил и традиционално ги обединува гувернерите на централните банки, како и министрите за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации. МИА

Фото: Народна банка

The post Ангеловска-Бежоска: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот appeared first on Република.

]]>

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. -Пандемијата и последиците од војната во Украина се еден од најголемите стрес-тестови на повеќедеценискиот процес на глобализација. Според некои оценки процесот на глобализација во изминатите четири децении овозможи зголемување на глобалниот доход за околу 10% во изминатата декада. Деглобализацијата е особен ризик за земјите од регионот, кај кои поради евентуалното намалување на трговските текови, како и на тековите на капитал, труд и технолошки иновации, може значително да се намалат потенцијалот за раст и реалната конвергенција, посочи гувернерката во своето излагање. Како што е наведено во соопштението од Народна банка, во овие економии во изминатите две декади, трговската интеграција значително се зголеми, достигнувајќи 113 отсто од БДП, а зголемување бележат и финансиските текови, особено преку странски директни инвестиции. Сето ова овозможи пренесување финансии, знаење и технологии од поразвиените економии, а со тоа и забрзана реална конвергенција, којашто во просек се зголеми за околу 30 п.п. Сепак, во земјите од Западен Балкан, овој процес е побавен, поради што ризикот од деглобализација е особено голем предизвик за оваа група земји. Земјите од Западен Балкан, коишто воедно и не се дел од Европската Унија, имаат пониско ниво на доход, коешто е само околу 40 проценти од доходот на ЕУ, а поголеми потреби за инвестиции во инфраструктура. Ваквите состојби, како и новите предизвици коишто ги донесе енергетската криза и потребата за поголема дигитализација уште повеќе ја истакнуваат улогата на глобализацијата во развојот на овие економии. Оттука, неопходно е да им се посвети поголемо внимание на структурните реформи со кои ќе се намали ранливоста на овие економии и ќе се зголеми нивната отпорност на шокови, а воедно ќе се подигне и нивниот потенцијал за раст. Меѓународните институции можат да го поддржат овој процес преку дополнително финансирање, а особено за земјите коишто не се членки на ЕУ и немаат пристап до европските структурни фондови. Конференцијата на која учествуваше гувернерката е од висок профил и традиционално ги обединува гувернерите на централните банки, како и министрите за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации. МИА Фото: Народна банка

The post Ангеловска-Бежоска: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот appeared first on Република.

]]>
Македонија назадува во спроведувањето на реформите потребни за да го стигнеме европскиот стандард https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-nazaduva-vo-sproveduvaneto-na-reformite-potrebni-za-da-go-stigneme-evropskiot-standard/ Sun, 04 Jun 2023 15:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=647700

Мнозинството граѓани сметаат дека Македонија назадува во спроведувањето на реформите за постигнување на европските стандарди истовремено изразувајќи свесност дека стартот на преговорите со Европската Унија нема да ни ги реши домашните проблеми, покажуваат резултатите од анкетата што за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител ги спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според анкетата, 42,6 отсто од граѓаните сметаат дека во последните неколку години има уназадување во однос на реформите потребни за постигнување на европските стандарди, 15,4% од анкетираните гледаат напредок, а 31,6% се на ставот дека нема никакви промени.

Гледано по етнички групи 53,8% од Македонците сметаат дека има уназадување, додека само 7,7% напредок, а 29,5% од анкетираните Македонци не гледаат никаква промена.

Кај етничките Албанци мнозинството или 38,7% регистрирале напредок во реформите за постигнување на европските стандарди додека 38,3% не гледаат никаков напредок. Само 8,8% од Албанците сметаат дека земјава назадува во спроведувањето на потребните реформи.

Гледано по возрасни групи, уназадување во најголем дел регистрираат граѓаните меѓу 40 и 49 години, а во најмал најмладите на возраст од 18 до 29 години.

За мнозинството граѓани, стартот на преговорите со ЕУ не треба да биде пречка за спроведување на реформите. Од анкетираните, 54% сметаат дека реформите може да се спроведуваат без разлика дали земјава ги почнала преговорите со официјален Брисел додека 19,4% од граѓаните се на ставот дека прво мора да почнеме преговори за да може да се спроведуваат неопходните реформи.

Мнозинството граѓани сметаат дека со стартот на преговорите нема да се решат проблемите кои земјава ги има во однос на здравството, образованието, судството и останатите области.

Ваков став делат 53,7% од анкетираните додека 33,1% се на ставот дека со стартот на преговорите овие проблеми ќе се решат.

И за ова прашање Македонците и етничките Албанци имаат сосема различни ставови. Додека 60,3% од Македонците сметаат дека стартот на преговорите со ЕУ нема да ни ги реши проблемите дури 51,7% од етничките Албанци се убедени во спротивното.

