реформи во судството Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reformi-vo-sudstvoto/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Dec 2023 19:47:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реформи во судството Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reformi-vo-sudstvoto/ 32 32 Судството е во критична точка – Гир очекува спроведување на препораките на оценската мисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudstvoto-e-vo-kritichna-tochka-gir-ochekuva-sproveduvane-na-preporakite-na-otsenskata-misija/ Tue, 12 Dec 2023 19:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=722330

Критериуми за тоа кој може да биде член на судскиот совет, дефинирање на поимот истакната правник, но и јасни процедури за разрешување на член и на претседател на судски совет. На ова се однесуваат дел од 40-те препораки во извештајот на оценската мисија на Европската Унија (ЕУ), соопшти евроамбасадорот Дејвид Гир на брифинг со новинарите, објави Телма.

По двете посети во земјава, средби разговори и анализи, експертите предводени од хрватскиот врховен судија Бранко Хрватин заклучиле дека проблемите во судскиот совет се акумулирани низ годините, без да се решаваат навремено и, освен во законскиот дел, недостатици има и во добри практики.

Извештјот со конкретните препораки нема да биде објавен, но надлежните веќе го добиле и се очекува од нив да почне имплементирањето.

Судството е дојдено до критична точка и потребно е да има итна акција, рече евроамбасадорот Гир, според кого извештајот има силни препораки, но за нивна имплементација неопходна е политичка волја. Очекува спроведувањето на овој извештај да биде меѓу топ приоритетите и на идните влади. Потенцираше и дека реформите во судството не можат да се заобиколат за влез во ЕУ

За 17 од 40-те препораки не се потребни измени на легислативата и ги посочи дека дел од нив може веднаш да почнат да се спроведуваат во судскиот совет. За останатите, потребни се или законски или измени на уставот.

Конкретни мерки експертите предложиле во делот на транспарентноста и комуницирањето со јавноста и ресурсите и финансиската автономија на советот, околу унапредување на судиите. Се препорачува и скратување на мандатот од шест години на членовите, затоа што конкретно оние што доаѓаат од редот на судиите кои подолго време се оддалечуваат од работата во судовите. Меѓу препораките е и разгледување на улогата на министерот за правда и на претседателот на Врховниот суд како членови по функција.

Оценската мисија ЕУ ја испратени по скандалите и превирањата во Судски со разрешувањето на експретседателката Дамева, но во извештајот на ЕК, состојбата во судски се анализира од оставката на нејзината претходничка Црвенковска која обвини за влијание од судско бизнис елита.

The post Судството е во критична точка – Гир очекува спроведување на препораките на оценската мисија appeared first on Република.

]]>

Критериуми за тоа кој може да биде член на судскиот совет, дефинирање на поимот истакната правник, но и јасни процедури за разрешување на член и на претседател на судски совет. На ова се однесуваат дел од 40-те препораки во извештајот на оценската мисија на Европската Унија (ЕУ), соопшти евроамбасадорот Дејвид Гир на брифинг со новинарите, објави Телма. По двете посети во земјава, средби разговори и анализи, експертите предводени од хрватскиот врховен судија Бранко Хрватин заклучиле дека проблемите во судскиот совет се акумулирани низ годините, без да се решаваат навремено и, освен во законскиот дел, недостатици има и во добри практики. Извештјот со конкретните препораки нема да биде објавен, но надлежните веќе го добиле и се очекува од нив да почне имплементирањето. Судството е дојдено до критична точка и потребно е да има итна акција, рече евроамбасадорот Гир, според кого извештајот има силни препораки, но за нивна имплементација неопходна е политичка волја. Очекува спроведувањето на овој извештај да биде меѓу топ приоритетите и на идните влади. Потенцираше и дека реформите во судството не можат да се заобиколат за влез во ЕУ За 17 од 40-те препораки не се потребни измени на легислативата и ги посочи дека дел од нив може веднаш да почнат да се спроведуваат во судскиот совет. За останатите, потребни се или законски или измени на уставот. Конкретни мерки експертите предложиле во делот на транспарентноста и комуницирањето со јавноста и ресурсите и финансиската автономија на советот, околу унапредување на судиите. Се препорачува и скратување на мандатот од шест години на членовите, затоа што конкретно оние што доаѓаат од редот на судиите кои подолго време се оддалечуваат од работата во судовите. Меѓу препораките е и разгледување на улогата на министерот за правда и на претседателот на Врховниот суд како членови по функција. Оценската мисија ЕУ ја испратени по скандалите и превирањата во Судски со разрешувањето на експретседателката Дамева, но во извештајот на ЕК, состојбата во судски се анализира од оставката на нејзината претходничка Црвенковска која обвини за влијание од судско бизнис елита.

The post Судството е во критична точка – Гир очекува спроведување на препораките на оценската мисија appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху најверојатно ќе ја запре реформата на правосудството по масовните протести низ Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-najverojatno-ke-ja-zapre-reformata-na-pravosudstvoto-po-masovnite-protesti-niz-izrael/ Mon, 27 Mar 2023 07:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=624060

 Израелската влада води дебата за тоа дали да ја замрзне нејзината контроверзна планирана судска реформа, откако вчера, по смената на министерот за одбрана, Јоав Галант, во земјата избија масовни протести, објави денеска „Џерусалим пост“.