По возрасни групи нема некоја голема разлика во ставовите, иако како што расте возраста на испитаниците така расте и нивната убеденост дека со стартот на преговорите во ЕУ нема да се решат проблемите кои Македонија ги има во образованието, судството, здравството и.т.н., посочуваат резултатите.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

The post Македонија назадува во спроведувањето на реформите потребни за да го стигнеме европскиот стандард appeared first on Република.

]]>

Мнозинството граѓани сметаат дека Македонија назадува во спроведувањето на реформите за постигнување на европските стандарди истовремено изразувајќи свесност дека стартот на преговорите со Европската Унија нема да ни ги реши домашните проблеми, покажуваат резултатите од анкетата што за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител ги спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според анкетата, 42,6 отсто од граѓаните сметаат дека во последните неколку години има уназадување во однос на реформите потребни за постигнување на европските стандарди, 15,4% од анкетираните гледаат напредок, а 31,6% се на ставот дека нема никакви промени. Гледано по етнички групи 53,8% од Македонците сметаат дека има уназадување, додека само 7,7% напредок, а 29,5% од анкетираните Македонци не гледаат никаква промена. Кај етничките Албанци мнозинството или 38,7% регистрирале напредок во реформите за постигнување на европските стандарди додека 38,3% не гледаат никаков напредок. Само 8,8% од Албанците сметаат дека земјава назадува во спроведувањето на потребните реформи. Гледано по возрасни групи, уназадување во најголем дел регистрираат граѓаните меѓу 40 и 49 години, а во најмал најмладите на возраст од 18 до 29 години. За мнозинството граѓани, стартот на преговорите со ЕУ не треба да биде пречка за спроведување на реформите. Од анкетираните, 54% сметаат дека реформите може да се спроведуваат без разлика дали земјава ги почнала преговорите со официјален Брисел додека 19,4% од граѓаните се на ставот дека прво мора да почнеме преговори за да може да се спроведуваат неопходните реформи. Мнозинството граѓани сметаат дека со стартот на преговорите нема да се решат проблемите кои земјава ги има во однос на здравството, образованието, судството и останатите области. Ваков став делат 53,7% од анкетираните додека 33,1% се на ставот дека со стартот на преговорите овие проблеми ќе се решат. И за ова прашање Македонците и етничките Албанци имаат сосема различни ставови. Додека 60,3% од Македонците сметаат дека стартот на преговорите со ЕУ нема да ни ги реши проблемите дури 51,7% од етничките Албанци се убедени во спротивното.
По возрасни групи нема некоја голема разлика во ставовите, иако како што расте возраста на испитаниците така расте и нивната убеденост дека со стартот на преговорите во ЕУ нема да се решат проблемите кои Македонија ги има во образованието, судството, здравството и.т.н., посочуваат резултатите.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

The post Македонија назадува во спроведувањето на реформите потребни за да го стигнеме европскиот стандард appeared first on Република.

]]>
Ковачевски се сомнева во исправноста на реформите во образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-somneva-vo-ispravnosta-na-reformite-vo-obrazovanieto/ Thu, 01 Jun 2023 18:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=646981

Премиерот Димитар Ковачевски побарал од министерот за образование и наука Јетон Шаќири со советничкиот тим уште еднаш да ги разгледаат реформите што беа предложени во овој ресор, а за спроведените да се види ефектот.

Се води прилично широка дискусија во однос на реформата во образованието. Разговарав со министерот за образование да седне со неговиот советнички тим, со советите што ги имаат во делот на образованието, уште еднаш да се разгледаат реформите што беа предложени, а оние што беа спроведени да се види нивниот ефект. Таму каде се уште не се почнати да се види каков е ставот на наставниците, на родителите, експертите, за на крај да донесеме одлука што ќе биде најповолна за сите страни, рече Ковачевски вечерва во гостување на ТВ Сител.

Тој говореше за доцнењето на учебниците и рече дека причина е тоа што морало да се направат нарачки и да се напишат со оглед на промената на образовните концепции во основното образование.

Ковачевски порача дека мора да се унапредува образованието и учениците да се стекнуваат со знаења што ќе бидат веднаш применливи.

Дуалното образование го посетуваат веќе неколку илјада ученици и со тоа, според него, успеваме да обезбедиме работа сила за фабриките што се отвораат во државава во се поголем број. За кратко време, како што рече, ќе имаме инвестиција на „Гересхајмер“ за производство на високософистицирани производи во медицинската индустрија, на литиумски батерии на „БМЗ груп“ од Германија, на „Јагео“ за производство на чипови, на коишто ќе им треба работна сила што ќе ги произведе тие софистицирани производи. Образованието мора да биде во чекор со тоа, наведе Ковачевски.

The post Ковачевски се сомнева во исправноста на реформите во образованието appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски побарал од министерот за образование и наука Јетон Шаќири со советничкиот тим уште еднаш да ги разгледаат реформите што беа предложени во овој ресор, а за спроведените да се види ефектот.
Се води прилично широка дискусија во однос на реформата во образованието. Разговарав со министерот за образование да седне со неговиот советнички тим, со советите што ги имаат во делот на образованието, уште еднаш да се разгледаат реформите што беа предложени, а оние што беа спроведени да се види нивниот ефект. Таму каде се уште не се почнати да се види каков е ставот на наставниците, на родителите, експертите, за на крај да донесеме одлука што ќе биде најповолна за сите страни, рече Ковачевски вечерва во гостување на ТВ Сител.
Тој говореше за доцнењето на учебниците и рече дека причина е тоа што морало да се направат нарачки и да се напишат со оглед на промената на образовните концепции во основното образование. Ковачевски порача дека мора да се унапредува образованието и учениците да се стекнуваат со знаења што ќе бидат веднаш применливи.
Дуалното образование го посетуваат веќе неколку илјада ученици и со тоа, според него, успеваме да обезбедиме работа сила за фабриките што се отвораат во државава во се поголем број. За кратко време, како што рече, ќе имаме инвестиција на „Гересхајмер“ за производство на високософистицирани производи во медицинската индустрија, на литиумски батерии на „БМЗ груп“ од Германија, на „Јагео“ за производство на чипови, на коишто ќе им треба работна сила што ќе ги произведе тие софистицирани производи. Образованието мора да биде во чекор со тоа, наведе Ковачевски.

The post Ковачевски се сомнева во исправноста на реформите во образованието appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Билатералните прашања се некогаш поважни од реформите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-bilateralnite-prashanja-se-nekogash-povazni-od-reformite/ Wed, 22 Jun 2022 13:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=518484

Европската Унија прифати дел од билатералните барања на Бугарија да стојат во преговарачката рамка и смета дека тоа е нормално, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во пресрет на состанок на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан, кој ќе се одржи утре, дипломатите од земјите членки и од Советот интензивно ги брифираат новинарите денеска за прашањата што „ќе бидат на маса“ на средбата, како визниот режим за Косово, кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина, но доминираат оние поврзани си стартот на преговорите со Македонија, блокиран од Бугарија, што ја држи во заложништво и Албанија.

Висок дипломатски извор во ЕУ добро запознаен со преговарачката рамка и францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, денеска за МИА потврди дека билатералните прашања се дел од рамката и дека тоа е „нормално“.

Билатералните прашања се дел од процесот на проширување, објасни овој дипломат на прашање на МИА.

Запрашан дали е нормално да се создава преседан со Македонија преку вклучувањето на билатерални барања на земја членка на ЕУ, дипломатот објасни дека „овој ризик постои“.

Овој ризик постои и тоа некогаш е поважно од реформите. Тоа е дел од правилата, инаку не можеме да имаме хармонични односи. Предлогот кој е на маса се чини дека е тој околу кој може да се најде договор, никој не е задоволен ниту во Скопје, ниту во Софија, рече тој, додавајќи дека тоа за ЕУ е знак дека договорот е добар.

Лидерите на ЕУ и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, го чекаат исходот од вечерашното гласање за доверба на бугарската Влада од страна на Парламентот во Софија, но сите го поздравија фактот што опозициската партија ГЕРБ најави дека ќе го поддржи договорот за преговарачката рамка, дури и да падне Кабинетот на премиерот Кирил Петков.

Вчера и државниот секретар за Европа на Франција, Клеман Бон, призна дека дел од билатералните барања на Бугарија се вклучени во францускиот предлог за преговарачката рамка, затоа што било потребно да се одговори на преокупациите на Софија.

За Европската Унија е важно во следните недели да испорача преговори со Македонија и Албанија за да му даде кредибилитет на процесот на проширување кој тапка во место, посебно во момент кога и се доделува статус на кандидат на Украина. Дипломатите во Брисел не се занимаваат со деталите од билатералниот спор меѓу Скопје и Софија и сакаат, речиси по секоја цена, да дадат зелено светло во следните денови, коментира друг дипломатски извор во Брисел.

Владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски пристигнува попладнево во Брисел за да учествува на утрешниот состанок на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан. Неизвесно е дали тој во име на Владата ќе ја прифати предложената преговарачка рамка.

The post ЕУ: Билатералните прашања се некогаш поважни од реформите appeared first on Република.