Десетици илјади луѓе спонтано се собраа во Тел Авив за да протестираат поради тоа што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши министерот Галант, откако тој ја повика владата да ја прекине реформата, чии клучни елементи се очекува да бидат усвоени во следните неколку дена.

Во Ерусалим, гневните демонстранти наводно ја пробиле блокадата во близина на резиденцијата на Нетанјаху, иако не е јасно дали 73-годишниот премиер бил дома.

Со оглед на ситуацијата, Нетанјаху свика итен состанок. Според „Џерусалим пост“, разговорите што почнаа уште синоќа продолжија до раните утрински часови.

https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-go-smeni-ministerot-za-odbrana-zaradi-edna-izjava/

Лидерите на израелската екстремно десничарска коалициска влада денеска треба да се сретнат во кабинетот на премиерот, јави порталот Унет.

Извор од партијата Ликуд, на премиерот Нетанјаху, за британските медиуми изјави дека првиот човек на израелската Влада најверојатно ќе ја запре реформата.

Претходно, истото го побара и израелскиот претседател Исак Херцог, повикувајќи ја владата да ги запре планираните контроверзни судски реформи откако земјата синоќа беше потресена од насилни протести.

„Во име на единството на израелскиот народ, во име на одговорноста, ве молам веднаш да го запрете законодавниот процес“, напиша Херцог на Твитер рано утринава, во апелот до екстремно десничарската коалициска влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху. .

„Луѓето се обеземени од длабок страв“, наведе Херцог, додавајќи дека безбедноста, економијата и општеството на Израел се загрозени.

САД изразија длабока загриженост и повикаа на итен компромис по избувнувањето на протестите во Тел Авив.

The post Нетанјаху најверојатно ќе ја запре реформата на правосудството по масовните протести низ Израел appeared first on Република.

Тупанчески: Ако не верував во судството, немаше да бидам министер за правда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-ako-ne-veruvav-vo-sudstvoto-nemashe-da-bidam-minister-za-pravda/ Thu, 02 Jun 2022 06:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=509961

Министерот за правда Никола Тупанчески во гостувањето во 24 анализа вети дека ќе стори се за да се врати довербата во судството.

Нема да биде лесно и веднаш, но не е невозможно да се зголеми довербата.Ако не верував во судството, немаше да бидам министер за правда, рече Тупанчески.

Во однос на имплементацијата на законите, Тупанчески укажа на фактот дека државава страда од хиперпродукција на закони.

Се реафирмира или реактивира повторно противправното стекнување на имот, тоа не е само прекршок, постои кривично дело. Значи ние имаме инкриминација, а ако одиме наназад ретроспективно, практично графата за оваа инкриминација е празна. Значи, имаме алатка која не сме ја искористиле досега. Втората алатка е Законот за персонален данок на доход, членот 94 со три одредби каде што се дава правна можност, лицето доколку не може да докаже од каде му е имотот, движен, недвижен итн тогаш постои можност за да се оданочи 70 % она што не може да го докаже, дека е резултат на неговите приходи, потенцираше Тупанчески.

Проширената конфискација според министерот за правда претставува модерна алатка без пресуда некому да му го одземете имотот.Фактот дека ниту еднаш не е изречена проширената конфискација или еднаш и тоа ние во кривичното право го нарекуваме неподобен обид, значи говори дека инструментите што во моментов ги имаме на располагање не сме ги искористиле воопшто или многу малку.

Тупанчески верува дека доаѓаат подобри времиња за развој на правосудниот и обвинителскиот систем.

Не само избраните и именувани функционери, туку напротив сметам дека сите граѓани треба да бидат под лупата на тоа на кој начин стигнале до одредени приходи кои понекогаш можат да бидат и неоданочени,рече Тупанчески во вечерашната дебатна емисија 24 анализа.

The post Тупанчески: Ако не верував во судството, немаше да бидам министер за правда appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Никола Тупанчески во гостувањето во 24 анализа вети дека ќе стори се за да се врати довербата во судството.
Нема да биде лесно и веднаш, но не е невозможно да се зголеми довербата.Ако не верував во судството, немаше да бидам министер за правда, рече Тупанчески.
Во однос на имплементацијата на законите, Тупанчески укажа на фактот дека државава страда од хиперпродукција на закони.
Се реафирмира или реактивира повторно противправното стекнување на имот, тоа не е само прекршок, постои кривично дело. Значи ние имаме инкриминација, а ако одиме наназад ретроспективно, практично графата за оваа инкриминација е празна. Значи, имаме алатка која не сме ја искористиле досега. Втората алатка е Законот за персонален данок на доход, членот 94 со три одредби каде што се дава правна можност, лицето доколку не може да докаже од каде му е имотот, движен, недвижен итн тогаш постои можност за да се оданочи 70 % она што не може да го докаже, дека е резултат на неговите приходи, потенцираше Тупанчески.
Проширената конфискација според министерот за правда претставува модерна алатка без пресуда некому да му го одземете имотот.Фактот дека ниту еднаш не е изречена проширената конфискација или еднаш и тоа ние во кривичното право го нарекуваме неподобен обид, значи говори дека инструментите што во моментов ги имаме на располагање не сме ги искористиле воопшто или многу малку. Тупанчески верува дека доаѓаат подобри времиња за развој на правосудниот и обвинителскиот систем.