]]>

Европската Унија прифати дел од билатералните барања на Бугарија да стојат во преговарачката рамка и смета дека тоа е нормално, јави дописничката на МИА од Брисел. Во пресрет на состанок на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан, кој ќе се одржи утре, дипломатите од земјите членки и од Советот интензивно ги брифираат новинарите денеска за прашањата што „ќе бидат на маса“ на средбата, како визниот режим за Косово, кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина, но доминираат оние поврзани си стартот на преговорите со Македонија, блокиран од Бугарија, што ја држи во заложништво и Албанија. Висок дипломатски извор во ЕУ добро запознаен со преговарачката рамка и францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, денеска за МИА потврди дека билатералните прашања се дел од рамката и дека тоа е „нормално“.
Билатералните прашања се дел од процесот на проширување, објасни овој дипломат на прашање на МИА.
Запрашан дали е нормално да се создава преседан со Македонија преку вклучувањето на билатерални барања на земја членка на ЕУ, дипломатот објасни дека „овој ризик постои“.
Овој ризик постои и тоа некогаш е поважно од реформите. Тоа е дел од правилата, инаку не можеме да имаме хармонични односи. Предлогот кој е на маса се чини дека е тој околу кој може да се најде договор, никој не е задоволен ниту во Скопје, ниту во Софија, рече тој, додавајќи дека тоа за ЕУ е знак дека договорот е добар.
Лидерите на ЕУ и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, го чекаат исходот од вечерашното гласање за доверба на бугарската Влада од страна на Парламентот во Софија, но сите го поздравија фактот што опозициската партија ГЕРБ најави дека ќе го поддржи договорот за преговарачката рамка, дури и да падне Кабинетот на премиерот Кирил Петков. Вчера и државниот секретар за Европа на Франција, Клеман Бон, призна дека дел од билатералните барања на Бугарија се вклучени во францускиот предлог за преговарачката рамка, затоа што било потребно да се одговори на преокупациите на Софија. За Европската Унија е важно во следните недели да испорача преговори со Македонија и Албанија за да му даде кредибилитет на процесот на проширување кој тапка во место, посебно во момент кога и се доделува статус на кандидат на Украина. Дипломатите во Брисел не се занимаваат со деталите од билатералниот спор меѓу Скопје и Софија и сакаат, речиси по секоја цена, да дадат зелено светло во следните денови, коментира друг дипломатски извор во Брисел. Владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски пристигнува попладнево во Брисел за да учествува на утрешниот состанок на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан. Неизвесно е дали тој во име на Владата ќе ја прифати предложената преговарачка рамка.  

The post ЕУ: Билатералните прашања се некогаш поважни од реформите appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Реформите во образование на власта не дадоа никаков успех https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-reformite-vo-obrazovanie-na-vlasta-ne-dadoa-nikakov-uspeh/ Sat, 21 May 2022 20:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=505294

Реформите во образование од страна на оваа власт беа набрзина спроведувани, недоволно осмислени, и спроведувани на неподготвен терен без анализа, без научен пристап, без пилот програми и затоа не дадоа никаков успех, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Јаневска истакна дека за таканаречените реформи не беа подготвени ниту наставниците ниту училиштата беа подготвени инфраструктурно и технолошки, посочувајќи дека дури и интернет стабилен се нема и додаде дека, таквиот пристап само придонесува да образовниот систем ни е толку на дното.

Кога треба да се даде вистинска слика за тоа што се случува во образованието , тогаш велам какво ни е општеството, такво ни е образованието. Општеството не ни е добро, особено сега кога ни се случуваат разни притисоци, кога има незадоволно население особено откако по неуспешен референдум се потпиша договорот од Преспа, па притисоците од Бугарија, неинформираноста што се прифаќа, криминалот кој царува во земјата, сиромаштијата. Тоа се само дел од факторите кои влијаат, потенцираше Јаневска.

Таа додаде дека во иднина ќе има сериозна задача да се поправи образовниот систем, но и да се поправи општеството за да ги задржиме младите бидејќи сме една од ретките земји во светот која продуцира високо образовен кадар кој го извезува во богатите земји од Европа за да помага на други држави, наместо да помагаат на својата татковина.

The post Јаневска: Реформите во образование на власта не дадоа никаков успех appeared first on Република.

]]>

Реформите во образование од страна на оваа власт беа набрзина спроведувани, недоволно осмислени, и спроведувани на неподготвен терен без анализа, без научен пристап, без пилот програми и затоа не дадоа никаков успех, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ во дневникот на Сител. Јаневска истакна дека за таканаречените реформи не беа подготвени ниту наставниците ниту училиштата беа подготвени инфраструктурно и технолошки, посочувајќи дека дури и интернет стабилен се нема и додаде дека, таквиот пристап само придонесува да образовниот систем ни е толку на дното.